Здраво готвење

Сподели го ова:

Лошото готвење претставува грев

  1. Грев е да се изнесе на трпеза лошо подготвена храна, затоа што она што се јаде служи на доброто на целото тело. Господ сака да Неговиот народ ја цени потребата за подготвување на храна на таков начин како не би се создала киселина во желудникот, што има за последица лошо расположение. Да имаме на ум дека во векна на добар леб има практична вера.

Знаењето за готвењето вредно десет таланти

Нека не се гледа кон готвењето како на некој вид на ропство. Што би се случило со нашиот свет, доколку сите оние кои што се занимаваат со готвење, ја напуштат својата работа изговарајќи се дека тоа не е доволно достоинствено? Готвењето може да се смета за помалку пожелно во однос на некој друг вид на вработување, меѓутоа во стварноста тоа е наука која по својата вредност стои над сите други науки. Така Вог гледа на подготвувањето на здрава храна. Тој многу ги цени оние кои вршат верна служба во подготвувањето на здрава, вкусна храна. Оној кој ја познава вештината на здравото подготвување на храна и кој го користи тоа знаење, достоен е за поголеми пофалби отколку оние кои што се вработени со било кој друг вид на работа. Овој талент треба да се изедначи по вредноста со десет таленти; затоа што неговата правилна употреба многу допринесува за одржување на здравјето на човечкото тело. Затоа што е така нераздвојно поврзан со животот и здравјето, тој е најдрагоцен од сите дарови. (1901) МЅ 95

Почитување кон готвачката

  1. Јас ја ценам својата кројачка, ја ценам својата дактилографка, меѓутоа мојата готвачка, која добро знае како да подготви храна која ќе го одржи животот и храни мозокот, коските и мускулите, завзема најважно место меѓу помошниците во моето семејството. (1870) 2Т 370
  2. Некои кои што се подготвуваат да станат кројачки, словослагачи, коректори, книговодители или учители, се сметаат себеси за многу отмени за да се дружат со готвачот.

Вакви мисли ги имаат зафатено скоро сите општествени слое-ви. Тоа има доведено до тоа да готвачката смета дека нејзиното вработување е многу ниско на скалилото на општествениот живот и дека таа не смее да очекува рамноправност во семејството. Зошто сте тогаш изненадени кога интелигентните девојки бараат друго вработување? Зарем не се чудите што има толку малку образувани готвачки? Вистинско е чудо што постојат и толку од оние кои што сакаат да прифатат таков начин на однесување.

Готвачката завзема важно место во домаќинството. Таа подготвува храна која со внесување во желудникот, ќе се искористи за одржување на мозокот, коските и мускулите. Здравјето на сите членови на семејството зависи во голема мерка од нејзината вештина и интелигенција. На домашните должности никогаш нема да им се обрати вниманието кое што им припаѓа, се додека на оние кои што верно ги извршуваат не им се одададе должното почитување. (1890) С.Т.В.Н. 74

  1. Има многу девојки кои што се омажиле и имаат семејства, меѓутоа кои имаат многу малку практично знаење за должностите кои почиваат врз сопругата и мајката. Тие умеат да читаат како и да свират на некој музички инструмент; меѓутоа тие не знаат да готват. Тие не знаат да прават добар леб кој што е основа за здравјето во семејството. . . Доброто готвење и изнесувањето на

здрава храва врз трпезата, побарува интелигенција и искуство. Личноста која подготвува храна која што треба да се внесе во нашиот желудник и претвори во крв која ќе го храни телото, завзема најзначајна и највозвишена положба. Положбата на дактилографот, шивачката или учителката на музика не можат по своето значење да се изедначат со положбата на готвачката.

(1873) 3Т 156-158

Должност на секоја жена е да стане вешта готвачка

  1. Нашите сестри често на знаат како да готват. На таквите би им кажала: Би отишла кај најдобрата готвачка која што може да се најде во земјата и би останала таму, доколку е потребно, со седмици, додека не станам мајстор во таа вештина – интелигентна, вешта готвачка. Тоа би го сторила и тогаш кога би имала 40 години. Ваша должност е да научите како да готвите и ваша должност е да ги научите вашите ќерки да готват. Подучувајќи ги да готват, вие околу нив подигнувате одбранбен ѕид кој што ќе ги запази од неразумноста и порокот, во што инаку, во искушение, би можеле да паднат. (1870) 2Т 370
  2. За да научат да готват, жените треба да учат и тогаш трпеливо да го спроведуваат во дело она што ќе го научат. Луѓето патат затоа што не сакаат да се потрудат да тоа го сторат. На таквите им велам, време е да ги пробудите своите заспиени сили и да се информирате. Немојте да мислите дека е загубено она време кое е посветено на стекнување на целосно знаење и искуство во подготвување на здрава, вкусна храна. Сеедно е колку долго сте стекнувале искуство во готвење, доколку сеуште немате одговорност во семејството, ваша должност е да научите како правило да се грижите за нив. (1890) СН 117

Нека мажите и жените учат да готват

  1. Многумина кои што ја прифаќаат здравствената реформа се жалат дека таа не им

одговара; меѓутоа после седењето крај нивните трпези, дојдов до заклучок дека здравствената реформа не е виновна, туку лошо подготвената храна. Јас апелирам до мажите и жените на кои што Вог им дал мудрост, Учете како да готвите. Не грешам кога велам “мажи,” затоа што ним како и на жените им е потребно да го разберат едноставното, здраво подготвување на храната. Нивната работа ги води таму каде што не можат да добијат здрава храна. Тие можеби се повикани да останат со денови па дури и седмици во семејства кои што немаат никаков поим во овој поглед. Тогаш, доколку имаат знаење, тие можат добро да го употребат.          (1890) СН 155

Проучувајте ги здравствените списанија

  1. Оние кои не знаат хигиенски да готват, треба да научат да состават здрави намирници од голема хранлива вредност, и така подготват вкусни јадења. Нека оние кои сакаат да стекнат знаење во оваа област претплатат на нашите здравствени списанија. Во нив ќе најдете известувања за овој предмет. . .

Вез непрекинато вежбање на остроумноста, никој не може да се истакне во здравото готвење. Оние чиишто срца се отворени да примат импресии и предлози на Големиот Учител, ќе научат многу и ќе бидат способни да и другите ги поучуваат; затоа што Тој ќе им даде способност и разбирање.    ^еКег 135, 1902

Поттикнување на развојот на индивидуални способности

  1. Вожји план е да во секое место се поттикнат мажи и жени да ги развијат своите таленти во приготвувањето на здрава храна од природните производи на својот крај. Доколку гледаат на Вога, вежбајќи ја својата вештина и оштроумност под водство на Светиот Дух, тие ќе научат како да ги приготвуваат природните намирници во здрава храна. На тој начин ќе бидат во состојба да ги поучуваат сиромашните како да се снабдуваат со храна која ќе го завземе местото на месната храна. На оние на кои што им се помогнало на таков начин, можат за возврат да ги поучуваат другите. Ваквото дело ќе се извршува со света ревност и сила. Да тоа се беше сторило порано, денес би постоеле многу повеќе луѓе во вистината и многу повеќе од оние кои би можеле да

поучуваат. Да научиме што е наша должност и тогаш да ја извршуваме. Ние не треба да бидеме зависни и беспомошни, очекувајќи да другите ја вршат работата која Вог нам ни ја одредил?

(1902) 7Т 133

Повик за училишта за готвење

  1. Со нашите санаториуми и училишта треба да бидат поврзани и училиштата за готвење, во кои ќе се даваат упатства за здраво подготвување на храна. Во сите наши училишта треба да постојат погодни личности кои ќе поучуваат ученици, момчиња и девојки, за вештината на готвењето. Жените посебно треба да научат како да готват. 1901, МЅ 95
  2. Голема услуга може да се стори со поучување на народот како да подготвуваат здрава храна. Оваа гранка на делото е исто толку важна како и секоја друга гранка која што може да се прифати. Треба да се основаат повеќе училишта за готвење, а некои треба да работат од куќа до куќа, упатувајќи во вештината на подготвување на здрава храна. в. & н., Јипе 6, 1912

[Види “Училишта за готвење”, отсек XXV]

Здравствената реформа и доброто готвење

  1. Една причина зашто многумина се обесхрабрени во спроведувањето на здравствена реформа, е тоа што не научиле како да готват, така да здравата, едноставно подготвена храна го завземе местото на храната на која биле навикнати. Тие чувствуваат одвратност кон лошо подготвените јадења, а потоа слушаме како зборуваат дека се обиделе со здравствената реформа, меѓутоа дека не можат да живеат на таков начин. Многумина се обидуваат да спроведат сиромашни упатства за здравствената реформа, и вршат такво жалосно дело кои го оштетува варењето и обесхрабрува сите кои го прават својот обид. Вие тврдите дека ја спроведувате здравствената реформа и затоа треба да станете добри готвачи. Оние кои што можат да се ползуваат од предностите на правилно водените училишта за здраво готвење, ќе остваруваат големи предности, како во личната пракса така и во поучувањето на другите. (1890) СН 450, 451

Промена и напуштање на месната храна

  1. Ние ви советуваме да ги промените своите животни навики; меѓутоа додека тоа го чините, ве предупредуваме да тоа мудро го правите. Јас познавам семејства кои преминале од месна исхрана кон осиромашена храна. Нивната храна е толку сиромашно подготвена така да желудникот чувствува одвратност кон неа, и таквите ми кажале дека здравствената реформа не им одговара и дека телесната храна им се намалила. Тоа е една од причините зашто тие немале успех во своите напори да ја поедностават исхраната. Тие имале сиромашна храна. Храната се подготвувала со малку труд и постојана едноличност. Не е потребно да има многу видови на храна за еден оброк, меѓутоа сите оброци не смеат да бидат составени од ист вид на храна без каква и да е промена. Храната треба да се подготви на едноставен начин, меѓутоа така вкусно за да создаде желба за јадење. Вие треба да ја изоставите животинската маст од својата исхрана. Таа ја расипува секој вид на храна која ја подготвувате. Хранете се изобилно со овошје и зеленчук. (1868) 2Т 63
  2. Правилното подготвување на храната е најважно достигнување. Посебно таму каде што

месото е главна намирница, доброто готвење е основно побарување. Нешто мора да го завземе местото на месото, а оваа замена на месото мора да биде добро подготвена, така да месото не се посака.           ^еИег 60а, 1896

  1. Јасна должност на лекарите е да ги воспитуваат, воспитуваат, воспитуваат, преку

пишување и зборови, сите оние врз кои почива одговорноста за подготвување на храната за трпезата.            ^еИег 73а, 1896

  1. Потребни ни се личности кои сакаат да научат да готват здраво. Многумина знаат како да приготвуваат месо и зеленчук на различни начини, меѓутоа кои сепак не знаат како да подготвуваат едноставни и вкусни јадења. У.1., Мау 31, 1894

[Невкусни јадења – 324, 327]

[Очигледни предавања за време на состаноци – 763]

[Потреба за замена на месото истакната во 1884 – 720]

[Вешто користење на даровите, помош на здравствената реформа – 710]

[Тактичност и проникливост потребни во работата на давањето на упатства за готвење без месо – 816]

Лошо готвење, причина за болест

  1. Среде недостатокот на знаењето и умешноста во готвењето, многу сопруги и мајки поставуваат пред своето семејства лошо подготвена храна, која постојана и сигурно ги оштетува органите за варење и создава слав квалитет на крв. Последицата од тоа се чести напади на запалливи заболувања, а понекогаш и смрт. . .

Ние можеме да имаме разновидна, добра, здрава храна подготвена на здрава начин, така што е вкусна за сите. Знаењето за готвење е од животна важност. Лошото готвење предизвикува болести и лошо расположение; телото се пореметува и заради тоа не можат да се воочат небесните нешта. Во доброто готвење има повеќе религија, отколку што тоа може да се замисли. Кога понекогаш бев отсутна од дома, знаев дека лебот како и повеќето од другата храна на трпезата ќе ми наштети, меѓутоа морав да јадам како би го одржала животот. Во очите на небото е грев да се јаде таква храна.            (1890) С.Т.В.Н. 156-158

Одговарачки надгробен натпис

  1. Скудната и лошо приготвена храна ја расипува крвта со тоа што ги ослабнува органите кои ја создаваат. Таа ја попречува работата на целиот организам и донесува болести како и раздразливост и лошо расположение. Илјадници и десетици илјади денес се жртви на лошото готвење. На многу гробови би можело да се напише: “Умрел од лошо готвење;” “Умрел од измачуван желудник.”

Души изгубени заради лошо готвење

Света должност за оние што готват е да научат како да подготват здрава храна. Многу души се загубени токму поради лошото готвење. За да се направи добар леб потребни се внимателност и грижа; меѓутоа во една векна добар леб има многу повеќе религија отколку што мнозина мислат. Има многу малку навистина добри готвачи. Младите жени мислат дека готвењето е понижувачка работа, па извршуваат други домашни обврски; затоа многу девојки кои се мажат и треба да се грижат за своето семејство, немаат добра претстава за вистинските задачи на една сопруга и мајка.

Не е пониска наука

Готвењето не е некаква беззначајна умешност, туку една од најсуштествените во практичниот живот. Тоа е умешност што треба да ја научат сите жени, и треба да се поучува на начин што и најсиромашните ќе имаат полза од неа. Потребна е умешност за да се подготви вкусна, а истовремено едноставна и хранлива трпеза; но тоа може да се постигне. Готвачките треба да знаат како да подготват едноставна храна на едноставен и здрав начин; и така таа да биде повкусна и поздрава токму поради својата едноставност.

Секоја жена која води домаќинство, а сепак не ја разбира уметноста на здравото готвење треба да донесе одлука да го научи тоа што е толку суштествено за доброто на нејзините домашни. Во многу места постојат курсеви за готвење кои поучуваат во овој поглед. Онаа жена која не може да појде на ваков курс треба да се стави под инструкциите на некоја добра готвачка и да истрае во своите напори се додека и самата не стане мајстор на готварската уметност. (1905) МН 302, 303

[Готвењето е најдрагоцена вештина затоа што е така тесно поврзана со животот – 817]

Проучувајте го штедењето

  1. Во секој оддел од готвењето прашањето кое треба да се има во предвид е: како да се

подготви храна на најприроден и најевтин начин? Исто така треба внимателно да се води грижа како остатоците од храната на трпезата да не се фрлаат. Пронајдете начини да како тие остатоци не пропаднат. Оваа вештина, штедењето и тактот претставуваат богатство. За потоплите денови од годината подгответе помалку храна. Употребувајте повеќе суви материи. Има многу сиромашни семејства, кои, и покрај тоа што одвај имаат доволно за храна, често пати треба да бидат поучени зашто се сиромашни; постојат толку многу ситни нешта кои се фрлаат.        (1897) МЅ 3

Животи пожртвувани на модерните начини на јадење

  1. За многумина, главната цел во животот – целта која го оправдува секој труд – е да се живее според последната мода. Воспитувањето, здравјето и удобноста се жртвуваат на олтарот на модата. Дури и при поставувањето на трпезата модата и раскошот го вршат своето штетно влијание. Здравото подготвување на храната станува предмет од второстепено значење. Служењето на многу различни јадења го одзема времето и парите и претставува заморна работа, не остварувајќи никакво добро. Може да биде модерно, да се има половина купче јадења за еден оброк, меѓутоа ваквиот обичај му штети на здравјето. Тоа е модата која паметните мажи и жени треба да ја осудат како преку правило така и со пример. Имајте малку обзир кон животот на готвачката. “Не е ли животот поважен од храната, и телото од облеката.”

Во овие денови, домашните должности го побаруваат скоро целото време на домаќинката. Колку многу подобро би било за здравјето на домашните, доколку подготвувањето на оброците би биле поедноставни. Илјадници животи секоја година се жртвуваат на овој олтар – животи кои што би можеле да бидат продолжени доколку не беше заради оваа бесконечна низа на измислени должности. Многу мајки заминуваат во гроб, а можеле да живеат и бидат на благослов на домот, црквата и светот, само доколку нивните навики биле поедноставни.  (1890) с.Т.В.Н. 73

[Зла од системот на менито – 218]

Важен е изборот и подготовката на храната

  1. Многу готвење воопшто не е потребно. Исто така не треба да се употребува никаква

квалитетно или квантитетно сиромашна храна.  ^еИег 72, 1896

  1. Важно е да храната биде подготвена грижливо, така да апетитот, доколку не е изопачен, може да ужива во неа. Заради тоа што начелно ние ја отфрлуваме употребата на месото, путерот, паштетата од сецкано месо, зачинот, животинските масти и она што го надразнува желудникот и разорува здравјето, никогаш не треба да се помисли дека е од мало значение она што го јадеме.

(1870) 2Т 367

  1. Погрешно е да се јаде само за да се задоволи апетитот, но не смееме да бидеме

рамнодушни кон квалитетот на храната или начинот на нејзината подготовка. Ако храната што ја јадеме не е вкусна, телото нема да биде добро нахрането. Храната треба да биде внимателно одбрана и разумно и умешно подготвена.           (1905) МН 300

Едноличен доручек

  1. За готвачка би платила повеќе отколку за кој и да е друг дел од својата работа . . .Доколку таа личност не е способна и вешта за готвењето, ќе видите, како што тоа ние го вкусивме, едноличен доручек, – каша, како што тоа се нарекува – ние ја викаме качамак, пекарски леб, некој вид на сос; и тоа е се, со додаток на малку млеко. Така оние кои што така се хранат со месеци, знаејќи што ќе се изнесе пред нив за секој оброк, почнуваат да се плашат од часот, кој што би требало да биде привлечен за нив, како најстрашен дел од денот. Претпоставувам дека нема да разберете се, додека сами не го искусите тоа. Меѓутоа, јас сум многу збунета со оваа појава. Кога би требало да одберам личност за тоа место, јас би рекла: “Дајте ми искусна готвачка, која

има изумувачки особини, да подготви здрави, едноставни јадења кои нема да бидат блуткави. ^еИег 19с, 1892

Проучување и спроведување на дело

  1. Многумина не сфаќаат дека тоа (готвењето) е должност, па од тука и не се трудат да правилно ја приготват храната. Ова може да се направи на едноставен, здрав и лесен начин, изоставувајќи ја употребата на животинските масти, путерот или месото. Вештината мора да се соедини со едноставноста. Како тоа би се постигнало, жените треба да читаат и трпеливо го спроведуваат во дело она што го прочитале. Многумина патат затоа што не сакаат да се потрудат да така чинат. Јас на таквите им велам: “Време е да ги разбудите вашите заспани сили и да проучувате. Научите како го готвите со едноставност, а сепак, така да се обезбеди највкусна и наздрава храна.”

Затоа што е погрешно да се готви само за да тоа му одговара на апетитот или за да се задоволи вкусот, никој не треба да ја прифати мислата дека осиромашената исхрана е правилна. Многумина се онеспособени со болестите и ним им е потребна силна, добро подготвена и богата храна . . .

Важна гранка од воспитувањето

За оние кои готват верска должност е да научат како да приготвуваат разновидна и здрава храна, така да таа може да се јаде со уживање. Мајките треба да ги учат своите деца како да готват. Која гранка на воспитувањето на младата девојка може да биде позначајна од оваа? Јадењето има врска со животот. Недоволната, осиромашената, лошо подготвената храна постојано ја ослабува крвта и органите кои ја создаваат. Многу е важно да вештината на подготвување на храна се смета за една од најважните гранки на воспитувањето. Постојат само малку добри готвачи. Да се стане готвачка, сметаат младите девојки, значи да се понизиш до име на слуга. Тоа не е така. Тие не го гледаат овој предмет од правилно гледиште. Знаењето за тоа како да се подготви здрава храна, посебно лебот, не е безначајна наука.

Мајките ја занемаруваат оваа гранка на воспитувањето кај своите ќерки. Тие врз себеси го превземаат бремето на грижите и работата, и брзо се исцрпуваат, додека нивните ќерки се поштедени, па за своето задоволство остваруваат посети, плетат или учат. Тоа е погрешна љубов, тоа е погрешна љубезност. Мајката чини штета на своето дете, која често трае целиот нејзин живот. Во време кога треба да стане способна да носи некое животно бреме, таа за тоа не е способна. Таквата личност не сака врз себеси да превземе грижа и бремиња. Тие одат слабо оптоварени, не прифаќајки должности, додека мајката е притиснета со бремето на грижите како кола под тежината на сноповите. Тоа не значи дека ќерката е нељубезна, туку безгрижна и невнимателна. Кога би била во состојба да го забележи уморниот изглед на мајката, и би сакала да го стори својот дел, да го понесе потешниот дел од бремето, и ја ослободи мајката, која што мора да биде ослободена од грижите, затоа што во спротивно ќе стигне до постелата на страдањето, а можеби и смртта.

Зашто мајките се толку слепи и небрижни во воспитувањето на своите ќерки? Јас бев ожалостена кога посетувајќи разни семејства, видов како мајката носи тешки бремиња, додека ќерката, која многу ветувала и поседувала многу здравје и сила, не чувствувала никаква грижа, никакво бреме. Кога постојат големи собирања и семејствата се обременети со гости, видов како мајката го носи бремето, грижејќи се за се, додека ќерките седеле и разговарале во друштво со своите млади пријателки. Ова ми изгледаше така погрешно, така да одвај можев да се воздржам да не им кажам на непромислената младина да појде да работи. Ослободете ја својата заморна мајка. Доведете ја до седиштето во салонот и натерајте ја да се одмори и ужива во друштвото на нејзините пријатели.

Меѓутоа, во сето ова не треба да се бламираат само ќерките. Мајката греши исто така. Таа внимателно не ги поучувала своите ќерки како да готват. Таа знае дека ним им недостасува знаење во готвењето и затоа немаат одмор од работата. Таа треба да обрати внимание на сето она што побарува грижа, мисла и внимание. Младите девојки треба темелно да се поучуваат на готвењето. Какви и да се околностите во нивниот живот, тоа е знаењето кое практично може да се

употребува. Тоа е гранка на воспитувањето кои има најнепосредно влијание врз човечкиот живот, посебно врз животот на оние кои ни се најдраги.

Многу сопруги и мајки кои немале правилно воспитување и на кои им недостигала умешност во готвењето, од ден на ден, изнесуваат пред своето семејство лошо подготвена храна која постојано и сигурно ги упропастува органите за варење, создавајќи крв од слаб квалитет и често доведувајќи до акутни напади на запалливите заболувања, предизвикувајќи прерана смрт. . .

Охрабрете ги оние кои учат

Верска должност на секоја христијанка, девојка и жена, да веднаш научи да прави добар, сладок, лесен леб од црно непросејано брашно. Мајката треба да ги доведе своите ќерки во кујната, уште додека се сосема млади и да ги поучува на вештината на готвењето. Мајката не може да очекува од своите ќерки познавање на тајните на водењето на домаќинството доколку не ги воспитувала кон тоа. Таа треба да ги поучува трпеливо, со љубов, правејќи ја работата колку што може попријатна со својот весел изглед и охрабрувачки зборови на одобрување. Доколку згрешат еднаш, два или три пати, немојте да ги критикувајте. Самиот неуспех веќе го прави своето и ги наведува да кажат: “Не е од полза, јас тоа не го можам.” Тоа не е време за укорување. Волјата постепено слабее. Сега е потребен поттик, охрабрување, радосни зборови полни со надеж како: “Не грижи се за грешките кои што ги имаш направено. Ти си само ученичка, па се очекува дека ќе направиш грешки. Обиди се повторно! Мисли на тоа што го работиш. Биди многу внимателна и сигурно ќе успееш.”

Многу мајки не го разбираат значајот на овој вид на знаење и повеќе сакаат да сето тоа сами го сторат отколку да имаат мака и грижа во поучувањето на своите деца, поднесувајќи ги нивните грешки за време на учењето. Кога нивните ќерки направат грешка во своите напори, тие ги одвратуваат со зборовите: “Ништо не е полза, ти не можеш да го направиш ова или тоа. Ти ме збунуваш и ми создаваш повеќе потешкотии отколку што ми помагаш.”

На таков начин се отфрлаат првите напори на учениците и првиот неуспех така го оладува нивниот интерес и жар за знаење така да се плашат од нов обид. Затоа попрво ќе предложат да шијат, плетат, да го средуваат домот или прават нешто друго, само да не готват. Тоа е голема грешка на мајката. Би требало трпеливо да ги поучуваат дека тие можат, преку практика, да се здобијат со искуство кое ќе ја отстрани збунетоста и невештите движења на неискусниот работник. (1868) 1Т 681-685

Поуките од готвењето поважни од музиката

  1. Некои се повикани да извршуваат, како што на тоа се гледа, ниска служба – можеби да готват. Меѓутоа, науката за готвењето не е безначајна. Вештото подготвување на храната е една од најважните вештини и стои над поучувањето на музиката или вештината за изготвување на облека. Со ова не мислам да го потценат поучувањето на музиката или шиењето, затоа што и тие се неопходни. Меѓутоа, сепак најважна е вештината на подготвување здрава и вкусна храна. Оваа вештина треба да се смета за најдрагоцена од сите вештини, затоа што е така тесно поврзана со животот. На неа треба да и се посвети најмногу внимание, затоа што за да создава добра крв, телото бара добра храна. Темелот на она што ги одржува луѓето во здравје е здравствено- мисионерската работа на доброто готвење.

Често пати од здравствената реформа се прави здравствена недоследност преку невкусното подготвување на храната. Недостатокот на знаењето за здравото готвење мора да се отстрани за да здравствената реформа има успех.

Постојат малку добри готвачки. На многу, многу мајки им се потребни лекции во готвењето, како би можеле да пред своите семејства изнесат добро подготвена и убаво послужена храна.

Пред децата да почнат да земаат лекции на хармониум или клавир, треба да добијат поуки за готвењето. Учењето на готвењето не треба да ја исклучи музиката, меѓутоа да се учи музиката е од помала важност отколку да се учи како да се приготви здрава и вкусна храна. (1901) МЅ 95

  1. Вашите ќерки можат да ја сакаат музиката и тоа е сосема добро; тоа може да допринесе за среќа на семејството, меѓутоа знаењето на музиката без знаењето на готвењето на вреди

многу. Кога вашите ќерки ќе имаат свои семејства, познавањето на музиката и рачната работа нема да постави на трпезата добро подготвен и вкусен оброк, така да не поцрвенат пред своите најугледни пријатели. Мајки, вашата работа е света. Нека Вог ви помогне да ја превземете врз себеси. Имајќи ја пред очите Вожјата слава, работете сериозно, трпеливо и со љубов за сегашното и идното добро на своите деца.  (1870) 2Т 538, 539

[Нередовно јадење и оброци на брза рака – 284]

Поучувајте ги тајните на готвењето

  1. Немојте да занемарувате да ги учите своите деца како да готват. Доколку така работите, ќе им всадите начела кои што тие мораат да ги имаат во своето христијанско воспитување. Давајќи им на своите деца поуки од физиологијата, учејќи ги како да готват едноставно но сепак вешто, вие поставувате темел на најкорисната гранка на воспитувањето. За правењето на добар, лесен леб потребно е вештина. Во доброто готвење има вера, а јас се сомневам во верата на онаа група на луѓе која е неука и негрижлива во учењето на готвењето . . .

Лошото готвење полека ги троши животните сили на илјадници луѓе. Опасно е по здравјето и животот да се јаде на некои трпези тежок, кисел леб и друга храна која е подготвена да оди со него. Мајки, наместо да тежнеете на ќерките да им дадете музичко образование научете ги на овие корисни вештини кои што се во тесна врска со животот и здравјето. Научете ги на сите тајни на готвењето. Покажете им дека тоа е дел од нивното воспитување и дека тоа е важно за нив како би станале вистински христијанки. Доколку таа храна не е подготвена на здрав и вкусен начин, таа не може да се претвори во добра крв како би се надополниле материите што се трошат. (1870) 2Т 537, 538

[Обид со шеќер да се надомести и замени доброто готвење – 527]

[Влијанието на јадењето врз начелото на умереноста – 351, 354]

[Доколку варењето е оптоварено, потребно е истражување – 445]

[Помалку готвење, повеќе природни јадења – 166, 546]

Сподели го ова:

Слични објави