1 Последната криза на Земјата

Сподели го ова:

Сеопшт страв од иднината

Сегашното време привлекува особено внимание на сите живи. Управителите и државниците, луѓе на доверливи и влијателни функции, разумни мажи и жени од сите општествени слоеви со големо внимание ги следат настаните што се случуваат околу нас. Особено ги преокупираат меѓународните односи. Тие гледаат дека некаква напнатост ги опфатила сите елементи на Земјата и сфаќаат дека се подготвува нешто големо и одлучувачко дека светот се наоѓа на самиот раб на една многу сериозна криза. (PK стр. 537)

Катастрофите на Земјата и во морето, несредената состојба во општеството, гласовите за војни, сето тоа навестува зло и најавува дека се наближуваме кон случувања од најголеми размери. Силите на злото ги зацврстуваат своите сили и ги збиваат своите редови, подготвувајќи се за последната голема криза. Наскоро во нашиот свет ќе се случат големи промени, а завршните настани бргу ќе се сменуваат. (9Т стр. 11)

Наскоро ќе настапат тешки времиња

Времето на неволји, кое ќе станува се потешко како што ќе се приближуваме кон крајот, е многу блиску, пред вратата. Ние немаме време за губење. Светот е вдахновен со воинствен занос. Пророштвата од единаесеттата глава од Книгата на пророкот Даниел наскоро ќе го доживеат своето конечно исполнување. (RH 24.11.1904)

Време на неволји какво што немало откако е век, па до тоа време (Даниел 12,1) е токму пред нас, а ние се однесуваме како заспаните девојки. Мораме да се разбудиме и да Го замолиме Господ Исус да не земе во Своите вечни раце и да не поведе низ времето на искушенија кое е пред нас. (3MR стр. 305)

Во светот владее се пострашно беззаконие. Наскоро ќе настанат големи судири помеѓу народите неволји кои нема да престанат се до Христовото доаѓање. (RH 11.02.1904)

Ние се наоѓаме на самиот раб на времето на неволјите и не очекуваат стравотии какви не сме ни сонувале. (9T стр. 43)

Ние стоиме на прагот на кризата на столетието. Божјите судови ќе се излеваат еден по друг, меѓусебно пристигнувајќи се оган, поплави, земјотреси, војни и крвопролевања. (PK стр. 278)

Пред нас се бурни времиња, но не смееме да изговориме ниту еден единствен збор на неверување и обесхрабреност. (ChS стр. 136)

Бог секогаш ги предупредувал луѓето за судовите што ќе дојдат

Бог секогаш ги предупредувал луѓето за судовите што ќе дојдат. Оние кои верувале во Неговата вест за нивното време и кои својата вера ја изразиле слушајќи ги Неговите заповеди, ги избегнале осудите што ги стасале непослушните и неверните.

„Тогаш Господ му рече на Ное: ‘Влезете ти и сето твое семејство во ковчегот, зашто видов дека единствено ти си праведен пред Мене во ова време!“ Ное послушал и бил спасен. Лот добил вест: „Станете! Заминете од ова место, зашто Господ ќе го уништи градот!“ (1. Мојсеева 7,1; 19,14). Лот се ставил под заштита на небесните весници и бил спасен. Така и Христовите ученици добиле предупредување за разурнувањето на Ерусалим. Оние кои внимавале на знакот за настапување на уништувањето и се тргнале од градот, го избегнале уништувањето. Така и нам сега ни е дадено предупредување за второто Христово доаѓање и за уништувањето што ќе дојде на светот. Оние што ќе го послушаат предупредувањето ќе бидат спасени. (DA стр. 634)

Бог ни открил што можеме да очекуваме во наше време

Пред Неговото распнување, Спасителот им кажал на Своите ученици дека ќе биде убиен и дека ќе воскресне од гробот; ангелите биле присутни за да ги втиснат Неговите зборови во срцата и душите на учениците. Меѓутоа, учениците очекувале ослободување од римскиот јарем и не можеле да ја поднесат помислата дека Оној во Кого ги полагале сите свои надежи ќе мора да претрпи толку срамна смрт. Зборовите, на кои требале да се сетат, исчезнале од нивното сеќавање и така кога дошло времето на неволја, ги нашло неподготвени. Исусовата смрт толку темелно ги распрснала нивните надежи што можело да се помисли дека Тој никогаш и не ги предупредил.

Пророштвата и нам ни ја откриле иднината исто толку јасно како што Христовите зборови им ја прикажале на учениците. Настаните поврзани со крајот на времето на милоста и нашето подготвување за време на неволјата ни се јасно објавени. Меѓутоа, за илјадници луѓе, судејќи по тоа колку ги разбираат, овие вистини како никогаш да не биле ни откриени. (GC стр. 594)

Пророштвата за последните денови го бараат нашето внимание

„И друг, трет ангел, дојде по него” (Откровение 14,9-11). Мојот ангел чувар рече: „Страшно е неговото дело. Ужасна е неговата задача. Тоа е ангелот кој треба да ја оддели пченицата од каколот и да ја запечати, да ја поврзе во снопови пченицата за небесните житници. Сето тоа треба да го обземе целиот наш ум, да го привлече целото наше внимание. (EW стр. 118)

Ние ќе мораме да излегуваме пред властите и да одговараме за нашата верност на Божјиот закон, да ги изнесуваме причините за нашата вера. И младите треба да го разберат тоа. 

Тие мораат да знаат што ќе се случи пред историјата на овој свет да дојде до својот крај. Сето тоа е тесно поврзано со нашето вечно добро и затоа наставниците и учениците треба на тие теми да им посветуваат многу поголемо внимание. (6T стр. 128,129)

Ние мораме да ги проучуваме големите патокази кои упатуваат на времињата во кои живееме. (4MR стр. 163)

Оние кои ќе се потчинат на Божјата контрола, кои ќе дозволат Тој да ги води и насочува, ќе откријат дека набргу се наближуваат настани кои по Негова волја мораат да се одиграат. (7T стр. 14)

Ние треба да го набљудуваме исполнувањето на пророштвата во историјата, да ги истражуваме делата на Провидението во големите реформаторски движења, да ги согледуваме подготовките на народот за последниот судир во големата борба помеѓу доброто и злото преку развојот на настаните. (8T стр. 307)

Посебно да ги проучуваме Книгите на пророкот Даниел и Откровението

Неопходно е многу подлабоко да ја истражуваме Божјата Реч; Книгите на пророкот Даниел и Откровението треба да ги проучуваме повнимателно од било кога… Видението што Даниел го примил од Бога било посебно наменето за овие последни денови. (TM стр. 112, 113)

Да ја читаме и да ја проучуваме дванаесеттата глава од книгата на пророкот Даниел. Тоа е предупредување што сите мораме да го прифатиме пред времето на крајот. (15MR стр. 228)

Последната книга од Новиот Завет е полна со вистина која треба да се разбере. (COL стр. 133)

Неисполнетите пророштва од Книгата Откровение треба наскоро да се исполнат. Божјиот народ сега треба вредно да ги проучува тие пророштва и јасно да ги разбере. Тие не ја прикриваат вистината, туку јасно однапред предупредуваат, зборувајќи ни што ќе се случи во иднина. (1NL стр. 96)

Свечените пораки кои по својот редослед се упатени во Откровението треба да заземат прво место во мислите на Божјиот народ. (8T стр. 302)

Оваа тема треба да им се објаснува на луѓето

Има мнозина кои не ги разбираат пророштвата што се однесуваат на овие денови. Затоа треба да им се даде светлина. На стражарите и верниците им е должност на трубата да и дадат разбирлив глас. (Ev стр. 194,195)

Стражарите сега нека го подигнат својот глас и нека ја објават пораката која претставува вистина за сегашното време. Да им покажеме на луѓето каде се наоѓаме во пророчката историја. (5T стр. 716)

Бог го одредил денот кога ќе заврши историјата на овој свет: „И ова Евангелие за Царството ќе биде проповедано по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде свршетокот.” Пророштвата бргу се исполнуваат. Повеќе, многу повеќе мора да се зборува за овие извонредно важни теми. Блиску е денот кога ќе биде утврдена судбината на сите души за целата вечност…

Мораме да вложиме големи напори да им ги објавиме овие теми на луѓето. Сериозниот факт дека денот Господов ќе дојде ненадејно, неочекувано, мора да им се објави не само на луѓето во светот туку и во нашите цркви. Страшното предупредување од пророштвата и се упатува на секоја душа. Никој да не мисли дека е сигурен од опасноста да биде изненаден. Ничие толкување на пророштвата да не ве поколеба во уверувањето стекнато врз основа на познавањето на настаните кои укажуваат дека тој голем настан е пред вратата. (FE стр. 335, 336)

Правилно да се толкуваат идните настани

Ние денес не сме во состојба точно да ги опишеме сцените кои ќе се случуваат во нашиот свет во иднина, но сепак знаеме дека сега е време да стражариме и да се молиме, зашто големиот ден Господов е пред вратата. (2SM стр. 35)

Жигот на ѕверот е токму она што е кажано дека ќе биде. Се што е поврзано со оваа тема до сега сеуште не е правилно разбрано ниту ќе биде разбрано се додека не се отвори книгата. (6T стр. 17)

Мнозина ќе го одвратуваат својот поглед од сегашните должности, сегашните утехи и благослови и однапред ќе се свиткуваат пред неволјите што ќе ги донесуваат идните кризи. Тоа значи дека пред време ќе го предизвикаат времето на неволји, а нам не ни е ветена никаква помош во неволјите чие доаѓање самите сме го забрзале. (3SM стр. 383,384)

Времето на неволји навистина доаѓа на Божјиот народ, но ние не треба на луѓето постојано да им зборуваме за тоа ниту да ги потсетуваме дека ги очекува време на неволји. Ќе дојде до решетање во Божјиот народ, но тоа не е вистината која во сегашно време треба да ја објавуваме во црквите. (1SM стр. 180)

Сподели го ова:

Similar Posts