Глава 55 БОЛКА

Сподели го ова:

Бог не предизвикува болка. Покажете дека Бог не е оној кој предизвикува болка и страдање, туку човекот низ сопсгвеното незнаење и грев ја навлекол ваквата ситуација на себе.

Гревот ја причинил болката. Постојаниот човеков престап во текот на шест илјади години има донесено болест, болка и смрт како свои плодови. И како што се ближиме кон крајот на времето, сатанското искушување за попуштање на апетитот ќе биде се посилно и потешко за победување.

Болките и маките протест на природата. Многумина живеат кршејќи ги законите на здравјето и кои се неупатени во односот на нивните навики во јадењето, пиењето и работата кон нивното здравје. Тие нема да се освестат за својата вистинска состојба додека природата не се побуни против злоупотребата која ја поднесува, преку болката и маките во организмот. Кога овие страдалници само би почнале правилно да дејствуваат, и прибегнуваат на едноставните средства кои ги занемариле – употребата на вода и правилната исхрана природата би ја добила токму онаа помош која ја бара и која одамна мораше да ја има. Ако се следи овој курс, пациентот воглавно ќе заздравее, а да не ослабне.

Неумереноста предизвикува страдање. Многумина толку се посветиле на неумерноста и не сакаат да го променат својот правец на угодување во прекумерно јадење под никави обѕири. Тие попрво би го жртвувале своето здравје и прерано би умреле отколку да го ограничат својот неуморен апетит. Постојат и многумина кои се неупатени во однос на храната и пиењето кон здравјето. Ако таквите примиле светлост, би имале морална храброст да се откажат од својот апетит и умерено да се хранат само со онаа храна која е здрава и со сопствениот начин на постапување се поштедуваат себе си од многу страдање.

Болка предизвикана од процесот на обновување. Болката често се предизвикува од напорот на природата да даде живот и свежина на оние делови кои станале делумно безживотни заради неактивност.

Страдањето преувеличено од ментапно гледиште (лична порака).

–      Да си се откажал од својот вкус за читање и настојувањата да си угодиш на себе, да си посветил повеќе внимание на разумното физичко вежбање, и внимателно да си јадел соодветна, здрава храна, би избегнал многу страдање. Дел од овие страдања е замислено. Да си го поттикнувала својот ум да ја одбива склоноста на попуштање на слабоста, не би имала нервни напади. Твојот ум треба да се одврати од своето јас кон домашните должности, одржувајќи ред, уредност и вкус во твојот дом.

Страдалниците се склони кон нетрпеливост. Страдалниците… можат да го направат за себе тоа што другите не можат така добро да го направат за нив. Тие треба да почнат да ја ослободуваат природата од тежината која и ја наметнале. Треба да ја отстранат причината. Смалете ја грозничавата состојба на системот со внимателно и разумно применување на водата. Овие напори ќе и помогнат на природата во нејзината борба да го ослободи системот од нечистотијата.

Лицата кои страдаат воглавно стануваат нетрпеливи. Тие не сакаат да се самоодрекуваат и малку да страдаат од глад. Ниту имаат желба да чекаат спориот процес на природата да ја надомести преотоварената енергија на организмот. Но одлучиле да примат моментално олеснување и земаат силни лекови.

Страдање над кое ние немаме контрола. Има и такви кои се со чист ум и кои се совесни, а кои страдаат од различни причини над кои тие немаат контрола.

Не е скриена од Исус Христос. Колку е убава помислата дека Исус Христос знае се за болките и жалостите кои ги носиме. Во сите наши неволји, Тој е погоден. Некои луѓе помеѓу нашите пријатели не знаат ништо за човечкиот јад или физичката болка. Тие никогаш не се болни, и поради тоа не можат целосно да влезат во чувствата на оние кои се болни. Но Исус е допрен со чувствата на нашите слабости.

Бог е живо заинтересиран за човечките маки. Нема да биде без вина оној кој ќе занемари да олесни страдања во саботниот ден. Божјиот свет ден за одмор е создаден за човекот и делата на милост се во совршен склад со неговата намена. Бог не сака Неговите созданија да поднесуваат маки ниту еден час, а кои може да се олеснат во сабота или во било кој ден.

Имајте доверба кога страдате. Умот често може да биде помрачен заради болката. Тогаш не обидувај се да размислуваш, туку само почивај и покажи дека си се предал на Бога како на верен Создател. Твоја предност е да покажеш во својата слабост и страдање дека не се сомневаш во Божјата љубов кон тебе, дека знаеш дека е верен на Оној кој ветил, и дека си ја доверил душата и телото во Неговите раце, дека Тој ќе го сочува она што му е доверено.

Умот нека ти се занимава со Божјата добрина, со големата љубов со која Тој не сакал, која се покажа во делото на откупувањето. Да не не сакал и сметал вредни, тогаш не би била поднесена оваа голема жртва. Тој е великодушен во Својата добрина и благодат. Срцето и умот нека одмараат како уморно дете во рацете на својата мајка. Неговите вечни раце се под тебе. Во секоја твоја неволја Исус е погоден…

Сокриј се во Него и злиот нема да те вознемирува или да ја збунува твојата вера. Исус ти го ветил Својот мир.

„Јака е силата која Бог ја дава/низ Својот вечен Син…

Зборот на Неговата благодат е мана на душата која верува. Скапоценото ветување на речта е животот, благост и мир.

Страдањето не е оправдување за нехристијанското однесување.

Минатата ноќ многу малку спиев. Се обидував да гледам на Исуса, да се ставам во рацете на Големиот Лекар. Тој рече: ,Доволна ти е мојата благодат.11 Христовата благодат ги наведува луѓето да зборуваат вистински зборови под сите околности. Телесното страдање не е изговор за нехристијанското однесување.

Издигнување над болката. Често инвалидите можат да ја одбијат болеста едноставно одбивајќи да се потчинат на болеста и со неприфаќање на состојбата на неактивност. За да се воздигнат над своите болки и страдања, треба да се вклучат во корисна работа соодветна на нивната сила. Со таквата запосленост и слободна употреба на воздухот и сончевата светлина, многу ослабени инвалиди можат да го повратат здравјето и силата.

Употребата на лекови не значи одрекување од верата. Кога заземаат став дека во молитва за оздравување не смеат да користат едноставни лекови кои Бог ги обезбедил за да ја ублажи болката и да помогне на природата во нејзината работа, дека тоа би било одрекување од верата, тие не заземаат мудар став. Тоа не е одрекување од верата; тоа е во целосна согласност со Божјите планови.

Кога Езекија бил болен, Божјиот пророк му донел порака дека ќе умре. Тој повикал кон Господа и Господ го слушнал Својот слуга и направил чудо во негова корист, праќајќи му порака дека петнаесет години ќе бидат додадени на неговиотживот. Значи еден Божји збор, еден допир со божествениот прст, веднаш би го излекувал Езекија, но биле дадени посебни упатства да се земе смоква и да се стави на болната страна, и Езекија бил подигнат во живот. Потребно е во се да се држиме на правецот на Божјото провидение.

Склоноста да се предизвикува страдање е сатанска. Поради човековиот грев „сето создание заедно воздивнува и страда се досега. Страдањето и смртта така дојдоа, не само на човечкиот род, туку и на животните. Значи, извесно е дека човекоттреба да настојува да ја олесни, наместо да ја зголеми, тежината на страдањето кои ги донел неговиот престап на Божјите созданија. Оној кој ги злоупотребуваживотните затоа што ги има во своја власт е кукавица и тиранин.

Скпоноста да се предизвика болка, било на ближните или на животинските созданија, е сатанска. Многу мислат дека нивната суровост никогаш нема да биде познаена, затоа што кутрите неми животни не можат да ја откријат. Но кога очите на овие луѓе би биле отворени како што биле Валамовите, тие би виделе Божји ангел кој стои како сведок да сведочи против нив во небесните дворови. Извештајот оди на небото, и доаѓа ден кога ќе биде изречена пресуда против оние кои ги злоставуваат Божјите созданија.

Не предизвикувајте подлабока болка. О, нека не се изговори ниту еден збор кој би предизвикал подлабока болка! На уморната душа од животот во грев, која не знае каде да најде олеснување за себе, претставете муја Спасителовата нежност. Земете ја за рака, подигнете ја, зборувајте и зборови на храброст и надеж. Помогнете и да се фати за Спасителовата рака.

Христовата агонија била поголема од телесното страдање. Но телесното страдање бил мал дел од агонијата на БожјиотдрагСин. Гревовите на светот беа на Него, како и чувството на Татковиот гнев додека ја поднесувал казната за прекршениот закон. Тоа било она што ја скршила Неговата Божествена душа. Она што мудонело очај било скривањето на лицето на Неговиот Татко чувството дека Неговиот драгТатко го напуштил.

Одвојувањето што го создава гревот помеѓу Бога и човекот целосно го сфатил и почувствувал недолжниот страдалник, Човекот од Голгота. Тој бил притиснат од силите на темнината. Тој немал ниту еден зрак на светлина да ја осветли иднината. И Тој се борел со сатанската сила, кој изјавувал дека го има Христос во своја власт, дека е надмоќен над силата од Божјиот Син, дека Бог се откажал од Својот Син, и дека Тој веќе не е под наклонетоста на Бога ништо повеќе од него самиот. Ако навистина бил се уште под Божја заштита, зошто би морал да умре? Бог би го спасил Него од смрта.

Сподели го ова:

Слични објави