Глава 50 Немир и загриженост

Сподели го ова:

Грижата, а не работата, е таа што убива. Не е работата тоа што убива, туку грижата. Единствен начин да се избегне грижата е да се изнесат своите проблеми на Христа. Да не гледаме на темната страна. Да култивираме веселост на духот.

Занимавање со тешкотиите. Некои постојано се плашат и ја довикуваат несреќата. Тие секојдневно се опкружени со знаците на Божјата љубов; тие секојдневно уживаат во изобилството на Неговото привидение; но тие ги превидуваат овие сегашни благослови. Нивните умови постојано се занимаваат со несаканото од што се плашат дека ќе дојде; или некоја потешкотија која можеби навистина постои и која, иако мала ги заслепува нивните очи за многу работи кои бараат благодарност. Потешкотиите кои ги среќаваат, наместо да т водат кон Бога, единствениот извор на нивната помош, ги одвојуваат од Него, затоа што будат неспокојност и жалење.

Грижата ја прави тешкотијата уште потешка. Многумина се плашат дека сме во опасност, грижејќи се, градејќи јарем околу своите вратови. Да не се грижиме, бидејќи на тој начин го правиме јаремот груб, а бремето потешко. Да сториме се што можеме без загриженост, верувајќи во Христос. Да ги проучиме Неговите зборови: „Се што барате во молитва, верувајќи, ќе добиете” (Матеј 21:22). Овие зборови се гаранција дека се што семоќниот Спасител може да подари ќе биде дадено на оние кои веруваат во Него. Како поверители на небесната благодат, ние треба да побараме во вера и тогаш верувајќи да чекаме на Божјето спасение. Ние не смееме да одиме пред Него, обидувајќи се со сопствената сила да го добиеме тоа што го сакаме. Ние треба да бараме во Негово име, и тогаш да работиме со вера во Неговата работливост.

Нв е Божја волја. Не е Божја волја Неговиот народ да биде притиснат со грижи.

Загриженоста донесува болест. Кога погрешките ќе се исправат, ние можеме да ги изнесеме потребите на болниот пред Господ во тивка вера, како што упатува Неговиот Дух. Тој секој поединец го знае по име и се грижи за секој како да не постои никој друг на земјата за кој го дал Својот сакан Син. Затоа што Божјата љубов е толку голема и толку сигурна, болниот треба да се охрабри да верува во Него и да биде весел. Загриженоста за себе предизвикува слабост и болест. Ако се издигнат над депресијата и разочараноста, изгледите за оздравување ќе се подобрат, бидејќи „окото Господово е над оние“ „кои се надеваат на Неговата милост“ (Псалм 33:18).

Престани да се грижиш (совет од пријатеп кој се соочува со смртта).

Твојот случај е пред мене, и тажна сум што си со немирен ум. Би сакала дате утешам ако етоа во моја моќ. Нели Исус, драгоцениотСпасител, беше многупати твој помошник кога ти требаше. Не ожалостувај го Светиот Дух, туку престани да се грижиш. Ова е тоа што требаше многупати да им го зборуваш на другите. Нека зборовите на оние кои не се болни какотебети бидат утеха, и нека Господ ти помогне, тоа е мојата молитва.

Грижата за себе е надвор од Исусовите раце. Кога би ги воспитале своите души да имаат повеќе вера, повеќе љубов, повеќе трпеливост, посовршена доверба во нашиот небесен Татко, би имале поголем мир и среќа додека минуваме низ судирите во овој живот. На Господ не му е мило да не гледа немирни и загрижени за себе надвор од Исусовите раце. Тој е единствен извор на секоја благодат, исполнување на секое ветување, остварување на секој благослов… Нашето долго патување, навистина би било празно да не е за Исуса. „Нема да ве оставам сироти“ (Јован 14:18) ни зборува Тој. Да ги чуваме Неговитезборови, да веруваме во Неговите ветувања, да ги повторуваме дење и да размислуваме ноќе за нив и да бидеме среќни.

Одмор во Христовата љубов. Да се отргнеме од правливите, сувопарни патишта на животот и да се одмориме во сенката на Христовата љубов. Тука ќе добиеме сила за борба. Тука ќе научиме како да го олесниме трудот и грижата и како да ја искажеме и пееме благодарноста на Бога. Уморните и натоварените нека ја научат од Христа, поуката на тивката доверба. Тие морат да седнат во Неговата сенка ако сакаат да го имаат Неговиот мир и спокој.

Божјата одговорност и мојата. Кога ќе ја преземеме во свои раце управата на она што мораме да го направиме и се потпреме на сопствената мудрост за успех, ние ја преземаме грижата која Бог не ни ја дал и се обидуваме да ја носиме без Негова помош. Ние преземаме на себе одговорност која му припаѓа на Бога и на тој начин всушност се поставуваме на Негово место. Ние можеме да бидеме загрижени и да ја претчуствуваме опасноста или загубата, бидејќи е сигурно дека тоа ќе ни се случи. Но кога вистински веруваме дека Бог не сака и сака да ни направи добро, ќе престанеме да се грижиме за иднината. Ќе му веруваме на Бог како што детето му верува на саканиот родител. Тогаш нашите немири и маки ќе ги снема, бидејќи нашата волја се губи во Божјата волја.

Позајмена грижа и загриженост. ■ Во целосната доверба кон Бога се наоѓа сигурноста; нема да постои постојан страв од идното зло. Овој позајмен немир и грижа ќе престанат. Ние имаме небесен Татко кој се грижи за Своите деца, а Неговата благодат е доволна во време на секоја наша потреба.

Препуштање на иднината со Бога. Иако неговите сегашни потреби се задоволени, многумина не сакаат да веруваат во Бога за иднината, и се во постојана грижа, дека ќе им се случи сиромаштија, а нивните деца ќе бидат препуштени на мака. Некои секогаш претчуствуваат зло, или ги преовеличуваат тешкотиите кои навистина постојат, така што очите им се затворени за благословите кои бараат нивна благодарност. Тие препреки, наместо да т наведат да бараат помош од Бога, единствениот извор на сила, ги одвојуваат од Него, затоа што тие будат неспокој и зло…

Исус е наш пријател; целото небо се грижи за нашето спасение; а нашата загриженост и сграв го ожалосгува Светиот Божји Дух. Ние не би требало да се одаваме на загриженост која само не разјадува и уморува, но не ни помага да го поднесеме искушението. Не треба да и се даде место на таа недоверба во Бога која не наведува да се подготвиме за идните основни потреби, како нашата среќа да се состои од тие земни работи.

Непримерна грижа. Бог не ја осудува разумноста и промисленоста во употребата на работи на овој живот; но грозничавиот немир, непримерната загриженост, во поглед на световните работи не е во склад со Неговата волја.

Загриженоста ја слабее физичката моќ. Искушенијата и грижите кои Павле ги поднесувал ги слабеело неговите физички сили.

Христијани со загрижени срца. Многумина кои се изјаснуваат како Христови следбеници имаат загрижено, немирно срце затоа што се плашат да му се доверат на Бога. Тие не му се предаваат во целост затоа што се набираат (престрашуваат) од последиците кои таквото потчинување ги подразбира. Доколку не го направат ова потчинување тие не можат да најдат мир.

Минута по минута. Има една работа на која сакам да те предупредам. Немој да се вознемируваш или грижиш; тоа не е вредно за трудот. Немој премногу да работиш. Ако не преземеш премногу, ќе успееш да завршиш многу повеќе, отколку ако се обидеш да спроведеш многу планови. Постојано имај ги на ум Христовите зборови: „Стражарете и молете се на Бога да не паднете во искушение” (Марко 14:38). Христос е твојот личен Спасител. Верувај дека Неговата спасоносна сила дејствува во твоја корист од минута во минута, од час во час. Тој е покрај тебе за време на секоја потреба.

Не минувајте ги мостовите пред време. Значи ние сакаме да работиме како личности кои се откупени со Христовата крв; ние треба да се радуваме во Христовата крв и во простувањето на гревовите. Тоа е она што треба да го правиме, а Господ ќе ни помогне да ги отргнеме своите умови од мрачните слики и да мислиме за оние нешта што ќе ни дадат светлина. Сега сакам да го прочитам следниот текст: „За ништо не грижете се“ (Филипјаните 4:7). Што значи тоа? Значи не минувајте го мостот пред да стигнете до него. Ќе дојдете до него многу брзо, браќа. Ние мораме да мислиме за денес, а ако денешните должности ги завршиме како што треба, ќе бидеме подготвени за утрешните.

Настојување да се достигнат световните стандарди. Постојат многу луѓе чии срца страдаат од тежината на грижата затоа што настојуваат да го достигнат световниот стандард. Тие ја избрале неговата служба, ги прифатиле неговите перипетии, се прилагодиле на неговите обичаи. На тој начин нивниот карактер се расипува, а животот станува заморен. За да ги задоволат амбициите и световнитежелби, тие ја рануваат совеста и навлекуваат на себе додатна грижа на совеста. Постојаната грижа ја слабее животната сила.

Нашиот Господ сака да го отфрли овој горчлив јарем. Тој ги повикува да го земат Неговиот јарем. Тој вели: „Мојот јарем е благ, и Моите грижи се лесни.” Тој им советува прво да го бараат Божјото царство и Неговата праведност, и им ветува дека се што им треба за овој живот ќе им го даде.

Грижата е слепа и не може да ја разликува иднината, но Исус го гледа крајот од почетокот. Во секоја потешкотија Тој на свој начин подготвил олеснување.

Верата може да биде непобедлива. Немојте да се грижите. Гледањето на надворешноста и јадикувањето кога ќе наидат потешкотиите и притисоците, ја открива болната, ослабена вера. Со своите зборови и со свои дела покажете дека вашата вера е непобедлива. Господ е богат со ресурси. Светот е негов. Гледајте на Оној кој има светлина, и сила и делотворност. Тој ќе го благослови секој кој настојува да пренесе светлина и љубов.

Растенијата не растат низ грижа или свесен напор. Наместо растечка загриженост со мислата дека не напредувате во благодатта, само извршувајте ја секоја должност која ќе се појави, носете ја грижата на душата на своето срце, и со сите расположпиви средства настојувајте да го повратите изгубеното. Бидете љубезни, учтиви, жалостиви; зборувајге во понизност за благословената надеж, разговарајте за Исусовата љубов, зборувајте за Исусовата добрина, Неговата милост, и Неговата праведност; и престанете да се грижите дали напредувате или не. Растенијата не растат низ некој свесен напор… Растението не е во постојана грижа за својот раст, таа едноставно расте под Божјиот надзор.

Лек за загриженост. Бог се грижи за се и го издржува сето тоа што го создал… Ниедна солза не се проронува без Тој да не забележи. Нема насмевка која Тој не ја забележува.

Кога само во ова целосно би верувале, сите непримерни грижи би исчезнале. Нашите животи не би биле така исполнети со разочарување како сега; бидејќи се, било големо или мало, е препуштено во Божјите раце кој не е збунет од многуте грижи или преоптоварен со нивните тешкотии. Тогаш би уживале во покојот на душата кој за многумина долго бил туѓ.

Верата ја растерува загриженоста. Ние сме така загрижени, сите од нас, за среќа, но обично ретко ја наоѓаме поради погрешните методи на барање на погрешно место. Ние мораме најсериозно да се трудиме и да ги измешаме сите свои желби со верата. Тогаш среќата ќе ни се прикраде скоро незабележпиво. Кога можеме, без разлика на лошите услови, да одмараме со доверба во Неговата љубов и да се затвориме со Него, мирно почивајќи во Неговата љубов, чувството на Неговата присутност ќе ни подари длабока, тивка радост. Ова искуство ни ја дава верата која не оспособува да не се вознемируваме, да не се грижиме, туку да зависиме од силата која е бесконечна.

Единствен принцип. Оние кои ќе го прифатат единствениот принцип службата и Божјата слава да им бидат приоритетни, ќе откријат дека тешкотиите исчезнале и правата патека е пред нивните нозе.

Да се одвои еден ден во времето, е најважен принцип. Вистинското исполнување на денешните должности е најдобра подготовка за утрешните искушенија. Не собирајте ги сите утрешни неизвесности и грижи за да ги додате на денешните. „Доволен му се на секој ден неговото зло“ (Матеј 6:34).

Само еден ден е наш и во текот на овој ден мораме да живееме за Бога. Овој еден ден мораме да се ставиме во Христовите раце, во свечена служба, сите наши намери и планови, отфрлајќи ги сите свои грижи на Него, бидејќи Тој се грижи за нас. „Ги знам мислите кои ги имам за вас, вели Господ, мислите за мир а не за зло, да ви дадам потик каков што очекувате.” „Ако се повратите и бидете мирни, ќе се спасите, во мир и надежќе биде вашата сила“ (Еремија 29:11; Исаија 30:15).

Да не ја навлекуваме бедата на себе, грижејќи се за утрешните грижи. Храбро и весело да ги носиме денешните грижи. Ние мораме денес да имаме доверба и вера. Но од нас не се бара да живееме повеќе од еден ден во времето. Оној којшто дава сила за денес, ќе даде сила за утре.

Сила за секое искушение. Нашиот небесен Татко го проценува и мери секое искушение пред да дозволи да дојде врз верникот. Тој ги разгледува условите и силата на оној кој е на проба и Божји испит. Ако душата е преоптоварена, личноста надвладеана, за тоа никогаш не смее да го обвини Бога, како да пропушта да даде сила во благодат, туку оној кој бил искушан не бил буден и на молитва и преку вера не ги примил благодатите кои што Бог богато ги подготвил за него. Христос никогаш не ги напушта верниците во мигот на борбата. Верникот мора да се повика на ова ветување и ќе го дочека непријателот во Господово име, и нема да знае за неуспех.

Сподели го ова:

Слични објави