Исхраната разумен лек

Сподели го ова:

 

Лековити средства од природата

  1. Важно е да се спознае корисноста на исхраната во случај на болест. Сите треба да знаат

што треба да направат за себе.     МЅ 86, 1897

  1. Постојат многу начини да се спроведат во дело вештините на лечење; но постои само еден начин кој Небото го одобрува. Божјите лекови се едноставни, природни средства кои нема да го оптоварат или онеспособат телото со своите силни својства. Чист воздух и вода, чистота и правилна исхрана, чистота на животот и цврста доверба во Вога се лекови поради недостаток на кои мнозина умираат. Меѓутоа, овие лекови излегуваат од употреба затоа што нивната неправилна примена наметнува работа која што луѓето не ја ценат. Свеж воздух, вежби, чиста вода и чисти, убави простории, со малку трошоци достапни се за секого, додека лековите се скапи, како заради издвојување на парични средства, така и заради влијанието што го имаат врз телото. (1885) 5Т 443
  1. Чистиот воздух, сончевата светлина, умереноста, одморот, вежбите, правилната исхрана, употребата на вода и довербата во божествената сила – се вистинските лекови. Секој треба да има извесно знаење за природните, лековити средства и нивната примена. Неопходно е како разбирање на начелото, кое се применува во лечување на болни, така и практичното обучување, кое што ќе го оспособи човекот правилно да го употребува ова знаење.

Употребата на природи лекови наложува голема грижа и напор кои мнозина не се расположени да го направат. Природниот тек на лечење и закрепнување е постепен, меѓутоа за нетрпеливиот изгледа спор. Откажувањето од штетното попуштање бара жртва. Меѓутоа, на крајот ќе се покаже дека кога природата не е потисната, си ја врши својата работа мудро и добро. Оние кои што ќе истраат во послушноста на нејзините закони ќе пожнеат награда во телесното и душевното здравје. (1905) МН 127

  1. Лекарите често им советуваат на болните да посетат некој дел од земјата, да отидат на некој извор со минерална вода или да прејдат преку океанот за да си го вратат здравјето. Кога тие во девет од десет случаи, би јаделе умерено и чинеле здрави вежби со радосен дух, би го вратиле здравјето штедејќи време и пари. Вежбите, слободно и обилно користење на воздухот и сончевата светлина – благословите кои Небото ги излило врз сите – ќе му даде во многу случаи, живот и сила на исцрпениот болен. (1890) с.т.в.н. 160

Нешто што можеме да направиме за себе

  1. Во врска со тоа што можеме да го направиме за себеси, постои една точка која што бара грижлива и мудра анализа.

Јас треба да се спознаам самиот себеси, јас секогаш треба да бидам ученик кој што учи како да води грижа за оваа зграда, за своето тело кое Вог ми го дал, да можам да го запазам во најдобра здравствена состојба. Морам да го јадам она што ќе биде најдобро за моето тело, и морам посебно да се грижам моето облекување да биде такво за да овозможи здрав крвоток. Јас нема да се лишувам себе си од вежби и воздух. Морам да добијам што повеќе сончева светлина. Морам да имам мудрост за да бидам верен чувар на своето тело.

Јас ќе постапам непромислена доколку влезам испотен во студена соба; ќе се покажам како немудар чувар ако си допуштам себеси да седам на провев и така да се изложам на настинка. Нема да бидам мудар ако седам со студени нозе и раце и на тој начин ја враќам крвта од екстремитетите во мозокот или внатрешните органи. Секогаш треба да ги заштитам своите нозе од влажно време. Треба редовно да се хранам со најздрава храна која што ќе даде крв со најздрав квалитет, нема да работам неумерено ако е во моја власт тоа да го одбегнам. А кога ќе ги прекршам законите кои што Вог ги воспоставил во моето битие, ја треба се покајам и извршам реформа, воспоставувајќи најповолна состојба под влијание на лекарите, кои што Вог ги обезбедил, како што е чистиот воздух, чистата вода, и исцелувачката и драгоцена светлина.

Водата може да се користи на многу начини во олеснување на страдањата. Малку бистра, топла вода која што се зема пред јадење (околу половина литар) нема никогаш да наштети, туку ќе придонесе за добро. ^еКег 35, 1890

Вера и правилното јадење и пиење

  1. Нека оние кои што се болни направат се што е во нивна моќ, со правилно јадење, пиење, облекување и вршење корисни вежби да си обезбедат враќање на здравјето. “Вие сте Вожја нива, Вожја зграда” (1. Коринтјаните 3:9). Вог ги создал нервите и мускулите за да можат да се користат. Неактивниот човечки организам донесува страдање и болести. ^еНег 5, 1904
  2. Оние кои што ги лекуваат болните треба да појдат напред во овој важен дел со силно потпирање во Вога, за Неговиот благослов да ги прати средствата кои што Тој милостиво ги дал и кон кои во својата милост Тој го повикал нашето внимание, како што се: чистиот воздух, чистотата, здравата исхрана, правилните временски растојанија за работа и одмор и употребата на водата.

1Т 561, 1867

Разумни лекови во санаториумите

  1. Светлината, која што ја добив, зборува за тоа дека треба да се изгради санаториум во кој

треба да се изостави лечењето со лекови, а за лечење на болести треба да се применат едноставни, разумни методи на лечење. Во овие институции народот треба да се поучува како правилно да се облекува, дише и јаде и како да се спречат болестите преку правилни животни навики.    ^еНег 79, 1905)

  1. Ние во нашите санаториуми застапуваме употреба на едноставни лекови. Одвраќаме од употреба на лекови, затоа што го трујат крвотокот. Во овие институции треба да се дадат јасни упатства како да се јаде, како да се спие, како да се облекува и како да се живее така што ќе се запази здравјето. мѕ 49, 1908
  2. Прашањето за здравствената реформа не е поттикнато онака како што треба да биде.

Едноставната храна, потполното одсуство на лекови и давање слобода на природата да ја обнови изгубената сила на телото, и би ги направиле нашите санаториуми многу поуспешни во враќањето на здравјето на болните.          ^еКег 73а, 1896

Исхраната како лек

  1. Попуштањето на честите земања големи количества храна, ги оптоварува органите за варење и предизвикува алармантна состојба на телото. Крвта станува нечиста и тогаш настануваат болести од разни видови. Лекарот може да биде повикан да определи некој лек со краткотрајно дејство, но кој што не ја лечи болеста. Тој може да го промени обликот на болеста, но вистинското зло десетпати ќе се зголеми. Природата направила се што може да го ослободи телото од насобраната нечистотија и кога би била препуштена сама на себеси, потпомогната со општите благослови на Небото, како што се чистиот воздух и чистата вода, би било постигнато брзо и сигурно излекување.

Волните во такви случаеви можат да направат сами за себе она што другите неможат да направат за нив така добро. Тие треба да започнат со ослободување на бремето кој & го нанеле на природата. Тие треба да ја отстранат причината. Постете кратко време и дајте му на желудникот можност за одмор. Намалете ја лошата состојба на телото со внимателна и разумна примена на вода. Овие напори ќе и помогнат на природата во нејзината борба да го ослободи организмот од нечистотиите. Меѓутоа, воопшто земено, личностите кои што трпат болки стануваат нетрпеливи. Тие не се расположени да прифатат самооткажување и малку да трпат глад…

Употребата на вода може малку да помогне, ако болниот не чувствува потреба строго да се придржува кон својата исхрана.

Мнозина живеат кршејќи ги законите на здравјето, незнаејќи за односот помеѓу сопственото здравје и своите навики во јадењето, пиењето и работата. Тие нема да се издигнат до своите

вистински можности се додека природата се побунува против злоупотреба заради која се поднесуваат болки и телесни маки.

Ако дури и тогаш, кога оние кои што се мачат, почнат правилно да постапуваат и доколку се придржуваат за едноставните средства кои ги занемариле – употреба на вода и правилна исхрана – природата ќе ја добие токму онаа помош која што & е потребна и која што требало да ја добие многу порано. Ако овој начин на живот се прифати, болниот во повеќето случаи ќе оздраве без последици.            (1864) Ѕр. О^Пѕ IV, 133-135

  1. Неумереното јадење често пати е причина за болеста, и тоа што на телото му е

најпотребно е да се ослободи од непотребното бреме кое што е ставено на него. Во многу случаеви на болест, најефикасен лек за болниот е да тој изостави оброк или два за да на преморените органи за варање им овозможи можност за одмор. На оние кои работат претежно со умот, големо олеснување често пати им донела овошна исхрана во период од неколку дена. Многу пати краток период на целосно воздржување од храна, проследена со умерено земање на едноставна храна, благодарение на напорите на самата природа довело до целосно оздравување. Намалувањето на храната која што се јаде за месец или два би уверило многу страдалници дека патот на самооткажувањето е патот до здравјето. (1905) МН 235

Строгата умереност – лек за болеста

  1. Кога некој лекар ќе види дека болниот се мачи од болест која што е предизвикана од

неправилно јадење и пиење или од други лоши навики, па изостави да му каже, тој му нанесува штета на својот ближен. Пијаниците, манијаците и сите оние кои што му се предале на развратот, сите ги повикуваат лекарите да изјават дека страдањата се последица на гревот. Оние кои што ги разбираат животните критериуми, треба сериозно да се трудат во борбата против причините на болестите. Како лекарот може да го запази својот мир кога гледа непрекината борба со болка и постојано работи на отстранување на истата? Дали е тој добротворец и милостив ако не поучува дека строгата умереност е лек против болестите?     (1905) МН 114

Потребна е најдобра храна

  1. Лекарите треба да стражарат на молитва, разбирајќи дека се наоѓаат во положба на

голема одговорност. Тие треба да им ја препишат на своите болни храната која што најдобро им одговара. Оваа храна би требало да ја подготвува оној кој што е свесен дека зазема најважна положба, затоа што за создавање на добра крв е потребна добра храна.     МЅ 93, 1901

[Маслинките како лаксатив – 614, 615]

[Лекувачката вредност на јајцата – 628, 629, 631]

Сподели го ова:

Слични објави