Глава 13 Храна за умот

Сподели го ова:

Мудар напредок наспроти изопаченоста. Бог ни дал таленти за мудро усовршување, а не за злоупотребување. Воспитувањето е само подготовка на физичките, интелекгуалните и морапните сили за најдобро извршување на сите должности во животот. Несоодветното читање дава погрешно воспитување. Способноста на издржливост и силата и акгивноста на мозокот можат да се намалат или зголемат според начинот на кој тие се запослени.

Здрава храна за умот. Чистото, здраво читање ќе биде за умот она што е здравата храна за телото. Така ќе станете силни да го одбиете искушението, да стекнете исправни навики, и да делувате по прави начела.

Пазете ги пристапите до душата. Ние треба нешто да преземеме за да му се спротивставиме на искушението. Оној што не сака да стане плен на лукавствата на сатаната, мора да ги затвори сите приоди што водат кон душата. Треба да се одбегнува читање, гледање или слушање на се она што предизвикува нечисти мисли.

На умот не смее да му се дозволи неконтролирано да талка по предметите што ќе и ги наметне непријателот на душите. Апостолот Петар кажува: „Поради тоа љубезни, опашете ги бедрата на својот ум и бидете бодри… Бидејќи сте послушни деца, не постапувајте според вашите поранешни похоти, кога бевте во незнаење, туку, како што е свет Оној кој ве повика, бидете и вие свети во сиот ваш живот“ (1. Петрово 1:13-15).

А Павле зборува: „На она што е вистинито, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете” (Филипјаните 4:8). Тоа бара сериозна молитва и непрекината будност. Постојано треба да не поткрепува влијанието на Светиот Дух, нашите мисли да ги насочува нагоре и да ги навикнува да се задржуваат на она што е чисто и свето. Мораме ревносно да ја проучуваме Божјата реч. „Како може млад човек да живее во чистота? Така што ќе се раководи според Твоите зборови! Твоите зборови во срцето сум ги сокрил, за да не грешам против Тебе“ (Псалм 119:9, 11).

Карактерот се открива преку изборот на она што го читаме. Природата на некое верско искуство го открива карактерот преку книгата која се бира за читање во моментите на одмор. За да имаат здрав ум и здрави верски начела, младите мораатдаживеат во заедница со Бога преку Неговата Реч. Покажувајќи го патот на спасение низ Христос, Библијата е наш водач во еден повозвишен, подобарживот. Таа содржи најинтересна и најпотполна историја и биографија која некогаш била напишана. Оние на кои фантазијата не им се расипала преку читање на измислици, ќе откријатдека Библијата е најинтересна од сите книги.

Некои книги го збунуваат умот. Голем број на книт натрупани по земските книжарници повеќе го збунуваат умот отколку што му помагаат во разбирањето. Но сепак луѓето трошат многу пари во набавување на такви книги и поминуваат години во нивно проучување, додека им е достапна Книга која ги содржи Зборовите на Оној кој е Апфа и Омега на мудроста. Времето поминато во проучување на овие книгм може подобро да се искористи во стекнување знаење за Оној чиешто вистинско познавање би значело вечен живот. Само оние кои го стекнуваат ова знаење на крајот ќе ги слушнат овие зборови: „Вие сте комплетни во Него” (Колосјаните 2:10).

Конфузно сфаќање. Кога Божјата Реч ќе се напушти поради книги кои оддалечуваат од Бога, така што ќе се поремети разбирањето поврзано за начелата на небесното царство, образованието се изопачува. Доколку ученикот нема чиста ментална храна, потполно одвоена од таканареченото високо образование, кое е помешано со невернички ставови, нема да биде во состојба вистински да го познава Бога. Само оние кои соработуваат со Небото во планот за спасението можат да знаат што значи вистинско образование во својата едноставност.

Тиранската моќ на авторите неверници. Човечките умови лесно се заведуваат со сатанските лаги; и тие дела произведуваат одбојност кон размислувањето за Божјата Реч, која ако се прими и цени го осигурува примателот со вечен живот. Вие сте созданија со навики и запомнете дека исправните навики донесуваат благослови на вашиот сопствен карактер и имаат влијание на добро кај другите; а лошите навики, кога еднаш ќе се зацврстат, вршат деспотска сила и ги заробуваат умовите. Доколку никогаш не сте прочитале ни еден збор од тие книги (чии автори се неверници) денеска би биле способни далеку подобро да ја разберете Книгата која е над сите други книги, вредна за проучување и која единствено ќе даде исправни идеи во однос на вишото образование.

Површното читање произведува болна фантазија. Постојат многумина помеѓу нашите млади кои Бог ги обдарил со супериорни способности. Тој им дал најдобри таленти; но нивните способности се ослабнати, нивните умови збунети и ослабени и не растат со години во благодатта и познавањето на причините за нашата вера, затоа што се задоволувале со склоности кон читање приказни. Ним им е тешко да ја контролираат скпоноста кон таквото површно читање како што за пијаницата е тешко да одолее на опојниот пијалок.

Тие би можеле денеска да бидат поврзани со нашите издавачки куќи и да бидатуспешни работници во водењето книги, да подготвуваат ракописи за печатење, или вршење корекции; но нивните таленти се изопачиле до ментална диспепсија и затоа не се погодни за било каква одговорна положба. Фантазијата е болна. Тие живеат нереален живот. Не се способни за практичните животни должности, и што е најжалосно, изгубиле секакво уживање во читањето на тој солиден материјал.

Книги кои го слабеат умот. Љубовните и безвредните приказни, возбудливите бајки, сочинуваатуште една група на книги која е проклетство за секој читател. Авторот може да придава значење на добар морал и преку своето дело да проткајува верски чувства, но сепак во најголем број на случаи сатаната се облекол во облека на ангел за да може поефективно да излаже и заведе. Умот е под големо влијание на она со што се храни. Читателите на лекомислените, возбудливи бајки, стануваатнеспособни за должностите кои се пред нив. Тиеживеат нереален живот и немаатжелба да го истражуваат Светото Писмо, да се хранат со небесна мана. Умот е ослабен и губи моќ за размислување за големите прашања околу должноста и судбината.

Измислици и сензуални мисли. Менталната храна во која тие (читателите на измислиците) наоѓаат задоволство има штетни последици и води кон нечисти и сензуални мисли. Чувствував искрена жал за тие души кога размислував колку губат со занемарувањето на можностите да стекнат знаење за Христа, кон кого е насочена нашата надеж во вечниотживот. Колку драгоцено време изгубиле, а во кое можеле да го проучуваат Изворот на вистинската добрина.

Умот потонува до имбецилност. Со години вашиот ум бил како поток кој жубори, исполнет со камења и мов, вода која бескорисно се употребува. Да биле вашите способности под контрола на вашите цели сега не би биле инвалиди. Сте се вообразиле така што морате да се оддадете на ќудливите потреби и претераното читање.

Видов како ноќна ламба гори во вашата соба додека сте задлабочени во читање на некоја заносна приказна, стимулирајќи го така веќе пренапнатиот мозок. Со ваков курс сте го намалиле својот потпирач на животот и сте го ослабнале физичкото, менталното и моралното. Нередовноста направила неред во вашиот дом, и ако продолжи, ќе предизвика вашиот ум да потоне во имбецилност. Вашата проба дадена од Бога е злоупотребена, вашето време дадено од Бога е потрошено.

Ментална опиеност. Читателите на безвредни, возбудливи приказни стануваат неспособни за должностите на практичниотживот. Тиеживеат во еден нереален свет. Ги набљудував децата на кои им беше допуштено да читааттакви приказни. Било да се дома или надвор, тие се неспокојни, занесени, неспособни да разговараат за било што освен за најобичните работи. Размислувањето и разговорот за верата е целосно настран за нивните умови. Со култивација на апетит кон сензуални приказни, менталниот вкус се изопачува и умот не е задоволен доколку не се храни со оваа нездрава храна. Не можев да се сетам на посоодветно име за оние кои се оддаваат на таквото читање отколку ментални пијаници. Навиката на неумерено читање има ефект врз мозокот сличен на оној кој неумереноста во јадењето или пиењето го имаат врз телото.

Претераното попуштање кое е грев. Претераната попустливост во јадењето, пиењето, спиењето или размислувањето е грев. Скпадното, здраво взаемно дејство на сите сили на телото и умот култивира во среќа… Силата на умот треба да се вежба на темите кои се однесуваат на вечните интереси. Тоа ќе биде водач кон здравјето на телото и умот.

Преоптовареност на умот. Ученикот кој сака да ја спои двегодишната работа во една година не треба да ја спроведе во дело таа замисла. Да се преземе двојна работа за многумина значи преоптовареност на умот и запоставување на физичките вежби. Не е разумно да се претпостави дека умот може да асимилира прекумерно снабдување на ментална храна; и тоа е исто така голем грев како преоптоварување на органите за варење.

Испитување на менталната храна. Најдобро е за секоја душа да истражува внимателно каква ментална храна му се сервира за јадење. Кога ќе ви дојдат оние кои живеат за да зборуваат и кои се наоружани и обучени да кажат: „поткажи и ние ќе поткажеме“, застанете и размислете дали тој разговор ќе ви биде на духовна поткрепа, дали духовно ќе делува, за во духовното општење да може да јадете од телото и да пиете од крвта на Божјиот Син. „Доаѓајќи кај Него, како на карпажива, кој е, навистина отфрлен од луѓето, но е избран од Бога и скапоцен во Неговите очи“ (1. Петрово 2:4). Овие зборови доволно кажуваат.

Ние нетреба да сме дрдорковци или сплеткари или поткажувачи; ние не треба да носиме лажно сведоштво. Бог ни забранил да учествуваме во тривијални, глупави разговори, во исмејување, задиркување, или зборување на било какви празни зборови. Ќе мораме да положиме сметка пред Бога за се она што разговараме. Ќе бидеме изведени пред суд поради своите непромислени зборови кои не се добри ни за соговорникот ни за слушателот. Затоа да зборуваме зборови кои ќе ни служат како поука. Запомнете дека сте вредни пред Бога. Не дозволувајте евтините, глупави разговори или погрешните начела да го сочинуваат вашето христијанско искуство.

Жена чии погледи го изопачиле срцето. Сестрата иако поседува одлични природни квалитети е одвлечена од Бога од страна на своите неверни пријатели и роднини, кои не ја сакаат вистината и немаат разбирање за жртвата и самоодрекувањето кое поради вистината морда се поднесува. Сестрата  не ја чувствувала важноста за одвојување од светот, како што наложува Божјата заповед. Тоа што го гледале нејзините очи и слушале нејзините уши и го изопачиле срцето.

Гласови, погледи и влијанија кои уништуваат и деморализираат. Постои причина за длабока загриженост од ваша страна за децата кои ги очекуваат искушенија на секој чекор. Невозможно им е да избегнат контакт со лошото друштво… Тие ќе набљудуваат случки, ќе слушаат гласови, и ќе бидат подредени на влијанија кои деморализираат, и кои, доколку не се заштитат, незабележпиво но сигурно ќе го расипат срцето и ќе го изобличат карактерот.

Некои друштва се како бавни отрови. Кога мојот глас би можел да допре до сите родители во целата земја, би ги предупредила да не попуштаат на желбите на своите деца во изборот на другари или друштво. Малку родители земаат во обѕир дека младите многу повеќе примаат штетни впечатоци отколку божествени импресии; поради тоа нивното друштво треба да биде најприкладно за раст во благодатта и вистината откриена во Божјата Реч и која треба да се утврди во срцата.

Ако децата се со оние чиишто разговори се однесуваат на неважни, земни предмети, нивните умови ќе дојдат до исто ниво. Ако слушаатфрлање на дамка на верските начела и потценување на нашата вера, ако лукавите примедби допрат до нивните уши, тоа ќе им ги насочи умовите и ќе им го обликува карактерот.

Ако умовите им се исполнети со приказни било вистинити или измислени, нема место за корисни информации и научни сознанија кои би требало да ги заокупираат. Каква пустош оваа љубов кон штетното читање му има направено на умот! Колку ги уништила начелата на едноставноста и вистинската побожност на кои почива еден складен карактер. Тоа е како бавен отров внесен во организмот, кој порано или подоцна ќе ги открие своите горчливи ефекти. Кога на умот во младоста ќе му се остави погрешен впечаток, втиснат е знак, не на песоктуку на цврста карпа.

Очите насочени кон Христа. Кога Христос ја зел човечката природа, се поврзал со човечкиот род со врска на љубовта којашто никаква сила, освен самиот човек, никогаш не ќе може да ја раскине. Сатаната постојано ќе ни ги подметнува своите стапици за да не наведе да ја прекинеме таа врска намерно да се одвоиме од Христа. Токму тука е потребно да се чуваме, да се трудиме, да се молиме ништо да не не наведе да одбереме друг господар; бидејќи тоа секогаш зависи од нашата слободна волја. Но нека нашите очи секогаш бидат вперени во Христа, и Тој ќе не чува. Гледајќи го Исуса, ние ќе бидеме сигурни. Ништо не може да не оттргне од Неговата рака. Гледајќи постојано во Него „ние се преобразуваме во истиот ликод слава во слава, како што го прави тоа Господовиот Дух“ (2. Коринтјаните 3:18).

Сподели го ова:

Слични објави