Глава 39 Неопходност од усогласено дејствување на целата личност

Сподели го ова:

Таинствен однос. Помеѓу умот и телото постои таинствен и прекрасен однос. Тие реагираат еден на друг. Одржувањето на телото во здрава состојба и развивањето на неговата сила, за секој дел на живата машинерија дејствува усогласено, треба да биде прва студија во нашиотживот. Да се занемари телото значи да се занемари умот. Не може да биде на Божја Слава ако Неговите деца имаат болни тела или закржлавени умови.

Хармонијата зависи од усогласеноста со поставените закони. – Хармонијата на сите нешта кои Бог ги создал зависи од совршената усогласеност на сите битија, на се живо и неживо, со законот на Создателот. Бог одредил закони за управување, не само на живите суштества, туку на се она што се одвива во природата. Се е под фиксни закони кои не можат да се игнорираат. Но, додека се во природата се раководи по природните закони, само човекот, од сите жители на земјата е одговорен на моралниот закон.

Харфа со илјада жици. Не е само привилегија туку света должност на сите да ги разберат законите кои Бог ги востановил во нивните битија… И како што попотполно го разбираат човечкото тело,… тие ќе настојуваат своите тела да ги доведат во потчинетост на благородните сили на умот. Тие телото ќе го сметаат како прекрасна структура, која ја обликувал Бесконечниот Дизајнер, и ги обврзал да ја одржуваат оваа харфа со илјада жици во хармонична работа.

Сите се делови на една совршена целина. Сите ние сме претставени како делови на телото, соединети во Христа. Во ова тело постојат разни органи и еден орган не може да извршува иста служба како некој друг… Сепаксите овие органи се неопходни за совршена целина и работат во прекрасна меѓусебна хармонија. Рацете имаат своја должност, а нозете своја, Еден не може да каже на друг: „Ти си помалку важен од мене“; рацете не можат да им кажат на нозете: „Не ни требате11; туку сите се соединети во телото за да ја остваруваат својата специфична задача и треба подеднакво да се почитуваат, додека придонесуваат кон удобноста и корисноста на совршената целина, Складен развој на менталните и моралните способности. Унапредувањето на умот е должност која си ја должиме на себеси, на општеството и на Бога. Но ние никогаш не треба да измислуваме начини за култивација на интелектот по цена на моралното и духовното. И само со складен развој на менталните и на моралните способности може да се постигне најголема совршеност, Недостатокот на скпадно дејствување донесува болест. Недостатокот на складното дејствување во човечкиот организам е она што донесува болест. Имагинацијата може да ги контролира другите делови на телото на нивна штета. Сите делови на организмот мораат да работат во хармонија. Разните делови на телото, посебно оние кои се оддалечени од срцето, треба да примаат слободен проток на крв. Екстремитетите играат важна улога и треба да им се посвети соодветно внимание.

Една ослабната способност ја расипува целината. Ако една способност остане заспиена или застрани од својот определен курс, Божјата намера не се спроведува. Потребно е добро да се развијат сите способности. На сите мора да им се посвети внимание, бидејќи се потпираат една на друга, и сите мора да се увежбаат за умот да биде добро урамнотежен.

Ако еден или два органа се култивираат и постојано се користат бидејќи вашите деца избрале да ја насочат силата на умот во еден правец а ги запоставуваат другите ментални сили, во зрелата доба тие ќе влезат со неурамнотежен ум и нескпаден карактер. Ќе бидат способни и силни во една насока, но многу слаби во друга исто толку важна насока. Тие нема да бидат соодветно способни мажи и жени. Нивните недостатоци ќе бидат воочливи и тие ќе го расипат целиот карактер.

Кога умовите на проповедниците, учителите и учениците постојано се напрегнати со проучување, а на телото му е дозволена неакгивност, емотивните нерви се оптоварени додека нервите за движење се неактивни. Ако целата активност се пренесе на менталните органи, тие стануваат преоптоварени и ослабени, додека мускулите ја губат својата сила заради невработеноста. Не постои склоност кон користење на мускулите преку ангажирање во физичка работа, бидејќи се чини дека напрегнувањето заморува.

Предупредување против претерување во работата. Запомнете дека човекот мора да го чува својот од Бога даден талент на интелегенција одржувајќи ја физичката машинерија во хармонична активност. За да уживаме во здравјето неопходна е секојдневна физичка вежба. Она што ги скршува луѓето не е работата, туку претераната работа, без период за одмор, со што се доведува во опасност животната сила. Оние кои премногу работат наскоро ќе стигнат до точка кога ќе работат на безнадежен начин.

Делото кое се работи за Господа треба да се работи радосно и со храброст. Бог сака да внесеме дух, живот и надежност во својата работа. Луѓето кои работат со умот треба да посветат внимание на секој дел од

човечката машинерија, рамномерно оптоварувајќи ја. Физичкиот и менталниот напор, мудро комбиниран, ќе го одржи целиот човек во состојба која го прави прифатлив за Бога…

Внесете во секојдневната работа надежност, храброст и привлечност. Не работете прекумерно. Многу е подобро да се остават недовршени некои работи планирани за тој ден отколку да се исцрпите и преоптоварите, губејќи ја неопходната крепост за извршување на задачите за наредниот ден. Не кршете ги денес природните закони за да не ја изгубите силата за утре.

Совет за една личност која се оддала на преувеличување во зборувањето. Според светлината која Бог ми ја даде, знам дека во тебе се развива духовна деформација. Наместо беспрекорно манифестирање на вистинските начела и исправните навики, во себе си собирал чувства и начела кои ќе те исклучат тебе и сите оние кои се учесници во тој ист дух од небесните дворови. Твојот ум се деформира поради начинот на кој го третираш. Те преколнувам да извршиш одлучна промена. Задржето го целото претерано зборување, бидејќи тоа ја разорува хармонијата на умот.

На телото му е потребна внимателна нега, за да се одржи во здрава состојба. Така и за умот е потребна строга дисциплина, како не би бил претерано развиен во некои работи а недоволно во други. Затоа што овие чувствителни органи не ти се на видик, каде што можеш да го воочиш злото кое го правиш на своите интелектуални сили и колку им е потребна контрола, ти не си свесен за штетата која им ја нанесуваш. Ти потхрануваш нездрави теории, и твојот ум се принудува да служи на тие теории.

Начинот на кој ја злоупотребуваш својата ментална машинерија ја исцрпува истата. Но ти не можеш да видиш каква штета тоа прави. Порано или подоцна твоите пријатели и ти ќе го забележите неповолниот развој на твоите мисли и постапки. Твојотжелудник почнува да сведочи за дејствувањето на умот. Урамнотежениот и добро дисциплиниран ум ќе ја промени на подобро силата за варење на храната.

Складноста бара дополнителен напор (совет до еден сопруг). – Ние сите не можеме да имаме исти мисли или да негуваме исти идеи; но едните можеме да бидеме на благослов на другите, така што каде што еден трпи недостатоци, друг може да ја задоволи дадената потреба. Ти имаш некои карактерни мани и природни склоности, кои праватда биде подобро за тебе да бидеш донесен во контакт со поинаку организиран ум за твојотум да биде правилно избалансиран. Наместо таква искпучителна контрола, би требало да се посоветувате со својот сопруга и да дојдете до заеднички одлуки. Ти не го поттикнуваш своето семејство на независни напори и ако твоите упатства темелно не се спроведат, ти премногу често им наоѓаш мани на престапниците на истите.

Ниските скпоности треба да бидат под контрола. „Ние сме Божји соработници” (1. Коринтјаните 3:9). Човекот треба да се избори за своето спасение со страв и трепет; бидејќи Бог е тој што работи во него да сака и да го чини она што Нему му е угодно. Бог му дава на човекот физички и ментапни сили. И едните и другите се потребни. Ниту една од нив не треба да се злоупотреби или изопачи. Ниските страсти мора да се држат под контрола на возвишените сили.

Здравје на телото и умот. Даниеловиот живот е вдахновена илустрација за тоа што сочинува еден посветен карактер. Тој претставува поука за сите, а посебно за младите. Строгата усогласеност со Божјите барања поволно влијае за здравјето на телото и умот.

За да го достигнеме највисокиот стандард на морални и интелектуални постигнувања, неопходно е да се бара мудрост и сила од Бога и да се држи строга умереност во сите животни навики. Во искуството на Даниел и неговите другари имаме пример на триумф на начелото над искушението за оддавање на апетитот. Тој ни покажува дека преку религиозното начело младите можат да триумфирааат над телесните страсти и да останат верни на Божјите заповеди, дури и по цена на голема жртва.

Здравиотживот придонесува за совршенство на карактерот. Чистиот, здрав живот влијае најповолно за постигнување на совршен христијански карактер и за развој на телесните и умствените сили.

Скпадна работа на умот, тетивите и мускулите. Со правилната употреба на нашите сили до нивен краен степен во најкорисното вработување, одржувајќи ги сите органи здрави, како и чувајќи го секој орган за да можат умот, тетивите и мускулите складно да работат, ние можеме да извршиме најдрагоцена служба за Бога.

Среќата е плод на скпадното дејство на сите сили. Оние кои Му служат на Бога во едноставност и вистина ќе бидат посебен народ, поинаков од светот и одвоен од него. Нивната храна ќе се подготвува, не да поттикне лакомост или да задоволи изопачениот вкус, туку да осигура најголема физичка сила и сразмерно со таа најдобра ментална состојба…

Нам небесниот Татко ни го подарил големиот благослов на здравствената реформа, како би можеле да го прославиме Него покорувајќи се на барањата кои Тој ги има кон нас… Складното, здраво дејствување на сите телесни и умствени сили ќе резултира во среќа; колку тие сили се повеќе се воздигнати и префинети, таа среќа ќе биде почиста и понепоматена.

Влијанието на радувањето. Божјиот народ мора да научи многу поуки. Тие ќе имаат совршен мир ако го насочуваат својот ум кон Оној Кој е премногу мудар да погреши и премногу добар за да им нанесе зло. Тие мора да го фатат сјајот на Божјата насмевка и да го рефлектираат врз другите. Тие треба да согледаат колку светлина можат да внесат во животот на оние кои ги опкружуваат. Тие мора да се држат близу до Христа, толку близу како со Него да седат како Негови мали деца, во нежна, света заедница. Тие никогаш не смеат да заборават дека додека ја примаат накпонетоста и љубовта Божја се наоѓаат под најсвечена обврска истото тоа да го пренесат и на други. Така тие можат да го шират влијанието на радувањето, кое донесува благослов на сите до кои допира, осветлувајќи ја нивната патека.

Сподели го ова:

Слични објави