Глава 35 Влијанието на запазувањето

Сподели го ова:

Закон во интелектуалниот и духовниот свет. Законот на нашата интелектуална и духовна природа е ние да се менуваме со она што го посматраме. Нашиот ум е проникнат со она со што се занимава. Ние стануваме слични со она што сме навикнале да го сакаме и да го почитуваме.

Посматрањето на злото ја расипало претпотопната генерација. – Посматрајќи го злото луѓето се промениле во неговиот обпик, а Бог не можел повеќе да ја поднесува нивната злоба, и ги уништил со потоп.

Промена на подобро. Посматрајќи го Исуса, ние се здобиваме со се појасни поими за Бога. Гледајќи го Него, и ние се менуваме. Добрината и љубовта кон ближните стануваатнаши природни особини. Кај нас се развива каракгер сличен на божествениот. Обликувајќи го Неговиот лик во себе, ние ја зголемуваме и нашата способност да го запознаеме Бога. Воспоставуваме се поцврста заедница со небесниот свет, со што се зголемува нашиот капацитет за примање на богатството на знаење и вечна мудрост.

Промена на лошо. Гледајќи во Господа, ние се преобразуваме. Но бидејќи се занемарени оние свети прописи во кои Бог на луѓето им го открил совршенството и светоста на Својот карактер, а вниманието на луѓето го привлекуваат човечките науки и теории, тогаш не е ни чудно што во црквите се појавило опаѓање на вистинската побожност. Господ рекол: „Две зла направи мојот народ: ме остави Мене, Изворот на жива вода, и си ископа себеси извори, извори издупчени кои не држат вода” (Еремија 2:13).

Животот се менува гледајќи. Божјата Реч е видело на нашите стапки и светлина на нашиот пат. „Во срцето го запазив Твојот збор, за да не згрешам противТебе“ (Псалм 119:11). Срцето заокупирано со Божјата Реч е утврдено против сатаната. Оние на кои Христос им е секојдневен придружники близок пријател ќе почувствуваат дека силата на невидливиот свет е насекаде околу нив и гледајќи на Исуса ќе се вклопат во Неговиот лик. Гледајќи, тие се менуваат според божествениот пример, нивниот карактер станува помек, префинет и облагороден за небесното царство.

Селективно запазување. Бог не сака да слушаме се што може да се чуе или да гледаме се што може да се види. Голем благослов е да се затворат ушите да не чуеме и да ги покриеме очите да не гледаме. Најголема грижа треба да ни биде да имаме остар вид да ги согледаме сопствените недостатоци и спремно уво да ги прифати сите потребни укори и упати, за да не преку своето невнимание и негрижа ни побегнат и ние станеме заборавни слушатели и неизвршувачи на делото.

Да се задржи вниманието на моќта на запазување. Кога ќе ве повикаат да присуствувате на советување, запрашајте се дали вашите способности на запазување се во потребната состојба за да гм одмеруваат доказите. Ако не сте во добра состојба, ако мозокот ви е конфузен, немате право да учествувате на состанокот. Дали сте нервозни? Дали духот ви е мек и пријатен, или толку вознемирен и непријатен што ќе ве наведе да донесете непромислени одлуки? Се чувствувате ли како да сакате да се тепате со некого? Тогаш не одете на состанок; зошто ако отидете ќе го обесчестите Бога. Земете секира и цепете дрва, или вклучете се во некоја физичка акгивност се додека не ви омекне духот и полека се смири. Всушност како што е сигурно дека желудникот ви создава пореметувања во мозокот, така и вашите зборови би внеле забуна на тој состанок. Оштетените органи за варење предизвикале многу повеќе проблеми отколку што мнозина мислат.

На перцепцијата се делува со физички навики под контрола на совеста. Оние кои сакаат да имаат бистри умови за да ги разликуваат сатанските планови мораат физичките нагони да им се под контрола на разумот и совеста. Кревкото и силно дејствување на возвишените умни способности е важно за усовршување на христијанскиот карактер. Силата или слабоста на умот се од голема важност за користа на овој свет и за нашето конечно спасение.

Вежбањето ја подобрува перцепцијата. Мозокот и мускулите мораат подеднакво да се оптоваруваат ако сакаме да го одржиме здравјето и свежината. Младите тогаш можат да му пристапат на проучувањето на Божјата реч со здраво запазување и добро урамнотежени нерви. Тие ќе бидат сконцетрирани и ќе знаат да го сочуваат она драгоценото што се изнесува од Божјата реч. Тие ќе ги систематизираат нејзините вистини и како резултат на тоа ќе имаат умствена сила да ја разберат вистината. Потоа, според можностите, ќе знаат да дадат одговор на секој човек кој бара причина за надеж која е во нив со понизност и страв.

Растот во совршенството ја подобрува перцепцијата. Колку човекот повеќе се приближува кон моралното совршенство, неговите чувства се се посилни, неговото забележување на гревот поостро, а неговото сочувство кон неволните подлабоко.

Жалоста го поматила запазувањето на Марија. Тогаш се оддалечила дури и од ангелите, мислејќи дека мора да најде некого кој би можел да и каже што е сторено со Исусовото тело. Во тој миг и се обратил

еден друг глас: „Жено зошто плачеш? Кого го бараш?“ Со очи замаглени од солзи, Марија видела лик на некој човек и, мислејќи дека тој е градинарот, рекла: „Господине, ако си го однел ти, кажи ми каде си го оставил да одам по него.“

Го препознала Исуса по гласот. Меѓутоа, сега Исус со Својот добро познат глас и рекол: „Марија!” Сега знаела дека Оној што и се обратил не бил странец и свртувајќи се го видела пред себе живиот Христос. Во својата радост заборавила дека бил распнат. Потрчувајќи кон Него, како да сакала да му ги прегрне нозете, рекпа: „Рави!“

Апетитот ја умртвува способноста на запазување. Откупителот на светот знаел дека попуштањето на апетитот, носи физичка слабост и умртвување на способностите на запазување така што светите и вечни работи не можат да се препознаат. Тој знаеше дека попуштањето на самиот себе ги изопачува моралните сили и дека човечката голема потреба е обратување на срцето, умот и душата, од живот на самопопуштање во живот на самоодрекување и самопожртвување.

Гревот го замаглува запазувањето. Гревот е тој што ги замрачува нашите умови и ја замаглува нашата свест. Кога гревот ќе биде очистен од нашето срце, светлината на познавањето на Божјата слава во ликот на Исуса Христа ја осветлува Неговата реч и одблеснува од лицето на природата и се повеќе и повеќе го објавува Оној Кој е „штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив и вистински” (Излез 34:6).

Во Неговата светлина ние ќе видиме светлина и нашиотум, срцето и душата ќе бидат преобразени во Неговата светост.

Замаглени можности на запазување. Гордоста, љубовта кон себе, себичноста, омразата зависта и љубомората ги замаглуваат можностите за запазување.

Како Христос се соочувал со запазувањата отапени од гревот. –

Христос се понижи себе си земајќи на себе човечка природа за да можел да допре до паднатото човештво и да го воздигне. Но човечките умови биле помрачени од гревовите, нивните способности парализирани, а запазувањето отапено, така што не биле во состојба да го препознаат Неговиот боженствен карактер под плаштот на човечката природа. Овој недостаток на разбирање од нивна страна бил препрека на делото коешто Тој сакал да го направи за нив, и за да му даде сила на Своето учење, честопати бил принуден да ја одредува и брани Својата положба.

Соупатување на Својоттаинствен и боженствен карактер, Тој настојувал да им ги наведе умовите во таков тек на размислување кој би бил погоден за преобразувачката сила на вистината. Од друга страна, Тој користел поими од природата кои им биле блиски за да им ја илустрира божествената вистина. Основата во срцето на тој начин била подобро подготвена за прифаќање на доброто семе. Тој кај своите слушатели создавал чувство дека Неговите интереси се еднакви со нивните, дека Неговото срце сочуствува со нивните во радоста и тагата. Истовремено тие во Него виделе манифестирање на сила и способност, која била далеку над онаа кои ја имале нивните најславни рабини. Христовитеучења биле одбележани со едноставност, достоинство и сила кои на нив дотогаш им биле непознати и нивниот спонтан извик бил: „Никогаш човек не зборувал како овој човек“. Народот со задоволство го слушал.

Неконтролираните страсти ја расипуваат способноста за запазување. Ниските страсти мораат строго да се контролираат. Способностите за запазување се злоупотребуваат, страшно се злоупотребуваат, кога на страстите ќе им се дозволи да се разбрануваат. Кога страстите ќе се ослободат, крвта, наместо да циркулира низ сите делови на телото, растоварувајќи го така срцето и чистејќи го умот, таа несразмерно се слева спрема внатрешните органи. Како последица доаѓа болест. Човекот не може да биде здрав додека ова зло не се увиди и искорени.

Умот може да се научи да го прифаќа гревот. Долгиот процес на подготовка, за кој светот не знае, се одвива во срцето пред еден христијанин да стори отворен грев. Душата не преминува наеднаш од чистота и светост во расипаност, пороки злосторство. Потребно е извесно време суштествата, создадени според Божјиот лик, да спаднат на животинско ниво или сатанска природа. Посматрајќи, ние се преобразуваме. Човекот кој се занимава со нечисти мисли може да падне толку ниско, што ќе му годат гревовите кои порано ги осудувал.

Силите стануваат играчка на непријателот. Бог не му дава дозвола на човекот да ги крши законите на своето битие. Но човекот, попуштајќи им на сатанските искушенија и на неумереноста, повеќето од способностите ги става под контрола наживотинските нагони и страсти. Кога тие ќе здобијат власт, човекот кој е создаден малку помал од ангел, со способностите предиспонирани за најголем развој и се предава на сатанската контрола. И тој се здобива со лесен пристап кај оние кои му робуваат на апетитот. Преку неуморноста, едни жртвуваат половина, други две третини, од своите физички, ментални и морални можности и стануваат играчки на непријателот.

Совет на една жена која си замислува неправда кога таа воопшто и не постои. Сестрата Д е измамена во некои работи. Мисли дека Бог ја упатил во една посебна смисла, и вие двајцата сте верувале и постапувале во скпад со тоа. Проникпивоста за која мислела дека ја поседува во вистинска смисла е во суштина заведеност од непријателот. Таа е природно брза да согледа да разбере, да почувствува, и е со многу чувстви-

телен карактер. Сатаната ги искористил предностите на овие црти од нејзиниот карактер за да ве заведе и обајцата.

Брате Д, бевте заробеник долго време. Најголем дел од она за што сестрата, мислела дека е проникпивост всушност било љубомора. Таа кон се е расположена со љубоморно око, сомнежлива, злонамерна, недоверлива скоро во се. Ова предизвикува несреќа на умот, потиштеност и сомнеж, таму каде што би требапо да постои верба и доверба. Тие несреќни црти на карактерот ги свртеле нејзините мисли во темен канал, каде се оддавала на лоши претчувства, додека многу чувствителниоттемперамент ја наведувал да замислува запоставеност, презир и неправда, кога такво нешто воопшто и немало… Овие несреќни црги на карактерот, со силна и одлучна волја мораат да се исправат и реформираат, во спротивност на крајот и на двајцата ќе ви донесат бродолом на верата.

Не се занимавајте со силите на сатаната. Гледајќи, ние се менуваме. Занимавајќи се со љубовта на Бога и на нашиот Спасител, разгледувајќи ја совршеноста на божествениот карактер и полагајќи право на Христовата праведност како на своја преку вера, ние се преобразуваме во исттаков облик. Значи, не ги собираме ситетие непријатни слики, беззаконија, расипаност и разочарувања, докази на сатанската сила за да ги прикачуваме по просториите на својата меморија, не разговараме ниту се јадосуваме над нив додека душата не ни се исполни со обесхрабрување. Обесхрабрената душа е пристаниште на темнината, и не само што самата не успева да прими светлина од Бога, туку ја трга и од другите. Сатаната сака да го следи резултатот на својоттриумф, правејќи ги човечките суштества слабоверни и обесхрабрени.

Влијанието од опкружувањето. Колку повеќе пациентот престојува на отворен простор, толку помалку ќе има потреба од грижа. Во повесела средина и тој ќе има повеќе надеж. А ако е затворен в соба ќе стане раздразлив и тегобен иако можеби ќе го има само најдоброто. Опкружете го со природата и нејзините убавини, сместете го таму каде што ќе може да го набљудува развивањето на цвеќињата и да го слуша појот на птиците и тогаш неговото срце ќе запее во хармонија со песните на природата. Ќе настапи олеснување за телото и душата. Разумот ќе се разбуди, внатрешните способности ќе се придвижат и духот ќе биде оспособен да ја вреднува убавината на Божјиот збор.

Опкружувањето делува на искуството. Потоа ми беше покажана една млададевојка… која се одвоила од Бога и бешезавиена вотемнина. Ангелот рече: „Таа извесно време добро патуваше; штоја има спречено?“ Се свртев и видов дека тоа беше промената на опкружувањето. Таа се дружеше со млади како себе, кои беа исполнети со веселост, разиграни, горди, и кои го сакаа светот. Да внимаваше на Христовите зборови, не ќе морашеда му се предаде на непријателот. „Стражете… и молете се, за да не паднете во искушение”. Искушенијата можат да бидат секаде околу нас, но тоа не мора да значи дека секако ќе им подлегнеме. Вистината е повредна од се. Нејзиното влијание се стреми не кон тоа да не понижи туку да не воздигне, разубави, исчисти и возвиши до бесмртноста и Божјиот престол. Ангелот запрашал: „Го сакате ли Христос, или светот?”

Сатаната на кутрите смртници им го претставува светот со својот воодушевувачки лажен шарм, а тие со напнатост го набљудуваат, а неговата раскош и лажниот сјај ја замрачуваат небесната слава и оној живот кој е постојан како Божјиот престол. Животот на мир, среќа, неискажана радост, која не сака да знае за никаква жалост, тага или смрт, се жртвува за краткиотживотен век на гревот.

Гледањето ја обликува личноста. Тоа што го гледала и слушала и го изопачило срцето.

Перцепцијата е збунета со изборот на световните предности. Лот го избрал Содом како место на живеење затоа што повеќе внимавал на земните богатства отколку на моралните влијанија кои го опкружувале него и неговото семејство. Што стекнал во поглед на земните богатства? Неговиот имот бил уништен, дел од децата загинале во уништувањето на тој лош град, неговата жена претворена во солен камен на патот, а тој сам спасен, „како гламна низ оган”. Но лошите последици од неговиот себичен избор не завршувааттука; моралната расипаност на тоа место така се вплеткала во карактерот на неговите деца што не биле во состојба да прават разлика помеѓу доброто и злото; гревот и праведноста.

Помрачена перцепција кон вечните вистини. Од оние кои погрешно ги примениле средствата што му се посветени на Бога, ќе се бара да дадат сметка за својата пристрасна служба. Некои себично си приграбиле средства поради својата љубов за добивка. Други немаат чувствителна совест; таа овенала поради долго негуваната себичност…

Нивните умови предолго пловеле по земните, себични канали така што не можат да ги ценат вечните работи. Тие не го вреднуваат спасението. Се чини дека е не можно да се воздигнат нивните умови за да правилно го проценат планот на спасението или да го вреднуваат помирувањето. Себичните интереси им го обзеле целото битие, налик на тежок камен тие им ги притискаат умот и накпоностите, врзувајќи и влечејќи ги надолу кон приземното ниво. Некои од овие лица никогаш нема да го постигнат совршенството на христијанскиот карактер затоа што не ја согледуваат вредноста и неопходноста од таквиот карактер. Нивните умови не можат да се воздигнат до ниво каде ќе бидат восхитени од светлината. Љубовта кон себе и кон себичните интереси така го изопачиле нивниот карактер што не можат да се наведат да направат разлика помеѓу светото и вечното од една страна и обичното од друга.

Тоа што ја стимулира перцепцијата. Кога срцата ќе се очистат од себичноста и егоизмот, тие се во склад со пораката која Бог им ја праќа. Запазувањата оживуваат, сетилата се префинуваат. Тоа што е слично меѓусебно се цени. „Кој е од Бога ги слуша Божјите зборови” (Јован 8:47).

Сподели го ова:

Слични објави