КОГА ЌЕ ИМА ДЕЛУМНО ВОСКРЕСЕНИЕ НА ПРАВЕДНИЦИТЕ И ЗОШТО?

Сподели го ова:

Знакот на конечниот пад на Вавилон до самото дно, кулминација на отпадништвото од Бога, точката од која нема враќање, ќе биде издавањето на неделниот декрет. Декрет со кој се отфрла Божјиот авторитет над Неговото создание и се поставува власта на сатаната над созданието. Сите луѓе кои живеат на земјата ќе се соочат со изборот на кого да му се поклонуваат — на Бога или на ѓаволот, чија власт ќе ја претставува човекот на гревот, синот на погибелта, односно римскиот понтиф.

Верниците кои остануваат верни на Бога, Божјиот остаток, во силата на друг ангел од 18-тото поглавје на Откровението, ќе го повикаат светот да го отфрли белегот (жигот) на ѕверот и да има страхопочит кон Бога, да Му подадат слава и да Му се поклонат на Создателот, држејќи ги сите 10 Божји заповеди. Општата карактеристика на сите верни на Бога во тоа време ќе биде следнава карактеристика:

Тука е трпението на светиите; тука се оние што ги пазат заповедите Божји и верата во Исус“ (Откровение 14:12).

Ова ќе биде тешко време за Божјиот народ, време на целосни лаги на сите фронтови, од политички лаги до религиозни и семејни лаги:

Зашто ќе се крене народ против народ, и царство против царство…“ (Матеј 24:7).

И додека уште велат: ‘Мир и безбедност!’…“ (1 Солунјаните 5:3).

И ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14).

Зашто ќе се појават лажни месии и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, дури и избраните“ (Матеј 24:24).

на изглед побожни…“ (2 Тимотеј 3:5).

„…нема да го слушаат здравото учење, но, водени по своите похоти, ќе си изберат учители да им го залажат слухот; тие ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се свртат кон бајки“ (2 Тимотеј 4:3,4).

„И бидејќи беззаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе олади“ (Матеј 24:12).

И ќе предаде брат брата си на смрт, и татко – чедото свое; и ќе станат деца против родителите и ќе ги убијат“ (Матеј 10:21).

Содржина прикажи
…И ЌЕ НАСТАНЕ ВРЕМЕ ТЕШКО

Ова тешко време е неспоредливо во целата историја на Земјата, без разлика кој мрачен момент од историјата го разгледуваме:

„…и ќе настане време тешко, какво што немало откако постојат луѓето, па сè до денес…“ (Даниел 12:1).

Оние кои не ја послушале Тројната ангелска порака, ќе паднат под целосно влијание на демоните, кои ќе ги земат под своја целосна контрола оние луѓе кои ја отфрлија Божјата благодат, откриена во Исусовиот свет живот:

„Силата која до сега ги задржувала грешните е отстранета, и сатаната има целосна власт над грешниците кои не се покајале. Божјото трпение е завршено. Светот ја отфрлил Неговата милост, ја презрел Неговата љубов и го погазил Неговиот закон. Грешните ги пречекориле границите на времето на милоста што им било дадено. Божјиот Дух, на кого толку упорно му се противеле, најпосле се повлекол од нив. Незаштитени со Божјата милост, тие се без заштита пред нечестивиот. Тогаш сатаната земните жители ќе ги турне во големата, последна неволја. Кога Божјите ангели ќе престанат да ги задржуваат страшните ветришта на човечките страсти, ќе бидат ослободени сите елементи на судирот. Целиот свет ќе биде зафатен со пропаст пострашна од онаа што некогаш го снашла Ерусалим“ (Големата борба, 614).

Во ова тешко време, на најтешката и неспоредлива неволја, лаги, насилство, подлост и предавство, на раскинувања на светите семејни врски, Господ го изострува вниманието на Својот народ на таква карактерна особина како што е трпението на светиите:

Тука е трпението на светиите“ (верни, побожни, праведни)… (Откровение 14:12).

Зошто трпение, а не, да речеме, љубов, вера, надеж? Што подразбираме кога зборуваме за трпение? Што Библијата подразбира под трпение?

Трпение — непоколебливост, стабилност, постојаност, истрајност, поднесување на тешкотии, издржливост.

Бог ни кажува дека во ова време ќе победат само оние кои покажуваат непоколебливост, постојаност и истрајност во поднесувањето на тешкотиите што ќе ги снајдат. Кога човек има болки му велиме да биде „трпелив“, кога некој е тешко навреден на работа или во семејството, повикуваме и на трпение. Кога ќе дојде време жената да се породи, таа се зајакнува и со зборот „трпеливост“.

ПРАШАЊА ШТО СЕ ПОЈАВУВААТ КОГА РАЗМИСЛУВАМЕ ЗА ТРПЕНИЕТО

Во многу тешки животни околности повикани сме на трпение. Но, се поставува разумно прашање: Зошто да се биде трпелив? Што ќе се случи ако го изгубите трпението? Да претпоставиме дека имате физичка болка и одбивате да ја поднесете, и што? Кои се последиците? Или те навредуваат, а ти одбиваш да трпиш, и што? Кои се последиците од губењето на трпението? Родилката не ги слуша зборовите на лекарите, одбива да трпи и кои се последиците? Луѓето, уморни од ветувањата за среќен живот, престануваат да бидат трпеливи, и што се случува?

ДО ШТО ВОДИ ГУБЕЊЕТО НА БОЖЈОТО ТРПЕНИЕ?

Пред да одговориме на поставените прашања, да го погледнеме однесувањето на нашиот Создател, иако Неговото трпение со грешникот е бесконечно и Тој е подготвен да му подаде рака на помош на грешникот. Но, сепак, во Својата бескрајна мудрост, Тој ни кажува дека кога ќе се измори од гревовите на луѓето, тогаш престанува да го поднесува нивното беззаконие, и до што води тоа?

Господ не можеше веќе да ги поднесува вашите лоши дела и одвратности, што ги правевте; затоа и земјата ваша стана пустина, ужас и проклетство, без жители, како што гледате сега. Затоа што кадевте и Му грешевте на Господ, не го слушавте гласот на Господ и не одевте според законот Негов, по наредбите Негови и по заповедите Негови, па затоа и ве постигна ова зло, како што гледате сега“ (Еремија 44:22,23).

Милостивиот Господ со Својот пример нè учи дека губењето на Неговото трпение води до  промена на Неговиот однос кон луѓето во крајна спротивност.

КАКО ЧОВЕКОТ СЕ МЕНУВА КОГА ЌЕ ГО ИЗГУБИ ТРПЕНИЕТО

Ние луѓето сме создадени според Божјиот лик и подобие, иако гревот промени многу работи во нас, но реакцијата на губењето на трпение остана вообичаена, а тоа е промена на односот кон постоечката ситуација.

Луѓето живеат и го трпат беззаконието на оние кои владеат со државата, ги почитуваат нивните закони, но сега, како што велат, трпението е исцрпено, власта е соборена, а начинот на животот се менува.

Родилката престанува да трпи, паѓа во неконтролирана хистерија и со своите постапки го уништува бебето. Да, таа, исто така се повредува себеси, иако сето тоа немаше да се случи, ако беше трпелива и имаше самоконтрола.

Колегите го навредувале и понижувале младиот војник, тој трпел и трпел, но потоа го изгубил трпението и ги застрелал сите свои насилници и се обесил. А слични примери, кога губењето на  трпението води до драстични промени, може да се наведат милиони.

Трпението се открива и се манифестира во тешки околности, а неговото губење е губење на контролата врз себе, врз своите постапки, што го наведува човекот да постапува спротивно од оние што се карактеристични за него кога покажува трпение. Тоа значи дека тој ќе биде друга личност, бидејќи неговите постапки ќе бидат различни.

Едно добро ситуирано семејство запаѓа во финансиска криза. Извесно време се бореле со недостаток и ја трпеле својата моменталната ситуација. Но, во еден момент нивното трпение се намалило, сопругот се пропил, а жената си заминала, тие станале други луѓе. Свекрвата го задевала зетот дека не знае ништо, дека е неспособен и губитник, тој трпел и трпел, а кога го изгубил трпението, ја убил.

Сите овие настани се од реалниот живот и сите овие настани имаат една компонента. А оправдувањето за ваквите постапки е исто: „Уморен сум да трпам“ или „да трпам такви работи е премногу за мене“. Кога го губиме трпението, се менуваме на полошо.

ТРПЕНИЕТО Е КАРАКТЕРНА ОСОБИНА КОЈА ЌЕ МУ ПОМОГНЕ НА ВЕРНИКОТ ДА ПОСТИГНЕ СПАСЕНИЕ

Дали разбирате зошто Бог го повикува Својот народ да му пристапи на најтешкото и најтажното време целосно вооружен со свето трпение?

За ние, откако ќе го изгубиме трпението во ова тешко време, на убедување на сатаната, да не ги преземаме оние дејства што ќе нѐ спречат да го наследиме вечниот живот.

Библијата ни дава примери кога Божјиот народ морал да ги надмине товарите со помош на трпението. Некои трпеле и поднеле немаштија и глад, некои трпеле и поднеле тага, болка и страдање:

„Трпеа глад и жед, душата им ослабна во нив“ (Псалм 107:5).

Не оддалечувај се од мене, зашто неволјата е близу, а нема кој да ми помогне“ (Псалм 22:11).

Затоа радувајте се, макар што можеби сега ќе треба малку и да тагувате поради разновидни искушенија, та вашата вера испитана да излезе подрагоцена од нетрајното злато, кое сепак се испробува преку оган, за пофалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос“ (1 Петрово 1:6,7).

Интересно е што во Новиот Завет, каде ни се открива Божјата благодат и простувањето преку Христа за секој грешник кој ќе се покае, за трпението се зборува двојно повеќе отколку во Стариот Завет, кој многу христијани го сметаат за посуров од Новиот. Во Новиот Завет, Господ го смета трпението за особина на карактерот со кој верникот може да го постигне спасението:

А кој ќе издржи до крај, тој ќе биде спасен“ (Матеј 24:13).

Со своето трпение ќе ги спасите своите души“ (Лука 21:19).

ИМА САМО ЕДЕН ВИСТИНСКИ ПАТ ДО БОГА

За да имаме целосна слика за карактерот што треба да го има еден верник за да го издржи најтешкото време во пресрет на второто доаѓање, уште еднаш да го прочитаме текстот со кој завршува Тројната ангелска порака:

Тука е трпението на светиите; тука се оние што ги пазат заповедите Божји и верата во Исус“ (Откровение 14:12).

На оваа земја, само една Личност живееше свет живот, во вистинска смисла на зборот, а тоа е Божјиот Син, Христос, кој стана 100% човек како нас.  Само Тој целосно го држел Божјиот закон, исполнувајќи ја на тој начин Својата мисија:

„…Јас ги запазив заповедите на Мојот Отец и останувам во љубовта Негова“ (Јован 15:10).

Жртви и приноси Ти не бараш, но ушите ми ги отвори; сепаленица и жртва за грев Ти не побара. Тогаш реков; еве, идам; во свитокот на книгата за мене е напишано; со задоволство ќе ја исполнам волјата Твоја, Боже мој; Твојот Закон е во срцето мое“ (Псалм 40:6-8).

За нашиот духовен човек да не тргне на два погрешни патишта следејќи ги учењата на сатаната:

1. Јас сум грешник и никогаш нема да можам целосно да го држам Божјиот закон;

2. Јас, како древниот Израел, изјавувам дека сѐ што Господ не заповедал, ќе можам да го правам и држам со моите сили.

Така, за да не ме води сатаната по еден од овие два погубни патишта, ми е прикажан тесниот пат на спасението во Тројната ангелска порака. Тоа е држење на сите десет Божји заповеди, но само со верата на Самиот Исус Христос, која преку мојата љубов кон Него мора да стане моја вера, и никако поинаку.

ЗОШТО БОЖЈИОТ СИН ДОШОЛ НА ЗЕМЈАТА?

Зошто ни е потребна верата на Исус на крајот на времето, и како таа е поврзана со држењето на Божјите заповеди? Како тоа е поврзано со трпението на светиите? Погледнете внимателно во Христовиот живот и сфатете зошто Тој дошол. Да ни ја каже вистината? Но, на крајот на краиштата, совршената вистина веќе беше откриена во пишана форма, и секој што чита можеше да ја разбере:

Твоите сведоштва, што си ги дал, се засновани на правда и целосна вистина“ (Псалм 119:138).

И секој што ја бараше Божјата спасоносна вистина, ја најде во Божјото Слово:

И ете, стана еден законик и, искушувајќи Го, рече: ‘Учителе, што треба да направам за да наследам живот вечен?’  А Тој му рече: ‘Што е напишано во Законот? Што читаш таму?’  Тој одговори и рече: ‘Возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себе си!’  Му кажа пак: ‘Добро одговори; тоа прави го и ќе живееш’“ (Лука 10:25-28).

Но, вистината не преобразува ако се согледа само на ниво на информации и не помине низ сопственото искуство. На Авраам, на гората Морија, му беше дадена можност не само да го научи Евангелието, туку и да се спои со него со сите негови нежни чувства. Ова искуство беше толку важно за него и за нас во очите на небото што поради тоа стана татко на сите верници.

Синот Божји дојде на оваа земја во човечко тело за да ни помогне, како Воплотено Слово, да ја согледаме вистината не на ниво на информации, туку на ниво на практично лично искуство. Благодарение на Христа, Неговиот живот, ни се дава можност не само да го научиме Евангелието, да научиме за Бога, туку и да го спознаеме Бога и да се споиме со Него со сите наши нежни чувства на љубов:

„Та вашата вера испитана да излезе подрагоцена од нетрајното злато, кое сепак се испробува преку оган, за пофалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос, Кого Го сакате, иако не сте Го виделе, и во Кого верувајќи сега, а не гледајќи Го, се радувате со неискажлива и славна радост“ (1 Петрово 1:7,8).

ШТО НИ ДАВА ЖИВОТОТ И СМРТТА НА ИСУС ХРИСТОС, КАКО ЧОВЕК ПОДОБЕН НА НАС

Во животот на Христос ни се открива сета полнота на светлината, сета вистина за Бога Отецот. И ова е правилното разбирање на неисцрпните длабочини на Светото Писмо. Апостол Павле напишал:

А бидејќи децата се учесници во телото и крвта, така и Тој зеде еднакво учество во тоа, та преку смртта да го победи оној што ја има власта над смртта, односно ѓаволот; па да ги ослободи оние што од страв пред смртта преку целиот живот беа подложени на ропство… затоа Тој мораше во сè да личи на браќата, па да биде милостив и верен првосвештеник пред Бога, за да ги очисти гревовите на народот. Зашто во она, што Сам претрпе, откако беше искушан, во тоа ќе може и на искушуваните да им помогне“ (Евреите 2:14,15,17,18).

Зашто, ние немаме таков Првосвештеник, што не може да сочувствува во нашите слабости, туку таков Кој искусил сè како и ние, освен грев“ (Евреите 4:15).

Апостол Павле нè учи дека благодарение на тоа што Христос стана човек и умре за нас:

1. Ние сме избавени од стравот од смртта.

2. Тој беше искушуван во сѐ, како и ние, но не згреши. Иимаме пример за свет живот.

3. Тој, кој беше во нашата природа, беше искушуван, но сепак победи и знае како да ни помогне да победиме. И помагајќи ни, Тој ни покажува милост и сочувство.

Ние го имаме Оној, кој преку Својот живот ни ја дава Својата победа над гревот.

Христос се роди, како и ние, растеше и созреваше, го проучуваше Писмото и со вера ја научил вистината. Како Енох, тој одеше со Бога, знаејќи ја сам Неговата волја за Себе:

Господ Бог ми даде вешт јазик, за да можам со зборови да го поткрепувам изнемоштениот: секое утро Тој го разбудува увото мое, за да слушам како оние што се учат. Господ Бог ми го отвори увото, и јас не се противставив, не отстапив назад“ (Исаија 50:4,5).

КОЈ БИЛ ИЗВОРОТ НА ТРПЕНИЕТО НА ИСУС ХРИСТОС?

И иако Христос ни го покажа Божјиот карактер во човечко тело, тоа не беше лесна задача за Него поради надворешниот притисок врз Него:

„…Христос пострада за вас… Тој не направи грев, ниту, пак, во устата Негова се најде измама; кога на Него хулеа, Тој не им одвраќаше со хули; кога страдаше, не се закануваше, туку се потпираше на Оној Кој праведно суди“ (1 Петрово 2:21-23).

Овде наоѓаме пример за трпението на светиот човек Исус Христос. Личноста која ни покажа дека трпението на светиот човек почива во Бога и во неговата целосна доверба во Него во сите животни околности. Дури и во оние критични околности, кога неправедно сте лишени од вашиот живот поради правење добро: 

Оддалечувајќи се малку, падна ничкум; се молеше и говореше: ‘Оче Мој, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; сепак, нека биде не како што сакам Јас, туку како што сакаш Ти’“ (Матеј 26:39).

А Исус извика гласно и рече: ‘Оче, во Твои раце Го предавам Својот дух!’ И штом го рече тоа, издивна“ (Лука 23:46).

Христовото трпение почиваше на тоа да Го прослави Бога Отецот со целиот Свој живот, да им го открие Неговиот карактер на луѓето и во сè да ја врши само Неговата волја како Своја сопствена:

Кој говори самиот од себе, тој си бара своја слава; а кој ја бара славата на Оној што Го пратил, Тој е вистинит и во Него нема неправда“ (Јован 7:18).

ШТО ЗНАЧИ ДА СЕ ИМА ТРПЕНИЕ НА СВЕТ ЧОВЕК?

Драги браќа и сестри, на што се заснова вашето трпение? Ако се заснова на вас самите, на вашата сила на волјата, и го правиш тоа за да изгледаш добро пред луѓето, тогаш нема вистина во тебе, што значи дека не си свет во Божјите очи. Вашето трпение во овој случај не е трпение на свет човек. Тоа трпение ќе биде исцрпено пред да започне времето на неволјите, при првиот допир на вашето „јас“.

Само ако за тебе смислата на животот е да бидеш како Христа во сè, да Го славиш Бога со својот живот и да го имаш Неговиот карактер, само тогаш ќе можеш да го живееш Христовиот живот. Да ја имаш Неговата вера во Небесниот Отец, која почива во Бога во сите животни околности, дури и пред лицето на смртта.

Трпението на светиот човек е способност на душата, имитирајќи го Христа, да даде сè во Божјите раце, мислејќи на Божјата слава, а не на својата, кога ги извршува своите дела. Со Своето трпение Христос ја исполнил Божјата намера. Тој во Својот живот го открил Божјото трпение со грешниците. Благодарение на ова откровение, милиони луѓе доаѓаат да се понизат пред Бога и да најдат мир во своите срца, а со тоа и спасение на своите души. Бог има план за секој од нас, кој на многу начини е сличен на она што Исус го откри со Својот живот:

А Господ нека ги насочи срцата ваши право кон љубовта Божја и трпението Христово“ (2 Солунјаните 3:5).

Зашто, тоа ви оди во прилог, ако некој, од сознание за Бога, поднесува скрб, страдајќи несправедливо… Но, ако трпите кога правите добро и страдате, тоа Му е угодно на Бога. Бидејќи вие сте за тоа повикани, зашто и Христос пострада за вас, оставајќи ни пример за да врвиме по Неговите стапки… кога на Него хулеа, Тој не им одвраќаше со хули; кога страдаше, не се закануваше, туку се потпираше на Оној Кој праведно суди. Тој сам ги носеше нашите гревови на крстот во телото Свое, та ослободени од гревовите да живееме за правдата: ‘Преку Неговата рана се исцеливте’“ (1 Петрово 2:19-24).

ПОСТОИ ПРИЧИНА ЗОШТО БОГ НÈ СТАВА ВО ТЕШКИ ОКОЛНОСТИ

Губењето на трпението не е само надворешен чин, туку сериозен духовен пад, што укажува на тоа  дека христијанинот кој го изгубил трпението ја изгубил довербата во Бога, кој во Својата љубов си дозволил да помине низ слични околности за да го тестира нашето трпение во довербата во Бога:

А знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се повикани по Негова волја, сè им содејствува за добро“ (Римјаните 8:28).

„Зашто Господ го казнува оној кого што го сака; го кара секој син што го прима. Ако трпите казна, Бог со вас постапува како со синови. Зашто кој е тој син кого таткото не го казнува? Ако, пак, останете без казна, во која сите станаа соучесници, тогаш сте деца незаконски, а не синови. Ако се плашиме од нашите татковци кога нè казнуваат, тогаш колку повеќе треба да Му се покориме на Отецот на духовите, па да бидеме живи? Зашто тие нè казнуваат за кратко време, како што им се чинело најдобро; а Тој – за полза, та да учествуваме во Неговата светост. Секоја казна во почетокот не се покажува дека е за радост, туку за жалост; но потоа на оние што ќе се поучат од неа таа ќе им принесе мирен род на праведност“ (Евреите 12:6-11).

Бог нè става во тешки околности за да станеме како Христос, кој во сè беше како Својот Бог Отецот. Односно, Бог ни создава околности под кои можеме да учествуваме во Неговата светост и да станеме соучесници во Божјата природа.

ВО СВЕТИОТ ЖИВОТ НА ЧОВЕКОТ ИСУС ЛЕЖИ СЕТА НАША МОЌ ЗА ПОБЕДА НАД ГРЕВОТ

Како со Христовата вера да се оди против сета неправда на светот? Преку поднесување на сѐ што дозволува Бог, ставајќи ја нашата болка и огорченост во рацете на нашиот Небесниот Отец. Со тоа му дозволуваме на Бог преку нас да му се открие на грешниот и расипан свет, како што ни се откри преку Христос, преку Кого и се прослави. Сетете се на Христовите зборови:

Кој говори самиот од себе, тој си бара своја слава; а кој ја бара славата на Оној што Го пратил, Тој е вистинит и во Него нема неправда“ (Јован 7:18).

Кога сатаната ќе го наметне белегот (жигот) на ѕверот на целиот свет, односно својот карактер, практично целиот свет ќе го одразува во себе сатанскиот злобен и нечовечки карактер. Само мал остаток од верните на Бога ќе покаже свето трпение во својот живот. Затоа, ова трпение во нивните животи нема да биде ништо друго освен одраз на карактерот на Самиот Бог, откриен преку Христовиот живот. А примерот на Исусовата доверба во Неговиот Небесен Отец ќе им помогне да не се распаднат во ова страшно време. Во светиот живот на човекот Исус лежи сета наша моќ за победа над гревот.

ТЕКСТ ОД ТРОЈНАТА АНГЕЛСКА ПОРАКА, КОЈ БАРА РАЗМИСЛУВАЊЕ

Кога му се открива на светот последната порака од Бога, Тројната ангелска порака, не може да се игнорира текстот за кој Бог му рекол на Јован „напиши“, односно важно е:

Чув глас од небото како да ми вели: ‘Напиши – блажени се мртвите кои отсега умираат во Господ! Да – вели Духот – нека се одморат од трудот свој, зашто делата нивни ги следат!’” (Откровение 14:13).

„Напиши – блажени се мртвите кои отсега умираат во Господ“. Зборот преведен во овој текст како „отсега“ се користи само во овој текст и ги има следните нијанси на превод (точно, прецизно). Тие укажуваат на одредена временска точка од која Господ на посебен начин ги издвојува оние кои умреле верни Нему.

Ако го погледнете контекстот, лесно ќе откриете дека се работи за почеток на објавувањето на Тројната ангелска порака, бидејќи од 1 до 5 стих е даден опис на спасените на небото — и јасно е дека таму нема смрт. И по 6-тиот стих започнува објавувањето на Тројната ангелска порака до целиот свет.

Затоа Бог, во Тројната ангелска порака му објавува на целиот свет дека оние кои умреле во периодот на објавувањето на оваа порака, бидејќи Му биле верни на Бога во нејзиното објавување, овие луѓе ќе бидат блажени, односно среќни, бидејќи делата на овие луѓе ќе ги следат.

НА КАКВА СРЕЌА МОЖЕ ДА СЕ РАДУВА МРТОВ ЧОВЕК?

На каква среќа може да се радува мртов човек? Никаква, затоа што во состојба на смрт човекот не е способен ниту да плаче ниту да се радува:

Живите знаат дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат… и љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веќе исчезнале… во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост“ (Проповедник 9:5,6,10).

Значи, ако мртвите не можат да доживеат блаженство, а тоа им е ветено, тогаш тие мора да оживеат за да го доживеат ова блаженство во нивните животи. Односно, мора да се случи нивно воскресение. Но, Библијата учи дека за време на второто Христово доаѓање ќе се случи воскресението на сите праведници од сите времиња:

„Бидејќи Сам Господ по заповед, на гласот на архангел и при труба Божја, ќе слезе од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите“ (1 Солунјаните 4:16).

И како што по Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе бидат оживеани; но секој по свој ред: Христос е првиот плод; потоа, при Неговото доаѓање, ќе воскреснат сите што се Христови“ (1 Коринтјаните 15:22,23).

При второто Христово доаѓање, радоста да се биде меѓу воскреснатите ќе ја почувствуваат сите верни на Бога од сите времиња, вклучувајќи го и времето на објавувањето на Тројната ангелска порака.

ВО ШТО СЕ СОСТОИ БЛАЖЕНСТВОТО ВО ВОСКРЕСЕНИЕТО НА МРТВИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ОБЈАВУВАЊЕТО НА ТРОЈНАТА АНГЕЛСКА ПОРАКА?

Значи, во што се состои блаженството во воскресението на оние кои умреле за време на објавувањето на Тројната ангелска порака? На крајот на краиштата, Бог со особено внимание се фокусира на него, велејќи дека нивните дела ги следат. Каде одат нивните дела? Во гробот? Не, на Божјиот суд.

А суштината на сè е: имај страв од Бога и пази ги Неговите заповеди, зашто тоа му е сета должност на човекот; зашто Бог ќе ја изведе на суд секоја работа, и што е тајно, било да е добро или лошо“ (Проповедник 12:13,14).

Зашто време е да почне судот од Божјиот дом; а ако почне најнапред од нас, тогаш каков ли ќе им биде крајот на оние кои не му се покоруваат на Божјото Евангелие?“ (1 Петрово 4:17).

Затоа, небесниот истражен суд, кој го објавија оние што умреа во периодот на објавувањето на Тројната ангелска порака, ќе ги разгледа нивните случаи, нивните животи и ќе донесе одлука што ќе ги направи блажени, односно среќни.

Но, тоа сè уште нема да биде општото воскресение на праведниците, бидејќи во него ќе бидат среќни сите што му се верни на Бога. Но, на овие луѓе им е ветена посебна среќа, посебно блаженство, кое треба да го почувствуваат на себе кога ќе оживеат по воскресението.

За што зборува Господ? Господ овде зборува за делумното воскресение на праведниците кои умреле за време на објавувањето на Тројната ангелска порака. Ова воскресение ќе се случи порано од општото воскресение на сите праведници при второто Христово доаѓање.

Сетете се на Христовата парабола за работниците ангажирани да работат во лозјето. Пресметката, односно одмаздата, започнува со последните и се движи по ред кон првите. Ова воскресение е напишано во книгата на Даниел:

И многумина од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за вечен срам“ (Даниел 12:2).

БИБЛИЈАТА УЧИ ДЕКА ЌЕ ИМА ДВЕ ГЛОБАЛНИ ВОСКРЕСНУВАЊА

Воскресението на сите праведници и на сите зли нема да се случи во исто време, овие настани временски разделени со 1000-годишното царство:

„…сите, кои се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји,и ќе излезат: кои правеле добро – ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување“ (Јован 5:28,29).

И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат, а и душите чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо, а и оние што не му се поклонија на ѕверот ниту на неговата биста, и не примија белег на челата свои и на рацете свои и оживеаја и царуваа со Христос илјада години. Другите, пак, од умрените не оживеаја додека не се навршија илјада години. Тоа е првото воскресение. Блажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт, а ќе бидат свештеници на Бога и ќе царуваат со него илјада години“ (Откровение 20:4-6).

Библијата јасно учи дека ќе има две глобални воскреснувања. Едното — при второто Христово доаѓање, кога ќе воскреснат праведниците од сите времиња. А другото — по илјадагодишното царство, кога ќе воскреснат сите зли од сите времиња за судот да ја објави казната и натамошното вечно уништување:

И видов голем бел престол и Седнатиот на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и за нив место не се најде. Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни. Морето ги поврати мртвите свои, кои беа во него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои. А смртта и пеколот беа фрлени во Огненото Езеро. Тоа е втората смрт. И кој не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во Огненото Езеро“ (Откровение 20:11-15).

КОЈ ЌЕ ВОСКРЕСНЕ ВО ДЕЛУМНОТО ВОСКРЕСЕНИЕ?

Меѓутоа, книгата на Даниел вели дека праведните и злите ќе воскреснат заедно, но наведува дека нема да воскреснат сите праведници и зли заедно. Односно, не се работи за општо воскресение на праведните и злите, туку за некое друго, посебно, делумно воскресение:

И многумина (бројни, главен, поглавар, глава) од оние што спијат во земниот прав ќе се разбудат – едни за живот вечен, а други за вечен срам“ (Даниел 12:2).

Бидете исклучително внимателни и обратете внимание на тоа дека ова воскресение се разликува од општото по тоа што во него заедно ќе воскреснат праведните и злите.

А, што е исто така многу важно, зборот преведен кај нас како „многумина“ го има и значењето „бројни, главен, поглавар, глава“. Односно, не се работи за бројноста, туку за значењето на личностите кои воскреснале во тој момент, и праведните и злите. Кои се овие значајни луѓе меѓу праведните и меѓу злите кои ќе воскреснат заедно во делумното воскресение до општото воскресение на праведниците при второто Христово доаѓање? Другите текстови на Светото Писмо ќе ни овозможат да го разбереме ова:

Ете, иде со облаци, и ќе го види секое око, и оние што Го прободоа…“ (Откровение 1:7).

Кога Христос беше на Синедрионскиот суд, Тој им даде лично ветување на оние што Го осудија дека тие не само што ќе воскреснат при воскресението на злите, по 1000-годишното царство, туку и пред Неговото второ доаѓање, за да видат Кого тие распнаа:

Но Исус молчеше. А првосвештеникот Му рече: ‘Те заколнувам во живиот Бог да ни кажеш: Ти ли си Христос, Синот Божји?’ Исус му одговори: ‘Ти рече! Ви велам отсега ќе Го гледате Синот Човечки како седи оддесно на Силата и како доаѓа на небесните облаци’“ (Матеј 26:63,64).

ШТО ПИШУВА БОЖЈИОТ ГЛАСНИК НА ОВАА ТЕМА

„Тука се оние кои му се подбивале на Христа во Неговото понижување. Со неодолива сила на ум им доаѓаат зборовите на Маченикот, кога на заколнувањето на Првосвештеникот свечено изјавил: ‘Отсега ќе Го гледате Синот Човечки како седи оддесно на Силата и како доаѓа на небесните облаци’ (Матеј 26:64). Сега Го гледаат во Неговата слава, и допрва ќе Го видат ‘како седи од десната страна на Силата’ (Марко 14:62).

Оние што се потсмевале на Неговите зборови дека е Божји Син, сега се без зборови. Тука е горделивиот Ирод кој се потсмевал на Неговата царска титула и им заповедал на војниците, кои му се подбивале, да го крунисаат како цар. Тука се истите оние луѓе кои со своите безбожни раце Го облекле во пурпурна облека, кои ставиле на Неговото свето чело трнов венец, а во Неговата рака подбивен жезол и се поклонувале пред Него со богохулни зборови. Луѓето што го удирале и го плукале Кнезот на животот, сега се кријат од Неговиот продорен поглед и сакаат да побегнат од големата слава на Неговото присуство. Оние што ги приковале Неговите раце и нозе со клинови и војникот што ги пробол Неговите ребра, овие рани ги гледаат со страв и со грижа на совест.

Во гревот и казната на тие неверни луѓе, свештениците и старешините ја гледаат својата сопствена постапка и својата праведна осуда. И сега се издига крик на смртна агонија. Погласно од извикот: ‘Распни Го! Распни Го!’, кој одѕвонувал низ улиците на Ерусалим, одекнува страшен и очаен лелек: ‘Тој е Син Божји! Тој е вистински Месија!’ Тие се обидуваат да побегнат од присуството на Царот над царевите. Напразно се обидуваат да се скријат во длабоките пештери на земјата формирани како резултат на нарушувањата на стихиите во природата…

Среде лулањето на земјата, блесокот на молњите и татнежот на громовите, гласот на Божјиот Син ги повикува светите што спијат. Тој гледа кон гробовите на праведниците и тогаш, подигајќи ги рацете кон небото, извикнува: ‘Разбудете се, разбудете се, разбудете се, вие, што спиете во правот и станете!’“ (Големата борба, 643,644).

ЗОШТО СЕ ИЗДВОЈУВААТ ОНИЕ, КОИ УМРЕЛЕ ВО ПЕРИОДОТ НА ОБЈАВУВАЊЕТО НА ТРОЈНАТА АНГЕЛСКА ПОРАКА

Гледате дека во светлината на Библијата и сведочењето на Божјиот гласник, ќе има делумно воскресение на злите пред главното воскресение на праведниците. И во ова воскресение ќе воскреснат оние кои застанаа на чело на борбата против Бога, распнувајќи го Христа.

А што вели Библијата за оние праведници кои ќе воскреснат пред второто Христово доаѓање во делумното воскресение? Како што веќе забележавме претходно, тоа ќе бидат оние кои умреле во периодот на објавувањето на Тројната ангелска порака. Прашање: зошто тие се издвојуваат како први меѓу праведниците.  

За да се разбере ова, потребно е да се направи мало проучување на Библијата.

ФИЛАДЕЛФИСКИОТ ПЕРИОД НА ЦРКВАТА

Почетокот на објавувањето на Тројната ангелска порака започна во Филаделфискиот период на црквата. А еве што вели Господ за верниците од овој период:

И на ангелот на Филаделфиската црква напиши му: вака вели Светиот, Вистинитиот, Оној, Кој го има клучот Давидов, Кој отвора, и никој не може да затвори, – и Кој затвора, никој не може да отвори: ги знам делата твои.

Ете, ти дадов отворена врата, што никој не може да ја затвори; ти имаш мала сила и сепак го запази словото Мое, и не одречувај се од името Мое. Ете, ќе направам некои од сатанската синагога – оние што велат дека се Јудејци, а не се, туку лажат, – да дојдат и да се поклонат пред нозете твои и да познаат дека Јас те засакав

Оној кој победува, ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог, и нема веќе да излезе надвор; и ќе го напишам на него името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог, на новиот Ерусалим, кој слегува од небото од Мојот Бог, и Моето ново име“ (Откровение 3:7-9,12).

Зборот Филаделфија значи братска љубов. Таков е карактерот и духот на оние кои во предвечерието на 1844. година ја прифатија пораката за скорото второ Христово доаѓање. Иако на почетокот припаѓале на различни деноминации, нивните срца гореле од љубов кон Бога и Неговиот Син, кого го чекаа со сето свое срце.

Тие ги испитувале своите срца во понизност пред Бога, како овој момент да е последен момент од нивниот живот. Нивната љубов кон Бога се одразуваше и во нивниот однос еден кон друг; се сакаа еден со друг со вистинска братска љубов. 

Христос во овој период е претставен како Оној кој го има клучот Давидов. Клучот е симбол на авторитет и моќ. Престолот на Давид е царскиот престол во Ерусалим. Христос ќе царува во небесниот Ерусалим како Цар над царевите и Господар над господарите.

На верниците од овој период, Христос им ги отвори вратите на небесното светилиште, односно познанието за истражниот суд. За тоа дека Христос влезе во Светињата над светињите на небесното светилиште, таму каде што се Божјите заповеди. Ним Бог им ја открил вистината за важноста на почитувањето на целиот Божји закон како мерило за светост. И ова е многу важен момент на кој особено ќе го фокусираме нашето внимание.

ПЕРГАМСКИОТ ПЕРИОД НА ЦРКВАТА

По смртта на апостолите и нивните ученици, верниците влегле во Пергамскиот период на црквата, период во кој започна силно отпадништво во христијанството:

А на ангелот на Пергамската црква напиши му: вака вели Оној Кој држи меч со две острици: (ги) знам (делата твои) каде живееш, каде е престолот на сатаната… Но за неколку работи сум против тебе, зашто имаш таму некои што го држат учењето на Валаам, кој го учеше Валака да ги наведе на грев синовите Израелови, та да јадат жртви идолски и да блудствуваат. А имаш и некои што го држат учењето на николаитите, кое го мразам. Покај се! Ако, пак, не, скоро ќе ти дојдам и ќе стапам во борба против нив со мечот на устата Своја“ (Откровение 2:12-16).

Во овој период, паганските учења почнаа да навлегуваат во црквата преку одлуките на соборите, учењето за Тројството, светоста на неделата, воспоставена е институцијата на папството, црквата се соедини со световната непреобратена моќ во личноста на царот Константин. 

Христос ги повикува верниците од овој период да се покајат за нивното назадување, бидејќи во спротивно ќе бидат судени со мечот на устата Христова, односно со Божјото Слово поради нивното назадување.

ТИАТИРСКИОТ ПЕРИОД НА ЦРКВАТА

Но, и покрај Христовите опомени, падот продолжи и веќе следниот, најдолг период на црквата Тиатир, кој се нарекува период на темниот и мрачен среден век, отпадништвото го достигна својот врв, како во Израел во деновите на Језавела:

Но за ова сум лут на тебе, зашто позволуваш жената Језавела, која себе се нарекува пророчица, да ги учи и мами слугите Мои да блудствуваат и да јадат идолски жртви“ (Откровение 2:20).

Верниците од овој период, со исклучок на мал број Валденжани, Хугеноти и Албигензи, не знаеле ништо за светоста Божја откриена во Неговиот закон. Верниците се поклонувале на кипови, почитувани светци, во сè му се покорувале на папата, не ја празнувале саботата, туку почитувале многу пагански прописи воведени во христијанството од отпадничкото папство.

Во овој период, Бог гледал на постапките на верниците не во светлината на светоста на Божјиот закон, кој верниците во суштина не го знаеле, туку во светлината на нивната вера во Бога, на нивото на кое знаеле за Него:

„Тука е трпението и верата на светиите“ (Откровение 13:10).

САРДСКИОТ ПЕРИОД НА ЦРКВАТА

Следниот период на црквата во Сард беше обележан со реформацијата и излегувањето од темнината, враќањето кон Светото Писмо. Но, следбениците на реформацијата беа измамени од папството преку контрареформацијата воведена во протестантизмот од страна на Језуитите. И протестантите застанаа во својот духовен развој. И како резултат на тоа, исто како и папството, кое е духовно деградирано христијанство, прогресивните протестанти почнаа да бидат прогонувани. И Христос беше принуден да ја опише состојбата на реформацијата со следните зборови:

„И на ангелот на Сардската црква напиши му: еве што вели Оној Кој ги има седумте ѕвезди: ги знам делата твои; носиш име дека си жив, а мртов си. Биди буден и утврдувај ги оние што се на умирање; бидејќи делата твои не ги најдов совршени пред Мојот Бог. Спомни си за она што си го примил и чул, и послушај го, и покај се. Ако не бидеш буден, ќе дојдам против тебе како крадец, и нема да дознаеш кога ќе дојдам против тебе“ (Откровение 3:1-3).

Џејмс Вајт, еден од Божјите посветените верници од подоцнежниот филаделфиски период, напишал резиме за тоа што требало да постигне реформацијата и што не успеала да постигне:

„’Тајната на беззаконието’ почнала да дејствува во црквата уште во времето на апостол Павле. Како резултат на тоа, со заменување на евангелската едноставност и искривување на Христовото учење, таа ја одведе црквата во пустина. Мартин Лутер и другите реформатори се кренаа во Божјата сила, со Словото и Духот, и направија силен скок во реформацијата. Најголемата грешка е што реформаторите престанаа да се реформираат. Ако продолжија додека не се избришал последниот белег на папството, имено, природната бесмртност на душата, прскањето, Тројството и празнувањето на неделата, тогаш црквата денес би била ослободена од антибиблиски заблуди“ (James White, 7. Februar 1856, Review and Herald, Bd. 7, Nr. 19, S. 148, Nr. 26).

ДУХОВЕН ФИЛАДЕЛФИСКИ ПЕРИОД НА ЦРКВАТА

Но, реформаторите од Сардскиот период не го сторија тоа. И по овој период на црквата доаѓа периодот на Филаделфија, периодот на братска љубов, во кој Бог им ја открил на верниците полнотата на Својата вистина на верните кои се жедни за вистината. И небесното светилиште, и истражниот суд, и важноста да се држат сите 10 заповеди, вклучувајќи ја и саботата, и отфрлањето на нечиста храна, и состојбата на мртвите, и илјадагодишното царство, и вистината за Единиот Бог Отецот и Неговиот Син Исус Христос роден од Него, и тие го отфрлија папското учење за Тројството.

Полнотата на оваа светлина беше доволна за да се стави Божјиот печат на челата на претставниците од овој период, името, односно карактерот на Бог Отецот, откриен преку Христовиот живот. Еве што вели Христос во Својата порака до верниците од овој период:

Оној кој победува, ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог, и нема веќе да излезе надвор; и ќе го напишам на него името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог, на новиот Ерусалим, кој слегува од небото од Мојот Бог, и Моето ново име“ (Откровение 3:12).

Потоа видов: ете, Јагнето стои на гората Сион, и со Него сто четириесет и четири илјади, што го имаа на челата свои напишано името на Неговиот Отец“ (Откровение 14:1).

Искрените верници од овој период, кои ја објавија Тројната ангелска порака, го држеа венецот на спасението во свои раце и можеа со сигурност да сметаат на своето спасение за време на второто Христово доаѓање:

Ете, доаѓам скоро: држи што имаш, за никој да не го земе венецот твој“ (Откровение 3:11).

КОЈ ЌЕ СЕ СПАСИ И ЌЕ БИДЕ СТОЛБ ВО ХРАМОТ НА ЖИВИОТ БОГ?

Но, бидејќи тие ја знаеја вистината, а верниците од другите деноминации ја отфрлија, тогаш Бог изјави за овие отпадници кои ја отфрлија Тројната ангелска порака, дека тие се Вавилон и лажни Јудејци, односно лажни верници, кои отсега па натаму, откако ја отфрлија вистината, не се способни да му го објават на светот вечното Евангелие:

„…Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство“ (Откровение 14:8).

Ете, ќе направам некои од сатанската синагога – оние што велат дека се Јудејци, а не се, туку лажат, – да дојдат и да се поклонат пред нозете твои и да познаат дека Јас те засакав“ (Откровение 3:9).

Христос ги уверува вистинските верници од овој период дека се запечатени со Божјиот печат, дека го имаат венецот на спасението, дека се вистински Јудејци, односно вистински верници, Неговиот народ. Тие се столб во Божјиот храм, односно сигурен темел на Божјата црква во овој период кога вистината повторно беше откриена по долги години папско самоволие. Тие имаат посебен однос со Бога, за разлика од сите други:

И ми се даде мерна трска слична на жезол, и ми се рече: ‘Стани и измери го Божјиот храм и жртвеникот и оние што се поклонуваат во него. А дворот пред храмот остави го и не мери го, бидејќи им е даден на незнабошците: тие ќе го газат светиот град четириесет и два месеци’“ (Откровение 11:1,2).

СПОРЕД КОЈ КРИТЕРИУМ БОГ СЕГА ГИ ОЦЕНУВА ХРИСТИЈАНИТЕ?

Бог јасно го подели христијанскиот свет во периодот на Филаделфија на оние кои ја прифатија вистината за небесното светилиште и почнаа да ја објавуваат Тројната ангелска порака. Тоа се оние кои се поклонуваат во Божјиот храм. И оние кои никогаш не се ослободиле од папските пагански учења наметнати за време на 1260-годишниот период на папско владеење за време на мрачниот среден век и за време на контрареформацијата, која трае до денес.

И сега пред овој верен Божји остаток стоеше задачата да ја објави последната порака од Бога до паднатото човештво, која само тие можеа да му ја објават на светот, бидејќи ја разбраа и ја прифатија со сето свое срце и ги отфрлија учењата на папството во сè!

Тие требаше да му објават на целиот свет дека од 1844. година, од почетокот на истражниот суд на небото, Бог ги оценува христијаните и нивната лојалност кон Него според овој критериум:

Тука е трпението на светиите; тука се оние што ги пазат заповедите Божји и верата (Исусова) во Исус“ (Откровение 14:12).

А не според критериумите што постоеја порано, кога папството ја криеше вистината од верниците:

„Тука е трпението и верата на светиите“ (Откровение 13:10).

САМО ОТКАКО ЌЕ СЕ ПРОПОВЕДА ЕВАНГЕЛИЕТО НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ, ЌЕ ДОЈДЕ ИСУС ХРИСТОС

Со почетокот на истражниот суд на небото, односно со откривањето на вистината за небесното светилиште и важноста на држењето на Божјиот закон, Бог го запечатува Својот народ како оние кои, имајќи ја верата на Исус, ги држат сите десет заповеди како Исус. И во исто време, тој го има Исусовото свето трпение, кое се  манифестира во нивната целосна доверба во волјата на Небесниот Отец.

Вечното евангелие за последните времиња, кое се открива во Тројната ангелска порака, која ги тестира луѓето, треба да се проповеда низ целиот свет, дури потоа ќе дојде Христос:

И ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14).

И видов друг ангел како лета среде небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им благовести на жителите земни, на секое племе и колено, јазик и народ“ (Откровение 14:6).

ВЕЌЕ ИМА ТАКВИ КОИ, ОТКАКО ЈА ОБЈАВУВАА ТРОЈНАТА АНГЕЛСКА ПОРАКА, УМРЕА СО БОЖЈИОТ ПЕЧАТ НА ЧЕЛАТА

Не се работи за една минута, не се работи ни за еден век. Поминаа веќе 178 години од почетокот на истражниот суд на небото.

Судот е пред крај и за тоа има библиски докази. Во текот на овие години, многу од верните проповедници на Тројната ангелска порака почиваат во Господа, имајќи го печатот на живиот Бог на нивните чела. Тие умреа со печатот со кој Бог ќе ги запечати челата на 144.000 верници кои ќе ја преживеат големата неволја и живи ќе го сретнат Христа:

Потоа видов четири ангела како стојат на четирите агли од земјата, држејќи ги четирите земни ветрови, за да не дува ветар ни на земјата, ни по морето, ниту на некое дрво. И видов друг ангел како се подигаше од исток кој имаше печат на живиот Бог. И тој извика со висок глас кон четирите ангели, на кои им беше дадено да и пакостат на земјата и морето, велејќи: ‘Не пакостете и на земјата, ниту на морето, ниту, пак, на дрвјата, додека не им ставиме печат врз челата на слугите на нашиот Бог!’ И го чув бројот на одбележаните со печат: сто четириесет и четири илјади беа одбележани од сите колена на синовите Израелови“ (Откровение 7:1-4).

САМО ОНИЕ КОИ ГИ ДРЖЕЛЕ СИТЕ 10 ЗАПОВЕДИ ОД БОЖЈИОТ ЗАКОН ЌЕ БИДАТ ЗАПЕЧАТЕНИ СО БОЖЈИОТ ПЕЧАТ

Забележете дека само вистинските Јудејци, односно вистинските верници кои го држат Божјиот закон, ќе бидат запечатени со печат. А не оној кој во себе си мисли дека тој е Јудеец, односно дека е вистински верник, но во исто време ги крши Божјите заповеди:

Ете, ти се нарекуваш Јудеец, и се потпираш на Законот, и со Бога се фалиш, и ја знаеш волјата Негова, и повеќе разбираш што е подобро, зашто се поучуваш од Законот,и уверен си дека си водач на слепци, а светлина на оние што се во мрак; наставник на неразумни, учител на младината, зашто образец на знаењето и вистината имаш во Законот. Но, како е можно тоа да учиш други, а себе самиот да не се учиш?

Ти, кој проповедаш да не се краде, а крадеш; кој велиш да не се врши прељуба, а прељубодејствуваш; ти, кој се гнасиш од идолите, а крадеш од храмовите; ти, кој се фалиш со Законот, а престапувајќи го Законот, зарем не Го срамотиш Бога? Зашто поради вас името Божјо се хули меѓу незнабошците’, – така стои напишано. Обрезанието е навистина полезно, но ако го извршуваш Законот. Ако, пак, правиш престапи против Законот, обрезанието твое станува необрезание.

И така, ако необрезаниот ги пази одредбите на Законот, тогаш нема ли неговото необрезание да се смета како обрезание? И необрезаниот по тело, извршувајќи го Законот, нема ли да те осуди тебе, кој и покрај Писмо и обрезание си станал престапник на Законот?

Зашто не е прав Јудеец оној, кој е таков по надворешност, ниту право обрезание она, кое е надворешно, врз телото, туку оној, кој е внатрешно таков, и она обрезание, што е во срцето, по дух, а не по буква. Неговата пофалба не потекнува од луѓето, туку од Бога“ (Римјаните 2:17-29).

Еве ги овие вистинските Јудејци, односно вистинските верници кои со верата Христова го држат целиот Божји закон, запечатени со Божјиот печат, и според личното Божјо ветување тие ќе воскреснат во делумното воскресение на праведните пред второто Христово доаѓање. До општото воскресение на праведниците. За да можат заедно со 144.000, кои исто така се запечатени со печатот на Живиот Бог, да станат сведоци како Бог го склучува Својот завет со нив. Завет со оние кои Му беа верни во сè.

ДЕЛУМНОТО ВОСКРЕСЕНИЕ ВЕЌЕ СЕ СЛУЧИЛО ВО БИБЛИСКАТА ИСТОРИЈА

Колку е добар Господ и е верен на Своите ветувања. Нема ништо чудно во делумното воскресение, бидејќи тоа веќе се случи во библиската историја.  Стариот Завет пророкуваше  за делумното воскресение на оние кои воскреснаа со Христа како прво снопје на раздвижување, како прво снопје на спасените, залог на последна жетва што доаѓа, и тоа се случило:

Ти се возвиси високо, плени плен, прими дарови од луѓето, дури и од противниците на Божјото пребивалиште таму“ (Псалм 68:18).

Затоа е и речено: ‘Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето’“ (Ефесјаните 4:8).

И наеднаш се расцепи завесата на храмот на две – од горе до долу; и земјата се затресе; и карпи паднаа и гробови се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа; па кога излегоа од гробовите, по воскреснувањето Негово, влегоа во светиот град и им се јавија на мнозина“ (Матеј 27:51-53).

ДЕЛУМНО ВОСКРЕСЕНИЕ, ОПИШАНО ВО ДЕЛАТА НА БОЖЈИОТ ГЛАСНИК

А во предвечерието на второто доаѓање, ќе има и делумно воскресение на оние кои, среде општото отпадништво, останаа верни на вистината за небесното светилиште и истражниот суд во него:

„На полноќ Бог одлучи да го избави Својот народ. Како што злите се исмеваа околу нив, одеднаш на полноќ додека месечината сѐ уште свети, се појавува сонцето во својот полн сјај. Злите гледаа кон таа сцена со восхитеност, додека светиите со свечена радост ги гледаа знаците на своето избавување.

Знаци и чуда следеа брзо едно по друго. Сите нешта во природата изгледаат како да се надвор од својот природен тек. Потоците престанаа да течат. Темни, тешки облаци се насобираат и се судираат еден со друг. Меѓутоа на едно место се запазува сјај на неопислива слава од каде допира Божјиот глас сличен како жубор од многу води. Настанува голем земјотрес.

Гробовите се отвораат и оние кои умреа со вера во третата ангелска вест, држејќи ја саботата, излегоа од своите правливи кревети, прославени, за да го слушнат заветот на мирот кој Бог ќе го направи со оние кои го одржаа Неговиот закон. Небото се отвора и затвора, непрекинато во движење. Планините се тресеа како треска од ветрот додека искинати карпи паѓаат насекаде. Морето вриеше како лонец и исфрли камења на почвата.

И како што Бог го изговори денот и часот за Христовото доаѓање и го објави вечниот завет на Својот народ, Тој изговори една реченица, а потоа застана, додека зборовите ечат низ земјата. Божјиот Израел (воскреснатите во делумното воскресение и 144.000 живи) стоеше со своите очи насочени нагоре, слушајќи ги зборовите коишто дојдоа од устата на Јехова и се тркалаа низ земјата како удари од најгласен гром.

Беше страотно свечено. На крајот на секоја реченица светиите извикуваа: ‘Слава! Алелуја!’ Нивните лица беа осветлени со славата Божја и тие светеа со слава како што лицето Мојсеево кога тој се спушти од Синај. Злите не можеа да гледаат кон нив заради славата. И кога вечниот благослов беше искажан врз оние кои го почитуваа Бога со држењето на Неговиот свет саботен ден, се разнесува моќен вик на победа над ѕверот и неговиот белег (жиг)“ (Рани списи, 285).

ВО ДЕЛУМНОТО ВОСКРЕСЕНИЕ ЌЕ ВОСКРЕСНАТ КАКО ПИОНЕРИТЕ НА АСД, ТАКА И ЕЛЕНА ВАЈТ

Гледате во Библијата и списите на Божјиот гласник опис на делумното воскресение на праведниците пред главното воскресение за да се склучи Божјиот завет со Неговиот народ кој ги држи сите 10 Божји заповеди. Во ова делумно воскресение ќе воскреснат пионерите на АСД, на кои сега им се потсмеваат не само претставниците на Вавилон, туку и оние кои се нарекуваат адвентисти, велејќи дека тие  ја немале целосната светлина за Бога и дека се аријанци, кои наводно не ја знаеле вистината за Бога.

Тогаш овие наводни Јудејци ќе паднат пред нозете на вистинските Божји деца и ќе знаат дека Бог ги сакал поради нивната верност и посветеност на Неговото Слово.

Сега разбирате зошто АСД не проповедаат за ова делумно воскресение на праведниците, затоа што тогаш е неопходно пионерите и нивното учење за Единиот Бог да се препознаат како вистинити, а нивното учење за папското тројство како заблуда и да се покајат:

„Ги знам делата твои. Ете, ти дадов отворена врата, што никој не може да ја затвори; ти имаш мала сила и сепак го запази словото Мое, и не одречувај се од името Мое“ (Откровение 3:8).

Во ова делумно воскресение, Божјиот гласник Елена Вајт, чии дела денес се непрепознатливи не само од Вавилон, туку и од таканаречените адвентисти на седмиот ден, ќе воскресне. И тогаш овие наводни Јудејци ќе дојдат и ќе се поклонат пред нејзините нозе и ќе знаат дека Бог ја сакал неа и овие верни адвентистички антитринитарци.

Но, сега тоа е скриено од очите на многумина, зашто доаѓа силата на темнината. Тоа се манифестира во целосниот пад на Вавилон и во прекумерното ширење на „омега отпадништвото“ меѓу Божјиот народ, во црквата на АСД. Отпадништво претскажано од Бога преку Библијата и неговиот гласник Елена Вајт.

КОИ СЕ ЦАРЕВИТЕ ОД СОНЧЕВИОТ ИСТОК?

Блаженството на оние кои умреле во периодот на објавувањето на Тројната ангелска порака и ќе воскреснат порано од главното воскресение на праведниците за да склучат вечен завет со Бога, не се состои само во тоа што тие ќе воскреснат порано од другите, но и во тоа што ќе бидат поштедени од големата неволја.

Делумното воскресение ќе се случи за време на шестото зло, кога Господ ќе ја одземе моќта од Вавилон, кој се подготвува за битката Армагедон против Неговиот народ. Господ ќе го стори тоа за да им го расчисти патот на царевите од сончевиот исток (на изгрејсонце ориг). Изгрејсонцето е симбол на второто доаѓање, запомнете ги Христовите зборови во врска со Неговото доаѓање:

Зашто, како што молњата излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки“ (Матеј 24:27).

Шестиот ангел ја излеа чашата своја во големата река Еуфрат; и пресуши водата нејзина за да се приготви патот за царевите од сончевиот исток“ (Откровение 16:12).

Оние кои ја објавуваат Тројната ангелска порака се и живите 144.000 души и оние кои воскреснале во делумното воскресение, односно оние кои умреле во периодот на објавувањето на последната порака.

Тие се најзначајните личности во навестувањето на второто доаѓање. Движењето на оние кои очекуваат, односно адвентистите, настана во Филаделфискиот период на црквата, како движење кое го најавува претстојното Христово доаѓање и потребата да се подготви за овој настан.

По аналогија, како што Ное се поврзува со пораката за потопот, така и оние кои ја објавуваат Тројната ангелска порака се оние кои го најавуваат Христовото доаѓање; ова е суштината на нивната порака. Оваа порака е нивниот живот. Ако им ја одземете оваа порака, тие повеќе би сакале да умрат отколку да останат без неа. Тие се царевите од сончевиот исток, односно посебните предвесници на Второто доаѓање. Лицата им светат, тие се победници. Вавилон и неговото оружје се немоќни против нив, се излева седмото зло, кое завршува со Второто Христово доаѓање.

Заедно со живите светци, тие ќе склучат вечен завет со Бога, но, за разлика од живите светци, тие, според Божјото ветување, ќе бидат поштедени од последното големо зло што ќе го доживеат живите праведници:

Бидејќи ти го запази словото на трпението Мое, и Јас ќе те запазам од часот на искушението кое ќе дојде над целиот свет, за да ги искуша оние што живеат на земјата“ (Откровение 3:10).

СИТЕ ОНИЕ КОИ СЕ НАОЃААТ ВО ЛАОДИКИЈСКА СОСТОЈБА ТРЕБА ДА СЕ ПОКАЈАТ И ДА СЕ ВРАТАТ ВО СПАСУВАЧКАТА ФИЛАДЕЛФИЈА

Сите верници кои ја знаат Тројната ангелска порака и се во Лаодикијска состојба, доколку сакаат да воскреснат во делумното воскресение на праведниците (зашто нема да има друго за оние кои живеат во периодот на објавувањето на Тројната ангелска порака), тие мора да се покајат, како апостол Петар, кој се одрекол од Господа. Свртете се 180 степени и вратете се во спасувачката Филаделфија со нејзиното антитринитарно учење и духот на братска љубов. Оние кои веруваат со верата на Исус Христос ги држат сите 10 Божји заповеди и имаат светото Христово трпение кое се манифестира во нивната целосна доверба во Бога Отецот.

А ако го направите ова, тогаш ако Господ одлучи да ве упокои и да ви дозволи да заспиете во смртен сон, тогаш не тагувајте и не жалете се против таквата Господова одлука. Кажи со Христовата вера: „Не како што сакам Јас, туку како што сакаш Ти“ и потпирај се на Неговото ветување дадено за сите оние кои ја објавиле Тројната ангелска порака, но не доживеале да го видат второто доаѓање:

Бидејќи ти го запази словото на трпението Мое, и Јас ќе те запазам од часот на искушението кое ќе дојде над целиот свет, за да ги искуша оние што живеат на земјата“ (Откровение 3:10).

Откако воскреснавте во делумното воскресение пред второто Христово доаѓање, вие ќе бидете еден од првите што ќе го видите Неговото доаѓање со свои очи, заедно со живите 144.000. И Бог ќе го склучи Својот вечен завет со вас, но во исто време Бог ќе ве избави од големата и страшна неволја. Бог знае што да дозволи во животот.

МЕЃУ ЗАПЕЧАТЕНИТЕ

„Видов дека таа (сестра Хејстингс) беше запечатена и дека ќе стане кога ќе го слушне Господовиот глас, ќе застане на Земјата и ќе биде со 144.000. Видов дека не треба да жалиме за неа; таа ќе почива во времето на неволји“ (2SM, 263).

„Во нашата земја има живи луѓе кои дочекале длабока старост. Природна последица од нивната одмината зрелост е јасно изразената изнемоштеност. Меѓутоа, тие веруваат во Бога и Бог ги сака. Божјиот печат е врз нив и тие ќе бидат во бројот на оние на кои Господ им рекол: ‘Блажени се мртвите кои отсега умираат во Господа!’“ (7ВС стр. 982 -1899).(Настани на последното време, 233).

„Видов дека твојата жена е запечатена и дека ќе стане од гробот на Божјиот повик и ќе застане на земјата и ќе биде со 144.000. Видов дека не треба да тагуваме по неа; таа ќе почива во време на неволја, и единственото нешто за што можеме да жалиме е нашата загуба што повеќе не можеме да уживаме во нејзиното друштво. Видов дека нејзината смрт ќе има позитивни последици“ (2SM, 263).

ВИЗИЈАТА НА ЕЛЕНА ВАЈТ ЗА НЕБЕСНИОТ ГРАД

Да учиме од Христа за светата доверба во Бога Отецот. Да се ​​потсетиме на Неговите последни зборови:

А Исус извика гласно и рече: ‘Оче, во Твои раце Го предавам Својот дух!’“ (Лука 23:46).

Бог нè познава подобро отколку што ние самите се познаваме. Тој не сака неволјата да Му ги одземе од Него оние што Го љубат со сето свое срце и верно Му служат. Никој на небото нема да го обвини Господа за Неговата одлука.

„Во градот го здогледуваме дрвото на животот и Божјиот престол. Од престолот тече една кристално бистра река, а од двете страни на реката се издига дрвото на животот. Стеблото на ова дрво се наоѓа и на едниот и на другиот брег од реката; и двете стебла се од чисто проѕирно злато. Најнапред ми се чини дека гледам две дрвја. Гледајќи повторно, можам да видам дека стеблата се соединуваат во едно дрво на врвот. Така дрвото на животот се издига од двете страни на живата река. Неговите гранки се спуштаат надолу и ние можеме да ги допреме со нашите раце; плодовите се прекрасни, се преливаат во златна и сребрена боја.Сите доаѓаме до дрвото на животот и седнуваме набљудувајќи ја величествената околина. Овде ни приоѓаат браќата Фич и Штокман, кои порано го проповедаа евангелието за царството, а Бог ги положи во гробот за да ги поштеди од понатамошните страдања…“ (1 Сведоштво, 61).

Оние верни на Бога кои ја објавувале Тројната ангелска порака, но умреле пред второто доаѓање, нема да бидат одвоени од Бога во вечноста, тие ќе бидат изедначени заедно со 144.000.

„Но ангелот ми рече: ‘Мораш да се вратиш и ако останеш верна, ќе имаш предимство заедно со 144.000-те да ги посетуваш сите светови и да ги набљудуваш делата на Божјите раце“ (Рани списи, 39).

НАСТОЈУВАЈТЕ ДА БИДЕТЕ МЕЃУ 144.000

Во своите визии Елена Вајт се видела себеси со 144.000, односно со оние кои, без да вкусат смрт, ќе се сретнат со Христа. Многу критичари на нејзините дела побрзале да ја прогласат за лажен пророк. Каква кусогледост и апсолутно непознавање на Светото Писмо. Таа се видела себеси со нив во согласност со делумното воскресение на праведниците кои умреле во времето на објавувањето на последната порака, опишана во Библијата. Затоа таа се видела себеси со нив, бидејќи ќе им се придружи по делумното воскресение на праведниците:

„Сите 144.000 беа запечатени и совршено соединети. На нивните чела беа испишани зборовите: Бог, Новиот Ерусалим, и исцртана една блескава ѕвезда која го содржеше Исусовото ново име. При погледот на нашата среќа и света состојба, безбожниците збеснаа и сакаа насилно да нѐ фатат и фрлат во темница, но ние ги подигнавме рацете во името Господово и тие беспомошно паѓаа на земјата. Тогаш оние од ‘сатанската синагога’ познаа дека Бог навистина нѐ љуби, нас, кои еден на друг сме си ги миеле нозете и браќата сме ги поздравувале со свет целив, па приоѓаа да се поклонат пред нашите нозе. Набргу нашите очи беа привлечени од појавата на еден мал црн облак со големина отприлика колку половина од една човечка тупаница, за кој сите ние знаевме дека е тоа знакот на Синот човечки“ (Рани списи, 15).

Настојувајте да бидете во бројот од 144.000 — тоа е чест. Иако ги чека големата неволја. Бидете секогаш верни на Бога. Дали се сеќавате на карактеристиките на христијаните кои Му се верни на Бога:

Тука е трпението на светиите; тука се оние што ги пазат заповедите Божји и верата во Исус“ (Откровение 14:12).

Секој верен човек кој ќе умре во ова време ќе го доживее ветувањето Божјо:

Чув глас од небото како да ми вели: ‘Напиши – блажени се мртвите кои отсега умираат во Господ! Да – вели Духот – нека се одморат од трудот свој, зашто делата нивни ги следат!’“ (Откровение 14:13).

Сподели го ова:

Слични објави