Предговор

Сподели го ова:

Христос, Големиот учител, голем дел од Своите поуки ги дал додека одел со Своите ученици по ритчињата и долините на Палестина, или додека одморал покрај езеро или река. Во Своите параболи, Тој ја поврзувал божествената вистина со обичните нешта и случки, што можат да се најдат во искуствата на пастирот, градителот, земјоделецот, патникот и домаќинот. Познатите предмети ги поврзувал со вистински и убави мисли – со мисли за Божјата нежна грижа за нас, за благодарноста што со право ја очекува од нас и за нашата должност да се грижиме едни за други. На овој начин поуките на божествената мудрост и практичните вистини стануваат силни и импресивни.  

Во оваа книга параболите се групирани според нивните теми, а нивните поуки се разработуваат и илустрираат. Книгата е полна со вистински скапоцености на вистината и на многу читатели ќе им даде побогато значење на заедничкото опкружување од секојдневниот живот.

Бројните изданија на книгата „Христовите очигледни поуки“ на англиски, и други водечки јазици ја докажуваат популарноста на книгата. Додека го подготвувал ракописот, авторот бил поттикнат приходот од нејзината продажба да го посвети на воспитно-образовната програма. Се надеваме дека оваа прекрасна книга, ќе наиде на топол прием во секој дом кој ја љуби вистината и она што е навистина убаво, овозможувајќи му уште подобро да Го запознае Спасителот и Неговото спасоносно – а всушност толку едноставно учење.

Издавачот

Сподели го ова:

Слични објави