Млеко и шеќер

Сподели го ова:
  1. Сега во врска со млекото и шеќерот: познавам личности кои што се исплашиле од здравствената реформа и рекле дека несакаат да имаат ништо заедничко со неа затоашто таа говори против употребата на овие намирници. Промените треба грижливо да се извршат; и ние треба трезвено и мудро да работиме. Ние сакаме да одиме по оној пат кој што сам по себе ќе се препорача на интелигентни луѓе и жени. Големото количество на млеко и шеќер се штетни кога се јадат заедно. Тие создаваат нечистотија во телото. Животните од кои се добива млекото честопати не се здрави. Тие можат да бидат болни. Кравата на изглед може да биде здрава наутро, но вечерта може да угине. Дко е така тогаш таа била болна утрото, па и нејзиното млеко било болно, но вие тоа не го знаете. Животинскиот свет е болен. Месото е болно. Кога би знаеле дека животните се беспрекорно здрави, јас би му препорачала на народот попрво да јаде месо, отколку големо количество на млеко и шеќер. Тоа не би наштетило толку многу колку што му штетат млекото и шеќерот. Шеќерот му пречи на телото. Тој ја попречува работата на организмот.

(1870) 2Т 368, 369

  1. Честопати седам на трпеза со браќа и сестри и гледам дека тие употребуваат големи количества на млеко и шеќер. Тоа му пречи на телото, ги надразнува органите за варење и му штети на мозокот. (1870) 2Т 370

[За контекст види – 527]

  1. Некои употребуваат млеко и големи количества шеќер со качамак, мислејќи дека

спроведуваат здравствена реформа. Меѓутоа, помешаните шеќер и млеко предизвикуваат вриење во стомакот па заради тоа се штетни.           (1890) СН 154

  1. Посебно се штетни преливите и пудинзите во кои што главни состојки се млекото, јајцата и шеќерот. Обилно употребување на млеко и шеќер заедно, треба да се одбегнува. (1905) МН 302

[Сладолед – 530, 540]

[Колачи кои што се јадат со млеко или павлака – 552]

Сподели го ова:

Слични објави