Библија | Сила на Писмото
За јакнење на умот ништо друго не е покорисно од проучувањето на Писмото.
Ниедна друга книга нема толкава сила да ги воздигне мислите, да ги оживее способностите, како Библијата со своите длабоки, благородни вистини. Кога Божјото слово би го проучувале онака како што би требало, луѓето би се одликувале со ширина на умот, благородност на карактерот, цврстина на намерите.
“Многу е покорисно да се проучува еден дел сè додека неговото значење не стане целосно јасно, а неговиот однос кон планот на спасението очигледен, отколку да се читаат бројни поглавја без некоја одредена намера.”
Библијата нека биде со вас. Кога ќе ви се укаже можност, читајте ја; врежувајте ги текстовите во своето помнење. Дури и кога одите по улица, можете да издвоите некој стих и да размислувате за него.
Словото — светилка за нозете мои

Светото писмо

Библија — целосен текст (MK2006)

Јован 1