Глава 26 Братска љубов

Сподели го ова:

Љубовта кон другите донесува радост. Би им кажала на своите браќа каде и да се: развивајте ја Христовата љубов! Таа ќе се излева од христијанската душа како потоци во пустината, освежувајќи и донесувајќи убавина, задоволство, мир и радост во неговиот сопствен живот и во животите на другите.

Примерот на несебична љубов е неодолив. Што сме послични на нашиот Спасител по карактерот, поголема ќе биде нашата љубов кон оние за кои Тој умрел. Христијаните кои покажуваат дух на меѓусебна несебична љубов носат сведоштво за Христос кое неверниците не можат да го порекнат ниту да му се спротивстават. Невозможно е да се процени силата на таквиот пример. Ништо не може толку успешно да ги порази замислите на сатаната и на неговите емисари, ништо не може така да го изгради царството на Откупителот како што тоа го може Христовата љубов кои ја манифестираат членовите на црквата.

Своето јас може да ја затскрие љубовта. Љубовта е активно начело, таа постојано пред себе го има доброто на другите, спречувајќи не така од правење непромислени дела за да не ја занемариме целта на придобивање на души за Христа. Љубовта не го бара сопственото. Таа не ги поттикнува луѓето да ја бараат сопствената удобност и да го задоволуваат своето јас. Значењето кое му го придаваме на своето јас е она што толку често го спречува растот на љубовта.

Понизноста е огранок на љубовта. -Љубовта не се фали. Таа е понизен елемент; таа никогаш не го поттикнува човекот на расфрлање, на себевоздигнување. Љубовта кон Бога и кон нашите ближни нема да се покаже во нагли дела или да не наведе на гордост, приговарање или диктаторство. Љубовта не се расфрла. Срцето во кое владее љубов, ќе се управува во благ, учтив, чувствителен правец на однесување кон другите, без оглед дали ни се по вкус или не, дали не почитуваат или погрешно не третираат.

Вистинската љубов го брише своето јас. Посветувањето кое Бог го бара се открива во искрената љубов кон душите за кои Христос го дал Својот живот. Христовото присуство во срцето ќе се манифестира со љубовта која Тој им ја дал на Своите ученици. Неговите вистински деца повеќе ќе ги сакаат другите од себеси. Тие не бараат лавовски дел секаде и на секое место, затоа што на своите таленти не гледат како да се понадмоќни од своите браќа. Кога ова е навистина случај, ќе се покаже знак во откривањето на љубовта која Христос ја покажува кон човечките души несебична, нелицемерна љубов, која благосостојбата на другите ја става пред својата.

Љубовта го преобразува карактерот. Христовата љубов нека им се претстави на оние кои не ја спознале, и тоа ќе делува како квасец за преобразување на карактерот.

Себична љубов. Господ би сакал Неговите деца да сфатат дека доколку сакаат да го прослават Него, мораат да им ја дадат својата љубов на оние на кои таа е најпотребна… Нема да се покаже никаква себичност во погледот, зборовите или делата во работата на оние кои ја имааттаа скапоцена вера… било тие да се големи или мали, богати или сиромашни. Љубовта која упатува љубезни зборови само на некои, додека кон другите се однесува ладно и незаинтересирано, не е љубов туку себичност. Таа на никаков начин нема да работи за доброто на душите или на Божја слава. Нашата љубов… не треба да биде запечатена за одредени личности за сметка на занемарување на другите. Скршете го шишенцето и мирисот ќе ја исполни целата куќа.

Способноста не е замена за љубовта. Говорот, фарисејството и фалбата се моќни, но тие никогаш нема да придобијат души за Христа. Чистата, посветена љубов, таква каква што се покажала во Христовиот живот и работа, е како духовен мирис. Како скршеното шишенце парфем на Марија, таа ја исполнува целата куќа со својот мирис. Елоквентноста, познавањето на вистината, ретките таленти, помешани со љубов, се скапоцени подароци. Но, самата способност, самите најодбрани таленти, не можат да го заземат местото на љубовта.

Дарежливоста доказ за љубов. Доказ за нашата љубов се гледа во христоликиот дух, со драга волја да го даваме доброто кое Бог нам ни го дал, со спремност да покажуваме самоодрекување и самопожртвување за да го подобриме напредокот на Божјето дело и да му ги ублажиме патилата на човештвото. Никогаш не смееме да ги одминуваме оние коишто се повикуваат на нашата широкоградост. Ние откриваме дека сме поминале од смртта во живот кога работиме како верни управители со Божјото милосрдие. Бог ни ги доверил Своите добра; Тој ни го дал Својот свечен збор дека доколку бидеме верни во своето управување, ќе собираме богатство на небото кое е нераспадливо.

Подарување на вистинска љубов покажува дека сте ученик. Без оглед на тоа колку сесрдно ја исповеда верата, човекот, чиешто срце не е исолнето со љубов кон Бога и кон ближните, не е вистински Христов ученик. И ако има силна вера, дури и моќ да прави чуда, а ако нема љубов, неговата вера е безвредна. Таквиот човек може да биде мошне дарежлив; но кога од некоја друга побуда, а не од вистинска љубов, би го разделил сиот свој имот за да ги нахрани сиромашните, со таа постапка сепак не би заслужил Божје признание. Таквиот човек во своето одушевување би можел дури и да умре со смрт на маченик, но ако на тоа не би го поттикнала љубовта, Бог би го сметал за заблуден занесеник или за славољубив лицемер.

Срце во кое владее љубов. Срцето во кое владее љубовта нема да биде исполнето со страст или одмаздољубивост заради навредите кои гордата и себична љубов т смета за неподносливи. Љубовта не е сомнежпива, таа секогаш им придава најблагонаклонет изглед на намерите и делата на другите.

Делувањето на сатанската армија, опасност која ја опкружува човечката душа, го повикува на напор секој работник. Но не смее да се прави никаква принуда. Човечката изопаченост треба да се дочека со љубов, трпеливост, Божја трпеливост.

Поправање на карактерните особини. Кога човекот е учесник во божествената природа, Христовата љубов ќе биде начело кое живее во душата, а своето јас и неговите карактеристики нема да се покажуваат.

Само Христовата љубов може да излечи. Единствено љубовта што тече од Христовото срце може да исцели. Единствено оној во кого тече оваа љубов, како сокот во дрвото или крвта во телото, може да ја исцели ранетата душа.

Спремни за секаква евентуапност. Секој кој вистински го сака Бога ќе има Христов дух и огнена љубов кон своите браќа. Колку повеќе нечие срце е во заедница со Бога, и колку повеќе неговите склоности се насочени кон Христа, помалку ќе го вознемируваат грубостите и тешкотиите со кои се среќава во овој живот.

Братството никогаш не се добива со компромис. Оние кои го са- каат Исуса и душите за коишто Тој умрел ќе тежнеат кон она што гради мир. Но мораат да внимаваат да не се случи при своите напори да го спречат нескладот, да ја порекнат вистината, и сузбивајќи ги поделбите да го жртвуваат начелото. Вистинското братство никогаш не може да се постигне со начелото на компромис. Додека христијаните се приближуваат на христоликиот модел и стануваат чисти во духот и делувањето, ќе го чувствуваат змискиот отров. Противењето на децата на непослушноста се стимулира со христијанство кое е духовно… Оној мир и скпад кои се постигнуваат со взаемни отстапувања за да се избегнат сите разлики во мислењата не е вреден да се нарече така. Кога се работи за чуствата меѓу човек и човек, треба понекогаш да се прават отстапки; но никогаш не треба да се жртвува ниту една црта од начелата за да се постигне склад.

Божествената љубов е непристрасна. Христос дошол на оваа Земја со порака на милост и прошка. Тој го поставил темелот на верата преку кој евреинот и безбожникот, црнецот и белецот, слободниот и робот, се споени во едно општо братство, признаено како еднакво во Господовите очи. Тој во сите гледа способност за напредок. Оние за кои го дал Својотживот, Тој ги дочекува со божествена енергија и надеж.

Влегување на човечкото братство во Божја прегратка. Меѓусебно посветената љубов е света. Во тоа големо дело на меѓусебна христијанска љубов многу повеќе, попостојано, понесебично отколку што се гледа истрајува христијанската нежност, христијанската добрина и учтивост, и го привива човечкото братство во Господовата прегратка, признавајќи го достоинството со кое Бог ги обдарил правата на човекот. Тоа достоинство христијаните мораат да го развиваат во слава и чест на Бога.

Вашата љубов кон душите е мерка за вашата љубов кон Бога. – Љубовта откриена во Христовиотживот на самоодрекување и самопожртвување мора да се види и во животите на Неговите следбеници. Повикани сме да одиме како што одел Тој… Наша предност е да стоиме со небесна светлина над себе. Така Енох чекорел со Господ. На Енох не му било полесно да живее во свое време отколку што ни е нам во наше време. Светот во негово време не бил попогоден за растење во благодатта и светоста отколку што е сега… Ние живееме меѓу опасностите на последното време, и мораме да примаме сила од истиот извор. Ние мораме да одиме со Господ…

Господ ве повикува да ги ставите во погон сите свои сили. Ќе морате да дадете сметка за доброто кое сте можеле да го направите доколку сте стоеле на вистинската позиција. Време е да соработувате со Христа и со небесните ангели. Дали ќе се разбудите? Има души меѓу вас на кои им е потребна вашата помош. Дали чувствувате бреме дека треба да ги доведете крај крстот? Имајте на ум дека токму оној степен на љубов кој го имате кон Бога ќе се открие и кон вашите браќа, и кон душите кои се изгубени и неспремни, одделени од Христа.

Совршена љубов во црквата, Христова цел. Исус можел да ги осветли со сјајни зраци на светлина најмрачните мистерии на науката, но не сакал ни за момент да се одвои од учењето за знаењето на науката за спасение. Неговото време, Неговото знаење, Неговите способности, самиот Негов живот, се ценети само како средства во работата на спасување на човечки души. 0 каква љубов, каква неспоредлива љубов!

Споредете ја нашата млакост, безживотност, полупарализираните напори, со работата на Господа Исуса. Слушнете ги Неговите зборови, Неговата молитва кон Таткото: „Им го објавив Твоето име и ќе го објавам, па љубовта, со која Ме возљуби, да биде во нив, и Јас во нив“ (Јован 17:26). Каков е овој јазик! Колку е длабок, колку е широк, колку е потполн!

Господ Исус сака да ја излие Својата љубов преку секој дел од телото, преку Својата црква, за живоста на таа љубов да може да циркулира низ секој дел од телото и да пребива во нас како и во Него што постои. Тогаш Господ може да го сака паднатиот човек како што го сака Својот Син; и Тој објавува дека нема да се задоволи со ништо помалку од ова во наша корист.

Сподели го ова:

Слични објави