Глава 12 Трудољубивост

Сподели го ова:

Напори и достигнувања. Она што здобива победа е напорното изучување, тежоктруд, и истрајна трудољубивост. Не трошете ги напразно часовите, моментите. Резултатот од работата сериозната, верната работа ќе се види и ќе се цени. Оние кои сакаат да имаат поцврсти умови можат да ги здобијат со трудољубивост. Умот кога се користи расте во сила и ефикасност. Тој станува цврст преку напорно размислување. Оној кој најгрижпиво ги користи своите ментални и физички способности ќе постигне најголеми резултати. Сите сили на суштеството се зајакнуваат преку делување.

Стекнување на најголема можна способност. Вистинската цел на воспитувањето треба внимателно да се разгледа. Бог на сите им дал способност и сила, за да му ги вратат зголемени и унапредени. Сите Негови дарови кои ни се дадени треба да се искористат во најголем степен. Тој бара секој од нас да ги облагороди своите способности и да стекне најголема можна способност за корисност, за да можеме да извршуваме благородно дело за Бога и на благослов на човештвото. Секој дар кој го имаме, било тоа да е ментална способност, пари, или влијание, е од Бога, така што можеме да кажеме со Давида: „Се доаѓа од Тебе, и од Твоето ти даваме” (1. Летописи 29:14).

Фините ментални квалитети не се резултат на случајот. Вистинскиот успех во било која работа не е последица на прилики, случаи или судбина, туку дело на Божјото провидение, награда за вера и промисленост, за доблест и истрајност. Префинетите особини на разумот и високите морални својства не се последица на случајност. Богдава можности успехот зависи од начинот на кој тие можности се искористуваат.

Она што ни е потребно е ментална култура. Менталната култура е она што му е потребно на народот и мораме да ја имаме за да се соочиме со потребите на ова време. Сиромаштијата, скромното потекло и неповолното опкружување не мораат да ја попречат култивацијата на умот. Менталните способности мораат да се држат под контрола на волјата, а на умот да не му се допушти да талка или да се збуни со разни предмети во исто време, не бивајќи целосен во ниту еден.

Во овие студии ќе произлезат потешкотии, но не запирајте заради обесхрабрувањето. Истражувајте, проучувајте и молете се; соочете се со секоја потешкотија машки и силно; повикајте ја силата на волјата и доблеста на трпение за помош, и тогаш уште посериозно копајте додека скапоценостите на вистината не се покажат пред вас, јасни и прекрасни, и со самото тоа подрагоцени поради потешкотиите кои му претходеле на нивното наоѓање.

Немојте постојано да се врзете за оваа една точка, насочувајќи ја на тоа целата енергија на умот и постојано да ја наметнувате врз вниманието на другите, туку земете некој другпредмет и внимателно разгледајте го. На тој начин тајна по тајна ќе се открива за вашето разбирање. Вака ќе стекнете две вредни победи. Не само што ќе стекнете корисно знаење, туку и вежбањето на умот ќе ја зголеми менталната цврстина и моќ. Кпучот откриен во разрешувањето на една мистерија може исто така да отвори и други ризници на знаења, досега неоткриени.

Закон на умот. Закон е за умот да се собира или шири според димензиите на работите со кои тој е близок. Менталните способности сигурно ќе станат ограничени, а волјата ќе ја изгуби способноста за длабокото сфаќање на Божјата Реч доколку силно и истрајно не се вклучат во задачата во потрага по вистината. Умот ќе се прошири само ако е активен во истражување на односот на библиските предмети, споредувајќи стих со стих, и духовно со духовно. Одете под површината; најбогатите ризници на мисли чекаат на вештиот и трудољубив ученик.

Повикување на акција на притаените способности. Во обичниот живот постојат многу работници кои трпеливо го исполнуват кругот на своите секојдневни задачи, несвесни за прикриените способности кои кога би биле покренати во акција, би ги сместиле меѓу големите водачи на светот. Потребен е допир од страна на вешти раце за да ги разбуди и да ги развие овие заспани способности. Такви биле луѓето кои Исус ги поврзал со себе и им дал предност од тригодишна обука под Свој сопствен надзор. Ниту еден метод на изучување во рабинските училишта или филозофските дворови по вредност не можел да се изедначи со ова.

Многумина можеле да бидат интелектуапни џинови. Многумина од нашите работници можеле денес да бидат интелектуални џинови ако не се задоволиле со ниското ниво туку да биле трудољубиви и да дозволеле мислите и истражувачкиот дух да ораат подлабоко. Многу од нашите млади се во опасностда бидат површни, да пропуштат да растат до целосен развој на мажи и жени во Исус Христос. Тие сметаат дека имаатдоволен степен на знаење и разбирање на предметите, и поради тоа што не сакаат да проучуваат, тие нема да ораат длабоко како би ги стекнале сите богатства со кои е возможно да се здобијат.

Потребна е самодисциплина. Бог бара вежбање на менталните способности. Нив треба така да ги култивираме за да можеме, ако е неопходно, да ја изнесеме вистината пред најголемите земски сили на Божја слава. Исто така, потребна е секој ден преобразувачката Божја сила врз срцето и каракгерот. Секој кој положува право да биде Божјо дете мора да искажува самодисциплина; затоа што тоа е начин умот и волјата да се доведат во покорност на умот и Божјата волја. Одлучна дисциплина во Господовото дело ќе направи повеќе од речитоста и најбрилијантните таленти. Посветен и добро увежбан ум ќе заврши поголема работа од најобразованите умови и најголемите таленти, без самоконтрола.

Ангелите ги чуваат резонирачките умови. Небесните ангели … работат на чување на резонирачките умови и нивната моќ е поголема од моќта на силите на темнината. Постојатумови кои се занимаваат со свети работи, а не се во блиска врска со Бога и кои не го разликуваат Божјиот Дух. Доколку Неговата благодат не ги преобрази во обличјето на Христовата суштина, Неговиот Дух ќе ги напушти како што водата го напушта садот кој има процеп. Нивна единствена надеж е да го побараат Господа со целиот свој ум, срце и душа. Тогаш навистина ќе се борат за совршенство. Сатаната ќе ја украде фантазијата и приврзаноста ако му се даде прилика.

Се бараат најпосветените амбиции. „Доволна ти е Мојата благодат“ (2. Коринтјаните 12:9) е уверувањето на Големиот Учител. Прифатете го вдахновението на зборовите и никогаш, никогаш не изразувајте сомнеж и неверие. Бидете енергични. Не постои половична служба во чистата и неизвалкана вера. „Сакај го Господ Богсо целото свое срце, со целата својата душа и со целиот свој ум и целата своја сила“ (Марко 12:30). Се бара најпосветена амбиција од оние кои веруваат во Божјата Реч.

Стојте во својата од Бога дадена личност. Бог ни дал способност да мислиме и делуваме и да го правиме тоа промислено барајќи мудрост од Него за да станеме способни да го носиме животното бреме. Задржете ја вашата од Бога дадена личност. Не бидете сенка на некој друг. Чекајте Бог да работи во вас, со вас и преку вас.

Расипаниот мувла на светот (совет на еден проповедник кој сакап да шпекулира). Вие сте човек кој не би требало да биде учител на вистината. Треба да сте далеку пред она што сте досега во искуството и познавањето на Бога. Вие треба да сте човек од разбирање, затоа што Бог ви дал интелектуални способности кои се предиспонирани за најголема култивација, Да се откажевте од своите афинитети кон шпекулирање, да работевте во спротивен правец, сега би биле способни да вршите прифатлива служба за Бога.

Ако правилно го култивиравте својот ум и т користевте своите способности на Божја слава, би биле потполно квалификувани да ја носите пораката за предупредување на светот. Но световната мувла така го зафатил вашиот ум, така што тој останал непосветен. Вие не сте ги култивирале способностите кои би ве научиле да бидете успешен духовен работник во Божјото дело. Вие можете да го спроведувате делото на воспитување на својотум во исправни правци. Ако сега не се вразумите во однос на вистината, вината ќе биде целосно ваша.

Самоуверено истапување. Би сакала твоите амбиции да бидат посветени амбиции така што Божјите ангели ќе можат да го вдахнат твоето срце со света ревност, водејќи те самоуверено да истапуваш напред, чинејќи те сјајна и блескава светлина. Твоите способности на запазување ќе се зголемат во сила и свежина ако целото свое битие тело, душа и дух ги посветиш на извршување на својата задача. Направи се што можеш во и низ Христовата благодат, да го достигнеш високото мерило кое е поставено пред тебе. Ти можеш да бидеш совршен во секоја сфера како што е Бог совршен во Неговата. Зар Христос не објави: „Бидете совршени, како што е и вашиот Татко небесен” (Матеј 5:48)?

Негувајте ја секоја сила. Тој сака постојано да растеме во светоста, среќата и полезноста. Сите имаме способности кои треба да ги сметаме за свет дар, да ги цениме како дар од Бога и правилно да ги употребиме. Тој сака младите да ги развиваат сите свои сили и да ги акгивираат сите свои способности. Сака тие да уживаат во се што е корисно и вредно во овој живот, да бидат добри и да прават добро, натрупувајќи богатство на небото за идниотживот.

Прилики достапни за секого. Постојат прилики и предимства достапни за сите за да ги јакнат моралните и духовните способности. Умот може да се прошири и облагороди, и треба да го насочиме кон она небесното. Нашите сили треба да се култивираат до крајност, или ќе пропуштиме да го достигнеме Божјиот стандард.

Доколку тој (умот) не достигнува до Небото, тој ќе стане лесен плен на сатанското искушение во навлекувањето во светските проекти и потфати кои немаат посебна врска со Бога. Целиот занес и посветување, безрезервна енергмчност и грозничава желба се подредуваат на оваа работа, а ѓаволот набљудува и се смее на човечките напори во истрајните борби поради целта која никогаш нема да ја остварат, која секогаш им се провлекува. Но доколку е во состојба да ги задржи заведени со некоја неоснована заблуда каде што ќе ја вложат силата на мозокот, коските и мускулите на предметите кои нема никогаш да ги сфатат, тој е задоволен, затоа што силите на умот, кои припаѓаат на Бога и на кои Тој полага право, се одвратени од вистинската цел, соодветните предмети.

Непријателот не смее да му пречи на секојдневниот напредок. – Одлучете се да постигнете висок и свет стандард, поставете ја високо својата цел; работете со сериозна намера како што работел Даниел, сигурно и истрајно, и ништо што непријателот може да направи нема да го попречи вашиот секојдневниот напредок. Без разлика на несреќите, промените, збрките, вие можете постојано да напредувате во менталната свежина и моралните способности.

Никој не мора да биде неупатен доколку сам тоа не го избере. Знаење треба постојано да се стекнува; тоа е храна за умот. Ние кои го чекаме Христовото доаѓање треба да стоиме со решеност дека не сакаме да го живееме овој живот на губитничката страна на судирот, туку во разбирањето на духовните достигнувања. Бидете Божји народ, на добитничката страна.

Знаењето е достапно до сите кои го сакаат. Бог замислил умот да биде посилен, размислувањето подлабоко, пополно, појасно. Живејте со Бога како што тоа го направил Енох; нека Тој биде наш Советник и напредокот ке биде неминовен.

Потпрете се на Бога и одете напред. Бог му дал разум на човекот и го дарувал со способности за напредок. Затоа цврсто потпрете се на Него, отфрлајќи ја површноста, забавата и секоја нечистотија. Надвладејте ги сите мани на карактерот.

И покрај тоа што постои природна склоност кон паѓачкиот курс, постои и сила која ќе се соедини со сериозните човечки напори. Неговата сила на волјата ќе има спротивна тенденција. Ако се здружат со оваа божествена помош, тој може да го одбие гласот на искушувачот. Но сатанските искушенија се ускпадуваат со неговите настрани, грешни афинитети и го потикнуваат на грев. Се што треба да се направи е да се следи водството на Исус Христос кој ќе му каже што да работи. Бог ве повикува од Својот небесен престол, покажувајќи ви ја круната на бесмртната слава, и ви заповеда да се борите во добра борба на верата и трпеливо да учествувате во трката. Секој момент верувајте му на Бога. Верен о Оној кој ве води напред.

Божјата возвишена цел за Неговиот народ. Божјиот идеал за Неговите деца е повисок од највисоката точка до која може да достигне човечкиот ум. Побожноста сличноста со Бога тоа е целта што треба да се постигне. Пред ученикот се отвора пат на постојано напредување. Тој има цел која треба да ја постигне, стандард до кој треба да се издигне, кој содржи се што е добро, чисто и благородно. Тој во секоја гранка на вистинското знаење ќе постигнува најголем можен успех за најкусо можно време. Неговите напори ќе бидат насочени кон целите кои се толку повисоки од себичните и минливи интереси, колку што се небесата повисоки од Земјата.

Сподели го ова:

Слични објави