СВЕТИЛИШТЕТО КАКО ПАТ КОН СПАСЕНИЕТО

Сподели го ова:

Денес Бог ни зборува на духовен јазик. Ако сакаме да го разбереме, тогаш мора да го научиме овој духовен јазик, да научиме совршено да го разбираме. Овој јазик се заснова на едноставен принцип – на слики и прототипови, физички илустрации кои нè учат на духовни вистини. Да почнеме да го изучуваме овој духовен јазик со разбирање на вистината за Божјото светилиште.

Откако Бог го извел Израелскиот народ од Египет и го повел низ пустината кон Ветената земја, Бог дава заповед:

Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив“ (Излез 25:8).

Веднаш ќе извлечеме духовни заклучоци од оваа илустрација, за да, прво, не заборавиме за што зборуваме. И второ, откако ќе добиеме знаење од една илустрација, да можеме со стекнатото знаење да преминеме кон друга илустрација.

Излегувањето на Израел од Египет и патувањето кон Ветената земја — е еден вид прототип на излегувањето на Божјиот народ од ропството на гревот и патување во небесниот Ханан. Поминувањето на Израел низ пустината — е патување на секој поединечен верник, така и на целата Божја црква по духовниот пат за изградба на карактерот.

Изградбата на светилиштето, како место каде што престојува Бог со Својот народ, како центар на вистинско почитување на Бога, како место за чување на Божјата вистина — е слика на небесното светилиште, центар на вистинско почитување на Бога. Затоа што Божјата вистина е од небесно потекло. Исто така и нашето разбирање на духовниот пат на нашето спасение.

Божјото порамнување на израелските племиња околу светилиштето на патот до Ветената земја заради заштита на светилиштето од незнабошците е прототип на собирањето на сите верници околу вистината за небесното светилиште, околу вистинското почитување на Бога пред да влезе Божјиот народ во Небесниот Ханан. А, исто така и заштита на Божјиот народ на вистинското почитување на Бога од влијанието на паганизмот. Благодарение на небесното светилиште, преку кое човекот може да се поклони на Бога Отецот во дух и вистина, Бог може да престојува и во поединечниот верник, така и во целиот Божји народ, во целата Своја Црква.

Содржина прикажи
ЗЕМНОТО СВЕТИЛИШТЕ Е САМО КОПИЈА И ПРОТОТИП (ОБРАЗЕЦ) НА НЕБЕСНОТО СВЕТИЛИШТЕ

Затоа, прво да го разгледаме уредувањето на светилиштето, а потоа да извлечеме духовни заклучоци од она што го дознаваме. Да почнеме прво со фактот дека земното светилиште е само копија, прототип (образец) на небесната реалност, т.е. небесното светилиште:

„Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив. При градењето на Престојувалиштето и на сè во него, постапи точно според образецот што ќе ти го покажам“  (Излез 25:8,9).

И гледај да ги направиш според образецот, што ти беше покажан на гората“ (Излез 25:40).

Кога апостол Павле во своето послание до Евреите им ја објаснува вистината за Христовата служба во небесното светилиште како наш Првосвештеник, тој исто така нагласува дека земната скинија е само сенка или образец на небесната скинија.

„А најважното од ова што го зборуваме, е дека имаме таков Првосвештеник, Кој седна од десната страна на престолот на величието на небесата, и е служител на светилиштето и на вистинската скинија, што ја постави Господ, а не човек. Секој првосвештеник се поставува за да принесува дарови и жртви; затоа беше потребно и Тој да има што да принесе. Зашто, ако Тој беше на земјата, не би бил ни свештеник, зашто има свештеници што принесуваат дарови по Законот и им служат на образот и на сенката на небесните работи, како што му беше речено на Мојсеј, кога ја подигаше скинијата: ‘Гледај, рече, да направиш сè според образецот, што ти беше покажан на гората’“ (Евреите 8:1-5).

Книгата Откровение на посебен начин сведочи дека постои небесна скинија, што Бог ја подигнал, а не човек, и дека содржи предмети кои се наоѓале во земната скинија.

Потоа видов: ете, на небото се отвори храмот на скинијата на собранието“ (Откровение 15:5).

Тогаш дојде друг ангел со златна кадилница и застана пред жртвеникот; и му беше даден многу темјан, та со молитвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник што беше пред престолот“ (Откровение 8:3).

Тогаш на небото се отвори храмот на Бога, и се јави ковчегот на заветот во Неговиот храм“ (Откровение 11:19).

УРЕДУВАЊЕТО НА ГОЛЕМИОТ ДВОР НА СВЕТИЛИШТЕТО И ПРВОТО ОДДЕЛЕНИЕ НАРЕЧЕНО СВЕТИЊА

Да се ​​свртиме кон земното за да го разбереме небесното. Значи, уредувањето на шаторот:

Целата градба се состоела од голем двор, долг 100 лакти (50 метри) и широк 50 лактиВо западниот дел на големиот двор се наоѓала Скинија (шатор) со димензии30 × 10 лакти. Растојанието од оградата на дворот до скинијата било 20 лакти од север, југ и запад и 50 лакти од исток, односно од влезот. Вратата на дворот на Скинијата се наоѓала на источната страна, спроти влезот во скинијата.

Во дворот, наспроти влезот, имало голем Жртвеник за паленици, направен од багремово дрво и покриен со бакар. На него горел незгаслив оган и се принесувале жртви.

Зад жртвеникот се наоѓал мијалник (сад) од бакар за свештениците. Сите додатоци во дворот биле направени од бакар.

Влезот во скинијата бил покриен со специјална настрешница од волна. Само на свештениците им било дозволено да влезат во скинијата, а остатокот од Евреите можел да влезе само во дворот. Самата скинија била во правоаголна форма со рамка од дрвени штици и рамен покрив без прозорци. Внатрешноста на скинијата била поделена на два нееднакви делови со друга завеса, која се состоела од иста двослојна ткаена материја (предиво и фино платно од сина, пурпурна и црвена боја). Вториот дел бил наречен „Светиња над светињите“. Првиот дел од шаторот бил наречен „Светиња“.

Одделението наречено „Светиња“ било главното место за служење на свештениците. Лево од влезот, на растојание 5 лакти од завесата и 2,5 лакти од јужниот ѕид – се наоѓал златниот светилник со седум гранки со неизгаслив пламен — Менора; десно од влезот, на растојание 5 лакти од завесата и 2,5 лакти од северниот ѕид, се наоѓала Трпеза за принесување лебови, изработена од багрем и обложена со злато, на која имало поставено 12 леба за принос. На средината на Светилиштето, на растојание 10 лакти од влезот во шаторот и завесата и 5 лакти од секој од ѕидовите, се наоѓал жртвеникот за кадење, исто така направен од багремово дрво и обложен со злато, за кадење на темјан (уште е наречен и златен жртвеник).

УРЕДУВАЊЕТО НА ВТОРОТО ОДДЕЛЕНИЕ НАРЕЧЕНО СВЕТИЊА НАД СВЕТИЊИТЕ

Во главното одделение на светилиштето во Светињата над Светињите, се наоѓал само Ковчегот на Заветот — најсветиот предмет во Скинијата, а во него Плочите на Заветот, на кои самиот Бог ги напишал 10-те заповеди на Неговиот Свет Закон.

Капакот на ковчегот бил наречен Престол на милоста и благодатта. На капакот на ковчегот биле изработени два херувима од чисто злато, кои се поклонувале со стравопочит. Над капакот на ковчегот, во форма на светлина, се наоѓало вистинското Божјо присуство, во јудаизмот наречено Шекина, (присуство, живеалиште, престој). Самиот термин доаѓа од глаголот „шакан“ (посета, престојување). Ова значи дека овде се наоѓа местото на директното Божјо присуство во Неговиот народ.

КОЈА ВИСТИНА ЈА СОДРЖИ СВЕТИЛИШТЕТО, НА КОГО УКАЖУВА?

Еве еден општ вовед во уредувањето на скинијата или светилиштето. Дури и површниот поглед во уредувањето не може а да не нè доведе до заклучок, дека зад сите овие предмети, зад целото ова уредување, се крие нешто многу важно за верниците. Особено, ако секогаш се сеќаваме дека земното светилиште е изградено налик на небесното светилиште.

Што се крие зад ова уредување? И каква вистина носи во себе? Погледнете внимателно на овие три стиха:

На другиот ден Го виде Јован Исус како доаѓа кај него и рече: Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе’“ (Јован 1:29).

Ги истражувате Писмата, зашто вие мислите дека во нив имате живот вечен; а токму тие сведочат за Мене“ (Јован 5:39).

Па им рече: Ете, тоа е она за што ви зборував уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сè што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите’. Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата“ (Лука 24:44,45).

Не е тешко да се забележи, дека Писмата, почнувајќи од книгите запишани од Мојсеј, кои ја опишуваат скинијата, службата во неа и принесувањето на жртвите, сведочат за Христа. Зашто, Тој е Јагне Божјо, кое го дава Својот живот за гревовите на целиот свет. Во светилиштето, Бог на живописен начин им објаснува на верниците, може да се каже на прсти, како Тој го решава проблемот на гревот во животот како на секој поединечен верник, така и со целиот Свој народ.

ШТО НАПРАВИЛ МИЛОСТИВИОТ БОГ ПОСЛЕ ГРЕВОТ НА АДАМ И ЕВА?

Како што забележавме порано, Бог го води човекот во познавање на вистината од помала светлина кон поголема, со повторувања, објаснувања и дополнувања. И вистината за светилиштето, во кое се открива патот на спасението, не е исклучок од Божјите правила на учење. За да го разбереме ова, да се вратиме на почетокот, на создавањето.

Адам и Ева живеат во Едемската градина, дом создаден за нив. Тие се свети и затоа комуницираат со Бога лице в лице. Бог дошол кај нив поради оваа комуникација:

Тогаш го чуја гласот на Господ Бог, кога Тој одеше низ рајот во времето на дневниот ветрец; и се сокрија Адам и неговата жена меѓу рајските дрвја“ (Создавање 3:8).

Но, луѓето згрешиле. И ова довело до радикална промена во односот на луѓето со Бога. Гревот го разделил човекот и целото човештво од Бога:

Но беззаконијата ваши ве разделија од вашиот Бог, и гревовите ваши прават да го сокрива лицето Свое од вас, за да не слуша (Исаија 59:2)

„И му рече Господ на Мојсеј: ‘Ете, ти ќе се прибереш кај предците свои, а овој народ ќе почне да се заблудува по туѓите богови на онаа земја, во која оди, ќе Ме остави и ќе го наруши заветот Мој, што го воспоставив со нив; и ќе се разгори јароста Моја против него во овој ден, а Јас ќе ги оставам и ќе го сокријам лицето Свое од нив, и тој ќе биде истребен, и ќе го снајдат многу несреќи и жалости, и ќе речат во тој ден: ‘бидејќи не е Господ Бог меѓу нас, нè снајдоа овие зла.’ А Јас ќе го сокријам лицето Мое од него во оној ден поради сите негови беззаконија, што ќе ги направи, бидејќи ќе се обрати кон туѓи богови“ (Второзаконие 31:16-18).

Адам и Ева го следеле сатаната како друг бог. Што треба да се стори во таква ситуација? Бог го сака Своето создание и сака да му помогне, но меѓу Него и созданието постои бездна на грев. И големиот и мудар Бог го решава овој проблем со тоа што започнува да го формира во умот на грешниците планот на спасението,  откриен во скинијата.

СЈАЈОТ НА БОЖЈАТА СЛАВА ЌЕ БИДЕ ПРОПАСТ ЗА ГРЕШНИЦИТЕ

Значи, гревот е она што го одделува созданието од Создателот и не дозволува да имаат комуникација лице в лице. Да се ​​потсетиме на една илустрација од Писмото:

„Кога Мојсеј се симнуваше од Гората Синајска, ги држеше во рацете свои двете плочи; но слегувајќи од гората, Мојсеј не знаеше дека кожата на лицето му зрачи зашто Бог разговараше со Него. И бидејќи Арон и сите израелски синови го видоа Мојсеј, како и тоа дека лицето му зрачи, се плашеа да се приближат до него. Но Мојсеј ги повика, и тие пристапија кон него, Арон и сите поглавари на народот, и Мојсеј говореше со нив. Потоа дојдоа (кај него) сите синови израелски, и тој им заповеда сè што му рече Господ на гората Синај. А кога Мојсеј престана да зборува со нив, го покри лицето свое со покривало. Но кога Мојсеј излегуваше пред Господ, за да зборува со него, го креваше покривалото, додека не излезеше; а штом ќе излезеше, им кажуваше на синовите израелски сè што му беше заповедано од Господ. Тогаш синовите израелски го гледаа лицето Мојсеево како зрачи; Мојсеј, пак, го покриваше лицето свое со покривало додека пак не влезеше да зборува со Него“ (Излез 34:29-35)

Ова е мошне поучна илустрација. Лицето на Мојсеј зрачело по неговата комуникација со Бога и тоа предизвикало страв кај Божјиот народ. И за да комуницира со народот, тој ставил на лицето свое покривало. Тоа е само човек по комуникација со Бога, но самиот тој не е Бог.

Кога Божјиот Син ќе се појави на земјата во слава, тогаш за грешниците кои не се покајале и не му дозволиле на Бога да ги промени и да ги направи учесници во божествената природа, сјајот на таа слава ќе претставува погибел:

„Тие со вечна погибел ќе бидат казнети далеку од лицето на Господ и од славата на Неговата моќ, кога ќе дојде Тој за да биде прославен во оној ден сред Своите светии…“ (2. Солунјаните 1:9,10).

ЗНАЧЕЊЕТО НА ЗАВЕСАТА ВО СКИНИЈАТА НА СОБРАНИЕТО

Всушност, гледаме дека со оглед на грешната состојба на човештвото, неговата комуникација со Светиот Бог е невозможна. Зашто Божјата светост ќе биде оган што гори за грешникот. И затоа, потребен е поинаков начин на комуникација сè додека човекот не ја врати изгубената светост. Мојсеј ставил покривало на лицето, зрачејќи со одраз на Божјата слава. Во скинијата на собранието, Светињата над светињите, каде се открива Божјата светост и слава, била одделена од очите на луѓето со покривало, завеса. На ова завеса биле извезени херувими:

И направи завеса од сина, пурпурна и црвена волна и пресукан лен; и на неа нека има уметнички извезени херувими... Потоа обеси ја завесата на кукичките, и внеси го таму зад завесата ковчегот на заветот; и завесата ќе го одделува светилиштето од Светињата над светињите“ (Излез 26:31-33).

И оваа слика – раздвојувањето на созданието од Бога, чиј симбол подоцна станала завесата со херувимите во светилиштето, била дадена од Бога веднаш по падот во грев:

Откако, пак, го изгони Адам, постави на исток пред градината Едем херувим и огнен меч, кој се вртеше и натаму и наваму, за да го пазат патот кон дрвото на животот“ (Создавање 3:24).

Гледате како Бог постепено почнува да ја формира во грешното човештво сликата на светилиштето за да ги разбере новите услови под кои е можна комуникација на грешникот со Бога. Тој ја открил завесата, поделбата, односно наместо комуникацијата лице в лице, како што било пред падот во грев, сега судбината на човештвото во комуникација со Бога ќе биде завесата, разделувајќи го светиот Бог и грешниот човек.

Забележете многу важен детаљ, принцип, со помош на кој ќе ви биде полесно да ја разберете вистината за светилиштето.

Бог ги објаснува сите духовни работи што треба да ги разбереме и прифатиме во нашето срце со помош на илустрации. Таквата важна духовна вистина, како што е разделувањето на грешникот од светиот Бог, е јасно илустрирана со завесата. Откако згрешил, човекот не можел да влезе во Едемската градина, каде што биле рајот и Бог. Херувимите, како завеса, стоеле и го чувале влезот. Но, можно било да се пристапи до градината и да се види Божјата слава како сјае во градината и од тоа растојание да се бара комуникација со Бога.

ПОД КОЈ УСЛОВ ГРЕШНИКОТ СЕГА МОЖЕ ДА КОМУНИЦИРА СО БОГА?  

Понатаму, Бог дава уште една поука, која во умот на грешникот ја формира сликата на светилиштето за да го разбере новиот начин на комуникација помеѓу грешниот човек и праведниот Бог и патот на спасението. Оваа поука е за жртвата и жртвувањето. Каин и Авел дошле пред рајските порти за да комуницираат со Бога:

„По некое време Каин Му принесе на Господ дар од земните плодови; а и Авел исто така принесе од првината на стадото свое и од нивната маст. И Господ погледна благонаклоно на Авел и на неговите дарови; а на Каин и на неговите дарови не погледна благонаклоно. Затоа Каин многу се разлути, и лицето му се намршти“ (Создавање 4:3-5).

Бог го покажува условот под кој грешникот сега може да комуницира со Него по разделувањето, преку покривало. Само преку крвна жртва. Ако овој услов не е исполнет од човекот, тогаш понатамошната комуникација, дури и преку завесата, е едноставно невозможна. Понатаму, користејќи го примерот на Каин и Авел, Бог продолжува преку илустративни примери да ни ја открива службата во светилиштето, како илустрација за тоа како Бог го решава проблемот со гревот. Каин го убива Авела.  

И му рече Каин на својот брат Авел: Да појдеме в поле! А кога беа во полето, Каин скокна на својот брат Авел, и го уби“ (Создавање 4:8)

За ова злосторство, Бог го казнува Каина и го истерува, но не го убива:

„А Каин му рече на Господ: ‘Казната моја е толку голема, што не може да се носи. Ете, денес ме истеруваш од плодната земја, и од лицето Твое ќе се кријам и ќе бидам прогонет и скитник по земјата: значи, секој што ќе ме сретне, може да ме убие.’ А Господ му рече: ‘Тоа нема да се случи; зашто, кој ќе го убие Каина, седумпати ќе се казни!’ И му стави Господ знак на Каин, за да не го убие никој, кој ќе го сретне. И си отиде Каин од пред лицето на Господ, и се насели како прогонет во земјата Нод, источно од Едем“ (Создавање 4:13-16).

ПРИНЕСУВАЊЕ НА ЖРТВА НА ДЕНОТ НА СУДОТ

Погледнете ги духовните поуки од оваа историја. Бог продолжува да ја слика сликата на светилиштето и службата во него. На денот на судот, на Јом Кипур, биле земени два козела и било фрлена ждрепка за нив:

„Па ќе ги земе двата козела и ќе ги постави кај вратата од скинијата на собранието, пред лицето Господово. И тогаш Арон ќе фрли ждрепка за двата козела: една ждрепка за Господ, а другата за отпуштање. И да го доведе Арон козелот на кој паднала ждрепката за Господ, и да го принесе како жртва за грев; а козелот на кој паднала ждрепката за отпуштање, да го постави жив пред Господ, за да изврши над него обред за очистување и да го пушти во пустината за отпуштање (и тој ќе ги понесе врз себе сите нивни беззаконија во непроодна земја)“(Левитска 16:7-10).

Ова се случувало пред скинијата на собранието, а во скинијата зад завесата е Бог. Едниот козел станува жртва за Господа и со неговата крв влегуваат пред лицето Божјо, односно, тоа е жртва угодна за Бога. А вториот козел не бил жртвуван. Тој бил однесен од скинијата на собранието, во која е Бог, односно далеку од Божјото лице.

НА ШТО УКАЖУВА ПРИНЕСУВАЊЕТО НА ЖРТВИ ВО СУДНИОТ ДЕН

Се враќаме на Божјите поуки прикажани со примерот на Каин и Авел. За Авел и крвта пролеана од Каин се вели во Посланието до Евреите:

„и кон Исус, Посредникот на Новиот завет, и кон крвта за попрскување, која подобро зборува од Авеловата“ (Евреите 12:24).

Апостол Павле прави споредба помеѓу пролеаната Христова крв со пролеаната крв на Авел. Во Павловото Послание до Евреите постојат многу слични споредби. И секојпат тој ја прави оваа споредба за да покаже дека Христос е Оној на кого упатуваат сите прототипови. Ова значи дека Авел, кој ја пролеал својата крв во големата борба меѓу доброто и злото, бил прототип на Христа кој ќе ја пролее Својата крв. Се разбира, како што сенката не е тело, така и сенката може да биде само илустрација на формата, за да ја пренесе идејата, но не повеќе. Затоа, крвта на Христос, Синот Божји, непорочното Јагне, зборува подобро и погласно од крвта на Авел.

Значи Авел, како и козелот за Господа на Јом Кипур — е симбол на Христовата жртва.

Не е тешко да се погоди кој е прототипот на Каин. Тој е прототип на сатаната, човекоубиец.

Вашиот татко е ѓаволот; и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, говори од себе, зашто е лажливец и татко на лагата“ (Јован 8:44).

Козелот за отпуштање, укажува на сатаната. Во овој случај, симболот на сатаната бил човекубиецот Каин, кој бил протеран од Божјото лице, но не бил убиен, за да не се создаде лажна слика за планот на спасението. На козелот за отпуштање биле положени сите гревови. И тој бил испратен во пустината од Божјото лице, носејќи ги на себе овие гревови и неговите последици. За својата казна, Каин рекол:

А Каин му рече на Господ: Казната моја е толку голема, што не може да се носи“ (Создавање 4:13).

СЛИКАТА НА СВЕТИЛИШТЕТО Е СЛИКА НА ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО

Гледате како милостивиот Господ, чекор по чекор, ја црта во умот на човештвото сликата на светилиштето, односно сликата на планот на спасението, сликата на вистинското почитување, сликата на условите под кои грешникот ќе комуницира со својот Создател.

Многу е важно да се разбере дека сите овие илустративни слики, кои Господ им ги дал на луѓето, се дадени за да доведат до внатрешна трансформација во духот на човекот, така што тој може да се врати во состојба на светост изгубена поради гревот. Односно, вие треба да ја пронајдете поврзаноста помеѓу она што Бог ни го покажува и она што треба да го произведе во нас она што Бог ни покажува. Божјите зборови се дух и живот, не само зборови:

Духот е тој што оживува; телото ништо не помага. Зборовите што ви ги кажав се дух и живот“ (Јован 6:63).

Зашто, словото Божјо е живо и дејствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето“ (Евреите 4:12).

Само тогаш, кога ќе ја сфатите правилната врска помеѓу илустрациите дадени од Бога во светилиштето, со нашата духовна трансформација, само тогаш ќе добиете увид.

Досега вие и јас, преку илустративните примери кои Бог ни ги покажал, ги научивме следниве духовни вистини:

  • Гревот го разделил човештвото од Бога.
  • Меѓу нас има завеса.
  • Комуникацијата со Бога е можна само преку прифаќање на крвната жртва.
  • Во големата борба се претставени две сили, едната ќе биде убиена од другата, но после тоа ќе ја сноси казната за сторениот грев и неговите последици.

Во Божјите поуки за спасението и за тоа како грешниците ја стекнуваат Божјата светост, изгубена поради гревот, сè е важно – и сликите што Тој ги покажува и зборовите што ги изговара.

НА ШТО УКАЖУВА ЖРТВАТА СЕПАЛЕНИЦА?

Само што забележавме, дека комуникацијата со Бога може да продолжи само преку крвна жртва. Авел ја принел оваа жртва.  Подоцна тоа го сторил Ное:

„И Му направи Ное жртвеник на Господ; и зеде од секој чист добиток и од сите чисти птици, и ги принесе на жртвеникот како жртви сепаленици. И Господ го почувствува пријатниот мирис…“ (Создавање 8:20,21).

Обратете внимание на зборот „сепаленица“. Ное сакал да комуницира со Бога и принел крвна жртва во сепаленицата. Тоа му било пријатно на Бога. Бидејќи, преку оваа жртва, Ное ја покажал својата желба да комуницира со Бога според Неговите услови. Односно преку крвната жртва, преку која Ное духовно ќе расте, правејќи во својот дух подем кон Бога, издигнување кон Бога.

Ова може да се нарече отстранување на јазот кој настанал меѓу Бога и Неговото создание како резултат на гревот. Вистината е во тоа дека јазот на одвојување ќе биде уништен со жртва и само со жртва. А човекот не може да расте во светост без жртва.

ЦЕЛТА НА БОЖЈИТЕ ПОУКИ Е ДА НИ ЈА ВРАТАТ СВЕТОСТА

На Бога не му е пријатна самата жртва, Нему оваа крв не му е потребна. Погледнете што Тој сака да постигне преку жртвата:

„Чуј, народе Мој, и Јас ќе говорам, Израеле, ќе сведочам против тебе: Јас сум Бог, Твој Бог. Нема да те прекорувам поради твоите жртви; твоите сепаленици секогаш се пред Мене; нема потреба да примам телци од твојот дом, ниту козли од стадата твои, зашто Мои се сите горски ѕверови и добитокот по горите и говедата. Ги познавам сите птици небески, и убавината на полињата е пред Мене, ако огладнам, нема да ти кажам тебе, зашто Моја е вселената и сè што ја исполнува. Зар Јас јадам јунешко месо и пијам крв јарешка? Принеси Му на Бога благодарствена жртва и исполнувај ги своите завети пред Севишниоти повикај Ме во тежок ден; Јас ќе те избавам, а ти ќе Ме прославиш. А на грешникот Бог му вели: ‘Зошто напамет ги кажуваш Моите одредби и со уста го спомнуваш Мојот завет?’ А самиот ја мразиш поуката Моја и зад грб ги фрлаш зборовите Мои?“ (Псалм 49:7-17).

Дали гледате дека се принесуваат жртви, но што недостасува? Недостасува правилно разбирање: поради што се дадени од Бога овие заповеди за принесување на жртви.

Бог вели дека не му се потребни жртви само како жртви, без да се сфати нивната духовна цел. Бидејќи сите овие илустративни поуки Бог ги дал за да нè врати кон Божјата светост. Ова е Божјата цел, а не жртвата заради самата жртва.

Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој нè благослови со секаков духовен благослов од небесата во Христос, така што и нè избра преку Него, уште пред светот да биде создаден, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта“ (Ефесјаните 1:3,4).

Затоа, Божјата цел, која Тој ја спроведува преку старозаветните жртви и продолжува да ја спроведува преку Христовата жртва, е да ја сфатиме величината на оваа жртва, нејзиното значење за нас и преку неа да станеме свети и беспрекорни.

ШТО ЗНАЧИ ГОРАТА СИНАЈ ЗА ЕВРЕИТЕ?

Погледнете ги следните Божји поуки, создадени за да го формираат во нашите умови светилиштето, откривајќи ја пред нас вистината за нашето спасение.  

За многумина гората Синај е поврзана со местото каде што бил даден Божјиот Закон. Но, тогаш тоа е само дел од она што вие сте го виделе. За Евреите, гората Синај е нешто повеќе од местото каде бил даден Божјиот Закон. Еве зошто, за да ја разбереме Божјата вистина за светилиштето, треба да размислуваме како евреите:

„Зошто гледаш завидливо, горо со бројни врвови, кон гората што Бог ја посака за Свое пребивалиште, каде што Господ ќе престојува довека? Божјите коли се безброј – на илјада илјади; Господ на Синај доаѓа во Светилиштето“ (Псалм 68:16,17).

Излегува дека за Евреите, гората Синај се поистоветува со Божјото светилиште. Сега ќе разберете зошто. Божјиот народ дошол до гората Синај и Бог дал заповед:

„И му рече Господ на Мојсеј: ‘Појди кај народот (извести го) и освети го денес и утре; и нека ги исперат облеките свои; и нека се приготват за третиот ден, зашто во третиот ден ќе слезе Господ на Синајската Гора пред сиот народ, а ќе поставиш граници за сиот народ од сите страни и ќе им кажеш: ‚Пазете да не се качувате на гората и да не се допирате до подножјето нејзино; секој, кој ќе се допре до гората, ќе загине’“ (Излез 19:10-12).

Пред да се сретнете со Бога, треба да се подготвите за тоа — да ја измиете својата облека. Ова е симбол на она што свештениците го правеле во мијалникот пред скинијата, пред да влезат во светилиштето, местото каде што престојува Бог. И, исто така, било потребно да се повлече линија, која ги разделува Бога и луѓето. Повторно линија на поделба, сетете се на Едемската градина и херувимите, како и на завесата во скинијата. Повторно истите слики на светилиштето, но со дополнителни детали.

ГОРАТА СИНАЈ КАКО МОДЕЛ НА СВЕТИЛИШТЕТО

А што имало под гората, близу гората Синај, близу гората, наречена Божјо светилиште?

И ги напиша Мојсеј сите зборови Господови, па станувајќи утредента рано, подигна жртвеник под гората, и дванаесет столбови за дванаесетте израелски колена, и прати момчиња од синовите израелски, и тие принесоа жртви сепаленици и заклаа телиња за жртва за мир на Господ. Потоа Мојсеј зеде половина од крвта и ја налеа во чаша, а другата половина од крвта ја изли на жртвеникот“ (Излез 24:4-6).

Под гората или пред светилиштето бил подигнат жртвеник, на кој се принесувале жртви. Ова е моделот на светилиштето. Пред скинијата има олтар, а зад него граница. Можете да одите до жртвеникот, но не можете да одите на гората. Дали ги забележувате прототипите? Истото уредување било и во скинијата, пред скинијата сите можеле да дојдат до жртвеникот, но во светилиштето не можеле сите. И тогаш ја читаме Божјата заповед.

„И Бог му рече на Мојсеј: ‘Качете се кај Господ ти и Арон, Надав и Авиу и седумдесет старешини израелски и поклонете Му се оддалеку на Господ; и да пристапи Мојсеј сам до Господ, но тие, да не пристапуваат, и народот со нив да не се искачува’“ (Излез 24:1,2).

Повторно истата вистина како во светилиштето. На народот не му било дозволено да се искачува на гората, но свештениците можеле. А на самото место каде што е Бог — на сите не им било дозволено, туку само на Мојсеј. Народот во светилиштето имал пристап само до жртвеникот, а  свештениците можеле да влезат понатаму во Светињата над светињите. И само еднаш годишно Првосвештеникот можел да влезе во Светињата над Светињите пред Божјото лице.

Еве го моделот на светилиштето, даден од Бога.

КАКО ЕВРЕИТЕ МОЖЕЛЕ ДА ГО ВИДАТ БОГА ПОД ГОРАТА СИНАЈ?

Ние гледаме дека вистината за светилиштето е многу важна, бидејќи Бог постепено, чекор по чекор, преку илустративни примери, кои даваат духовни поуки, им ја открива на верниците вистината за уредувањето на скинијата и службата во неа. Од разбирањето на оваа најважна вистина зависи нашето спасение.  И понатаму Бог дава повеќе детали за разбирање на светилиштето.

„Потоа Мојсеј и Арон, Надав и Авиу, и седумдесетте старешини израелски се искачија горе и го видоа (местото каде што стоеше) Бог; а подножјето Негово како да беше од камен сафир, со сјај како сводот небески по чистота. И Тој не повреди никој од избраните меѓу синовите на Израел: тие Го видоа (местото на) Бога, па јадеа и пиеја“ (Излез 24:9-11).

Бога не го видел никој и никогаш, инаку би умреле, веќе разговаравме за завесата на разделбата. Врз основа на моделот на светилиштето, ние можеме да разбереме што тие виделе. Свештеникот, додека ја извршувал својата служба во Светињата, видел како сјајот на Божјата слава доаѓа од Светињата над Светињите.

Тие го виделе Израеловиот Бог во таа смисла што им била дадена визија за Господ, која им овозможила да разберат каков е Тој, гледајќи дел од Неговата слава, толку колку што можеле да поднесат. За оние што го виделе тоа, тоа било нешто неверојатно, спектакуларно, воодушевувачко, нешто што влева стравопочит и свето.

Тие го виделе подножјето на Неговиот престол, јасно го почувствувале Неговото присуство. Но тие не го виделе Божјиот лик:

Кој е единствен бесмртен и живее во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел, ниту може да Го види. Нему нека Му е чест и сила во сите векови. Амин“ (1. Тимотеј 6:16).

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПОРТРЕТОТ НА СВЕТИЛИШТЕТО, НАСЛИКАНИ  ОД БОГА НА ГОРАТА СИНАЈ

И уште една карактеристика од оваа живописна историја, сведочејќи во прилог на тоа дека Бог ја насликал во мислите на Својот народ сликата на светилиштето како центар на спасението и манифестација на спасението. Оние што се искачиле на гората со Мојсеј, јаделе пред Божјото лице. Дали се сеќавате на заповедта што Бог им ја дал на свештениците кои вршеле служба во скинијата пред Бога?

„И земете пченично брашно и измесете од него дванаесет лебови – секој леб да тежи по две десетини од ефа; поставете ги во два реда, по шест во ред, на чистата трпеза пред Господ… секој ден во сабота треба постојано да ги поставувате пред Господа од синовите на Израел: ова е вечен завет; тие ќе им припаѓаат на Арон и неговите синови, кои ќе ги јадат на светото место, зашто ова е голема света работа за нив од Господовите жртви: ова е вечна одредба“ (Левитска 24:5-9).

И уште една карактеристика на портретот на светилиштето, која Бог ја насликал на гората Синај:

И се искачи Мојсеј на гората, и облак ја покри гората“ (Излез 24:15).

Тогаш облак ја покри скинијата на собранието и се исполни скинијата со слава Господова“ (Излез 40:34).

Внимателниот истражувач на Божјата реч ќе ги забележи сите овие карактеристики и ќе ја види и убавината на Божјиот план на спасението и како Бог, мудриот Учител, трпеливо нè учи на науката за спасение, наука за стекнување на светоста, изгубена поради гревот.

ПРЕКУ СВЕТИЛИШТЕТО, БОГ НÈ ПОВИКУВА ДА НАВЛЕЗЕМЕ ВО ПЛАНОТ НА СПАСЕНИЕТО

И уште една вистина, поврзана со светилиштето. Од неподвижното светилиште, отворено од Бога на гората Синај, Бог дава заповед да се изгради подвижно светилиште. И во ова се наоѓа голема духовна лекција. Вистината треба да биде достапна за сите што живеат на земјата, и оваа вистина ќе се движи заедно со Божјиот народ. Односно таму, каде што се наоѓа Божјиот народ. Таму ќе прозвучи вистината за светилиштето, како центар на вистинското почитување на Бога, како и вистината за Божјото спасение на паднатиот човечки род.

И бидејќи ова спасение од гревот е тесно поврзано со нас, произлегува дека ние, грешниците, кои сакаме да се спасиме од гревот, мора да бидеме нераскинливо поврзани со вистината за Божјото светилиште. Затоа што ​​она што се случува во него е тесно поврзано со она што Бог има намера да го стори во нас.

Повикувајќи нè во светилиштето, Бог нè повикува да навлеземе (проникнеме) во планот на спасението. И не само да навлеземе, туку и да станеме активни учесници. Како? Веќе ви реков дека сè што Бог ни покажува на живописен начин, Тој тоа го прави за да го просветли нашиот ум. И така ние, сфаќајќи ја вистината, да почнеме да живееме во согласност со примената светлина; така што својот избор и својата волја ќе ја дадеме во служба на Божјата вистина.

ШТО УШТЕ БОГ НÈ УЧИ ПРЕКУ СВЕТИЛИШТЕТО?

Да се ​​вратиме повторно на структурата на земната скинија. Ако погледнеме од птичја перспектива, со духовно око во службата во светилиштето, во кое Бог јасно ни ја открива вистината за нашето спасение, тогаш ќе ги забележиме главните контури на оваа вистина, а тие се откриваат во следното.

Нашето спасение од гревот бива со посредство на жртва и посредување, оправдување и посветување. Не постои друг начин да се вратиме кај Бога. Не постои друг начин да се отстрани завесата која нè разделува од светиот Бог. Кога ќе ја сфатиме оваа вистина, почнуваме да соработуваме со Бога во делото на нашето спасение. И оваа соработка е пропишана во самата Божја заповед за изградбата на светилиштето.

„Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив. При градењето на Престојувалиштето и на сè во него, постапи точно според образецот што ќе ти го покажам“ (Излез 25:8,9).

Светилиште — е место каде што Бог престојува, место на вистината и на вистинското почитување. Тоа  треба да биде изградено од човекот, но според образецот што Бог ни го покажал, според Неговите принципи. Односно, во прашањата на нашето спасение —  Бог е глава, Тој е нашиот ум, а ние — извршители на она на што умот нè поттикнува.  

Светилиштето, неговата изградба, нè учи на една важна вистина — нашето спасение е невозможно без соработка со Бога:

„Затоа, возљубени мои, како што секогаш ме слушавте, не само во мое присуство, туку многу повеќе сега, кога сум отсутен, со страв и трепет градете го своето спасение, зашто Бог е Оној Кој во вас прави да сакате и да дејствувате според Неговата добра волја. Правете сè без мрморење и двоумење, за да бидете прави и чисти, непорочни чеда Божји, сред изопачено и развратно поколение, во кое светите како светила во светот“ (Филипјаните 2:12-15).

ШТО ЗНАЧИ СО СТРАВ И ТРЕПЕТ ДА ГО ГРАДИМЕ СВОЕТО СПАСЕНИЕ?

За да станеме беспрекорни Божји деца, мораме со страв и трепет да го градиме своето спасение. И во што тоа се изразува? Во целосна послушност на Божјата волја, која треба да се исполни без мрморења и сомнежи! Не како Израел, кој Бог со Својата моќ го извел од Египет, од домот на ропството, и го водел низ пустината во Ветената земја. И тие ги имаа овие два порока во нивното лутање – мрморење против Бога и начинот на кој Тој ги води, и сомнеж дека ова е вистинскиот пат. И, каков бил резултатот од тоа? Сите, што ги имале овие две порока, не влегле во Ветената земја. Бог, кој го почитува изборот на созданието, не ги вовел таквите, бидејќи тие не верувале во своето спасение, бидејќи во целост не му верувале на Бога и Неговото водство. 

КОЈ ДУХОВЕН ПАТ ЗА СПАСЕНИЕ ГО ПОКАЖУВА БОГ ПРЕКУ СВЕТИЛИШТЕТО?

Светилиштето било реално место, во кое било реално Божјото присуство. За да дојдеш да му се поклониш на Бога, мораш да го напуштиш местото на живеење и да дојдеш во местото каде што е Бог. Во овој живописен пример постои духовна поука. Бидете внимателни.

Секој човек може да има своја претстава за Бога, како и своја претстава за служење на Бога. Но, јасната поука од скинијата се состои во тоа дека мора да се дојде во скинијата каде што се наоѓа Бог. Ова нè учи дека во духовниот свет Бог има Свое место на престојување. И сите наши лични духовни идеи за Бога се погрешни. Како што Бог физички видливо покажал дека има определено место за Негово присуство, така и во духовниот свет Тој нè учи дека има особено место за Негово присуство. Ова место е Божјата вистина, откриена во Светото Писмо и во Христовиот живот. Ова е духовното место за поклонување на вистинскиот Бог:

„Но иде време и веќе дошло кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние кои Му се поклонуваат. Бог е Дух и оние што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат со дух и со вистина“ (Јован 4:23,24).

Во духовниот свет, местото на вистинското поклонување на Бога е место означено со зборовите – „во дух“ (искреност) „и вистината“ (така како што самиот Господ посочил, според Неговата волја). Ова е првиот услов за приближување кон Бога за да се добие спасение.

ГЛАВНО ЗА СПАСЕНИЕТО Е ЖЕЛБАТА НА САМИОТ ЧОВЕК ДА ДОЈДЕ КАЈ БОГА

И така, зошто дојдовте во скинијата? Да се ​​сретнете со Бога, да комуницирате со Него. Дали знаевте, дека можете да дојдете кај Бога само со одреден дух? Со каков дух?

„И го повика Господ Мојсеја, и му рече од скинијата на собранието, велејќи: ‘Соопшти им на синовите израелски, и кажи им: кога некој од вас сака да Му принесе жртва на Господ од добитокот…’“ (Левитска 1:1,2).

Вториот услов за обновување на правилен однос со Бога, уништен од гревот, — е желбата, желбата на самиот човек. Бог е секогаш отворен за комуникација:

Секогаш ги протегав рацете Свои кон непокорниот народ, кој одеше по лош пат, – по своите помисли“ (Исаија 65:2).

Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене(Откровение 3:20).

Ние грешиме, го живееме својот живот, а Бог во тоа време влијае на нашето срце преку Својот Дух, поттикнувајќи нè да дојдеме кај Него преку Христовиот живот. Ако не одговориме на овој повик, нашето спасение е невозможно:

Вака вели Господ: – застанете на вашите патишта, разгледајте и распрашајте се за дамнешните патишта, каде е добриот пат, врвете по него, и ќе најдете спокојство на душите свои. Но тие рекоа: нема да врвиме по тој пат“ (Еремија 6:16).

„Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и ги каменуваш оние што ти се пратеници твои. Колкупати сакав да ги соберам чедата твои како што квачка ги собира пилињата свои под крилја, но не сакавте. И ете, домот ваш ќе ви биде напуштен. И Јас ви велам дека нема да Ме видите сè додека не дојде времето да кажете: ,Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово’“  (Лука 13:34-35).

Срцето на човекот останува празно без Божјиот Дух, и тој нема да ја стекне Божјата светост освен ако тој самиот не сака доброволно да дојде кај Бога. Божјото светилиште, во кое Бог преку илустративни примери ни ги открива духовните работи поврзани со нашето спасение, нè учи дека Бог очекува од нас да бидеме подготвени да бидеме со Него и да Му служиме, да дојдеме кај Него да Му се поклониме.

КОЕ Е НАЈВРЕДНОТО НЕШТО ШТО ЧОВЕКОТ МОЖЕ ДА МУ ГО ДАДЕ НА БОГА КАКО ДАР?

Кои други поуки ги дава Бог во светилиштето:

Никој не смее да се јавува пред Господ со празни раце, но секој со дар во раката, според благословот од Господ, твојот Бог, што Тој ти го дал“ (Второзаконие 16:16,17).

Верникот кој сака повторно да воспостави врска со Бога не треба да доаѓа кај Господ со празни раце. Зошто? Дали Бог има потреба од нешто? Се разбира не. Апостол Павле добро објаснува за што сведочи дарот што некој му го дава на друг. Тој им пишува на Филипјаните:

Зашто и во Солун, еднаш, и по вторпат ми пративте нужни работи. Ова го велам не дека сакам да ми давате, туку го барам плодот кој се умножува во ваша полза“ (Филипјаните 4:16,17)

Дарот сведочи за реакцијата на човекот, за неговиот став кон  личноста на која и го дарува овој дар. Колку ви е поблиску и подрага личноста, толку поскапоцен ќе биде твојот дар.

За Божјиот дар за луѓето е кажано:

Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16).

Овој текст ни кажува зошто Бог им дал на луѓето толку голем и скапоцен дар? Затоа што Тој ги сакал луѓето. Неговата љубов го поттикнала да им даде на оние што ги сакал толку скапоцен подарок. Ако човекот одговори на Божјата љубов, што е највредното нешто што може да му го даде на Бога како подарок? Целата негова суштина, духот (чувства, мисли, мотиви) и своето тело (дела, зборови): 

Жртвата пред Бога е срушен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже, не отфрлуваш“ (Псалм 51:17).

Браќа, во името на Божјото милосрдие ве молам подајте ги телата ваши во жртва жива, света и благоугодна на Бога, како ваша духовна богослужба“ (Римјаните 12:1).

ОД КАДЕ ЗАПОЧНУВА ЦЕЛОСНАТА ПОСЛУШНОСТ КОН БОГА?

Така, од илустративните поуки на светилиштето ја добиваме следнава духовна слика за нашето спасение, за стекнувањето на Божјата светост и враќање кон Бога.

Не сите наши претстави за Бога се точни. Бог е таков како што Писмото и Христовиот живот ни го откриваат. Секој што сака да биде спасен во вечност, мора свесно и доброволно да посака заедништво и помирување со Бога. За да се случи ова помирување, човекот мора целосно да се потчини на Бога. Од каде започнува ова?

„И го повика Господ Мојсеја, и му рече од скинијата на собранието, велејќи: ‘Соопшти им на синовите израелски, и кажи им: кога некој од вас сака да Му принесе жртва на Господ од добитокот: од крупниот и од ситниот добиток принесувајте жртва. Ако принесува жртва сепаленица од крупен добиток, нека принесе машко, здраво; нека ја доведе пред влезот од скинијата на собранието, за да придобие милост пред Господ. И нека ја стави раката своја врз главата на жртвата, и ќе придобие милост за очистување’“ (Левитска 1:1-4).

Вашата жртва пред Бога мора да започне со признавање дека си грешник. Без ова, понатамошната комуникација со Бога и помирувањето со Него е невозможно. Зашто, Божјиот план за човештвото е план за спасение од гревот, за ова Бог го испратил Својот Син на овој свет.

Таа ќе роди Син и ќе Му ставиш име Исус, зашто Тој ќе го спаси народот Свој од неговите гревови“ (Матеј 1:21).

Сите згрешија и лишени се од славата Божја“ (Римјаните 3:23).

Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот – смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, зашто сите згрешија“ (Римјаните 5:12).

КОМУ МУ Е УПАТЕН БОЖЈИОТ ДАР ИСУС ХРИСТОС?

Иако е толку очигледно дека смртта на луѓето е јасен доказ дека сме згрешиле и продолжуваме да грешиме, малкумина се подготвени да признаат дека се грешници или барем такви грешници на кои им е потребна Божја помош за да се ослободат од своите гревови:

Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во насАко, пак, речеме дека не сме згрешиле, Него Го правиме лажливец, и словото Негово не е во нас“ (1. Јованово 1:8,10).

Небото не ги поздравува оние што се сметаат себеси за праведни, туку оние кои се подготвени да го признаат својот грев, да се покајат за него и да го остават зад себе. На нив им е упатен Божјиот дар, Исус Христос:

Ви велам дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници што немаат потреба од каење“ (Лука 15:7).

Кога го чу тоа Исус, им рече: Здравите немаат потреба од лекар, туку болните. Не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците (на покајание)’“ (Марко 2:17).

Нема праведен ниту еденсите згрешија и лишени се од славата Божја“ (Римјаните 3:10,23).

ПЛАНОТ ЗА СПАСУВАЊЕ НА ГРЕШНИЦИТЕ ОД ГРЕВОТ ЈАСНО НИ Е ПРЕТСТАВЕН ВО БОЖЈОТО СВЕТИЛИШТЕ

И така, благодарение на илустративните поуки што Бог ги дал во светилиштето, каков треба да биде нашиот духовен пат, патот кон Бога, патот кон обновување на нашиот однос со Бога?

Со оглед на фактот дека луѓето згрешиле, а Бог е свет, помеѓу Светиот Творец и грешното создание постои бездна на гревот, која не дозволува Создателот и созданието да комуницираат лице в лице.

Бог обезбедил план за да ги спаси грешниците од гревот. Овој план јасно ни е претставен во Божјото светилиште. Благодарение на илустрациите што Бог ни ги покажал во светилиштето, добиваме духовни поуки во делото на нашето спасение и започнуваме да соработуваме со Бога.

Завесата во скинијата претставувала живописен приказ за раздвојување на созданието од Создателот. Секој што сака да се спаси и повторно да се поврзе со Бога, мора доброволно да дојде кај Бога, да го прифати Неговиот план за спасение, да се препознае како грешник на кого му е потребен Бог и Неговата помош, Неговата моќ да го избави од гревот и да се потчини целосно на Бога.

Ова се првите чекори на духовниот пат на спасението, откриени од Бога преку илустрациите во светилиштето.

Сподели го ова:

Similar Posts