Патот кон Христа

Сподели го ова:

Дали го познаваш Исуса, или само си слушнал за Него? Оваа прочуена и популарна книга беше напишана од една личност која припаѓа во малиот број на оние во човековата историја кои навистина го познаваа Него. Таа го разбираше значењето на зборовите: „А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил… Таа лично го прифати ветувањето на Евангелието според Јован 1,12: „А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име“.

Додека ја читаш оваа книга, ти ќе бидеш привлечен кон Христа како и небројни други претходно. Ти ќе можеш да го најдеш Христа како стои пред тебе со испружени раце, велејќи: „Јас можам да ги задоволам твоите најдлабоки лични и духовни потреби.“

„ПАТОТ КОН ХРИСТА“ е издадена на повеќе од 135 јазици и продадена во повеќе од 50 милиони примероци. Ова издание претставува можеби најмногу испечатеното верско дело во историјата. Постојаното побарување сведочи за вечноста и универзалноста на неговата чиста, директна и едноставна порака.

Сподели го ова:

Слични објави