1 Соломон

Сподели го ова:

    За време на владеењето на Давид и Соломон, Израел станал силен помеѓу народите и можел во многу прилики да изврши силно влијание во корист на вистината и правичноста. Името Господово се почитувало и се славело така што се чинело дека постојат добри изгледи за остварување на оние цели заради кои Израелците се населиле во ветената земја. Биле срушени пречките така што луѓето кои доаѓале од незнабожечките земји да ја бараат вистината, не се враќале незадоволни. Мнозина се обратиле и црквата Божја на земјата се ширела и напредувала.
    Соломон бил миропомазан и прогласен за цар во последната година од животот на неговиот татко Давид, кој се одрекол од престолот во негова корист. Тој во своите млади години многу ветувал. Божјата намера била Соломон постојано да напредува во сила и слава, неговиот карактер да се развива и да стане се посличен на Божјиот карактер, и на тој начин да го поттикне Божјиот народ во исполнување на светата должност како чувари на Божјата вистина.
    Давид знаел дека високата цел која Бог му ја поставил на Израел ќе може да се оствари само ако владетелите и народот со непрестана будност се трудат да го постигнат мерилото кое им е поставено. Знаел дека неговиот син Соломон не смее да биде само војник, државник и владетел, туку и силен и добар човек, учител на праведноста и пример за верност, затоа што само така ќе може да ја оправда довербата со која Бог го удостоил.
    Давид нежно и сериозно го поучувал Соломон да биде зрел, чесен, достоен за почит и благороден, да покажува милост, љубов и љубезност кон своите поданици, да го почитува и слави Божјото име во сите свои постапки кон народите на земјата и со тоа да ја открива убавината на светоста. Многуте искушенија и горчливи искуства низ кои поминал Давид во својот живот го научиле да ги цени поблагородните доблести и го воделе кон тоа вака да го искаже својот предсмртен совет до Соломон: “Оној, што господари со луѓето, мора да биде праведен, владеејќи со страв Божји. И тој ќе биде како утринска светлина кога ќе огрее сонцето, утро без облаци; на кое светка нежната трева која никнува после дожд.” (2. Самоил 23:3, 4).
    О, каква ли можност му се подала на Соломон! Да се водел по вдахновените поуки на својот татко, неговото владеење би било владеење на праведноста, како што е тоа опишано во седумдесет и вториот псалм:
“Боже, дај му го на царот Својот суд, а на царевиот син – Својата праведност.
За да му суди праведно на Твојот народ, и на сиромасите Твои според праведноста. . .
Ќе слезе како дожд врз искосената трева, како пороен дожд што ја напојува земјата.
Во негово време ќе цвета праведноста; и изобилство на мир се додека постои месечината.
Тој ќе владее од море до море, и од реката (Еуфрат) до краиштата на земјата. .. Царевите на Тарсис и островите ќе принесат дарови: Царевите Шавски и Савски ќе донесуваат подароци.
И ќе му се поклонат сите Цареви: и ќе му служат сите народи;
Зашто тој ќе го избави бедниот што воздивнува; сиромашниот исто така кој нема помошник. ..
И секојдневно ќе биде благословуван .. .
Неговото ќе постои вечно:
неговото име постои долго колку и сонцето:
И во него ќе бидат сите благословени: и сите народи ќе го нарекуваат благословен.
“Нека е благословен Господ Бог, Богот Израилев,
Кој единствен твори чудеса;
Нека е благословено Неговото славно име засекогаш: и со славата Негова нека се исполни целата земја!
Амин, Амин.”
    Соломон во својата младост владеел по Давидовите совети и многу години одел по патот на праведноста, строго покорувајќи се на Божјите заповеди. Тој на почетокот од своето владеење отишол со своите советниците во Гаваон, каде што сеуште се наоѓал шаторот за состанок кој бил подигнат во пустината, и тука заедно со “илјадниците, стотниците, судиите и сите началници во Израел – старешините на домовите татковски” (2. Летописи 1: 2) принел жртва на Господа, целосно посветувајќи се на Господа. Соломон во извесна мерка ја разбрал големината на должноста во врска со царскиот престол, па знаел дека оние кои носат голем товар треба да се обратат на Изворот на мудроста за да ги извршуваат своите должности со успех. Затоа ги повикал и своите советници сите заедно да ги свртат срцата кон Бога и да побараат Негов благослов.
    Повеќе од сите земски добра, царот копнеел за дарот на мудроста и разум неопходен за остварување на задачите што му ги дал Бог. Копнеел за остроумност, широко срце и благ дух. Таа ноќ Бог му се јавил на Соломон во сон и го запрашал: “Што сакаш да ти дадам?” Младиот и неискусен владетел го изнел чувството на беспомошност во својот одговор и молел за помош. “Ти му направи голема милост на Твојотслуга, татка ми Давида,” рекол тој, “и поради тоа што тој одеше пред Тебе, по вистината и праведноста и со искрено срце пред Тебе; Ти ја запази за него оваа голема добрина и му подари син, кој ќе седи на престолот негов, како што е тоа денес.
    “И денес, Господи, Боже мој, Ти го постави за цар Твојот слуга на местото на татка ми Давида, но јас сум само малечко дете, та уште не знам да владеам. А твојотслуга е среде Твојот народ, што си го избрал, народ толку многуброен, па поради мноштвото негово не може ни да се преброи, нитуда се попише. Подари му, пак, на Твојот слуга разумно срце, за да му служи на Твојот народ и да разликува: што е добро а што е зло; зашто, кој може да управува со овој Твој толку многуброен народ?
    “Угодно Му беше на Господа што Соломон го побара тоа.”
    “Господ му рече: Затоа што го побара тоа, и не побара за себеси долг живот, не побара богатство, не ги побара душите на твоите непријатели, туку си побара разум, за да умееш да судиш,” “Ете, Јас ќе направам според зборот твој: еве, ти давам мудро и разумно срце таков што подобен на тебе немало пред тебе, и по тебе нема да се издигне сличен на тебе; и она што ти не го побара, Јас ти го давам, – и богатство, и слава, какви што ниту еден цар пред тебе немал, ниту пак некој после тебе ќе има.”
    “И ако одиш по Мојот пат, пазејќи ги Моите уредби и Мои- те заповеди, како што одеше татко ти Давид, ќе ги продолжам твоите денови.” (1. Царства 3: 5-14; 2. Летописи 1: 7-12).
Бог ветил дека ќе биде со Соломон исто така како што бил и со Давид. Ако царот оди пред Господа во праведност и постапува онака како што Бог му заповедал, неговиот престол ќе биде зацврстен, а неговото владеење средство за да се издигне Израел “како народ мудар и разумен” (5. Мојсеева 4: 6), како светлина на соседните народи.
    Зборовите кои ги употребил Соломон молејќи се на Бога пред стариот олтар во Гаваон ја покажуваат неговата понизност и преголемата љубов да го прослави Бога. Сфатил дека без Божја помош е беспомошен како мало дете и дека нема да може да ги исполни должностите кои му биле поставени. Знаел дека му недостасува расудување и увидувајќи ја својата голема потреба, барал мудрост од Бога. Во неговото срце немало себични желби за знаење кое би го воздигнало над останатите. Сакал верно да ги исполнува должностите кои му биле доделени и избрал таков дар со чие посредство ќе може со неговото владеење да донесе слава на Бога. Соломон никогаш не бил толку богат, толку мудар, ни толку навистина голем како кога признал: “Јас сум уште сосем млад: јас не знам како да владеам.”
    Оние кои денес се наоѓаат на одговорни положби треба да ја примат поуката содржана во Соломоновата молитва. Колку човек е на повисока положба, толку се поголеми и неговите одговорности, неговото влијание се зголемува и поголема е неговата потреба да се потпре на Бога. Таков човек секогаш треба да има на ум дека со повикот за работа се упатува и повик за негово серизоно однесување пред ближните. Тој мора да стои пред Бога во улога на ученик. Положбата сама по себе не дава светост на карактерот. Човекот станува навистина голем само ако го слави Бога и се покорува на Неговите заповеди.
    Бог на кого ние му служиме не гледа кој е кој. Оној кој на Соломон му дал мудрост, би сакал истиот благослов и денес да им го пружи на своите деца. Неговата реч вели: “Ако некому од вас не му достига мудрост, нека ја моли од Бога, кој на сите им дава изобилно и без укор – ќе му се даде.” (Јаков 1:5) Ако човек кој носи товар на должности сака повеќе мудрост отколку богатство, власт или слава, нема да се разочара. Таквиот човек од големиот учител ќе научи не само што треба да направи, туку и како треба тоа да го направи како би добил знак на божествено одобрување.
    Се додека остане посветен, човекот на кого Бог му пода- рил мудрост и способност нема да копнее за високи позиции ниту ќе бара да владее или да заповеда. Некој мора да го понесе бремето на одговорноста; меѓутоа, наместо да се стреми кон власт, вистинскиот водач ќе се моли со разумно срце за да може да разликува добро од зло.
    Патот на оние луѓе кои се наоѓаат на позиција не е лесен. Тие мораат да разберат дека секоја потешкотија им нуди можност за молитва. Никогаш не смеат да пропуштат да се обратат кон Изворот на мудроста. Кога Господ ќе ги поткрепи и просветли, тие ќе бидат во состојба одлучно да одолеат на несветите влијанија и да направат разлика помеѓу правичноста и неправичноста, помеѓу доброто и злото. Тие ќе го одобруваат она што Бог го одобрува и ревносно ќе се борат против воведување на погрешни начела во Неговото дело.
Бог му дал мудрост на Соломон која ја сакал повеќе од богатството, почестите и долгиот живот. Неговата молба да добие чист ум, широко срце и благ дух била вослишена. “Бог му даде на Соломона мудрост, многу голем разум и широк ум како песокта на морскиот брег. И Соломоновата мудрост беше поголема од мудроста на сите синови на Исток, од сета мудрост на Египќаните. Тој беше помудар од сите луѓе;. . . и неговата слава беше раширена по сите околни народи.” (1. Цар. 4:29-31)
    “И сиот Израил. . . се боеше од царот, зашто видоа дека има мудрост Божја во него, за да извршува суд.” (1. Царства 3: 28). Народот со цело срце го прифатил Соломон, токму како некогаш Давид, го слушаше во се. “Соломон, синот Давидов, се зацврсти во царството свое, и Господ, неговиот Бог, беше со него и го возвеличи прекумерно.” (2. Летописи 1:1).
Многу години го одбележувале Соломоновиот живот со посветеност на Бога, со исправност и строго покорување на Божјите заповеди. Тој раководел со секоја значајна активност и мудро ги водел работите на царството. Неговото богатство и мудрост, величествените згради кои ги подигнал и јавните работи кои што ги направил првите неколку години од неговото владеење, енергијата, побожноста, праведноста и големодушноста кои ги откривал преку зборови и дела, му обезбедиле преданост на неговите поданици и восхитување и почитување на владетелите од многу земји.
    Името на Јехова е силно и величествено во првиотдел на Соломоновото владеење. Царевата мудрост и праведност сведочеле на сите народи за совршенството на Бог на кој му служел. Израел извесно време бил светлина на светот одржувајќи ја големината на Јехова. Меѓутоа, славното Соломоново владеење во почетокот не било резултат на неговата голема мудрост, легендарните богатства, далекусежната моќ и добриот глас кои ги уживал, туку последица на укажување почит на името на Израилевиот Бог и мудрото користење на небесните дарови.
    Додека годините си проаѓале и неговата слава се повеќе растела, Соломон се трудел да го прослави Бога зголемувајќи ги своите умствени и духовни сили и делејќи ги со другите благословите кои ги примил. Никој подобро од него не разбирал дека само преку благонаклонетоста на Јехова стекнал моќ, мудрост и расудување и дека тие дарови го обврзуваат да му пружи знаење на светот за Царот над царевите.
Соломон особено се занимавал со природните науки, но неговите истражувања не се ограничувале само на една гранка од науката. Проучувајќи се што е создадено – живата и неживата природа – тој стекнал јасно спознавање на Творецот. За природните сили, за минералниот и животинскиотсвет, во секое дрво и грмушка тој видел мудрост на Божјото откровение. И колку повеќе се трудел да научи, неговото знаење за Бога и неговата љубов кон Бога постојано растеле.
    Соломоновата од Бога вдахновена мудрост нашла израз во песните на фалби и во многу изреки. “Тој изрече три илјади мудри изреки, а неговите песни беа илјада и пет; тој изговори и за дрвјата, од кедарот што е во Ливан, до исопот, што никнува no карпите; тој говореше исто така и за животните, за птиците, за влекачите и за рибите.” (1. Царства 4: 32, 33).
    Во Соломоновите приказни се изнесени начела за свет живот и возвишени напори, начела со небесно потекло кои ја водат побожноста и треба да управуваат со секоја постапка во животот. Благодарение токму на распространетоста на овие начела и разбирање дека на Бога Му припаѓа секоја чест и пофалба, Соломоновото владеење во почетокот било период на морално воздигање и материјална благосостојба.
    “Блажен е човекот, кој се здобил со мудрост,” тој напишал, “и човек, кој придобил разум; подобро е да ја добиеме неа, отколку префинето злато; таа е поскапа и од скапоцени камења: и од се што можеш да посакаш, не може да се спореди со неа. Во десницата нејзина е долгиот живот, а во левицата и е – богатството и честа. Патиштата нејзини се пријатни патишта, и сите патеки нејзини се – спокојни. Таа е дрво на животот за оние, што ја придобиваат, и блажени се, кои што ја задржуваат.” (Изреки 3:13-18).
    “Главно е мудроста: придобивај мудрост за себе и со сиот свој имот придобивај разум.” (Изреки 4:7). “Почеток на мудроста е стравот од Господа.” (Псалм 111:10). “Стравот од Господа е омраза кон злото. Јас ги мразам: гордоста и арогантноста, злиот пат и подмолната уста.” (Изреки 8:13).
    Добро ќе беше и во подоцнежните години да се придржу- ваше Соломон на тие чудесни зборови на мудрост! О, кога оној кој рекол: “Усните на мудрите луѓе сеат знаење,” (Изреки 15:7) и кој ги учел земските цареви да му оддаваат почести на Царот над царевите, кои тие ги наменувале за земскиот владетел, никогаш со “подмолни усни,” и “гордост и злоба,” ја присвоил славата која што му припаѓа само на Бога!

Сподели го ова:

Слични објави