ПАДНА, ПАДНА, ВАВИЛОН. КОГА ВАВИЛОН КОНЕЧНО ЌЕ ПАДНЕ?

Сподели го ова:

Нашето внимание ќе биде насочено на проучување на втората ангелска порака од книгата Откровение: 

И друг ангел се појави по него, велејќи: ‘Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство’“ (Откровение 14:8).

Во овој блок на теми посветени на пораката на вториот ангел ќе го:

1. Идентификуваме Вавилон.

2. Ќе ја дефинираме суштината на неговото лажно учење.

3. Ќе ги откриеме причините за неговиот пад.

4. Ќе откриеме што значи „да се излезе од Вавилон“.

Содржина прикажи
ЗА ШТО ГОВОРИ ВТОРАТА АНГЕЛСКА ПОРАКА?

Забележете дека втората ангелска порака следи веднаш по првата ангелска порака, зборувајќи за почетокот на истражниот суд на небото во 1844. година, повикувајќи нѐ да имаме страхопочит кон Бога, да Му оддадеме слава и да Му се поклониме како на Создател.

Бидејќи првата ангелска порака има временска точка, тоа е почетокот на истражниот суд на небото, а втората ангелска порака следи веднаш по првата, тогаш ние лесно можеме да го одредиме времето на почетокот на падот на Вавилон. Вавилон, според сведоштвото на небесните гласници, го започнал својот неотповиклив пад од времето на почетокот на небесниот суд

И според книгата Откровение, овој пад не е ништо друго, освен еден временски процес, на чиј крај Вавилон ќе стане ѓаволско живеалиште на сатаната и неговите демони, поради што ќе биде и уништен.

И извика силно, зборувајќи со висок глас: ‘Падна, падна великиот Вавилон, и стана ѓаволско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, врталиште на сите нечисти и гадни птици’“ (Откровение 18:2).

„Тогаш еден силен ангел подигна еден камен, голем како воденички камен, па го фрли во морето и рече: ‘Со такво бучење ќе биде сринат Вавилон, големиот град, и ќе го нема веќе’“ (Откровение 18:21).

Божјите деца се повикани од Бога да го напуштат осудениот на пропаст Вавилон: 

И чув друг глас од небото како вели: ‘Излезете од неа, луѓе Мои, за да не соучествувате во гревовите нејзини, и да не добиете од казните нејзини; бидејќи гревовите нејзини стигнаа до небото, и Бог си спомна за неправдите нејзини’“ (Откровение 18:4,5).

ИСТОРИЈА НА ВАВИЛОНСКАТА КУЛА

Ајде да го дефинираме Вавилон во светлината на Божјата реч? Значи, што е Вавилон? Многумина би сакале тоа да биде симбол на лажни учења. Тоа ќе им даде за право, мислејќи, дека нивното учење е вистинито, да го изобличат целиот свет. Но, Библијата учи дека Вавилон не е само лажно учење, но и дека не можат да бидат водени од Божјиот Дух дури и  оние кои го познаваат вистинското учење. И имајќи го тој дух, тие стануваат дел од Вавилон, бидејќи Вавилон — концептот на Вавилон, пред сѐ, е духовен.

Историјата на Вавилон започнува од времето после потопот. Вавилон бил еден од градовите, кој бил дел од царството на Нимрод, синот на Куш, првенец на Хам, кој постапил неморално кон својот татко Ное. Луѓето, кои ја изградиле Вавилонската кула, биле водени од духот на гордоста.

Потоа рекоа: ‘Ајде да си соѕидаме град и кула, висока до небото; и да се здобиеме со име, пред да се растуриме по целата земја’“ (Создавање 11:4).

Овие луѓе не можеле да го негираат фактот за потопот, бидејќи трагите од него се гледале насекаде, а и оние што го преживеале во ковчегот сѐ уште биле живи. Така тие ја знаеле вистината, но Божјиот Дух не бил во нив. Овие луѓе биле дури и подготвени да покажат послушност кон Бога, со тоа што ќе бидат расеани по целата земја. Но, пред да покажат послушност кон Бога, тие сакале да направат име за себе, односно во средиштето на битието на овие луѓе не бил Бог, Тој не бил на прво место во нивниот духовен живот. Во средиштето на нивниот духовен живот било нивното „јас“, во чие име ги извршувале своите дела.  

КАКО ИЗГЛЕДА ДУХОТ НА ВАВИЛОН?

Ако во средиштето на вистинската религија се наоѓа Бог и послушноста на Неговата реч, на Неговата света волја, тогаш во средиштето на лажната религија се наоѓа гордиот човек, ѓаволот, кој игра на жиците на гордоста на човечката душа и ги прави луѓето, дури и во вистинската религија, свои поклоници, свои деца:

И така, кога даваш милостина не разгласувај, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето…“ (Матеј 6:2).

И кога се молиш, не биди како лицемерите, кои сакаат да стојат по синагогите и крстопатите за да се молат и да се покажуваат пред луѓето…“ (Матеј 6:5).

Кога постите, не бидете жалосни како лицемерите; зашто тие си ги прават лицата нажалени за да се покажат пред луѓето дека постат…“ (Матеј 6:16).

Вашиот татко е ѓаволот; и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажливец и татко на лагата“ (Јован 8:44).

Ова е духот на Вавилон, духот на оние што го сочинуваат Вавилон. Мешање на вистината со лагата. Со Божјите наредби не го прославувате Бога, туку самите себеси, и во оваа служба не се извршува Божјата волја, туку сопствената, под маската на извршување на Божјата волја. Или исполнување на сопствените себични желби под маската на желбата за добро на целото човештво. Градителите на Вавилонската кула ја изградиле, за да се прослават себеси, а според официјалната верзија, оваа кула се градела за да го заштити човештвото од сеопштото уништување од водите на потопот.

РЕЛИГИЈА НА ВАВИЛОН — ШТО Е ТОА?

Колку и да звучи парадоксално, сите лажни религии, зад кои стои сатаната, имаат еден заеднички именител — наместо да го прослават Бога — самопрославување. И ова самопрославување (самовозвишување) и стремежот кон свои идеи и цели се прикрива под маската на религиозноста и побожноста. Токму ваков вид на религија ќе преовладува во нашите последни денови:

„Но ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња. Зашто луѓето ќе станат себељубиви, среброљубиви, самофалци, горделивци, хулители, непокорни кон родителите, неблагодарни, неправедни, безбожници, непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољубиви отколку богољубиви, на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив бегај“ (2 Тимотеј 3:1-5).

„Зашто ќе дојде време кога луѓето нема да го слушаат здравото учење, но, водени по своите похоти, ќе си изберат учители да им го залажат слухот; тие ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се свртат кон бајки“ (2 Тимотеј 4:3,4).

Религија на лицемерие, религија на варосани гробови. Религија на задоволување на сопствените желби под плаштот на побожност, ова е она што повеќето верници ќе го претставуваат во нашите последни денови. А таквата религија ќе доведе до тажни последици, кога под изговор дека Му служат на Бога, овие лицемери ќе ги уништат вистинските Божји слуги. Бидејќи тие знаат дека Бог се грижи за човештвото, правејќи ги свети преку Христа. И сите други обиди дека се грижат за човештвото, не се ништо друго, освен желбата на луѓето да се издигнат над Бога и да се слават себеси:

Ова ви го кажав за да не се соблазните. Ќе ве исклучуваат од синагогите. Па уште и ќе настапи време кога секој што ќе ве убие, ќе мисли дека на Бога Му принесува служба. Тоа ќе го прават, зашто не Го познаа Отецот, ниту Мене“ (Јован 16:1-3).

Во оваа демонстрација, во изградбата на Вавилонската кула, ги гледаме плановите на сатаната. Тој сака да ги вовлече сите луѓе во овој лажен систем на самопрославување, во Вавилон, под разни изговори.

МОРАМЕ ДА ВНИМАВАМЕ ДА НЕ СЕ ЗАНЕСЕМЕ ВО УЧЕЊАТА НА ВАВИЛОН

Со запирање на изградбата на Вавилонската кула, Бог го покажал својот став кон овој начин на живот:

И рече Господ: ‘Ете, еден народ се и сите имаат еден јазик; ова е само почеток на нивните настојувања. Наскоро ќе прават сè што ќе наумат! Ајде да слеземе и да им го збркаме нивниот јазик за да не се разбираат еден со друг што зборуваат!’ И така Господ ги растури оттаму по целата земја, и престанаа да го ѕидаат градот (и кулата)“ (Создавање 11:6-8).

На духот на самопрославување му се потребни души кои ќе го слават. Со тоа што им дал на луѓето различни јазици и ги расфрлал по лицето на целата земја, Бог го забавил овој погубен процес. Но, духот на Вавилон, духот на гордоста и самопрославувањето под маската на побожност и наводна грижа за благосостојбата на целото човештво, според библиските пророштва, ќе достигне невидени размери во последните денови од земната историја. Сите народи, со исклучок на вистинските Божји деца, ќе бидат вовлечени во ова лажно духовно движење, кое и во Новиот Завет се нарекува Вавилон:

И друг ангел се појави по него, велејќи: ‘Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство’“ (Откровение 14:8).

И чув друг глас од небото како вели: ‘Излезете од неа, луѓе Мои, за да не соучествувате во гревовите нејзини, и да не добиете од казните нејзини; бидејќи гревовите нејзини стигнаа до небото, и Бог си спомна за неправдите нејзини’“ (Откровение 18:4,5).

Затоа, треба да бидеме многу внимателни да не станеме дел од Вавилон, бидејќи непријателот не дреме, сакајќи да ги заведе и избраните.

РИМОКАТОЛИЧКАТА ЦРКВА НЕ Е САМИОТ ВАВИЛОН, ТУКУ САМО ЕДЕН ОД НЕГОВИТЕ ГЛАВНИ ДЕЛОВИ

Многу луѓе денес погрешно веруваат дека Вавилон е некој вид отпаднички систем или организација, да речеме, како што е Римокатоличката црква, но тоа е само мал дел од вистината. Иако Католичката црква е една од главните компоненти на Вавилон, ние сепак не можеме целосно да го идентификуваме Вавилон со оваа организација.

Во 18-тото поглавје од Откровението, од небото оддекнува повик до Божјиот народ да го напушти Вавилон. И ако под симболот на Вавилон го подразбираме само католицизмот, тогаш Бог ги повикува вистинските верници да го остават само католицизмот. Но, во исто време тие остануваат во разни други деноминации, не сметајќи ги за заблудени.

Но Бог има една црква на земјата, а не многу. Покрај тоа, Вавилон ги опил сите народи со своето лажно учење, со своето вино, а не само католиците, затоа на симболот, претставен со Вавилон, мора да се гледа пошироко, а не само на Католичката црква.

НЕ СЕ ВО ПРАВО ТИЕ ШТО ВЕЛАТ ДЕКА ВАВИЛОН Е ГРАДОТ РИМ

Вавилон не е градот Рим, како што некои го толкуваат 17-тото поглавје од Откровението, каде е даден описот на Вавилон. Ова толкување произлегува само од она што е кажано за Вавилон:

Овде е потребен ум што има мудрост. Седумте глави, тоа се седумте гори врз кои седи жената“ (Откровение 17:9).

Логиката на овие толкувачи е едноставна. Рим е град сместен на седум ридови, жената е Вавилон, која седи на ѕвер со седум глави, а седумте глави се седумте гори на кои жената седи, сè на прв поглед изгледа логично и едноставно. Но, Библијата самата се објаснува и таа не си противречи себеси. Во 13-тото поглавје од Откровението се зборува за ѕверот и за една од неговите глави:

И видов дека една од главите негови како да беше смртно ранета, но таа смртна рана му заздраве…“ (Откровение 13:3).

Вие разбирате дека во Библијата не можете да ги толкувате истите симболи во различни поглавја така, како што ние сакаме. Односно, во еден текст во пророштвата водата — е симбол на народите, а на друго место, да речеме, таа е симбол на глад или нешто друго. Бог не ни го дава Своето откровение на овој начин.

БИБЛИСКИ ДОКАЗИ ДЕКА ГРАДОТ РИМ НЕ Е ВАВИЛОН

Затоа, ако во 13. поглавје се вели дека главата на ѕверот добила смртна рана и таа заздравела, тогаш здравиот разум, што Бог ни го дал, вели дека под симболот на главата не може да се крие разбирање за буквална гора или рид, кој не може да биде ранет, а уште помалку да заздрави после раната.  

Пророштвата велат дека секоја глава била крунисана со круна. И ако под глави разбираме буквални ридови на кои стои буквалниот град Рим, тогаш кој и со какви обележја ги крунисал овие ридови? Освен тоа, пророштвото за Вавилон, опишано во 17. поглавје од Откровението гласи:

Овде е потребен ум што има мудрост. Седумте глави, тоа се седумте гори врз кои седи жената; а седумте цареви, од кои петмина паднаа, едниот постои, другиот уште не дошол; и кога ќе дојде, малку ќе остане“ (Откровение 17:9,10).

Ридовите на кои стои Рим отсекогаш биле заедно, и сега е така, и тие не се појавувале еден по друг; и пет рида не исчезнале порано за Рим да остане на еден рид, така што подоцна се појавил друг рид. Ги разгледавме со вас пророштвата на Даниел поглавјата 2,7,8 и книгата на пророкот Еремија, затоа накратко ќе повторам дека во пророштвата главите значат влади, а горите значат држави:

Потоа видов, пак, уште еден ѕвер, како леопард: на грбот имаше четири крилја од птица, и четири глави имаше тој ѕвер…“ (Даниел 7:6).

И ќе му отплатам на Вавилон и на сите жители халдејски за сето она зло, што му го направија на Сион пред очите ваши, вели Господ. Еве, Јас сум против тебе погубна горо, вели Господ, што ја разорува целата земја; и ќе ја протегнам против тебе раката Своја, ќе те симнам од карпите и ќе те направам обгорена планина“ (Еремија 51:24,25).

Од ова произлегува дека симболичната жена, Големиот Вавилон, не може да седи на буквални ридови или планини, туку само на симболични.

ЗОШТО ВАВИЛОН Е НАРЕЧЕН ЖЕНА?

Мора да ја најдеме библиската дефиниција за Вавилон. Вавилон е нарачен жена. И не само жена, туку мајка на сите земни блудници:

И ме одведе со духот во пустина: и видов жена како седи на црвен ѕвер, кој беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови…. А на челото и беше напишано името: ‘Тајна, великиот Вавилон, мајка на блудниците и на земните гнасотии’“ (Откровение 17:3,5).

Жената е симбол на Божјата црква (кога зборуваме за жена која е верна на Бога и е опишана во 12-то и 19-то поглавје од книгата Откровение). Оваа жена од 17-тото поглавје од Откровение е блудница, неверна жена, мајка на блудниците. Така, бидејќи Вавилон ќе биде казнет, ​​(но ништо не е кажано за казната на ќерките на блудницата, бидејќи злото во сите негови манифестации ќе биде казнето и уништено), тогаш не е тешко да се погоди дека во ликот на жената Вавилон се собрани сите заблуди кои постојат на земјата. А зборот „мајка“ и „ќерки“ се користи за да се нагласи блиското духовно сродство на сите заблуди.

Сликата на жената блудница во 17-то поглавје од Откровението не може да се ограничи на ниту една организација. Тоа се отпадници, обединети со еден дух на самопрославување под маската на побожност и грижа за човештвото, но во реалноста го мразат Бога и Неговите деца:

И во него се најде крв на пророци и светии, а и на сите што беа погубени на земјата“ (Откровение 18:24).

ВАВИЛОН СЕ СОСТОИ ОД ТРИ ДЕЛА

За Вавилон, големиот град, се вели дека се состои од три дела:

Големиот град се раздели на три дела, и градовите на незнабошците паднаа; а великиот Вавилон се спомна пред Бога за да му се даде чашата со вино од јароста на Неговиот гнев“ (Откровение 16:19).

Книгата Откровение ни ги претставува овие три дела на Вавилон со живописни симболи. Тоа е змевот – симбол на паганството; папството — претставено со ѕверот од 13-то поглавје од Откровението; протестантизмот — претставен со ѕвер со два рога како излегува од земјата, исто така од 13-то поглавје од Откровението. И така, мешањето на гореспоменатите сили во еден дух е Вавилон. И секој што е заразен со духот на самопрославување, кој и да е, и како и да се нарекува, е дел од Вавилон.

ПАДОТ НА ВАВИЛОН Е НЕПОВРАТЕН ПРОЦЕС

Втората ангелска порака вели дека Вавилон паднал. Покрај тоа, двојното „падна, падна“ зборува за временски процес и за неповратноста на тој процес.

За разлика од пораките на првиот и третиот ангел, кои своите пораки ја објавиле со силен глас, пораката за постепениот пад на Вавилон нема да биде толку јасно претставена на светот како пораката за судот и белегот (жигот) на ѕверот. Само кога ќе биде засилена со пораката на друг ангел од 18-то поглавје на Откровението, за излегувањето на Божјиот народ од Вавилон, пораката за Вавилон, кој станал засолниште за демоните и секакви нечисти духови, ќе прозвучи со полна сила:

И извика силно, зборувајќи со висок глас: ‘Падна, падна великиот Вавилон, и стана ѓаволско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, врталиште на сите нечисти и гадни птици; зашто со отровното вино на своето блудство ги напои сите народи…’“ (Откровение 18:2.3).

Ние живееме со вас во ова свечено време. Затоа, пораката за Вавилон и излегувањето од него ќе звучи јасно и сѐ погласно и погласно.

КОГА ЌЕ СЕ СЛУЧИ КОНЕЧНИОТ ПАД НА ВАВИЛОН?

Како што Вавилон паѓа во времето, а тој се состои од три компоненти: паганизам, католицизам и протестантизам, тогаш кога ќе се случи неговиот конечен пад? Паганството падна одамна, и веднаш се дескридитираше во очите на Бога. Католицизмот, исто така, одамна паднал и се поистоветува со богохулната сила која се побунила против Бога и Неговиот народ. Останува само протестантизмот, кој се обидел да се оттргне од погубното влијание на католицизмот и неговите лажни учења, но не сторил сѐ од негова страна, го оставил во себе папското учење, со што потврдил дека таа е блудната ќерка на Вавилон.

Џејмс Вајт, еден од пионерите на адвентното движење, сопругот на Елена Вајт, напишал зошто протестантите не се ослободиле од папското влијание: 

„Тајната на беззаконието започнала да дејствува во црквата уште во времето на апостол Павле. Како резултат на тоа, заменувајќи ја евангелската едноставност и искривувајќи го Христовото учење, таа ја одвела црквата во пустината. Мартин Лутер и другите реформатори се кренаа во Божја сила, со Словото и Духот, и направија снажен скок во реформацијата. Најголемата грешка е што реформаторите застанаа во реформата. Кога би продолжиле и понатаму, сѐ додека последната трага од папството не биде избришана, имено: природната бесмртност на душата, прскањето, тројството и почитувањето на неделата, тогаш денес црквата би била ослободена од анти-библиските заблуди“.

Вавилон паѓа, но овој процес се одвива постепено, бидејќи тоа е временски процес. Вавилон конечно ќе падне, кога сите протестантски цркви ќе ја отфрлат вистината на Божјата реч, која ќе биде заменета со папска заблуда.

ДУХОВНА ДЕГРАДАЦИЈА И ОБЕДИНУВАЊЕ НА ПРОТЕСТАНТИТЕ СО ПАГАНСТВОТО И ПАПСТВОТО ВО ЕДЕН ВАВИЛОН

Погледнете го процесот на реформација и процесот на деградација, благодарение на папската контрареформација. Лутер и лутеранството, Калвин и презвитеријанството, Џон Смит и баптизмот, Весли и методизмот, пионерите на АСД и адвентизмот.

Ова се степените на реформацијата. Што се случило со лутераните кои не го напуштиле Католичкото учење за тројството, светоста на неделата, крштевањето на доенчињата и верувањето во бесмртноста на душата? Тие се вратија во католицизмот на 31. октомври 1999. година. Слично нешто им се случи и на презвитеријанците, методистите, кои не ги напуштиле католичките учења за тројството, светоста на неделата и верувањето во бесмртноста на душата. Со други зборови дошло до духовна деградација, па протестантите се споиле со паганството и папството во еден Вавилон.

Со напуштањето на протестантите на достигнувањата на реформацијата, Вавилон се формира од отпадници и паѓа сè пониско и пониско и, како што можете лесно да претпоставите, последни во ова скалило на реформи, најоддалечени од учењето на католицизмот, се адвентистите на седмиот ден. Но, папството, по смртта на пионерите на АСД, по смртта на Божјиот пророк, Елена Вајт, ги воведе во редовите на Божјата црква своите Језуити: Ле Рој Фрум и Рој Андерсон и други, кои постепено го воведоа учењето за тројството во редовите на Божјата црква, ги забранија делата на пионерите на АСД, ги исчистија делата на Елена Вајт, отстранувајќи ги антритинитарните изјави од нив и додале тринитарни изјави. Се приближивме до евангелистите и го прифативме нивното учење дека Христос не дошол на земјата во истата природа како ние. И дека Христос не умрел целосно на крстот, туку некој дел од Него умрел. И како резултат на тоа, адвентизмот, исто така, почнал да паѓа и да ја губи вистината со која Бог го удостоил во периодот на Филаделфија.

Отфрлањето на светилиштето од многумина, духот на пророштвото преку делата на Елена Вајт, празнувањето на саботата од зајдисонце до зајдисонце, консумирањето алкохол, разводот, лојалноста кон хомосексуалноста, световните празници — ова во никој случај не е целосен список на она што  адвентизмот го жнее денес, кој некогаш посеал некое католичко учење на своите полиња.

БОЖЈОТО СПАСЕНИЕ НЕМА ДА БИДЕ КОЛЕКТИВНО, ТУКУ ИНДИВИДУАЛНО

И ова е само почеток:

Бидејќи сееја ветар, бура ќе пожнеат… Проголтан е Израел; меѓу народите сега е како скршен сад. Тие скитаат осамени како диви магариња; Ефрем со подароци ја купуваше благонаклоноста на другите… Му напишав важни закони, но тој ги сметаше за туѓи… сега Тој ќе се присети за нивното бесчестие и ќе ги казни за гревовите нивни; ќе ги врати во Египет. Израел го заборави Создателот свој…“ (Осија 8:7-14).

Адвентизмот сè уште задржува многу од Божјите учења наследени од пионерите на АСД од Филаделфискиот период на црквата, но тој не е лишен од Лаодикијската ерес. Бог го повикува Својот народ да се покае и да се врати на корените на библиските учења што им ги открил на пионерите на АСД. Бог повикува да се излезе преку покајание од осудената Лаодикија и да се вратат во спасувачката Филаделфија:

„Те советувам да си купиш од Мене злато низ оган пречистено, за да се збогатиш; и бела облека, за да се облечеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја, и со очна маст намачкај ги очите твои за да гледаш. Оние што Јас ги сакам, нив ги карам и воспитувам. И така, биди искрен и покај се. Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене“ (Откровение 3:18-20).

Но, од ова последново во прочитаните текстови, произлегува дека спасението нема да биде колективно, туку индивидуално, односно не целата корпорација АСД ќе покаже верност кон Бога, туку нејзините поединечни членови кои го слушнале гласот на Христос како ги повикува. Тоа ќе биде верниот Божји остаток на последното време, црквата Божја, која нема да падне, и на која ќе и се придружат Божјите деца кои излегле од своите одамна паднати цркви.

ЕЛЕНА ВАЈТ ПРЕДУПРЕДИ НА ОМЕГА ОТПАДНИШТВО

Адвентизмот, во основа е како организација (корпорација), според Библијата и пророштвото, кое Бог го дал преку Елена Вајт, никогаш нема да излезе од омега отпадништвото:

„Нема сомнеж дека ова наскоро ќе се случи – големо отпадништво, кое се развива и засилува,  се шири сè повеќе и повеќе и ќе продолжи додека Господ со извик не слезе од небото. Мораме цврсто да се држиме до изворните принципи на нашата вера и да одиме напред по патот на зајакнувањето на нашата вера. Ние мора да се држиме цврсто за нашата вера, чија исправност е докажана од Светиот Дух Божји, од нашите најрани искуства до денес…“ (Специјални сведоштва бр. 7, стр. 57).

„Непријателот на човечките души настојува да ја оправда потребата од голема реформа во адвентната црква, тврдејќи дека таа реформа мора да се состои од реорганизација и отфрлање на начелата кои се столбови на нашата вера. Доколку се случеше таква реформа, каде би довела таа? Темелите на вистината, што Бог во Својата мудрост и ги дал на Црквата на остатокот ќе беа отфрлени. Нашето верување ќе беше сменето. Главните начела, кои ги формираа основите на нашите активности во последните педесет години, би се сметале за погрешни. Ќе се формираше нова организација и ќе беа напишани нови книги. Ќе се воведеше систем на интелектуална филозофија…“ (Специјални сведоштва бр. 2 стр. 54-55).

Омега отпадништвото, според Божјото пророштво дадено преку Елена Вајт, ќе биде поврзано со погрешната доктрина за Бога, и ќе биде продолжение и зајакнување на алфа отпадништвото започнато од д-р Келог, кој се обидел да ја внесе доктрината за тројството во црквата преку пантеизам. Додека Елена Вајт и пионерите беа живи, непријателот не влезе во Божјата црква со лажни доктрини, туку таа напишала дека НАСКОРО ќе следи омега отпадништво и неговиот обем ќе биде запрепастувачки.

ШТО НЀ ОЧЕКУВА СЛЕДНО?

А она што следува ќе биде уште полошо: 

„Многумина ќе стојат на нашите проповедалници со факел на лажно пророштво во рацете,  кој е запален од пеколниот оган на сатаната. Ако се изберат сомнежот и неверството,  верните проповедници ќе бидат отстранети од народот кој мисли дека многу знае. Христос вели:  ‘Кога би можел во овој ден и ти да го дознаеш она што е потребно за твојот мир! Но тоа е сега сокриено од твоите очи’“ (Лука 19:42)  (Сведоштво за проповедниците, 410).

Обратете внимание на зборовите на Елена Вајт. Сатаната ќе ја притиска Божјата црква сè посилно и посилно. Лажните проповедници ќе стојат зад проповедалниците и ќе проповедаат лаги, а вистинските проповедници ќе бидат отстранети од црквата, ќе останат без нив, зошто? Затоа што тие ќе бидат истерани поради вистината, како што Евреите направија со Божјиот Син. Поради ова, мнозина ќе паднат, многу ѕвезди ќе згаснат.

Онаму каде што мислевме дека има гумно пченица, ветерот на искушението ќе најде само слама, врзана за горење. Ниту еден од 20-те запишани во црковните книги, не е запишан во книгата на животот на Јагнето. Ќе има цели градови во кои нема да има ниту еден спасен човек. Сето ова ви го пренесувам со свои зборови од духот на пророштвото. На крајот на краиштата, историјата ќе се повтори, како во деновите на првото Христово доаѓање. Верските водачи на Божјиот народ го отфрлиле Христа и го предале на смрт, и со својот авторитет го убедиле народот да се согласи со оваа одлука, така ќе биде и со Божјиот народ во нашето последно време.

СВЕТСКИТЕ ОКОВИ ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧАТ ОРГАНИЗАЦИЈАТА АСД НА ДНОТО

Кога последното Божјо упориште на оваа земја, организацијата АСД, ќе ги остави начелата на вистината заради светскиот мир заради самопрославување, тогаш ќе се случи конечниот пад на Вавилон, зашто ќе паднат сите верски организации.

Факт е дека Божјиот остаток, црквата Божја, сега е внатре во организацијата (корпорацијата)  АСД, а тоа се сосема различни концепти. Божјата црква нема да падне, ќе падне организацијата АСД, како што ја нарекуваат кај нас, или корпорацијата АСД, како што ја нарекуваат на запад и во САД. Со тоа што стана корпорација, за да се брани себеси пред светските судови со световни закони, Божјата црква се идентификуваше себеси со светот, иако не треба да има ништо заедничко со светот. И сега, откако ја создаде корпорацијата АСД во светот според светските закони, откако стана дел од тој свет, мора да живее според светските закони за корпорациите, а не според Божјите начела. На крајот на краиштата, световните закони обезбедуваат не само права, туку и должности. Со светот владее „богот од овој свет“, и тој ги пишува законите за овој свет.

Црквата има стекнато физичко богатство во светот, санаториуми, болници, факултети, мензи, кои иако несомнено им користат на луѓето, сепак не се бесплатни и профитабилни. А за сето ова да продолжи да биде профитабилно, мора да живеете според законите на овој свет. Ако се спротивставите на тие закони, ќе ве лишат од  можноста да остварите профит. И повеќе од тоа, може сè да ви биде блокирано и да ви се одземе стекнатото богатство.

КАКО ШТО БЕШЕ СО ВЕРСКИТЕ ВОДАЧИ ПРИ ПРВОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ, ТАКА ЌЕ БИДЕ И СО РАКОВОДСТВОТО НА КОРПОРАЦИЈАТА АСД

Христос издржал во пустината за време на третото искушение на сатаната:

Потоа ѓаволот го одведе на многу висока планина и Му ги покажа сите царства на светот и нивната славаи Му рече: ‘Сето ова ќе Ти го дадам, ако паднеш и ми се поклониш.’ Но, Исус му рече: ‘Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: На Господ, Твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш!’ Тогаш ѓаволот Го остави и веднаш дојдоа ангели и Му служеа“ (Матеј 4:8-11).

Но, верските водачи на Божјиот народ во тоа време се поклонуваа на сатаната и не беа победници во ова искушение, затоа Христос рече за нив:

Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамон. Сето тоа го слушаа фарисеите, што беа среброљупци, и Му се потсмеваа“ (Лука 16:13,14).

„Сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите“ (Матеј 23:6).

Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ги подјадувате домовите на вдовиците…“ (Матеј 23:14).

„… богат мачно ќе влезе во царството небесно“ (Матеј 19:23),

И сè, за жал, ќе се повтори, како што беше со Божјиот народ при првото Христово доаѓање. Не сакајќи да се разделат со материјалните добра, многумина, особено верските водачи на Божјиот народ, кои во името на овие земни поседи ја претворија црквата во корпорација, ќе отпаднат од верата. И тие ќе почнат одозгора да влијаат на самата црква да го проповеда Евангелието, отстранувајќи од Божјата порака сè што може да предизвика незадоволство кај моќниците на овој свет, кои би можеле да ги лишат од земните добра. И како резултат на оваа активност, овој конфликт на интереси, корпорацијата АСД ќе надвладее над црквата на АСД. Која во својата суштина ќе го има само името и ништо повеќе од вистинската црква на АСД, некаква побожност, но не и нејзината сила.

ЗОШТО ВТОРАТА АНГЕЛСКА ПОРАКА НЕ ОДЕКНУВА ГЛАСНО?

Еве зошто втората ангелска порака за падот на Вавилон не одекнува гласно: 

„Откровение 18. глава укажува на времето кога црквата, затоа што ќе ја отфрли тројната опомена од Откровение 14:6-12, во целост ќе ја достигне состојбата што ја изнел вториот ангел, а Божјиот народ, кој сè уште е во Вавилон, ќе биде повикан да излезе од своите цркви. Ова е последна вест што ќе му биде објавена на светот и таа ќе ја изврши својата задача. Кога оние ‘кои не поверуваа во вистината, а ја засакаа неправдата’ (2 Солунјаните 2:12), ќе бидат предадени на силата на измамата да ѝ веруваат на лагата, тогаш светлината на вистината ќе ги осветли оние чиишто срца се подготвени да ја примат, и сите Божји деца што се наоѓаат во Вавилон ќе го прифатат повикот: ‘Излезете од неа, народе Мој!’“ (Откровение 18:4) (Големата борба, 390).

„Штом ќе се приближи бурата, мнозина кои тврдат дека веруваат во третата ангелска порака, но не биле посветени со послушност кон вистината, ќе се откажат од своите ставови и ќе преминат во редовите на противниците. Соединувајќи се со светот и учествувајќи во неговиот дух, тие работите ги посматраат речиси во иста светлина, а кога ќе настапи искушението, ќе бидат готови да ја изберат полесната, популарната страна. Луѓе, надарени и со привлечно однесување, кои некогаш и се радувале на вистината, ќе вложат максимални напори да ги измамат и да ги заведат душите. Тие ќе станат најголеми непријатели на своите некогашни браќа. Кога оние што ја почитуваат саботата ќе бидат доведени пред судови да одговараат поради својата вера, тогаш овие отпадници ќе бидат најуспешното орудие на сатаната да ги клеветат и да ги обвинуваат и со лажни извештаи и инсинуации ќе го поттикнуваат гневот на владетелите против нив“
(Големата борба, 608).

БОГ НИКОМУ НЕ МУ ДАЛ ПРАВО ДА ЈА ПРОГЛАСИ ЦРКВАТА НА АСД ЗА ВАВИЛОН

И тогаш Бог, преку преостанатите адвентисти кои Му останале верни, и кои во очите на небото се вистинската Божја црква, и оние кои ќе им се придружат, прифаќајќи ја вистината преку ова движење, слично како во 1844. година, ќе ја објават последната порака до светот, тројната ангелска порака во силата на друг ангел од Откровение 18. поглавје, и целата земја ќе биде осветлена од славата на овој ангел, односно од пораката и светоста на оние кои ќе го сочинуваат ова последно движење, повикано од Бога. Овие луѓе ослободени од оковите на светот, од врските на корпорациите, врзани со врските на љубовта кон Бога, со силен глас ќе го објават конечниот пад на Вавилон, кој тие го напуштиле на Божјиот повик:

„Затоа овде станува збор за движење кое симболично е претставено со ангел кој слегува од небото, ја осветлува земјата со својата слава и со силен глас ги објавува гревовите на Вавилон. Сообразно со неговата вест, се слуша повикот: ‘Излезете од неа, народе Мој!’ Овој повик, заедно со третата ангелска вест, го сочинува последното предупредување кое треба да им се упати на жителите на Земјата“ (Големата борба, 604).

Што ни кажуваат овие зборови? Дека Бог никому не му дал право да ја прогласи АСД за Вавилон.

КОЈ ЌЕ ГО ЗАВРШИ ПРОПОВЕДАЊЕТО НА ЕВАНГЕЛИЕТО?

Бог ќе го заврши проповедањето на Евангелието на ист начин преку движење на луѓе кои Му се верни, како што тоа беше по првото Христово доаѓање, кога Божјиот народ во најголем дел го отфрлил Синот Божји. Како што беше на почетокот на проповедањето на Тројната ангелска порака и раѓањето на адвентното движење:

„Но, повеќето цркви не ја прифатија оваа опомена. Нивните проповедници, како ‘чувари во домот Израелов’, први требаше да ги забележат знаците на Христовото доаѓање. Меѓутоа, тие не ја научија вистината ниту од сведоштвата на пророците ниту од знаците на времето. Бидејќи нивните срца беа исполнети со световен дух и со световни амбиции, љубовта кон Бога и верата во Неговото слово олади, и кога почна да се изнесува адвентната наука, таа кај нив разбуди само предрасуди и неверство. Фактот што оваа вест во поголем број случаи ја проповедаа обични членови на црквата беше истакнуван како доказ против неа. Како и некогаш, наспроти јасното сведоштво на Божјото слово, се поставуваше прашањето: ‘Поверува ли во Него некој од кнезовите фарисејски?’ … 

Мнозина, кои слепо им веруваа на своите духовни пастири, одбиваа да ја слушаат опомената; а други, иако осведочени во вистината, не се осмелија да ја признаат ‘за да не бидат исклучени од црквата’. Веста што ја прати Бог да ја испита и да ја исчисти црквата јасно откри колку голем беше бројот на оние што својата љубов му ја подариле на светот наместо на Христа. Врските што ги врзуваа за земјата беа посилни од оние што ги привлекуваа кон небото. Решија да го слушаат гласот на световната мудрост и се одвратија од веста на вистината која го испитува срцето.

Отфрлајќи ја опомената на првиот ангел, го отфрлија и средството што го предвидело небото за нивна духовна обнова. Го презреа гласникот на милоста кој можеше да ги отстрани пречките што ги делеа од Бога и со уште поголема желба се вратија на световните уживања. Тоа беше причината за онаа страшна состојба на световност, за отпадот и за духовната смрт што владееше во црквите во 1844. година“ (Големата борба, 380).

КОЈ МОЖЕ ДА ЈА ПРЕНЕСЕ И ПРИМИ ПОРАКАТА ВО НАШЕ ВРЕМЕ?

И сè точно ќе се повтори во нашите последни денови од земната историја. Само оние кои му се верни на Бога ќе ја пренесат пораката, и ќе ја примат само оние кои го љубат Бога над сѐ што имале во овој живот:

„Божјите слуги, со лица осветлени од свето помазание, ќе брзаат од едно до друго место да ја објават небесната вест. Илјадници гласови низ целата земја ќе ја објавуваат опомената. Ќе се прават чуда, болни ќе оздравуваат, а верните ќе ги придружуваат знаци и чуда. И сатаната ќе прави лажни чуда; ќе стори и оган да падне од небото пред луѓето (Откровение 13:13). На овој начин жителите на земјата ќе бидат присилени да се решат за кого ќе се определат.

Веста ќе се шири не толку со докажување колку со длабоко осведочување на Божјиот Дух. Доказите се изнесени. Семето е посеано и сега ќе никне и ќе донесе плод. Списите што ги распространиле мисионерските соработници го извршиле своето влијание, но мнозина врз кои вистината имала длабок впечаток, биле спречени вистината потполно да ја сфатат или да ја послушаат. Меѓутоа, сега зраците на светлината проникнуваат насекаде и вистината се гледа кристално јасна, а искрените Божји деца ги кинат врските што ги задржувале до сега. Семејните и црковните врски сега се немоќни да ги задржат. Вистината им е подрагоцена од сè друго. И покрај силите што се здружиле против вистината, голем е бројот на оние што ќе застанат на Господова страна“ (Големата борба, 612).

ДОДЕКА НЕ СЕ ТРГНАТ МАСКИТЕ, НЕ ТРЕБА ДА ИМ КАЖУВАМЕ НА ПРОГОНИТЕЛИТЕ ДЕКА СЕ ВАВИЛОН

Само тогаш ќе постои јасна разлика кој е кој, и кој е на чија страна. Божјо дете е оној кој е подготвен да застане зад вистината, без оглед на тоа на која деноминација и припаѓа. Вистината за него ќе стане цел и смисла на животот.

Дете на ѓаволот е оној што ќе се исполни со духот на Вавилон и ќе ги следи своите цели под маската на побожноста. Кога ќе се отстранат сите маски, тогаш, а не сега, можете да кажете за вашите гонители дека тие се Вавилон, ако, се разбира, и вие бидете меѓу оние кои се верни на Бога.

Сега, додека Божјата црква сѐ уште му ја носи на светот вистината за Законот и саботата, за небесното светилиште, за несвесната состојба на мртвите, за здравствената реформа, не може да се прогласи за паднат Вавилон и да ги повика луѓето да го напуштат, затоа што е погрешно.

ИСУС ХРИСТОС И АПОСТОЛИТЕ СЕ НАШИ ПРИМЕРИ

Христа го отфрлиле и прогонувале и сакале да го убијат во Назарет. Но Тој продолжил да се труди за овој народ. Дури и по распнувањето, по воскресението, Тој им рекол на апостолите да почнат да проповедаат од Ерусалим, од градот кој Го осудил на смрт. Христос е наш пример во сè, а оние кои денес го прогласуваат АСД за Вавилон и нѐ повикуваат да ги напуштиме неговите редови, тие не го вршат Божјото дело, туку го попречуваат Божјото дело, свртувајќи ги браќата против себе, а истовремено и против вистината за единиот Бог, кој конвенционалниот адвентизам ја изгубил. Се разбира, ако ве избркале од Божјата црква поради вистината за единиот Бог, тогаш не се одмаздувајте, не клеветете, туку радувајте се, така поучувал Христос, и така живееле апостолите, кога ги прогонувале верските водачи на Божјиот народ:

Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно! Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонуваат и кога лажно ќе говорат против вас секакви лоши зборови – заради Мене! Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата! Така ги гонеа и пророците што беа пред вас“ (Матеј 5:10-12).

„И откако ги повикаа апостолите, ги натепаа и им заповедаа да не зборуваат во името на Исус, па ги пуштија. А тие излегоа од Синедрионот радосни, зашто беа удостоени да поднесат измачувања за името на Господ Исус. И секој ден во храмот и по куќите не престануваа да поучуваат и да благовестат дека Исус е Христос“ (Дела 5:40-42).

И покрај тоа што биле тепани од водачите на Божјиот народ, тие не се спуштиле на ниво на навреди и обвинувања, не, тие продолжиле да проповедаат за Спасителот, и тоа од местото, од кое биле протерани.

КАКО СЕ МАНИФЕСТИРА ДУХОТ НА ВАВИЛОН КАЈ ЧОВЕКОТ?

Но, не секој е способен за таква посветена и понизна служба. Честопати, оние што најпрво се прогонуваат поради вистината, поради нивната вера во единиот Бог Отецот, најпрвин се спуштаат на ниво да ја обвинуваат и навредуваат Божјата црква, а потоа лично ја прогласуваат за Вавилон, а потоа паѓаат уште пониско, во калта на ереста, која не постои во Божјата црква.

И почнуваат да ги празнуваат лунарните саботи, или саботата кај таквите започнува не од зајдисонце во петок, туку од изгрејсонце во сабота, што не одговара на библиската вистина. Други почнуваат да го отфрлаат небесното светилиште и сè што е поврзано со него. Тие ги преиспитуваат пророштвата и почнуваат слободно да ги толкуваат, според својата имагинација. Други ја прогласуваат Елена Вајт за лажен пророк и, истурајќи кал врз неа, тие буквално ја нарекуваат, ви ги цитирам зборовите на таквите: „прегази преку неа и оди понатаму“. Други се прогласуваат себеси за пророци, одредуваат некои датуми за доаѓањето на антихристот и слично.

И сето тоа не е ништо друго освен Вавилон. Ова е духот на Вавилон. Кога луѓето ги следат своите интереси, тие сакаат да се прогласат за големи и да го прикријат тој дух со желба да го спасат целиот свет. Апостол Павле ги објаснува причините за ова:

Зашто сите си го бараат своето, а не она на Исус Христос“ (Филипјаните 2:21).

За Вавилон се вели дека тргува со сè, дури и со човечки души:

И трговците земни ќе плачат и ридаат за неа, бидејќи стоките нивни нема веќе никој да ги купува; стоки од злато и сребро, од драгоцени камења и бисери, од висон и порфир, од свила и скерлет… и души човечки“ (Откровение 18:11-13).

Вавилон ги прави луѓето робови на неговата измама, заразувајќи ги со духот на сопствената исклучивост и самовозвишување.

ПАЗЕТЕ СЕ ОД СЛЕДЕЊЕ ЛАЖНИ ВОДАЧИ

А оние кои денес ги следат оние кои, оставајќи ја вистината откриена од Бога на Своето движење во првите 50 години по големото разочарување во деветнаесеттиот век, се измамени од ветувањето за слобода што доаѓа од овие „водачи“. Всушност, следбениците на овие водачи станале робови на Вавилон:

Тие се безводни извори, облаци и магли од бура разнесувани; за нив е резервиран мракот на темнината засекогаш. Зашто, говорејќи празни зборови, ги мамат на телесни похоти и нечистотија оние кои тукушто се оттргнале од тие што живеат во заблуда. Им ветуваат слобода кога тие самите се робови на развратот, зашто кога некој некого победува, тој и го поробува. Зашто, ако ги избегнале световните скверности преку познанието на Господ и Спасителот наш Исус Христос, и пак се плеткаат во нив и бидуваат победени, тогаш за такви последното ќе им биде полошо од првото! За нив би било подобро да не го беа познале патот на правдата отколку, откако го познаа, да отстапат од светата заповед која им е предадена. Ним им се случува според вистинската поговорка: ‘Песот се враќа на својата блујавица’ и ‘Искапената свиња -во калта’“ (2 Петрово 2:17-22).

Ако сакате да не потпаднете под влијанието на Вавилон и да станете дел од него, што на верниците им се случува незабележливо, тогаш сфатете ја хармонијата на вистината, нејзината убавина. Разберете го духот на големата борба и сè ќе ви стане јасно во врска со Вавилон и неговото дело во последни денови од нашата земна историја.

ИСТОРИЈАТА НА САТАНСКОТО МАМЕЊЕ НА ВЕРНИЦИТЕ ДО 19. ВЕК

Сатаната долго време ги заведувал душите преку паганството (симболот во книгата Откровение е змевот), кој паднал од самиот почеток на своето постоење, затоа што го отфрлил Бога и вистината за Него. Дури и градителите на Вавилонската кула биле измамени од него. Бог сакал да ги изведе луѓето од оваа заблуда преку пораката на Евангелието. И многумина биле изведени преку движењето што Бог го предизвикал преку апостолската црква.

Сатаната ја променил својата тактика, и неговата измама станала полукава. Ѓаволот почнал да ги опива луѓето со виното на лагите преку вториот ѕвер, на кој змевот (паганството) му го предал светското првенство; ова е првиот ѕвер од 13-то поглавје од книгата Откровение, односно папството, а луѓето продолжиле да го градат духовниот Вавилон, заведени од папството.

Бог повторно, преку реформацијата, сакал да ги изведе луѓето од заблудите на Вавилон и да ги врати на библиската вистина. И многумина излегоа, но сатаната, големиот измамник, преку својата институција на папството, ја изнедрил контрареформацијата. Језуитите развиле лажни учења за претеризам и футуризам и го урнале протестантизмот. Протестантите повеќе не го сметале папството како владеење на антихристот.

Како резултат на оваа измама, протестантизмот се приближил до папството. Тој паднал, прифаќајќи ги овие лажни теории на толкувањето на Божјата реч, станувајќи третиот дел од Вавилон, заедно со паганството и католицизмот, како што објавува втората ангелска порака од книгата Откровение.

БОГ ГО СПАСУВА СВОЈОТ НАРОД ПРЕКУ ДВИЖЕЊЕТО НА ЧЕКАТЕЛИТЕ НА ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ

Бог повторно подига движење во 19. век, движење кое го чека Христовото доаѓање на крајот на најдолгиот пророчки период од 2300 години. По избелувањето и прочистувањето на ова движење преку разочарување, Бог му испраќа на ова движење пророчки дар во личноста на Елена Вајт, со цел да го ослободи размислувањето на ова движење од папските заблуди и да им ја врати на оние што живеат на земјата библиската вистина, каква што била откриена во животот и Христовото учење, а подоцна објавено од Божјото движење, повикано на служба од апостолите.

Во првите 50 години, Бог ја открил сета полнота на светлината на вистината, што папството некогаш ја фрлило на земјата: вистината за единствениот Бог, за небесното Светилиште, за несвесната состојба на мртвите, за Законот и саботата, за здравствената реформа — односно, она што папството го изгазило во калта поради својата величина, прикриена со маска на побожност. Протестантите го поддржувале папството во тоа, заради неговата величина, покриена со маската на побожност, и протестантизмот, погоден од духот на Вавилон, станал дел од Вавилон.

Адвентното движење требало да го прогласи падот на Вавилон, односно паганството, папството и отпаднатиот протестантизам. Но, притоа, самото движење не требало да биде погодено од папските учења и да стане како паднатиот протестантизам. За да не се случи тоа, Бог, преку Елена Вајт, го предупредил Својот народ да се држи цврсто за вистината што Бог им ја открил во првите педесет години од постоењето на ова движење, односно требало да се држи до спасоносниот Филаделфиски период. 

ШТО НÈ УЧИ БОЖЈИОТ ГЛАСНИК?

Гласникот пишува:

„По истекот на времето одредено за 1844. година, тие (пионерите на АСД) ја примија светлината и одеа во светлината; и кога се појавија луѓе кои тврдеа дека примиле нова светлина и ги објавија своите сложени пораки во врска со различните вистини на Светото Писмо, ние благодарение на Светиот Дух, добивме витални сведоштва што нѐ штитеа од влијанието на таквите пораки… Не смееме да се играме со подоцнежни претпоставки кои се спротивни на светлината што порано ја дал Бог. Ќе се појават луѓе и ќе изнесат свои толкувања на Писмото кои им се чинат вистинити, но не се. Вистината за нашето време ни е дадена од Бога како темел на нашата вера. Тој самиот ни покажа што е вистина.

Ќе се појави еден, а по него друг, со нова светлина која е во спротивност со светлината што Бог ни ја дал преку Неговиот Свет Дух. Сѐ уште има  живи луѓе кои поминале низ искуството стекнато во потврдувањето на оваа вистина… И знаменосците кои веќе починале треба да разговараат со луѓето преку делата што ги напишале.

Ми беше кажано дека нивниот глас сепак треба да се слушне. Тие ќе дадат свое сведоштво за тоа, што е вистина за нашето време.

Не треба да ги прифаќаме аргументите на оние кои доаѓаат кај нас со порака која е спротивна со посебните учења на нашата вера. Тие произволно ги избираат пасусите од Светото Писмо што им се потребни и ги наведуваат како доказ за теориите што ги пропагираат. Ова одново и одново се повторуваше во изминатите педесет години. Иако Светото Писмо е Божјо Слово и бара должна почит, неговата примена, ако поткопа макар и еден од темелите што Бог ги поставил во последните педесет години, е голема грешка. Оние, кои го користат Светото Писмо на овој начин, не ги знаат чудесните манифестации на Светиот Дух, кои им давале сила и моќ на Божјиот народ“ (Избрани пораки том 1, 161).

ЗАКЛУЧОЦИ ОД ЗБОРОВИТЕ НА ЕЛЕНА ВАЈТ

Заклучоците од нејзините зборови се очигледни и недвосмислени:

1. На пионерите на адвентизмот, во првите 50 години, им била откриена неопходната вистина за спасение за сегашното време.

2. Ние не треба да прифатиме ниту едно ново учење кое е во спротивност со Божјата светлина дадена на Божјото движење во првите 50 години.

3. Ние треба да се придржуваме до библиските учења исповедани од пионерите на АСД, нивните списи мора да бидат повторно објавени, за да не го заборавиме темелот на нашата вера и да не паднеме во измамата на Вавилон, од која Бог го повикал адвентното движење. 

ВЕРНИЦИ ОД ПЕРИОДОТ НА ФИЛАДЕЛФИЈА

Фактот, дека ова движење го примило од Бога спознанието за спасоносната вистина, потврдуваат и Христовите зборови до верниците од овој период:

И на ангелот на Филаделфиската црква напиши му: вака вели Светиот, Вистинитиот, Оној, Кој го има клучот Давидов, Кој отвора, и никој не може да затвори, – и Кој затвора, никој не може да отвори: ги знам делата твои. Ете, ти дадов отворена врата, што никој не може да ја затвори; ти имаш мала сила и сепак го запази словото Мое, и не одречувај се од името Мое. Ете, ќе направам некои од сатанската синагога – оние што велат дека се Јудејци, а не се, туку лажат, – да дојдат и да се поклонат пред нозете твои и да познаат дека Јас те засакав. Бидејќи ти го запази словото на трпението Мое, и Јас ќе те запазам од часот на искушението кое ќе дојде над целиот свет, за да ги искуша оние што живеат на земјата. Ете, доаѓам скоро: држи што имаш, за никој да не го земе венецот твој. Оној кој победува, ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог, и нема веќе да излезе надвор; и ќе го напишам на него името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог, на новиот Ерусалим, кој слегува од небото од Мојот Бог, и Моето ново име. Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите“ (Откровение 3:7-13).

Погледнете внимателно и ќе видите дека верниците од овој период ги имаат сите критериуми неопходни за спасение:

1. Христос пред нив ја отворил вратата на познанието на вистината и во тоа време никој не можел да ја затвори таа врата.

2. Тие го запазиле словото на вистината, и затоа Христос ќе ги спаси од часот на искушението, кој доаѓа над целиот свет за да ја испита верата.

3. Тие го имаат венецот на спасението, кој треба да го чуваат, за сатаната да не им го грабне.

4. Христос им ветува дека на нивните чела ќе го напише името на Отецот, односно ова е печат на Живиот Бог.

Ова е карактеристика на спасените луѓе, кои се ослободени не само од лажното учење на Вавилон, туку и Божјиот Дух е во нив; тоа е духот на Филаделфијците, духот на оние, кои не живеат за себе, туку за Бога и за своите ближни, а тоа го докажуваат со својот живот.

ТОКМУ ВЕРНИЦИТЕ ОД ПЕРИОДОТ НА ФИЛАДЕЛФИЈА ЌЕ СЕ СРЕТНАТ СО ИСУС ХРИСТОС

И токму таквите кои Бог ги означува како Свој народ, ќе се сретнат со Христа.

„Сите 144.000 беа запечатени и совршено соединети. На нивните чела беа испишани зборовите: Бог, Новиот Ерусалим, и исцртана една блескава ѕвезда која го содржеше Исусовото ново име. При погледот на нашата среќа и света состојба, безбожниците збеснаа и сакаа насилно да нѐ фатат и фрлат во темница, но ние ги подигнавме рацете во името Господово и тие беспомошно паѓаа на земјата. Тогаш оние од ‘сатанската синагога’ познаа дека Бог навистина нѐ љуби, нас, кои еден на друг сме си ги миеле нозете и браќата сме ги поздравувале со свет целив, па приоѓаа да се поклонат пред нашите нозе.

Набргу нашите очи беа привлечени од појавата на еден мал црн облак со големина отприлика колку половина од една човечка тупаница, за кој сите ние знаевме дека е тоа знакот на Синот човечки. Сите во свечена тишина гледаме како облакот се приближува и станува сѐ посветол и повеличествен и сѐ повеличествен, за конечно да се претвори во голем бел облак. Долната страна му изгледаше како пламен; над него се издигаше виножито, додека околу него се наоѓаа десетици илјади ангели кои пееја најубава песна; и врз облакот седеше Синот човечки“ (Рани списи, 15).

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ, КОГА РАКОВОДСТВОТО НА ЦРКВАТА НА АСД ЌЕ МУ СЕ ПОКЛОНИ НА ЅВЕРОТ?

Нема повеќе да се задржувам на тоа дека денес некои таканаречени адвентисти, а всушност еретици, учат дека светата вечера и миењето на нозете не се потребни, тоа е само симбол и ништо повеќе. За жал, Божјата црква, откако ја прифатила лажната папска доктрина за тројството, била погодена од претскажаното омега отпадништво. Таа почнала да паѓа, како што тоа во свое време се случило со протестантизмот. И ова е временски процес. Со текот на времето овој процес само ќе расте и е невозможно да се запре.

Досега видливата Божја црква не е Вавилон, но кога раководството на црквата на АСД, заради сопствената безбедност и благосостојба, ќе се откаже под превезот на побожност од проповедањето на пораките на трите ангели, како што е со разоткривањето на гревовите на Вавилон и нарекувањето на ѕверот во третата ангелска порака по име, односно папството, кога членовите на црквата во најголем дел ќе го поддржат раководството во ова, тогаш ќе дојде конечниот пад… не на Божјата црква, туку на организацијата или поточно корпорацијата АСД.

Бог тогаш ќе работи преку движењето што Тој го подигнал од верници кои целосно му се посветени Нему, претставени со друг ангел од 18-тото поглавје од Откровението, кои ќе ја зајакнат пораката на трите ангели со славата на светиот живот во Исус.

ПРВИОТ ЗНАК ЗА ОТСТАПУВАЊЕ НА КОРПОРАЦИЈАТА АСД Е СКРАТУВАЊЕТО НА КНИГАТА „ГОЛЕМАТА БОРБА“

Дека падот на корпорацијата АСД не е далеку и дека ова повлекување ќе биде прифатено од повеќето членови на црквата на АСД, сведочи и објавената мисионерска книга „Големата надеж“ наместо „Големата борба“. Ова е многу скратена верзија на Големата борба.

Од  Големата борба се исфрлени сите најважни вистини за папството, пораката на трите ангели, Вавилон, Божјиот печат и жигот на ѕверот, насловот е променет, генерално нема да ја препознаете Големата борба во оваа мисионерска книга и нема да ја видите пораката за сегашно време во неа. И речиси сите членови на организацијата ја проголтаа оваа одлука на „врвот“ без дополнителни прашања, здраво за готово, а сепак со оваа акција на врвот ги лиши верниците од уникатноста на нивната порака и црквата и ги направија адвентистите само една од многуте деноминации кои сега го сочинуваат Вавилон.

Сè ќе се повтори, како во деновите на Христовото отфрлање, кога Израел беше отфрлен како Божји избран народ, како држава, додека секој Евреин од тој народ можел да му остане верен на Бога следејќи го Христа.

Скратувањето на Големата борба било направено со цел да му се угоди на овој свет и да го одржи својот човечки авторитет во очите на моќниците на овој свет. И сето тоа се прави под превезот на побожност и грижа кон Божјата црква, за да не предизвика меѓурелигиско непријателство и да не предизвика омраза на другите религии кон Божјата црква.

ДРЖЕТЕ СЕ ДО СПАСОНОСНИОТ ФИЛАДЕЛФИСКИ ПЕРИОД НА БОЖЈАТА ЦРКВА

Папското тројство било прифатено да му се угоди на светот, и да не се биде секта во очите на светот. Бидејќи оној кој не го прифаќа учењето за тројството, тој во очите на целото христијанство е секта. Сепак, колку е ова далеку од Божјата вистина:

Во луѓето ли сега барам благонаклонетост, или во Бога? Или, пак, на луѓето ли сакам да им угодувам? Ако бев сакал да им угодувам на луѓето, немаше да бидам Христов слуга“ (Галатјаните 1:10).

Затоа, ако сакате да се спасите од расипаното влијание на вавилонското вино, тогаш држете се до спасоносниот филаделфиски период на Божјата црква со нејзиното учење дадено во првите 50 години од постоењето на ова движење, кога Бог ја обновил сета вистина што им била откриена на апостолите, која папството за време на годините на своето владеење ја згазило во калта за време на годините на своето владеење. И она што не е помалку важно од знаењето, бидете исполнети со духот на Филаделфија, духот на братска љубов кој ја карактеризирал Филаделфија, како што сугерира нејзиното име, зашто е кажано во Светото Писмо:

„…сите имаме знаење. Но, знаењето возгордејува, а љубовта надградува“ (1 Коринтјаните 8:1).

Постапувајќи така, живеејќи во Божјиот Дух, цврсто држејќи се до вистинското знаење и живеејќи во љубов, ќе се заштитиш од виното на Вавилон.

Сподели го ова:

Слични објави