Глава 60 Спротиставување и поистоветување

Сподели го ова:

Правилно дочекан судир развива постојаност. Преку судирот духовниот живот јакне. Добро поднесени неволји (проби) ќе развијат постојаност на карактерот и драгоцени духовни благодети. Совршениот плод на вера, кротост и љубов често најдобро созреваат низ олујни облаци и темнина.

Водење војна. Битките во кои сме вклучени не се замислени. Ние водиме војна од која зависи вечниот резултат. Ние треба да се соочиме со невидливи непријатели. Лошите ангели се борат за доминација над секое човечко суштество.

Христос не создава судири. Ние живееме во едно свечено време. Мора да се изврши едно важно дело за нашите души и за душите на другите, или ке се соочиме со бесконечна загуба. Ние мора да се преобразиме преку Божјата благодат, или ќе го испуштиме небото и преку нашего влијание и други со нас.

Дозволете да ве уверам дека борбата и конфликтите кои мораат да се издржат во извршувањето на должноста, самоодрекувањето и жртвите кои мораат да се поднесат ако сме верни на Христос, не ги создава Тој. Тие не се наметнати со арбитража или непотребна заповед: не потекнуваат од строгоста на животот кој Тој бара да го водиме во Негова служба. Неволјите би биле во поголема сила и број ако би ја одбиле послушноста на Христос и би станале слуги на Сатаната и робови на гревот.

Животот е судир. Овој живот е судир и ние имаме непријател кој никогаш не спие, кој постојано настојува да ги уништи нашите умови и да не одвлече од драгиот Спасител Кој го дал Својотживот за нас.

Ја подготвува душата за мир. Господ дозволува судири за да ја подготви душата за мир.

Религиозното искуство се стекнува само преку судир. Со енергија и верност нашите млади треба да ги дочекаат барањата кои им се поставуваат и тоа ке биде гаранција на успехот. Младите луѓе кои никогаш не постигнале успех во земните должности ќе бидат подеднакво неподготвени да се вкпучат во возвишени должности. Верското искуство се стекнува само преку судир, разочарување, строга дисциплина на своето јас, преку сериозна молитва. Чекорите кон небото мора да се преземат едновремено, и секој нареден чекор дава сила за следниот.

Бидете среќни сега. Не чекам на крајот за сета среќа; јас ја добивам додека се пробивам напред. Без разлика на неволјите и неприликите, јас секогаш гледам на Христос. Во тесните и тешки места Тој е веднаш до нас, и ние можеме да општиме со Него, да ги положиме своите бремиња на Носителот на Бремето и да кажеме: „Еве, Господе, не можам повеќе да ги носам овие бремиња.” Тогаш, Тој ќе ни каже: „Мојот јарем е благ, и Моето бреме е лесно“ (Матеј 11:30). Верувате ли во тоа? Јас пробав. Јас го љубам Него, јас го љубам Него. Јас гледам во Него неспоредливи привлечности. И сакам да го фалам Него во Божјото царство.

Два спротивставени принципа. Божјото царство не доаѓа со надворешен сјај. Евангелието на Божјата благодат со својот дух на самоодрекување никогаш не може да биде во хармонија со духот на овој свет. Овие два принципа се спротивставени. „Земниот човек не го прима она што доаѓа од Божјиот Дух; зашто тоа за него е лудост, и не може да сознае, зошто тоа треба да се расудува надуховен начин” (1. Коринтјаните 2:14).

Не поистоветувајте се со принципите и обичаите. Слично на Израел, христијаните премногу често попуштаат пред влијанието на светот и се прилагодуваат на неговите принципи и обичаи за да стекнат пријателство со неверниците, но на крај ќе се покаже дека тие привидни пријатели се најопасни непријатели.

Библијата јасно учи дека не може да има хармонија помеѓу Божјиот народ и световниот. „Не чудете се, браќа мои, ако светот ве мрази вас“ (1. Јованово 3:13). Нашиот Спасител кажува: „Ако светот ве мрази, знајте дека Мене светот уште пред вас ме замрази“ (Јован 15:18). Сатаната дејствува преку безбожниците под прекривка на лажно пријателство да го намами Божјиот народ во грев за тој да се одвои од Него; и кога нивната заштита ќе се отстрани, тој ги наведува своите орудија да се свртат против нив и да настојуваат да го довршат нивното уништување.

Обичен и свет оган. Божјата вистина не се возвеличила во Неговиот народ кој верува затоа што тој не ја внел во своето лично искуство. Тие се усогласуваат со светот и на тоа го засноваат своето влијание. Тие дозволуваат светот да ги обратува и да внесат обичен оган наместо свет за да ги задоволат светските стандарди во своето поле на работа.

Овие обиди да се имитираат световните обичаи не смеат да се прават. Тоа е обичен, а не свет оган. На живиот леб не треба само да му се восхитува, туку и да се јаде. Тој леб кој слегува од небото ќе даде живот на душата. Тоа е квасец кој ги апсорбира сите елементи од карактерот во единство со Христовиот карактер и ги обликува несаканите, наследените и стекнатите тендеции според божествен пример.

Христос и поистоветување. Колку е прекрасно делото на благодатта врз човечкото срце! Тоа дава ментална сила, мудрост за користење на талентите во средства, не во самоугодување туку преку самоодрекување, да се извршува мисионерската работа. Христос, Божјиот Син, бил мисионер на нашиот свет. Тој вели: „Кој сака да ме следи, нека остави се.“ Не можете да го љубите Него додека ги копирате световните стилови или уживате во световно друштво.

Поистоветувањето ги намалува стандардите. Поистоветувањето со световните обичаи ја обратува црквата кон светот; тоа никогаш не го обратува светот кон Христа. Блискоста со гревот неминовно ќе го направи да изгледа помалку одбивен. Оној кој одбира да се дружи со слугите на сатаната наскоро ќе престане да се плаши од нивниот господар. Кога на патот на должноста ќе бидеме доведени на проба, како што бил Даниел на царскиот двор, можеме да бидеме сигурни дека Бог ќе не заштити; но ако се ставиме под искушение, ќе паднеме порано или подоцна.

Поистоветувањето постепено ги изопачува правилните принципи.

Поистоветувањето со светот е тоа што предизвикува нашиот народ да го губи својот правец. Изопачувањето на правилните принципи не се случува изненадно. Господовиотангел ми го изложи ова прашање во вид на симболи. Тоа изгледаше како крадец кој лесно се прикрадува се поблиску и поблиску и постепено, но сигурно го поткрадува идентитетот на Божјото дело наведувајки ги нашите браќа да се поистоветуваат со световната политика.

Човечкиот ум зазема место кое по право му припаѓа на Бога. Каква и функција да зазема човекот, колку и тој да е возвишен, треба да постапува како што би постапил Христос да е на негово место. Во секое работно дејствие кое го врши, во секој свој збор и во карактерот, тој треба да биде налик на Христа.

Единство, но не по цена на поистоветувањето. Некои луѓе кои се изјаснуваат како лојални на Божјиот закон отстапиле од верата и го понизиле Неговиот народ во прашина, претставувајќи го како едно со световните луѓе. Богова го видел и забележал. Дошло време кога, по секоја цена, мораме да заземеме позиција која Бог ни ја наменил.

Адвентистите на седмиот ден сега треба да стојат одвоени и својствени, народ именуван од Бога како Негов. Доколку ова не го направат, Тој не може да се прослави во нив. Вистината и заблудата не можат да стојат како партнери. Да се ставиме сега таму каде што Бог вели дека треба да стоиме… Ние треба да тежнееме кон единство, но не на ниско ниво на поистоветување со световната политика и заедништвото со популарните цркви.

Демаркациона линија. Дпабоко и целосно дело на реформа е потребно во црквата на Адвентистите на седмиот ден. Не треба да дозволите светот да ги расипе принципите на народот кој ги држи Божјите заповеди. Верниците треба да шират влијание кое носи сведоштво за небесните принципи. Оние кои се соединиле со црквата мораат да дадат доказ за промена на принципите. Доколку ова не се направи, доколку не се зачува демаркационата линија помеќу црквата и светот, последица ќе биде прилагодување на светот.

Нашата порака до црквата и нашите институции е: „Покајте се; бидејќи се приближи царството небесно” (Матеј 3:2). Мора да се негуваат особините на Христовиот карактер и тие треба да станат сила во животот на Божјиот народ.

Обичаите се во војна со природата. Нашата вештачка цивилизација поттикнува зла кои се деструктивни за здравите принципи. Обичаите и модата се во војна со природата. Навиките на кои се приклучуваат и угодувањата кои ги негуваат постојано ја слабеат физичката и менталната сила и наметнуваат неподносливо бреме врз човечкиот род. Неумереноста и злото, болеста и бедноста, се секаде.

Кога не се крши принцип, следете го обичајот. Кога човечките навики не доаѓаат во судир со Божјиот закон, можете да се усогласите со нив. Ако работниците пропуштат да го сторат ова, тиа не само што ќе ја попречат сопствената работа, туку ќе постават камења на сопнување на оние за кои треба да работат и ќе ги попречат да ја прифатат вистината.

Го молам нашиотнарод да оди грижливо и внимателно пред Бога. Следете ги обичаите во облекувањето онолку колку што тие се усогласуваат со здравствените принципи. Нашите сестри нека се облекуваат недекоративно, како што многумина прават, во облека од добар, траен материјал, соодветно за ова време, и прашањето за облекувањето нека не го исполнува умот. Нашите сестри треба да се облекуваат со едноставност. Тие треба да се облекуваат во скромна облека, со срамежливост и трезвеност. Дајте му на светот жива илустрација за внатрешниот украс на Божјата благодат.

Одвојување од световните обичаи. Како што Богја објави Својата волја на еврејските заробеници, до оние кои биле најмногу одвоени од обичаите и навиките на светот кој почива во зло, така Господ ќе пренесува светлина од небото на сите кои го ценат она: „Вака вели Господ.“ На нив Тој ќе го изрази Својотум. На оние кои се најмалку врзани со световните замисли, кои се најмногу одвоени од покажувањето, суетноста, гордоста и љубовта кон промовирањето, кои стојат напред како Негов својствен народ, ревни за добри дела на нив Тој ќе им го открие значењето на Својата Реч.

Причина за непоистоветување (порака до верниците). Зошто, како христијани, така се помешавме со светотдодека не ја изгубиме од вид вечноста, додека не го изгубиме од вид Исус Христос, и додека не го изгубиме од вид Таткото? Зошто, ве прашувам, постојат толку семејства кои се лишени од Божјиот Дух? Зошто има толку семејства кои имаат толку малку од животот, љубовта и сличноста со Исуса Христа? Затоа што не го признаваат Бога. Кога би го знаеле Бога и кога би набљудувале Него преку вера во Исуса Христа, Кој дошол на нашиот свет да умре за човекот, тие би виделе такви неспоредливи привлечности во Синот, така што преку набљудување би се промениле во тој ист облик. Сега ја гледаме грешката во поистоветувањето со светот.

Вистинските принципи циркулираат низ целиот систем. Поистоветувањето со светот може да се спречи со вистината, хранењето од Божјата Реч, преку неговите принципи кои циркулираат низ целата животна струја и ја пренесувааттаа реч во карактерот. Христос не поттикнува преку апостол Јован да „не го сакаме светот, ниту нештата кои се во светот. Ако некој го сака светот, љубовта на Таткото не е во него” (1. Јованово). Ова е јасен јазик, но е Божја мерка за секој човечки карактер.

Сподели го ова:

Слични објави