Глава 14 Физичка активност
Закон на послушна акција. Сите небесни битија се во постојана активност, а Господ Исус, со Својот практичен живот, дал пример на секој човек. Бог воспоставил на небесата закон на послушна акција. Тивко, но незабележпиво, објектите на Неговото создавање ја извршуваат својата одредена работа. Океанот е во постојано движење. Пролетната трева, „која е тука денеска а утре се фрла во печка“, ја врши својата задача, облекувајќи го полето со убавина. Ветерот ги разнесува лисјата, но сепак не се гледа раката која ги допира. Сонцето, месечината и ѕвездите се корисни и славни во исполнување на својата мисија. Човечкиот ум и тело се направени по Божји облик, и тој мора да биде активен за да ја извршува својата задача и да го најде своето место. Човекот не треба да биде бескорисен. Безработноста е грев.
Телесната машинерија мора да ја извршува својата работа. Проучувајте го Господовиот план во однос на Адам, кој бил создаден чист, свет и здрав. На Адам му било дадено нешто да работи. Тој ги користел органите кои Бог му ги дал. Не можел да биде невработен. Мозокот морал да работи, но не на механички начин, како проста машина. За целото време телесната машинерија ја продолжува својата работа; срцето чука, вршејќи ја својата одредена задача како парна машина, постојано терајќи ја темноцрвената струја во сите делови на телото. Акцијата се шири низ целата жива машина. Секој орган мора да ја извршува својата одредена задача. Ако се продолжи физичката неактивност, се повеќе ќе се намалува активноста на мозокот.
Активност на отворен простор. На целиот организам му е потребно освежувачко влијание на активностите на отворено. Неколку часа секојдневна физичка работа ќе ја обноват телесната свежина и ќе го одморат и релаксираат умот.
Воздухот, воздухот, драгоцената добрина од небото која секој може да ја има, ќе ве благослови со освежувачко влијание доколку не му го оневозможите пристапот. Дочекајте го со добредојде, негувајте љубов кон него, а тој ќе донесе драгоцено смирување на нервите. Воздухот мора постојано да циркулира за да биде чист. Чистото влијание, свежиот воздух ќе ја поттикне здравата циркулација на крвта низ организмот. Го освежува телото и го прави силно и здраво, додека во исто време неговото влијание незабележително го чувствува умот, давајќи му мир и спокојство. Тој отвора апетит, го подобрува варењето и поттикнува здрав и сладок сон.
Неактивноста причиназа болеста. Неактивноста претставува значителна причина за болест. Рекреацијата ја забрзува и урамнотежува циркулацијата на крвта во организмот додека во состојба на неактивност крвта не циркулира правилно и затоа во организмот не доаѓа до размена на материите кои се толку неопходни за животот и здравјето. Во тој случај, ниту кожата не ја врши својата улога. Нечистотиите не се излачуваат како во случај на вежбање кое со забрзувањето на крвотокот ја одржува кожата здрава, а градите ги храни со изобилство на чист и свеж воздух. Таквата состојба на организмот двојно ги оптоварува органите за лачење и болеста е неизбежна последица.
Разбирливо ускладување на активноста. Правилната и умерена физичка вежба, кога се користи силата, а не се злоупотребува, ќе се покаже како делотворен помошен фактор.
Спречување на прекумерна работа на умот. Физичката работа нема да го спречи култивирањето на разумот. Далеку од тоа. Предностите стекнати со физичка работа ќе го урамнотежат човекот и ќе го заштитат умот од прекумерна работа. Напорот ќе падне на мускулите и ќе го заштити умот од прекумерна работа. Напорот ќе дојде на мускулите и ќе донесе олеснување на уморниот мозок. Има многу апатични, бескорисни девојки кои сметаат дека не им личи на дамите да земат учество во активна работа. Но нивните каракгери се многу проѕирни за да измамат некоја разумна личност во однос на нивната вистинска безвредност…
Нема потреба за нежност, беспомошност, преоблеченост и кикотење, бидејќи тоа не ја чини една дама. Потребно е здраво тело за здрав разум. Физичкото здравје и практичното познавање на сите неопходни должности на домаќинките никогаш не треба да бидат препрека за правилно развиен интелект; и двете се многу важни за една дама.
Без вежбање умот не може да остане во здрава состојба. За здравиот млад човек, напорната, сериозна работа го зајакнува мозокот, коските и мускулите; и тоа е нужна подготовка за тешката работа на лекарот. Без таквата работа умот не може да биде во добра работна состојба. Тој не може да се напрегнува за силна, брза акција која ќе даде ширина на неговите способности. Тој станува неактивен. Тие млади никогаш, никогаш нема да станат она што Бог замислил тие да бидат. Тие отстапиле многу место за неактивносттака што станале како отстојана вода. Атмосферата која ги опкружува е исполнета со морална апатија.
Менталниот напор е ограничен кога ќе се запостави работата. – Оние кои се запослени со постојана ментална активност, било во проучување или проповедање, имаатпотреба од одмор и промена. Сериозниот ученик постојано го заморува мозокот, често занемарувајки ја физичката
вежба, и како резултат на тоа телесните способности се ослабнати, а менталниот напор е ограничен. На тој начин ученикот пропушта да изврши задачи кои можеле да се завршат ако постапил мудро.
Да се изедначи менталниот и физичкиот напор. Кога ќе се изедначи оптовареноста на менталните и физичките сили, ќе се освежи умот на ученикот. Ако е болен, физичката работа често му помага на организмот да се врати во нормална состојба. Кога студентите ги напуштаат универзитетите, треба да бидат со подобро здравје и да имаат подобро разбирање на законите на здравјето отколку кога влегле во него. Здравјето треба свето да се чува како и карактерот.
Вежбањето, исцелителен агент. Кога немаат на што да го посветат своето внимание и време, инвалидите се концентрираат на себе и стануваат уште помрачни и пораздразливи. Така најчесто се задржуваат на тоа колку лошо се чувствуваат се додека не дојдат до заклучок дека нивната состојба е далеку полоша отколку што навистина е; како резултат на тоа, тие стануваат потполно неспособни да направат било што.
Правилно насочената рекреација се покажала како ефикасно лековито средство во сите такви случаи. Во некои случаи таа е неопходна за оздравување. Волјата оди паралелно со работата на рацете и затоа кај таквите инвалиди треба да се разбуди волјата. Кога волјата е заспана, имагинацијата станува неприродна и организмот не е во состојба да и се спротистави на болеста.
Неактивен систем е опасен систем. Неактивен систем е опасен во секој поглед. Идејата дека оние кои ги преоптовариле своите ментални и физички сили, или кои се телесно и умно истоштени мораат да престанат со активностите за да се поврати здравјето, е голема заблуда. Има случаи каде целосниот одмор ја сузбива сериозната болест, но само во случај на хронични инвалиди, тоа е многу ретко неопходно.
Неактивноста е големо проклетство за најголем број на инвалиди.
Неактивноста е најголемо прокпетство кое може да го снајде некој инвалид. Оваа вистина особено важи за оние чиишто проблеми се предизвикани или влошени со нечисти навики.
Лесната зафатеност во правец на корисната работа, додека не го истоштува умот или телото, има здраво влијание и за двете. Таа ги зајакнува мускулите, ја подобрува циркулацијата, донесува задоволство на инвалидот во сознанието дека не е целосно бескорисен во овој зафатен свет. Од почетоктој може многу малку да направи, но наскоро ќе открие дека силата му расте, а сходно со тоа ќе порасне и учинокот.
Лекарите често ги советуваат своите пациенти да појдат на прекуокеанско патување, да одат на некој минерален извор, или да посетат различни места поради промена на климата, како би го повратиле здравјето, додека во девет од десет случаи кога би јаделе поумерено и би се фатиле за она угодно, здраво занимање, би им било подобро и би заштедиле време и пари.
Физичката активност мора да биде систематска (совет до мајка на еден инвалид). Господ ви дал да завршите задача која Тој нема намера да ја изврши за вас. Вие морате да делувате од начела, во склад со природните закони, без оглед на чувствата. Почнете да работите според светлината која ви ја дал Бог. Може нема да можете сето ова да го направите одеднаш, но можете многу да направите постепено истапувајќи во вера, верувајќи дека Бог ќе биде ваш помошник, дека ќе ве зајакне.
Можете да вежбате со прошетки и исполнување на должности кои бараат лесна работа во вашето семејство и да не зависите толку многу од другите. Совеста дека можете да работите ќе ви ја зголеми силата. Кога рацете би ви биле зафатени, а мозокот помалку зафатен со планирање за другите, би ви пораснала физичката и менталната сила. Мозокот не ви е незафатен, но нема одговарачка работа од страна на другите телесни органи.
Активноста, со одлучна предностза сите вас, треба да се систематизира и да се насочува кон ослабнатите органи како истите би се зајакнале низ употреба. Лечењето со движења (масажата) е од голема предност за пациентите кои се премногу слаби за вежбање. Но за оние болни кои се потпираат на тоа, правејќи се себеси зависни, додека занемаруваат нивните мускули сами да вежбаат, е голема грешка.
Сегашната поплава на расипаноста е резултат на злоупотреба на умот и телото. Поплавата на расипаноста која се разлива по нашиот свет е резултат на погрешното користење и злоупотреба на човечката машинерија. Мажите, жените и децата треба да се учат да работат со своите раце. Тогаш мозокот нема да биде преоптоварен на штета на целиот организам.
Вработеноста на умот и телото ги спречува нечистите мисли. – Сразмерната вработеност на умствените и телесните сили ќе ја спречат скпоноста кон нечистите мисли и дела. Учителите мораат ова да го разберат. Тиетреба да ги воспитуваатученицитедекачистите мисли и дела зависат од насоката по која одат нивните проучувања. Совесните дела зависат од совесното размислување. Занимавањето со земјоделски работи и различни други активности е чудесна заштита против неумереното оптоварување на мозокот. Ниту еден маж, жена или дете кои пропуштаат да т користат способностите кои Бог им ги дал не можат да го сочуваат здравјето. Тие не можат совесно да ги држат Божјите заповеди. Тие не можат најмногу да го сакаат Бога и ближниот свој како самите себеси.
Секојдневна физичка работа. Дадена ми е светлина дека кога нашите проповедници многу повеќе би работеле физичка работа, би пожнеале благослови на здравје… Она што навистина е потребно за физичкото здравје и менталната чистота е некоја физичка работа во текот на денот, така што крвта од мозокот се насочува кон другите делови од телото.
Секој ученик треба биде физички активен. Секој што учи треба еден дел од денот да посвети на телесна работа. Така младите ќе навикнат да бидат вредни и ќе стекнат самоувереност, а во исто време ќе бидат сочувани од многу понижувачки навики што човекот обично ги стекнува со безделничењето. А сето тоа е во сообразност со првобитната цел на воспитувањето; со тоа што поттикнуваме кон активност, трудољубивост и чистота, доаѓаме во согласност со нашиот Создател.
Физичкото воспитување применувано во тие еврејски школи може, исто како и верското, и денеска да биде од полза. За жал, вредноста на тоа воспитување малку се цени. Меѓу душата и телото постои тесна врска и, за да постигнеме големо морално и духовно совршенство, мораме да ги почитуваме и законите на нашето физичко битие. За да се изгради силен и хармоничен карактер, мора да се вежбаат и да се развиваат како духовните така и физичките сили. Зар за младите може да има нешто поважно од проучувањето на нашиот чудесен организам и законите со чија помош можеме да го одржуваме во добро здравје?
Физичката работа дава живот. Кога телото е неактивно, крвта бавно тече, а мускулите се намалуваат во големина и сила… Физичката работа, свежиот воздух и сончевата светлина благослови кои небото изобилно ги излило врз нас би дале живот и сила на многумина истоштени инвалиди…
Работата е благослов, а не прокпетство, Грижпивата работа чува многу, млади и стари, од стапиците на оној кој „бара пакос за невработени раце“. Никој нека не се срами од работа, бидејќи чесната работа облагородува. Додека рацете се зафатени со најобични задачи, умот може да биде исполнет со возвишени и свети мисли.