Симболична илустрација: малиот рог над Рим, отворена Библија и Христос како Првосвештеник во небесното светилиште.

Зошто малиот рог ја поништува Христовата жртва и какво е значењето на тоа?

Заклучивме дека малиот рог го претставува Римското царство во неговите два дела, пагански и папски. Сепак, не ги разгледавме детално пророштвата од ова поглавје во однос на активноста на овој рог, особено кога станува збор за светилиштето и неговото чистење, бунтот на малиот рог против Христа и одземањето на секојдневната жртва. Исто така, важно е да разбереме како ова е поврзано со Божјиот суд, кој ќе стави крај на оваа богохулна сила.

Содржина прикажи
МАЛИОТ РОГ РАСТЕ ТЕРИТОРИЈАЛНО

Така, малиот рог, Рим,  уште во својата паганска фаза, започнал со ширење во различни насоки:

„… мал рог … израсна многу кон југ и исток, кон Прекрасната Земја“ (Даниел 8:9).

Паганскиот Рим се проширил на југ, освојувајќи го Египет, кој станал римска провинција во 30 година п.н.е. Исто така, се проширил на исток, во 65 година п.н.е., Сирија станала римска провинција. Понатаму, Рим напредувал кон Прекрасната земја (во оригиналот „земјата на славата“), односно Палестина, каде што Јудеја била освоена и станала римска провинција во 63 година п.н.е. Палестина се наоѓала на запад од споменатите територии. Фактот дека малиот рог не пораснал на север укажува дека тој потекнува од север. Ова е многу значајно, бидејќи во единаесеттото поглавје на Даниел тој ќе биде претставен како северен цар.

МАЛИОТ РОГ, ОДНОСНО РИМ, НЕ МОЖЕЛ ДА СЕ ПОБУНИ ПРОТИВ НЕБЕСНИТЕ АНГЕЛИ

Откако ја освоил Јудеја и продолжил да се шири територијално, Рим го направил следниот чекор, чекор што во никој случај не е типичен за обична држава која само сака да ги зголеми своите граници. Во одреден момент, територијалната експанзија престанала да биде негов приоритет. Малиот рог, откако израснал и престанал да биде „мал“, заземајќи огромна територија, направил нешто многу поразлично: „порасна сè до Небесната Војска“ (т.е. се издигнал против небесната армија, духовниот поредок или божествената власт). Но, тоа е невозможно од повеќе причини. Првата причина е јасна, тоа е невозможно поради моќта на ангелите. Не постои земска војска што може да се спротивстави дури и на еден од нив:

„И ова се случи во таа ноќ: ангел Господов отиде и во асирскиот логор уби сто осумдесет и пет илјади војници. Изутрината кога преживеаните станаа, тие ги видоа мртвите тела“ (2 Царевите 19:35).

Небесните ангели се супериорни во однос на паднатите ангели на Сатаната. Дури и ако самиот Сатана и неговите демони стојат зад земните сили, тие сè уште не се во состојба да ѝ нанесат никаква штета на Небесната Војска. Токму небесните ангели се тие што ги исфрлиле сатанските ангели на земјата: 

„И настана војна на небото: Михаил и неговите ангели војуваа против змевот, а змевот и неговите ангели војуваа против нив; но беа поразени, и за нив веќе не се најде место на небото. И беше исфрлен големиот змев старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше соборена на земјата, и заедно со неа и ангелите нејзини беа исфрлени“ (Откровение 12:7-9).

Затоа, според учењето на Библијата, не можеме да прифатиме ставот дека малиот рог би можел да се побуни против небесните ангели.

ШТО ЗНАЧИ ЗБОРОТ „ПОРАСНА“ ВО ПРОРОШТВОТО НА ДАНИЕЛ?

Значи, терминот „Небесната Војска“ крие уште едно значење, освен ангелите. На тоа укажува и самиот збор „Војска“, кој, како што споменавме погоре, може да се однесува на оние што се во служба, без разлика дали воена или религиозна. Дополнително, ова значење го потврдува и контекстот на стиховите наведени подолу:

„…мал рог… израсна многу кон југ и исток, кон Прекрасната Земја.Тој порасна сè до Небесната Војска, ги обори на земја некои од Војската и од ѕвездите па ги згази“ (Даниел 8:9,10).

Штом малиот рог, односно паганскиот Рим, се проширил кон Прекрасната земја, Јудеја, како веднаш „порасна сè до Небесната Војска, ги обори на земја некои од Војската и од ѕвездите, па ги згази“? Претходно, тој не дејствуваше на таков начин. Со други зборови, со влегувањето во контакт со Јудеја, Рим започнал да ја шири својата моќ на поинаков начин. Не само што продолжил со територијалната експанзија (хоризонтално), туку почнал да ја докажува својата величина и на духовен, верски план (вертикално.

Што означува зборот „порасна“? И какво друго значење има поимот „Небесната Војска“ во Библијата? Хебрејскиот збор што кај нас е преведен како „порасна“ има значење: да се воздигне, да се возвиши, да се издигне себеси.

Кога, во светлината на Библијата, ќе разбереме какво друго значење Божјата Реч му дава на поимот „Небесната Војска“ (покрај ангелите), тогаш пред нас ќе се отвори интересна слика на библиските пророштва, особено во врска со активноста на малиот рог, неговата религиозна улога. 

ШТО ПРЕТСТАВУВА НЕБЕСНАТА ВОЈСКА?

Која е оваа Небесна Војска? Нашата прва мисла, секако, се ангелите, бидејќи Христос е водач на Небесната Војска, водач на ангелската армија:

„…Јас сум водачот на војската Господова… Собуј ги обувките од нозете свои, бидејќи местото, на кое стоиш, е свето…“ (Исус Навин 5:14,15).

Но, Светото писмо уште ја нарекува Божјата војска – Божји народ. Во старозаветното време тоа бил Израел, а во новозаветното време – црквата.

„Фараонот сепак нема да ве послуша. Но Јас ќе ја ставам раката Своја над Египет и со силата Моја ќе го изведам воинството Мое, народот Мој, синовите на Израел, од земјата египетска со страшни осуди“ (Излез 7:4).

КОЈА ГОЛЕМА ВИСТИНА ЈА ОТКРИВААТИЗРАЕЛЦИТЕ КОИ ГО ЧУВААТ СВЕТИЛИШТЕТО?

Кога ќе го прочитате второто поглавје од книгата Броеви, ќе ја откриете вистината дека Бог го построил Својот народ околу светилиштето во форма на прстен, или, поточно, како квадрат, создавајќи заштитна ограда околу него: 

„И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи: ‘Синовите израелски треба да логоруваат секој кај своето знаме со ознаките на предците свои; и да се настанат околу скинијата на собранието на пристојна оддалеченост. Најнапред, на исток, ќе се настанат легионите Јудини со војниците свои, и началникот на Јудините потомци Наасон, синот на Аминадав. Силата на неговата војска изнесува седумдесет и четири илјади и шестотини војници’“ (Броеви 2:1-4).

Погледнете како е наречено племето на Јуда, кое се наоѓа источно од скинијата. Тоа е наречено легиони и војска. Ако ги прочитате описите на сите племиња што биле распоредени околу светилиштето во заштитниот квадрат, ќе забележите дека за сите нив се вели дека се легиони и војска.

Колку голема вистина се крие во овој прототип!

Светилиштето, како Божјо живеалиште и вистинско место за поклонение, требало да биде во центарот на Божјиот народ и внимателно да се чува од незнабошците, со кои Израел ќе мора да се соочи при влегувањето во Ветената земја.

Иако Бог е способен да посредува за Себе, Тој сепак не го чува лично она што му припаѓа, туку му доверува на човекот да го пази. Ова носи важна поука: луѓето треба да чуваат нешто што е тесно поврзано со нивното спасение и што зависи исклучиво од нив.

На пример, зборовите: „Бидете будни и молете се, за да не паднете во искушение“ се нешто што човекот самиот мора да го направи.

ПРАВИЛНО РАЗБИРАЊЕ НА ПРОРОШТВОТО ЗА ТОА КАКО МАЛИОТ РОГ ЌЕ СОВЛАДА ДЕЛ ОД БОЖЈАТА ВОЈСКА

Да преминеме на духовните заклучоци од овој пророчки прототип. Во осмото поглавје од книгата на Даниел се зборува за светилиштето, но и за тоа дека малиот рог ќе може да совлада само дел од Небесната Војска, односно оние што се повикани да го заштитат вистинското богопочитување од паганството.

Кога ги комбинираме информациите од различни библиски текстови, добиваме јасна слика: дел од Небесната Војска, односно од Божјиот народ, кој требало да го чува светилиштето, местото на вистинското богопочитување, ќе биде исфрлен од небесните височини на земјата.

Што значи тоа? Библијата најдобро се толкува самата себеси:

„Влакнестиот јарец е царот на Грција; големиот рог меѓу неговите очи е првиот цар; скршениот рог и четирите рога што излегоа на неговото место, тоа се четири царства што ќе излезат од неговиот народ, но не ќе ја имаат неговата сила. И кон крајот на нивното царување кога беззакониците ќе ја исполнат мерата, ќе стане цар, дрзок и лукав. Неговата сила ќе порасте, ама не со своја снага; ќе запустува чудесно, ќе успева во сите свои потфати, ќе ги сотрува јунаците и народот на Светите“ (Даниел 8:21-24).

Објаснувањето на видението гласи: откако ќе се распаднат сите држави на кои ќе биде поделено грчкото царство на Александар, отпадниците ќе ја исполнат мерката на беззаконието. Сепак, ќе останат и оние што му се верни на Бога, против кои малиот рог ќе војува. Отпадниците се оние што отпаднале од вистината, тие се дел од војската што малиот рог ја соборил.

Со своите постапки, малиот рог предизвикал отпадништво меѓу верниците. Тие престанале да се залагаат за вистината, престанале да му се поклонуваат на вистинскиот Бог и повеќе не го чувале светилиштето како центар на вистинското богопочитување. Како резултат, дел од Божјата заштитна војска паднал од небото на земјата, од верност кон Бога до отпадништво од Него. Ова јасно се открило во прототипот, кога некои Евреи, на самата граница на Ветената Земја, го напуштиле светилиштето и се прилепиле кон Ваал-Фегор и паганските празници.

РИМ, И ПАГАНСКИОТ И ПАПСКИОТ, ЌЕ ГО ПРОГОНУВА БОЖЈИОТ НАРОД

Малиот рог решил да ја докаже својата величина вертикално (духовно) со тоа што ќе ги доведе во заблуда верниците, Божјата војска, која според Божјиот план требала да го заштити вистинското богопочитување на земјата. Преку ова заблудување, тој ќе ги претвори во отпадници. Но со оние што нема да ги прифатат неговите лаги и ќе му останат верни на Бога, тој ќе води бескомпромисна борба за нивно уништување.

Ова е во целосна согласност со другите слоеви на пророштвата, кои зборуваат за активностите на паганскиот Рим, претставен со црвениот змев во 12-то поглавје на Откровението, кој ја прогонува жената, односно Божјата црква. Истото пророштво продолжува во 13-то поглавје на Откровението, каде што ѕверот, односно папскиот Рим, ја добива власта и престолот од змевот, паганскиот Рим. Така започнува прогонството од страна на папството на ист начин како што сатаната ги прогонувал Божјите деца преку паганството. Тој продолжува да ги прогонува Божјите деца преку папството. Истото прогонство на Божјите деца од страна на папството се споменува и во претходните слоеви на пророштвата, запишани во 7-то поглавје на Даниеловата книга:

„И гледав како овој рог војува против Светите та ги надвладуваше“ (Даниел 7:21).

Со други зборови, под „дел од небесната војска“, која малиот рог ја фрлил на земјата, се подразбира Божјиот народ, кој, како резултат на неговите активности, паднал во беззаконие.

ШТО СИМБОЛИЗИРААТ „ЅВЕЗДИТЕ“ ВО СВЕТОТО ПИСМО?

Но, целосната слика на ова отстапување ќе ја разбереме подобро кога ќе обрнеме внимание на уште еден важен детал:

„Тој порасна сè до Небесната Војска, ги обори на земја некои од Војската и од ѕвездите па ги згази“ (Даниел 8:10).

Не само што ќе падне дел од војската, туку и ѕвездите. Затоа, да се свртиме кон Библијата за објаснување на овој симбол. Во самата книга на пророкот Даниел се вели:

„Разумните ќе сјаат како светила на небото, и оние што мнозина повратиле кон правда – како ѕвездите, во веки, засекогаш“ (Даниел 12:3).

Под ѕвезди не се подразбираат само оние што веруваат, туку и оние што ги водат другите кон вистината. Во 12-то поглавје од книгата Откровение, жената, која ја симболизира Божјата црква, носи венец (круна) од дванаесет ѕвезди. Овие ѕвезди го претставуваат дванаесетте патријарси на племињата на Израел во старозаветната црква.

Сетете се на сонот на Јосиф:

„А тој сонуваше уште еден сон и им го раскажа на браќата, велејќи: ете, сонував друг сон: ете, сонцето и месечината и единаесет ѕвезди ми се поклонуваат. И им кажа на татка си и на браќата свои; а татко му го искара и му рече: ‘Што е овој сон што си го сонувал? Може ли јас и мајка ти и твоите браќа да дојдеме да ти се поклониме до земја?’“ (Создавање 37:9,10).

А исто така и на дванаесетте апостоли:

„Затоа, вие не сте веќе туѓинци и придојденици, туку сте сограѓани на светите и домашни на Бога, надѕидани врз основата на апостолите и пророците…“ (Ефесјаните 2:19,20).

Тука се споменуваат и пророците, како оние што ги поучуваат луѓето на патот кон спасението, како и водачите на Божјата црква:

„Тајната на седумте ѕвезди, што ги виде во Мојата десница, и на седумте златни светилници: седумте ѕвезди се ангелите на седумте цркви…“ (Откровение 1:20).

ПАПСТВОТО И ДЕНЕС УСПЕШНО ДЕЈСТВУВА ПРОТИВ ВИСТИНАТА И БОЖЈИОТ НАРОД

Општата слика за активноста на малиот рог, насочена кон неговото вертикално издигнување, покажува дека тој ќе заведе дел од верниците, вклучувајќи истакнати водачи, проповедници и учители, од патот на вистинското богопочитување. Ѕвездите, кои како Божји војници требало да го чуваат Божјото светилиште и да го заштитат вистинското богопочитување, паднале. Бидејќи активностите на малиот рог против Божјиот народ ќе продолжат сè до второто Христово доаѓање, ова пророштво уште еднаш ќе се исполни во животот на сегашниот Божји народ, кој мора да ја чува вистината за небесното светилиште и да го брани вистинското богопочитување. Ќе зборуваме за тоа подоцна и ќе го браниме вистинското богопочитување. Но, за жал, малиот рог, папството, веќе денес успешно дејствува против вистината и Божјиот народ. Многу истакнати проповедници и учители ја отфрлаат вистината за небесното светилиште и за истражниот Божји суд и со тоа ја заведуваат Божјата војска. Сепак, ние сме предупредени, а со тоа и заштитени, преку Библијата дека ова ќе се случи:

„А и од вас самите ќе станат мажи, кои ќе зборуваат изопачено, за да ги одвлечат учениците по себе“ (Дела 20:30).

„А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења“  (1 Тимотеј 4:1).

„Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители, за да им ги скокоткаат ушите, и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки“  (2 Тимотеј 4:3,4).

ЕЛЕНА ВАЈТ ПРЕДУПРЕДУВАШЕ ЗА ИДНИНАТА НА ЦРКВАТА

Исто така, сме предупредени преку Духот на пророштвото:

„Повеќе од половина век различни аспекти на вистината за нашето време се доведуваат во прашање и се напаѓаат. Нови теории, кои не се вистинити, се претставуваат како такви, но Божјиот Дух ја открива нивната заблуда. Кога се проповедаат големите столбови на нашата вера, Светиот Дух сведочи за нив, а тоа особено важи за вистината за светилиштето. Повторно и повторно, Светиот Дух го поддржува проповедањето на ова учење на многу јасен начин. Но, како што било во минатото, така е и денес – постојат луѓе кои создаваат нови теории и ги негираат вистините, кои веќе биле потврдени со одобрувањето на Божјиот Дух“  

(Ракопис 125, 1907).

„Многу од ѕвездите, на чијшто блескав сјај сме се восхитувале, ќе потонат во мракот. Во завршните сцени од историјата на Земјата, луѓето на кои Тој им укажал голема почест, ќе го следат примерот на некогашниот Израел… Отстапувањето од големите начела што Христос ги воспоставил во Своите учења, извршувањето на човечки планови, користењето на Светите списи за да се оправда погрешниот начин на дејствување, ќе ги зајакне луѓето во нивното погрешно разбирање, а вистината што им е потребна за да ги сочува од погрешните практики, ќе истекува од душата како вода од сад што протекува“

(Настани на последното време, 186).
САМО ПРОПОВЕДНИЦИТЕ НА ВИСТИНАТА ГО СПРЕЧУВААТ ПАПСТВОТО ВО РЕАЛИЗИРАЊЕТО НА НЕГОВИТЕ ПЛАНОВИ

Затоа, оние од Божјиот народ кои ја отфрлаат вистината за небесното светилиште се оние се погодени од лагите на папството. Како резултат на тоа, тие престанале да бидат Божји војници штого чуваат вистинското богопочитување.

Тие станале оние што малиот рог ги фрлил од небото на вистината на оваа грешна земја, за да ги згази и уништи. Сето тоа папството го правело со една цел: да не останат проповедници на вистината, за да може малиот рог да продолжи да расте и да се издигнува вертикално, но преку лагите и заблудите.

Сè додека има луѓе што ја чуваат вистината, тој не може да го постигне тоа. Оние што ја објавуваат вистината, ја откриваат нејзината суштина пред светот и на тој начин го спречуваат неговото воздигнување: 

„Порасте сè до Заповедникот на Војската, ги обори на земја некои од Војската и од ѕвездите па ги згази… и Му го разори неговото Свето Место. Војската се дигна… поради бесчестието; а тој, откако ја собори вистината на земјата, дејствуваше и успеваше“ (Даниел 8:10-12).

Внимавајте да не ги отфрлите непроменливите столбови на вистината. Не преминувајте од вистинско во лажно богопочитување, бидејќи тоа е токму она што го сака папството, и ќе се обиде да го постигне:

„И ќе му се поклонат сите, кои живеат на земјата, чии имња не се запишани во Книгата на Животот на Јагнето, заклано од создавањето на светот. Кој има уво, нека чуе“ (Откровение 13:8,9).

СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ НА МАЛИОТ РОГ

Кои следни чекори што ќе ги преземе растечкиот рог, односно паганскиот и папскиот Рим, за да ја зголеми својата вертикална важност?

„…Тој порасна сè до Заповедникот на Војската…“ (Даниел 8:11).

„…Тој ќе се вознесе во своето срце… ќе се крене против Кнезот над кнезовите…“  (Даниел 8:25).

Малиот рог, кој израснал до Јудеја и ја проголтал со своето владеење, се побунил против Господарот над господарите, односно против Царот над царевите, против Водачот на војската Господова, Христос. Не е тешко да се препознае дека ова се однесува на распнувањето на Христос од страна на Римјаните, по наредба на римскиот управител Понтиј Пилат.

Но, на малиот рог не му било доволно да го убие Христос преку своето паганско владеење. Гледајќи дека Христос воскреснал од мртвите и дека вистината се шири и покрај бруталното прогонство на христијаните од страна на паганскиот Рим, тој решително ја менува својата тактика.

По убиството на Христос, паганскиот Рим постепено се претвора во папство. Паганството се „облекува“ во христијанска облека со цел:

  • да ги лиши христијаните од благословите на Христовата победа
  • да ги лиши од вистината за спасението преку Христа
  • да ги оддели верниците од самиот Христос

На тој начин, неговата цел не е само физичкото уништување на христијаните, туку и духовното разорување на вистинската вера:

„Порасте сè до Заповедникот на Војската, му ја одзеде секојдневната жртва и Му го разори неговото Свето Место“  (Даниел 8:11).

ПЕТ ВИДА СЛУЖБИ ВО СВЕТИЛИШТЕТО

Како да ја разбереме оваа активност на малиот рог против вистината и против Христа? Во претходната тема  истакнавме дека, почнувајќи од осмото поглавје, пророкот Даниел повторно се префрла на хебрејски јазик. За да разбереме за што станува збор во овие поглавја, треба да го усвоиме еврејскиот начин на размислување. На тоа нè наведуваат и зборовите: „секојдневна жртва“ и „светилиштето ќе се очисти“. Сето тоа се теми за кои Бог му зборувал на Израел, а тие го знаеле нивното значење.

Во Тората постојат пет вида служби во светилиштето, во кои се употребува хебрејскиот збор „תָּמִיד Tamid“. Овој збор се користи и во книгата на пророкот Даниел, во врска со секојдневната жртва. Како што веќе знаеме, Библијата сама себеси се објаснува. Затоа, за да разбереме за што зборува книгата на пророкот Даниел, треба да го откриеме значењето на зборот „תָּמִיד Tamid“ од самата Библија. Овие пет библиски пасуси се:

„На трпезата поставувај ги секогаш лебовите принесени пред Мене“ (Излез 25:30).

„За да гори светилникот секогаш“ (Излез 27:20).

„А во наградникот судиски стави ги Урим и Тумим; и тие ќе бидат над срцето Ароново, кога влегува (во светилиштето) пред Господ; а Арон секогаш ќе го носи над срцето свое судот на синовите Израелови пред Господ“ (Излез 28:30).

„И кажи им: ете ја жртвата, која треба да Му ја принесувате на Господ: јагниња без недостаток – две едногодишни машки јагниња на ден, како жртва–сепаленица (без престанок)“ (Броеви 28:3).

„И кога ќе ги пали Арон кандилата навечер, нека кади над него; нека има постојано кадење пред Господ во поколенијата ваши“ (Излез 30:8).

Значи:

  • Лебовите за принос секогаш требало да се принесуваат пред лицето на Бога во светилиштето;
  • Светилникот во светилиштето требало да гори постојано;
  • Арон морал секогаш да го носи надградникот со имињата на племињата на синовите на Израел;
  • Жртвата требало да се принесува без престанок;
  • Темјанот требало постојано да се кади на жртвеникот за темјан.

Ова се петте постојани активности, и сите тие се тесно поврзани со светилиштето, жртвите и посредничката служба во него. 

МАЛИОТ РОГ САКАЛ ДА ГИ ЛИШИ ВЕРНИЦИТЕ ОД ХРИСТОВАТА ЖРТВА И НЕГОВАТА ПОСРЕДНИЧКА СЛУЖБА

Но, Даниел го засилува значењето на зборот „תָּמִיד Tamid“ со одреден член, кој е тешко читлив, но кој укажува на посебната уникатност на напишаното во овој контекст. Со други зборови, овој член ја нагласува специфичната уникатност на секојдневната жртва, од една страна, нејзината постојаност, а од друга, нејзината неповторливост.

Бидејќи жртвите и службите во Стариот Завет се само прототипи на Христовата служба, јасно е дека ова се однесува на Христос, во Кого се обединиле сите старозаветни симболи и обреди. Затоа Христовата жртва и Неговата посредничка служба се целосни, совршени, единствени и неповторливи. Токму затоа, малиот рог сакал да ги лиши верниците од Христовата жртва и Неговата посредничка служба.

Покрај тоа:

„Порасте сè до Заповедникот на Војската, му ја одзеде секојдневната жртва, и Му го разори (фрли, отфрли, собори, уништи) неговото Свето Место (светилиште)“  (Даниел 8:11).

Што гледаме овде? Малиот рог, кој веќе се проширил географски, сега сака да го наметне својот авторитет и вертикално, односно во духовната сфера. За да го постигне тоа, тој ја соборува вистината за светилиштето, за жртвата и за Христовата служба како наш Посредник и Првосвештеник. Тој заведува дел од Божјиот народ, па дури и најистакнатите и најсветли личности, фрлајќи ги од небото на земјата. Со други зборови, малиот рог е фокусиран на уништување, уништување на вистината, заменување на вистината со лага, и преку таа лага, издигнување во духовната сфера. И тој ќе успее да заведе мнозина од патот на вистината во нашето последно време:

„Никој да не ве измами на ниеден начин; зашто оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓање и не се открие Човекот на гревот, Синот на погибелта,кој се противи и се превознесува над сè што се нарекува Бог или светост, за да седне како бог во Божјиот храм, претставувајќи се себе самиот како Бог… и со секакво неправедно измамување меѓу оние кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта на вистината та да би се спасиле… та да бидат осудени сите кои не поверуваа во вистината, а ја засакаа неправдата“  (2 Солунјаните 2:3,4,10,12).

БИБЛИСКИ ПРИМЕР ЗА ТОА КАКО ВЕРНИЦИТЕ МОЖАТ ДА БИДАТ УНИШТЕНИ

Можеме ли во Светото писмо да најдеме илустративни примери за тоа како наместо Божјата вистина може да се воведе лага, и преку тоа да се уништи Божјиот народ, односно, да биде фрлен од небото на земјата и газен? Библијата е уникатна книга и содржи сè што ни е потребно. Заедно со вас, ќе разгледаме два примери кои покажуваат како можат да бидат уништени верниците. Првиот случај е опишан во 1 Самоилова:

„А синовите на Илиј беа лоши луѓе. Тие не Го познаваа Господа и долгот на свештеникот кон народот. Кога некој принесуваше жртва, слугата на свештеникот доаѓаше со вилушка во раката, додека се вареше месото, и ја спушташе во котелот, или во котлето, или во тавата, или во грнето, и што ќе извади вилушката, тоа го земаше за себе свештеникот. Така постапуваа тие со сите Израелци што доаѓаа таму во Силом. Дури и пред да изгори лојот, слугата на свештеникот доаѓаше и му велеше на оној што принесуваше жртва: ‘Дај месо за печење на свештеникот; тој нема да земе од тебе варено месо, ами дај сурово.’ И ако некој му речеше: „’Прво нека изгори лојот, како што е редот, и после земи си, колку што ти сака душата’, тој ќе речеше: ‘Не, дај сега, ако не, насила ќе земам.’ И гревот на тие млади луѓе беше многу голем пред Господ, зашто тие вршеа неправда против жртвите Господови“  (1 Самоилова 2:12-17).

Синовите на свештеникот Илиј исто така биле свештеници и требало да служат според Божјиот закон. Преку нивната служба, Бог и Неговата вистина требало да му се пренесат на Божјиот народ и да имаат благотворно влијание врз човечкиот дух, бидејќи сите жртви укажувале на Христа. Сепак, тоа не се случило. Нивното грубо кршење на Божјата вистина и нивното несоодветно однесување, кое не било во склад со животот на вистински верник, а уште помалку со свештеничката должност, ги одвратувало луѓето од принесување жртва, односно, од служење на Бога и спасение преку Христовата жртва.

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД НАЧИНОТ НА КОЈ КАТОЛИЦИЗМОТ ГО ПРЕТСТАВИЛ БОГА НА СВЕТОТ

Само вечноста ќе ја открие вистината за тоа колку луѓе папството ги одвратило од секоја желба да му служат на Бога и да веруваат во жртвата на Исус Христос. Гледајќи ги нечовечките мачења на невините, палењата на клада, крстоносните војни, илјадници, десетици илјади, стотици илјади, па дури и милиони луѓе почнале да го мразат Бога, кој им бил претставен во ликот на папството.

Хомосексуалните скандали, педофилијата, богатењето, симонијата (термин што потекнува од Симон Маѓесникот во Дела 8:18-24 и се однесува на трговијата со духовни вредности за пари), и многу други гревови, застрашувачки дури и за светот, предизвикале многумина да престанат да веруваат во Бога.

Атеистичката Француска револуција, која го отфрлила Бога, била директна последица на тоа како папството се манифестирало во оваа земја, особено за време на Вартоломејската ноќ, кога католиците извршиле масакр врз протестантите. И атеизмот, дарвинизмот и фашизмот, сето тоа се само последици на начинот на кој католицизмот му го претставил Бога на светот.

ВТОР ПРИМЕР ЗА ТОА КАКО ЛУЃЕТО МОЖАТ ДА СЕ ОДВРАТАТ ОД СЛУЖЕЊЕ НА БОГА И КАКО ВЕРНИЦИТЕ ДА БИДАТ ДОВЕДЕНИ ВО ЗАБЛУДА

Овој пример е опишан во дванаесеттото поглавје од Првата книга за Царевите:

„И Јеровоам си говореше во срцето свое: ‘Царството може пак да премине кон Давидовиот дом, ако овој народ оди во Ерусалим да принесува жртви во домот Господов, тогаш срцето на тој народ ќе се сврти кон својот господар Ровоам, царот јудејски, ќе ме убијат и ќе се вратат кај Ровоам, царот јудејски’. И царот, откако се посоветува, направи две златни телиња, и му рече на народот: ‘Не ви треба да одите во Ерусалим; еве ги твоите богови, Израеле, кои те изведоа од египетската земја.’ И едниот го постави во Ветил, а другиот – во Дан. Тоа предизвика грев, зашто народот почна да оди кај едниот од нив дури во Дан (и го оставија храмот Господов). И изгради идолско светилиште и постави од народот свештеници, кои не беа од Левиевите синови. Јеровоам востанови празник во осмиот месец на петнаесеттиот ден, сличен на оној празник, каков што имаше во Јудеја, и принесуваше жртви на жртвеникот; тоа го направи и во Ветил за да им се принесуваат жртви на телињата што ги направи. И постави во Ветил свештеници во идолските светилишта што ги беше изградил, и принесе жртви на жртвеникот што беше го изградил во Ветил, во петнаесеттиот ден од осмиот месец, месец што произволно го определи; и установи празник за синовите Израелови и пристапи кон жртвеникот за да прекади“  (1 Царевите 12:26-33).

Поради разни причини и околности, Јеровоам се здобил со власт над дел од Божјиот народ. Но, наместо да ја изгради таа власт врз Божјата вистина, како што му заповедал Господ, тој решил да го задржи Божјиот народ во послушност кон себе. За да го постигне тоа, го попречил патот до вистината, заменувајќи ја со лага што самиот ја измислил. За да се вкорени оваа заблуда меѓу верниците, тој направил да ја имитира вистината.

  • Поставил телиња на границите на своето царство.
  • Едното од нив било поставено на патот на верниците што оделе во Ерусалим за да му се поклонат на Бога во вистината.
  • Тој го прогласил овој лажен бог за вистинскиот, оној што го извел Божјиот народ од ропството.
  • Почнал да воведува лажни празници, кои ги имитирале вистинските Божји празници.
  • Поставил свои луѓе за свештеници, но не според Божјите уредби.
  • На овој начин го измамил целиот народ.

Јеровоам толку длабоко ги вовел во грев, што за нив Божјата вистина станала лага, а лагата станала вистина.

КАКО ШТО ЈЕРОВОАМ ГИ ИЗМЕНИЛ ПРАЗНИЦИТЕ, ТАКА И ПАПСТВОТО ГИ МЕНУВА БОЖЈИТЕ УСТАНОВИ

И потоа, сè оди по искривена патека. На лажен бог – лажни празници, налик на вистинските. Јеровоам само малку ги поместил датумите, а празникот што самоволно го определил, го прогласил за Божји празник. Истото го направило и папството.

На соборoт во Лаодикија во 364 година, саботата била сменета со недела. Божјиот принцип, еден од седумте денови да му биде посветен на Бога, останал, но денот бил малку поместен, исто како во времето на Јеровоам. И сега, милијарди христијани веќе не го почитуваат утврдениот Божји ден за богослужба, Господовата сабота. Четвртата заповед во Божјиот закон е занемарена, заменета со лажна сабота, недела, воспоставена од папството.

И оваа лага зазела место во умовите на луѓето, место што требало да го заземе Божјата вистина. Така, преку измама, Бог може да биде лишен од скапоцените души за кои Христос умрел. Но тоа не е сè.

Трговијата со свети функции и назначувањето во света служба, не на оние што Бог ги повикува, туку на оние што се корисни за остварување на човечки планови, исто така е гревот на Јеровоам. Папството го презело истиот модел и преку оваа лага ги одвратило луѓето од службата на живиот и вистинскиот Бог.

„Тоа предизвика грев, зашто народот почна да оди кај едниот од нив дури во Дан (и го оставија храмот Господов)“  (1 Царевите 12:30).

Зошто Бог вовел жртвени приноси кои укажуваат на Христа? За да може човекот да се очисти од своите гревови. Но, лажната служба не чисти од гревот, напротив, ги води луѓето кон грев. Затоа, кога е заменета со човечки измислици, сите жртви предвидени од Бога стануваат залудни.

ДО ШТО ДОВЕДУВААТ ПАПСКИТЕ ЛАГИ?

Осмото поглавје од книгата на пророкот Даниел, јое го проучуваме, вели:

„Порасте сè до Заповедникот на Војската, му ја одзеде секојдневната жртва и Му го разори неговото Свето Место. Војската се дигна против секојдневната жртва заради нечесноста, ја обори вистината на земја, и успеа во сè што правеше“  (Даниел 8:11,12).

За подобро разбирање на кажаното и на активноста на малиот рог, ќе дадам попрецизен превод:

„А неговата војска (војската на малиот рог) беше поставена над небесната војска.“

Преку папските лаги, што свештениците од оваа деноминација им ги наметнуваат на луѓето, значењето на Христовата жртва е одземено од Него. Поради оваа заблуда, жртвата на Христос станува залудна во животот на оние што ја прифаќаат лажната наука. Оваа лага им го одзела на верниците вистинскиот ден за богослужба, саботата, заменувајќи ја со лажен ден за богослужба, неделата. И наместо да ги води кон Божјото спасение во Христа, оваа лага ги одвлекува кон гревот. Оние што ја прифатиле оваа измама, на крајот ќе бидат предадени од неа, ќе останат без Христовата жртва и, за жал, ќе загинат:

„И со секакво неправедно измамување меѓу оние кои загинуваат, затоа што не ја примиле љубовта на вистината та да би се спасиле… та да бидат осудени сите кои не поверуваа во вистината, а ја засакаа неправдата“  (2 Солунјаните 2:10,12).

МАЛИОТ РОГ, ПРЕКУ ЛАГИ, ЌЕ ГО ИЗДИГНЕ СВОЈОТ АВТОРИТЕТ И ЌЕ ЈА ОМАЛОВАЖИ ВИСТИНАТА, ПРАВЕЈЌИ ЈА БЕЗНАЧАЈНА

Вистината никогаш не може да коегзистира со лагата. Затоа папството, малиот рог, со сите сили се обидува да ја елиминира вистината:

„И против Севишниот ќе зборува и ќе ги угнетува светиите на Севишниот; дури ќе си помисли да ги измени празниците нивни и закони…“  (Даниел 7:25).

„…а тој, откако ја собори вистината на земјата, дејствуваше и успеваше“ (Даниел 8:12).

Папството ја направило вистината безначајна во очите на луѓето, нешто неважно, што може да се менува по своја волја. Но, покрај тоа, и самото папство, малиот рог, постојано се менува, со што тој му ја докажува својата величина на целиот свет. Во католичкиот катихизис, Божјиот закон претрпел сериозни промени:

  • Втората заповед, која забранува поклонување на слики, е целосно отстранета.
  • Четвртата заповед, која зборува за светоста на саботата, е променета.

Еве два кратки цитати:

„Денес, секој ученик знае дека посветениот ден е саботата. Сепак, со исклучок на адвентистите на седмиот ден, сите протестанти ја празнуваат неделата наместо саботата, бидејќи Католичката црква ја вовела оваа промена во првите векови на христијанството“  (Father Gerritsma, in the Winnipeg (Manitoba) Free Press, April 21, 1884).

„Разумот и здравата логика бараат прифаќање на една од двете алтернативи: или протестантизмот и почитувањето на саботата, или католицизмот и празнувањето на неделата. Компромис не е можен“  (American Catholic Quarterly Review, Jan., 1883).

Некој може да се запраша: зошто папството толку отворено признава дека ја заменило вистината за саботата со лажен ден на богослужба? Затоа што токму тоа е проречено осмото поглавје на книгата на Даниел. Малиот рог, преку лаги, ќе го издигне својот авторитет и ќе ја направи вистината толку неважна и безначајна, што ќе може лесно да биде одземена и поништена со одлука на еден човек.

СЕКОЈ ШТО ГО ПРИФАЌА ЧОВЕЧКОТО ГЛЕДИШТЕ КАКО ВИСТИНА, А НЕ БИБЛИСКОТО, ЌЕ ЗАГИНЕ

Божјите пророштва за папството и неговите активности се исполнуваат секојдневно со 100% точност. Убеден сум дека сè што е напишано ќе се оствари до крај. Папството ќе го наметне својот белег (жиг) врз целиот свет, заменувајќи го печатот на живиот Бог.

А оние што не сакаат во своите срца да ги прифатат библиските пророштва, кои го осудуваат папството и го нарекуваат со неговото вистинско име, антихрист, ќе бидат измамени од папството и ќе загинат на денот на второто Христово доаѓање:

„И трет ангел по него наиде, зборувајќи со висок глас: ‘Кој ќе му се поклони на ѕверот и на бистата негова, и прими белег на челото свое или на раката своја, тој ќе пие од виното на јароста Божја, вино неразводнето, излеано во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде мачен со оган и сулфур пред светите ангели и пред Јагнето’“  (Откровение 14:9,10).

Овие текстови ни кажуваат дека секој што го прифаќа човечкото гледиште како вистина, а не библиското, ќе загине.

Верникот уште сега се предодредува за белегот (жигот) на ѕверот кога не покажува страхопочит кон Бога и Неговата реч, туку кон теолозите со големи имиња. „Така вели папата“, „така вели патријархот“, „така вели пасторот“, наместо: „ТАКА ВЕЛИ ГОСПОД!“

ПАПСТВОТО НИТУ СЕ ПОКАЈАЛО, НИТУ СЕ ПРОМЕНИЛО

Еве што вели пророштвото во книгата на пророкот Даниел:

„…тој ќе врши големи пустошења и ќе успева, ќе дејствува и ќе погубува јунаци и народи на светиите; заради лукавоста негова ќе напредува и сплеткарството во раката негова; во срцето ќе се возгордее и без повод ќе погуби мнозина… но ќе биде победен (скршен) – не со човечка рака“ (Даниел 8:24,25).

Папството ќе направи големи пустошења и ќе напредува во оваа работа, благодарение на лукавството на својот ум. И среде мирот и безгрижноста на луѓето, ќе погуби многумина.

Колку денес грешат оние што веруваат во папството и во неговите изјави дека се покајало и се променило – ова е лага! Пророштвото вели дека Бог ќе го победи (скрши), а тоа јасно покажува дека не станува збор за никаква промена.

„Римската црква сега се прикажува пред светот како мирољубива; таа се обидува да го оправда извештајот за своите суровости. Се облекла во облека слична на Христа, но не се изменила. Секое начело со кое се раководело папството во минатите векови постои и денеска. Таа сè уште се држи за учењето што е воведено во мрачниот среден век. Никој нека не се лаже! Папството што протестантите сега се подготвени да го почитуваат е истото она што владеело со светот во деновите на реформацијата кога Божјите луѓе станале, по цена на својот живот, да го објават неговото беззаконие.

Тоа сè уште исто толку гордо и дрско полага право да владее над царевите и кнезовите и да ги присвојува правата што ги има само Бог. Неговиот дух е исто толку суров и деспотски и сега како и тогаш кога ја газел човечката слобода и ги убивал светците на Севишниот. Папството е токму она што го кажало пророштвото: отпад на последното време (2. Солунјаните 2:3,4). Составен дел на неговата политика е да се преправа, земајќи таков облик што во дадениот момент најдобро ќе одговара на неговите цели; но под променливиот изглед на камелеон, тоа секогаш го крие непроменливиот змиски отров“ 

(Големата борба, 570,571).
КАКО БИ ИЗГЛЕДАЛО ВИСТИНСКОТО ПОКАЈАНИЕ НА ПАПСТВОТО?

Зарем малиот рог, со своите богохулни тврдења и прогонства на вистинските Божји деца, не се обидува да нè убеди дека неговите безбожни дела се нешто од далечното минато, а дека сега е невино јагне, налик на Христос? Не се залажувајте! Не се залажувајте! Бог, во Својата реч, јасно кажува кој е кој. Ако ова е вистинско покајание, тогаш нека постапи според Божјата реч: Нека ги признае за лажни сите свои учења, според кои:

  • Папството е непогрешлива црква,
  • Папата е намесник (заменик) на Христос.

Нека го искористи своето богатство, стекнато преку грабеж, за:

  • Да ги нахрани гладните,
  • Да им помогне на болните,
  • И тоа не само во поединечни случаи, пред камери, туку насекаде, за вистинско подобрување на животот на луѓето.

Дури тогаш би можеле да зборуваме за некаков вид покајание. Но, она што го гледаме денес не е ништо повеќе од ПР кампања, стратегија за односи со јавноста која има за цел да го подобри имиџот на католицизмот. Целта е луѓето да ја изгубат својата будност и на тој начин да потпаднат под целосна контрола на папството.

УСПЕШНА ТАКТИКА НА ПАПСТВОТО

Папството добро ја научило поуката од Библијата и знае како да ги оствари своите себични цели. Протестантизмот му ја одзеде неограничената моќ и неоспорниот авторитет, а досега не било можно да ги врати со сила. Затоа, за да си ја врати загубената власт, мора да прави отстапки, со цел да ја отапи будноста на луѓето:

„Царот Ровоам се советуваше со старците, кои беа кај татко му Соломон, додека беше жив, и рече: ‘Како ќе ме посоветувате да му одговорам на овој народ?’ Тие му одговорија, и рекоа: ‘Ако ти денес им бидеш слуга на овие луѓе и им услужиш, ако ги задоволиш и им говориш добри зборови, тие ќе ти бидат слуги во сите дни’“  (1 Царевите 12:6,7).

Успешноста на оваа тактика за папството се докажува со фактот колку брзо една по една протестантска црква го прифаќа неговиот врховен авторитет.

„Франциско е убеден дека Реформацијата е веќе завршена. Тој смета дека таа завршила во 1999 година, кога Католичката црква и Лутеранската светска федерација усвоиле заедничка декларација за оправдувањето – доктрина која била во центарот на Лутеровиот протест.

Еден германски бунтовник ја обвинил Католичката црква дека учи дека човекот се спасува преку вера и добри дела, а не „само со вера“. По интензивни преговори, католичките и лутеранските теолози заклучиле дека двете заедници сега споделуваат „заедничко разбирање за нашето оправдување со Божјата благодат преку вера во Христа“. (Извор: ieshua.org – „Големата евангелистичка авантура на Франциско“).

Нивниот пример го следеа харизматичните цркви и пентекосталците.

Но, Библијата и само Библијата е светлина за нашите нозе. Верникот треба да живее само од зборот што излегува од устата на Бога. Ако сака, како Христос, да биде во силата на Божјиот Дух и да излезе од пустината на гревот како победник над ѓаволот, тоа е единствениот пат. Едноставно, не постои друг начин за спасение.

КАКО БОГ РЕАГИРА НА ПОДМОЛНИТЕ ДЕЛА НА МАЛИОТ РОГ?

Сега, кога јасно ја гледаме целата слика за измамата на малиот рог врз сите што живеат на земјата, да видиме како Бог реагира на неговите подмолни постапки пред второто Христово доаѓање. Бог вели::

„Тогаш чув како еден Светец зборува, а втор Светец го праша оној што зборуваше: ‘До кога ќе трае овој привид за секојдневната жртва и за престапот што ги запустува и гази Светилиштето и Војската?’“  (Даниел 8:13).

До кога ќе трае таквата активност на малиот рог, кој со својата злоба ги запустува верниците, правејќи ги неподобни за вечноста поради својот грев? Одговорот е следен:

„Одговри: ‘Уште две илјади и три стотини вечери и утра; тогаш Светилиштето ќе биде очистено’”  (Даниел 8:14).

Односно, по истекот на овој период, Бог, преку Своите постапки, ќе започне да им ја враќа на луѓето вистината, украдена од малиот рог. Освен тоа, на небесниот суд, Бог ќе ги оправда оние што бдееле над вистината и ќе го осуди малиот рог за неговите незаконски активности, насочени против Божјата вистина и Божјиот народ.

 

Поврзани статии

Напишете коментар