Глава 71 Среќа
Хармонична работа на сите сили. Хармоничната и здравата работа на сите сили на телото и умот ќе резултира во среќа; колку се повозвишени и попрефинети тие сили, толку среќата ќе биде почиста и непоматена.
Односот помеѓу среќата и здравјето. Здравјето и среќата се толку тесно поврзани што не можеме да ја имаме едната без другата. Практичното познавање на науката за човечкиот живот е неопходна за да го прославиме Бога во своите тела. Поради тоа од најголема важност е помеѓу студиите кои се одбираат за децата, физиологијата да зазема прво место. Колку малку луѓе знаат по нешто од структурата и функцијата на сопствените тела и природните закони! Мнозина талкаат без познавање, како брод на море без компас и сидро; и уште повеќе, тие не се заинтересирани да научат како да ги сочуваат своите тела во здрава состојба и да ја спречат болеста.
Законот на акција и реакција. Нашата среќа ќе биде сразмерна со нашите несебични дела, поттикнати од божествената љубов, зашто во планот на спасување Бог го воспоставил законот на акција и реакција.
Правењето на добро ги стимулира нервите. Секој зрак на светлина кој се расфрла на другите ќе се одрази на нашите сопствени срца. Секој љубезен и сочувствителен збор упатен на ожалостените, секој чин на олеснување на утетените, и секој дар со цел на задоволување на потребите на нашите ближни, а со тоа да се има на ум Божјата слава, ќе резултираат во благослови на дарителот. Оние коишто прават така го почитуваат законот на небото и ќе го примат Божјото одобрување. Задоволството на правење на добро на другите ќе им даде елан на чувствата кои пламтат низ нервите, ќе ја забрза циркулацијата на крвта и ќе го подобри менталното и физичкото здравје.
Секоја личност е извор на сопствената среќа. Животот во Христа е живот на спокој. Немирот, незадоволството и неспокојството го откриваат отсуството на Спасителот, Ако Исус се внесе во животот, тој живот ќе биде исполнет со добри и благородни дела за Учителот. Ќе ја заборавите службата за себеси и ќе живеете се поблиску и поблиску до драгиот Спасител; вашиот карактер ќе стане христолик, и сите останати ќе познаат дека сте биле со Исуса и дека сте учеле од Него.
Секој во себе поседува извор на сопствена среќа или несреќа. Ако сака, тој може да се издигне над ниските, сентиментални чувства кои го сочинуваат искуството на мнозина; но се додека е исполнет со себеси, Господ не може да направи ништо за него. Сатаната ќе му претстави амбициозни проекти за да ги збуни чувствата, но ние секогаш пред себе мораме да го имаме „белегот на горното призвание од Бога во Исуса Христа.” Натрупајте ги сите добри дела кои што можете во овој живот. „И разумните ќе сјајат како светила на небото, и оние што мнозина вратиле кон правда како ѕвездите, во век и засекогаш” (Даниел 12:3).
Најсилен човечки импулс. Библијата ни изложува во нашиот поглед непронајдени богатства и непроценливи ризници на небото. Човечкиот најјак импулс го поттикнува да ја бара сопствената среќа, и Библијата го признава ова и ни покажува дека целото небо ќе се соедини со човекот во неговите напори да стекне вистинска среќа. Таа го открива условот по кој пат се дава Христовиот мир на луѓето. Таа го опишува домот на вечната среќа и ведрина каде што никогаш нема да знаете за солзи и сиромаштво.
Христијанинот ужива во вистинска среќа. Ако постои некој кој навистина би требало постојано да биде благодарен, тогаш тоа треба да е Христовиот следбеник. Ако има некој кој ужива во вистинска среќа, дури и во овој живот, тогаш тоа е верниот христијанин.
Ние би требало да бидеме најсреќните луѓе на лицето на земјата, и да не се извинуваме на светот што сме христијани.
Пријател кој нема никогаш да изневери. Ова е Исус, животот на секоја благодет, животот на секое ветување, животот на секој благослов, Исус е суштината, славата и милиот мирис, самиотживот. „Јас сум Светлина на светот; кој врви по Мене, нема да оди по темнина, а ќе има светлина во животот.” (Јован 8:12) Тогаш царската патека подготвена за откупениците да одат по неа нема да биде обесхрабрувачка темнина. Нашето патување низ овој свет навистина би било осамено и болно да не е Исус, Исус вели: „Нема да ве оставам неутешени”. (Јован 14:18). Тогаш, да го собереме, секое забележено ветување. Да т повторуваме преку ден и да размислуваме за нив ноќе и да бидеме среќни.
Среќата не е самоволна. Исус сака да бидеш среќен, но тоа не може да биде кога имаш свој сопствен пат и т следиш импулсите на сопственото срце… Нашите гледишта, нашите особини, се потполно човечки и не смееме да им се подвладееме или им попуштаме. Своето јас мора да се распне, не тука и таму туку секојцневно, а физички, духовно и ментално мора да се потчинуваме на Божјата волја. Божјата слава, совршенството на христијанскиот карактер, мора да биде нашата мета, целта на нашиотживот. Христовите следбеници мораат да го пресликуваат Христа во карактерот… Слични на Христа е лозинка, не налик на својата мајка или татко, туку на Исуса Христа скриени во Христа, облечени со Христовата праведност, исполнети со Христовиот Дух.
Себичната среќа е нерамнотежна. Среќата која произлегува од себични побуди, надвор од патеката на должностите, е нерамномерна и поминлива; неаја снемува, а душата се исполнува со осаменост и тага; но во Божјата служба постои радост и задоволство. Христијанинот не е препуштен да оди по патеката на неизвесноста; тој не е препуштен на непотребни грижи и разочарувања. Ако ги немаме задоволствата на овој живот, ние и понатака можеме да се радуваме гледајќи на животот кој е одозгора.
Срцето во мир со Бога. На темелите на рушевините на многу домови лежи страста за докажување. Мажите и жените смислуваат и планираат да дојдат до средствата за да се покажат побогати од своите соседи. Но дури и ако успеат во оваа очајничка борба, тие не се вистински среќни. Вистинската среќа произлегува од срцето кое е во мир со Бога.
Љубовта носи среќа. Од световна точка на гледање, парите се моќ; но од христијанското гледиште, љубовта е моќ. Интелектуалната и духовната сила се вкпучени во ова начело. Чистата љубов посебно работи на правење добри дела и не може да работи ништо освен добро. Таа го спречува нередот и бедата, а донесува вистинска среќа. Богатството честопати е влијание кое расипува и уништува; силата е моќна да повреди; но вистината и добрината се својство на чистата љубов.
Златното правило гради среќа. „Се она што сакате да ви го прават луѓето, правете им го и вие“ (Матеј 7:12). Спасителот ги учел на ова начело за да го направи човештвото среќно; зашто среќата не може да дојде на ниту еден друг начин. Бог сака мажите и жените да живеат еден возвишен живот. Тој им го дава благодетот на животот, не да ги оспособи едноставно да стекнат богатства, туку да ја унапредат својата возвишена моќ со извршување на задачи кои Бог ги доверил на човештвото задачи на наоѓање и ублажување на потребите на своите ближни. Човекоттреба да работи не за своите сопствени себични интереси туку за интересите на секој околу него, благословувајќи ги другите со своето влијание и љубезни дела. Оваа Божја намера е нагласена во примерот на Христовиот живот.
Среќа во работа. Без оглед на тоа каква е нашата положба или колку се ограничени нашите можности, ние имаме задача која мораме да ја извршиме за Господа. Нашите способности се развиваат и созреваат преку користење. Со Божјата вистина која гори во душата, не можеме да безделничиме. Среќата која ќе ја искусиме низ работата ќе го надомести секој напор дури и во овој живот. Оние кои ја искусиле среќата како резултат на напор за самоодрекување во Христовата служба можат со разбирање да говорат за ова прашање. Таа радост е навистина толку чиста, толку длабока, што јазикот не може да ја опише.
Нашата среќа е среќа и на другите. Христос ја прави Својата црква прекрасен храм за Бога. Тој објавува: „Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив“ (Матеј 18:20). Неговата црква е пребивалиште на светиот живот, исполнета со различни дарови, и обдарена со Светиот Дух. Небото им наменува должности на секој член од црквата на земјата, сите треба да ја најдат својата среќа во среќата на оние на кои им помагаат и ги бпагословуваат,
Испомош за цел иот систем. Ако умот е слободен и среќен, од свеста за исправно постапување и чувството на задоволство во причинувањето среќа за другите, тоа создава ведрина која реагира на целиот систем, предизвикувајќи слободна циркулација на крвта и подигање на целото тело. Божјиот благослов е исцелителна сила и оние кои изобилно им помагаат на друтте ќе го разберат тој чудесен благослов во срцето и во животот.
Оние кои ја следат патеката на мудроста и светоста нема да се вознемируваат од залудното жалење над погрешно потрошените часови, ниту ќе се вознемируваат од затеченоста или ужасот на умот, како некои, доколку не учествуваат во празните и површни забави.
Среќата во досегот на нашиот дофат. Светот е полн со незадоволни духови кои ја превидуваат среќата и благословите кои им се на дофат и непрестано тежнеат за среќа и задоволство кои не ги разбираат. Тие напорно чекаат за некоја очекувана, далеку подобра поголема среќа од таа штоја имаат и секогаш се во состојба на разочарување. Тие негуваат неверство и неблагодарност во тоа што превидуваат благослови кои се наоѓааттокму на нивната патека. Обичните, секојдневни благослови наживотот не се добродојдени, како што била маната на децата Израелеви.
Забавите возбудуваат, но се одразуваат во депресија. Забавата го возбудува умот, но она што сигурно следи е депресијата. Корисната работа и физичката вежба ќе има поздраво влијание на умот и ќе ги зајакне мускулите, ќе ја подобри циркулацијата, и ќе се покаже како моќно средство во обновата на здравјето.
Барање на среќата на погрешен пат (совет на еден млад човек).
Пред една година ние работевме во твој интерес. Ми беа покажани твоите опасности, и ние посакувавме да те спасиме; но видовме дека немаш сили да ги спроведеш одлуките кои тогаш ги донесе. Вознемирена сум околу ова прашање… Додека бев во Батл Крик во јуни повторно ми беше покажано дека не си постигнал никаков напредок и дека причина е тоа што не си оставил чиста трага позади тебе. Ти не уживаш во религијата.
Си отстапил од Бога и од праведноста. Си барал среќа на погрешен пат, во забранетите задоволства; дали би имал морална храброст да ги признаеш и да ги напуштиш своите гревови за да најдеш милост.
Чистата совест и Божјото одобрување наспроти природните страсти и сетилното срце. Од какво добро Тој би не лишил? Тој би не лишил од привилегијата на оддавањего на телесните страсти на сетилното срце. Ние не можеме да се разгневиме тогаш кога сакаме и да одржуваме чиста совест и Божјо одобрување. Но ќе бидеме ли волни ова да го напуштиме? Дали попуштањето на расипаните страсти ќе не направи посреќни? Затоа што нема, нам ни се поставени овие ограничувања во тој поглед.
Нашето уживање нема да се зголеми со гневење и негување на изопачен карактер. Не е за наша среќа да го следиме стремежот на телесносто срце. И ќе станеме ли подобри ако им попуштиме? Не; тие ќе фрлат сенка на нашите домови и мртовечки покрив преку нашата среќа. Оддавањето на природните желби само ќе ја уништи конституцијата и ќе го искине системот на парчиња. Поради тоа Бог сака да го зауздаме апетитот, да ги контролираме страстите, и да го држиме во потчинетост целото битие. А Тој ни ветил дека ќе ни даде сила ако се зафатиме за оваа задача.
Го подобрува здравјето и долгиотживот. Храброста, надежта, верата, сочуството, љубовта, го подобруваат здравјето и го продолжуваат животот. Задоволниот ум, веселиот дух, е здравје за телото и сила за душата. „Веселото срце е како благотворен лек“ (Изреки 17:22).
Личноста чиј ум е мирен и задоволен во Бога е на пат кон здравјето.
Резултат на послушност кон физичките закони. Здравјето, животот, и среќата се резултат на послушност на природните закони кои управуваат со нашите тела. Ако нашата волја и пат се во скпад со Божјата волја и патишта; ако му угодуваме на својот Создтел, Тој ќе го сочува човечкиот организам во добра состојба и ќе ја обнови моралната, менталната и физичката моќ како би можел да работи низ нас за Себеси на слава. Неговата обновувачка сила постојано се манифестира во нашите тела. Ако соработуваме со Него на ова дело, здравјето и среќата, мирот и корисноста, се сигурни резултати.
Исцелување за инвалидите. Нека инвалидите работат нешто наместо да ги преокупираат своите умови со едноставна забава, која ги обезвреднува во сопствените очи и ги наведува да мислат дека нивните животи се бескорисни. Одржувајте ја будна моќта на волјата, зашто разбудената и правилно насочената волја е моќен смирувач за нервите. Инвалидите се далеку посреќни кога се запослени, а нивното опоравување полесно се постига.
Животот во природа и среќата (совет до една мајка). Вистина, нема да бидеш сосема слободна од неприлики и замрсени потешкотии во природата; но таму би одбегнала многу зло и би ја затворила вратата на поплавите од искушенија кои се закануваат да т надвладеат умовите на твоите деца. Ним им е потребно запослување и промена. Едноличноста на нивниот дом ги прави неспокојни и немирни, и тие паѓаат во навиката на мешање со порочните момчиња во градот, стекнувајќи на тој начин улично воспитување…
Живеењето во природа многу ќе им користи; активниот живот на отворено би го унапредило здравјето на умот и телото. Тие би требало да имаат бавча која ќе ја култувираат, каде што би нашле занимација и корисно запослување. Одгледувањето на билки и цвеќиња тежнее кон подобрување на вкусот и судот, додека запознавањето со Божјите корисни и убави креации има префинето и облагородувачко влијание врз умот упатувајќи ги на Творецот и Господарот на сите нешта.
Барање на „нашите права“. Оние кои ги сакаме може да постапуваат или говорат невнимателно, што може длабоко да не рани. Не била нивна намера тоа да го направат; сатаната ги зголемува нивните зборови и постапки пред умот, и така упатува една од своите стрели за да не прободи. Ние се прибираме за да го одбиеме оној кој мислиме дека не повредил, и правејќи така ние ги поттикнуваме сатанските искушенија.
Наместо да се молиме на Бога за сила за да го одбиеме сатаната, ние допуштаме среќата да ни се расипе обидувајќи се да го бранеме она што го викаме ,наши права’. На тој начин му дозволуваме на сатаната двојна предност. Ние ги покажуваме своите повредени чувства, а сатаната не користи како тајни агенти да т рани и да им нанесе болка на оние кои немале намера да не повредат.
Барањата на мажот може понекогаш да изгледаат неразумни за жената, додека кога мирно, и отворено би ја преиспитала работата, во што е можно поповолна светпост за него, би увидела дека напуштањето на сопствениот пат и покорувањето на неговиот суд, би ги спасило двајцата од несреќа и би им дала голема победа над сатанските искушенија.
Бог ја отстранува препреката кон среќата. Бог тежнее за нашата вистинска среќа. Ако нешто лежи на овој пат, Тој гледа најпрвин тоа да го отстрани. Тој ќе ги спречи нашите намери и ќе ги разочара нашите очекувања и ќе не донесе низ разочарување и искушение до познавање на себеси на она што навистина сме… Гревот е причина за сите наши јадови. За да имаме вистински мир и среќа на умот, гревот мора да се отстрани.
Некои не би биле среќни на небото. Кога оние коишто своите животи т поминале во бунт против Бога одненадеж бидат пренесени на небото и ја видат возвишената, светата состојба на совршенство кое таму постои секоја душа исполнета со љубов, отсјајот на радост од секое лице, восхитувачката музика со мелодичните тонови кои се подигаат во чест на Бога и Јагнето, и непрекинатиот блесок на светлина која тече на откупените од лицето на Оној кој седи на престолот; дали оние чии срца биле исполнети со омраза кон Бога, вистината и светоста, можат да се измешаат со небесното мноштво и да се соединат со песните на благодарност? Дали би можеле да ја поднесат славата на Бога и Јагнето? Не, не; години на проба им биледадени за да можатда ги обликуваат карактерите за небото, но тие никогаш не ги обучувале своите умови да ја сакаат чистотата; тие никогаш не го научиле јазикот на небото, а сега е предоцна.
Животот на бунт против Бога ги онеспособило за небото. Неговата чистота, светоста и миротза нив би претставувало мачење; Божјата слава би им била оган кој проголтува. Тие би копнееле да побегнат од тоа свето место. Уништувањето би им било добродојцено за да се сокријат од лицето на Оној Кој умрел за да ги откупи. Судбината на неправедните е запечатена со нивниот сопствен избор. Нивното исклучување од небото е доброволно од нивна страна, а праведно и милостиво од Божја страна.
Радосниот живот може да биде и твој. Сите треба да имаме доверба во Бога. Пробијте го својот пат низ сенката која сатаната ја фрла на вашата патека и прифатете ја раката на Исус, Моќниот. Твојот случај нека почива во Неговите раце. Нека вашата молитва биде: „Господе, Ти ја изнесувам својата молитва. Ти се доверувам Тебе, и барам благослов за кој Ти мислиш дека ќе биде за моја сегашна и идна корист и за мое вечно добро.” Кога ќе станете од своите колена, верувајте! Кога непријателот доаѓа со својата темнина, пејте за верата и зборувајте за верата, и ќе откриете дека сте пееле и говореле себеси во светлината.
„Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам радувајте се“ (Филипјаните 4:4). Оние кои ова го прават имаат радосен живот. Никаква нелагодност не доаѓа од нивните усни или атмосферата која ја опкружува душата, зошто тие не чувствуваат дека се подобри од другите. Сокријте се во Исуса Христа; тогаш Божјата вистина сето време ќе те подготви за идниот, бесмртен живот. Кога имаш доверба во Семожниот, твоето искуство не е позајмено; тоа е твое сопствено.
Зголемување на среќата низ вечноста. Кога преку Исуса влегуваме во спокојот, небото почнува овде. Ние одговараме на Неговиот повик: Дојдете и научете се од Мене‘ и така доаѓајќи ние го започнуваме вечниотживот. Небото е постојано приближување кон Бога преку Христа. Што повеќе сме во небесното бпаженство, се повеќе и повеќе ќе ни се отвора Божјата слава; и што повеќе осознаваме за Бога, поинтензивна ќе биде нашата среќа. Додека одиме со Исуса во овој живот, ние можеме да бидеме исполнети со Неговата љубов, задоволни со Неговата присутност.
Се што човечката природа може да носи, можеме да го примиме овде. Но што е тоа во споредба со она отпосле? Тие „се пред престолот на Бога, Кому Му служат во Неговиот храм и дење и ноќе; и Оној кој седи на престолот, ќе се всели во нив; и нема веќе да огладнат,ниту, пак, да ожеднат; нив нема да ги пече сонцето, и никаква горештина; бидејќи Агнецот, Кој е среде престолот, ќе ги пасе и води на живи извори водни, и Бог ќе им ја избрише секоја солза од очите нивни“ (Откровение 7:15,16-17).