Глава 17 Наследство и опкружување

Сподели го ова:

Моќта на наследството. Имајте ги предвид законите на наследувањето, влијанието на лошото друштво и околината, како и силата на лошите навики. Треба ли тогаш да се чудиме што мнозина се унижени поради таквите влијанија? Треба ли да се чудиме што тие така бавно одговараат на напорите вложени за нивно воздигнување?

Децата често наследуваат склоности. По правило, децата ги наследуваат склоностите и стремежите на своите родители и го следат нивниот пример; така гревовите на родителите се повторуваат кај децата од поколение во поколение. Така и Хамовото непочитување и нискост се повторувапе во неговото потомство донесувајќи им проклетство во текот на многу поколенија…

Од друга страна, колку богато било наградено Симовото внимание кон татка си и колкава низа истакнати свети луѓе се појавуваат во неговото потомство.

Мајките треба да се информираат за законите на наследство. Воминатите генерации, доколку мајките би се информирале во однос на законите за своето битие, би разбрале дека силата на нивниот скпоп, како и моралната финост и менталната способност во голема мерка би се покажале на нивните потомства. Нивното незнаење во однос на овој предмет, во кој е толку многу вкпучено, претставува криминал.

Болеста пренесена од родителите на децата. Откако паднал, човечкиот род од поколение во поколение покажува се поголема склоност кон паѓање, а болестите од род во род се пренесуваат од родителите на децата. Дури и новороденчињата во лулките страдаат од неволји предизвикани од гревот на нивните родители.

Мојсеј, првиот историчар, дава сосем одреден извештај за животот на општеството и поединецот во првиот период од историјата на светот; меѓутоа, никаде не наоѓаме запис дека некое дете се родило слепо, глуво, сакато или малоумно. Не е забележан ниту еден случај на природна смрт на новороденче, на дете во период на развој или на човек во млади години… Било ретко синот да умре пред таткото, па еден таков случај се сметал за толку исклучителен што било потребно да се забележи: „И Аран умре пред таткото свој Тара.“ Патријарсите од Адама до Ное, со неколку искпучоци, живееле скоро по илјада години. Оттогаш, просечната должина на човековиот век постојано се намалувала.

Во времето на првото Христово доаѓање човештвото веќе толку се дегенерирало така што од градовите биле доведувани кај Спасителот не само стари, туку и средовечни и млади луѓе, да ги лекува од нивните болести.

Децата мора да ги одбегнуваат лошите навики на родителите. – Болеста никогаш не доаѓа без причина. Непочитувањето на здравствените закони ја поканува болеста и го подготвува патот за неа. Мнозина страдаат како последица на престапите на нивните родители. Иако тие не се одговорни за она што го правеле нивните родители, тоа воопшто не ја намалува нивната должност да знаат што е, а што не е престапување на здравствените закони. Тие треба да ги одбегнуваат погрешните навики на своите родители и да настојуваат да се доведат себеси во подобра положба со правилен начин на живот.

Гревовите на претците го исполнуваат светот со болест. Нашите претци ни оставиле навики и страсти кои го исполнуваат светот со болести. Гревовите на родителите, преку расипаните желби, со страшна сила се пренесуваат на децата до третото и четвртото колено. Лошата исхрана на многуте генерации, глутонијата и навиките на самопопуштање на тие луѓе, ги наполниле нашите домови за сираци, нашите затвори, нашите лудници. Неумереноста во пиењето на кафе и чај, вино, пиво, рум и бренди како и употребата на тутун, опиум и други наркотици, резултирале со голема ментална и физичка дегенерација која е во постојан пораст.

Наследена потреба за апкохол. За некои личности не е никако безбедно да имаат вино или ракија во домот. Тие ја наследиле желбата за алкохол која сатаната постојано им ја наметнува. Ако му попуштатна искушението, нема да сопрат, затоа што апетитот гласно бара попуштање и задоволство се до нивна пропаст. Мозокот е парализиран и помрачен; разумот повеќе не владее, а тие се заробеници на страстите.

Злото од употреба на тутунот преоѓа на децата. Употребата на тутунот направила неискажана штета меѓу децата и младите. Денешните деца и младинци се погодени од нездравите навики на минатите генерации. Наследството што овие родители им го пренесуваат на своите деца се ментална неспособност, физичка слабост, растроени нерви и неприродни желби. И децата продолжуваат со истата практика која кај нив ги зголемува веќе постоечките резултати. Токму тука се кријат голем дел од причините за физичко, ментално и морално пропаѓање кое веќе зазема алармантни размери.

Децата наследуваат склоност. Децата наследуват скпоност кон злото, но исто така имаат многу добри црти на карактерот. Тие треба да се јакнат и развиват, додека тенденцијата кон злото треба внимателно да се сузбие и потисне. На децата никогаш не треба да им се ласка, затоа што ласкањето е отров за нив; но родителите мораат да покажат посветен, нежен обѕир кон нив, за да ја здобијат нивната доверба и љубов.

Прикладни зборови на пофалби. Секогаш кога мајката може да упати пофални зборови за добро владеење на своите деца, тоа треба и да го направи. Таа треба да ги охрабрува со зборови на одобрување и погледи на љубов. Тоа ќе биде како сончева светлина врз детското срце и ќе води кон култивација на самопочитување и самосвесност на карактерот.

Избувливоста понекогаш се наследува. Некои имаат избувлив темперамент кој им е пренесен, и воспитувањето во детството не ги научило на самоконтрола. Со оваа избувлива навика, често се здружуваат зависта и љубомората.

Сатаната користи предност над наследените слабости. Ние не можеме со своја сила да му се спротивставиме на бучното негодување на нашата падната природа. Низ овој канал сатаната ќе доведува искушение врз нас. Христос знаел дека непријателот ќе дојде кај секое човечко суштество да ги искористи наследните слабости и со своите лажни инсинуации да ги фати во стапица оние што немаат доверба во Бога. Со тоа што поминал низ патеката низ која мора да оди човекот, нашиот Господ ни го подготвил патот да победиме. Не е Негова волја да се најдеме во неповолна положба во судирот со сатаната… „Не бојте се“ вели Тој, „зашто јас го победив светот“ Јован 16:33).

Обраќањето ги менува наследените склоности. Вистинското обраќање ги менува наследените и култивираните склоности кон злото. Божјата вера е цврст материјал, составен од безбројни конци и е проткаен со тактичност и вештина. Само мудроста која доаѓа од Бога може да го направи целосен тој материјал. Има многу платно кое на почетокот убаво изгледа, но тоа не може да ја издржи пробата. Тие се одперуваат. Боите не се постојани. Под летната топлина тие избледуваат и се губат. Таа облека не може да поднесе грубо ракување.

Не мораме да бидеме заробеници на наследството. Прашањето кое треба да се разгледа гласи: имаме ли Христови особини? Изговорите се безвредни. Сите околности, сите желби и страсти, мораат да бидат слуги на богабојазливиот човек, а не да владеаат со него. Христијанинот не мора да биде заробеник на нечие наследство или култивирана навика или склоности.

Ангел ите помагаат во борбата со секој вид на склоност. Ангелите секогаш се присутни онаму каде се најмногу потребни. Тие се со оние кои мораат да се изборат со најтешките борби, со оние кои мораат да се борат против склоностите и наследството, чиешто опкружување е најмалку охрабрувачко.

Верата ги чисти наследените мани. Оние кои со јасни разбирања за Светото Писмо го набљудуваат крстот, кои вистински веруваат во Исус, имаат сигурен темел за својата вера. Тие ја имаат онаа вера која работи низ љубовта и ја чисти душата од сите наследени и стекнати мани.

Далекодостижни последици на опкружувањето. Ние живееме во атмосфера на сатанска сила. Непријателот ќе исплете мрежа на разузданост околу секоја душа која не е заклонета со Христовата благодат; но ако се чуваме од непријателот и одржуваме самоконтрола и чистота, заводничките духови нема да имаат впијание врз нас. Оние кои не прават ништо за да го охрабрат искушението имаат сила да се спротивстават кога тоа ќе наиде, но оние кои се задржуват во атмосферата на злото ќе се најдат виновни ако бидат совпадани и ќе ја изгубат доследноста. Во иднина ќе се видат добри причини за предупредувањето во однос на заводничките духови. Тогаш ќе се запази силата на Христовите зборови: „Бидете затоа совршени како што е совршен вашиот Татко кој е на небото” (Матеј 5:48).

Лотовите ќерки пропаднале заради злото окружување. Лот не живеел долго во Сигор; и тука владеело беззаконие како и во Содом и стравувајќи дека и тоа гратче ќе биде разурнато, не смеел да остане тука. И навистина, не поминало долго и Сигор бил уништен, како што била Божјата намера. Потоа Лот се упатил во планините и живеел таму во пештера, лишен од сето она заради што се осмелил своето семејство да го изложи на влијанието на безбожничкиот град. Но содомското прокпетство го прогонувало и таму. Грешното однесување на неговите ќерки уследило како резултат на лошото влијание на оние со кои се дружеле во тој изопачен град. Моралната расипаност во толкава мерка им се вовлекпа во карактерот, што не биле во состојба да го разликуваат доброто од злото. Единствените потомци на Лот, Моавците и Амонците, биле идолопокпонички племиња, бунтовници против Бога и огорчени непријатели на Неговиот народ.

Избегнувајте лоши друштва. Многу малку луѓе ја сфаќаат важноста на избегнувањето, колку тоа е можно, на сите друштва кои се непријателски настроени кон верскиот живот. Во изборот на своето опкружување многу малку од нив го земаат духовниот напредок како примарен обѕир.

Родителите со своите деца се селат во градови затоа што тие замислуваат дека таму е полесно да се живее отколку во природа. Децата, немајќи што да прават кога не се на училиште, стекнуваат улично воспитување. Од лошите друштва се стекнуваат порочни навики и навики на распуштеност. Родителите сето тоа го гледаат; но потребна е жртва за да ја исправат својата заблуда, и тие остануваат таму каде што се, се додека сатаната не здобие потполна контрола над децата. Подобро е да се жртвува било кој световен обѕир отколку да се доведат во опасност драгоцени души кои ви се поверени.

Да се живее во небесна атмосфера. Ние треба да се водиме од вистинската теологија и општа смисла. Нашите души мораат да се опкружат со небесна атмосфера. Мажите и жените мораат да внимаваат не себе; мораат постојано да стражарат, не дозволувајќи да најдат збор или дело кои би послужиле на зло. Оној кој се изјаснува како Христов следбеник мора да внимава на себе, да се држи себеси чист и неизвалкан во мисли, зборови и дела. Неговото влијание за другите мора да биде облагородувачко. Неговиотживот мора да ги одблескува блескавите зраци на Сонцето на праведноста.

Скпоностите во детството ја обликуваат судбината. Во најраното детство децата стануваат подложни на неморално влијание, но родителите кои се сметаат за христијани изгледа не го сфаќаат злото на сопствениот правец по кој се раководат. 0, кога би можеле да сфатат дека склоностите кои децата ги стекнуваат во најраните години му даваат правец на карактерот и ја обликуваат судбината за вечен живот или за вечна смрт! Децата се подложени на морални и духовни влијанија, и оние кои мудро се подучуваат во детството можат понекогаш да грешат, но нема да заталкаат.

Голема одговорност на родителите. Родителите во голема мера се одговорни за природата на карактерот на своите деца. Тие треба да копнеат по скпадност и симетрија. Постојат малку добро урамнотежени умови затоа што родителите се невнимателни во однос на должноста за стимулирање на слабите црти на карактерот и гушењето на лошите. Тие не земаат на ум дека се под најсвечена обврска да ги следат склоностите на секое дете, дека им е должност да ги научат децата на исправни навики и на прав начин на размислување.

Да се започне во детството. Работата на родителите мора да започне во најраната возраст на детето, за тоа да може да го прими правилното влијание врз карактерот за светот да не го втисне својот жиг врз умот и срцето.

Важноста на првите три години. Мајки, правилно дисциплинирајте ги децата за време на првите три години од нивниот живот. Не им дозволувајте да си создадат свои желби и копнежи. Мајката мора да биде ум за своето дете. Првите три години се време во кое треба да се насочува малечкото гранче. Мајките треба да ја разберат важноста која е прикачена за овој период. Тогаш е време кога се положуваат основите.

Првите седум години се многу важни за формирање на карактерот. Премногу важност не може да биде посветена во раното воспитување на детето. Поуките кои детето ги учи за време на првите седум години на животот можат повеќе да влијаат врз формирањето на карактерот отколку сето она што детето ќе го учи во подоцнежните години.

Првите поуки ретхо се забораваат. Ниту бебињата, ниту децата, или пак младите не би смееле да слушнат некој нетрпелив збор од таткото, мајката или некој друг домашен; затоа што тие примаат впечатоци многу рано во животот, и она што од нив денес ќе направат родителите, тоа тие ќе бидат утре, и следниот ден и следниот. Првите лекции кои се втиснати врз детето ретко се забораваат…

Впечатоците коишто се направени врз срцето рано во животот се гледаат во подоцнежните години. Тие можат да се закопаат, но ретко да се избришат.

Ран физички развој. Во текот на првите шест или седум години од детскиотживот особено внимание мора да му се обрне на неговото физичко воспитување, попрво отколку на интелектот. По овој период, ако физичката конституција е добра, треба да се посвети внимание и на едното и на другото. Раното детство се протега до првите шест или седум години. До крајот на овој период децата треба да се остават како мали јагненца да трчкаат околу куќата или дворовите, во свежина на нивниот дух, слободни од грижи и проблеми.

Родителите, посебно мајките, треба да бидат единствените учители на тие млади умови. Нетреба да ги воспитуваат преку книги. Децата во суштина се желни за знаења од природата. Тие ќе поставуваат прашања за се она што гледаат и слушаат, а родителите треба да ја искористат можноста да ги подучат и трпеливо да одговараат на нивните мали прашања. Тие на тој начин можат да стекнат предност над непријателот и да ги утврдат умовите на своите деца сеејќи добро семе во нивните срца, не оставајќи место да се вкорени злото. Мајчините љубезни упатства во нежните години е тоа што им е потребно на децата за обликување на карактерот.

Посебна грижа за првото дете. Првото дете треба посебно да биде воспитувано со голема грижа, зошто тоа ќе влијае врз воспитувањето на останатите. Децата растат според влијанието на оние со кои се опкружени. Доколку се управувани од оние кои се бучни и немирни, тие и самите ќе станат бучни и речиси неподносливи.

Различни животни прилики за различни деца. Има деца на кои им е потребна потрпелива дисциплина и пољубезни подучувања отколку на некои други деца. Тие примиле и наследиле црти на карактер кои не ветуваат добро, и поради тоа им е потребно повеќе сочувство и љубов. Со истрајна работа овие застранети деца можатда се подготватза место во делото на Господарот. Тие можеби имаат неразвиени способности, кои, кога ќе се разбудат, ќе ги оспособат да пополнат места далеку пред оние од кои многу повеќе се очекувало.

Навиките ретко се менуваат во подоцнежниотживот. Она што детето го гледа и слуша впишува длабоки линии врз нежниот ум, коишто други околности во подоцнежниотживот не можат да ги избришат. Тогаш се обликува интелигенцијата, скпоностите добиваат насока и сила. Повторени дела во одредена насока стануваат навики. Тие можат да бидат модифицирани преку напорно воспитување, во подоцнежниотживот, меѓутоа ретко се променети.

Исцелувачко влијание на љубезноста. Под влијание на кротост, љубезност и добрина, се создава атмосфера која исцелува, а не унишува.

Сподели го ова:

Слични објави