Исхрана за време на бременоста

Сподели го ова:

Влијанија пред раѓањето

  1. Многу родители гледаат на последиците на влијанијата пред раѓањето како на безначајна појава, меѓутоа небото на тоа не гледа така. Пораката донесена од Господов ангел и повторена два пати, покажува дека таа го заслужува нашето најголемо внимание.

Во зборовите упатени до оваа еврејска мајка, Господ им се обратил на сите мајки од секое време. “Нека се чува”, рекол ангелот; “и да внимава на се што & заповедав.” Влагосостојбата на детето ќе биде погодена од навиките на мајката. Нејзините апетити и страсти треба да бидат контролирани од принципите. Постои нешто од кое мора да се одвратува, нешто против кое мора да се бори, доколку верува дека Вог ја исполнува Својата намера со неа во тоа што & дал дете. Ако таа си попушта себеси пред раѓањето на детето, ако е себична, нетрпелива и полна со барања – овие црти ќе се одразат во наклонетостите на детето. На тој начин уште при раѓањето многу деца наследиле речиси непобедливи наклонетости кон злото.

Но доколку мајката непоколебливо се држи до добрите принципи, ако е умерена и пожртвувана, ако е љубезна, пријатна и несебична, таа може да ги пренесе овие скапоцени карактерни црти на своето дете. Заповедта која на мајката & забранува употреба на вино е многу јасна. Секоја капка жесток пијалак што таа ќе ја земе за да го задоволи апетитот го загрозува физичкото, менталното и моралното здравје на нејзиното дете и претставува директен грев против Создателот.

Има многу советници кои тврдат дека секоја желба на идната мајка треба да биде задоволена; односно, дека доколку таа посака некој прехрамбен артикл, без оглед колку е штетен, треба да & се дозволи слободно да ужива во него. Ваквиот совет е лажен и злонамерен. Физичките потреби на идната мајка не смеат во никој случај да бидат запоставени. Од неа зависат два живота и треба да имаме нежно разбирање за нејзините желби и великодушно да ги исполнуваме нејзините потреби. Но во овој период, повеќе од било кога, таа треба да одбегнува, во исхраната и во се друго, се што може да ги ослабне физичките или ментални сили. Со заповед од самиот Вог, нејзе & е наложена најсвета обврска да пројавува самоконтрола.        (1905) МН 372, 373

  1. Кога Вог сакал да го подигне Самсон како ослободител на својот народ, Тој и дал налог на мајката како да живее пред раѓањето на своето дете. Истата забрана требало од самиот почеток да се однесува и на детето, затоа што тоа како назиреј требало да биде посветено на Вога од своето раѓање.

Вожјиот ангел и се јавил на Маноевата жена и ја известил дека ќе има син; и во светлина на тоа и дал важни упатства: “Туку сега чувај се, те молам, и не пиј вино ниту жесток пијалок, и да не јадеш ништо нечисто.”

Вог имал важна работа за ветеното Маноево дете и било потребно да му се обезбедат способности кои биле потребни за тоа дело, така да навиките на мајката и детето морале да бидат така грижливо одредени. “Затоа сега не пиј вино ниту жесток појалок,” било упатство за жената на Маное, “и не јади ништо нечисто; се што сум и заповедал нека држи.” Навиките на мајката ќе

влијаат врз детето за добро или лошо. Таа сама мора да се управува по начелата, и мора да се придржува до умереност и самоодрекнување, доколку сака напредок за своето дете.

(1890) С.Т.В.Н. 37, 38

“Нека се чува!”

  1. Зборовите изговорени до Маноевата жена содржат вистина која би била добро денешните мајки да ја проучуваат. Зборувајќи и на оваа мајка, Господ зборуваше до сите загрижени и жалосни мајки на генерациите кои што доаѓале. Да, секоја мајка може да ја разбере својата должност. Таа би требало да знае дека карактерот на своите деца повеќе зависи од нејзините навики пред нивното раѓање и нејзините лични напори после нивното раѓање, отколку од надворешните предности или неповолности.

“Нека се чува,” рекол ангелот. Нека стои подготвена да се спротивстави на искушението. Со нејзините апетит и страсти треба да владее начелото. На секоја мајка може да & се каже: “Нека се чува!” Постои нешто од кое мора да се одвратува, нешто против кое мора да се бори, доколку верува дека Вог ја исполнува Својата намера со неа во тоа што & дал дете. . .

Мајката, која што е подготвен учител на своите деца, мора пред нивното раѓање, да создаде навика на самоодрекнување и самоконтрола, затоа што она ќе им ги предаде своите особини, своите цврсти или слаби црти на карактерот. Непријателот на душите го разбира тој предмет многу повеќе отколку многу родители. Тој ќе ја доведе мајката во искушение, знаејќи дека доколку таа не му се спротивстави, може преку неа да делува на нејзиното дете. Вог е единствена надеж на мајката. Таа може да прибегне кон Него за благодат и сила. Таа нема да бара сила напразно. Таа ќе се оспособи да им ги пренесе на своето потомство карактеристиките кои што ќе му помогне да постигне успех во овој живот и да задобие вечен живот.      Ѕ^дпѕ, РеР. 26, 1902

Да не му се предаде на апетитот

  1. Вообичаена грешка се чини обично кога не се прави промена во животот на мајката пред раѓање на децата. Во овој значаен период, работата на мајката треба да биде олесната. Во нејзиното тело се случуваат големи промени. Тоа побарува поголемо количество на крв а заради тоа и зголемување на количеството на најдобра храна која што би се претворила во крв. Доколку нема во изобилие добра и здрава, таа нема да може да ја одржи телесната сила и нејзиното потомство е лишено од виталност. Нејзиното облекување исто така бара внимание. Треба да се обрати внимание на заштитата на телото од ладното. Таа не смее непотребно да ја троши животната сила како би го надоместила недостатокот од доволно облекување. Доколку мајката е лишена од обилна и здрава храна од голема вредност, таа нема да има доволно количество и добар квалитет на крв. Нејзниот крвоток ќе биде слаб, а и на нејзиното дете ќе и недостасува исто така. Нејзиното потомство ќе биде неспособно да земе храна која подоцна би ја претворила во добра крв која ќе го храни телото. Напредокот на мајката и детето многу зависат од добрата, топла облека и од земањето на квалитетна храна. Мора однапред да се размислува и грижи за вонредните напори пред кои се наоѓа животната сила на мајката.

Меѓутоа, од друга страна, мислењето дека заради тоа што жената се наоѓа во посебна состојба, може да се предаде на апетитот е грешка која почива на обичај, а не врз здравиот разум. Апетитот на жената во оваа состојба може да се менува, да биде непостојан и тешко удовилив, меѓутоа обичајот и дозволува да зема се што ќе замисли, не советувајќи се со разумот за тоа дали оваа храна може да го снабдува нејзиното тело со хранливи состојки, овозможувајќи раст на нејзиното дете. Храната треба да има голема хранлива вредност, меѓутоа не смее да биде од надразнувачки карактер. Обичајот дозволува да & се даде доколку посакува месо, туршија, зачинета храна или пита со месо, затоа што апетит мора да се послуша. Тоа е голема грешка која што нанесува многу штета која не може да се процени. Доколку некогаш била потребна едноставност во исхраната и посебна грижа за квалитетот на храната која што се јаде, тоа е тогаш во овој значаен период.

Жените кои што поседуваат начела, и кои што се добро упатени, нема да ја отфрлат едноставноста во исхраната во ова посебно време. Тие ќе сфатат дека од нив зависи уште еден живот и ќе бидат внимателни во сите свои навики, а посебно во исхраната. Таа не треба да го јаде

она што не е хранливо и што надразнува само затоа што е вкусно. Постојат премногу советници кои се подготвени да ги убедат да го сторат она што нивниот разум им вели да не треба да го чинат.

Затоа што родителите му попуштале на апетитот се раѓаат болни деца. Телото не ја барало таа разновидност во исхраната за која што умот размислува. Голема грешка е, која што христијанките треба да ја отфрлат, дека она што се има на ум, мора да биде и во желудникот. На имагинацијата не треба да и се дозволи да владее со желбите на телото. Оние кои што дозволуваат вкусот да господари, ќе ја сносат казната заради престапот на законот на своето тело. Меѓутоа тоа нема да се заврши само на тоа; нивното невино потомство исто така ќе страда.

Органите кои што создаваат крв не можат да ги претворат зачините, питите со месо, туршијата или болното месо во добра крв. Доколку се внесува многу храна во желудникот, така да органите за варење се приморани да работат претерано за да ја сварат истата и ослободат телото од надразнувачките состојки, мајката си нанесува неправда на себеси и полага темел на болест врз своето потомство. Доколку одбира да го јаде она што и се допаѓа и она што ќе замисли, без оглед на последиците, таа ќе сноси казна, меѓутоа не сама. Нејзиното невино дете мора да страда заради нејзината непромисленост. (1870) 2Т 381-383

Последици од претерана работа и слаба исхрана

  1. Во многу случаеви на мајката, пред раѓањето на децата, и се дозволува да работи тешки работи од рано утро до доцна вечер, така ја загрева својата крв. . . Нејзината сила треба внимателно да се чува . . . Нејзините бремиња и грижи ретко се намалени и овој период кој што пред се, треба да биде време за одмор, за нејзе е време на замор, жалост и тмурност. Со преголеми напори од своја страна, таа го лишува своето потомство од онаа храна за која природата се погрижила и загревајќи ја својата крв, му дава на своето наследство крв од слаб квалитет. Потомството е лишено од животните, телесните и умните сили.

(1865) Н. ѓо Ц, СЃ1.2, рр. 33, 34

  1. Мене ми беше покажан начинот на животот на В. во неговото семејство. Тој беше строг и властољубив. Тој ја прифатил здравствената реформа која што ја застапувал братот Ц. и како и тој, одел во крајности по ова прашање; заради тоа што немал урамнотежен ум, направил страшна грешка, чиишто резултат времето нема да го избрише. Потпомогнат со артикли собрани од книги, почнал да спроведува теорија која што ја застапувал братот Ц. и како и тој, укажувал на сите нешта со стандардите кои што сам ги поставил. Своето семејство го потчинил на тие строги правила, меѓутоа пропуштил да ги контролира своите животински наклонетости. Тој пропуштил самиот себеси да се доведе во хармонија со мерилото и да го потчини своето тело. Кога би имал целосно знаење за системот на здравствената реформа, тој би знаел дека неговата сопруга не е во состојба да раѓа здрави деца. Неговите нескротени страсти претежнале без расудување за причината и последицата.

Пред раѓањето на своите деца, тој не постапувал со сопругата онака како што требало да постапува со жена во таква состојба . . . Тој не обезбедил количество и квалитет на храна која била потребна за да се хранат два живота наместо еден. Друг живот зависел од нејзиниот, а нејзиниот организам не примил добра и здрава храна неопходна за одржување на нејзината сила. Ни количински ниту квалитетно тоа не било доволно. Нејзиното тело побарувало промена, разновидност и квалитет на храна која би била хранлива. Нејзините деца се родени со слаби органи за варење и слаба крв. Од храната со која како мајка била приморана да се храни, не можела да создаде добар квалитет на крв и затоа раѓала неурамнотежени деца. (1870) 2Т 378, 379

Сподели го ова:

Слични објави