ПАТРИЈАРСИ И ПРОРОЦИ

Сподели го ова:

Веројатно не постои никој кој не се запрашал: Од каде потекнува сето тоа? Како настанал универзумот? Како е создаден светот? Како и кога настанале човечките суштества?

”Патријарси и пророци“ е книга за почетокот на сè што е создадено. Таа на привлечен и разбирлив јазик зборува кога е создадена Земјата и луѓето што живеат на неа. Ако некогаш сте биле обесхрабрени од злото во светот и сте се запрашале од каде потекнува, оваа книга ќе ви го каже тоа.
Читајќи ги нејзините страници, ќе откриете дека злото воопшто не започнало тука на Земјата; тоа е несакан натрапник од некој дел на универзумот. Малкумина денес сфаќаат дека целото зло околу нас е видлив доказ за големата војна што беснее во универзумот веќе илјадници години.
”Патријарси и пророци“ е една од ретките книги која со сигурност ви открива како и зошто започнала оваа војна и кој стои зад неа. Започнете со оваа книга, а потоа прочитајте ги другите како што се: ”Пророци и цареви“, ”Копнежот на вековите“, ”Делата на
апостолите“ и други. И запомнете: иако она што го читате ќе ве воодушеви и ќе направи да се чувствувате неверојатно, ова не е измислено четиво. Секој збор е вистинит.

Сподели го ова:

Слични објави