Глава 9 Умот како тврдина

Сподели го ова:

Престолнина на телото. Секој телесен орган е направен да му служи на умот. Умот е престолнина на телото.

Умот го управува целото тело. Сите наши постапки, добри или лоши, извираат од умот. Умот е тој кој му служи на Бога и не соединува со небесните битија. Но многумина ќе го поминатживотот без да се опаметат во однос на ковчегот кој го содржи ова богатство.

Мозокот го контролира телото. Денеска има многу инвалиди кои и ќе останаттакви секогаш затоа што не можатда бидатубедени дека нивното искуство не е веродостојно. Мозокот е престолнина на телото, седиште на сите нервни сили и ментални дејствувања. Нервите кои потекнуваат од мозокот го контролираат целото тело. Со помош на мозочните нерви, менталните импресии се пренесуваат на сите нерви во телото како телефонски жици и тие ги контролираат суштинските акции на секој дел од организмот. Сите органи за движење се раководат од соопштенијата кои ги примаат од мозокот.

Мозочните нерви кои одржуваат врска со целиот организам се само средство преку кое Небото може да комуницира со човекот и да влијае на неговиот внатрешен живот.

Способностите на запазување на сатанската мета. Сатаната со своите искушенија доаѓа кај човекот како светлосен ангел, исто како што дошол и Христос. Тој работел на тоа да го доведе човекот во состојба на морална и физичка слабост за да може да го совлада со своите искушенија, а подоцна и да триумфира над неговото пропаѓање. И тој бил успешен во искушувањето на човекот да се оддаде на апетитот, без да мисли на последиците. Тој добро знае дека е невозможно човекот да ги исполни обврските кон Бога и своите ближни се додека му слабеат способностите кои му ги дал Бог. Мозокот е престолнина на телото. Ако способностите на запазување се умртват преку неумереност од било кој вид, вечните работи не се забележуваат.

Тиранија на навиката. Силата или слабоста на умот многу е поврзана со нашата корисност во овој свет како и со нашето конечно спасение. Незнаењето кое преовладува во однос на Божјиотзакон во нашата физичка природа е жалосно. Неумереноста од кој и да било вид е кршење на законот на нашето битие. Малоумноста преовладува до застрашувачки размери. Гревот се гледа привлечен кога е покриен со светлината која сатаната ја фрлил преку него и тој е многу задоволен што може да го задржи христијанскиот свет во нивните секојдневни навики

под тиранско влијание, како незнабожците и дозволуваат апетитот да владее со нив.

Чување на тврдината. Секој треба да ја спознае потребата за чување на моралната природа, опашани со постојана будност. Како верни стражари, тие треба да ја чуваат тврдината на душата, никогаш не помислувајки дека можат за момент да ја намалат будноста.

Правилно увежбаниот ум не се двоуми. Умот мора да се увежба низ секојдневните проби во навиките за верност, за чувството на барањата на правдата и должноста над наклонетостите и задоволствата. Умовите увежбани на тој начин нема да се двоумат помеѓу исправното и погрешното, како трска која се лула на ветер, но штом дилемите ќе се појават пред нив, веднаш ќе сфатат дека тука е вклучено морално начело и инстиктивно ќе го изберат она што е право без многу да дискутираат за работите. Тие се верни затоа што се увежбани во навиките на верност и вистина.

Незаштитена тврдина. Набљудувајќи, ние се менуваме. Иако направен по Божји облик, човекот може така да го обучи својот ум така што гревот кој некогаш му бил непријатен, сега ќе му стане пријатен. Кога тој ќе престане да стражари и да се моли, тој престанува да ја чува тврдината, срцето, и се оддава на грев и беззаконие. Умот е понижен и невозможно е да се издигне од расипаноста додека е под воспитување да ги пороби моралните и интелектуалните способности и да доведува во послушност на поголемите страсти. Мора да се води постојана борба против телесниот ум; и мораме да бидеме помогнати од рафинирачкото влијание на Божјата благодат која ќе го привлече умот нагоре и ќе го привикне да размислува за чисти и свети работи.

Извор на прашањата за живот или смрт. „Мислете на она што е горе, а не на што е на земјата” (Колосјаните 3:2). Срцето е тврдината на човекот. Од него течат нештата за живот или смрт. Додека срцето не се прочисти, човекот е неспособен да има било каков дел во заедницита на светите. Зар не знае ли Истражителот на срцето кои се оние кои се задржуваат во грев, не водејќи сметка за своите души? Зар не постои сведок за најтајните работи во животот на сите нас?

Бев принудена да слушам зборови кои ги зборуваа некои мажи на жени и девојки зборови на ласкање, зборови кои мамат и заведуваат. Сатаната ги користи сите овие начини за да ја уништи душата. Некои од вас биле и негови посредници; и ако е така, ќе се сретнете со тоа на судот. Ангелот за оваа група рекол: „Нивните срца никогаш не се предале на Бога. Христос не е во нив. Вистината не е тука. Нејзиното место е зафатено со грев, измама и лаги. На Божјиот Збор не се верувало и не се постапувало според него.“

Опуштеност, самопопуштање, сигурност предавници зад ѕидините. Израелците биле наведени на грев кога се наоѓале во благосостојба и сигурност. Заборавиле дека постојано треба да го имаат Бога пред очи, ја заборавиле молитвата и негувале дух на самоувереност. Благосостојбата и попуштањето пред страстите ја ослабиле тврдината на душата и во неа се вовлекпе грешни мисли. Предавниците внатре меѓу ѕидовите ја урнале тврдината на начелата и го изложиле Израел на силата на сатаната.

Сатаната и денес се обидува на ист начин да ја упропасти душата. Долгиот процес на подготовка, за кој светот не знае, се одвива во срцето пред еден христијанин да стори отворен грев. Душата не преминува наеднаш од чистота и светост во расипаност, порок и злосторство. Потребно е извесно време суштествата, создадени според Божјиот лик, да спаднат наживотинско ниво или на сатанската природа. Посматрајќи, ние се преобразуваме. Човекот кој се занимава со нечисти мисли може да падне толку ниско, што ќе му годат гревовите кои порано ги осудувал.

Тутунотја парапизира чувствителноста. -Тутунот, во каква форма и да се користи, се одразува на телесниот скпоп, Тоа е бавен отров. Тој влијае на мозокот и ја парализира чувствителноста така што умот не може јасно да ги разликува духовните работи, а особено оние вистини кои имаат тенденција да го исправат ова штетна угодување.

Оние кои користат тутун во која и да било форма не се чисти пред Бога. Со такви штетни навики невозможно е да го прославуват Бога во своите тела и духови кои се Негови. И додека употребуваат спори и сигурни отрови кои им го уништуваат здравјето и ги понижуваат умните способности, Бог не може да ги прифати. Тој може да им биде милостив додека се оддаваат на штетната навика неупатени во штетата која им се прави, но кога тоа прашање ќе се изнесе пред нив во вистинска светлина, тогаш се виновни пред Бога ако продолжат со оваа фозна желба.

Робови на алкохопот и дрогите. На сите страни сатаната настојува да ги заведе младите на патеката на пропаста; и ако еднаш му успее да ги поведе по тој пат, ги забрзува по овие настрани патеки водејќи ги од една распуштеност во друга, се додека жртвите не ги изгубат чувствата на совест и Божјиот страв исчезне пред нивните очи. Тие се се помалку и помалку самовоздржани. Тие стануваат зависни од употреба на вино и алкохол, цигари и опиум и преминуваат од еден степен на униженост кон друг. Тие се робови нажелбите. Советите кои некогаш ги почитувале сега ги презираат. Тие заземаат надмен став и се фалат со слободата додека се слуги на расипаноста. Мислат дека се слободни додека се робови на себичноста, унижувачките желби и развратот.

Сатански оружја. Оддавањето на телесните страсти војува против душата. Апостолот на најимпресивен начин им се обратил на христијаните: „Ве молам браќа, поради Божјата милост, подајте ги своите тела во жива жртва, света и прифатлива за Бога“ (Римјаните 12:1). Ако телото е заситено со алкохол и валканоста на тутунот, тоа не е свето и прифатливо за Бога. Сатаната знае дека тоа не може да биде, и од тие причини ги насочува своите искушенија да ги искушува луѓето во поглед на човечките желби, како би ги подредил на тие наклонетости и така работи на нивното пропаѓање.

Одлучувачки фактор на страста и желбата. Доколку разумните мажи и жени ги парализираат своите морални сили преку неумереност од било кој вид, тие се, во многу од своите навики, само малку воздигнати над незнабожците. Сатаната постојано одвлекува луѓе од спасоносната светлина кон обичаите и модата, непочитувајќи го физичкото, менталното и моралното здравје. Големиот противник знае дека ако страстите и апетитот предоминираат, телесното здравје и силата на умот се жртвуваат на олтарот на самозадоволување и човекот побрзо ќе се доведе до пропаст. Ако расветлениот ум ги држи уздите, контролирајќи ги животинските афинитети и држејќи ги во потчинетосткон моралните сили, сатаната добро знае дека неговата моќ е многу мала во надвладувањето на своите искушенија.

Што можело да биде. Доколку родителите од претходните генерации, со одлучна намера, го држеле телото во покорност на умот и не дозволиле разумот да попадне во ропството на животинските страсти, во овој век би постоело поинакво устројство кај земните жители.

Одлука на умот или управување на телото. Секој ученик мора да ја разбере врската помеѓу едноставниот начин на живот и силниот интелект. На нас лично е да одлучиме дали со нашиотживотќеуправуваумот или телото. Младите мораат, секој за себе, да одлучат како ќе го обликуваат својот живот; и не смеат да се штедат никакви напори за да се запознаат силите со кои тие се соочуваат и влијанијата кои го одредуваат карактерот и судбината.

Да се учат луѓето. Претставете ја пред луѓето потребата за одбивање на искушението за попуштање на желбите. Тука многумина грешат. Објаснете колку умот и телото се блиско поврзани и претставете ги потребите за нивното одржување во најдобра состојба.

Сподели го ова:

Слични објави