Глава 58 Вера

Сподели го ова:

Дефиниција за вера. Верата, спасоносната вера треба да се поучува. Дефиницијата за оваа вера во Исуса Христа може да се опише во неколку зборови: тоа е чин на душата со која целиот човек се предава под надзор и контрола на Исус Христос. Тој пребива во Христос, и Христос пребива во душата преку вера како врховен. Верникот ги предава својата душа и тело на Бога и со сигурност може да каже: Христос е во состојба да го сочува тоа што му го доверив тој ден. Сите кои сакаат да го прават ова ќе бидат спасени за вечен живот. Ќе постои сигурност дека душата е исчистена во Христовата крв и облечена во Неговата праведност и драгоцена во Христовите очи. Нашите мисли и надежи се во второто доаѓање на нашиот Господ. Тоа е ден кога Судијата на целата земја ќе ја награди довербата на Својот народ.

Други дефиниции. Преку вера ние примаме Божја благодат, но верата не е наш Спасител. Таа ништо не заработува. Тоа е раката со која се потпираме на Христа и ги присвојуваме Неговите заслуги.

Верата е доверба во Бога верување дека Тој не сака и знае што е најдобро за наше добро. Така, наместо нашиот сопствен таа не наведува да го одбереме Неговиот пат. Наместо нашето незнаење, таа ја прифаќа Неговата мудрост; наместо нашите слабости, Неговата сила; наместо нашата грешност, Неговата праведност. Нашитеживоти, ние самите, се веќе Негови; верата ја признава Неговата сопственост и го прифаќа благословот од тоа. Вистината, праведноста, чистотата се истакнати како тајни на животниот успех. Верата е таа која не прави сопственици на овие принципи.

Едноставна во дејствувањето. Верата е едноставна во своето дејствување и моќна по резултатите. На многумина кои исповедаатдека се христијани, кои имаат знаење од Светата Реч и веруваат во Нејзината вистина, им недостасува детска доверба која е неопходна во Исусовата религија. Тие не посегнуваат со тој својствен допир кој донесува благодет на исцелување на душата.

Понизноста не е вера. Понизноста, кротоста и покорноста не се вера; но се последици или плод на верата.

Верата дава самодоверба. Овиеработи (извештај за Павловата доверба во Бога) не се напишани само да ги читаме и да им се восхитуваме; туку за истата вера која работела во Божјите слуги од дамнина и која можела да дејствува и во нас. На ништо помалку впечатлив начин од оној што дејствувал тогаш, Тој ќе работи и сега, секаде каде што постојат верни срца кои ќе бидат канали на Неговата сила.

Нека оние кои немаатдоверба во себе, чиј недосгатокна самодоверба ги наведува да одбегнуваат грижи и одговорности, бидат поучени да се потпираат на Бога. Така мнозина од оние кои инаку би биле само бројка во светот, можеби само беспомошно бреме, ќе бидат во состојба да кажат заедно со апостолот Павле: „Се можам преку Христа кој ми дава сила“ (Филипјаните 4:13).

Верата е потребна на секој чекор. Верата е исто толку потребна во малите како и во големите работи во животот. Во сите ваши секојдневни интереси и работи поддржувачката Божја сила станува реалност за нас низ присуство на верата.

Поучувајте вера. -Требајасно да се објасни како се практикува верата. За секое Божјо ветување постојат услови. Ако сакаме да ја исполнуваме Неговата волја, сета Негова сила е наша. Кој и да е дар што Тој го ветува, се наоѓа во самото ветување. „Семето е Зборот Божји” (Лука 8:11). Како што е сигурно дека дабот е во желадот, така е сигурно и дека Божјиот дар е во неговото ветување. Ако го примиме ветувањето, го имаме и дарот.

Верата има драгоцени поуки за децата. Верата овозможува скапоцени поуки за детето кое бргу се лути на повреда. Диспозицијата да му се спротивстави на злото или да се одмазди за неправдата често е предизвикана од длабокото чувство на праведност и активен, енергичен дух. Поучете го таквото дете дека Бог е вечен чувар на правдата. Тој нежно се грижи за созданијата кои толку многу ги љубел што го дал Својот Најмил Возљубен да ги спаси. Тој ќе се пресмета со секој злосторник.

Умот треба да се воспитува да практикува вера. Верата работи низ љубовта и ја чисти душата од секоја себичност, Така душата се усовршува во љубовта. И наогајќи благодат и милост преку Христовата драгоцена крв, како можеме да не сме нежни и милостиви? „Преку благодатта сте спасени низ вера“ (Ефесјаните 5:8). Умот треба да се воспита да ја практикува верата, а не да негува сомнеж и љубомора. Ние сме и премногу склони да ги гледаме препреките како неможности.

Да се има вера во Божјите ветувања, да се оди напред во вера, да се истрае без разлика на условите, е поука која тешко се учи. Сепак позитивна неопходност е секое Божјо дете да ја научи оваа поука. Божјата благодат преку Христа треба секогаш да се негува; бидејќи таа ни е дадена како единствен начин да се доближиме до Бога. Верата во Божјите зборови, кои ги изговорил Христос обвиен во столбот од облаци, би ги оспособила децата Израелови да остават запис со сосема поинаков карактер. Нивниот недостаток на вера во Бога им дал многу променлива историја.

Вера и вообразеност. Некои исповедаа дека имаат голема вера во Бога, посебни дарови, и посебни одговори на своите молитви, иако недостасуваше доказ за тоа. Тие ја заменија вообразеноста за верата. Молитвата со вера никогаш не е напразна; но да се полага право дека одговорот секогаш ќе дојде на одреден начин и за одредената работа која ја очекуваме претставува вообразеност.

Вообразеноста е фалсификат на сатаната. Верата во никоја смисла не е соединета со вообразеноста. Само оној што има вистинска вера е заштитен од вообразеноста, бидејќи таа вообразеност е сатански фалсификат за верата. Верата полага право на Божјите ветувања и донесува плод во послушноста. Вообразеноста исто така полага право на тие ветувања, но ги користи како што ги користел сатаната за да го оправда престапот.

Верата требаше да ги наведе нашите прородители да имаат доверба во Божјата љубов и да ги слушаат Неговите заповеди. Вообразеноста ги навела да го прекршат Неговиот закон, верувајќи дека Неговата голема љубов ќе ги Спаси од последиците на нивниот грев. Не е верата таа што полага право на наклонетоста на небото без усогласување со условите под кои се дава милоста. Вистинската вера има свој темел во ветувањето и во се она што ни го даваат Писмата.

Негувајте вера. Оние кои зборуваат за верата и истата ја негуваат ќе имаат вера; но оние кои негуваат и изразуваат сомнежи, ќе имаат сомнежи.

Не мислете дека затоа што сте направиле грешки морате секогаш да бидете под осуда бидејќи тоа не е неопходно. Не дозволувајте вистината да ја изгуби вредноста во вашиот ум затоа што тие што ја искажуваат не живеат доследен живот. Негувајте ја верата во вистината на третата ангелска вест. Ако не негувате вера, нејзината важност постепено ќе го губи своето место во вашиотум и срце. Ќе имате искуство како она на лудите девици, кои не обезбедиле масло за своите ламби, и нивната светлина изгаснала. Верата мора да се негува. Ако стане слаба, таа е како болна билка која треба да се стави на сончева светлина, внимателно да се полева и негува.

Верата се воздигнува над темнината. Кот облаците ќе дојдат помеѓу вашата душа и Бога, кога се околу вас е мрачно и одбојно, кога непријателот стои подготвен да ја одвои душата од лојалноста кон Бога и вистината, и кога заблудата изгледа како прифатлива и привлечна, тогаш е време за молитва и практикување (исполување) на вера во Бога… Со негување на вера, душата се оспособува да се воздигне над самата себе и да ја пробие пеколната сенка која непријателот ја фрла по патеката на секоја душа која се бори за бесмртна круна.

Верата почива на докази. Господовиот збор, кој се искажува преку Неговите слуги, многумина го примаат со прашања и страв. Многумина ја одложуваат послушноста на предупредувањата и опомените чекајќи додека секоја сенка на неизвесност не се отстрани од нивните умови. Неверието кое бара совршено знаење никогаш нема да се потчини на доказот кој на Бога му е угодно да го даде. Бог бара од Својот народ вера која почива на докази, не на совршено знаење. Оние Христови следбеници кои ја прифаќаат светлината која Бог им ја праќа, мораат да го слушаат Божјиот глас кој им зборува додека постојат многу други гласови кои викаат против тоа. Потребна е проникпивост за да се разликува Божјиот глас.

Ние мораме за себе да знаеме од што се состои христијанството, што е вистина, што е верата која ја примивме, што се библиските правила правила кои ни се дадени од најголемиот авторитет. Постојат многумина кои веруваат, без причина на која ја темелат својата вера, без доволно докази за прашањата на вистината. Кога ќе се изложи некоја идеја која е во хармонија со нивните однапред создадени мислења, тие сите подготвено ја прифаќаат. Тие не резонираат од причина до последица. Нивната вера нема вистински темел, и во време на неволја тие ќе откријат дека ѕидале врз песок.

Верата треба да се изразува. Кога би дале повеќе изрази на својата вера, кога повеќе би се радувале на благословите кои знаеме дека ги имаме големата милост, трпеливост и Божја љубов секојдневно би стекнувале поголема сила. Зар драгоцените зборови кои ги изговорил Христос, Божјиот Кнез, немаат уверување и сила кои треба да имаат големо влијание врз нас, дека нашиот Небесен Татко има повеќе волја да го даде Светиот Дух на оние кои го бараат од Него отколку родителите да им дадат добри дарови на своите деца?

Верата не треба да се меша со чуствата. Многумина имаат нејасни претстави за тоа што претставува верата, и тие живеат под своите привилегии. Тие ги мешаат чувствата и верата, и постојано се растроени и збунети во умот; бидејќи сатаната ги користи сите можни предности на нивното незнаење и неискуство…

Ние мораме да го прифатиме Христос како свој личен Спасител, или ќе пропаднеме во настојувањето да бидеме победници. Нема да ни одговара да бидеме настрана од Него, да веруваме дека нашиот пријател или сосед можат да го имаат Него за личен Спасител но дека ние не можеме да ја искусиме Неговата љубов која простува. Ние мора да веруваме дека сме избрани од Бога, да биде спасени преку исполување на вера, преку Христовата благодат и делото на Светиот Дух; и ние треба да го фалиме и прославуваме Бога за тоа чудесно манифестирање на Неговата наклонетост која не сме ја заслужиле.

Божјата љубов е таа што ја привлекува душата кон Христа, да биде милозливо примена и претставена пред Таткото. Преку делото на Духот тој божествен однос помеѓу Бога и грешникот се обновува. Таткото вели: „Јас ќе им бидам Бог, и тие ќе бидат Мој народ. Ќе покажам кон нив љубов која простува и ќе им ја подарам Мојата радост. Тие ќе ми бидат посебно богатство, бидејќи овој народ кој го обликував за Себе ќе ја покаже Мојата пофалба.”

Верата и чувството се разликуваат. Чувството и верата се разликуваат едно од друго како исток од запад. Верата не зависи од чувствата. Ние треба секојдневно да се посветуваме на Бога и да веруваме дека Христос ја разбира и ја прифаќа таа жртва, а не да се испитуваме себе да видиме го имаме ли тој степен на чувства за кои мислиме дека треба да одговараат на нашата вера. Зар немаме сигурност дека нашиот Небесен Татко е повеќе волен да го даде Светиот Дух но оние кои бараат од Него во вера отколку родителите добри дарови на своите деца? Ние треба да одиме напред како на секоја молитва која ја праќаме кон Божјиот престол да сме слушнале одговор од Оној чии ветувања никогаш не изостануваат. Дури и да сме притиснати со тага, наша предност е да пееме на Бога во своето срце. Кога ова го правиме, маглата и облаците ќе се разотидат, и ние ќе прејдеме од сенката и мракот во јасната сончева светлина на Неговата присутност.

Не е работа на нагонот. Многумина минуваат долги години низ мрак и сомнеж затоа што не се чувствуваат како што сакаат. Но чувството нема ништо со верата. Онаа вера која работи преку љубовта и ја чисти душата не е работа на нагонот. Таа се потпира на Божјите ветувања, цврсто верувајќи дека она што Тој го рекол, Тој е исто така во состојба да го изврши. Нашите души можат да се обучуваат да веруваат, да бидат поучени да се потпираат на Божјата Реч. Таа Реч објавува дека „праведникот ќе живее преку вера“ (Римјаните 1:17), не преку чувства.

Не се потпирајте на чувствата. Да го отртеме сето она што личи на недоверба или недостаток на вера во Исус. Да отпочнеме едноставен живот на детска доверба, не потпирајќи се на чувствата туку на верата. Не го обесчестувајте Исуса сомневајќи се во Неговите драгоцени ветувања. Тој сака да веруваме во Него со непоколеблива вера.

Дејствувајте одлучно во верата. Гледајте на Исуса, упатувајќи тивки молитви во вера, потпирајќи се на Неговата сила, без разлика дали се манифестираат чувства или не. Одете право напред како да секоја молитва е дојдена до Божјиот престол и одговорена од Оној чии ветувања никогаш не изостануваат. Одете напред, пеејќи му на Бога во своите срца, дури и кога сте притиснати со чуство на тежина и тага. Ви кажувам како некој што знае, светлината ќе дојде, радоста ќе биде наша, а маглата и облаците ќе се разотидат. И ние ќе прејдеме од потиснувачката сила на сенката и темнината во јасната сончева светлина на Неговата присутност.

Верата е доказ на христијанството. Кога ќе примиш помош и утеха, пеј песна на благодарност на Бога. Разговарај со Бога. Така ќе станеш Божји пријател. Ќе се потпираш на Него. Ќе стекнеш вера која ќе верува без разлика дали така се чувствуваш или не. Запомни дека чувството не е доказ дека си христијанин. Имплицинтната вера во Бога покажува дека си Негово дете. Имај доверба во Бога. Тој никогаш нема да те разочара. Тој вели: „Нема да ве оставам без утеха; ќе дојдам кај вас. Уште малку и светот веќе нема да Ме гледа, вие ќе Ме видите; бидејќи Јас живеам, и вие ќе живеете11 (Јован 14:18,19). Ние не го гледаме Христос лично. Го гледаме со вера. Нека верата се фати за Неговите ветувања. Така Енох одел со Бога.

Верата е реалност. Мојсеј не само што размислувал за Бога, тој го видел. Богбил постојана визија пред него. Тој никогаш не го губел од поглед Неговото лице.

За Мојсеј верата не била нагодување; таа била реалност. Тој верувал дека Боглично го води неговиот живот; и во сите детали Го признавал. За сила да ги поднесе сите искушенија, тој се надевал во Него.

Вера во Христос, а не во облеката. Додека Тој поминувал, таа (немоќната жена) посегнала и одвај успеала да го допре работ на Неговата облека. Тој моменттаа знаела дека е исцелена. Нејзината вера била насочена, не на облеката, туку на Оној што ја носел. Во тој еден допир била сконцентрирана верата на нејзиниотживот, и нејзината болка и немоќ за момент исчезнале. Веднаш почувствувала треперење како од електрична енергија која минува низ секое влакно од нејзиното тело. Тогаш ја преплавило чувство на совршено здравје. „Веднаш… почувствувала во своето тело дека оздравела од болеста11 (Марко 5:29).

Верата не се врзува за предмети. Во облеката немало никаква исцелителска сила. Верата во Личноста која ја носела таа облека било тоа што и го повратило здравјето.

Верата прави разлика. Верата е медиум преку кој вистината или заблудата наоѓаат живеалиште во умот. Со истиот чин умот ја прифаќа вистината или заблудата, но прави одлучувачка разлика дали веруваме во Божјата Реч или кажувањето на луѓето. Кога Христос се открил на Павле и тој сфатил дека го прогонувал Исус во личностите на Неговите светии, ја прифатил вистината каква што е во Исуса, Преобразувачката сила се манифестирала на умот и карактерот, и тој станал нов човек во Христа Исуса. Тој така ја примал вистината толку целосно, така што ниту земјата, ниту пеколот не можеле да ја разнишаат неговата вера.

Верата моќен исцелител. Верата е посилен освојувач од смртта. Ако болниот може да се наведе да го насочи својот поглед кон Моќниот Исцелувач, ќе видиме прекрасни резултати. Тоа ќе донесе живот на телото и душата.

Секојдневно практикување на верата. Наоѓам дека морам да се борам во добра борба на вера секој ден. Морам да ја практикувам сета своја вера и да не се потпирам на чувства; морам да дејствувам како да знам дека Господ ме слушнал, и ќе ми одговари и ќе ме благослови. Верата не е среќен налет на чувства; таа едноставно го држи Бога за Неговиот збор верувајќи дека Тој ќе ги исполни Своите ветувања затоа што рекол дека ќе ги исполни.

Верата работи. Кога гледате кон Голгота, тоа не значи да ја смирите својата душа во неизвршувањето на должностите, ниту да се успиете, туку да создадете вера во Исус Христа, вера која ќе работи, чистејќи ја душата од нечистотијата на себичноста. Кога со вера ќе се потпреме на Христос, нашата работа само што е започната.

Секојчовекима расипани и грешни навики кои мора да ги надвладее со одлучна борба. Од секоја душа се бара да води војна на верата. Ако некој е Христов следбеник, тој не може остро да постапува, тој не може да биде со тврдо срце, лишен од сочувство. Тој не може да биде груб во зборувањето. Тој не може да биде арогантен, ниту да употребува груби зборови, да критикува, и да осудува.

Го обликува животот. Животот е обпикуван од верата. Ако светлината и вистината се во нашиот домен, а ние занемаруваме да ја подобриме привилегијата на слушање и гледање на вистината, ние всушност ги отфрламе; ја одбираме темнината наместо светлината.

Верата ветува успех. Ќе имаме успех ако одиме напред со вера, одлучни разумно да го извршиме Божјото дело. Не смееме да дозволиме да не попречуваат луѓе кои сакаат да стојат на негативната страна, покажувајќи сосема малку вера. Божјото мисионерско дело треба да го извршуваат луѓе со голема вера, и треба цврсто да расне во сила и напредување.

Верата ја чисти душата. Ние мора да имаме вера, чиста вера, која работи преку љубовта и ја чисти душата. Мораме да се учиме да му предаваме се на Господа со едноставност и сериозна вера. Најголемата тежина која мораме да ја носиме во овој живот е своето јас. Доколку не научиме во Христовото училиште да бидеме кротки и понизни, ние ќе испуштиме драгоцени прилики и привилегии да се запознаеме со Исус. Своето јас е најтешката работа со која мораме да управуваме. Во одложувањето на бремињата, да не заборавиме да го положиме своето јас крај Исусовите стапала.

Ставете се себеси во Исусовите раце, Тој да ве обликува и дотерува, како би можеле да бидете направени во садови за чест. Вашите искушенија, вашите идеи, вашите чувства, сето тоа мора да биде положено во подножјето на крстот, Тогаш душата е подготвена да ги слуша зборовите на божествените упатства. Исус ќе ви даде да пиете вода која тече од Божјата река. Под омекнувачкото и потчинувачко влијание на Светиот Дух вашето студенило и рамнодушност ќе ги снема. Христос во вас ќе биде извор на вода која тече во вечен живот.

Таа ги отвора тајните на животниот успех. Вистинската вера, и вистинската молитва, колку се тие јаки! Тие се како две раце преку кои човечкиот молител се зафаќа за силата на Бесконечната љубов. Верата е доверба во Бога верување дека Тој не сака и знае што е за наше најголемо добро. Така, таа не наведува наместо нашиот да го одбереме Неговиот пат. Наместо нашето незнаење, таа ја прифаќа Неговата мудрост; наместо нашите слабости Неговата сила, наместо нашата грешност, Неговата праведност. Нашитеживоти, ние самите, веќе сме Негови; верата ја признава Неговата сопственост, и го прифаќа благословот од тоа. Вистината, праведноста, чистотата, се истакнуваат како тајни на животниот успех. Со верата стануваме сопственици на тие атрибути. Секој добар поттик или тежнеење е дар од Бога; верата прима живот од Бога кој единствено може да произведе вистински раст и ефикасност.

Сподели го ова:

Слични објави