Исхрана во санаториумите
Разумна грижа и добра храна
- Треба да се основаат установи за нега на болните, во кои за оние кои што патат од
болести би можеле да се грижат богобојазни лекари мисионери, и каде би биле лечени без лекови. Во овие установи ќе дојдат луѓе кои што врз себе навлекле болести со неправилни навики во јадењето и пиењето и затоа треба да се обезбеди едноставна, здрава и вкусна храна. Тоа не треба да биде гладување. Здравите продукти треба така да бидат комбинирани за да од нив се направат вкусни јадења. МЅ 50, 1905
- Ние сакаме да изградиме санаториум во кој болестите би се лечеле со природни средства и во кој луѓето би можеле да се поучат како самите да се лечат кога се болни, и во кој ќе се научат како умерено да јадат здрава храна и каде ќе бидат воспитани да го одбиваат секој вид на наркотици – чајот, кафето, ферментираните вина и надразнувачките средства од секој вид – и да го напуштат месото на закланите животни. МЅ 44, 1896
Одговорност на лекарот, диететичарот и болничарките
- Должност на лекарот е да се увери дека е прибавена здрава храна и дека ќе биде
подготвена така што да не создава пореметување во човечкото тело. ^еИег 112, 1909
- Лекарите треба да стражарат во молитва, сфаќајќи дека се наоѓаат на многу одговорна
положба. Тие на своите пациенти треба да им одредат храна која најдобро ќе им одговара. Таа храна треба да ја подготвува оној кој што сфаќа дека ја завзема најважната положба, пред се бидејќи е потребна добра храна за создавање на добра крв. МЅ 93, 1901
- Важен дел во обврските на болничарката е грижата за исхраната на пациентот. Не треба
да се дозволи пациентот да страда или прекумерно да ослабне поради неухранетост, но од друга страна неговите органи за варење не треба да се оптоваруваат. Треба да се води грижа храната да биде подготвена и сервирана навистина вкусно, но и разумно прилагодена на потребите на пациентот како количински така и по квалитет. (1905) МН 221
Овозможете удобност и добра волја на пациентот
- За пациентите треба да биде обезбедено изобилие на здрава, вкусна храна, подготвена и послужена уредно, така да тие не паднат во искушение да посакаат месо. Оброците можат да се претворат во средства за воспитување на здравствената реформа. Во комбинирањето на храната која што им се дава на пациентите мора да се покаже грижа. Знаењето за правилното комбинирање на храната имало голема вредност и се добива како мудрост од Бога.
Саатите за оброците треба така да бидат подесени, со цел пациентите да почувствуваат дека оние кои што се на должност во установата, работат за нивното окрепнување и оздравување. Напуштајќи ја установата тие со себеси нема да го понесат отровот на предрасудите. Ни во кој случај не смее да се иде по пат кој кај пациентите ќе создаде уверување дека времето за оброкот е утврдено со непроменливи закони.
Доколку по изоставувањето на третиот оброкот во санаториумот, видете, врз основ на резултатите, дека тоа одвратило луѓе од установата, тогаш вашата должност е јасна. Ние мораме да запаметиме дека додека за некои е подобро да земаат само два оброка, постојат други кои јадат лесна храна за секој оброк и кои сметаат дека им е потребно да изедат нешто и навечер. Треба да се зема доволно храна како мускулите би добиле сила. Мораме да запаметиме дека умот добива сила од храната која што ја јадеме. Дел од здравствено-мисионерското дело кое нашите работници во санаториумите треба да го извршат е во покажувањето на вредноста на здравата храна.
Правилно е во нашите санаториуми да не се послужуваат чај, кафе или месо. За многумина ова е голема промена и строго лишување. Да се наметнат други промени, како што е промената во
бројот на оброците во текот на денот, по својата прилика, во случајот на некои, ќе предизвика повеќе штета отколку добро. ^еКег 213, 1902
[Види “Број на оброци” во отсекот IV]
Барајте само неопходни промени во навиките и обичаите
- Оние кои што се во врска со оваа установа не смеат да заборават дека Вог сака тие да им пријдат на болните онаму каде што тие се наоѓаат. Ние треба да станеме рака која ќе му помага на Вога во изнесувањето на големите проблеми на вистината за сегашното време; ние не смееме да се обидеме непотребно да се мешаме во навиките и обичаите на оние кои во санаториумите се како пациенти или гости. Многумина од овие луѓе доаѓаат на ова повлечено место како би останале само неколку седмици. Да ги принудите за кратко време, да го променат своето време за оброците, значи да се соочите со големи непријатности. Доколку тоа го правите, вие после испитувањето ќе утврдите дека сте направиле грешка. Дознајте се што можете за навиките на пациентите, и немојте од нив да барате да ги променат своите навики, кога со промената не се добива ништо посебно.
Атмосферата во установата треба да е радосна, домашна и колку што е можно повеќе друштвена. Оние кои што доаѓаат да се лечат, треба да се чувствуваат како дома. Ненадежната промена во начинот на земањето на оброците ќе предизвика несреденост на нивниот ум. Чувството на неудобност ќе биде резултат на прекинот на нивните навики. Нивните умови ќе бидат вознемирени и тоа ќе предизвика неприродни услови кои што ќе им ги одземат благословите, кои инаку би можеле да ги добијат. Кога е потребно да се променат нивните навики, сторете го тоа внимателно и толку љубезно, за да тие во промените видат попрво благослов отколку неудобност.
Нека вашите правила бидат така доследни за да влијаат врз разумот дури и на оние кои што не се воспитани сето тоа јасно да го согледуваат. Додека настојувате во секојдневниот живот на оние кои што дошле во санаториумот да го подобрите здравјето, воведете ги начелата на вистината, кои обновуваат и преобразуваат, дозволете им да увидат дека не им се наметнуваат никакви претерани, самоволни барања. Немојте да им дадете можност да сметаат дека се приморани да одат по патот кој што не го избрале. ^еИег 213, 1902
Правете постепени промени во исхраната
- Ноќта разговарав со двајцата од вас. Требаше да ви кажам нешто во прашање на исхраната. Јас слободно разговарав со вас, велејќи ви дека треба да извршите промена на своите разбирања за исхраната кај оние кои доаѓаат во санаториумот од светот. Овие луѓе неправилно се хранеле со богата храна. Тие патат како резултат на попуштање на апетитот. Потребна е реформа во нивните навики во јадењето и пиењето. Меѓутоа, оваа реформа не може да се изврши оддеднаш. Промената мора да се изврши постепено. Здравата храна која се изнесува пред нив мора да биде вкусна. Целиот свој живот тие можеби имале три оброци на ден, а јаделе и богата храна. Важно е до овие луѓе да се допре со вистината на здравствената реформа. Меѓутоа, за да ги доведете до тоа да прифатат разумна исхрана, вие морате пред нив да изнесете изобилие на здрава храна која создава апетит.. промените не смеат да се спроведуваат така одеднаш за да тие ја напуштат здравствената реформа наместо да бидат водени кон неа. Храната која што им се служи мора да биде вкусно приготвена и побогата од која ти или јас би јаделе. . .
Јас ви го пишувам ова затоа што сум сигурна дека Господ сака да имате тактичност кога им приоѓате на луѓето таму каде што тие се наоѓаат, во својата темнина и во попуштањето на самите себеси. Што се однесува до мене лично, јас сум одлучно за проста, едноставна храна. Меѓутоа нема да биде најдобро на болните од светот, кои си попуштаат самите себеси, да им се одреди така строга храна заради која што ќе ја напуштат здравствената реформа. Тоа нема да ги убеди во потребата од промената на нивните навики во јадењето и пиењето. Изнесете им ги фактите. Воспитајте ги за да ја видат потребата од проста, едноставна храна и промената спроведете ја постепено. Дајте им време да одговорат на постапката и поуките кои што сте им ги дале. Работете и молете се и водете ги што е можно понежно.
Се сеќавам еднаш во , кога во тамошниот санатори-ум бев замолена да седнам
крај трпезата заедно со болните и да јадам, како би можела да се запознаам со нив. Тогаш видов
дека е направена сериозна грешка во подготвувањето на храната. Сето беше така смешано така што беше невкусно, а две третини од тоа би биле доволно. Сметав дека беше невозможно да го задоволам апетитот. Се обидов да заведам друг ред на нештата и сметам дека тоа помогна.
Воспитувањето да ја прати реформата
Во постапувањето со болните во нашите санаториуми мораме да расудуваме од причината до последицата. Ние мораме да запаметиме дека навиките и обичаите стекнати во текот на животот, неможат да се променат во еден момент. Со разумна готвачка и изобилно снабдување на здрава храна, реформата може добро да се спроведе. Меѓутоа, ќе биде потребно време за да тоа се спроведе. Не треба да се прави голем напор, доколку тоа навистина не е потребно. Мораме да запаметиме дека храната која што ќе биде многу вкусна за некои приврзаници на здравствената реформа, може да биде многу блуткава за оние кои што се навикнати на многу зачинети јадења. Треба во предавања да се објасни зашто реформата во исхраната е важна и да се укаже на тоа дека употребата на многу зачинета храна предизвикува запаление на чувствителната слузукожа на органите за варење. Нека се укаже на тоа затоа што ние, како народ, ги имаме променето своите навики во јадењето и пиењето. Укажете им на тоа зашто го имаме отрфлено тутунот и сите опојни пијалоци. Изнесете ги јавно и отворено начелата на здравствената реформа и според тоа нека на трпеза се изнесува изобилие на здрава храна, подготвена на вкусен начин; и Господ ќе ви помогне да укажете на итноста на реформата со цел таа да им остави длабок впечаток и ги доведе до сознание дека тоа е за нив најдобро. Ним ќе им недостасува многу зачинетата храна на која што навикнале, меѓутоа мора да се направи напор да им се даде храна која што е толку здрава и толку вкусна така што ќе престанат да чувствуваат недостаток од нездравите јадења. Укажете им на тоа дека лечењето кое што им се пружа нема да им користи, додека не извршат потребни промени на своите навики во јадењето и пиењето. ^еИег 331, 1904
- Во сите наши санаториуми треба да се обликува богато мени за болничките трпезарии. Јас не видов ништо претерано во ниту една од нашите здравствени установи; меѓутоа видов некои трпези на кои што несомнено недостасуваше добра, примамлива, вкусна храна. Често, после извесно време поминато во такви установи, болните донесуваат заклучок дека дале голема сума за соба, храна и лекување, без да примат многу за возврат, и заради тоа си заминуваат. Секако, наскоро ќе почнат да се шират големи замерки на штета на институцијата.
Две крајности
Постојат две крајности, и двете мораме да ги одбегнуваме. Нека Господ му помогне на секој кој што е во врска со нашите здравствени установи, да не застапува оскудно снабдување со храна. Мажите и жените од светот, кои доаѓаат во нашите санаториуми, често пати имаат изопачен апетит. Кај сите овие не можат да се извршат целосни промени одеднаш. Некои не можат да бидат упатени на едноставна храна веднаш според здравствената реформа, како што тоа би било можно во приватен дом. Во медицинската установа треба да се задоволат различни апетити. Некои побаруваат добро подготвено овошје, за да ги задоволат своите посебни потреби. Други не се во состојба да користат овошје, а да не претрпат последици. На некои сироти болни од слабо варење потребни им се многу зборови на охрабрување. Нека религиозното влијание на христијанскиот дом го проткајува санаториумот. Тоа ќе биде корисно за здравјето на пациентите. Сето тоа треба да се спроведува внимателно и со молитва. Господ гледа потешкотии кои што треба да се пребродат и Тој ќе биде ваш помошник. . .
Менувајте го менито
Вчера ви напишав нешто, кое што се надевам дека нема да ве збуни. Можеби сум пишувала премногу во поглед на значењето на богата исхрана во нашите санаториуми. Вев во неколку здравствени установи каде што снабдувањето со храна не беше така богато како што тоа би требало да биде. Како што ви е добро познато, во снабдување на болните ние не смееме да примениме само еден облик на исхрана, туку често мораме да го менуваме менито, приготвувајќи
ја храната на различни начини. Јас верувам дека Господ ќе ви даде добро расудување во приготвувањето на храната. ^еКег 45, 1903
- Оние кои што доаѓаат во нашите санаториуми за да се лечат треба да бидат послужени со богата и добро подготвена храна. Храната која што се изнесува пред нив мора да биде многу поразновидна отколку што тоа е потребно за еден дом. Нека храната биде таква за да остави добар впечаток врз гостите. Тоа е од големо значење. Во санаториумот ќе има повеќе гости доколку се снабдувани со богата и вкусна храна.
Често пати ги напуштав трпезите на нашиот санаториум гладна и незадоволна. Разговарав со оние кои што ги водеа установите и им кажав дека е потребно нивната храна да биде многу побогата и многу повкусна. Јас им кажав да ја искористат на најдобар можен начин својата оштроумност како би ги извршиле потребните промени. Им кажав да не заборават дека она што можеби би одговарало на вкусот на приврзаниците на здравствената реформа, нема воопшто да одговара на оние, за кои што како тоа се кажува, секогаш јаделе гурмански. Многу може да се научи од оброците подготвени и послужени во успешно водените хигиенски ресторани. . .
Одбегнувајте крајности
Доколку не му придавате повеќе важност на овој предмет, бројот на вашите корисници ќе се намали наместо да се зголемува. Постои опасност да се иде во крајности во поглед на здравствената реформа.
Минатата ноќ разговарав во сон со докторот . Јас му реков: “Ти сеуште мораш да
бидеш внимателен во поглед на крајноста во исхраната. Ти не смееш да одиш во крајност во исхраната, ниту во својот, ниту во случајот на твоите помошници и болни во санаториумот. Болните плаќаат добро и тие треба да имаат добро мени. Некои во санаториумот ќе дојдат во состојба која бара строго одрекнување на апетитот и едноставно мени, меѓутоа штом нивното здравје се подобри, тие треба богато да бидат послужувани со храна од голема вредност.
Можеби сте изненадени затоа што го пишувам ова, меѓутоа минатата ноќ добив упатство дека менувањето на начинот на исхраната ќе направи голема промена меѓу вашите болни. Потребна е многу побогата храна. ^еКег 37, 1904
- Треба да се чуваме од крајности во исхраната во нашите санаториуми. Ние не можеме да очекуваме луѓето од светот да веднаш го прифатат она што нашите верници го учеле со години. Дури и сега има многу наши проповедници кои не ја спроведуваат здравствената реформа и покрај светлината која што ја добиле. Ние не можеме да очекуваме дека оние кои што не ја разбираат потребата од умереноста во исхраната, и кои немале практично искуство во овој предмет, дека одеднаш ќе направат огромен чекор помеѓу попуштањето на себеси во јадењето и многу умерената исхрана според здравствената реформа.
Оние кои што доаѓаат во санаториумот мораат да бидат послужувани со здрава храна највкусно подготвена во согласност со вистинските начела. Ние не можеме да очекуваме од нив да живеат токму како што ние живееме. Промената би била преголема. Во нашите редови малкумина
се оние кои што живеат така умерено како што докторот мислел дека е мудро да се
живее. Промените не треба да бидат ненадејни кога болните не се подготвени за нив.
Храната која се изнесува пред нашите пациенти треба да би-де таква како би оставила најдобар впечаток врз нив. Јајцата можат да се приготвуваат на различни начини. Питата од лимон не треба да се забранува.
Многу малку се размислувало и малку сериозни напори се направени за да се направи вкусна храна од голема хранлива вредност. Ние не сакаме санаториумот да биде лишен од болни. Ние не можеме да ги одвратиме мажите и жените од нивните погрешни патишта доколку не постапуваме мудро со нив.
Најдете најдобра готвачка, и не ограничувајте ја храната така што да одговара на вкусот на малкумина кои што се строги приврзаници на здравствената реформа. Кога би се давала само таква храна, болните би почувствувале одвратност затоа што за нив таа би била невкусна. Во нашите санаториуми на тој начин не треба душите да се привлекуваат кон вистината. Нека се води
сметка за предупредувањата кои што Господ им ги дал на братот и сестрата за
крајностите во исхраната. Јас добив упатства дека докторот мора да ја промени својата
исхрана и дека треба да употребува намирници од поголема хранлива вредност. Можно е да се одбегне богато готвење, а сепак да се направи вкусна храна. Јас знам дека секоја крајност во исхраната која што се внесува во санаториумот ќе го оцрни угледот на институцијата.
Постои начин храната да се подготви и комбинира така што ќе биде здрава и хранлива. Оние кои што во нашите санаториуми се задолжени за готвење треба да знаат како тоа да го чинат. Овој предмет треба да се третира од библиска гледна точка, затоа што постои такво нешто како што е лишување на телото од потребната храна. Подготвување на храната на најдобар можен начин треба да стане наука. ^еКег 27, 1904
[Понатамошни известувања за крајности во исхраната во санаториумите – 324, 331]
Влијанието на слабите оброци или невкусната храна
- Тие мора да добијат. . . најдобар квалитет од сите видови здрава храна. Оние кои што имале обичај да му попуштаат на апетитот со употребата на раскошна храна, доколку доаѓаат на одмор и забележат кај првиот оброк сиромашна храна, веднаш во нив ќе се создаде впечаток за точноста на извештајот кој што го слушнале за адвентистите како за оние кои што живеат сиромашно и умираат од глад. Еден оброк од слаба храна повеќе ќе го сруши угледот на институцијата, отколку сиот негов напор во друг правец со кој спротивно би се делувало. Доколку ние некогаш очекуваме да се состанеме со луѓето таму каде што тие се наоѓаат и ги упатиме на разумна исхрана според здравствената реформа, ние не смееме да почнеме со изнесување на едноставна храна пред нив. На трпезата треба да се изнесат вкусно подготвени јадења и изобилно добра и вкусна храна, инаку оние кои што размислуваат толку многу за она што го јадат, ќе мислат дека сигурно ќе умрат од глад. Ние сакаме да имаме добра, вкусно подготвена храна.
^еМег 61, 1886
Месната храна не е дел на исхраната во санаториумот
- Добив упатство за употребата на месото во нашите санаториуми. Месото треба да се
исклучи од исхраната и неговото место треба да се потполни со здрава, вкусна храна, така подготвена како би создала апетит. ^еКег 37, 1904
- Брате и сестро , сакам да ви изнесам за размислување неколку точки кои што ми
беа откриени, откако прв пат се појавија потешкотии во врска со прашањето на отфрлувањето на месото од трпезите на нашите здравствени установи. . .
Добив јасно упатство од Господа дека месната храна не треба да се изнесува пред болните во трпезариите на нашите санаториуми. Ми беше дадена светлина дека болните можат да јадат месна храна доколку, откако го слушнале предавањето, сепак бараат да им се даде таква храна. Меѓутоа, во таквите случаеви, таа храна може да се користи само во нивните соби. Сите помошници треба да го напуштат месото. Меѓутоа, како што е кажано погоре, доколку по сознанието дека животинското месо не може да се служи на масите во трпезаријата, неколку болни сепак настојуваат да има месо, со расположеност дадете им го во нивните соби.
Многумина се навикнати на месна храна, и не е никакво чудо што очекуваат да ја видат послужена на трпезите во санаториумот. Можеби ќе дојдете до заклучок дека не е препорачливо да се објави менито со списокот на јадења кои се изнесуваат на трпезата, поради месната храна која е исклучена од исхраната што може да изгледа како тешка пречка за оние кои размислуваат да станат гости во санаториумите.
Нека храната се подготви вкусно и убаво се послужи. Треба да се приготват повеќе јадења отколку што тоа би било потребно кога би се послужила месна исхрана. Други нешта треба да се набават, така што месото може да се изостави. Одредени личности можат да користат млеко и павлака. ^еКег45, 1903
Да не се препорачува месната исхрана
- Добив упатства за лекарите кои употребуваат месо и го препорачуваат на други дека не треба да бидат вработени во нашите институции, затошто тие сигурно ќе згрешат во подучувањето на пациентите дека треба да го напуштат она од што заболеле. Докторот кој што употребува и
препишува месо не размислува за причините и последиците и наместо да влијае како оној кој што го обновува – враќа здравјето – тој со својот пример ги води пациентите кон попуштање на извитоперениот апетит. Докторите кој што се вработени во нашите институции треба да се борат за реформи во овој поглед како и во се друго. Мнозина болни се мачат заради грешки во исхраната. Потребно е да им се открие подобар пат. Но како може да го направи тоа лекарот кој што јаде месо? Со своите лоши навики тој ја попречува својата работа и ја осакатува својата корисност.
Мнозина болни во нашите санаториуми разумно размислувале за прашањето на јадење месо и сакајќи да ги запазат од маки своите умствени и телесни способности, тие го исфрлиле месото од својата исхрана. На тој начин тие го напуштиле злото кое ги мачело нивните животи. Мнозина кои не припаѓаат на нашата вера, станаа прврзаници на здравствената реформа затоа што заради користољубие согледале вредност во нејзиното спроведување. Дали адвентистите на седмиот ден ќе продолжат да ги следат своите нездрави навики ? Зарем нема да ја почитуваат пораката: “И така, јадете ли, пиете ли, или нешто друго правите, сето тоа правете го за слава Вожја.” (1. Коринтјаните 10:31). МЅ 64, 1901
Претпазливост во неприпишувањето на месото
- Потребно е многу да се размислува за светлината која што Бог ја дал во врска со предметот на болестите и нивните причини, затоа што мнозина ги исцрпуваат лошите навики кои се состојат во попуштањето на апетитот и во безгрижното невнимание околу водењето грижа за телото. Треба да се придржува навиката за чистота и да се води грижа за она што се става во уста.
Вие не треба да препишувате дека месото не треба никогаш да се употребува, туку треба да го воспитате умот и да му дозволите да го осветли светлина. Нека се разбуди совеста на секој поединец во поглед на чистотата и чувањето од секој изопачен апетит. . .
Потребно е да се води сметка за прашањето на јадење месо. Кога некој ќе ја замени надразнувачката, месна исхрана со овошје и зеленчук, секогаш на почетокот ќе има некое чувство на слабост и недостаток на животна сила, па мнозина го изнесуваат ова како доказ во прилог на неопходноста за употреба на месна исхрана. Меѓутоа токму тоа е вистинскиот доказ кој што треба треба да се користи во оставањето на месната храна
Оваа промена не смее да се изврши наеднаш, посебно за оние кои се оптоварени со непрекината работа. Нека се воспита совеста, нека се зајакне волјата и промената ќе се изврши со многу посилна волја и подготвено.
Туберкулозните пациенти, кои што сигурно одат во гроб, не треба да направат некои посебни промени во овој поглед, но треба да се води сметка за тоа да се добие месо од најздравите животни кои можат да се најдат.
Луѓето со тумори, чиј живот се приближува кон крајот, не треба да се заморуваат со прашањето дали треба да се напушти месото или не. Бидете претпазливи да не направите погрешна одлука во поглед на овој предмет. Нема да се има никаква корист од изнудените промени, затоа што тоа ќе нанесе штета на начелата за нејадење месо. Држете предавања. Воспитувајте го умот, но немојте никого да го присилувате, затоа што реформа извршена под притисок нема никаква вредност. . .
Потребно е да им се изнесе на сите студенти и лекари, а тие да им кажат на останатите, дека целиот животински свет помалку или повеќе е заболен. Секоја форма на болест се внесува во човечкото тело со употреба на месо од закланите животни. Слабоста која што настапува како последица на замена на месната исхрана набрзо ќе исчезне и лекарите треба да разберат дека не е потребно да се поттикнува јадењето месо како она што е неопходно за здравјете и силата. Сите кои разумно го оставаат месото, откако ќе се навикнат на промената, ќе располагаат со здрави мускули и врзно ткиво. ^еИег 54, 1896
- Докторот ме запраша дали под било кои околно-сти би советувала да се јаде
кокошкина супа, кога некој болен не би можел ништо друго да стави во желудникот. Јас му реков: “Има луѓе кои умираат од туберкулоза и ако побараат супа од пилешко, треба да ја добијат. Но јас би била мошне претпазлива.” Примерот не треба да му нанесе штета на санаториумот, ниту да биде изговор за останатите да мислат дека нивниот случај наложува иста исхрана. Ја запрашав
докторката дали таа имала таков случај во санаториумот. Таа одговори: “Не, но јас имам една сестра во санаториумот која е многу слаба. Таа често има слабо и краткотрајно губење на свеста, но таа може да јаде варено пилешко”. Јас и реков: “Најдобро би било таа се оддалечи од санаториумот. Светлината која што ми беше дадена зборува дека ако сестрата, која ти ја споменуваш, ја напрегне целата своја сила и ако го воспитува својот вкус за здрава храна, сите овие краткотрајни губења на свест ќе поминат.”
Таа ја негувала својата имагинација. Непријателот ја искористил слабоста на нејзиното тело и нејзиниот ум кој не се напрегал со својата сила во борбата против тешкотиите на секојдневниот живот. На нејзе како лек & е потребен добар, посветен ум, зголемување на верата и активна служба за Христа. На нејзе исто така потребно и е вежбање на мускулите со практична работа на отворен простор. Телесните вежби ќе бидат за неа еден од најголемите благослови во животот. Таа не треба да биде инвалид, туку жена со здрав разум и добро здравје, подготвена за разумно и добро извршување на својата работа.
Целото лечење кое што ќе и се даде на оваа сестра ќе & биде од мала корист ако таа не го изврши својот дел. Потребно е да ги зајакне своите мускули и нерви со телесна работа. Таа не треба да биде инвалид, туку треба да извршува добра и сериозна работа.
[Признавање на нужни услови – 699, 700] ^еНег 231, 1905
“Нека не се појавува”
- Се запознав со лекарите и братот , разговарав со нив околу два часа и го
тргнав бремето од својата душа. Јас им кажав дека биле искушувани и дека подлегнале на искушението. За да привлечат болни, тие би поставиле месо на трпезата и тогаш би дошле во искушение да одат и понатаму со употреба на чај, кафе и опојни средства. . . Јас им реков дека искушението ќе дојде преку оние, чија што желба за месо е задоволена и ако таквите имаат врска со домот на здравјето тие ќе бидат во искушение да ги жртвуваат своите начела. Не смее да се започне со употреба на месо. Тогаш нема да постои потреба за исфрлување на месото, затоа што тоа никогаш нема да се појави на трпезата… Веше изнесен аргумент дека сакаат да постават месо на трпезата се додека не успеат да ги воспитаат да го изостават од употреба. Меѓутоа, како што ќе доаѓаат нови пациенти, истиот изговор би ги утврдил за јадење месо. Не, нека не се појави никогаш на трпезата. Тогаш вашите предавања за проблемот на месото ќе одговараат на вестите кои што треба да ги изнесете. ^еИег 84, 1898
Служење чај, кафе и месна храна во болнички простории
- Во нашите санаториуми. . .не треба да се служи никаков чај, кафе или месна храна, освен во некои посебни случаеви, кога болниот особено тоа го сака, тогаш овие намирници треба да се служат во неговата соба. ^еКег 213, 1902
Не треба да се препишува чај, кафе и месо
- Лекарите не се вработени за да им препишуваат на своите пациенти месна храна, затоа што токму тој вид на храна ги направил болни. Варајте го Господа. Кога ќе го најдете, вие ќе станете кротки и со понизни срца. Вие лично нема да се храните со месото на закланите животни, ниту ќе ставите еден залак во устата на своите деца. Вие нема да им препишувате месо, чај или кафе на своите пациенти, туку ќе зборувате укажувајќи на нужноста за едноставната исхрана. Вие ќе исфрлите од вашето мени се што е штетно.
Лекарите кои во нашите институции ги воспитуваат со зборови и примери оние кои се наоѓаат под нивна грижа да употребуваат месна исхрана, по толку години упатства од Вога, се дисфалификуваат себеси од должноста за управување во нашите здравствени институции. Господ не ја дал светлината за здравствената реформа за да ја потценат оние кои што се наоѓаат на влијателни и угледни положби. Господ го мисли она што го кажува и Тој треба да се почитува во она што го кажува. Овие предмети треба да се расветлат. Прашањето за исхраната бара внимателно проучување и рецептите би требало да се препишуваат во склад со здравствените начела. (1896) Е. ѓгот ит. 4, 5
Алкохолни пијалоци не треба да се служат
- Ние не ѕидаме санаториуми за да станеме хотели. Примете ги во нашите санаториуми
само оние кои што сакаат да се отповикаат на вистинските начела, оние кои што ќе ја прифатат храната која што можеме со мирна совест да ја ставиме пред нив. Во случај да допуштиме пациентите да пијат опојни пијалоци во своите соби, или ако ги служиме со месо, ние и не можеме да им ја пружиме помошта која треба да ја примат со тоа што дошле во нашиот санаториум. Ние треба да ги известиме дека таквите намирници начелно ги исклучуваме од своите санаториуми и хигиенските ресторани. Зар не сакаме да ги видиме своите ближни како ослободени од болестите и немоќта уживаат во здравје и сила? Заради тоа да му бидеме верни на начелото како што магнетната игла му е верна на полот. (1902) 7Т 95
Јадења кои создаваат апетит
- Ние не можеме наеднаш да го оформиме умот на луѓето од светот кон начелата на здравствената реформа; заради тоа не треба да поставиме престроги правила во исхраната на своите болни. Кога болните од светот дојдат во санаториумот, тие мора да направат голема промена во својата исхрана, и за да ја почувствуваат колку што е можно помалку таа промена, потребно е да се воведе најдобар начин на приготвување на здрава храна и на маса да се изнесе највкусна и најпривлечна храна. . .
Оние кои што ја плаќаат храната и лечењето треба да имаат храна подготвена во највкусен облик. Причината за ова е очигледна. Кога болните се лишени од месна храна, телото чувствува промени. Се појавува чувство на слабост и тие ќе настојуваат да имаат побогата храна. Јадењата треба да бидат приготвени така што ќе бидат пријатни за окото, создавајќи апетит. ^еНег 54, 1907
Храна за болни
- За болните треба да се обезбеди богата храна. Меѓутоа, треба да се посвети внимание на подготвувањето и комбинирањето на храната за болните. Трпезата во болницата неможе да биде исто поставена како трпезата во ресторан. Голема е разликата дали храната ќе се изнесува пред здрави луѓе, кои можат да сварат речиси се што е подготвено, или за болни.
Постои опасност да се подготви многу сиромашна храна за луѓе кои тукушто дошле, а се навикнати на обилна храна која што ги поттикнала на претерано јадење. Менито треба да биде богато, но истовремено и едноставно. Јас знам дека храната може да се подготви едноставно, а сепак да биде вкусна, и да уживаат во неа дури и оние кои што навикнале на богато мени. Нека овошјето се изнесе на трпезата во изобилие. Јас се радувам што сте во состојба да ја снабдувате болничката трпеза со свежо овоше од свој овоштарник. Тоа е навистина голема предност. ^еКег
171, 1903
Воспитување за болничката трпеза
- Во приготвувањето на храна потребно е секогаш да сјаат златните зраци на светлината,
учејќи ги оние кои седат на трпеза како да живеат. Ова воспитување треба исто така да се даде и на оние кои што посетуваат здравствени одморалишта, за да можат од овде да ги понесат начелата на реформа. ^еНег 71, 1896
- Приготвувањето храна за болните во болниците налага темелно и грижливо внимание. Некои болни доаѓаат од куќи во кој секој ден трпезите им се пренатрупани со богата храна и затоа треба да се вложи голем напор пред нив да се изнесе храна која би била вкусна и здрава.
Да се препорачува здравствената реформа
Господ сака институцијата со која што вие сте поврзани да биде едно од најпријатните и најпосакуваните места на светот. Јас сакам да покажам посебна грижа и внимание кон храната за болните која што нема да го загрози здравјето а истовремено ќе даде препорака за начелата на
здравствената реформа. Ова може да се направи, а кога ќе се не направи тоа ќе остави поволен впечаток на умот кај болниот. Тоа ќе биде воспитување за нив самите, кога ќе покажеме предност на хигиенскиот живот над животот кој што тие го живееле. А кога ќе ги напуштат институциите, тие ќе понесат со себе извештај кој ќе влијае на останатите да дојдат во неа.
^еИег 73, 1905
Трпезата на помошниците
- Вие многу малку се грижите и го сметате за многу мало бреме подготвувањето редовна и обилна храна за своите работници. На нив им е потребна обилна, свежа и здрава храна. Тие се постојано оптоварени; нивната животна сила мора да се сочува. Нивните начела мораат да бидат оформени. Тие, од сите во санаториумот, треба обилно да се снабдувани со најздрава и најобилна храна која што дава сила. Трпезите на вашите помошници треба да бидат поставени не со месо, туку обилно снабдени со добро овошје, житарки и зеленчук приготвен на вкусен и здрав начин. Вашето занемарување во вршењето на овој двигател е вашиот вкупен приход кој што е скапо платен со силата и душата на вашите работници. Тоа не е по волјата Господова. Влијанието на целокупната исхрана не го препорачуваат вашите начела на оние кои ќе седнат на масата за помошни работници. ^еНег 54, 1896
Готвачката, здравствен – мисионер
- Варајте најдобра помош во готвењето која можете да ја добиете. Ако храната е приготвена така што ги оптоварува органите за варење, тогаш бидете сигурни дека е потребно испитување. Храната може да се подготви така што ќе биде здрава и вкусна. ^еКег 100, 1903
- Готвачот во санаториумот треба да биде потполно согласен со здравствената реформа. Човекот не е обратен се додека неговиот апетит и исхрана не соодветствуваат на неговото исповедање на верата. Готвачот во санаториумот треба да биде добро обучен здравствен – мисионер. Тој треба да е способна личност, која што е во во состојба самостојно да врши прегледи. Тој не треба да се ограничува со рецептите. Господ не љуби и Тој не сака да си наштетите себеси користејќи нездрави рецепти.
Во секој санаториум ќе има по некој кој што ќе се жали за храната говорејќи дека не му се допаѓа. На таквите им е потребно знаење дека нездравата храна предизвикува зло. Како може мозокот да биде бистар, кога желудникот се мачи? МЅ 93, 1901
- Во нашите санаториуми готвачот треба да биде оној кој што потполно ја разбира работата,
некој кој што има добро расудување, кој може да експериментира, и кој нема да ги внесува во храната оние состојки кој треба да се избегнуваат. ^еИег 37, 1901
- Имате ли готвач кој знае да подготви такво јадење така што болните ќе увидат дека тоа
јадење е подобро од онаа храна на која што се навикнале? Оној кој што готви во санаториумот треба да е во состојба да направи здрава, вкусна комбинација на храна, а сите тие комбинации мораат да бидат нешто побогати од она што вие и јас би го јаделе. ^еИег 331, 1904
- Оној кој што се наоѓа на положба готвач има најодговорно место. Тој треба да знае да штеди и треба да разбере дека никаква храна не треба да се фрли. Христос вели: “Соберете ги остатоците и ништо да биде загубено.” Нека оние кои што се вработени во било кое одделение ги следат овие упатства. На штедење треба да се научат и воспитувачите и помошниците и тоа не само на зборови туку и со пример. МЅ 88, 1901