ПРЕДГОВОР

Сподели го ова:

              Ја издаваме оваа книга во нејзината целовитост, длабоко осведочени дека таа сеопфатно осветлува еден предмет од најголемо значење и сеопшт интерес. Книгата ја претставува светлината за која треба копнежливо да трагаме, бидејќи содржи малку познати вистини преку кои се преминува како да не постојат. Големата борба помеѓу вистината и заблудата, помеѓу светлината и темнината, помеѓу законското владеење на Бога и грабливите напади на непријателот на секоја правда, претставува голем и најспектакуларен призор кој со право мора да го привлече вниманието на сите светови во универзумот. Фактот дека до оваа борба дошло поради појавата на гревот, дека таа минува низ различни фази од нејзиниот развој, дека на крајот сепак придонесува за афирмација на Божјата слава и довербата на оние кои Му остануваат лојални, е сигурен и непобитен доказ дека Библијата и Божјото откровение се наменети за луѓето. Оваа божествена Реч ја открива суштината на борбата – борба која го опфаќа искупувањето на светот; фактот дека имало исклучителни епохи кога на овие прашања им бил даван невообичаен интерес и дека разбирањето за ова станало од прворазредно значење за нас со цел да ја разбере нашата поврзаност со тоа.

              Такво време е токму сега, бидејќи сè говори дека со сигурност можеме да се надеваме на скорото завршување на оваа повеќевековна борба. Сепак, многумина се склони во изучувањето на библиската историја да се осврнат на самата фабула (на описот на овие настани), чија цел е само на нашиот ум да му откријат одредени чекори од историјата со кои светот е вплеткан во големиот исход во оваа борба. Другите, иако се воздржуваат од вакви екстремни ставови, сепак се склони да мислат дека сето тоа е застарено и безначајно, и на тој начин ги наведуваат и другите да не му го посветат заслуженото внимание на ова прашање.

              Како и да е, кој не би сакал да ѕирне во тајната на причината за ова чудно и необјасниво отпадништво, да го препознае неговиот дух, да ги воочи неговите последици и да научи како да се избегне сето тоа. Токму овие теми се обработуваат во оваа книга. Писателот се стреми да го поттикне и заживее интересот за оние делови од Божјата Реч кои најчесто се занемаруваат. Тој ги прикажува ветувањата и пророштвата на светите записи со ново значење, со фактички докази целосно ги оправдува Божјите начини на справување со бунтот и ја истакнува Неговата чудесна милост во изнаоѓањето начини и средства за спасување на грешниот човек. Така, низ историјата опфатена овде, се враќаме во времето кога Божјите планови и цели му биле јасно откриени на Неговиот избран народ.

              Иако се занимава со теми кои се толку деликатни, кои ги раздвижуваат срцата до нивните најдлабоки длабочини и ги запалува највозбудливите чувства на душата, стилот на книгата е целосно разбирлив, а јазикот јасен и директен.

              Им ја препорачуваме оваа прекрасна книга на сите кои наоѓаат задоволство во проучување на божествениот план за откуп на човечкиот род и кои се заинтересирани за Христовото посредничко дело кое е толку поврзано со спасението на нивните души, и им ја препорачуваме исто така и на сите други со цел во нивните срца да се разбуди непроценлив интерес за непроценливото богатството скриено во неа.

              На сите што ги читаат овие редови им посакуваме да ги примат благословите ветени на оној  „кој чита…“ (Откровение 1: 3), и на тој начин нозете на многумина да се вратат на патот на животот – тоа е нашата најсериозна молитва и желба.

Издавачите

Сподели го ова:

Similar Posts