Здрава исхрана и ресторани за здрава храна

Сподели го ова:

Од небесниот Дародарител

  1. Од извештаите за Господовите чуда кога обезбеди вино за учесниците на свадбената свеченост и кога го нахрани мноштвото, можеме да извлечеме поука од најголемо значение. Работата на снабдување со здрава храна е едно од Господовите средства за задоволување на потребите. Небесниот Дарител на секоја храна нема да го остави Својот народ во незнаење во поглед на подготвувањето на најдобрата храна за секое време и пригода. (1902) 7Т 114

Да биде како Маната

  1. Во текот на минатата ноќ многу вистини ми беа откриени. Производството и продажбата на здрава храна ќе побарува внимателно размислување пропратено со молитва.

Постојат многу умови на многу места на кои Вог сигурно ќе им даде мудрост во работата за подготвувањето на здрава и вкусна храна, доколку види дека тие правилно ќе го искористат тоа знаење. Животните стануваат се повеќе и повеќе болни, и нема долго да потрае кога многумина, покрај адвентистите на седмиот ден, ќе ја напуштат месната храна. Здравата храна која што го одржува животот треба така да се приготви така што мажите и жените нема да имаат потреба да јадат месо.

Господ ќе поучи мнозина во сите делови на светот како да комбинираат овошје, житарки и зеленчук во храна која што ќе го одржува животот, и нема да донесува болест. Оние кои што никогаш не виделе рецепти за подготвување на здрава храна, која што сега е во продажба, ќе работат разумно, вршејќи обиди со прехранбените производи од земјата, добивајќи светлина во поглед на кориситењето на овие производи. Господ ќе им покаже што да чинат.

Оној кој што дава вештина и разбирање на својот народ во еден дел на светот, ќе даде вештина и разбирање на Својот народ и во другите делови од светот. Неговиот план е

прехранбените богатства на една земја да бидат така подготвени како би можеле да се користат, доколку одговараат, и во другите земји. Како што Вог дал мана од небото за да го одржи животот на децата Израелски, така Тој ќе му даде сега на Својот народ во разни краеви, вештина и мудрост да ги употребат производите кои што кај нив постојат за подготвување на храна која што ќе го замени месото.          (1902) 7Т 124, 126

  1. Истиот Вог кој на Израилевите деца им давал мана од небото, живее и владее денес. Тој ќе им даде вештина и разбирање во подготвувањето на здрава храна. Тој ќе го води Својот народ во подготвувањето на здрава храна. Тој посакува да ги оспособи да видат што можат да сторат за да подготвуваат таква храна не само за своите семејства, што е нивната прва должност, туку да им помогнат и на сиромашните. Тие треба да покажат Христова широкоградност, разбирајќи дека го претставуваат Вога и дека сето она што го поседуваат е Негов дар. ^еТГег 25, 1902

Знаењето дадено од Вога

  1. Господ би сакал народот да добие знаење за здравствената реформа. Тоа е главен дел од образованието кое треба да се пружи во нашите училишта. Заради тоа што вистината се изнесува во нови места, потребно е да се даваат поуки за доброто и правилното готвење. Поучете ги луѓето како да живеат без употреба на месна храна. Поучете ги луѓето на едноставноста на живеењето.

Господ работел и сеуште работи овозможувајќи им на луѓето да подготвуваат таква храна од овошје и житарки, која што ќе биде поедноставна и поефтина од многуте храни кои што сега можат да се добијат. Многумина не можат да дојдат до скапата подготвена храна, но сепак немаат потреба да живеат на слаба исхрана. Истиот Вог кој што со леб од небото нахрани илјадници во пустињата, ќе му даде на денешниот народ умешност да приготвува храна на едноставен начин. (1905) МЅ 96

  1. Кога веста ќе допре до оние кои што не слушнале за вистината за ова време, тие ќе согледаат дека во нивната исхрана треба да дојде до голема реформа. Тие ќе сфатат дека треба да ја отфрлат месната исхрана, затоа што таа создава желба за жестоки пијалоци и го прави телото подложно на болести. Употребата на месото ги слабее телесните, умствените и моралните сили. Човекот е составен од она што го јаде. Нескротените страсти владеат заради употребата на месото, тутунот и алкохолните пијалоци. Господ ќе му даде мудрост на својот народ да приготви, од она што земјата го дава, храна која што ќе ја замени месото. Едноставна комбинација на зрнести плодови, житарки и овошје, приготвени вкусно и вешто, ќе бидат самите препорачливи до неверниците. Меѓутоа, во некои комбинации, се употребува премногу од зрнестите плодови.

(1901) МЅ 156

Едноставно, лесно приготвена – здраво

  1. Јас сега мора да им дадам на своите браќа и сестри упатство кое Вог ми го даде во поглед на прашањето за здрава храна. Многумина здравата храна ја сметаат за човечки изум, меѓутоа таа потекнува од Вога како благослов за Неговиот народ. Делото на производството на здравата храна е Вожја сопственост и од него не треба да се направи финансиска шпекулација заради лична добивка. Светлината која што Вог ја дал и која ќе продолжи да ја дава за прашањето за исхраната треба да му биде на Неговиот сегашен народ она што маната била за децата Израилеви. Маната паѓала од небото и на народот му било кажано да ја собира и подготви за јадење. Така исто и во различни делови на светот, Вожјиот народ ќе добие светлина и ќе подготвува здрава храна која одговара за тие земји.

Верниците на секоја црква треба да негуваат тактичност и разумност која ќе им биде дадена од Вога. Господ може да даде тактичност и разбирање на сите оние кои што сакаат да ја користат таа способност во стремежот да научат како да ги комбинираат производите од земјата како би направиле едноставни, лесно приготвени и здрави јадења кои што ќе го завземат местото на месото, така што никој нема да има изговор за јадење на истото.

Оние кои што добиле знаење за подготовка на таква храна, треба несебично да го користат. Тие треба да им помогнат на своите сиромашни браќа и сестри. Тие треба да бидат произведители а исто така и потрошувачи.

Вожјата цел е здравата храна да се произведува на многу места. Оние кои што ќе ја примат вистината треба да научат како да ја подготвуваат оваа едноставна храна. Вожјиот план не е сиромашните да патат заради недостатокот на животните потреби. Вог ги повикува своите следбеници во разни земји од Него да бараат, и правилно да ја употребуваат таа мудрост која што Тој им ја дава. Ние не треба да застанеме во безнадежноста и обесхрабрувањето. Ние треба да направиме се што можеме како би ги просветлиле другите. (1902) МЅ 78

Поедноставно и поефтино

  1. Во многу што треба да се подобри квалитетот на здрава-та храна која излегува од нашите фабрики. Господ ќе ги поучи своите слуги како да подготвуваат храна која ќе биде поедноставна и поефтина. Постојат многумина кои што Тој сака да ги поучи во оваа област, доколку сакаат да живеат според Неговите совети и во согласност со своите браќа.

(1902) 7Т 127, 128

  1. Работете со храната која што е многу поевтина и која, подготвена на здрав начин, ќе одговара на секоја намена . . . Трудете се да произведувате ефтини производи од житарки и овошје. Сето тоа нам Вог доброволно ни го дал да ги задоволи нашите потреби. Здравјето не се зачувува со употребата на скапо подготвените јадења. Ние можеме исто така да имаме добро здравје и кога употребуваме едноставно подготвени јадења од овошје, житарки и зеленчук. (1906) МЅ 75
  2. Наша мудрост е да приготвуваме едноставни, ефтини и здрави јадења. Многумина меѓу нас се сиромашни и затоа треба да се обезбеди здрава храна која може да се набави по цена која сиромашните ќе можат да ја платат. Вожјиот план е најсиромашните луѓе во секој дел од светот да се снабдуваат со ефтина и здрава храна. Во многу места треба да се основаат фабрики за производство на ваква храна. Она што е благослов за Делото во едно место, ќе биде благослов и во друго место во кое што е многу потешко да се заработат пари.

Вог работи во полза на Својот народ. Тој не посакува тие да бидат без средства. Тој го враќа кон исхраната која првобитно му била дадена на човекот. Неговата исхрана треба да се состои од храна која што е составена од намирници кои што Тој ги дал. Материјалот кој воглавно се употребува за оваа храна, треба да биде овошје, житарки и зрнести плодови, меѓутоа можат да се употребат разни корења исто така.     (1902) 7Т 125, 126

Заради тоа што гладот се зголемува, храната мора да се поедностави

  1. Прашањето на здравствената реформа сеуште не е решено. Уште многу што треба да се научи во оваа гранка. Господ посакува во целиот свет умот на Неговиот народ да биде во таква состојба како би можел да ги прими сите Негови совети за комбинирање на одредени намирници во производството на храна, која што ќе биде неопходна, и кои што сеуште не се произведуваат.

Заради тоа што гладот во целиот свет, потребата и неволјата се повеќе и повеќе ќе се зголемуваат, производството на здрава храна во голема мерка ќе мора да се поедностави. Оние кои што се вработени во ова дело треба постојано да учат од Големиот Учител, кој што го сака својот народ и кој што нивното добро го има постојано пред Своите очи. (1901) МЅ 14

[Здравата храна замена за месото, млекото и путерот – 583]

Христовите поуки за штедењето

  1. Во ова дело има многу од она што треба да се реши. Со здравите производи на земјата треба да се вршат опити со цел да се направи здрава и евтина храна.

Визнисот со храната треба да стане предмет на сериозна молитва. Нека луѓето замолат од Вога мудрост за подготвување на здрава храна. Оној кој што ги нахранил петте илјади со пет лебови и две мали риби, ќе ги задоволи и денес потребите на Неговите деца. Откако го стори ова

прекрасно чудо, Христос даде поука за штедењето. Кога мноштвото ја задоволи својата глад, Тој рече: “Соберете ги остатоците кои преостанаа за да ништо не пропадне.” “И тие ги собраа остатоците кои преостанаа, дванаесест полни кошници.”     ^еКег 27, 1902

Храна од домашни продукти во различни земји

  1. На многумина во разни места Вог ќе им даде мудрост да подготвуваат здрава храна. Тој може да постави трпеза во пустината. Здравата храна треба да ја подготвуваат и нашите цркви кои се трудат да ги спроведуваат во дело начелата на здравствената реформа. Меѓутоа штом тоа ќе го сторат некои ќе речат дека црквата посегнува по нивните права. Меѓутоа кој им дал мудрост да ги подготвуваат тие јадења? – Небесниот Вог. Тој ист Вог ќе му даде и мудрост на Својот народ во разни земји да ги користат производите на тие земји за подготвување на здрава храна. На едноставен, и ефтин начин, Вожјиот народ треба да прави опити со овошјето, житарките и корењето во земјите во кои живее. Во разни земји треба да се произведува евтина, здрава храна за доброто на сиромашните и за доброто на семејствата на Вожјиот народ.

Веста која што Вог ми ја дал кажува дека Неговиот народ во странските земји не треба да биде зависен во своето снабдување на здрава храна со увоз од Америка. Транспортот и царината прават цената на оваа храна да стане толку висока така што сиромашните кои што се во Вожјите очи исто така драгоцени како и богатите, не можат да имаат од неа никаква полза.

Здравата храна е Вожји производ и Тој ќе стори да Својот народ во мисионерските полиња, така да ги комбинира производите на земјата како би се обезбедила едноставна, ефтина и здрава храна. Доколку бараат мудрост од Вога, Тој ќе ги учи како да планираат и пронајдат најдобар начин за користење на овие производи. Добив налог да кажам: “Немојте да им забранувате.” (1902) МЅ 40

Здравата храна треба да овозможи развој и напредок на здравствената реформа

  1. Во полето, во кое работиш, има многу што да се научи во поглед на подготвувањето на здрава храна. Треба да се подготви совршено здрава, а сепак евтина храна. На сиромашните треба да им се проповеда евангелието на здравјето. Во производството на оваа храна ќе се отворат патишта за да оние кои што ќе ја прифатат вистината и ќе ја изгубат својата работа, можат да заработат за својот живот. Производите кои што Вог ги дава треба да се претворат во здрава храна која што луѓето можат сами да ја подготват. Тогаш можеме успешно да го изнесуваме начелата на здравствената реформа и оние кои што ќе слушнат ќе бидат убедени во доследноста на овие начела и ќе ги прифатат. Меѓутоа се дотогаш додека не можеме да претставиме храна која што е вкусна, хранлива и која е во хармонија со здравствената реформа, а сепак евтина, ние немаме право да ги изнесуваме најнапредните фази на здравствената реформа во исхраната. ^еИег 73а, 1896

[Поттикнување на развој на индивидуални таленти – 376]

  1. Каде и да се проповеда вистината, треба да се даваат упатства за подготвување на здрава храна. Вог посакува во секое место луѓето да се подучуваат на мудрото користење на производите кои што можат да се добијат. Вешти учители треба да му покажат на народот како најдобро да ги користат производите кои што можат да се одгледуваат или прибават во тој дел од земјата. На тој начин сиромашните, како и оние кои што живеат под подобри услови, можат да научат како да живеат здрав начин на живот. (1902) 7Т 132

Зрнестите плодови треба умерено да се користат

  1. Господ би сакал да луѓето во сите делови на светот мудро ги користат производите од земјата на секое место. Производите од секој крај треба да се проучуваат и грижливо да се испитуваат како би се видело дали можат да се употребат така за да се поедностави производството на храна и намалат нејзините трошоци и трошоците за превозот. Нека сторат најдобро од себе што можат, правејќи го тоа како под Вожји надзор. Постојат многу скапи намирници кои човечкото гение може да ги комбинира; па сепак не постојат секогаш вистински потреби да се применат најскапите начини на подготвување.

Пред три години, добив писмо кое гласеше: “Не можат да јадам храна со зрнести плодови; мојот желудник тоа не може да го свари.” Тогаш ми беа покажани неколку рецепти. Еден од нив налагаше дека треба да постојат и други состојки комбинирани со зрнести плодови, кои би се сложиле со нив, намалувајќи ја нивната пропорција. Една десетина до една шестина на зрнести плодови би било доволно, според комбинацијата. Ние тоа со успех го испробавме.

[Види “Зрнести плодови и храна од нив” во одделот XXII]

Сладок кекс

Други нешта беа споменати. Стана збор за слаткиот кекс или бисквитот. Тие се произведуваат затоа што некој ги сака, и тогаш тие можат да дојдат до оние кои не треба да ги јадат. Сеуште треба да се извршат некои подобрувања и Вог ќе работи со сите кои сакаат да работат со Него.

^еИег 188, 1901

[Види Сладок леб, колачи, кекс – 507, 508]

[Некои таканаречени “здрави слатки” се штетни – 530]

  1. Оние кои што подготвуваат рецепти за нашите здравствени списанија треба да посветат

големо внимание. Посебно подготвената храна, која што сега се прави, може да се подобри и нашите планови за нејзина употреба треба да се изменат. Некои неограничено употребувале зрнести плодови во подготвувањето на храната. Многумина ми имаат пишано: “Јас не можам да употребувам храна од зрнести плодови; што да употребувам наместо месото?” Една ноќ ми се чинеше како да стојам пред една група на луѓе, зборувајќи им за тоа дека премногу ги употребуваат зрнести плодови во приготвувањето на храната; дека организмот не може да ги свари кога се користат како во некои рецепти кои што се дадени, и доколку се употребуваат многу поумерено, резултатите ќе бидат многу подобри.        (1902) 7Т 126

Службата на рестораните за здрава храна на нашите состаноци под шаторите

  1. На нашите камп собори треба да се извршат подготовки како сиромашните би можеле да добијат што поефтина, здрава, добро подготвена храна. Исто така треба да постои ресторан во кој што ќе се подготвуваат и служат здрави и примамливи јадења. Тоа воспитно ќе влијае врз оние кои што не се од нашата вера. Нека на оваа гранка од делото не се гледа како на нешто одвоено од останатите гранки на делото на состаноците под шаторите. Секоја гранка на Вожјото дело тесно е поврзана со секоја друга и сите тие треба да напредуваат во совршена хармонија.

(1902) 7Т 126

  1. Во нашите градови, заинтересирани работници ќе се прифатат за разни гранки од

мисионерската работа. Ресторани за здрава храна ќе бидат основани. Меѓутоа, со колкаво внимание мора да се изврши оваа работа! Оние кои што работат во овие ресторани треба да вршат опити како би можеле да научат да подготвуваат вкусна и здрава храна. Секој хигиенски ресторан треба да биде училиште за работниците кои се поврзани со него. Во градовите оваа хранка на делото може да се развие на многу поширока основа отколку во помалите места. Меѓутоа, во секое место во кое се наоѓа црква и црквено училиште, треба да се даваат поуки за подготвувањето на едноставна, здрава храна кои што ќе ги користат оние што сакаат да живеат во согласност со начелата на здравствената реформа. Во сите наши мисионски полиња може да се изврши слична работа.       (Мс 79, 1900)

Нашите ресторани треба да се залогаат за начелата

  1. Ќе биде потребно постојано да се чувате од воведување на новини, кои наизглед не се штетни, но сепак, водат кон жртвување на начелата, што никогаш не смее да се подржи во нашата работа со рестораните . . . Ние не можеме да очекуваме дека оние кои што целиот свој живот му попуштале на апетитот, веднаш да разберат како да подготвуваат храна која што ќе биде здрава, едноставна и вкусна. Тоа е наука која што секој санаториум и здравствен ресторан треба да ја проучува. ..

Доколку во нашите ресторани се намали бројот на потрошува-чите затоа што одбиваме да се одалечиме од вистинските начела, нека и се намали. Ние мораме да се држиме до патот Господов и во добро и во зло…

Јас ви го изнесувам ова во своите писма за да ви помогнам да се приврзете до она што е правилно и да го отрфлите она што не можеме да го внесеме во нашите санаториуми и ресторани, без да ги жртвуваме начелата.           ^еКег 201, 1902

Одбегнувајте сложени состави

  1. Во сите ресторани во нашите градови, постои опасност со комбинацијата на многу јадења кои што се служат, да се отиде многу далеку. Желудникот страда кога толку многу различни видови на храна се земат за време на еден оброк. Едноставноста е дел од здравствената реформа. Постои опасност нашето дело да престане да го заслужува името кое го носи.

Доколку работиме на обновувањето на здравјето, потребно е да го скротиме апетитот, да јадеме полека и да ја ограничиме разноликоста на храната за еден оброк. Ова упатство треба често да се повторува. Не е во согласност со начелата на здравствената реформа за еден оброк да се употребат толку многу различни јадења. Ние не смееме никогаш да заборавиме дека тоа е верски дел од делото, дело на снабдување на душата со храна, што е многу понеопходно од што и да е друго.            ^еНег 73а, 1896

Задачата на рестораните засновани врз здравствената реформа

  1. Ми беше покажано дека не треба да бидеме задоволни со тоа што има вегетаријански ресторан во Бруклин, туку дека треба да бидат основани и други во останатите делови на градот. Луѓето кои што живеат во еден дел на Њу Јорк не знаат што се случува во другите делови на овој голем град. Мажите и жените кои што се хранат во рестораните, кои што се отворени на различни места, ќе почувствуваат подобрување на здравјето. Кога еднаш ќе се придобие нивната доверба, тие ќе бидат поподготвени да ја прифатат Божјата посебна вест на вистината.

Каде и да во големите градови се спроведува здравствено-мисионерско дело, треба да се одржуваат и училишта за готвење; а таму каде што напредува воспитно-мисонерското дело, треба да се основаат ресторани за здрава храна, што ќе даде практична слика на правилниот избор и подготвување на здрава храна.     (1902) 7Т 55

  1. Господ има вест за нашите градови и оваа вест треба да ја објавиме на нашите состаноци под шатори, како и преку нашите публикации. Освен тоа, во градовите треба да се основаат ресторани за здрава храна како би можело преку нив да се објави веста за умереноста. Треба да се подготви одржување на состаноците во поврзаност со нашите ресторани. Кога и да е тоа можно, нека една просторија биде обезбедена како потрошувачите би можеле да се повикуваат на часови за здравјето и христијанска умереност, на кои ќе можат да се даваат упатства за подготвувањето на здрава храна и други важни предмети. На овие состаноци треба да има молитва, песни и предавања не замо за предметите на здравјето и умереноста, туку и за другите соодветни библиски теми. Кога луѓето ќе се поучат како да го запазат телесното здравје, ќе се најдат многу можности за сеење на радосната вистина за небесното царство. (1902) 7Т 115

Конечна цел на делото на здравата исхрана

  1. Делото на здравата исхрана може корисно да се употреби кога се води така што вниманието на луѓето се управува кон Христовото евангелие. Меѓутоа, јас го подигам својот глас на предупредување против напорите кои не постигнуваат ништо повеќе од производство на храна за задоволување на телесните потреби. Сериозна грешка е да се употреби толку време и толку многу човечки способности за подготвување на храна, додека истовремено не се чини никаков посебен напор на мноштвото да му се даде лебот на животот. Големи опасности го демнат делото кое нема за цел откривање на патот на вечниот живот. (1906) МЅ 10
Сподели го ова:

Слични објави