Глава 86 Делење на довербата
Вредноста на довербата донесува спокој на умот. Христос го прашува секој кој го исповеда Неговото име: „Ме љубиш ли?“ Ако го љубите Исуса, ќе ги љубите душите за кои Тој умрел. Човекот може да нема најпријатна надворешност, може да биде несовршен во многу работи; но ако има репутација на искрена чесност, ќе ја стекне довербата на другите. Љубовта кон вистината, зависноста и довербата кои луѓето можат да му ги укажат, ќе ги отстранат или победат неубавите црти во неговиот карактер. Вредноста на довербата во вашето место и занимање, подготвеноста да се откажете од себе во корист на другите, донесува спокој на умот и Божја накпонетост.
Реакција на изневерената доверба. До судниот ден вие никогаш нема да го знаете влијанието на љубезниот, влијателниот курс кон недоследните, неразумните и недостојни луѓе. Кога ќе се соочиме со неблагодарност и предавство на светата доверба, поттикнати сме да искажеме презир и огорченост. Виновникоттоа и го очекува: тој е подготвен натоа. Но љубезната подносливост го изненадува и често буди подобар поттик и стремеж за поблагороден живот.
Наш доверител е Исус. Малку се оние кои правилно ја ценат или ја користат драгоцената предност на молитвата. Ние треба да појдеме кај Исус и да му ги кажеме сите свои потреби. Можеме да ги кажеме своите мали грижи и тешкотии, како и своите поголеми проблеми. Се што ќе се појави, што ни нанесува болка или не вознемирува, да му го изнесеме тоа на Господа во молитва. Кога ќе почувствуваме дека ни е потребно Христовото присуство на секој чекор, сатаната ќе има мала можност да ги наметне своите искушенија. Тој смислено настојува да не одалечи од нашиот најдобар и најчувствителен пријател. Ние не правиме никој друг свој доверител освен Исус. Со сигурност можеме да комуницираме со Него за се што ни лежи на срцето.
Предупредување врзано за исповедта. Никогаш не охрабрувајте ги луѓето кон вас да гледаат за мудрост. Кога луѓето ви доаѓаат за совет, упатете ги кон Оној Кој ги чита побудите на секое срце. Во нашата проповедничка служба мора да се внесе поинаков дух. Никој не смее да работи како исповедник, ниту еден човек не смее да се воздигнува како најголем. Наша задача е да се понижиме себе си и да го воздигнеме Христа пред луѓето. По Своето воскресение, Спасителот ветил дека Неговата сила ќе биде со сите кои веруваат во Неговото име. Нека оваа моќ и ова име се возвишат. Треба секогаш да ја имаме на ум Христовата молитва кога се молел своето „јас“ да се посвети преку вистината и праведноста.
Не исповедајте ги тајните гревови на луѓето ако не ве води Светиот Дух. Изнесете ги овие мисли на луѓето кои доаѓаат да се молите за нив: ние сме човечки суштества, ние не можеме да ги читаме срцата или да ги познаваме тајните на вашиотживот. Тие се познати на вас самите и на Бога.
Ако сега се каете за гревовите, ако некој од вас увиди дека во нешто оди наспроти светлината која ви е дадена од Бога и занемарува да даде чест на телото, Божјиот храм, туку со лоши навики го уништува телото кое е сопственост на Бога, признајте му го тоа на Бога. Доколку не сте поттикнати од Светиот Дух на посебен начин да ги исповедате своите гревови од приватна природа на човекот, не искажувајте ги на ниту една душа.
Направете го Бога свој исповедник. На сите им е потребно практичното искуство во манифестирање на доверба кон Бога за Себе. Ниту еден човек нека не биде ваш исповедник; отворете го срцето на Бога; кажете му ја тајната на својата душа. Кажете му ги своите маки, големи и мали и Тој ќе ви го покаже излезот од секоја од нив. Единствено Тој може да знае како да ви ја даде потребната помош.
Му се исповедав на Бога; Тој го прости мојот грев. Не е достојно за пофалба да се зборува за нашите слабости и обесхрабрувања. Секој нека каже: „Жал ми е што попуштам во искушението, што моите молитви и мојата вера се толку слаби. Нема оправдување што закржлавев во својот верски живот. Но насгојувам да стекнам полнина на карактерот во Христа. Грешев, но сепак го љубам Исуса. Паѓав многу пати, а Тој сепак ми подаде рака за да ме спаси. Му кажав се за моите грешки. Признав срамежпиво и со тага дека го обесчестив. Гледав на крстот и реков: Сето ова Тој го поднесе за мене. Светиот Дух ми ја покажа мојата неблагодарност, мојот грев во изложувањето на Христа на отворен срам. Оној Кој не знае за грев го прости мојот грев. Тој ме повикува на повозвишен, поблагороден живот и заборавам што било порано.“
Нема никакви посебни вредности во исповедувањето на човек. –
Се надевам дека никој нема да добие идеја да ја заработи Божјата накпонетост со исповедување на гревот, или дека има некои посебни вредности во исповедувањето на човечките суштества. Верата која работи преку љубов и ја прочистува душата мора да стане искуство. Христовата љубов ќе ги потчине сетилните скпоности. Вистината не само што во себе носи доказ за небесното потекпо туку покажува дека со благодат на Божјиот Дух е делотворна во очистување на душата. Господ би сакал секојдневно да Му доаѓаме со сите свои проблеми и признавање на гревовите, за да може да ни даде спокој носејќи го Неговиот јарем и Неговото
бреме. Неговиот Свети Дух, со Своето благотворно влијание, ќе ја исполни душата и секоја мисла ќе дојде во покорност на Христа.
Човек не смее да се исповеда на паднат човек. Не е понижувачки за човекот да се покпони пред својот Творец, да ги исповеда гревовите и да се моли за простување преку заслугата на распнатиот и воскреснат Спасител. Благородно е да се признаат грешките пред Оној Кој сте го раниле со престап и бунт. Тоа ве воздигнува пред луѓето и ангелите, бидејќи „оној кој ќе се понизи ќе биде воздигнат.”
Но оној кој клечи пред паднат човек и во исповедта ги отвора тајните мисли и фантазирањата на своето срце, се обесчестува себе си со понижување на својата мажевност и секој благороден инстинкт на својата душа… Ова понижувачко исповедање на човекот пред паднатиот човек најмногу е одговорно за порастот на злото кое го валка светот и го подготвува за конечно уништување.
Отвореното исповедање на тајните гревови го сее семето на злото. Покажано ми е дека многу, многу исповеди никогаш не требало да се изговорат пред смртници; бидејќи последиците се такви што ограниченото расудување на човечките суштества не може да ги предвиди. Семето на злото се расејува во срцата и мислите на оние кои слушаат, и кога се во искушение, ова семе расте и донесува плод, па се повторува истото тажно искуство. Оној кој е во искушение мисли дека тие гревови не можат да бидат толку страшни; зар оние што се исповедаа, постојаните христијани, не ги чинаттие работи? На тој начин отвореното исповедање на овие тајни гревови во црквата попрво ќе се покажат како мирис на смрт отколку на живот.
Откривањето на тајните ја одвојува душата од Бога. Видов дека кога се состануваа сестри кои се склони на разговори, сатаната е обично присутен, бидејќи наоѓа работа. Тој чека да го возбуди умот и ја користи големата предност што ја стекнал. Тој знае дека сето ова зборување, сплеткарање, откривање на тајни и анализирање на карактери ја одвојува душата од Бога. Ова е смрт на духовноста и мирното верско влијание.
Сестрата многу греши со својот јазик. Таа треба со своите зборови да влијае на добро, но нејзиниот разговор често е бесмислен. Понекогаш нејзините зборови имаат поинаква конструкција за некои работи од онаа што ја носат. Понекогаш има претерување. Потоа има погрешни констатации, Не постои намера за погрешно тврдење, но навиката за премногу зборување и разговорот за работи кои се бескорисни толку долго е негувана, така што станала безгрижна и непромислена на зборови и често не знае ниту самата што кажала. Тоа го разорува влијанието кое би можела да го има. Време е за целосна реформа во овој поглед. Нејзиното друштво повеќе би се ценело како што се цени ако не се впуштала во овие грешни разговори.
Излевање на проблемите во човечкитеуши. Ние понекогаш ги излеваме своите проблеми во човечките уши, зборувајќи за своите проблеми на оние кои не можат да ни помогнат, занемарувајќи да Му се довериме на Исуса, Кој е во состојба да ги промени патиштата на тагата во патеки на радоста и мирот.
Чувајте се од луѓето кои не веруваат во Бога. Продолжувајќи да ги упатува Своите ученици, Исус рекол: „Чувајте се од луѓето.“ Не смееле да ја подарат својата потполна доверба на оние кои не го познаваат Бога и да ги искажат пред нив своите мислења, затоа што тоа би им дало предност на сатанските претставници. Човечките намери често делуваат спротивно на Божјите планови. Оние кои го ѕидаат Божјиот храм треба да ѕидаат според примерот покажан на гората божествената сличност. Бог се обесчествува и евангелието се издава кога Неговите слуги зависат од советите на луѓето кои не ги води Светиот Дух. Световната мудрост е лудост пред Бога. Тие кои се потпираат на неа, сигурно ќе погрешат.
Не издавајте ја довербата ил и светата одговорност. Ќе д ојд е криза на секоја наша институција. Разни влијанија ќе делуваат против нив и од верници и од неверници. Не смее да се издава довербата или светата обврска поради лична корист или воздигнување. Потребно е постојано ревно да внимаваме на својот живот за да не оставиме погрешен впечаток на светот. Зборувајте и дејствувајте вака: „Јас сум христијанин. Не можам да постапувам според светските начела. Морам над се да го сакам Бог и својот ближен како себе си. Не можам да учествувам или да одобрувам некоја работа која на најмал начин може да влијае на мојата корисност, да го слабее моето влијание или да уништува било чија доверба во Божјите орудија.11