ПРОРОЧКАТА СЛУЖБА НА ЕЛЕНА ВАЈТ. ЗОШТО ТАА?
Кога станува збор за пророците повикани од Бога да му служат на Божјиот народ, пораките на пророците честопати се претставуваат како пораки полни со осуда од Господа, со цел Божјиот народ да се реформира.
Да, несомнено, повеќето пророци навистина носеле пораки на осуда од Бога до Божјиот народ. Но, исто така, милостивиот Бог испраќал пророци кај својот народ кога им била потребна посебна поддршка од Бога; кога Божјиот народ требало да биде сигурен дека Бог нема да го остави својот народ. И сè што доживеал Божјиот народ, сите допуштени искушенија, се дел од Божјиот план.
БИБЛИСКИ ПРИМЕР КАКО ИЗРАЕЛЦИТЕ НЕ ЈА РАЗБИРАЛЕ БОЖЈАТА ВОЛЈА
За да разбереме што Господ направил за својот народ по големото разочарување во 1844. година, ќе се свртиме кон Светото Писмо за еден пример. И подоцна ќе разберете зошто се свртевме кон овој конкретен пример.
Божјиот народ, според Божја волја, во исполнување на пророштвото, се вратил во својата татковина по 70 годишното вавилонско ропство и започнал да го обновува Храмот, како средиште на вистинското богослужение и државност, како знак на нивната независност од Вавилон. И во тој миг се појавуваат непријатели на Божјиот народ и со сите сили се обидуваат да ги спречат Евреите во нивната работа да стекнат слобода и да се вратат на вистинската служба на живиот Бог. Непријателите се обидуваат да ја наговорат власта да ја запре работата на Евреите да го обноват центарот на вистинската служба:
„Царот му испрати одговор: ‘До Рехум, царскиот помошник, и до Шимшај, писарот, и до другите нивни соработници што живеат во Самарија и во другите градови од онаа страна на Реката, поздрави. Писмото што ми го испративте, ми беше јасно прочитано... И така, дајте заповед, тие луѓе да престанат да работат, и тој град да не се гради, додека не заповедам јас. Бидете внимателни за да не испуштите нешто од пред очите свои. Зошто да се дозволува да расте злото на штета на царевите?’ Штом писмото на царот Артаксеркс беше прочитано пред Рехум и Шимшај, писарот, и другарите нивни, тие без одлагање отидоа во Ерусалим кај Јудејците и насилно им ја забранија работата. (Тогаш сопреа работите околу Божјиот храм во Ерусалим, сè до втората година од царувањето на персискиот цар Дариј)“ (Ездра 4:17-24).
Божјиот народ бил збунет, погрешно разбирајќи ја Божјата волја, бидејќи нивното враќање било Божја волја, бидејќи се исполнило пророштвото на Еремија:
„Бидејќи така вели Господ – кога во Вавилон ќе исполните седумдесет години, тогаш ќе ве посетам и ќе го исполнам Мојот добар збор за вас, за да ве вратам на ова место. Зашто само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж“ (Еремија 20:10,11).
ПРОРОШТВОТО ВЕТУВАЛО ДЕКА ЕРУСАЛИМ ЌЕ БИДЕ ОБНОВЕН
Преку пророкот Даниел било кажано пророштво дека Ерусалим ќе биде повторно изграден:
„И така, знај и разбери: од времето кога излезе законот за обновување на Ерусалим, до доаѓањето на Помазаникот Божји се седум седмици. Потоа ќе биде обновен Ерусалим со улици и ѕидини, и ќе опстои шеесет и две седмици; а тоа ќе биде тешко време“ (Даниел 9:25).
Обновувањето ќе биде тешко. Сепак пророштвото ветувало дека Ерусалим ќе биде обновен. И царот Кир дал указ да одат и да го обноват центарот на вистинското обожавање на Бога на оваа земја:
„Во првата година на персискиот цар Кир за да се исполни словото Господово искажано од устата на Еремија, го поттикна Господ духот на Кир, персискиот цар, и тој заповеда да прогласат по целото царство, усно и писмено: вака вели Кир, царот персиски: ‘Господ, Бог на небото, ми ги даде сите земни царства и ми заповеда да Му изградам дом во Ерусалим што е во Јудеја. Кој меѓу сите вас е од Неговиот народ, – Бог нека биде со него, и нека оди во Ерусалим, кој е во Јудеја, да гради дом на Господ, Бог Израелов, – Тој е Бог, Кој е во Ерусалим. А секој што останал во другите места, каде и да живее тој, нека му помогнат жителите од тие места со сребро, со злато, со друг имот, со добиток и со доброволни прилози за Божјиот дом што е во Ерусалим’“ (Ездра 1:1-4).
БОГ ИСПРАЌА ПРОРОЦИ ДА ГИ НАСОЧАТ МИСЛИТЕ НА НЕГОВИОТ НАРОД ВО ВИСТИНСКА НАСОКА
Од сето ова станува јасно дека Божјите пророштва се исполнуваат и Божјиот храм и Ерусалим ќе бидат обновени. Народот му верувал на Бога и на Неговото слово и се вратил во својата татковина за да учествува во спроведување на Божјите планови, кои Господ ги изразил во пророштвата.
И тогаш, работата била запрена со моќна рака. Што да се прави? Дали Севишниот се премислил? Можеби сè уште не е време да се изгради Божјиот дом, и дека можеби погрешно сме ги разбрале Божјите пророштва?
Такви мисли започнале да преовладуваат во Божјиот народ. И тој од служење на Бога се свртел да живее само за себе. Службата на себе била на прво место, а Бог и Неговата служба на преостанато ниво:
„Вака вели Господ Саваот: ‘Овој народ говори: Уште не е дојдено времето, не е време сега да се гради дом Господов.’ И дојде слово Господово преку пророкот Агеј, велејќи: ‘А за вас време ли е да живеете во своите украсени домови, кога е Светилиштето запустено?’ Затоа сега вака вели Господ Саваот: ‘Преиспитајте ги своите патишта’“ (Агеј 1:2-5).
И во таква ситуација милостивиот Господ му праќал на својот народ пророци, со цел да ги насочат мислите на луѓето во вистинска насока: така што луѓето да донесуваат заклучоци не врз основа на тоа што гледаат што се случува, туку да донесуваат заклучоци, знаејќи точно што Господ сака од нив.
„Штом писмото на царот Артаксеркс беше прочитано пред Рехум и Шимшај, писарот, и другарите нивни, тие без одлагање отидоа во Ерусалим кај Јудејците и насилно им ја забранија работата. (Тогаш сопреа работите околу Божјиот храм во Ерусалим, сè до втората година од царувањето на персискиот цар Дариј.)“ (Ездра 4:23,24).
„Но пророкот Агеј и пророкот Захарија, синот на Идо, им пророкуваа на Јудејците во Јудеја и во Ерусалим во името на Бог Израелов. Тогаш Зоровавел, синот на Салатиил, и Јешуа, синот на Јоцадак, почнаа да го градат Божјиот дом во Ерусалим, и со нив Божјите пророци, кои ги поддржуваа“ (Ездра 5:1,2).
ДА ЈА СОСТАВИМЕ ЦЕЛОСНО ДУХОВНАТА СЛИКА
Според Божјите пророштва Евреите се вратиле во својата татковина. Според истите пророштва, тие требало да го обноват Храмот – центарот на вистинското богослужение, и градот – нивната независност од Вавилон. Всушност тие требало да обноват сè, што уништил Вавилон.
Тие сториле сè според Божјото слово, но се нашле во ситуација во која околностите како да укажувале, дека Бог не е Тој кој стои зад нивното враќање од заробеништво, дека можеби погрешиле во толкувањето на Божјите пророштва. И со цел да го утврди народот во правилното толкување на пророштвата и успешно да ги надминат тешкотиите што се појавиле, кои исто така биле забележани на страниците на пророштвата, но не биле разбрани од Евреите, Бог подигнал пророци, кои ги охрабрувале верниците со пораки од Бога и им давале јасно разбирање дека библиските пророштва за враќањето на Евреите во нивната татковина и изградбата на храмот и градот тие правилно ги разбрале и дека е неопходно преку вера да ги надминат тешкотиите што се појавиле.
Ова е дел од Божјиот мудар план за едукација на својот народ. А оние кои верувале во Божјите пораки, дадени преку пророците, продолжиле со градењето на Храмот и градот. И пророштвата на Даниел за обновување на Ерусалим точно се исполниле.
ПАРАЛЕЛИ ПОМЕЃУ ВРЕМЕТО НА ОБНОВА НА ХРАМОТ И ЕРУСАЛИМ ВО ДЕНОВИТЕ НА ЕЗДРА И ВРЕМЕТО НА РАЗОЧАРУВАЊЕТО НА АДВЕНТИСТИТЕ
Со овие заклучоци ќе се вратиме во 19-от век, во времето на големото разочарување кое настанало по читањето на книгата на пророкот Даниел и правилното разбирање на датумот, од страна на адвентистите, за крајот на пророчкиот период од 2300 вечери и утра (години).
Погледнете ги паралелите помеѓу времето на обновувањето на храмот и Ерусалим во деновите на Ездра и времето на разочарувањето на адвентистите на крајот на периодот од 2300 години, кога требало да се обнови вистината за небесното светилиште, место за поклонување на Бога. Вистината за важноста на држењето на Божјиот закон, вклучувајќи ја и саботата.
Во деновите на Ездра, луѓето се враќале во својата татковина, верувајќи дека нивните дела претставуваат исполнување на Божјите пророштва дадени преку пророкот Еремија, и дека обновувањето на храмот и Ерусалим е исто така исполнување на Божјите пророштва.
Адвентистите во 19-от век верувале дека нивното проповедање на пораката на трите ангели, особено пораката за Божјиот суд, претставува исполнување на Божјите пророштва. И крајот на пророчкиот период од 2300 години во 1844. година е исто така исполнување на Божјите пророштва.
Како и Евреите во деновите на Ездра, адвентистите излегле од Вавилон и започнале да ја обновуваат вистинската служба и да го собираат Божјиот народ околу ова вистинска служба на Единствениот Бог во небесното светилиште. Тие започнале да ја обновуваат независноста на Божјиот народ од Вавилон и да ги обновуваат последиците од активностите на вавилонското уништувањето на Божјата вистина во Божјиот народ.
Евреите од времето на Ездра добро го започнале делото на обнова, но биле запрени од непријателите на Евреите.
Се чинело дека околностите биле против нив, а некои сметале дека Божјите пророштва биле погрешно разбрани и западнале живеејќи само за себе.
Адвентистите добро го започнале делото на обнова на Божјата вистина. Ја проучувале Библијата, особено книгата на Даниел. Го разбрале времето на завршетокот на пророчкиот период од 2300 години и ревносно започнале да проповедаат за Божјиот суд и второто Христово доаѓање на оваа земја. И илјадници луѓе се преобратиле за еден ден. Но, Христос не дошол и следело разочарување.
Тогаш многумина изјавиле дека Божјите пророштва се погрешно разбрани и нема потреба да се труби по целиот свет за Божјиот суд. И повеќето од оние што чекале на Христовото враќање воглавном стрмоглаво паднале во световен живот живеејќи само за себе, заборавајќи на делото што им го доверил Бог.
БОГ Е ИСТ ВО СИТЕ ВРЕМИЊА
Во деновите на Ездра, Бог подигнал пророци кои го јакнеле народот во нивното верно разбирање на Божјите пророштва и ги инспирирале верниците да продолжат да го обновуваат центарот на вистинското служење на Бога и независноста од Вавилон, и со вера да ги надминат тешкотиите кои Бог ги дозволил за нивно воспитување.
Бог не се менува и Тој му помогнал на својот разочаран народ во 1844. година подигајќи пророк за да го поддржи ова движење. И овој пророк помогнал, со вестите од Бога, да го разберат преживеаното разочарување, дека библиските пророштва се точни, и дека тие ги разбрале правилно, и дека разочарувањето е дел од Божјиот план за оформување, очистување и обелување на Неговиот народ. Така што тие, како мудри девици, ги средуваат своите светилки и со цврста вера во Бога и со фактот дека Бог управува со сите нивни дела, излегуваат во светот проповедајќи ја пораката на Трите ангели. Последна порака за спасение од Бога до човештвото кое пропаѓа.
ВО СИТЕ ВРЕМИЊА, ЛАЖНИТЕ ПРОРОЦИ БИЛЕ ПРИМАНИ, А ВИСТИНСКИТЕ ОТФРЛАНИ
На наше големо жалење, денес на христијаните им се случуваат истите проблеми како и на Евреите во сите времиња. Проблемот е во тоа што лажните пророци биле прифаќани, а вистинските отфрлани. Еден илустративен пример гледаме во времето на Еремија:
„И немојте да ги слушате зборовите на пророците, кои ви велат: ‘Нема да му робувате на вавилонскиот цар’, зашто тие ви пророкуваат лага. Јас не сум ги пратил, вели Господ; и тие лажно пророкуваат во Мое име, за да ве изгонам и да загинете, вие и пророците ваши, кои ви пророкуваат“ (Еремија 27:14,15).
Само малкумина ги послушаа зборовите на Еремија – Божјиот пророк. Во основа, Божјиот народ ги слушал зборовите на лажните пророци. Зошто? Затоа што вистинскиот пророк, носејќи порака од Бога, го кажува она што му е угодно на Бога. Но, она што му е угодно на Светиот Бог, не му е угодно на грешниот човек. А лажниот пророк зборува со прикриена порака за уништување од ѓаволот, и таа му е угодна на грешниот човек:
„Израелскиот цар ги собра тогаш пророците – околу четиристотини души – и ги праша: ‘Да одам ли во војна против Рамот Галаадски, или не?’ Тие одговорија: ‘Оди, Господ ќе го предаде во рацете на царот. Јосафат праша: ‘Нема ли тука уште некој пророк Господов, та преку него да Го прашаме Господ?’ Израелскиот цар му одговори на Јосафат: ‘Има уште еден човек, преку кого можеме да Го прашаме Господа, но јас не го сакам него, зашто не пророкува за мене добро, туку само зло…’” (1. Цареви 22:6-8).
И сега на верниците им се случило истото она како што порано се случило со Евреите. Христос ги предупредува верниците на посебното активирање во преквечерието на Второто доаѓање на лажните христоси и лажните пророци:
„Зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, дури и избраните. Ете, однапред ви кажав“ (Матеј 24:24,25).
Но, дури и кога се предупредени од страна на Христос, христијаните им веруваат на лажните пророци. Вистинските пророци се отфрлаат како лажни пророци. А сепак тие велат, дека вистинските пророци, со напишаното во книгата Откровение, не можат да имаат место во Божјиот народ. Но, оваа изјава е спротивна на Божјото Слово.
ПРОРОЧКИОТ ДАР ПРОДОЛЖИЛ И ПО ХРИСТОВОТО ВОЗНЕСЕНИЕ
Фактот дека вистинските пророци ќе му служат на Божјиот народ и по Христовото вознесение при Отецот, јасно се гледа од зборовите во Светото Писмо. Прво, ако дарот на пророштвото бил одземен од земјата, тогаш Христос би им рекол на верниците да се плашат од сите што пророкуваат, и да не му веруваат на никого. А Тој им рекол дека треба да се пазат од лажните пророци.
Второ, дарот на пророштвото е еден од даровите дадени од Бога на црквата за нејзина изградба. Покрај тоа, овој Божји дар на црквата е втор по важност по дарот на апостолството.
„И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовестители, четврти за пастири и учители, за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело, додека сите не го достигнеме единството на верата и познанието на Синот Божји, до состојба на совршен човек, до мера на возраста на Христовата полнота“ (Ефесјаните 4:11-13).
Пророчкиот дар често се манифестирал во раната христијанската црква, како дар од Бога, во службата на апостолите Петар, Павле, Јован и другите верници:
„И цела година тие се собираа во црквата и поучуваа големо мноштво луѓе. Во Антиохија за прв пат ги нарекоа учениците христијани. А во тоа време слегоа од Ерусалим во Антиохија некои пророци. И еден од нив, по име Агав, претскажа преку Духот дека по целата вселена ќе настане голем глад. И токму таква голема и настана во времето на царот Клавдиј“ (Дела 11:26-28).
„Во Антиохиската црква имаше некои пророци и учители: Варнава, Симеон… Луциј Киринеецот и Манаин… и Савле“ (Дела 13:1).
„Утредента, Павле и ние кои бевме со него, отпатувавме и дојдовме во Кесарија. Таму влеговме во куќата на Филип благовесникот, кој беше еден од седуммината ѓакони, и останавме кај него. Тој имаше четири ќерки девици, кои пророкуваа. Ние престојувавме кај нив многу дни. Тогаш од Јудеја слезе еден пророк, по име Агав; и кога дојде кај нас, го зеде Павловиот појас, па ги врза рацете свои и нозете и рече: ‘Тоа го вели Духот Свети; така ќе го врзат Јудејците во Ерусалим оној маж, на кого што му припаѓа овој појас, и ќе го предадат во рацете на незнабошците’ (Дела 21:8-11).
ПРОРОШТВОТО НА ЈОИЛ ВЕЛИ ДЕКА БОГ ЌЕ ГО ОЖИВЕЕ ДАРОТ НА ПРОРОШТВОТО МЕЃУ СВОЈОТ НАРОД
Светото Писмо не ја поддржува идејата дека откако е напишана последната книга од Библијата што е вклучена во канонот, односно книгата Откровение, Бог нема да подигне пророци да му служат како пророчки дар на Божјиот народ.
Црквата е жива и таа расте и се формира според Христовиот лик, одејќи кон совршенство во Него, и поради тоа се дадени даровите на Духот, вклучувајќи го и дарот на пророштвото. Спротивно на тоа, пророштвото што ни открива што ќе се случи во средината на 19-от век, ни сведочи дека Бог во тоа време ќе го оживее дарот на пророштво меѓу својот народ:
„И, ете, потоа ќе излеам од Мојот Дух врз секое тело, и синовите ваши и ќерките ваши ќе пророкуваат; старците ваши ќе сонуваат соништа и младите ваши ќе гледаат виденија. А и врз слугите и слугинките во оние денови ќе излеам од Мојот Дух. И ќе покажам знаци на небото и на земјата: крв, оган и столбови од дим. Сонцето ќе се преобрати во темнина, а месечината – во крв, пред да настапи денот Господов, великиот и страшниот“ (Јоил 2:28-31).
„Сонцето ќе се преобрати во темнина, а месечината – во крв, пред да настапи денот Господов, великиот и страшниот“.
И овие знаци ќе бидат обележани со особено излевање на Божјиот Дух во придружба на пророштвата со соништа и визии. Додека го чека Христовото враќање на оваа земја, на Црквата Божја не треба да и недостасува ниту еден од Божјите дарови:
„Зашто се утврди во вас Христовото сведоштво, така што не сте лишени од ниеден дар вие, што го очекувате откровението на нашиот Господ Исус Христос. Тој ќе ве утврди и до самиот крај за да бидете беспрекорни во денот на нашиот Господ Исус Христос. Верен е Бог, Кој ве повика во заедништво со Неговиот Син Исус Христос, нашиот Господ“ (1. Коринтјаните 1:6-9).
КАКОВ ОДНОС КОН ВЕРНИЦИТЕ ИМАЛЕ СВЕШТЕНИЦИТЕ ОД ДРУГИТЕ КОНФЕСИИ?
Кога верниците почнале да објавуваат дека, според пророштвото од 2300 години, Христос треба да дојде на оваа Земја на крајот од овој период, оваа порака предизвикала голем одек во христијански свет.
Свештенството од сите конфесии посебено се побунило против оваа порака. Верниците кои верувале во претстојното Второ доаѓање биле прогласени за луѓе кои предизвикуваат тревога и за фанатици. Набрзина биле изгонети од црквите во кои членувале. Односно, да се биде во тоа време чекател на Второто доаѓање значело да се биде под притисок на верската елита и да бидеш исмејуван поради својата вера.
Ве уверувам дека таквиот став, дури и полош од тогаш, ќе биде и кон оние, кои сега исто така веруваат во скорото враќање на Христос. Во тоа време малкумина од оние кои веруваа беа подготвени да стојат цврсто во верата. А, ќе има уште помалку луѓе кои сега цврсто ќе стојат во верата.
Во тоа време, кога поради верата во претстојното Второ доаѓање почнале да бидат исклучувани од црквите, верниците кои го сакале својот Господ биле мошне збунети и вознемирени. Верниците, како во деновите на Ездра, не ги разбирале Божјите патиштата, во што тие грешат. И зошто тие објавувајќи ги Божјите пророштва, објавувајќи ја радосната вест за скората средба со Христос, наидуваат на таков однос од страна на верските водачи.
ВИЛИЈАМ ЕЛИС ФОЈ – ПРВ ОД ПРОРОЦИТЕ ВО СРЕДИНА НА 19-ОТ ВЕК
Бог, како во деновите на Езрда, испраќа поддршка преку пророчки визии. Вилијам Елис Фој (1818–1893), мулат, бил доброволен афроамерикански баптистички проповедник во движењето чекатели на Второто доаѓање. Од 1842. до 1844. година, тој добил само четири визии од Господ. Првата (18. јануари) траела 2,5 часа, а втората (4. февруари) – можеби изгледа неверојатно, но факт е дека траела 12,5 часа. Неговата физичка состојба за време на визијата личела на описот од 10-та глава од книгата на пророкот Даниел. Како и Даниел за време на визиите, тој не дишел, иако неговото срце продолжило да функционира нормално (види Даниел 10:17).
Во овие визии, Бог зборувал за приближувањето на Христовото доаѓање, за тешкото патување на Божјиот народ до небесниот град на новата земја и славната состојба на оние што ќе бидат спасени. Вилијам Фој бил надарен човек и започнал да го проповеда она што Бог му го покажал, тој дури и објавил брошура во 1845 година: „Искуството на Вилијам Е. Фој“, или „Визиите на Вилијам Фој“, во која ги објавил своите две визии. Патувал во различни делови на Америка и бил прилично ревносен проповедник.
ШТО ГО УБИЛО ВИЛИЈАМ ФОЈ?
Но, тој не можел со Божја сила да совлада еден порок во себе, кој го спречувал Бога да го употреби како Негов гласник. Тој бил многу елоквентен и надарен, плус од Бога бил исто така почестен да гледа визии. Но, наместо да покаже понизност пред Севишниот, како Мојсеј, Даниел и другите пророци, тој се возвишил во овие откровенија – и, како резултат на тоа, не станал Божјо орудие, туку орудие на ѓаволот.
Секој верник треба да сфати важна вистина, важно е не само да знае за понизноста и да проповеда за неа, туку важно е да биде и понизен!
Бог не сака гордоста да цвета во Неговиот народ; Тој е против гордоста.
„И Господ му рече на Гедеон: Со тебе има многу народ, не можам да ги предадам Мидјаните во негови раце за да не се возгордее Израел пред Мене и да каже: ‘мојата рака ме спаси’“ (Судии 7:2).
„Еве, Јас сум против тебе, ти што си се возгордеал, вели Господ, Бог Саваот; зашто дојде денот твој, времето на твојата казна“ (Еремија 50:31).
Бог не може да користи многу луѓе во Неговото дело, не затоа што не разбираат како правилно да живеат, туку затоа што не живеат онака како тие разбираат.
Да одиш пред Бога во светост значи да живееш во склад со вистината што ја исповедаш. Бог се обидел да го направи понизен овој човек, дозволувајќи искушенија во неговиот живот, но, како и во случајот со Израел, штом ќе стане тешко, ние сме со Тебе, Боже, а кога ќе стане подобро, јас, Боже, некако ќе се снајдам без Тебе. На крајот, Вилијам Фој се разболел уште еднаш и набргу починал. Не треба да се шегувате со светиот Бог или да играте некакви игри.
ХАЗЕН ФОС БИЛ СЛЕДНИОТ КОЈ БИЛ ИЗБРАН ЗА ПРОРОЧКА СЛУЖБА
За да можат верниците, кои го чекале враќањето на Христос, да добијат поддршка од Господа, Бог му дава слични визии на друг верник кој го чекал враќањето на Господа. До летото 1844. година, Бог повикал друг човек – Хазен Фос (1818–1893). Тој имал добар изглед, пријатен глас и одлична фигура. Бог и овој гласник не го лишил со информации. Покрај повторувањето на визиите прикажани на Вилијам Фој, Бог додал уште неколку откритија. Му биле доверени уште некои предупредувања, кои морал да ги пренесе на оние на кои им биле наменети.
Исто така, му биле покажани искушенијата и прогоните кои ќе го снајдат доколку тој верно ги пренесе. Оваа постапка на Господ не е изненадувачка, Тој го сторил тоа и порано:
„И дојде слово Господово до Еремија, откако царот го изгоре свитокот и зборовите, што беше ги запишал Варух од устата на Еремија, и му беше речено: ‘Земи си пак друг свиток и напиши ги во него сите поранешни зборови, што беа во првиот свиток, кои јудејскиот цар Јоаким ги изгоре’… И зеде Еремија друг свиток и му го даде на писарот Варух, синот Нириев, и тој ги напиша во него од устата на Еремија сите зборови од оној свиток, што го изгоре во оган јудејскиот цар Јоаким; а додаде кон нив и уште многу други зборови слични на нив“ (Еремија 36:27,28,32).
ЗОШТО ХАЗЕН ФОС НЕ САКАЛ ДА ЈА ПРЕНЕСЕ БОЖЈАТА ПОРАКА
Кај овој човек гордоста била претставена во поинаков облик, отколку кај Вилијам Фој. Ако Вилијам Фој ја проповедал Божјата порака, тој бил горд на себе со фактот дека бил избран. Но Хазен Фос не сакал да ја пренесува веста за предупредување и обвинување, бидејќи не сакал да го загуби човечкиот авторитет. Луѓето не сакаат осуда. Затоа тие честопати почнуваат да зборуваат ласкаво за обвинувачот, а Хазен Фос не сакал да го слуша тоа на своја адреса.
Како и со Вилијам Фој, Бог се покажал како многу милостив и сочувствителен. Визијата му била покажана по втор пат и било речено дека, ако продолжи да отстапува, тогаш овој товар ќе биде земен од него и пренесен на најслабите Божји деца, кои верно ќе ги пренесат Божјите откровенија. Но тој сепак, вљубен во себе, во желба да има добро мислење за себе од луѓето, продолжил да избегнува.
ПОСЛЕДНАТА ВИЗИЈА НА ХАЗЕН ФОС
Во третата визија, му било кажано дека Бог го ослободува од товарот што му бил наметнат и го префрла на најслабото од најслабите суштества, кое ќе ги исполни Божјите упатства. Избегнувај човек кривоверец, по првото и второто опоменување, стои во Светото Писмо.
Хазен Фос се исплашил и си помислил дека може да го промени Божјото мислење со својата ревност. Тој свикал состанок. Многу луѓе дошле да го видат и да го слушаат. Тој започнал детално да го раскажува своето искуство за тоа како Господ му давал визии и како избегнувал да ги пренесува понатаму. После тоа тој рекол: „И сега сакам да ви кажам каква визија ми беше дадена“. Но веќе било предоцна. Стоел пред собранието, нем како столб и конечно извикал со длабока болка: „Не можам да се сетам на ниту еден збор од визијата“. Во очај рекол: „Бог ја исполни својата Реч; ја зеде визијата од мене. Јас сум изгубена личност“. Со текот на времето, тој навистина ја изгубил својата надеж во Христа и потонал во сомнеж.
Хазен Фос никогаш повеќе не присуствувал на адвентистичките состаноци. Умрел во 1893. година, без никаков интерес за религијата. Неговото однесување покажувало дека Божјиот Дух го напуштил и го оставил на самиот себеси. Никому не советувам да се спротивставува на Божјата волја и да отстапи од мисијата што Бог ни ја доверил во објавувањето на пораките на Трите ангели. Бог постапил така, како што зборувал и како што постапувал и порано; Тој, според пророштвото на Јоил, го излеал Својот Дух врз луѓето, им давал визии, но кога човечката волја и противречи на Божјата волја, Бог ветил дека секогаш ќе го поддржува својот народ, како што секогаш правел во деновите на Ездра, како што зборувавме погоре, кога верниците не ги разбирале Божјите намери.
КОЈ МОЖЕ ДА ГО ПОНЕСЕ ТЕШКИОТ ТОВАР НА ПРОРОКОТ И ПОКРАЈ СÈ?
Бог, според пророштвото на Јоил и зборовите кои Тој му ги кажал на Хазен Фос, ја бира најслабата од слабите, младата, болна девојка од оние што го чекаат Второто доаѓање, а која нема такви дарби и можности какви што имале Вилијам Фој и Хазен Фос – Елена Хармон, подоцна според нејзиниот сопруг го добива презимето Вајт.
Три месеци откако Хазен Фос не успеал да каже што му покажал Бог, тој слушнал за визијата, што во соседната соба ја раскажала младата Елена Хармон. Тој бил замолен да присуствува на овој состанок, но тој категорично одбил да влезе во собата. Но, откако ја слушнал визијата, тој рекол дека оваа визија е слична на онаа што му била покажана, колку што две лица можат да раскажат за истата работа што ја виделе.
Така станало познато што видел и што не можел да се сети, кога конечно сакал да го соопшти тоа. Во времето, кога на верниците кои доживеале чистење од разочарувањето им било потребно Божјо водство, Бог подигнал пророк кој никогаш не планирал да биде повикан од Бога на оваа одговорна служба.
Таа била девојче. Во тоа време, во христијанството владеела силна машка доминација и тие практично не го слушале послабиот пол. Освен тоа, Елена била многу болна и многу млада. Не е изненадувачки, како Мојсеј и Еремија, што побарала од Бога да избере некој друг за оваа служба. Но Бог ја поддржал со ветување дека Тој ќе ја води и поддржи, и таа не се спротивставувала, туку го презела овој тежок товар и го носела со вера во Бога.
ЗОШТО ЕЛЕНА ВАЈТ БИЛА ИЗБРАНА ОД БОГА ДА СЛУЖИ КАКО ПРОРОК?
Не си поставивме за цел да ги разгледаме сите нејзини дела во оваа тема, тоа не е потребно, ниту е можно, бидејќи нејзиното книжевно наследство е составено од 25 милиони зборови, што е околу 32 тома во обем на Библијата. Таа напишала 5 илјади статии во списанијата. Нејзините дела се преведени на различни јазици во светот и се широко познати ширум светот. Таа пишувала за библиски теми и во ова светло ја разгледувала вистината за семејството, здравјето и воспитувањето. Рангирана е на 4-то место во светот меѓу преведените автори и на прво место меѓу преведените авторки.
Во светот, таа е женски автор која напишала најмногу книги, и тоа, кога имала завршено само три класа основно училиште! Болна, слаба, неписмена, таа била избрана од Бога за пророчка служба од три причини:
- Поради нејзината верност на Бога.
- Поради нејзиното признавање на нејзината зависност од Бога.
- Како укор кон сите кои имале и имаат повеќе можности да му служат на Бога, но наоѓаат изговори да не Му служат.
Сè е во согласност со Словото Божјо:
„Зашто Божјото безумие е помудро од луѓето, и Божјата слабост е посилна од луѓето. Гледате, браќа, какви сте вие, повиканите: не мнозина сте мудри по тело, не мнозина силни, не мнозина благородни; но Бог го избра она што е безумно за овој свет за да ги посрами мудрите; Бог го избра она што е слабо во светот за да ги посрами силните; Бог ги избра и неугледните и презрените на овој свет, и оние што не значат ништо, за да ги уништи оние што значат нешто, та никој да не се пофали пред Бога“ (1. Коринтјаните 1:25-29).
Лекарите и предвиделе брза смрт уште во нејзината младост, но Бог и дал долг, 88-годишен живот.
СО ЕЛЕНА ВАЈТ СЕ СЛУЧИЛО ИСТОТО, КАКО И СО ДРУГИТЕ БИБЛИСКИ ПРОРОЦИ
За 70 години од нејзината пророчка служба, таа добила 2000 визии и соништа од Бога. Најкратката визија била половина минута, а информациите за оваа визија таа ги опишувала две недели. Најдолгата визија била околу 4 часа. Покрај тоа, за време на визиите таа не дишела, но можела да зборува, нејзините очи не трепкале и биле отворени, што е потврдено со сведочењето на лекарите од тоа време. Всушност со неа се случувало она што се случувало со пророкот за време на визијата.
„…јас ја отворив устата своја, почнав да зборувам и му реков на оној што стоеше пред мене: ‘Господаре мој, од ова видение утробата во мене се преврте и во мене не остана сила. Па како може слугата Твој, Господи, да зборува со мојот Господар? Зашто во мене нема сила, и останав без здив’“ (Даниел 10:16,17).
„Пророштво на Валаам, синот Беоров, пророштво на човекот со отворено око, пророштво на оној кој ги слуша зборовите Божји, кој ги знае тајните на Севишниот, ги гледа виденијата на Семоќниот, паѓа во екстаза и очите му се отвораат“ (Броеви 24:15,16).
НЕ ВЕРУВАЈТЕ НА ТУЃИТЕ ЗБОРОВИ, ПРОЧИТАЈТЕ ГИ САМИ ДЕЛАТА НА ЕЛЕНА ВАЈТ И ИЗВЛЕЧЕТЕ ЗАКЛУЧОК
Многу од нејзините списи се испрскани со кал, заборавајќи дека Библијата вели: ал има кај оние свињи кои не се исчистени од чистите води на Евангелието. А, оние што не се ни потрудиле да ги прочитаат, фрлаат кал на нејзините дела. Или, почнувајќи да читаат и не го разбираат напишаното, со оглед на нивната духовна состојба, тие исто така брзаат да фрлаат кал на овие дела.
Јас разбирам кога претставниците на другите конфесии го прават ова, во кое тие поттикнуваат непопустливост и омраза кон претставниците на другите конфесии. Но ме растажува кога оние на кои Господ им го дал овој дар одозгора, оние кои себе си се нарекуваат адвентисти, се осмелуваат да ги претстават списите на Елена Вајт на начин кој не се разликува многу од фрлање кал на нив.
Ова не е толку изненадувачки. Ова Божјиот народ секогаш го правел со Божјите пророци, но ова е едноставно богохулство. Не можам да те натерам да ја сакаш и прифатиш нејзината работа. Ако Бог, почитувајќи ја вашата слобода на избор, ви дозволува да бидете во заблуда, тогаш кој сум јас?
ПОЈАВАТА НА ПРОРОК ВО МОМЕНТОТ НА РАЗОЧАРУВАЊЕТО Е БИБЛИСКИ ИСПРАВНА
Бог не подига пророци според образец, на пример, на секои 5 години по пророк. Не. Туку по потреба, бидејќи Библијата опишува долги периоди кога немало пророци избрани од Бога. Имало периоди кога визиите биле ретки. А имало периоди кога неколку пророци служеле истовремено: Еремија, Даниел, Езекиел. Според тоа, можело долго време да нема пророк од Бога.
Но, во време на разочарувањето, Бог, прво, ветил дека ќе подигне пророк според пророштвото на Јоил, кое ние веќе го разгледавме. Второ, Тој секогаш подигал пророк во момент на посебна потреба кога Божјиот народ имал потреба од разбирање на Божјото водство. Затоа, појавата на пророк среде оние што го чекаат Второто доаѓање, среде движењето предизвикано од Бога, во моментот на разочарување е библиски оправдано.
Сега, после библиското образложение за појавата на пророк на крајот на најдолгото пророштво од 2.300 години, разгледајте го библиското образложение за препознавање на Елена Вајт како Божји пророк. Затоа што признавањето или одбивањето мора да се направи во светло на Библијата, а не во светло на заклучоците на недуховните луѓе кои не разбираат што вели Библијата.
„УСНИ“ ПРОРОЦИ
Божјите пророци можат да се поделат според следниот критериум: „усни“ кои не го запишале откровението што го добиле од Бога: Енох, Илија, Елисеј, Јован Крстител и други. За тоа, дека тие носеле пророчки пораки, ние дознаваме од усните на другите луѓе кои пишувале за тоа во Библијата:
„А за овие пророкуваше и Енох, седмиот од Адам, зборувајќи: ‘Ете, доаѓа Господ со илјадници Свои свети ангели, за да изврши суд над сите и за да ги разобличи сите безбожници за сите нивни нечисти дела, што ги беа направиле со своето беззаконие, и за сите лоши зборови, што ги изрекле за Него безбожните грешници’“ (Јуда 1:14,15).
„Јас не Го познавав, но Оној, што ме прати да крштавам со вода, ми рече: ‘Врз Кого ќе видиш дека слегува Духот и дека останува над Него, Тој е Оној што ќе крштава со Дух Свети’“ (Јован 1:33).
Преку Посланието на Јуда и Евангелието според Јован, дознаваме дека и Енох и Јован Крстител имале пораки од Бога. Ние не дознавме за ова затоа што овие пророци напишале книги и тие се сместени во Библијата. Не. За ова дознавме од зборовите на другите Божји гласници, бидејќи гореспоменатите Енох, Илија, Елисеј, Јован Крстител во усна форма носеле откровенија од Бога.
И забележете: бидејќи во Библијата немаме книги под имињата на горенаведените пророци, никој од нас не тврди дека не се пророци на Севишниот. Христос за Јован Крстител рекол дека тој е поголем од сите други пророци, и тоа и покрај фактот дека во Библијата нема книга напишана од Јован Крстител:
„Зашто ви велам: меѓу родените од жена нема ниеден поголем пророк од Јован Крстител; но најмалиот во царството Божјо е поголем од него“ (Лука 7:28).
Светото Писмо исто така сведочи дека, почнувајќи од Мојсеј, се појавиле пророци кои запишувале откровенија од Бога, но истовремено останале усни. Илија и Елисеј ја вршеле својата пророчка служба кога Мојсеј веќе ги напишал откровенијата од Бога, а Јован Крстител воглавном ја извршувал својата служба кога пишувањето на старозаветниот канон било завршено.
ДВЕ КАТЕГОРИИ НА „ПИСМЕНИ“ ПРОРОЦИ
Но, од друга страна, „писмените“ пророци се делат на две категории: оние чии откровенија од Бога влегле во Библијата; и оние чии откровенија од Бога не влегле во Библијата. Но Библијата вели дека писмените пророци кои не влегле во Библијата ги запишале откровенијата добиени од Бога.
Ги знаете писмените пророци кои влегле во Библијата. Тоа се од Мојсеј до апостол Јован, кој ја напишал книгата Откровение. И еве примери на „писмени“ пророци кои имале напишани дела кои не влегле во Библијата. Извесен пророк Праведен:
„И сонцето застана, и месечината стоеше, додека Бог им се одмаздуваше на нивните непријатели, како што е тоа запишано во Книгата на Праведниот…“ (Исус Навин 10:13).
Покрај праведните, имало и пророци кои имале свои записи, но тие не биле ставени на страниците на Библијата, тоа се: Натан, Гад, Шемаја и Идо:
„Делата на цар Давид, првите и последните, се опишани во записите на јасновидецот Самоил, во записите на пророкот Натан и во записите на јасновидецот Гад“ (1. Летописи 29:29).
„А делата на Ровоам, од првите, до последните, се опишани во записите на пророкот Шемаја и јасновидецот Идо и во родословијата“ (2. Летописи 12:15).
Библијата ги нарекува пророци, тие ги запишувале писмата, но нивните книги ги нема во Библијата.
Заклучокот од Словото Божјо е недвосмислен: Божјиот пророк е гласник кој добил откровение од Бога и го пренел или во усна или во писмена форма, притоа писменото откровение не мора задолжително да се наоѓа во Библијата.
ПРВИОТ ЗНАК НА ВИСТИНСКИОТ БОЖЈИ ПРОРОК
Природно, сега се поставува логично прашање: ако Божјиот пророк може да биде оној чии дела не се вклучени во Библијата, тогаш како може некој да знае дека тој е Божји пророк и да не биде измамен од лажен пророк?
Ова може да се направи на два библиски начина:
Прв знак. Надворешната состојба на пророкот во моментот на визијата.
„И погледна Валаам и го виде Израел, како се беше сместил со племињата свои, а Духот Божји беше на него. И започнувајќи ја својата беседа, рече: ‘Говор на Валаам, синот Беоров, говор на тој што ја гледа вистината. Пророштво на оној, кој ги слуша зборовите Божји; оној кој ги гледа виденијата на Семоќниот, оној кој паѓа во екстаза и очите му се отвораат’“ (Броеви 24:2-4).
Во текот на целата визија, очите на пророкот се отворени, тој ослабува, престанува да дише, но во исто време може да каже и што Бог му покажува. Тој се гледа само себеси, оние што се во близина се лишени од тоа.
„И само јас, Даниел, го видов тоа видение, а луѓето што беа со мене не го видоа тоа видение; но страв голем ги обзеде, и тие избегаа за да се сокријат; Останав сам и го гледав тоа големо видение, но во мене не остана сила и лицето ми пребледе многу, не остана во мене бодрост“ (Даниел 10:15-17).
„Додека ми зборуваше такви зборови, јас гледав во земјата, без да изустам збор. Но ете, еден сличен на синовите човечки се допре до усните мои и јас ја отворив устата своја, почнав да зборувам и му реков на оној што стоеше пред мене: ‘Господаре мој, од ова видение утробата во мене се преврте и во мене не остана сила. Па како може слугата Твој, Господи, да зборува со мојот Господар? Зашто во мене нема сила, и останав без здив“ (Даниел 10:15-17).
Значи, првиот знак на вистинскиот пророк се надворешните манифестации што го придружуваат вистинскиот пророк во времето на добивање на откровение од Бога. Пророкот во моментот на визијата не дише, може да зборува, очите му се отворени и не трепка во текот на целата визија, додека изгледот на лицето на пророкот се менува.
КОЈ ДРУГ ФАКТОР НИ ПОМАГА ВО ИДЕНТИФИКУВАЊЕТО НА ВИСТИНСКИОТ БОЖЈИ ПРОРОК?
Втор знак кој ни помага да го препознаеме Божјиот пророк:
Пораката што ја носи пророкот не треба да биде во спротивност со ништо за што Бог порано зборувал и што останало на страниците на Светото Писмо.
Дури и пророкот Исаија, во книгата што ја напишал, рекол:
„Допрашајте се до законот и откровението! Ако некои речат дека не е така, тогаш за нив нема светлина“ (Исаија 8:20).
Првото откровение од Бога, запишано од Мојсеј, ја носи вистината за Божјиот закон, сведоштво, упатства и потврда за негово почитување, сите наредни откровенија мора да бидат во хармонија со ова Божјо откровение и природно да бидат во хармонија едни со други. Бог нè учи на тоа во Неговата Реч:
„Ако се појави меѓу вас пророк, или човек што има сновиденија, и ти покаже знамение (знак) или чудо, и ако се оствари тоа знамение или чудо, за кое тој ти говорел, па потоа ти рече: ‘Да одиме да служиме на други богови, кои ти не ги познаваш’, ти не го слушај гласот на таков пророк, или на таков човек што има сновиденија; бидејќи преку тоа Господ, вашиот Бог, ве искушува, за да дознае, дали Го сакате Господа, вашиот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа. Господа, вашиот Бог, следете Го, и плашете се од Него; извршувајте ги Неговите заповеди и слушајте го гласот Негов, и Нему служете Му и бидете приврзани кон Него. А оној пророк, или оној човек што има сновиденија да биде осуден на смрт, поради тоа што те убедувал да се откажеш од Господ, твојот Бог, Кој те изведе од египетската земја и те избави од домот на ропството; зашто сакал да те одврати од патот, по кој Господ, твојот Бог, ти беше заповедал да одиш; така истребете го злото од вашата средина“ (Второзаконие 13:1-5).
Значи, пред да ја прифатите или отфрлите пораката на пророкот, треба внимателно да ја споредите неговата порака со вистината која Бог веќе ја открил во Својата Реч.
ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ПРОРОШТВОТО НЕ ЈА ДОКАЖУВА ВИСТИНИТОСТА НА ПРОРОКОТ
Забележете многу важен момент кој многу луѓе не го забележуваат, исполнувањето на зборот изречен од пророкот не е главен доказ за неговата вистинитост, и неговата порака не треба да биде во спротивност со Божјото откровение кажано порано. Ако зборот на пророкот и знакот се оствариле, но во исто време тој ве нагони кон идолопоклонство, кон кршење на Божјиот закон, тогаш не го слушајте тој пророк. Во времето на Стариот Завет, таквите биле каменувани, но во Новиот Завет, отфрлете ги таквите и не комуницирајте со нив.
„Ако некој дојде при вас и не ја донесе оваа наука, не примајте го во домот и не поздравувајте го“ (2. Јованово 1:10).
ПРОРОК МОЖЕ ДА БИДЕ КАКО МАЖ, ТАКА И ЖЕНА
Бог избира за пророчка служба не врз основа на полот, и мажите и жените можат да бидат избрани од Бога за пророчка служба.
Библиски примери за мажи: Еремија, Исаија, Даниел и др. Жени: Мирјам, Девора, Ноадија, старозаветната сопруга на Исаија и Ана, четири ќерки на Филип во новозаветно време:
„И пророчицата Мирјам, сестрата Аронова…“ (Излез 15:20)
„Во тоа време судија во Израел беше пророчицата Девора… (Судии 4:4)
„и легнав со пророчицата…“ (Исаија 8:3)
„Таму беше и пророчицата Ана, ќерката Фануилова, од Асировото племе… (Лука 2:36)
„Утредента, Павле и ние… отпатувавме и дојдовме во Кесарија. Таму влеговме во куќата на Филип благовесникот… Тој имаше четири ќерки девици, кои пророкуваа“ (Дела 21:8,9).
Никој не му дал совет на Бога дали во овие случаи да избере маж или жена за пророчка служба, Тој самиот одлучува кого ќе избере. Дали мислите дека во времето на овие пророчици немало воопшто мажи, кои биле верни на Бога? Имало, дефинитивно имало. Но, самиот Бог одлучил дека жена ќе му одговара за пророчка служба. И не треба да му кажуваме на Бога што треба и што не треба да прави. Наша работа е да ја почитуваме Неговата волја, но тоа може да го сторат само оние на кои Бог им го повратил здравиот разум.
А оние на кои не им бил повратен здравиот разум поради папската измама, тие нема да ја разберат вистината, во дадениот случај вистината во Божјиот избор на жена за пророчка служба.
„Но, откако се изврши тоа во оние дни, јас, Навуходоносор, ги кренав очите кон небото и разумот се врати во мене, па Го благословив Севишниот, Го восфалив и Го прославив вечно Живиот, чие владение е вечно и чие царство е од род во род. И сите што живеат на земјата ништо не значат; Тој дејствува според Својата волја како во небесната војска, така исто и меѓу живите на земјата и нема никој што би можел да се противи на раката Негова и да му рече: што правиш?“ (Даниел 4:35,36).
ДУРИ И ПРОРОЦИТЕ НА СТАРИОТ ЗАВЕТ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА СЕ ОТКАЖАТ ОД СЛУЖБАТА
За време на неговиот избор во пророчка служба, пророкот може со страв да се откаже од одговорноста што му е доделена, тоа не било само во животот на Елена Вајт.
„И ми беше упатено слово Господово: ‘Пред да те обликувам во утробата, Јас те познавав, и пред да излезеш од утробата, те посветив: те поставив за пророк на народите’. Јас, пак, одговорив: ‘О, Господи Боже, не умеам да говорам, зашто сум уште млад’“ (Еремија 1:4-6).
„А Мојсеј Му рече на Господ: ‘О, Господи, Те молам, не сум доброречив човек… јас тешко зборувам и тепкам’… ‘Те молам, Господи, избери друг, што ќе го испратиш’“ (Излез 4:10-13).
Ова уште еднаш сведочи за фактот дека човекот избран од Бога за пророчка служба не планирал таков развој на настаните во својот живот. Тој има свои планови, но ги менува заради Бога и Неговата вистина.
ПРОРОКОТ ИСТО ТАКА МОЖЕ ДА СЕ СОМНЕВА И ДА ГРЕШИ, КОГА НЕ ГО ГОВОРИ БОЖЈОТО ПРОРОШТВО
Ова исто така укажува на тоа, дека човекот, избран од Бога за пророчка служба, не престанува да биде човек кој има свои стравови, сомнежи и грешки. Разликата помеѓу пророкот и обичниот човек е само во тоа, дека кога Бог сака, тогаш пророкот прима од Бога откровение, за кое Бог смета дека е потребно да му го даде. А во останатото време, тој останува ист човек како и сите други. Затоа, не е изненадувачки што пророкот Самуил можел да тагува за Саул, кого, според волјата Божја, тој го помазал за цар, но кој не ја оправдал довербата што му била укажана.
И Јован Крстител, најголемиот од сите пророци, се сомневал дека Христос, на кого тој самиот укажувал како на Месија, е Месијата.
„А Јован, штом чу во затворот за Христовите дела, испрати двајца свои ученици и му рече: ‘Ти ли си Оној што треба да дојде или да чекаме друг?’“ (Матеј 11:2,3).
Кога го видел Божјиот Дух како слегува врз Христа во форма на гулаб и знаејќи дека тоа е знак од Бог Отецот и слушнал глас од небото дека Христос е Божји Син, тогаш тој смело укажал на Христа како на Месија. А кога бил во затвор и немал никакви откровенија од Бога, тогаш тој, како обичен човек, се сомневал.
Односно, пророкот не е робот со програма дадена од Бога. Тој е човек, живо суштество со слобода на избор, на кого Бог во одреден момент му овозможува да го види она што другите сè уште не го гледаат.
БОЖЈИОТ ПРОРОК ИМА ПРАВО НА СВОЕ МИСЛЕЊЕ
А времето кога пророкот не добива визија од Бога, тој, бидејќи човек, има право на свое мислење. И тој може да го изрази како свое мислење, а не како нешто што Господ му открил:
„Кога Давид живееше во својот дом, му рече на пророкот Натан ‘Еве, јас живеам во кедров дом, а ковчегот на заветот Господов е под шатор’. А Натан му одговори на Давид: ‘Прави сè што ти е на срце, зашто Господ е со тебе’. Но во истата ноќ му дојде словото Божјо на Натан: ‘Оди и кажи му на слугата Мој Давид: вака вели Господ: Ти нема да ми изградиш дом, каде што ќе живеам’“ (1. Летописи 17:1-4).
Давид го прашал пророкот Божји дали треба да изгради Божји дом. И пророкот мислел дека тоа е богоудно дело. Пророкот во дадениот момент немал откровенија од Бога и не можел да каже: така вели Господ. Тој му го кажал на Давида мислењето на човекот Натан, а не на пророкот Натан. Но, кога добил откровение од Бога, дојде кај Давида како пророк Натан и му рекол: Така вели Господ.
Разберете ја важната библиска вистина: кога пророк не ја пренесува пораката што ја добил од Бога, туку го говори своето мислење, на кое тој како човек има право, тогаш може да погреши, а во исто време да не престане да биде Божји пророк. Следните пораки, примени од Бога, не престануваат да бидат Божји пораки.
ПРОРОШТВОТО СЕ ИСПОЛНУВА ИЛИ НЕ СЕ ИСПОЛНУВА ЗАВИСНО ОД БОЖЈАТА ВОЛЈА
Понекогаш пророштвото, дадено од Бога на Неговиот пророк, може да не се исполни. И немојте да се изненадите поради ова. Ова е библиско учење. Божјите пророштва можат да бидат безусловни и условни:
„Понекогаш велам Јас за некој народ и царство дека ќе го искоренам, ќе го згазам и погубам; но, ако тој народ, врз кого сум го изрекол тоа, се поврати од лошите свои дела, Јас го одлагам злото, што сум намислил да го направам. А понекогаш велам за некој народ и некое царство дека ќе ги подигнам и ќе ги зацврстам; но, ако тој народ врши зло пред очите Мои и не го послуша гласот Мој, ќе го повлечам доброто, со кое сум намислил да го дарувам“ (Еремија 18:7-10).
Забележете дека пророштвото се исполнува или неисполнува не според волјата на пророкот, тој го зборува само она што Бог му го заповедал. Самиот Бог го изговорил пророштвото и Самиот Бог може да ја откаже Својата Реч. Пророкот носи, на пример, порака од Бога за казна. Пораката имала ефект врз оние на кои им била објавена; и Бог, гледајќи ги резултатите, ја отстранува казната.
БИБЛИСКИ ПРИМЕР ЗА УКИНУВАЊЕ НА БОЖЈАТА КАЗНА
„И Јона почна да оди по градот, колку што можеше да се изоди за еден ден, и проповедаше, велејќи: ‘Уште четириесет дена и Ниневија ќе биде разурната! Туку и луѓето и добитокот да се покријат со вреќишта, да повикуваат силно кон Бога и секој да се одврати од својот лош пат и од насилствата што се во нивните раце. Кој знае, можеби Бог ќе се смилува и ќе се одврати од Својот лут гнев за да не загинеме?’ Бог ги виде нивните дела: дека се обратија од својот лош пат. И Господ се сожали заради несреќата со која им се беше заканил да ја направи, и не ја направи“ (Јона 3:4, 8-10).
Кој го испрати Јона со порака дека Ниневија ќе биде уништена за 40 дена? Бог! Тоа била порака од Бога и беше вистинската порака, и Јона ја објавил оваа порака до народот.
Зошто не се остварило ова пророштво од Бога? Затоа што Самиот Бог го откажал Зборот кој Тој го изговорил.
Можеби поради фактот дека пораката на пророкот Јона за уништувањето на Ниневија не се остварила, тогаш дали не треба да го сметаме Јона за Божји пророк? Но, тогаш треба да ја исфрлиме книгата на пророкот Јона од Библијата, а со тоа и Христовите зборови, каде Тој зборува за пророкот Јона и за неговата служба за Ниневија. И Joна не е единствениот таков случај.
„Тогаш му дојде Господовото слово на Тесвиецот Илија: ‘Виде ли како Ахав се понижи пред Мене? Бидејќи така се понижи пред Мене, не ќе го пуштам злото за време на неговиот живот; ќе го пуштам злото во времето на неговиот син врз неговата куќа’“ (1. Цареви 21:28,29).
Ако пророштвото што го кажал пророкот не се исполнило, тогаш пред да го прогласиме овој пророк за лажен пророк, вреди да се погледне дали ова пророштво било условно, и дали Бог ја откажал својата одлука заради променетите услови? Веќе видовме од Словото Божјо дека зборовите на лажниот пророк исто така можат да се остварат. Затоа, бидете внимателни во одредувањето кој е пророк од Бога, а кој лажен пророк од ѓаволот.
ПРОРОЦИТЕ РЕЧИСИ СЕКОГАШ БИЛЕ ОДБИВАНИ ОД ОНИЕ НА КОИ ИМ БИЛА УПАТЕНА ПОРАКАТА
И уште нешто што е многу важно и прикладно да се каже. За време на големата борба помеѓу Бога и ѓаволот, Божјите пророци главно биле одбивани, неприфатени воглавном од оние кај кои биле испратени.
„На Седекија му беа дваесет и една година кога се зацари, а царуваше единаесет години во Ерусалим. Правеше што е зло во очите на Господа, неговиот Бог; не се смири пред пророкот Еремиј, кој му зборуваше од Господовата уста“ (2. Летописи 36:11,12).
„Господ, Бог на нивните татковци, испраќаше кај нив рано Свои гласници, ги праќаше постојано, зашто му беше жал за Својот народ и за Своето Живеалиште. Но тие им се потсмеваа на Божјите гласници, презирајќи ги Неговите зборови и подигрувајќи се со Неговите пророци, додека не се подигна Господовата јарост против Неговиот народ, та веќе немаше лек“ (2. Летописи 36:15,16).
И оваа слика за отфрлањето на Божјите пророци ќе продолжи и во Новиот Завет. Христос предупредил за ова:
„Затоа и мудроста Божја рече: ‘Ќе им пратам пророци и апостоли, и од нив едните ќе ги убијат, а другите ќе ги прогонат’“ (Лука 11:49).
Широко распространетото отфрлање на Божјите пророци и гласници во сите времиња го поттикнало Бога да ги казни одговорните со посебна чаша на гнев на крајот на времето за ова злосторство.
„Третиот ангел ја излеа чашата своја во реките и во изворите водни, и тие се претворија во крв. Потоа го чув ангелот на водите како вели: ‘Праведен си, Господи, Кој си, Кој беше, Свет си, зашто така пресуди, бидејќи тие пролеаја крв на светии и пророци, и Ти им даде да пијат крв – заслужуваат!’“ (Откровение 16:4-6).
Затоа, прашањето за прифаќање или одбивање на Божјиот пророк не е безначајно прашање, тоа е прашање на нашето спасение.
КОЈ ОТФРЛА БАРЕМ ЕДЕН БОЖЈИ ПРОРОК, ВСУШНОСТ НЕ ГИ ПРИФАЌА ДРУГИТЕ БОЖЈИ ПРОРОЦИ
Не можам да верувам дека верник кој го прифаќа пророкот Исаија, но го отфрла пророкот Еремија, има Божји Дух во себе и може да се спаси. Погледнете го овој текст:
„Тоа спасение го бараа и испитуваа пророците што прорекоа за вашата благодат. Откако испитаа, во кое или какво време им јавуваше Духот Христов однапред, Кој беше во нив, сведочејќи за Христовите страдања и славата која иде по нив“ (1. Петрово 1:10,11).
Сите Божји пророци се поттикнати од Христовиот Дух. Поттикнатиот од Христовиот Дух не може да му противречи на некој што е исто така поттикнат од Христовиот Дух. И, како може верник кој тврди дека е поттикнат од Христовиот Дух, да одбие пророк кој е поттикнат од Христовиот Дух? Ова е апсурдно.
Отфрлањето на еден од Божјите пророци од страна на верникот сведочи дека тој не е поттикнат од Духот Христов, туку само мисли за себеси дека е поттикнат од Него. И оној, кој наводно ги прифаќа Божјите пророци, тој исто така не ги прифаќа или не ги разбира, бидејќи нивната порака е од еден извор:
„Па зар Христос е разделен?… (1. Коринтјаните 1:13).
„И како што е телото едно, а има многу делови, и сите делови од тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се, така и Христос“ (1. Коринтјаните 12:12).
Вистината е едноставна за разбирање, кој отфрла барем еден Божји пророк, всушност не ги прифаќа другите Божји пророци, затоа што оној, кој отфрла друг дух, се разликува од Христовиот Дух. Немам намера да ве убедувам да ја прифатите Елена Вајт како пророк од Бога, никој тоа не може да го направи освен Бог, кога човекот е понизен пред Него.
Но, сакам во светлината на Библијата да докажам дека Елена Вајт спаѓа во дефиницијата за Божји пророк во сите погледи: и според времето на нејзиното појавување, и според околностите на нејзиниот избор, и според физичките компоненти за време на визијата, а најважно е пораката што ја носела. И затоа само оние, кои не разбрале што Бог кажува во Библијата за Неговите пророци, можат да го отфрлат.
ДЕЛАТА НА ЕЛЕНА ВАЈТ НЕ ЈА ЗАМЕНУВААТ БИБЛИЈАТА
Бог го собира и формира Својот народ на последното време, изведувајќи го од Вавилон, како што сторил со старозаветниот Израел, изведувајќи го од Египет. Исто така, со оваа тема, би сакал да ги предупредам оние хулители кои не само што ги отфрлаат Божјите пораки, дадени од Бога преку неа, тоа е нивно право, туку и фрлаат кал на неа, нарекувајќи ја лажна пророчица.
Прочитајте во Библијата како верниците во секое време воглавном се однесувале кон Божјите пророци. Можеби ќе се препознаете во оние, што ги отфрлаат? И, исто така, погледнете и прочитајте што ги чека оние, кои се осмелуваат да го отфрлат Божјиот гласник. За да им помогнам на оние кои размислуваат, ќе го прочитам библискиот текст:
„А Господ му рече на Самоил… Зашто тие не те отфрлија тебе, туку Ме отфрлија Мене за да не царувам над нив“ (1. Самуилова 8:7).
Всушност, оној што го отфрла Божјиот пророк, не ја отфрла личноста испратена од Бога, туку го отфрла Самиот Бог кој го испратил овој пророк, и ова е дефинитивно прашање на спасение.
Списите на Елена Вајт не се само уште една Библија, и не се дадени наместо Библијата! Книгата на пророкот Исаија не е дадена наместо книгата на пророкот Даниел или Езекиел, секоја книга носи свој дел од Божјите откровенија, но заедно тоа е хармонија на вистината.
Бог им испратил на луѓето во ова последно време пророчки дар во личноста на Елена Вајт, така што луѓето можат да ги видат вистините што се наоѓаат во Божјото Слово, но не се видливи за многумина поради фактот што долго време папството работело на свеста на верниците, што ја соборило и ја фрлило Божјата вистина на земјата.
И сега папството, со своите доктрини и учења за претеризам (антихристот се појавил пред да настане папството) и футуризам (антихристот ќе се појави во далечна иднина), ги вози верниците во своето „теолошко такси“ по патот на лажното толкување на Библијата. И милијарди луѓе се измамени. Но, имајќи ја светлината како водич која Бог ја пратил во списите на Елена Вајт, верникот кој ја бара Божјата вистина како скриено богатство, ќе се ориентира во Светото Писмо и ќе го постави вистинскиот пат за правилно, историско, Божјо разбирање на Библијата.
БОГ ПРЕКУ ЕЛЕНА ВАЈТ ПОМАГА ДА ГИ ВРАТИ ЛУЃЕТО НА ВИСТИНСКАТА СЛУЖБА
За да ја обнови вистинската служба по вавилонското ропство, Бог го подигнал пророкот Агеј со Божји пораки за да го обнови вистинскиот центар на богослужението. На сличен начин, по разочарувањето, Бог ја подигнал пророчицата Елена Вајт за да ја врати вистинската служба уништена од папството, обновувајќи го правилното разбирање на Светото Писмо и она што се случило по исполнувањето на пророштвото од 2300 години, со цел да ги насочи верниците на правилниот пат на разбирање на Библијата.
Колку луди идеи, наводно од Светото Писмо, прифаќаат многу верници кои ги отфрлаат списите на Елена Вајт. Тие се како безводни облаци, управувани од ветрот на секаков вид на човечка филозофија, што ќе ги доведе до уништување, бидејќи нивната вера не се заснова на Словото Божјо, туку главно на лажното папско учење.
Многумина се вовлечени во оваа колосална измама и ги подаваат своите раце и чела кон ѕверот, така што тој може да ги обележи со својот белег (жиг). Ние, мерејќи го духовното со духовното, остануваме верни на Божјата реч, која вели:
„Верувајте Му на Господ, вашиот Бог, и бидете цврсти; верувајте им на пророците Негови и ќе имате успех” (2. Летописи 20:20).
И, да ја вратиме вистинската служба на Бога во ова последно време, не отфрлајќи ги пораките од Бога испратени преку Елена Вајт. Зашто гледаме дека нејзиниот повик од Бога е втемелен во Божјото Слово.