Сирење (превриено или зрело)
Неподобно за исхрана
- Сирењето никогаш не би требало да се внесува во стомакот. (1868) 2Т 68
- Путерот е помалку штетен кога се јаде намачкан на ладен леб отколку кога се готви со
него; но, по правило, најдобро е воопшто да не се употребува. Сирењето е уште поштетно; тоа е сосема неподобно за исхрана. (1905) МН 302
- Многу мајки поставуваат трпеза која е стапица за нивните семејства. Меса, путер, сирење, богати тестенини, зачинети јадења и слатки со кои слободно се служат и старите и младите. Овие продукти ја вршат својата работа во оптеретувањето на желудникот, ги надразнуваат нервите и го заслабнуваат интелектот. Органите кои ја произведуваат крвта не можат овие придукти да ги претворат во добра крв. Маснотијата со која се подготвуваат јадењата ги прави истите тешки за варење. Влијанието на сирењето е штетно. (1890) СН 114
- На децата им се дозволува да јадат месо,. Зачини, путер, сирење, свинско, богати
тестенини и слатки. Исто така им се дозволува да јадат нередовно и меѓу оброците создадени од нездрава храна. Сето ова го оптеретува желудникот, ги надразнува нервите за неприродни реакции и го намалува интелектот. Родителите не се свесни дека сеат семе кое ќе роди болести и СМрт. (1873) 3Т 136
- Кога го отпочнавме состанокот во Нора, Илиноис, јас чувствував дека сум должна да ставам некои забелешки во поглед на она што го јадеа. Се надоврзав на несреќното искуство на одредени луѓе од Марион и им реков дека ги обвинив за непотребните подготовки направени за
состанокот и непотребното јадење кое се подготвуваше за време на состаноците. Некои донесоа сирење на состанокот и го јадеа; иако непревриено, тоа е сепак премногу силно за желудникот и никогаш не би требало да влезе во него. Р. & н., Ји1у 19, 1870
- Веше одлучено дека на еден состанок нема да се продава сирење на оние кои беа дојдени на состанокот; Но, доаѓајќи на местото на состанокот, др. Келог забележал дека во бакалницата имаше донесено големи количества сирење. Тој и уште некои приговараа на тоа, но луѓето задолжени за бакалницата одговорија дека сирењето било набавено со дозвола од братот
и дека не можат да си дозволат да ги загубат парите вложни во него. Тогаш, др. Келог
праша за цената на сирењето и го купи целото. Тој ја испитал целата работа од причините до последиците и знаеше дека некои јадења за кои вообичаено се мисли дека се здрави, всушност се мошне штетни. ^еИег 40, 1893
[Продавање на сирењето на местото на соборите – 529]
Обичајот на сестра Вајт
- Во врска со сирењето, сега сум мошне уверена дека не сме го купувале ниту пак
изнесувале на нашата трпеза веќе со години. Никогаш не мислиме да го внесеме сирењето во нашата исхрана, а уште помалку да го купиме. ^еКег 1, 1873
[Сирењето не беше користено од страна на Елена Вајт – Додаток 1:21]