П Р Е Д Г О В О Р
Брошурата „Живот на село“ за прв пат беше објавена во 1946.година. Нејзините совети и предупредувања ги предизвикаа многуте адвентисти внимателно да го испитаат влијанието на градскиот живот врз нивниот живот и повторно да направат проценка каде сакаат да живеат. Таа укажува на опасностите од поврзаноста со синдикатите и другите извори на партиски судири во градовите. Истовремено, таа им помогна на оние кои имаат товар за евангелизација на градовите да размислат како е најдобро да се биде во светот, но не и во светот.
Како што се приближува крајот на времето, овие упатства стануваат порелевантни од кога и да било порано. Новата генерација на верници ќе ги пронајде овие совети кои им отвораат хоризонти какви не предвиделе.
Списите на Елена Г. Вајт постојано ги потенцираат предностите од животот на село. Како што се движиме кон последните настани, адвентистите на седмиот ден се потсетуваат на упатството на Господ за напуштање на градовите, со нивниот метеж, корупција и судири. Градовите не обезбедуваат здрава околина за христијанските семејства.
Илјадници адвентисти со години биле упатувани во поглед на изборот на околината за своите домови и односот со световните организации, со советите за овие животно важни теми преку сведоштвата кои се ширум објавени. Бидејќи застрашувачките знаци на претстојната криза укажуваат на подмолните опасности и жестината на судирите кои ни претстојат, се чини дека е погодно повторно да се издадат овие совети во таков облик, кој ќе го привлече вниманието на секој верник во црквата.
Сериозниот повик изнесен во оваа брошура бара одлучно дејствување, но и сериозно предупредува против непромислените потези. Сакаме да ви обрнеме особено внимание на предупредувањата кои се наоѓаат во седмиот отсек, „Водени од Божјите провиденија“, кои се наоѓаат од 24. до 28. оригинална страна. Оваа брошура се наоѓа во полето како одговор на утврденото уверување на водството на Црквата дека е дојдено времето повторно да се повтори повикот, „Напуштете ги градовите“.
Застапници за публикациите на Елена Г. Вајт