БЕСМРТНОСТА НА ДУШАТА — ОТРОВОТ НА ВАВИЛОН

Сподели го ова:

Оваа и следните неколку теми ќе ги посветиме на вавилонското вино, со кое се опиени сите народи. Ќе зборуваме за учењата со кои Вавилон, поттикнат од друг, а не од Божјиот Дух, ги опива сите народи. Денеска ќе се запознаеме со еден од најсмртоносните отрови на Вавилон, со кој се опиени 99% од христијаните.

Содржина прикажи
БЕСМРТНОСТА НА ДУШАТА — ЕДЕН ОД НАЈСМРТОНОСНИТЕ ОТРОВИ НА ВАВИЛОН

Интернетот буквално изобилува со информации во врска со фактот дека е измерена нечија душа, дека ја фотографирале човечката душа и т.н. Исто така, чести се и сведоштвата на оние луѓе за кои наводно се вели дека умреле со клиничка смрт и се гледале себеси одозгора, своето тело. Илјадниците прегледи на слични објави укажуваат на тоа дека луѓето се заинтересирани за такви теми.

За бесмртноста на душата се снимени многу филмови, кои се популарни не само кај световните луѓе што живеат на земјата, туку и кај христијаните. Во најголем дел христијанството исповеда верување во бесмртноста на човечката душа. Оваа доктрина е вградено во речиси сите христијански учења и се смета за непроменлив столб на вистината.

Но, дали е навистина така? Дали Божјата реч го учи ова, дали Божјиот Син, Христос, го исповедал ова учење, и дали Исусовите апостоли го пренеле ова учење во грешниот свет? Ако ја цениме вистината, тогаш мора цврсто да се држиме до вистината и да не го пиеме отровот на лажното учење на Вавилон.

УЧЕЊЕТО ЗА БЕСМРТНА ДУША ЈА ИСПОВЕДААТ СИТЕ ТРИ ДЕЛА НА ВАВИЛОН

Веројатно ниту еден разумен човек не наоѓа ништо привлечно во смртта, иако ова е неизбежен крај на сите што живеат на земјата. Во текот на 6000 години, колку што луѓето живеат на земјата, од падот во грев, смртта им е постојан придружник во животот. За време на овој соживот, за да не ја разбуди кај човекот желбата да ја поврати бесмртноста изгубена со падот, сатаната му помага на човештвото да развие такво разбирање за смртта, во кое таа дури може да изгледа пожелна и привлечна.

Речиси сите религии во светот учат дека кога човекот умира, тој всушност не умира, барем неговата свест, туку преминува во друга, бестелесна форма на постоење.

Така верувале паганските Египќани, зборувајќи за царството на мртвите. За да го продолжат „животот“ после смртта, граделе пирамидални гробници, полни со предмети за домаќинството кои му се потребни на човекот на овој свет и кои наводно ќе му служат во другиот свет, во задгробниот живот.

Во ова верувале и старите Грци и Римјаните. Во гробот на мртвиот човек ставале паричка, со која тој можел да изнајми чамец за да го одведе во царството на мртвите. Односно, еден од трите дела што го сочинуваат Вавилон — паганството (симболот на змевот) исповеда вера во бесмртноста на душата, во постоењето на човечката свест по смртта во поинаква, бестелесна природа.

Истото учење го исповеда и првиот ѕвер од Откровение 13. поглавје, папството, со додатни атрибути. Како што е чистилиштето, во кое може да се најдат душите на мртвите за во маките да се дочистат до света состојба, и од која, за соодветен надоместок во буџетот на Католичката црква, можат да ги спасат живите роднини. Односно и вториот дел од Вавилон, Католичката црква, исто како и паганството, исповеда верување во бесмртноста на душата.

Мислам дека нема да ве изненади фактот дека и протестантизмот во огромно мнозинство, кој е третиот дел од Вавилон, исто така исповеда во своето учење вера во бесмртноста на душата. Ова учење ги поврзува и обединува трите дела што го сочинуваат Вавилон.

АПОСТОЛ ПАВЛЕ НЕ ВЕРУВАЛ ВО УЧЕЊЕТО ЗА БЕСМРТНА ДУША

Помислата дека со смртта човечката свест не престанува да постои е утешна и смирувачка за мнозина, но да се утешиме со ова учење е една работа, но дали е тоа учење вистинито? Библиско? Божјо? Ова е сосема друга работа.

За да одговориме на ова прашање, ние ќе спроведеме сеопфатно библиско проучување.

Верувањето дека човекот, поточно неговата душа, неговата свест, продолжува да постои по смртта и оди во пеколот за казна или во рајот за вечно блаженство е во спротивност со библиската вистина за Божјиот суд и наградата:

Бог, пак, не осврнувајќи се на времињата на незнаење, сега редум им заповеда на сите луѓе да се покаат, зашто определи ден кога праведно ќе му суди на светот преку одредениот од Него Човек, откако ги увери сите со Неговото воскресение од мртвите“ (Дела 17:30,31).

Апостол Павле, просветлен од самиот Христос, верувал и поучувал дека Бог го планирал Својот суд за определен ден. Ние веќе доволно детално ја истражувавме библиската вистина за истражниот суд, кој започнал на небото во 1844. година, на кој ќе биде донесена одлука за судбината на сите што живеат на земјата:

„Зашто Бог ќе ја изведе на суд секоја работа, и што е тајно, било да е добро или лошо“ (Проповедник 12:14).

Апостол Павле не верувал и не поучувал дека човекот веднаш по смртта добива награда — било во пеколот или во рајот — бидејќи тој, зборувајќи за својата судбина, напишал:

Добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив. Понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија; но не само мене, туку и на сите кои се радуваат на Неговото појавување“ (2 Тимотеј 4:7,8).

Односно, апостол Павле верувал и учел дека само на денот на Второто доаѓање тој ќе го прими својот венец на правдата, венец на спасението. А така нè учи и Христос:

И еве, ќе дојдам скоро, и платата Моја е со Мене, за да му дадам на секого според делата негови“ (Откровение 22:12).

ВЕРУВАЊЕТО ВО БЕСМРТНОСТА НА ДУШАТА Е ВО СПРОТИВНОСТ СО ВИСТИНАТА ОТКРИЕНА ВО СВЕТОТО ПИСМО

Односно, верувањето во бесмртноста на душата и Божјата награда за луѓето веднаш по нивната смрт доаѓа во судир со Божјата вистина за судот и наградата, кои се јасно откриени и во Новиот и во Стариот Завет.

Бог му рекол на пророкот Даниел:

А ти оди кон својот крај, и отпочини. И ќе останеш да го добиеш својот дел на крајот од времето“ (Даниел 12:13).

Гледате дека вистината за Божјиот суд и наградата е хармонично откриена во целата  Библија, а верувањето во бесмртноста на душата ја уништува таа хармонија и целина. Ова не може да биде случај со Божјото Слово, бидејќи тоа има само еден Автор Бог, кој не си противречи на Самиот Себе.

Само по второто Христово доаѓање и воскресението како на праведните, така  и на безбожните, Бог ќе ги награди луѓето, но не пред тоа:

И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за вечен срам“ (Даниел 12:2).

Не чудете се на ова, зашто иде часот кога сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат: кои правеле добро – ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување“ (Јован 5:28,29).

Надежите и стремежите на апостолите и оние кои веруваат во нивните зборови не се поврзани со верувањето во задгробниот живот, туку со надежта за воскресение при второто Христово доаѓање:

А штом нема воскресение на мртвите, тогаш и Христос не воскреснал; ако, пак, Христос не воскреснал, тогаш напразна е нашата проповед, празна е и вашата вера… ако, пак, Христос не воскреснал, напразна е верата ваша; вие сте уште во своите гревови; тогаш и оние, што умреле за Христос, пропаднале… Бидејќи смртта дојде преку човекот, така и воскресението од мртвите, стана преку Човек. И како што по Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе бидат оживеани; но секој по свој ред: Христос е првиот плод; потоа, при Неговото доаѓање, ќе воскреснат сите што се Христови“ (1 Коринтјаните 15:13-23).

Преку Адам дојде смртта, а преку Христа животот преку воскресението, а ако нема воскресение, тогаш сите што умреле со вера во Христа се изгубени луѓе.

УЧЕЊЕТО ЗА БЕСМРТНОСТА НА ДУШАТА Е СПРОТИВНО НА ОНА ШТО ГО УЧЕЛ ИСУС ХРИСТОС

Учењето за бесмртноста на душата учи дека праведникот по смртта оди на небото и таму поминува слатко време со Бога и Христос. Но, Христос никому од Своите следбеници не му ветил дека ќе се сретне со него пред Неговото второ доаѓање:

Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во Мене верувајте. Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, зарем Јас ќе ви кажев: Одам да ви приготвам место? Кога ќе отидам и ќе ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас“ (Јован 14:1-3).

Учењето за бесмртноста на душата вели, дека луѓето, секој  во мигот на својата смрт поединечно ќе се сретне со Христа. А Христос и апостолите велеле дека упокоените праведници, заедно со живите праведници, истовремено ќе се сретнат со Христа при Неговото второ доаѓање:

Браќа, не сакаме да бидете во незнаење за оние кои се упокоени, за да не тажите како и другите, што немаат надеж. Зашто, ако веруваме дека Исус умре и воскресна, така Бог и упокоените преку Исус, ќе ги доведе со Него. Ова, пак, ви го велиме преку словото Господово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господ, нема да стигнеме пред упокоените. Бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите; а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господ во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господ. Па затоа, утешувајте се еден со друг со тие зборови“ (1 Солунјаните 4:13-18).

Гледате што се случува, учењето за бесмртноста на душата противречи на Божјото учење за судот, за наградата, за второто доаѓање, и внесува дисхармонија во монолитното и хармонично библиско учење. Ова е туѓо учење, а не библиско. Тоа ги отфрла библиските вистини како туѓи за нив.

ВО БИБЛИЈАТА НЕ ПОСТОИ ТАКВО НЕШТО КАКО БЕСМРТНА ДУША

Не помалку изненадува фактот, дека иако речиси сите религии во светот и христијаните со пена на устата го бранат ова учење, меѓутоа Библијата никогаш не зборува за бесмртната душа на човекот. Зборувајќи за бесмртноста, Библијата вели дека таа е неотуѓива суштина само на Бога Отецот:

Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го види. Нему нека Му е чест и сила во сите векови. Амин“ (1 Тимотеј 6:16).

За Синот Божји, кој стана Човек како нас, се вели:

Затоа Јас ќе Му дадам големо наследство, со силните плен ќе дели, зашто Себеси на смрт се предаде, и меѓу злодејците беше вброен и ги понесе врз Себе гревовите на мнозина и за престапниците стана посредник“ (Исаија 53:12).

Самиот Христос сведочи за Себе:

Бев мртов, и ете, жив сум за сите векови и ги имам клучевите од адот и смртта“ (Откровение 1:18).

Христос сведочи дека кога станал Човек како нас, Тој бил мртов, но сега е жив за сите векови. И благодарение на што, на кој настан Тој по Неговата смрт, оживеал за сите векови? Дури откако Бог Отецот Го воскреснал од мртвите:

Оној (Христос), Кого Бог Го воскресна, не виде распаѓање“ (Дела 13:37).

Бог на татковците наши Го воскресна Исус, Кого вие Го погубивте, приковувајќи Го на крст“ (Дела 5:30).

Бог Го воскресна на третиот ден и Му даде да се појави“ (Дела 10:40).

Така, гледате дека Христос, кој станал Човек како нас, кој станал наш пример во сè, умрел и не продолжил да постои во форма на некоја бесмртна супстанција наречена душа. Не. Тој ја предал Својата душа на смрт, и само откако Бог го воскреснал, единствениот кој има бесмртност, Тој сега живее пред лицето Божјо за сите векови.

ВО БИБЛИЈАТА ЗБОРОТ ДУША НЕ СЕ ПОВРЗУВА СО НИШТО БЕСМРТНО

Како што веќе споменавме порано, во Библијата не постои такво нешто како бесмртна душа, туку такво нешто како смртна душа. Покрај она што го прочитаме дека Христос ја предал Својата душа на смрт, Библијата недвосмислено зборува за смртноста на душата:

Зашто, ете, сите души се Мои; како душата на таткото, така и душата на синот се Мои: која душа греши, таа ќе умре“ (Езекиел 18:4).

Душата, која згрешила, ќе умре; синот нема да го понесе гревот на татко си, и таткото нема да го понесе гревот на синот свој, правдата на праведниот кај него си останува и беззаконието на грешникот кај него си останува“ (Езекиел 18:20).

Тоа значи дека во Библијата зборот „душа“ не се поврзува со нешто бесмртно, што денес го учат трите дела што го сочинуваат Вавилон, односно паганството, католицизмот и протестантизмот. Во Библијата душата е прикажана како смртна, и како што е во Стариот Завет така е и во Новиот:

„Зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде“ (Матеј 16:25).

ШТО Е ЖИВА ДУША?

Зарем не ви е чудно што христијаните денес се држат до тоа учење, што не е учење на Божјата реч? Зарем тие не се опиени со виното на вавилонското блудство? Погледнете на хармонијата на библиската вистина за состојбата на мртвите. За да ја видиме и разбереме оваа хармонија, да се вратиме во Едемската градина, на местото каде Бог го создал човекот и го надарил со живот:

И Господ Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа“ (Создавање 2:7).

Не може да биде полесно. И ние, кога зборуваме за човекот и за неговите компоненти, не треба да одиме подалеку од овој творечки чин, кој ни кажува сè за човекот, создаден од Бога.

ПРАВ + ДУХ ЖИВОТЕН = ЖИВА ДУША

Зборовите „човекот стана жива душа“ зборуваат за тоа дека во човекот не била вложена бесмртна душа, и воопшто душа. Не. Жива душа — тоа е резултат на соединувањето на земниот прав (т.е. телото, што е создадено од земниот прав) и духот на животот од Бога, кој има живот во Себе.

Бог го вдахнал Својот живот во лицето, во ноздрите на човекот, дал од Себе животна искра, за човекот да стане живо суштество. Сè додека Божјиот дух животен е во нашето тело — ние сме жива душа. Јов, кој се наоѓал во страшни страдања и мислел дека му се изброени деновите на неговиот живот, рекол:  

„Зашто, додека уште здивот мој е во мене и духот Божји во ноздрите мои, устата моја нема да проговори неправда и јазикот мој нема да искаже лага!“ (Јов 27:3,4).

ПО СМРТТА, ЧОВЕКОТ ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА НАПРАВИ НИШТО

Јов сфатил дека тој може да направи нешто само додека здивот на Божјиот живот е во него. Односно додека Јов бил жив. Затоа што по неговата смрт тој не може ништо да направи, бидејќи неговото постоење како живо суштество ќе престане, а како мртов тој веќе не може ништо да направи. Ова е библиското, односно Божјото разбирање за човечката природа:    

Живите знаат дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат, и веќе за нив нема награда, зашто и споменот за нив е предаден на заборавот, и љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веќе исчезнале, и ќе немаат дел довека во ништо, што се случува на земјата“ (Проповедник 9:5,6).

Сè, што може да врши раката твоја, според силите твои, врши; зашто во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост“ (Проповедник 9:10).

Многу приврзаници на теоријата за бесмртноста на душата се обидуваат да кажат дека овде станува збор само за односите меѓу луѓето под сонцето, но ова не се однесува на славењето на Бога по смртта во рајот. Но, Библијата не им дава за право да го кажат тоа. Еве уште текстови:

Врати се, Господи, избави ја душата моја, спаси ме поради милоста Своја, бидејќи мртвите не Те спомнуваат Тебе; во пеколот кој ќе Те слави Тебе?“  (Псалм 6:4,5).

Зошто Подземјето Тебе не Те слави, смртта Тебе не те восфалува, слезените во гроб не се надеваат на Твојата вистина. Живите, само живите ќе Те прослават, како јас сега; таткото ќе им ја соопшти на децата Твојата верност“ (Исаија 38:18,19).

Значи, Библијата не го подржува учењето за бесмртноста на душата, тоа не е библиско, без разлика што велат за тоа оние кои се нарекуваат христијани. Тоа се коси со сите основни вистини на христијанството — вистината за судот, за Божјата награда, вистината за второто Христово доаѓање.

ИЛУСТРАЦИИ ЗА ТОА, ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЧОВЕКОТ ПО НЕГОВАТА СМРТ

Ако го прифатиме ова сатанско учење, тогаш ќе треба да ја преработиме целата Библија за да го прилагодиме на него. Но не мислам дека тоа е она што Бог го сака од нас. Правилно е да се отфрли ова еретичко учење, како вино на вавилонското блудство.

Знаејќи, како бил создаден човекот, и кои се неговите компоненти, телото и Божјиот здив (дух животен), правејќи го човекот живо суштество, ние можеме да разбереме што се случува со човекот при обратниот процес на создавањето, односно кога тој умира.

ЖИВА ДУША – ДУХ ЖИВОТЕН = ПРАВ (ЛЕШ).

Ова лесно може да се илустрира со следниот пример.   

Имате штици, клинци и решавате да ги споите за да направите кутија. Односно, правите кутија од штици и клинци.

Многу е важно да разберете, дека сега веќе немате посебни штици и посебни клинци, имате комплетна конструкција — кутија составена од штици и клинци како целина, сите заедно. Но, потоа решивте да ја расклопите кутијата и ги извадивте клинците од штиците. Повторно имате клинци и штици, но веќе немате кутија.

Тело (штици) + дух животен (клинци) = жив човек (кутија). Жив човек (кутија) — дух животен (клинци) = тело (штици).

Нема кутија, нема жив човек, има само тело, кое без духот животен е леш.

Или уште еден едноставен пример: сијалица, струја и светлина. Светлината не е ставена во сијалицата, таа настанува како резултат на влијанието на струјата на сијалицата. Има струја, има светлина во сијалицата. Нема струја, нема светлина во сијалицата.

Во човекот има дух животен, човекот е жива душа. Ако човекот го испушти својот дух, тој е мртов, а неговото тело — леш (труп). А ако се работи за леш, тогаш без дух животен (струја), нема да има светлина во сијалицата. А овој дух животен, кој го прави човекот жива личност, ќе биде даден само при второто Христово доаѓање и воскресението од мртвите.

КОЈ ГО ИЗГУБИЛ ЖИВОТОТ ПРИ ПОТОПОТ?

Кога земјата се исполнила со злодела, Бог бил принуден да ја исчисти земјата од грешниците со водите на потопот, и еве што е кажано за тоа, како и кој го изгубил животот:

И нарасна водата на земјата толку многу, што ги покри сите високи планини, какви што има под целото небо; петнаесет лакти се издигаше водата над планините, откако ги покри. Тогаш го изгуби животот секое суштество, што се движеше по земјата: и птиците, и добитокот, и ѕверовите, и сите лазачи, што се влечат по земјата, и сите луѓе; сè, што на копното имаше здив во ноздрите свои, изумре“ (Создавање 7:19-22).

Забележете дека не само луѓето ги загубиле животите, туку и сите живи суштества што имале здив во ноздрите свои.

СИТЕ ЖИВИ СУШТЕСТВА, КАКО И ЧОВЕКОТ, СЕ НАРЕКУВААТ ЖИВА ДУША

Не само човекот примил дух животен од Бога, туку и сите живи суштества го примиле истиот дух животен од Бога, зашто тоа е живот од Оној кој има живот во Себе.

„Зашто сè што се случува со синовите човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно е дишењето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот, зашто – сè е суета! Сè оди на едно место: сè произлегува од земјата, и сè ќе се врати во земјата“ (Проповедник 3:19,20).

Сите тела се направени од прав, и сите имаат ист здив, и човекот во тоа нема предност над стоката. Предноста на човекот пред сите други облици на живот не е во тоа што на човекот му е дадено да има некоја посебна супстанција – жива душа. Не. Сите живи суштества — се живи души:

Потоа рече Бог: ‘Водата нека се исполни со живи суштества’… И Бог создаде големи риби и секаков вид животни влекачи, што живеат во водата… Пак рече Бог: ‘Нека изведе земјата од себе разни суштества според родот нивни: добиток, лазачи и ѕверови земни според нивниот род’ И стана така“ (Создавање 1:20-24).

Тогаш Господ Бог ги создаде од земјата сите полски животни, и сите небески птици, и ги доведе кај човекот за да види како ќе ги нарече тој, па, како што човекот ќе го нарече секое живо суштество, така да му биде  и името“ (Создавање 2:19).

Сите живи суштества, како и човекот, се нарекуваат жива душа, така што човекот нема некоја посебна супстанција „жива душа“, како што некои мислат. Библијата вели дека сите живи суштества — се живи души и еден дух животен е во сите.

КАКВО ЗНАЧЕЊЕ ВО СВЕТОТО ПИСМО ИМА ЗБОРОТ „ДУША“?

Зборот „душа“ се споменува повеќе од 1600 пати во Библијата, но ниту еднаш не се однесува на бесмртна душа, а овој збор има неколку значења:

Живо суштество:

Пак рече Бог: ‘Нека изведе земјата од себе разни суштества според родот нивни: добиток, лазачи и ѕверови земни според нивниот род’ И стана така“ (Создавање 1:24).

Крв:

Само пази добро, да не се јаде крвта, зашто крвта е душа: не јади ја душата заедно со месото“ (Второзаконие 12:23).

Живот:

„Ако, пак, се случи повреда, тогаш нека се даде живот за живот; око за око, заб за заб, рака за рака, нога за нога, изгоретина за изгоретина, рана за рана, повреда за повреда“ (Излез 21:23-25).

„Зашто, кој сака да го спаси животот свој, ќе го загуби; а кој ќе го загуби својот живот заради Мене, ќе го најде“ (Матеј 16:25).

Едноставно човекот:

А сега ви советувам да бидете бодри, зашто ниедна душа од вас нема да загине, освен коработ… а во коработ нè имаше вкупно двесте седумдесет и шест души“ (Дела 27:22,37).

БЕЗ ДУХ ЖИВОТЕН, СÈ Е ОСУДЕНО НА ПРЕСТАНОК НА ЖИВОТОТ

Значи, предноста на човекот не е во посебниот дух животен, не е во фактот дека му е дадена некоја посебна супстанција, посебна душа, не. Туку во фактот дека човекот е посебно Божјо создание, посебна жива душа. Човекот е уникатна Божја креација.

Погледнете го овој пример: пегла, машина за перење, фрижидер и компјутер. Сите овие уреди се напојуваат со иста електрична струја. Немате посебна струја за пеглата и посебна за фрижидерот. Но, зошто истата струја произведува толку различни дејства во уредите? Од што зависи, од струјата? Не. Таа е иста. Разликата е во конструкцијата на уредот. Колку е покомплексен дизајнот на уредот, толку се поголеми способностите на уредот кога се напојува со струја. Но, штом ќе се исклучи струјата, колку и да е сложен уредот, тој, како и наједноставниот уред, ја губи сета своја функционалност, а на нашиот јазик тоа значи смрт. Проповедник за тоа напишал вака:

„Зашто сè што се случува со синовите човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно е дишењето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот, зашто – сè е суета! Сè оди на едно место: сè произлегува од земјата, и сè ќе се врати во земјата“ (Проповедник 3:19,20).

ОД КАДЕ ПОТЕКНУВА ЛАГАТА ЗА БЕСМРТНОСТА НА ЧОВЕЧКАТА ДУША?

Од каде потекнува лагата за наводно природната бесмртност на човекот и кој е нејзиниот автор? Како што може да погодите, авторот на оваа лага е ѓаволот, таткото на сите лаги. И оваа лага потекнува со неговото прво заведување на Адам и Ева. Погледнете што им рекол Бог на нашите прародители:

И му заповеда Господ Бог на човекот, велејќи: ‘Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш’“ (Создавање 2:16,17).

Бог јасно рекол дека луѓето ќе умрат ако го вкусат забранетиот плод, но што рекол ѓаволот?:

Тогаш змијата и рече на жената: ‘Не, нема да умрете! Но Бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло’“ (Создавање 3:4,5).

Ѓаволот ги оспорил Божјите зборови дека јадењето на плодот од забранетото дрво нема да доведе до смрт. Покрај тоа, тој изјавил дека јадењето од забранетото дрво не само што нема да доведе до смрт, туку, напротив, ќе ги направи луѓето „богови“, бидејќи Бог е бесмртен, така што и луѓето ќе станат бесмртни.

Очигледната лага на сатаната дека луѓето откако ќе вкусат од забранетиот плод нема да умрат, по смртта на Адам, Ева и следните генерации била развиена од ѓаволот но во друга насока. Сатаната не можел да го негира фактот за смртта на луѓето, луѓето неа ја гледале насекаде, тие ги погребувале мртвите. Во таков случај било потребно да се измисли нова лага. И тој смислил, бидејќи им ветил на луѓето дека со вкусување на забранетиот плод тие ќе станат бесмртни како боговите. Но Бог е на небото и Тој е невидлив во обичниот живот за обичните очи, кои живеат на земјата. Затоа луѓето станале бесмртни како богови, но во нов бесмртен вид на божествено постоење невидливо за обичните очи. Тие престојуваат на небото.

КАКО ЛАГАТА НА САТАНАТА ЗА БЕСМРТНОСТА НА ДУШАТА СЕ ВСАДИЛА ВО УМОВИТЕ НА ВЕРНИЦИТЕ

Оваа лага сатаната јасно ја внел во паганството, еден од трите делови на Вавилон, чиј симбол е змевот. Паганизмот му ја предал власта на папството, првиот ѕвер од 13-тото поглавје од Откровението. Католицизмот — тоа е крстено паганство, вториот од трите делови на Вавилон, и католицизмот продолжил да го развива ова лажно учење. А протестантите, излегувајќи од католицизмот, со себе го понеле папското учење за бесмртноста на душата. 

Така, последниот од трите делови на Вавилон, односно протестантизмот, како и паганството и папството, ја зело чашата со овој отров и како сила претставена во Библијата со Вавилон, почнал да ги опива сите народи со оваа лага. И лагата на сатаната за бесмртноста на душата се вкоренила во речиси сите религии во светот.

Оваа теорија особено се развила во четвртиот век п.н.е. Нејзин промотор станал старогрчкиот филозоф Платон. Во тоа време кога сатаната, преку паганството, ја подметнал лагата за бесмртноста на душата, Бог, преку Своето слово, дадено на Неговиот народ во Стариот Завет, ја открил оваа очигледна лага на ѓаволот:

Живите знаат дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат… и љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веќе исчезнале…“ (Проповедник 9:5,6).

Но околу 425. година, јудаизмот потпаднал под влијание на грчката филозофија во поглед на разбирањето на човечката природа. Ова влијание го поделило јудаизмот на две школи. Едната се придржувала до библиската вистина дека човекот е смртен и тој е само кандидат да стекне бесмртност по Божја милост. Втората, погодена од Платоновата филозофија, верувала во бесмртноста на душата.

ИСУС ХРИСТОС И ВИСТИНСКИТЕ ВЕРНИЦИ ЈА ИСЧИСТИЛЕ ЦРКВАТА ОД ЛАЖНОТО УЧЕЊЕ ЗА БЕСМРТНОСТА НА ДУШАТА

Христос, доаѓајќи на земјата, го обновил во Божјиот народ вистинското разбирање за човечката природа, велејќи дека човековата надеж за вечноста е директно поврзана со послушноста кон Бога и прифаќањето на планот на спасението:

Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16).

А волјата на Отецот, Кој Ме прати, е оваа: од сè што Ми дал да не загубам ништо, туку да го воскреснам во последниот ден. Волјата на Оној што Ме прати е: секој што ќе го види Синот и ќе поверува во Него да има вечен живот, а Јас ќе го воскреснам во последниот ден“ (Јован 6:39,40).

Вистината дека човекот не поседува безусловна бесмртност, односно бесмртна душа, а може да ја прими само ако го исполни условот поставен од Бога, ја поучувал и предвесникот на Исус, најголемиот од сите пророци, Јован Крстител:

Зашто Отецот Го љуби Својот Син и сè Му даде во раката Негова. Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе биде врз него“ (Јован 3:35,36).

Имено таква вистина за човечката природа ја носеле и апостолите во светот, научени од Божјото Слово и од самиот Божји Син:

Кој секому ќе му даде според неговите дела: живот вечен на оние кои со трпение во добрите дела се стремат кон слава, чест и нераспадливост“ (Римјаните 2:6,7).

„Во еден миг, во миг на окото, при гласот на последната труба: имено трубата ќе затруби и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме, зашто треба ова распадливото да се облече во нераспадливо; и ова смртното да се облече во бесмртност. А кога, ова, распадливото ќе се облече во нераспадливост; и, ова, смртното ќе се облече во бесмртност, тогаш ќе се збидне напишаното слово: ‘Победата ја проголта смртта’“ (1 Коринтјаните 15:52-54).

И Христијанската црква  150 години ја чувала чистотата на учењето по ова прашање.

ЕДНА ЛАГА РАЃА ДРУГА

Дури во 188. година од нашата ера, еден од таканаречените црковни отци, Гароз, го употребил небиблискиот израз „бесмртна душа“ во Божјата црква.

Потоа Тертулијан, кој починал во 240. година од нашата ера, ја туркал понатаму оваа лага додавајќи го лажното учење за вечните макиТоа не можело да не се случи, бидејќи лагата раѓа лага, таа е како снежна топка: „Ако душата е бесмртна, тогаш не може да се убие“, но Библијата учи дека грешниците ќе бидат казнети.

А бидејќи не можат да бидат убиени, ниту да им се прости, така вели Библијата, и тие треба да бидат казнети, тогаш, значи, казната ќе биде вечна. Иако ова учење е во спротивност со целата Библија, како со Стариот, така и со Новиот Завет:

„Зашто оние што вршат зло, ќе бидат истребени, а оние, кои се надеваат на Господ, ќе ја наследат Земјата. Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш“ (Псалм 37:9,10).

„Зашто грешниците ќе загинат, и непријателите Господови ќе ги снема како полска убавина, ќе исчезнат како дим“ (Псалм 37:20).

Зашто, ете, доаѓа ден, вжарен како печка; тогаш сите горди и оние, кои постапуваат нечесно, ќе бидат како слама, и ќе ги изгори денот што иде, вели Господ Саваот; и така, нема да остане од нив ни корен, ниту гранчиња. А за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата, и исцелување ќе има во зраците негови, и вие ќе излезете и ќе потскокнувате како теленца од штала; и ќе ги газите нечестивите, како прав под стапалата на нозете ваши во тој ден, кога Јас ќе дејствувам, вели Господ Саваот“ (Малахија 4:1-3).

„…падна од Бога оган небесен и ги проголта… А смртта и пеколот беа фрлени во Огненото Езеро. Тоа е втората смрт“ (Откровение 20:9,14).

Значи, Словото Божјо не поддржува лажни теории за бесмртноста на душата и вечни маки. Ова е учење на сатаната, и тој преку Вавилон ги храни сите народи со оваа лага.

БИБЛИСКО РАЗБИРАЊЕ НА ЧОВЕЧКАТА СМРТ

Како Бог гледа на смртта во Своето слово, со што Тој ја поистоветува? Светото Писмо ја поистоветува смртта со спиење. Се разбира, ова не е 100% поистоветување, исто како што јагнето не е 100% поистоветување со Христа. Но сепак, спиењето е најдобрата илустрација на смртта. Господ ја користи оваа илустрација како во Стариот Завет така и во Новиот, што во принцип не е изненадувачки, бидејќи Авторот на Светото Писмо е ист и Тој не се менува:

Зошто не сум умрел кога сум се раѓал, и не сум издивнал – кога сум излегол од утробата? … И сега ќе лежев и ќе почивав; ќе спиев и ќе ми беше спокојно“ (Јов 3:11-13).

А мојата надеж е одењето в гроб и таму во темнина да ја постелам постелата своја; на гробот ќе му речам: ти си ми татко, а на црвот – ти си ми мајка и сестра. Каде е надежта моја? И кој може неа да ја види? Ќе слезе таа во пеколот и заедно со мене во правот ќе почива“ (Јов 17:13-16).

Ова им го кажа, а потоа им рече: ‘Лазар, пријателот наш, заспал; но ќе отидам да го разбудам.’ Тогаш учениците Негови рекоа: ‘Господи, ако заспал, ќе стане.’ Исус го рече тоа за смртта негова, а тие мислеа дека говори за заспивање со сон. Тогаш Исус рече отворено: ‘Лазар умре’“ (Јован 11:11-14).

Зошто се користи оваа илустрација? Затоа што човек оди да спие на некое место, и тој за време на спиењето е неактивен. За него престанува вообичаениот ритам на времето, човекот не го чувствува времето за време на спиењето. По спиењето доаѓа будењето и враќањето кон активниот живот.

Кога човек умира, тој заспива во смртен сон, го ставаат во гроб, и тој е неактивен цело време, додека е мртов. За него вообичаениот ритам на времето престанува за сето време додека е мртов, тој не го чувствува времето.

БИБЛИСКАТА ВИСТИНА ЗА ВОСКРЕСЕНИЕТО НА МРТВИТЕ Е МНОГУ ВАЖНА ЗА ВЕРНИЦИТЕ

По смртниот сон ќе настапи славно будење во денот на воскресението:

И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за вечен срам“ (Даниел 12:2).

Не чудете се на ова, зашто иде часот кога сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат: кои правеле добро – ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување“ (Јован 5:28,29).

Сето време ви се прикажуваат текстови од двата завета, за да можете да ја видите хармонијата на Светото Писмо. Бог не се менува и Неговото слово и Неговите начела се непроменливи, она што ги поучувал луѓето во старозаветно време пред Христа, ги учи и луѓето и во новозаветно време по Христа, бидејќи Божјата вистина, е вечна вистина:

„Твојата праведност е вечна праведност, и Твојот закон е вистина“ (Псалм 119:142).

Посвети ги со Својата вистина. Твоето слово е вистина“ (Јован 17:17).

„И ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:32).

Сите стремежи на верниците, вистинските верници, хероите во Библијата, кои живееле и во Стариот и во Новиот Завет, биле поврзани со библиската вистина за воскресението на мртвите:

Но јас знам: Заштитникот мој е жив; Тој го има последниот збор на оваа земја. И кога ќе се распадне кожата моја, во телото мое ќе Го видам Бога. Јас сам ќе Го видам; моите очи, не очите на друг, ќе Го видат Него. Срцето ми се топи во градите мои!“  (Јов 19:25-27).

„Твоите мртви ќе живеат, мртвите тела ќе воскреснат! Стани и радувај се, фрлени во прав, зашто твојата роса е роса од растенија, а земјата ќе ги поврати мртвите“ (Исаија 26:19).

Авраам со вера го принесе како жртва Исака, кога беше искушуван; и тој, што го доби ветувањето, го принесе својот единствен син… зашто тој сметаше дека е Бог силен и дека и мртви може да воскреснува…“ (Евреите 11:17-19).

„… Му служам на Бога на нашите татковци, дека верувам во сè што е напишано во Законот и во Пророците, дека се надевам на Бога, дека ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните, кое и тие сами го очекуваат. А затоа и сам се трудам секогаш да имам чиста совест пред Бога и пред луѓето. По многу години дојдов да му донесам на мојот народ милостина и приноси“ (Дела 24:14-16).

ПОДОБРО ДА СЕ ПИЕ ЧИСТАТА ВОДА НА ЖИВОТОТ, ОТКОЛКУ САТАНСКОТО ВИНО ОД ВАВИЛОН

Значи, учењето дека човекот наводно има бесмртна душа, која по неговата смрт го напушта телото и оди или во рајот, или во пеколот, или во чистилиштето не е библиско. Тоа е вино на Вавилонскиот блуд. Ова е неговото отровно учење, со кое тој ги опил сите народи, а оние што го пијат ова вино избезумија: 

Вавилон беше во раката Господова како златна чаша, што ја опиваше целата земја; народите пиеја од неа вино, и обезумуваа“ (Еремија 51:7).

Избезумен — разулавен, заведен, измамен, побудален, глупав…

Само размислете за овие зборови. Со својата лага, лагата за бесмртноста на душата на човекот, сатаната ги мамел луѓето, им се потсмевал, ги насамарил, побудалел и ги направил глупи.

Во суштина, бидејќи сите се осудени на смрт, измамените луѓе се тешат себеси со мислата дека нивната душа е бесмртна. И ова им дава право да се воздигнат себеси, своето „јас“ над сето Божјо создание. Но Бог тоа го нарекува измама на безумни луѓе, опиени со отровот на Вавилонското учење. Можеби треба да престанеме да се труеме со лаги и да почнеме да ја пиеме чистата вода на животот од словото Божјо, бидејќи на тоа нѐ поттикнува нашиот Спасител Христос:

И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум“ (Откровение 22:17).

Следната тема конкретно ќе ја посветиме на тоа да ги разбиеме со Божјото Слово, наводните библиски аргументи на оние кои тврдат дека лажното учење за бесмртноста на душата се заснова на Библијата.

Сподели го ова:

Слични објави