Крајности во исхраната
Вредноста на доследниот став
- Многу од гледиштата кои што се застапувани од адвентистите на седмиот ден нашироко се разликуваат од оние кои што се застапувани од светот воопшто. Оние кои што ја застапуваат непопуларната вистината, над сите други, треба да се трудат таа да биде во согласност со нивните животи. Тие не треба да се обидуваат да видат колку многу се разликуваат од другите, туку колку блиску тие можат да дојдат до оние врз кои што тие посакуваат да влијаат, за да им помогнат да ги достигнат позициите кои што самите високо ги вреднуваат. Таков начин на живот ќе ја препорача вистината која што тие ја држат.
Оние кои што се застапници на реформата во исхраната треба преку она што го снабдеваат за своите маси, да ги презентираат предностите на хигиената во најдобро можно светло. Тие треба така да ги прикажат нејзините начела со кои би ја препорачале до расудувањето на искрените умови.
Постојат луѓе кои ќе го отфрлат секое реформно движење, колку и да е тоа разумно, доколку наложува ограничување на апетитот. Тие за совет го прашуваат апетитот, наместо разумот и законите на здравјето. Сите оние кои ја напуштаат традицијата и ја застапуваат реформата ќе бидат соочени со оваа класа на луѓе, и ќе се сметаат за радикали, меѓутоа тие нека продолжат со начинот на живот со кој започнале. Меѓутоа никој не треба да дозволи да спротивставувањето или потсмевот го одврати од делот на реформа, или го наведе да гледа со непочитување кон неа. Оној кој што е исполнет со истиот дух од кој беше задвижен Даниел, нема да биде тесноград или возгордеан, туку ќе биде цврст или одлучен во застапувањето на вистината. Во сите свои средби, дали е тоа случај со своите браќа или другите, тој нема да се оддалечи од начелото, додека во исто време тој нема да занемари да пројавува благородно, Христово трпение. Кога оние кои што ја застапуваат здравствената реформа ги водат нештата до крајности, тогаш народот не треба да се обвинува доколку се разочара. Често пати нашата вера на таков начин добива лош глас, и во многу случаеви оние кои што се сведоци на такви јавни покажувања на непостојаност неможат никогаш подоцна да мислат дека постои нешто добро во реформата. Овие екстремисти чинат повеќе штета во неколку месеци, која што нема да може да се корегира во еден животен век. Тие се вклучени во делото кое сатаната сака да го види како напредува.
Две класи беа претставени пред мене; прво, оние кои живееа според сета светлина која што Вог им ја дал, и втора, оние кои што се премногу крути во спроведувањето на своите еднострани идеи за реформата, присилувајќи ги истите врз другите. Кога ќе завземат некој став, тие тврдоглаво го застапуваат и скоро се спроведуваат без мерка.
Првата класа ја прифати реформата затоа што другите го сторија тоа. Тие не се здобиле со чисто разбирање на нејзините начела за самите себеси. Многумина од оние кои што ја исповедаат вистината истата ја имаат примено затоа што некој друг го има направено тоа, и во текот на целиот живот тие не можеле да дадат причина за својата вера. Тоа е причина затоа што тие се толку нестабилни. Наместо да ги мерат своите мотиви во светлината на вечноста, наместо да се здобијат со практично знаење за принципите врз кои лежат сите нивни дела наместо да копаат се до дното и и самите градат врз здрав темел, тие чекорат во светлината на факелот од некој друг, и сигурно ќе паднат.
Другата група на луѓе имаат погрешни погледи за реформата. Тие прифаќаат премногу сиромашна исхрана. Тие се издржуваат себеси со сиромашен квалитет на храна, приготвена без размислување за нејзината хранливост на организмот. Важно е храната да биде грижливо зготвена, така што неизопачениот апетит може да ужива во неа.
Затоа што ние од принцип, ги отфрламе нештата кои го надразнуваат желудникот и уништуваат здравјето, никогаш не треба да се изнесува мислењете дека она што го јадеме е од мало значење. Јас не препорачувам осиромашена исхрана. Многумина на кои им е потребна користа од здравото живеење, и според совеста го прифаат она за кое веруваат дека е такво, се измамени претпоставувајќи дека реформираната исхрана се состои од сиромашно мени на храна, подготвена без внимателност, која главно се состои од каши и така наречени уштипки, расквасени и тешки. Некои употребуваат млеко и голема количина на шеќер во кашите, мислејќи дека на тој начин ја спроведуваат здравствената реформа. Меѓутоа шеќерот и млекото соединети заедно се наклонети да предизвикаат ферментација во стомакот, станувајќи на тој начин штетни. Големата употреба на шеќерот во каква и да е форма доведува до пречки во организмот, и често е причинител за болест. Некои мислат дека морат да јадат само одредена количина, и одреден
квалитет, и се ограничуваат себеси на два или три видови на храна. Меѓутоа јадејќи премногу мала количина, и тоа не од најдобар квалитет, тие не примаат доволно хранливи состојки.
Тесногради идеи, и пренагласувањето на ситни нешта, беа голема пречка и повреда на здравственото дело. Може да постои таков напор во економијата во подготвувањето на храната, така што наместо здрава исхрана, таа станува осиромашена исхрана. Што е резултатот од сето тоа? – Слабокрвност. Јас имам видено неколку видови на болест најтешки да се излечат, кои што беа резултат од осиромашена исхрана. Личностите на овој начин кои беа погодени не беа принудени заради сиромаштија да прифатат сиромашна исхрана, туку тоа го направија со цел да ги следат своите погрешни идеи за тоа од што се состои здравствената реформа. Од ден за ден, од оброк во оброк, исти продукти на храна се подготвувани без разновидност, се додека како резултат на таквото попуштање не се појавило лошо варење и општа изнемоштеност. (1890) СН 153-155
Погрешни идеи за реформата
- Не сите кои тврдат дека веруваат во реформата во исхраната се вистински реформатори. Кај многу луѓе реформата се состои само во исфрлување на некои нездрави продукти. Тие не ги разбираат во целост здравствените принципи, нивните трпези сеуште се претрупани со штетни деликатеси, и тие се далеку од тоа да бидат пример за христијанска умереност и доследност.
Постојат и такви кои, во својата желба да бидат добар пример, одат во друга крајност. Некои не се во можност да ја купат најпожелната храна и наместо да користат продукти кои најдобро ќе го пополнуваат тој недостиг, прифаќаат осиромашена исхрана. Нивната храна ги нема сите состојки потребни за создавање добра крв. Нивното здравје страда, способностите се намалуваат и нивниот пример говори попрво против, отколку за реформата во исхраната.
Други мислат дека, бидејќи здравјето бара едноставна исхрана, не треба да се посветува големо внимание на подготовката и изборот на храната. Некои се ограничуваат себеси на многу сиромашна исхрана, без доволна разновидност да ги задоволи потребите на организмот и страдаат како последица од тоа.
Наметнување на лични ставови
Оние кои само делумно ги разбираат принципите на реформата најчесто се и најкрути, не само во личното спроведување на своите ставови, туку и во нивното наметнување на своите семејства и соседи. Последиците од нивната погрешна реформа, кои можат да се видат во нивното слабо здравје и нивните напори да ги наметнат своите ставови на другите, на мнозина им даваат погрешна претстава за реформата во исхраната и ги наведуваат сосема да ја отфрлат.
Оние кои ги разбираат здравствените закони и кои се раководени од начелата, ќе одбегнуваат крајности, како во попуштањето така и во ограничувањето. Нивната храната е така одбрана која нема само да му угоди на апетитот, туку и ќе го изгради и телото. Тие се трудат да ги зачуваат своите животни сили за повозвишена служба на Вога и на луѓето. Нивниот апетит е под контрола на разумот и совеста, а тие се наградени со телесно и ментално здравје. Иако не ги наметнуваат своите ставови на другите, нивниот пример е сведоштво во полза на добрите принципи. Ваквите луѓе имаат големо влијание во полза на доброто.
Навистина постои вистинска смисла во реформата во исхраната. Тој предмет треба внимателно и темелно да се проучува и никој не смее да ги критикува другите затоа што нивните навики не се во потполна хармонија со неговите. Не е можно да се донесе некое невнимателно правило со кое би се регулирале навиките на сите, и никој не смее да се смета себеси за критериум за секого. Не можат сите да јадат иста храна. Онаа храна која е вкусна и здрава за еден може да биде невкусна, па дури и штетна за друг. Некои не можат да употребуваат млеко, а други од него растат; некои не можат да поднесат мешунки или грав; за други тие се здрави. За некои сурово подготвените житарки се добра храна, додека други не можат да ги употребуваат.
(1905) МН 318-320
Одбегнување на осиромашена исхрана
- Што да кажеме за осиромашената исхрана? Јас имам зборувано дека количеството и квалитетот на исхраната треба да биде во строга согласност со законите на здравјето. Меѓутоа ние не препорачуваме сиромашна исхрана. Мене ми беше покажано дека многумина имаат погрешен поглед на здравствената исхрана и земаат премногу слаба храна. Тие се хранат со евтини намирници од слаб квалитет, безгрижно подготвена, не земајќи го при тоа во предвид опстојувањето на организмот. Важно е да храната биде подготвена грижливо, така што неизопачениот апетит може да ужива во неа. Никој не треба да дојде до помисла дека не е битно што јадеме затоа што од принцип ние ја отфрламе употребата на месото, путерот, зачините, салото и тоа што го надразнува желудникот и го уништува здравјето.
Има луѓе кои што одат во крајности. Тие мораат да јадат са-мо одредено количество и квалитет на храна, и се ограничуваат само на два или три видови. Тие дозволуваат само неколку нешта да се изнесат пред нив и нивните семејства. Земајќи малку храна, и тоа не од најдобар квалитет, тие не внесуваат се она што е потребно како би се нахранил организмот. Сиромашната храна не може да се претвори во добра крв. Сиромашна храна ќе произведе сиромашна крв. (1870) 2Т 366, 367
- Бидејќи е погрешно да се јаде само за да му се угоди на апетитот, тоа не значи дека ние
треба да бидеме рамнодушни во поглед на нашата храна. Тоа е прашање од најголема важност. Никој не треба самиот себеси да се стави на осиромашена исхрана. Многумина се погодени од болест, и потребна им е хранлива и добро подготвена храна. Здравствените реформатори, над сите други треба да внимаваат да не одат во крајности. Телото мора да има доволно хранливи состојки. (1890) СН 118
319.
Драги Врате
Во минатото ти ја имаш практикувано здравствената реформа премногу строго за твоето сопствено добро. Еднаш, кога ти беше многу болен, Господ ми даде порака за да го спаси твојот живот. Ти беше премногу ревен во ограничувањето на твојата исхрана на само одредени артикли на храна. Додека јас се молев за тебе, ми беа дадени зборови за тебе како би те поставиле на вистинската патека. Пораката беше во тоа дека ти треба да си дозволиш пообилна исхрана. Употребата на месната храна не треба да биде советувана. Упатства ни беа дадени нам во поглед на храната која треба да биде користена. Ти ги следеше дадените упатства, заздрави и сеуште си меѓу нас.
Често размислувам за упатствата кои тогаш ти беа тебе дадени. Имам добиено многу драгоцени пораки кои што требаше да ги пренесам до болните и несреќните. Заради сето тоа јас сум му многу благодарна, и го фалам Господа. (1912) МЅ 59
Нека менито варира
- Ние ви советуваме да го промените својот начин на живот, меѓутоа додека го правите тоа
треба да постапувате разбирливо. Јас познавам семејства кои ја имаат заменето месната исхрана со сиромашна исхрана. Нивната храна е толку сиромашно подготвена така што желудникот се одвраќа од неа; таквите ми имаат кажано дека здравствената реформа не им одговара и дека нивната физичка сила се намалува. Тука постои една причина зошто тие не биле успешни во своите напори да ја поедностават исхраната. Тие прешле на сосема сиромашна исхрана. Храната е подготвена без големо внимание и премногу е еднолична. Не е потребно да има повеќе видови на храна при еден оброк, меѓутоа сите оброци не треба да бидат составени од иста вид на храна без каква и да е промена. Храната треба да биде подготвена на едноставен начин, меѓутоа таа мора да биде вкусна како би го предизвикала апетитот. Во вашите јадења не треба да има животинска маст; таа може само да ја расипе подготовката на храната која што ти можеш да ја правиш. Јадете што е можно повеќе овошје и зеленчук. (1868) 2Т 63
- Многумина ја имаат погрешно разбрано здравствената реформа и имаат добиено извртени идеи за тоа од што се состои правилното живеење. Некои искрено мислат дека правилната исхрана се состои претежно од пиреа. Да се јаде изобилно од тоа нема да го осигура здравјето на органите за варење, затоа што е премногу течно. VI., Мау 31, 1894
Размислување за индивидуалните потреби
- Ти беше во заблуда сметајќи дека твојата сопруга од гордост сака да живее поудобно. Си & скратувал многу нешта и си бил скржав кон неа. Нејзе и е потребна подобра храна и нејзината трпеза мора да биде пообилна; нејзе & се потребни сите нешта кои можеш да ги набавиш како би & ја олеснил нејзината работа колку што е можно повеќе. Меѓутоа ти на сето тоа имаш гледано од погрешна точка. Ти мислеше дека скоро се што може да се јаде беше доволно добро доколку само овозможува одржување на животот и силата. Постојано си зборувал дека на твојата нејака сопруга & е потребна скромна исхрана. Меѓутоа таа не може да го одржи своето здравје само со онаа храна која тебе ти одговара. Има луѓе кои не можат да живеат од храната која е инаку многу добра за други, дури и доколку е подготвена на ист начин.
Ти се заканува опасност да отидеш во крајност. Твојот организам е во состојба да ја претвори и многу едноставната и слаба храна во здрава крв. Твоите органи кои што ја создаваат крвта се во добра состојба. Меѓутоа на твојата сопруга & е потребна многу поодбрана храна. Доколку ја внесува истата храна која што ти ја претвораш во добра крв, нејзиниот организам нема да биде во состојба да ја искористи. Нејзе & недостасува животна сила и заради тоа & е потребна побогата и појака исхрана. Би требало да јаде многу овошје и да не се ограничува на еднолична храна од ден на ден. Таа се држи за животот со многу слаби врски. Таа е болна и потребите на нејзиниот организам се сосема поинакви од потребите на една здрава личност. (1869) 2Т 254
Да не биде причина за времето на неволјите
- Видов дека имате погрешна претстава за мачењето на своите тела со тоа што сте се лишувале од корисна храна. Тоа некои во црквата ги наведува да мислат дека Вог е сигурно со вас, затоа што во спротивно не би сте се одрекле од самите себеси и така жртвувале. Меѓутоа, јас видов дека ниту едно од тие нешта нема да ве направи посвети. Незнабошците го чинат сето тоа и немаат никаква награда за тоа. Скрушен и понизен дух пред Вога е од голема вредност пред Неговите очи. Јас видов дека вашите погледи во врска со тие нешта се погрешни, и дека вие ја гледате црквата и внимавате на неа, забележувајќи малечки нешта, наместо вашето внимание да се сврти кон интересот на вашата душа. Вог не поставил бреме за своето стадо врз вас. Вие мислите дека црквата се наоѓа во темнина, затоа што тие не можат да ги видат нештата како што вие ги гледате, и затоа што црквата не иде по истиот строг пат, по кој вие мислите дека треба да се оди. Јас видов дека сте измамени во поглед на својата должност и должноста на другите. Некои отишле во крајност во поглед на исхраната. Тие се одлучиле за строгиот пат и живееле така едноставно што нивното здравје страдало, болеста напредувала во телото, а храмот Вожји слабеел. . .
Видов дека Вог не побарува да некој прифати таков живот на строго штедење кој би го ослабнал или оштетил храмот Вожји. Постојат должности и барања во Неговата реч кои ја повикуваат црквата на понизност и мачење на душата, и затоа нема потреба да креираме крстови и измислуваме должности кои што ќе му нанесат болка на телото со цел да се произведе понизност. Сето тоа е надвор од речта Вожја.
Времето на неволјите е токму пред нас; и тогаш сериозната потреба ќе побарува од Вожјиот народ да се одрекне од себеси и да јаде само онолку колку што е доволно за да се одржи живот. Меѓутоа Вог ќе не подготви за тоа време. Во тој страшен час нашата потреба ќе биде Вожја повилна можност за да ни ја даде Својата зајакнувачка сила, и да го одржи Својот народ. . .
Оние кои што работат со своите раце мораат да ја хранат својата сила за да ја извршуваат работата. Исто така и оние кои што работат со речта и науката мораат да ја хранат својата сила; затоа што сатаната и неговите зли ангели војуваат против нив со цел да ја разорат нивната сила. Тие треба секогаш кога можат, да му пружат одмор на телото и умот од тешката работа употребувајќи здрава и силна храна која ќе ја изгради нивната сила, затоа што тие ќе бидат обврзани во целост да ја употребат. Видов дека Вог ни најмалку не се прославува доколку и еден помеѓу Неговиот народ си создава за себеси време на неволја. Токму пред Вожјиот народ се наоѓа време на неволја и Тој ќе ги подготви за тој страшен судир. (1859) 1Т 205, 206
Кога здравствената реформа станува здравствена извитопереност
- Имам нешто да кажам во врска со крајностите во поглед на здравствената реформа. Здравствената реформа станува здравствена извитопереност, нарушител на здравјето, кога се оди во крајности. Ти нема да имаш успех во санаториумите во кои се лечат болните, доколку на пациентите им ја одредиш истата храна која си ја одредил за себеси и својата сопруга. Јас те уверувам дека твоите идеи во подлед на исхраната на болните не се препорачливи. Промената е премногу голема. Додека јас би ја напуштила месната храна како штетна, би можело да се употребува нешто што е помалку штетно, а тоа се јајцата. Немој да го отстраниш млекото од трпезата или да ја забраниш неговата употреба во подготвувањето на храната. Млекото кое што се употребува треба да се земе од здрави крави и треба да биде стерилизирано.
Оние кои што одат во крајности во однос на здравствената реформа, се наоѓаат во опасност да подготвуваат невкусни јадења. Тоа постојано се чини. Храната станала толку невкусна така што желудникот ја одбива. Храната која што им се дава на болните треба да биде разновидна. Ним не треба да им се даваат постојано исти јадења. . .
Јас ти го реков она што имав затоа што примив светлина која ми кажа дека му штетиш на своето тело со сиромашна храна. Морам да ти кажам дека нема да биде добро за тебе да ги поучуваш студентите онака како што ти си сторил во поглед на исхраната, затоа што твоите идеи за отфрлувањето на одредени продукти нема да биде на помош на оние на кои што им е потребна помош.
Врате и сестро , имам целосна доверба во вас, и многу посакувам да имате телесно
здравје како би можеле да имате совршено духовно здравје. Недостигот на погодна храна има причинето вие да страдате толку тешко. Вие не сте ја внесувале храната која можела да ги подигне вашите ослабени телесни сили. Вие не смеете да се одрекнете од добрата, здрава храна.
Своевремено Докторот се обиде да го поучува нашето семејство како да готви според
здравствената реформа, онака какви што беа неговите гледишта, без сол и сето она друго нешто кое може да ја зачини храната. Според тоа, се одлучив да ја пробам, меѓутоа мојата сила толку опадна, така што беше потребно да направам некоја промена. Новиот начин на постапување беше прифатен со голем успех. Јас ова ви го зборувам затоа што знам дека сте во реална опасност. Храната треба да биде подготвена на таков начин како би била корисна. Таа не смее да биде лишена од сето она кое на организмот му е потребно.
Господ ги повикува братот и сестрата на реформа, и од време навреме да се
одмораат. Не е добро за вас да превземате бремиња како што тоа го имате правено во минатото. Доколку не внимавате, вие ќе го жртвувате животот кој што е толку драгоцен во Вожјите очи. “Не си припаѓате само на себеси; скапо сте купени: затоа прославете го Вога во своите тела и во своите души, кои се Вожји.” . . .
Немојте да одите во крајност во поглед на здравствената реформа. Некои од нашите луѓе се многу невнимателни во поглед на прашањата на здравствената реформа. Меѓутоа заради тоа што некои се далеку заостанати, вие не смеете, како би им дале пример, да бидете екстремисти. Вие не смеете да се лишувате од оној вид на храна која што создава добра крв. Вашата приврзаност кон вистинските принципи ве води да ја прифатите исхраната која ви дава искуство кое нема да биде препорака за здравствената реформа. Тоа е опасност за вас. Кога ќе воочите дека телесно сте станале слаби, неопходно е веднаш да пристапите кон промени. Внесете го во својата исхрана она што сте го изоставиле. Ваша должност е тоа да го направите. Земете јајца од здрава живина. Употребувајте сурови или варени јајца. Неварените јајца ставете ги во најдоброто непревриено вино кое што можете да го најдете. Тоа на вашето тело ќе му го даде она што му е неопходно. Ниту за еден момент немојте да претпоставите дека не е во ред тоа да го направите. . .
Ние го цениме вашето искуство како лекар, меѓутоа сепак велам дека млекото и јајцата треба да бидат вклучени во вашата исхрана. Вез тие артикли засега не може да се поминува, и науката за нивното неупотребување не треба да биде поучувана.
Вие се наоѓате во опасност премногу тесно да гледате на здравствената реформа и себеси да си одредувате храна која нема да ве поткрепи. . .
Се надевам дека ќе обрнете внимание на зборовите кои што ви ги упатив. Мене ми беше покажано дека нема да можете да бидете во можност да извршувате најуспешно влијание на полето на здравствената реформа, се додека во некои нешта не станете многу послободоумни кон себеси и кон другите. Ќе дојде време кога млекото нема да може така слободно да се користи како сега: меѓутоа денес не е време да го отфрлиме. Јајцата имаат такво својство што лековито
делуваат во потиснувањето на отровите. И додека се дадени предупредувања против употребувањето на овие намирници во семејствата каде што децата се научени на нив, дури и надвладеани со навиката на онанија; не би смееле да го сметаме како одрекнување од начелата ако употребуваме јајца од кокошка кои се добро згрижени и правилно хранети. . .
Бог ги повикува оние за кои Христос умрел да се грижат за себеси и да им дадат добар пример на другите. Врате, ти не треба да го направиш прашањето на исхраната да биде тест за Божјиот народ, затоа што тие ќе изгубат доверба во учењата кои идат до најдалекусежната вистина. Господ сака Неговиот народ да биде доследен во секоја точка на здравствената реформа, меѓутоа не смееме да одиме во крајности.
Причина за слабото здравје на докторот е претераното трошење на капиталот на
личното здравје, а потоа пропуштање да прекумерната количина се надомести со здрава, корисна и вкусна храна. Врате, посвети му го целиот свој живот на Оној кој што беше распнат заради тебе, меѓутоа немој да се стеснуваш себеси на слаба исхрана, затоа што на тој начин погрешно ја претставуваш здравствената реформа.
Додека се бориме против глутонијата и неумереноста ние треба да се сетиме на средствата и орудијата на вистината на Евангелието кои што се под влијание на здравото расудување. За да го завршиме нашето дело во целост, мораме да ги признаеме условите на кои човечкото семејство им е подложно. Вог се грижи за оние кои што живеат во разните земји на светот. Оние кои што сакаат да бидат Божји соработници мораат грижливо да имаат во предвид како да ја подучуваат здравствената реформа во големото Вожје лозје. Тие мораат внимателно да работат во одредувањето на храната која треба, а која не треба да се јаде. Човечките гласници мора да се соединат со божествениот Помошник во изнесувањето на пораката на милоста кон мноштвото кое што Вог сака да го спаси.
Ние треба да стапиме во врска со масите на луѓе. Доколку здравствената реформа им се изнесува во најекстремен облик, ќе се направи штета. Ние бараме од нив да ја напуштат употребата на месото, чајот и кафето. Тоа е добро. Меѓутоа некои зборуваат дека млекото исто така треба да се остави. Ова е предмет кој побарува внимателно разгледување. Постојат сиромашни семејства чија што исхрана се состои од леб и млеко и малку овошје доколку можат да дојдат до него. Месната храна треба да се остави, меѓутоа зеленчукот треба да се подготви на вкусен начин со малку млеко, павлака или нешто соодветно. Кога им се зборува за здравствената реформа сиромашните велат: “Што ќе јадеме? Ние не можеме да си дозволиме да купиме зрнести плодови за храна.” Кога им го проповедав Евангелието на сиромашните, добив упатство да им кажам да ја јадат само онаа храна која што е најхранлива. Јас не можам да им кажам: “Вие не смеете да употребувате јајца или млеко, или павлака; вие не смеете да употребувате путер во подготовката на храната. Евангелието мора да им се проповеда на сиромашните и сеуште не е дојдено времето да се препише најстрогата диета.
Ќе дојде време кога ние ќе мораме да оставиме некои од намирниците кои сега ги употребуваме како што се: млекото, павлаката и јајцата; меѓутоа мојата порака е – не доведувајте се себеси прерано во времето на неволјите, мачејќи се себеси со смрт. Почекајте додека Господ го подготви патот пред вас.
Реформите кои што одат до највисок степен можат да одговараат на извесна група која што е во можност да ги замени сите оние артикли кои ги напуштила. Меѓутоа оваа група претставува исклучително малцинство меѓу оние на кои овој тест им изгледа непотребен. Има такви кои се обидуваат да се воздржат од сето она што е прогласено за штетно. Тие не го снабдуваат телото со добра храна. што предизвикува нивно слабеење и неспособност за работа. На тој начин реформата го губи својот углед. Делото кое што сме се обиделе да го изградиме е урнато од чудните барања кои што Вог не ги поставува. Силата на црквата на таков начин е намалена.
Меѓутоа, Вог ќе се вмеша да го спречи резултатот од овие претерано ревносни идеи. Со Евангелието треба да се измири човечкиот род. Тоа треба да ги собере богатите и сиромашните крај Исусовите нозе . . .
Јас, меѓутоа, сакам да кажам дека Вог ќе ни открие кога ќе биде времето кога повеќе нема да биде безбедна употребата на млекото, павлака, путерот и јајцата. Не треба да се застапуваат крајности во здравствената реформа. Прашањето за употребата на млекото, путерот и јајцата само ќе го реши својот проблем. За сега ние немаме одговорност кон ова прашање. Нека нашата умереност & биде позната на сите луѓе. ^еКег 37, 1901
- Мината ноќ зборував во сон со Доктор . Јас нему му реков: “Ти сеуште треба да
водиш грижа во поглед на крајностите во исхраната. Ти не смееш да одиш во крајност во одредувањето на исхраната за самиот себеси, ниту за своите помошници и болните во санаториумот. Пациентите плаќаат добро за своето сместување и треба да имаат добар избор на храна. Некои ќе дојдат во санаториумот во таква состојба која што побарува строго одрекнување од апетитот и наједноставно мени. Меѓутоа, кога нивното здравје ќе се подобри, тие треба обилно да земаат добра храна.” ^еКег 37, 1904
Храната треба вкусно да се приготви
- Здравствените реформатори, треба повеќе од сите други внимателно да ги одбегнуваат
крајностите. Телото мора да има доволно храна. Ние не можеме да живееме само од воздух; ниту можеме да го запазиме здравјето доколку не земаме доволно добра храна. Храната треба да биде добро подготвена како би била вкусна. (1867) 2Т 538
- Исхрана на која што & недостасуваат хранливи состојки му нанесува срамота на делото на здравствената реформа. Ние сме смртници и мораме да се снабдуваме со храна која правилно ќе го храни телото.
Некои од нашите луѓе, додека свесно се воздржуваат од употреба на нездрава храна, ја занемаруваат употребата на намирниците кои што се потребни за одржување на телото. Оние чиишто однос кон здравствената реформа оди во крајност, се во опасност да подготвуваат невкусни и блуткави јадења кои што не се хранливи. Храната треба да биде подготвена на таков начин како би била вкусна и хранлива. Таа не треба да биде лишена од она што му е потребно на телото. Јас употребувам малку сол, и секогаш сум го употребувала затоа што солта, наместо да е штетна, всушност & е неопходна на крвта. Зеленчукот треба да биде подготвен со малку млеко или павлака, или со нешто друго што е од иста вредност.
И покрај дадените предупредувања за опасностите од заболувања заради употребата на путерот, и злата од обилната употреба на јајцата во исхраната на малите деца, ние сепак не смееме употребата на јајцата од добро чуваните и правилно хранетите кокошки да ја сметаме како повреда на начелата. Јајцата имаат својство чие што лековито дејство потиснува одредени отрови.
Некои пак, воздржувајќи се од млеко, јајца и путер, занемариле да го снабдуваат телото со здрава храна, што ги ослабнало и онеспособило за работа. На тој начин здравствена реформа има стекнато лош углед. Делото кое се обидовме цврсто да го изградиме е разнишано со чудните барања кои Вог не ги поставува, и силите на Црквата со тоа се намалени. Меѓутоа Бог ќе се замеша да ги спречи последиците на овие премногу ревни идеи. Евангелието треба да ги помири грешните луѓе. Тоа треба да ги собере богатите и сиромашните крај нозете Христови.
Ќе дојде време кога ќе мора да оставиме некои намирници кои што сега ги употребуваме, какви што се: млекото, павлаката и јајцата. Меѓутоа не е потребно да навлечеме врз себеси неволја со предвремени и неумерни ограничувања. Почекајте додека околностите тоа го побараат и додека Господ за тоа не го подготви патот.
Оние кои што сакаат успешно да ги објават начелата на здравствената реформа мора од Божјиот збор да направат свој водач и советник. Единствено доколку така чинат, како учители на начелата на здравствената реформа можат да бидат во поволна положба. Никогаш да не сведочиме против здравствената реформа со тоа што ќе ја занемариме употребата на здравата, вкусна храна на местото на штетните намирници кои што сме ги отфрлиле. Никогаш немојте да поттикнувате желба за храна која што надразнува. Јадете само едноставна, здрава храна и постојано заблагодарувајте му на Вога за начелата на здравствената реформа. Во сите нешта бидете вистинити и прави, и ќе извојувате драгоцени победи. (1909) 9Т 161-163
Штетно влијание на оние кои што одат во крајности
- И додека ве предупредуваме да не претерувате во јадењето, дури и од најдобриот квалитет на храна, ние исто така ги предупредуваме оние кои што одат во крајност, да не воздигаат лажно мерило, настојувајќи секој еден да го доведат до него. (1870) 2Т 374, 375
- Ми беше покажано дека браќата В. и Ц.,го обесчестиле Божјото дело. Тие врз него навлекле дамка која што никогаш целосно нема да се отстрани. Ми беше покажано дека семејството на нашиот драг брат Д. Доколку овај брат добиеше вистинска помош во вистинско време, секој член на неговото семејство би бил до денес жив. Вистинско е чудо што законите на земјата не биле применети во овој случај заради лошо постапување. Тоа семејство умираше заради недостаток на храна – наједноставна и најскромна храна. Тие умирале од глад во земја на изобилство. Врз нив влијаеше еден почетник. Младиот човек не умре од болест туку од глад. Храната би го зајакнала неговото тело и би ја одржала машинеријата во движење.
Време е нешто да се стори како почетниците би се спречиле да одат во полињата и да ја застапуваат здравствената реформа. Нивните дела и зборови мораат да се оневозможат; затоа што чинат повеќе штета отколку што најмудрите луѓе, со своето најдобро влијание ќе можат да ја спречат. Не е возможно најподготвените застапници на здравствената реформа потполно да ги одвратат мислите на јавноста од предрасудите настанати заради погрешното делување на овие луѓе кои што одат во крајност, и така го постават големиот предмет на здравствената реформа на вистинска основа во заедницата во која што овие луѓе одиграле улога. Вратата исто така е затворена до голем степен, така да до неверниците не може да допре сегашната вистина за Саботата и скорешното доаѓање на нашиот Спасител. Најдрагоцените вистини луѓето ги имаат отфрлено како недостојни за слушање. За овие луѓе обично се зборува како за претставници на здравствената реформа и чувари на Саботата. Голема одговорност почива на оние кои што на таков начин станале камен на сопнување за неверниците. (1870) 2Т 384-387
Наметнување на лични мислења и лични мерила
- Дојдено е времето кога здравствената реформа во својата важност треба да биде примена од многумина кои што се на одговорни високи како и пониски положби. Меѓутоа ние не треба да дозволиме ништо да ја помрачи веста која што ја носиме, Веста на Третиот ангел, која е поврзана со Веста на Првиот и Вториот ангел. Ние не смееме да дозволиме помалку важни нешта да не затворат во мал круг, од каде што нема да можеме да добиеме слободен пристап до народот.
На црквата и на светот му е потребно нашето влијание, сите таленти кои што Вог ни ги дал. Се што имаме треба да се намени во Неговата служба. Во изнесувањето на Евангелието, изоставете ги сите свои лични мислења. Ние имаме вест која што треба да се објави до целито свет, и Господ сака Неговите слуги во светост да ја чуваат довербата која што Тој им ја дал. На секој човек Вог му дал работа. Заради тоа да не носиме лажна вест. Величествената светлина на здравствената реформа не треба да се истура на недоследни проблеми. Недоследноста на еден почива врз сите верници и затоа кога еден иде во крајност се нанесува голема штета на Вожјото дело.
Одењето во крајност е проблем од кој што треба да се плашиме. Тоа ме приморува да зборувам како би спречила да нештата да се разберат погрешно, како светот не би имал причина да мисли дека адвентистите на седмиот ден се група на екстремисти. Кога настојуваме да ги извлечеме луѓето од огнот од една страна, вистинските зборови кои што тогаш треба да се изговорат, за да се корегира злото, се употребуваат како би се оправдало попуштањето од друга страна. Нека Вог не запази од човечки мерила и крајности.
Нека никој не истакнува гледишта кои што претставуваат крајности во однос на тоа што треба да јадеме или пиеме. Господ дал светлина. Нека нашиот народ ја прифати светлината и нека чекори во неа. Потребно е да дојде до големо умножување на знаењето за Вога и Исуса Христа. Ова знаење е вечен живот. Умножување на побожноста, на добрата, понизната и духовната вера ќе го постави нашиот народ во положба од каде тие ќе можат да учат од големиот Учител.
Ќе дојде време кога нема да биде безбедна употребата на млекото. Меѓутоа, доколку кравите се здрави и доколку млекото е добро сварено, тогаш не е потребно предвремено да се создава време на неволји. Нека никој не смета дека мора до ситници да се објави веста за тоа што нашиот народ треба да изнесе на трпеза. Тие кои што го завземаат овој краен став на крајот ќе согледаат дека резултатот не е таков каков што го очекувале. Господ ќе не води со Својата десна рака, доколку сакаме да бидеме водени. Љубовта и чистотата – тоа се родови кои ги раѓа доброто дрво. Секој кој што љуби е роден од Вога и го познава Вога.
Јас добив упатство да им кажам на оние во конференција, кои што биле така ревносни
по прашањата на здравствената реформа, наметнувајќи свои мислења и погледи на другите, дека Вог не им ја дал таа нивна порака. Јас им реков дека ако ги ублажат и потчинат своите наследени и стекнати наклонетости, во кои има многу тврдоглавост, ќе согледаат дека им е потребно обраќање. “Ако се љубиме еден со друг, Вог пребива во нас и Неговата љубов станува совршена во нас. . . Вог е љубов, и оној кој пребива во љубовта, пребива во Вога и Вог во него”…
Човечката мудрост мора да се соедини со Вожествената мудрост и благодат. Да бидеме сокриени во Христа. Да работиме грижливо како би го достигнале возвишеното мерило кое што Вог ни го поставил – моралното преобразување преку Евангелието. Вог не повикува да напредуваме на вистинските патеки, да ги израмниме патеките за своите нози, како хромите не би скренале од патот. Тогаш Христос ќе биде задоволен. ^еКег 39, 1901
Грешка во спротивставување на крајностите
- Вратот и сестрата попуштајќи во јадењето имаат отидено во крајност и внеле
пореметување во институцијата. Сега непријателот би сакал колку што е тоа можно да ве потисне во друга крајност – да употребувате осиромашена исхрана. Видете внимателни да имате врамнотежен ум и разумни идеи. Варајте мудрост од небото и мудро работете. Доколку завземете екстремен став, ќе бидеме обврзани да се откажете од истиот и тогаш колку и да сте совесни, ќе изгубите доверба во своето здраво расудување, а нашите браќа и сестри и неверниците ќе изгубат доверба во вас. Немојте да одите подалеку отколку што имате вистинска светлина од Вога. Немојте да прифатите човечки идеи, туку делувајте мудро во страв Господов.
Доколку грешите, нека тоа не биде во оддалечување од народот, затоа што тогаш ја сечете врската на своето влијание и не можете да направите какво и да е добро. Подобро да грешите покрај народот, отколку целосно да бидете одвоени од него, затоа што во тој случај има надеж да го поведете народот со себе, меѓутоа нема потреба да се греши на која и да е страна.
Не е потребно да влегувате во вода, ниту во оган, туку одете по средниот пат одбегнувајќи ги сите крајности. Немојте да дозволите да изгледа дека сте едностранчив, неврамнотежен водач. Немојте да употребувате сиромашна храна. Нека никој не влијае врз вас за да ја усвоите осиромашената исхрана. Подгответе храна на здрав и вкусен начин; подгответе ја храната на убав начин како правилно би ја претставиле здравствената реформа.
До големо назадување во здравствената реформа се има дојдено затоа што ограничени умови управувале со неа и ја довеле до такви крајности така што тоа создало одвратност кон неа наместо луѓето да се обратат кон неа. Јас бев таму каде што беа спроведени овие крајности. Зеленчукот беше подготвен само со вода и сето останато на сличен начин. Овој начин на готвење е здравствена извитопереност. Меѓутоа, има некои умови кои што се така конституирани така што ќе прифатат се што носи обележје на строга исхрана или реформа од кој и да е вид.
Враќа и сестри би сакала да сте умерени во сите нешта, меѓутоа бидете внимателни да не ја преминете мерката или ја одведете нашата установа во таков теснина и да се се заврши во една точка. Вие не смеете да го прифатите секое човечко мислење, туку бидете врамнотежени, благи и полни со доверба во Вога. ^еКег 57, 1886
Да се одбегнуваат двете крајности
- Знам дека многумина меѓу нашите браќа и сестри и со срцето и со животот & се противат на здравствената реформа. Јас не застапувам никакви крајности. Меѓутоа, кога ги прегледував своите ракописи, видов одлучни сведоштва и предупредувања за опасностите кои што му се закануваат на нашиот народ затоа што ги подржува обичаите и навиките на светот во попуштањето на самиот себеси, во задоволувањето на апетитот и гордоста на облекувањето. Моето срце е болно и жалосно заради ваквата ситуација. Некои велат дека некои од нашите браќа премногу го нагласувале ова прашање. Меѓутоа, само затоа што некои работеле невнимателно, наметнувајќи ги своите чувства во однос на здравствената реформа во сите прилики, смее ли некој да се осмели да ја задржи вистината за овој предмет? Луѓето од овој свет се наоѓаат далеку во спротивна крајност на попуштање и неумереност во јадење и пиење; а резултат на тоа, изобилие на похотни навики.
Многумина од оние кои што се подготвувале да вршат работа за Учителот сега се наоѓаат во смртна сенка, затоа што не чувствувале дека врз нив почива света обврска да ги почитуваат законите на здравјето. Законите на телото се навистина Божји закони; меѓутоа овој факт се чини како да е заборавен. Некои прифатиле начин на исхрана кој што не може да ги одржи во здравје. Тие не набавиле вредна храна која што може да ги замени штетните производи и не го разгледале фактот дека во подготвувањето на добрата и здрава храна мора да се покаже добра смисла и умешност. Телото мора правилно да се храни како би ја извршувало својата работа. Спротивно е на здравствената реформа, после отфрлање на голем број на нездрави јадења, да одиме во друга крајност, намалувајќи ја до најголема мерка количината и квалитетот на храната. Наместо тоа да биде здравствена реформа, тоа е здравствена изопаченост. (1900) 6Т 373, 374
[Важност на упатствата за подготвување на здрава, вкусна храна – Види “Готвачки училишта” во Отсекот XXV]