Глава 75 ИМАГИНАЦИЈАТА И БОЛЕСТА

Сподели го ова:

Имагинацијата доведува до тешки облици на заболување. Умот мора да се контролира, затоа што тој има најмоќно влијание врз здравјето. Имагинацијата честопати залажува и кога ќе и се попушти, донесува тешки облици на болест на унесреќениот. Мнозина умираат од заболување кое воглавно е имагинарно. Запознаена сум со некои кои на себе невлекпе вистинско заболување од влијанието на имагинацијата.

Умираат луѓе кои навистина можеле да заздрават. Илјадници се болни и умираат околу нас кои инаку можеле да бидат добри и даживеат, но ги држи нивната имагинација. Тие стравуваат дека ќе им биде полошо ако работат или вежбаат, додека всушносттаа промена им е потребна за да оздрават. Без ова никогаш нема да напредуваат. Тиетребадаја практикуваат моќта на волјата, издигајќи се над своите болки и слабости, да се вкпучат во корисно запослување, и да забораваат дека ги боли грбот, слабините, градите и главата. Запоставувањето на вежбите на целото тело или делови на телото, ќе донесе морбидна состојба, Неактивноста на било кој телесен орган ќе биде пратена со намалување на големината и силата на мускулите и ќе предизвика забавување на протокот на крв низ крвните садови,

Имагинацијата може да управува со делови на телото. Недостатокот од соодветна акција во човечкиот организам е тоа што донесува болест. Мислите може да контролираат други делови на телото на нивна штета. Сите органи на системот мораат хармонично да работат,

Умирање од заболена имагинација. Еднаш бев повикана да се видам со една млада жена со која добро се познавав. Беше болна и брзо венееше. Нејзината мајка сакаше да се молам за неа. Мајката стоеше тука плачејќи и говорејќи: „Сирото дете; таа не може да живее дого,“ Го почувствував нејзиниот пулс. Се молев со неа и потоа и се обратив: „Сестро моја, кога би станала, би ја соблекпа својата облека и би тргнала на својата вообичаена работа, би се изгубила сета оваа инвалидност.

„Мислиш ли дека ќе се изгуби?“ праша таа.

„Секако,“јас одговорив. „Речиси си ги задушилаживотните сили преку инвалидност.”

И се обратив на незината мајка и и реков дека нејзината ќерка би умрела од заболената имагинација ако тие не се осведочиле за нивните заблуди. Таа се воспитувала себеси на инвалидност. Но тоа е многу лошо школо. Но јас и реков: „Промени го овој поредок; стани и облечи се.“ Беше послушна и денеска е жива.

Влијанието на болеста врз имагинацијата. Ти си премногу сензибилна и длабоко чувствителна. Строго си совесна и твоето расудување мора да се осведочи пред да се сложиш со мислењето на другите. Ако твоето физичко здравје беше неоштетено, би станала над се корисна жена. Долго беше болна, и тоа влијаело на твоите мисли така што мислите ти биле сконцетрирани на себе, а мислите се одразиле на телото.

Надвладувањето на болната имагинација. Дадена ми е светлина дека ако сестрата која ја спомнуваш се зацврсти и го негува својот вкус кон здравата исхрана, сите тие изливи на малодушност ќе ги снема. Таа ја негувала својата имагинација; непријателотја искористил нејзинатателесна слабост, и нејзиниот ум не е подготвен да се носи со тешкотиите на секојдневниотживот. Добра, посветена терапија на умот е тоа што и е потребно, зголемување на верата, активна служба за Христа. Таа исто така треба да ги вежба своите мускули во надворешната практична работа. Физичката вежба ќе и биде еден од најголемите благослови во животот. Нема потреба да биде инвалид, туку здрава жена со здрав ум, подготвена добро и благородно да ја одигра својата улога.

Сиоттретман кој ќе и се пружи на оваа сестра ќе биде од мала корист доколку не го изврши таа својот дел. Таа мора да ги зајакне мускулите и нервите преку физичка работа. Нема потреба да биде инвалид туку, може да изврши добра и сериозна работа. Како мнозина други, таа има заболена имагинација. Но може да надвладее и да биде здрава жена. Оваа порака сум ја упатувала на мнозина, и со најдобри резултати.

Да се повикува на помош волјата. Мрзливоста е големо зло. Мажите, жените и младите, бавејќи се со себе, мислат дека се во потешка состојба отколку што навистина се. Тие ја потхрануваат својата слабост, мислат за неа, и говорат за неа, додека нивната корисност изгледа како да е при крај. Мнозина отишле во гроб додека можело и требало да живеат. Нивната имагинација била заболена. Доколку се противеа на диспозицијата да се предадат на слабостите и тие да ги совладаат, да ја повикале во помош моќта на волјата, можеле да живеат на благослов на светот со своето влијание.

Ослободување од гревот и исцелувањето на болеста поврзано.

Во службата на исцелување, лекарот мора да биде соработник со Христа. Спасителот служел и на душата и на телото. Евангелието кое го учел било порака за духовниот живот и физичката обнова. Ослободувањето од гревот и исцелувањето од болестите биле заедно поврзани. Истата служба му е доверена на лекарот христијанин. Тој мора да се соедини со Христа во олеснувањето на физичките и духовните потреби на своите ближни. Тој за болниот треба да биде гласник на благодатта на милоста, донесувајќи му лек за болното тело и од грев ранетата душа.

Сподели го ова:

Слични објави