Поучување на здравствените принципи

Сподели го ова:

Дел 1 – Давање поуки на здравствени теми

Потреба од здравствено воспитување

  1. Поучувањето за здравствените принципи никогаш не било толку потребно како што е тоа денес. И покрај прекрасниот напредок во толку гранки, кој создава удобност и предимстмво во животот, па дури и во поглед на здравството и лекувањето на болестите, опаѓањето на физичката сила и издржливоста укажува на опасност. Тоа бара внимание од сите кои се грижат за благосостојбата на своите ближни.

Нашата лажна цивилизација ги поттикнува злата кои ги разурнуваат здравите принципи. Обичаите и модата се во судир со природата. Обичаите што тие ги препорачуваат и попуштањето

што го потхрануваат постојано ги намалуваат физичката и менталната сила, ставајќи му неподнослив товар на човечкиот род. Насекаде се сретнуваат неумереност и насилство, болести и беда.

Мнозина ги престапуваат законите на здравјето поради незнаење и ним им е потребна поука. Меѓутоа, поголемиот број луѓе знаат повеќе отколку што прават. Ним им е потребно да ја сфатат важноста од спроведување на сопственото знаење во дело. (1905) МН 125, 126, 1905

  1. Постои голема потреба од подучување за реформата во исхраната. Лошите навики во јадењето и употребата на нездрава храна се во голема мерка одговорни за неумереноста, злосторствата и лошотијата кои го мачат овој свет. (1905) МН 146
  2. Ако сакаме да го поткренеме моралот во било која земја во која би можеле да бидеме

повикани, ние мораме да почнеме со исправањето нанивните телесни навики. Доблеста на карактерот зависи од правилната работа на умот и телото.     (1892) СН 505

Мнозина ќе бидат просветелени

  1. Вог ми покажа дека мнозина, мнозина ќе бидат спасени од телесната, менталната и умствената изопаченост благодарение на практичното влијание на здравствената реформа. Ќе се одржуваат здравствени предавања, ќе се умножуваат публикации. Принципите на здравствената реформа ќе бидат благонаклонето прифатени и мнозина ќе бидат просветлени. Влијанието кое ја придружува здравствената реформа ќе ја препорача истата на сите оние кои сакаат светлина. Тие ќе напредуваат чекор по чекор во примањето на особените вистини за ова време. На тој начин ќе се сретнат вистината и правдата…

Евангелието и здравствено-мисионското дело треба да напредуваат заедно. Евангелието треба да се поврзе со принципите на вистинската здравствена реформа. Христијанството треба да влезе во секојдневниот живот. Треба да се изврши сериозна, темелна реформаторска работа. Вистинската библиска религија е излив на Вожјата љубов кон паднатиот човек. Вожјиот народ треба непосредно да напредува за да може да влијае на срцата на оние кои ја бараат вистината, кои сакаат добро да го завршат својот дел од работата во ова сериозно време. Ние треба да им ги изнесеме на луѓето принципите на здравствената реформа, правејќи се што е во наша моќ да ги осведочиме мажите и жените за неопходноста на овие принципи и за потребата од нивно спроведување во живот.      (1900) 6Т 378, 379

Пионерски напори во подучувањето на принципите на здравствената реформа

  1. За време на државниот саем одржан во Ватл Крик [1846], нашите луѓе земаа три или четири шпорета и покажаа како можат да се приготвуваат добри јадења без употреба на месо. Ни беше кажано дека ние ги изнесуваме на маса најдобрите јадења на целиот тој простор. Секогаш кога се одржуваат големи собири, треба да делувате воспитно со тоа што ќе го искористите предимството да ги опремите сите учесници со здрава храна.

Господ направи да ја уживаме наклонетоста на народот, па имавме многу прекрасни можности да покажеме што можат да направат принципите на здравствената реформа за враќање на здравјето на оние чии случаи биле прогласени за безнадежни…

За време на собири и од куќа до куќа

Треба да вложиме поголеми напори во подучувањето на луѓето за вистините на здравствената реформа. За време на секој собор треба да се вложат напори да се прикаже што може да се направи во приготвувањето на здрава и вкусна храна од житарки, овошје, зрнести плодови и зеленчук. Во секое место во кое има нови заедници доведени во вистината треба да се даваат поуки за подготвување здрава храна. Треба да се одберат работници кои можат да работат од куќа до куќа во оваа воспитна работа.         МЅ 27, 1906

Здравствен шатор на просторот на кој се одржува соборот

  1. Колку повеќе се приближуваме до крајот на времето, се повеќе и повеќе мораме да го воздигнуваме прашањето на здравствената реформа и христијанската умереност така што ќе ги изнесуваме на многу подиректен и поодлучен начин. Ние мроаме постојано да се бориме да го воспитуваме народот не само со зборови туку и со нашите животи. Поуката и животот во заедницата имаат впечатливо влијание.

На соборите на народот треба да му се дадат упатства во врска со здравствените проблеми. На нашите состаноци во Австралија, секојдневно беа одржувани предавања за здравјето и тоа предизвика огромен интерес. На просторот на кој се одржуваше состанокот се наоѓаше шатор кој го користеа лекарите и медицинските сестри давајќи бесплатни здравствени совети и мнозина ги бараа. Илјадници луѓе присуствуваа на овие предавања и, на крајот од овој собор луѓето не сакаа да се задоволат само со она што веќе го научиле. Во некои градови во кои се одржаа вакви состаноци под шатори, некои од водечките граѓани бараа да се формира огранок на санаториумот ветувајќи ја својата соработка. (1900) 6Т 112, 113

Со пример и збор

  1. Големите собори на нашиот народ се одлична можност за објаснување на принципите на здравствената реформа. Пред неколку години на овие состаноци беше кажно многу за здравствената реформа и за ползата од вегетаријанската исхрана, но истовремено на масите беше послужувано месо, а на тезгите беа продавани разновидни нездрави продукти. Верата без дела е мртва; така пораките за здравствената реформа кои ги одрекувавме со пример не направијанајдлабоко влијание. На подоцнежните состаноци, оние кои беа на должност воспитуваа со збор и дело. Во шаторот за ручање не беше изнесувано месо, туку имаше изобилство од овошје, житарки и зеленчук. Бидејќи посетителите поставуваа прашања во врска со месото, кое не беше послужено, јасно им беше изнесена причината дека тоа не е најздрава храна. (1900) 6Т 112

[Продажба на бонбони, сладолед и други работи на црковните собори – 529, 530]

Во нашите санаториуми

  1. Светлината што и е дадена укажуваше на тоа дека треба да се отвори санаториум во

кој ќе се применуваат едноставни, разумни методи на лекување на болестите, а ќе биде напуштено лекувањето со медикаменти. Во оваа институција требаше да ги подучуваме луѓето како да се облекуваат, како да дишат, како правилно да јадат – како да ја спречат болеста со правилен начин на живот. ^еКег 79, 1905

  1. Нашите санаториуми треба да бидат средства за просветување на оние кои доаѓаат на лекување. На болните треба да им се покаже како можат да живеат употребувајќи храна од житарки, овошје, зрнести плодови и други произоди од земјата. Добив упатство дека во нашите санаториуми треба редовно да се одржуваат предавања со теми од здравјето. Луѓето треба да се научат да ги оставаат оние прподукти кои го заслабнуваат здравјето и силата на битието за кое Христос го дал Својот живот. Треба да се укаже на штетното влијание на чајот и кафето. Болните треба да бидат поучени како да ги остават овие продукти кои штетно влијаат на органите за варење… На болните треба да им биде укажано на потребата за спроведување на принципите на здравствената реформа во животот доколку сакаат да го повратат своето здравје. На болните треба да им се укаже на тоа дека ќе оздрават ако бидат умерени во јадењето и ако редовно се рекреираат на свеж воздух… Со правилна работа на нашите санаториуми страдањата ќе бидат отстранети, а здравјето повратено. Народот мора да се поучи како да остане здрав со внимателно јадење и пиење… Воздржувањето од месо ќе им биде од полза на оние кои се воздржуваат. Прашањето на исхраната е предмет од голема полза. Нашите санаториуми се основани со посебна цел да ги поучат луѓето дека не живееме за да јадеме, туку јадеме за да живееме. ^еИег 233, 1905

Учете ги болните на домашна нега

  1. Болните треба да бидат колку е можно повеќе на отворено, со нив треба да се разговара ведро, покажувајќи радост и среќа и да им се охрабрува душата со читање едноставни

библиски текстови и лесно разбирливи библиски поуки. Зборувајте за здравствената реформа, а ти, брате кој, немој да носиш толку голем товар во многу гранки, така што не можеш да даваш едноставни поуки за здрасвствената реформа. Оние кои заминуваат од санаториумот треба да заминат толку добро поучени, што ќе можат и другите во семејството да ги поучат на методите за лекување.

Постои опасност да се потрошат многу повеќе пари за машини и апарати кои болните никогаш нема да можат да ги употребат во своите домови. Тие најпрво треба да бидат поучени како да ја реформираат исхраната, така што живата машина на целиот организам ќе може да работи во хармонија. ^еНег 204, 1906

Давајте совети за умереноста

  1. Во нашите здравствени установи треба да се даваат јасни поуки за умерноста. На

болните треба да им се укаже на злото од жестоките пијалаци и на благословот од потполното воздржување од нив. Би требале да ги замолиме да го отфрлат сето она што го уништило нивното здравје, а наместо тоа да им овозможиме да имаат изобилство од овошје. Можат да се снабдат портокали, лимони, сливи, праските и многу други овоштија бидејќи земјата Господова е плодна ако се вложи труд во неа.          ^еКег 145, 1904

  1. Оние кои се борат против силата на апетитот треба да бидат поучени на принципите на здравиот начин на живот. Ним треба да им се укаже на тоа дека прекршувањето на здравствените закони, со тоа што создава болна состоба и неприродни желби, поставува темел зна навиката за земање жестоки пијалаци. Единствено ако се живеат послушно на здравствените закони, тие можат да се надеваат дека ќе бидат ослободени до силната желба за неприродни стимуланси. Се додека зависат од божествената сила за раскинување на врските на апетитот, тие мораат да соработуваат со Бога така што ќе ги почитуваат неговите морални и телесни закони. (1905) МН 176, 177

Потребна е сбопфатна реформа

  1. Која е таа посебна работа што сме повикани да ја завршиме во нашите здравствени институции? Наместо со зборови и дела да подучувате попуштање на изоопачениот апетит, воспитувајте ги спротивно од тоа. Подигнете ја вредноста на реформата во секоја гранка. Апостол Павле го крева својот глас: “Браќа, во името на милоста Божја, ве молам подајте ги телата ваши во жртва жива, света и благоугодна на Бога, и тоа ќе биде вашата духовна служба, и не управувајте се според овој век, туку преобразете се преку вашиот обновен ум, за да можете да познавате, која е добрата, угодна и совршена волја Божја” (Римјаните 12:1, 2).

Нашите здравствени институции се формирани да ги претставуваат живите принципи на чистата, совршена и здрава исхрана. Мораме да дадеме поука за самооткажувањето и владеењето со себеси. Исус, Кој го создал човекот и го откупил, треба да биде воздигнат пред сите што доаѓаат во нашите институции. Сознанието за патот на животот, мирот и здравјето мора да се изнесува стих по стих, правило по правило, за мажите и жените да ја согледаат неопходноста од реформата. Тие мораат да бидат доведени до таму што ќе го напуштат понижувачкиот живот и навиките што постоеле во Содом и претпотопниот свет што Бог го уништил поради неговиот грев. (Матеј 24:37-39).

Сите што ќе ги посетуваат нашите здравствени институции треба да се едуцираат. Планот на спасението треба да им се изнесува на сите, на возвишение и понижените, на богатите и сиромасите. Треба да се изнесуваат внимателно подготвени поуки дека во попуштањето на неумереноста во јадењето и пиењето, кое е денес во мода, можат да се видат причините за болестите, страдањата и лошите навики кои доаѓаат како последици.       МЅ 1, 1888

[Како да се спроведе здравствената реформа – 426]

Лисја од дрвото на животот

  1. Добив упатство дека не треба да се двоумиме во врска со работата што треба да ја завршиме во делото на здравствената реформа. Со оваа работа треба да стасаме до душите

преку главниот и споредните патишта. Добив посебна светлина дека во нашите санаториуми многу души ќе ја примат и послушаат сегашната вистина. Во овие институции треба да ги научиме мажите и жените како да се грижат за своето тело и истовремено да станат силни во верата. Тие треба да дознаат какво е значењето на јадењето на телото и пиењето на крвта на Синот Божји. Му рече Исус: “Зборовите што ви ги кажав се дух и живот” (Јован 6:63).

Нашите санаториуми треба да станат училишта во кои ќе се добива поука од здравствено- мисионската област. Тие треба на душите болни од гревот да им ги однесат лисјата од дрвото на животот кое ќе им ги поврати мирот, надежта и верата во Исуса Христа. (1909) 9Т 168

Подготовка за молитва за оздравување

  1. Промашена работа е да ги учиме луѓето да Го гледаат Бога како лекар на нивните болести, ако не ги научиме да ги остават своите лоши навики. За да ги добијат Неговите благослови како одговор на молитвата, тие мораат да престанат да прават зло и да научат да прават добрини. Нивната околина мора да биде здрава, нивните животни навики правилни. Тие мораат да живеат во согласност со Божјите природни и духовни закони. (1905) МН 227, 228

Лекарите треба да ги просветлуваат своите пациенти

  1. Здравствените институции ќе бидат најдобри места за воспитување на оние кои страдаат како да живеат во согласност со природните закони и да престанат со своите навики кои им го уништуваат здравјето. Тоа се однесува на лошите навики во исхраната и облекувањето кои се во согласност со навиките и обичаите во светот и кои воопшто не се по Божја наредба. Тие вршат добра работа на просветување на нашиот свет…

Сега постои вистинска потреба, дури и меѓу лекарите – реформатори во областа на лекувањето на болестите, да вложат поголем труд за лично унапредување и воздигнување и со интерес да ги поучуваат оние кои бараат лекарска помош за да ја утврдат причината за својата болест. Тие треба да обрнат особено внимание на законите што Бог ги втемелил и кои не можат неказнето да се кршат. Тие многу се задржуваат на дејството на болеста, а воопшто не обрнуваат внимание на законите кои мораат свето и разумно да се слушаат за да се спречи болеста. Особено ако лекарот не е исправен во навиките во јадењето, ако неговиот апетит не е ограничен со здрава, едноставна храна од која животинското месо е во голема мерка изоставено; доколку развил вкус за нездрава храна, неговите мисли ќе бидат стеснети и тој ќе го едуцира вкусот и апетот на своите пациенти да го сакаат она што тој го сака, наместо да им укаже на принципите на здравствената реформа. Тој на болните ќе им препише месо иако тоа е најлошата храна што тие би можеле да ја јадат; таа стимулира, а не дава сила. Тој не се распрашува за нивните поранешни навики во јадењето и пиењето и не посветува особено внимание на нивните погрешни навики кое во текот на многуте години го положиле темелот на болестите.

Совесните лекари треба да бидат подготвени да ги просветат оние кои се во незнаење и мудро да ги пишуваат своите препораки, забранувајќи го во исхраната на пациентот она што знаат дека е погрешно. Тие треба јасно да го изложат она што го сметаат за штетно според законите на здравјето и да им овозможат на овие страдалници совесно да го направат за себе она што е во нивна моќ и на тој начин да завземат правилен став кон законите на животот и здравјето. МЅ 22, 1887

[Должност на лекарите и помошниците да го едицираат својот сопствен вкус – 720]

[Одговорноста на лекарот да едуцира преку пишување и предавање за здравото готвење – 382]

[Пациентите при Здравственото Одморалиште да бида едуцирани да се откажат од месната исхрана

– 720]

Свечена должност

  1. Кога некој лекар ќе види дека пациентот страда од заболување предизвикано од неправилно јадење и пиење, па сепак ќе пропушти да му укаже на тоа и да му укаже на потребата од реформа, тој му нанесува штета на својот ближен. Пијаниците, манијаците, оние кои се препуштиле на распуштен живот се обраќаат кај лекарот очекувајќи тој јасно и недвосмислено да

изјави дека нивното страдање е последицана гревот. Ние примивме голема светлина за здравствената реформа. Зошто тогаш не сме поодлучни и посериозни во стремежот да се бориме против причинителите на болестите? Како нашите лекари можат да го сочуваат мирот кога ја гледаат постојаната борба со болката, кога постојано работат да ги ублажат страдањата? Дали можат да се воздржат а да не предупредуваат? Дали се тие добронамерни и милостиви ако не поучуваат на строга умереност како на лек за болестите?       ^еНег 233, 1905

На реформаторите во исхраната им е потребна морална храброст

  1. Многу може да се постигне со просветување на сите до кои можеме да дојдеме, зборувајќи им за најдобрите средства не само за лекувањето на болните, туку и за спречувањето на болестите и страдањата. Лекарот кој се труди да ги просвети своите пациенти и да ги запознае со природните причинители на нивните болести, поучувајќи ги како да ги избегнат заболувањата, може да има напорна работа, но ако е совесен застапник на реформата, тој јасно ќе говори за штетното влијание на попуштањето насебеси во јадењето, пиењето и облекувањето, на преоптоварувањето на животните сили кое ги довело неговите пациенти до онаму до каде што стасале. Тој нема да го зголемува злото со давање на лекови се додека изнемоштената природа не се предаде без борба, туку ќе ги учи своите пациенти како да создадат правилни навики и да & помогнат на природата во нејзината работа за обновување на телото, со мудра употреба на едноставни лекови.

Во сите наши здравствени институции треба особено да се истакне работата на давање упатства за здравствените закони. Принципите на здравствената реформа треба внимателно и темелно да бидат изнесени секому, како на пациентот така и на помошниот персонал. Оваа работа побарува морална храброст, затоа што додека мнозина ќе имаат полза од ваквите напори, ќе има и такви кои ќе се почувствуваат навредени. Меѓутоа, вистинскиот Христов ученик, оној кој размислува во согласност со Божјиот начин на размислување, додека постојано учи и ќе поучува, издигнувајќи ги туѓите мисли далеку над заблудите кои владеат во овој свет. (1890) СН 451,452

Соработка на санаториумите и училиштата

  1. Дадена ни е јасна светлина за тоа дека нашите воспитни установи треба, секаде каде е тоа можно, да бидат поврзани со нашите санаториуми. Работата на овие две установи треба да формира складна целина. Јас сум благодарна за тоа што имаме училиште во Лома Линда. Способноста за едукација на меродавните лекари е потребна во училиштата во кои се подготвуваат здравствени мисионери-евангелисти. Учениците во училиштето треба да се поучат да бидат строги застапници на здравствената реформа. Упатствата дадени за болестите и нивните причинители, начинот на спречување на болестите и обуката за лекување на пациентите ќе биде доказ за непроценливото образование кое учениците во сите наши училишта треба да го добијат.

Создавањето на оваа складна целина помеѓу нашите училишта и санаториумите ќе донесе многу предимства. Со упатствата добиени во санаториумот учениците ќе научат како да го одбегнат создавањето на неумерените навики во јадењето.        ^еИег 82, 1908

Евангелската работа и градските мисии

  1. Нам како на народ ни е доверена работата на објавување на принципите на здравствената реформа. Има некои кои сметаат дека прашањето на исхраната не е од толкаво значење за да може да биде вклучено во нивната евангелска работа. Но, тоа е голема грешка. Вожјата реч вели: “И така, јадете ли, пиете ли, или нешто друго правите, сето тоа правете го за слава Вожја” (1. Коринтјаните 10:31). Предметот на умереноста во своето севкупно значење има значајно место во делото на спасението.

За нашите мисии во градовите се потребни соодветни простории во кои ќе може да се изврши поучување и собирање на сите кај кои е разбуден интерес. Оваа важна работа не смее да се извршува примитивно, бидејќи ќе остави неповолен впечаток врз умовите на луѓето. Се што се

работи треба да носи јасно сведоштво за Создателот на вистината и треба правилно да ја претставува светлината и важноста на Тројната ангелска Вест. (1909) 9Т 112

  1. Во сите наши мисии, мудрите жени кои знаат како да приготват здрава и вкусна храна

треба да бидат задолжени за водење на домаќинството. Трпезата треба да биде обилно снабдена со храна со најдобар квалитет. Ако некој има изопачен апетит кој побарува чај, кафе, зачини и нездрави јадења, просветете го. Обидете се да ја разбудите совеста. Изнесете им ги библиските принципи за хигиената.     (1890) СН 449, 450

Проповедниците треба да ги проповедаат принципите на реформата

  1. Ние треба да се воспитаме самите себе да живееме во согласност не само со законите на здравјето, туку и другите да ги учиме на подобриот пат. Мнозина, дури и оние кои истакнуваат дека веруваат во особените вистини за денешното време, всушност се патетични незнајковци во поглед на здравјето и умереноста. Нив треба да ги учиме стих по стих, правило по правило. Оваа тема мора постојано да биде отворена пред нив. Преку оваа тема не смее да се помине како преку нешто неважно, бидејќи речиси секое семејство треба да се поттикне на размислување за неа. Совеста мора да се подигне до ниво на спроведување на принципите на вистинската реформа во дело. Вог побарува Неговиот народ да биде умерен во се. Се додека не ја спроведува во дело вистинската умереност, тој не може и нема да го прифати посветувачкото влијание на вистината.

Нашите проповедници треба да бидат известени за ова прашање. Тие не треба да го потценуваат, ниту да бидат одвратени од него од страна на оние кои реформаторите ги нарекуваат екстремисти. Пуштете ги самите да откријат во што се состои вистинската здравствена реформа и да ги проповедаат нејзините принципи со збор и ненаметлив, но доследен пример. На нашите големи собири треба да се даваат упатства за здравјето и умереноста. Трудете се да ги придвижите умот и совеста. Внесете ги во службата сите дарови што ги имате и продолжете ја работата со публикации на оваа тема. “Едуцирајте, едуцирајте, едуцирајте,” е веста која е всадена во мене.”         (1890) СН 449

  1. Колку повеќе се приближуваме кон крајот на времето, мораме се повеќе и повеќе да

се издигнеме по прашањето на здравствената реформа и христијанската умереност и да ја изнесуваме многу појасно и поодредено. Ние мораме постојано да се трудиме да ги воспитуваме луѓето, не само со зборови туку и со нашите животи. Поуката и делото кога се обединети имаат впечатливо влијание.           (1900) 6Т 112

Повик до проповедниците и претседателите на области и другите водачи

  1. Нашите проповедници треба да бидат информирани за здравствената реформа. Треба да бидат запознаени со физиологијата и хигиената; тие треба да ги разбираат законите кои владеат со телесниот живот и нивниот однос кон здравјето на духот и душата.

Илјадници и илјадници луѓе малку знаат за прекрасното тело што Вог им го дал или за грижата што треба да му се укаже и затоа придаваат поголемо значење на проучување на предмети со помала важност. Проповедниците тука треба да ја завршат својата работа. Кога ќе завземат правилен став за овој предмет, ќе се добие многу. Тие во својот живот и своите домови треба да ги почитуваат законите на животот, спроведувајќи ги во дело вистинските принципи и живеејќи правилно. Тогаш ќе бидат во состојба правилно да зборуваат за овој предмет, водејќи ги луѓето се повеќе и повеќе во овој дел од реформата. Живеејќи и самите во светлината, тие можат да ја објават веста од голема важност на оние на кои им е потребно токму такво сведоштво.

Скапоцените благослови и богатите искуства се стекнуваат кога проповедниците ќе ги соединат изнесувањето на здравствените прашања со својата севкупна работа во црквите. Народот мора да ја добие светлината врзана за здравствената реформа. Оваа работа е занемарена и мнозина речиси умираат затоа што им е потребна светлината за не му подлегнат на себичното искушение.

Претседателите на нашите области треба да сватат дека е крајно време да се постават на вистинската страна од ова прашање. Проповедниците и учителите, треба и на другите да им ја

дадат светлината што ја примиле. Нивната работа е потребна во секоја гранка. Вог ќе им помогне. Тој ќе ги засили своите слуги кои стојат цврсто и кои нема да се одвратат од вистината и правдата за да си удоволат на себеси.

Делото на едукација во здравствено-мисионската област е значаен чекор напред во разбудувањето на човекот за неговите морални одговорности. Ако проповедниците ја земеа оваа работа, во нејзините различни форми, во свои раце во согласност со светлината што Вог ни ја дал, тогаш реформата во јадењето, пиењето и облекувањето би била многу поодлучна. Меѓутоа, некои застанаа непосредно на патот на напредокот наздравствената реформа. Тие го задржуваат народот со своите рамнодушни и осудувачки примедби или со исмејувањето и шегите. Самите тие и голем број други страдаа во смртни маки, но се уште не се здобија со мудрост.

Голем напредок е постигнат само со тешка борба. Народот не сакаше да се откаже од себеси, не сакаше да ги предаде својот ум и волјата на Вожјата волја и ги искуси последиците од таквото однесување во своите страдања и во своето влијание на другите.

Црквата ја создава историјата. Секој ден е ден на борба и напредок. Од сите страни не напаѓаат невидливи непријатели и ние или победуваме со милоста што Вог ни ја дава, или стануваме победени. Јас ги молам оние кои завзедоа неутрален став кон здравствената реформа да се обратат. Оваа светлина е скапоцена и Господ ми даде вест да ги поттикнам сите оние кои ја носат одговорноста во било која гранка од делото за да заложат за вистината да претежне во срцето и животот. Само на тој начин секој може да се бори со искушенијата кои сигурно ќе ги сретне во животот.

Неспровдувањето на здравствената реформа онеспособува за проповедничка служба

Зошто некои од нашите браќа проповедници покажуваат толку малку интерес за здравствената реформа? Тоа е затоа што упатствата за умереност во се се спротивставуваат на нивниот живот на самопопуштање. Во некои места тоа е голем камен за сопнување на патот на кој луѓето треба да се поттикнат на истражување, спроведување и поучување на здравствената реформа. Ниту еден човек не смее да биде издвоен за учителска служба во народот, додека неговото учење или примерот му противречи на Вожјото сведоштво за исхраната, кое Тој им го дал на Своите слуги, бидејќи тоа ќе создаде збрка. Неговото непочитување на здравствената реформа го прави неподесен за служба на весник за Господа.

Светлината што Вог ја дал за ова прашање во Својата реч е јасна и луѓето ќе бидат искушани на разни начини за да се провери дали ќе внимаваат на неа. На секоја црква, на секое семејство му е поитребна поука за христијанската умееност. Сите треба да знаат како да јадат и пијат за да го сочуваат здравјето. Ние се наоѓаме во тек на завршните сцени од историјата на овој свет и во редовите на оние што ја празнуваат саботата треба да постои синхронизирано дејствување. Оние кои не учествуваат во големото дело на поучување на народот по ова прашање, не одат по патот по кој вод Големиот Лекар: “Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, да го земе својот крст и да оди по Мене” (Матеј 6:24).         (1900) 6Т 376-378

Здравствено воспитување во домот

  1. Родителите треба да живеат повеќе за своите деца, а помалку за општеството. Проучувајте ги здравствените теми и спроведувајте го своето знаење во животот. Научете ги вашите деца да расудуваат за причините и последиците. Учете ги дека, ако сакаат здравје и среќа, мораат да ги слушаат природните закони. Иако нема да можете да видите онолку брзо подобрување колку што сакате, не се обесхрабрувајте, туку трпеливо и истрајно продолжете ја својата работа.

Уште од лулка учете ги вашите деца да живеат со самооткажување и владеење над себеси. Учете ги да уживаат во убавините на природата и со полезни занимации да ги вежбаат сите сили на духот и телото. Воспитувајте ги да имаат здрав телесен и душевен состав, добар морал, ведро расположение и благ карактер. Втиснете ја во нивниот ум вистината дека Вог нема намера да живееме само за сегашно уживање, туку за нашето конечно добро. Учете ги дека попуштањето на искушенијата е слабост и зло, а дека спротивставувањето е благородно и храбро. Овие поуки ќе бидат како семе посеано на добра земја и тоа ќе донесе плод кој ќе го израдува вашето срце.         (1905) мн 386

Божјото дело попречено со себично попуштање

  1. Веста за здравствената реформа треба да & се однесе на секоја црква. Оваа работа треба да се спроведе во секое училиште. Се додека не се здобијат со практично знаење за овој предмет, ниту на директорот ниту на професорите не треба да им биде доверено воспитувањето на младите. Некои си земаа слобода да критикуваат, да поставуваат прашања, да наоѓаат грешки во принципите на здравствената реформа, а малку знаат за неа искуствено. Тие треба да застанат рамо до рамо, срце до срце со оние кои правилно работат.

Прашањето на здравствената реформа е изнесено во црквите, меѓутоа, светлината не е искрено примена. Себичното попуштање кое го урива здравјето на мажите и жените му се спротивстави на влијанието на веста која треба да го подготви народот за големиот ден Господов. Доколку црквите очекуваат сила, тие мораат да живеат според вистината што Вог им ја дал. Ако верниците на нашите цркви ја потценуваат светлината на оваа тема, тие ќе ги пожнеат сигурните последици во физичката и во моралната изопаченост. Влијанието на ваквите постари верници ќе ги затруе оние кои скоро & пристапиле на верата. Господ сега не работи на доведување многу души во вистината поради верниците на црквата кои некогаш биле обратени, а сега повторно паднале во грев. Какво влијание ќе имаат овие непосветени верници на новообратените? Зарем нема да ја направат безвлијателна веста што Вог ја дал, а Неговиот народ треба да ја носи? (1900) 6Т 370, 371

Секој верник треба да ја објавува вистината

  1. Дојдовме во време кога секој верник на црквата треба да се држи за здравствено- мисионското дело. Светот е болница полна со жртви заболени од физички и духовни болести. Луѓето умираат насекаде поради непознавање на вистината што ни е доверена. Верниците на црквата треба да се разбудат за да можат да ја согледаат својата одговорност во ширењето на воие вистини. Оние кои се просветлени со вистината, треба да бидат носители на светлината во светот. Да се сокрива нашата светлина во ова време, значи да се прави ужасна грешка. Денешната вест за Вожјито народ гласи: “Дигни се, засветли Ерусалиме, зашто дојде твојата светлина, и славата Господова изгреа над тебе.” (Исаија 60:1)

На секој чекор ги гледаме оние кои имале многу светлина и знаење како намерно избираат зло наместо добро. Не правејќи никаков обид да се реформираат, тие стануваат се полоши и полоши. Меѓутоа, Вожјиот народ не треба да чекори во темница. Тој треба да чекори во светлина, бидејќи е застапник на реформата – реформатор.   (1902) 7Т 62

Формирајте нови центри

  1. Јасна должност на Вожјиот народ е да оди во зафрлените краишта. Со сета сила треба да се фатиме за работа да се исчисти нов терен, да се формираат нови центри на влијание секогаш кога ќе се укаже можност за тоа. Соберете работници со вистинска мисонерска ревност и пуштете ги да тргнат, блиску и далеку, да шират светлина и знаење. Нека им ги однесат животните принципи на здравствената реформа на заедниците кои во голема мерка не ги познаваат овие принципи. Нека се формираат одделенија и нека се даваат поуки за лекување на болестите.

(1904) 8Т 148

  1. Постои широко поле за работа како за мажите така и за жените. Помошта на

умешните готвачки, кројачки и болничарки е неопходна. Членовите на сиромашните семејства треба да научат да готват, да шијат и да ги поправаат своите алишта, да негуваат болни, правилно да се грижат за домот. Дури и децата треба да се учат да прават одредени мали дела од љубов и милост за оние кои се помалку среќни од нив.          (1909) 9Т 36, 37

Воспитувачи, одете напред

  1. Делото на здравствената реформа е Господово средство за намалување на страдањата во нашиот свет и за очистување на Неговата црква. Учете ги луѓето дека можат да

работат како Божји помошници така што ќе соработуваат со Учителот во обновувањето на физичкото и духовното здравје. Ова дело носи Небесен печат и ќе ја отвори вратата за другите скапоцени вистини. Има место за сите кои разумно сакаат да се прифатат за оваа работа.

Веста, за која добив упатство да ја објавам, гласи дека на делото на здравствената реформа треба да, му дадеме место во првиот ред. Покажете ја нејзината вредност толку јасно што ќе се покаже огромната потреба од неа. Воздржувањето од сите штетни јадења и пијалаци е плод на вистинската вера. Оној кој е целосно обратен ќе ја остави секоја штетна навика и желба. Со потполно воздржување тој ќе ја победи својата желба за попуштање кое го разурнува здравјето.

Добив налог да им кажам на учителите на здравствената реформа: “Одете напред! На светот му е потребно и најмалото влијание што можете да го извршите за да се потисне напливот на моралната несреќа. Оние кои ја проповедаат тројната ангелска вест треба верно да застанат под своето знаме.”            (1909) 9Т 112, 113

Сподели го ова:

Слични објави