Глава 36 Принципи на мотивацијата

Сподели го ова:

Успехот бара цел. За да се постигне успех на било кое подрачје, мора да се има одредена цел. Оној кој сака да постигне вистински успех воживотот, мора постојано да ја има пред очите целта вредна затојтруд. Таква цел е поставена пред денешната младина.

Да се тежнее кон најголемата можна цел. Она посебно место кое ни е одредено во животот, ни е доделено врз основа на нашите способности. Не достигнуваат сите ист степен на развој, ниту со истуспех ја извршуваат истата работа. Бог не очекува од исопот да ги достигне пропорциите на еден кедар, ниту од маслинката височина на величествена палма. Но секој мора да се труди да се вивне онолку високо колку што му овозможува здружувањето на човечките и небесните сили.

Студентите мораат да имаат реал на цел. Учете ги студентите талентите кои Бог им ги дал да ги употребуваат за најголемата, најсветлата цел, за да можат да го направат најголемото добро на овој свет. Студентите мораат да научат што значи да имаат вистинска цел во животот, и да се стекнат со реално разбирање за тоа што значи вистинско образование.

Христос ги поттикнува возвишените стремежи. Тој не поттикнува и не храбри да се стремиме кон највисоките цели и да си го обезбедиме најскапоценото богатство.

Пропуст да се разбере нечиј потенцијал. Мнозина не стануваат она што би можеле, затоа што не ја ползуваат силата што е во нив. Не се потпираат, колку што би можеле, врз божествената сила. Мнозина скршнале од патот на кој би можеле да постигнат најголем успех. Барајќи поголема почест или поугодна работа, тие се обидуваат да прават нешто за што не се способни. Многу луѓе чии таленти се посоодветни за некоја друга работа, амбицијата ги нагонува да се посветат на некоја интелектуапна професија. И така, оној кој може да биде успешен како земјоделец, занаетчија или медицински техничар, носи назив на проповедник, правник или лекар, иако е неспособен за тоа. Дури, пак, кои можеле да се занимаваат со некоја одговорна работа, се задоволуваат со некоја полесна положба едноставно поради недостиг на енергија, трудољубивост или истрајност.

Големи можности во животот. Со оглед на можностите во животот, кој е способен да оцени што е големо а што мало? Колку луѓе на ниски положби во животот, поттикнувајќи дејности од благослов за светот, постигнале резултати на кои и цареви би можеле да им завидуваат!

„Нешто подобро” закон на вистинско живеење. „Нешто подобро!“ е лозинката на образованието, закон на секое вистински живеење. На местото на она што се бара да отфрлиме, Христос ни нуди нешто што е многу подобро. Младите често се стремат кон цели, потфати и уживања, кои не мораат да делуваат како за лошо, но на кои им недостасува највозвишеното добро. Тоа го застранува животот од неговата најблагородна цел. Самоволните мерки или директни закани можеби нема да успеат да ги наведат младите да се откажат од она што им е мило. Да ги насочиме кон она што е подобро од покажување, честољубивост, и задоволување на соствените каприци.

Да ги донесеме во допир со повистинска убавина, со повозвишени принципи и поблагороден живот. Да ги наведеме да гледаат во Оној Кој е „сиот мил“. Кога погледот еднаш ќе се насочи кон Него, животот наоѓа свое средиште. Воодушевувањето, благородната предаденост и огнената ревност на младите тука ја наоѓаат својата вистинска цел. Должноста станува уживање, а жртвата задоволство. Да се слави Христос, да се стане сличен на Него, да се работи за Него, тоа е најголемата животна амбиција и најголема радост.

Да се развивајат најголемите мотиви за напредок. Оние кои се обучуваат за медицински браќа или сеестри и лекари треба секојдневно да се упатуваат за да можат да развијат најголеми мотиви за напредок. Тие би требало да ги посетуваат нашите факултети и школи за обука; а учителите во овие научни институции да ја сфатат својата одговорност да работат и да се молат за студентите. Во овие школи, студентите треба да се учат да бидат вистински медицински мисионери, цврсто поврзани со службата на евангелието.

Непромислена себична бесцелност на богатиот. Целите на овој човек не биле повозвишени од целите на животните што гинат. Живеел како да нема Бог, како да нема небо, како да нема иден живот; се што имал како да било само негово, како ништо да не му должел ниту на Бога ниту на луѓето. Псалмистот го опишал овој богат човек кога напишал: „Безумникот рече во своето срце: ‘Нема Бог!’“ (Псалм 14:1).

Бесцелниот живот е жива смрт. Бесцелниот живот е жива смрт. Умот треба да се занимава со теми кои се однесуваат на нашите вечни интереси. Тоа ќе им донесе здравје и на телото и на умот.

Скапаните корени се бесцелни. Една од од основните причини за душевната немоќ и слабоста на духот е недоволната насоченост кон вредните цели. Ние се фалиме со широката распространетост на литературата; но умножувањето на книгите, дури и оние кои сами по себе не се штетни, може да стане вистинско зло… Освен тоа, поголем дел од списанијата и книгите кои, како жабите во Египет, ја преплавуваат земјата, не е само претеран, празен и штетен, туку и порочен и унижувачки. Нивна цел не е само да го отрујат и упропастат умот туку и да ја расипат и уништат душата. Умот и срцето кои се немарни и бесцелни, паѓаат како лесен плен на злото. Габите растаттокму врз болните, безживотни организми. И токму невработениот ум е работилница на сатаната. Умот треба да се насочува кон високи и свети идеали, животот да добие благородна цел, смисла со која ќе биде сосема окупиран, па злото тешко ќе се пробие.

Бесцелноста предиспозиција за неумереноста. Но, за да го пронајдеме коренот на неумереноста, мораме да одиме подлабоко отколку што се уживањето во алкохолот или тутунот. Безделничењето, бесцелноста или лошото друштво можат да го приготват патот кон неумереноста.

Малку се страшни зла. Има малку зла од кои треба да се плашиме повеќе отколку од тромоста и бесцелноста. Но тенденцијата на поголемиот дел атлетски спортови ги загрижува оние врз чии срца тежи доброто на младите… Тие поттикнуваатљубов кон уживања и возбудувања, развивајќи на тој начин одвратност кон полезната работа и тенденција кон одбегнување на практичните должности и одговорности. Тие се стремат да ја уништат скпоноста кон трезните реалности на животот и неговите смирени задоволства. Така се отвора вратата за лекоумноста и беззаконието со сите нивни страшни последици.

Никој не мора да живее бесцелен живот. Секоја душа мора да служи. Таа мора да ја употреби секоја физичка, ментална и морална моќ низ посветување на Духот за да може да биде Божји помошник. Секој е обврзан активно и безрезервно да и се посвети на Божјата служба. Тие мораат да соработуваат со Исус Христос во големото дело за помагање на другите. Христос умрел за секој човек. Тој го откупил секој човек давајќи го Својот живот на крстот. Тој го направил тоа за човекот да не мора повеќе даживее бесцелен, себичен животтуку да живее за Исуса Христа Кој умре за Неговото спасение. Сите не се повикани да стапат во служба, но и покрај тоа, тие мораат да служат. Навреда за Светиот Божји Дух е доколку и еден човек одбере живот во служба на своето јас.

Мора да се негуваат вистински побуди. Вистинските мотиви на служба мора да се изложат пред старите и младите. Учениците треба да се подучуваат на таков начин за да се развиваат во корисни мажи и жени. Мора да се искористат сите средства кои ќе ги воздигнат и облагородат. Тие мора да се научат своите сили да ги употребат на најдобар начин. Физичките и менталните сили треба подеднакво да се оптоваруваат. Мораат да се негуваат навики на ред и дисциплина. Силата која се покажува со чист и исправен живот мора да се демонстрира пред учениците. Тоа ќе им помогне во подготовката за корисна служба. Од ден во ден ќе бидат се почисти и посилни, подобро подготвени преку Неговата благодат и проучувањето на Неговото Слово за да можат да вложат одлучни напори против злото.

Постапките ги откриваат побудите. Постапките ги откриваат принципите и побудите. Родовите што ги донесуваат мнозина кои засега полагаат право да бидат во Господовото лозје покажуваат дека се само трње и троскот. Погрешниот пат на некои свои членови може да биде одобрен од страна на целата црква, но тоа одобрување не докажува дека тоа што е погрешно е вистинско. Тоа не прави грозје од трње.

Пресудни се побудите, а не изгледот. Важна должност на сите им е да се запознаат од поблизу со текот на своето секојдневно однесување и побуди кои се причинители на нивните постапки. Секое дело во нивниот живот се цени не според надворешниот изглед, туку според побудите кои ја налагаат одредената постапка.

Христовите следбеници наоѓаат нова мотивација. Ниедна друга наука не е еднаква на онаа којашто во животот на ученикот развива Божји карактер. Оние кои стануваат Христови следбеници откриваат дека наоѓаат нови мотиви за акција, нараснуваат нови мисли кои мораат да резултираат со нови акции. Но тие можат да постигнат напредок само низ судир, бидејќи постои непријател кој секогаш се бори против нив, претставувајќи им искушенија за да предизвика грев и сомнеж во душата. Постојат наследни и здобиени склоности кон злото кои мора да се надминат. Нагонот и страста мора да се потчинат на контролата на Светиот Дух. Нема крај на војувањето од оваа страна на вечноста. Но додека постојат постојани битки кои треба да се бијат, исто така постојат и драгоцени победи; а триуфот над себе и над гревот е од поголема вредност одошто умот може тоа да го процени.

Две спротиставени сили на мотивација. Библијата се толкува самата себеси. Библиски стих мора да се споредува со библиски стих. Оној што ја проучува Библијата мора да се научи да ја набљудува како целина, и да го согледа взаемниот однос на нејзините делови. Тој треба да се запознае со нејзината голема централна тема, со Божјата првична намера со светот, со потеклото на големата борба и со делото на спасението. Треба да ја разбере природата на двата принципа кои се борат за превласт и да научи да го следи нивното делување во извештаите на историјата и пророштвата се до големиот завршеток. Треба да види како оваа голема борба го проткајува секој степен на човечкото искуство; како и тој самиот во секое свое животно дело ја открива или едната или другата од овие две спротивни побуди; и како, го сакал тој тоа или не, тој уште сега одлучува на чија страна ќе се најце во овој судир.

Секоја постапка има двоен карактер. Секој правец на акцијата има двоен карактер и двојна важност. Тој е или чесен или расипан, исправен или погрешен, во зависност од побудата која го поттикнува. Погрешното постапување, и неговото често повторување, остава траен впечаток на умот на актерот, а исто така и на умовите на оние кои се поврзани со него во некаков си однос, духовен или световен. Родителите или учителите кои не им придаваат внимание на тие мали престапи кои не се исправни, со тоа ги утврдуваат младите во нив.

Постапката го црпи квалитетот од мотивот. Секоја постапка го црпи квалитетот од мотивот што ја движи, и доколку мотивите не се возвишени, чисти и несебични,умоти каракгерот никогаш нема да бидатдобро урамнотежени.

Побудите им даваат карактер на делата. Побудите им даваат карактер на нашите дела, ставајќи врз нив печат на срам или на висока морална вредност. Бог не ги смета за највредни големите дела што ги гледа секое око и ги фали секој јазик. Малечките должности извршени радосно, малечките дарови со кои не се расфрлува и кои за човечките очи изгледаат безначајни, често се најголеми во Неговите очи. Срцето полно со вера и сољубов му е помило на Бога од најскапоцениотдар. Сиромашната вдовица годала она што и било потребно за живототза да го стори она мапку што го сторила. Се лишила од храната давајќи ги тие две лепти за делото што го сакала. Тоа го сторила со вера, со целосна доверба дека нејзиниот небесен Татко нема да ја превиди нејзината голема потреба. Спасителот го пофалил нејзиниот несебичен дух и нејзината детска вера.

Бог ги открива потребите. Бог го води Својот народ, чекор по чекор. Тој ги доведува во состојба која е пресметана да ги открие потребите на нивните срца. Некои ќе истрајат на една точка, но паѓаат на друга. При секој чекор нанапред срцето малку поподробно се испитува и се става во искушение. Ако некој открие дека срцето му се спротивставува на одредената работа за Бога, тоа треба да го осведочи дека има задача да го надвладее проблемот, или во спротивно Бог конечно ќе го отфрли.

Нашите тајни побуди ни ја одредуваат судбината. Нашите дела, нашите зборови, дури и нашите најскриени побуди сето тоа влијае врз донесувањето на одлуката за нашата судбина за живот или за смрт. Иако ние ги забораваме, тоа сепак ќе сведочи за нашето оправдување или осуда.

Бог ги оценува луѓето по чиститте побуди. Бог не ги вреднува луѓето според нивното богатство, образование или положба. Ги вреднува според чистотата на нивните побуди и убавината на карактерот. Тој бара да види колку поседуваат од Неговиот Дух и колку во нивниотживот се открива Неговиот карактер. Да се биде голем во Божјото царство значи да се биде како мало дете во понизноста, едноставноста на верата и чистотата на љубовта.

Бог суди според побудите. Има многу нешта што можат да се подобрат во однесувањето на проповедникот. Мнозина ги гледаат и ги чувствуваат своите недостатоци, но сепак се чини дека не знаат какво влијание вршат. Тие се свесни за своите постапки се додека ги спроведуваат, но дозволуваат истите да им избледат од сеќавањата, и затоа не се реформираат. Кога проповедниците од своите секојцневни постапки би направиле предмет на внимателно размислување и пресметан преглед, со цел да се запознаат со своите животни навики, подобро би се познавале самите себе. Со поподробно разгледување на својот секојдневен живот под сите околности тие би ги запознале сопствените потреби и начелата кои ги водат. Овој секојдневен преглед на нашите дела, за да се види дали совеста ги одобрува или осудува, неопходен им е на сите кои сакаат да достигнат совршенство на христијанскиот карактер.

Многу дела за кои сметаме дека се добри, дури и дела на милосрдие, кога подобро би се испитале, би се открило дека се поттикнати од погрешни побуди. Мнозина примаат одобрување за доблести кои не ги поседуваат. Истражувачот на срцето ги испитува побудите, и често делата кои луѓето високо ги ценат Тој ги бележи како такви кои потекнуваат од себични побуди и подло лицемерство. Секој чин во нашите животи, било да е возвишен и вреден за пофалба или да заслужува осуда, Истражителот на срцата го просудува според побудите кои го поттикнале.

Понекогаш е тешко да се проникне во побудите. Среде грижите на активниотживот понекогаш е тешко да се продре во нашите сопствени побуди, но се прави секојдневен напредок било на добро или на зло.

Вистинското обратување ги менува побудите. Вистинското обратување е одлучна промена на чувствата и побудите; тоа е вистинско простување од световните врски, излегување од нивните духовни атмосфери, отргнување од владеачката сила на нивните размислувања, ставови и влијанија.

Големите движечки сили на душата. Големите движечки сили на душата се верата, надежта и љубовта; и проучувањето на Библијата, ако таа правилно се проучува, ги разбудува токму овие сили. Надворешната убавина на Библијата, убавината на мислата и изразот, се само заднина, ако така може да се рече, за нејзиното вистинско богатство убавината на светоста. Во библискиот извештај за луѓето кои оделе со Бога можеме да ѕирнеме во одблесоците на Неговата слава. Во Оној, Кој е „Сиот мил“, ние го гледаме Него, кого сета убавина на Земјата и на небото само благо го одразуваат. „А Јас кога ќе бидам издигнат од Земјата”, рекол Тој, „ќе ги привлечам сите кон Себе“ (Јован 12:32).

Сподели го ова:

Слични објави