Глава 8 Религијата и умот

Сподели го ова:

Христовата љубов го заживува целото битие. Христовата љубов го проткајува целото битие со својата животворна сила и ги обновува здравјето и силата на најважните животни органи силата на мозокот, срцето и нервите; таа ги поттикнува на работа највозвишените сили на човековото битие. Ја ослободува душата од вина и тага, од немир и грижа кои ги уништуваатживотните сили. А со неа доаѓаат спокојство и сталоженост; таа во душата буди радост која не може да ја уништи ништо земско радост во Светиот Дух, радост која донесува здравје и живот.

Христовото дело е да ги исцели оние кои се со скршено срце. – Божјата исцелителна сила ја проткајува целата природа. Ако дрвото е повредено, ако човечкото суштество е рането или скршило коска, природата веднаш почнува даја зацелува повредата. Дури и пред да се појави потреба, исцелителните сили се во состојба на готовност; и штом е повреден дел од телото, сите сили се посветуваат на делото на обновување. Така е и на подрачјето на духовното. Уште пред гревот да создаде потреба од тоа, Бог се погрижил за лек. Непријателот ја ранил и повредил секоја душа која попуштила пред искушението; но, каде што е гревот, таму е и Спасителот, Христовото дело е „да ги исцели скрушените по срце, да им проповеда на заробените ослободување,… да ги пушти на слобода напатените” (Лука 4:18).

Спасителовиот рецепт за умствените и духовните болести. Зборовите на нашиот Спасител: Дојдете кај Мене,… и Јас ќе ви дадам одмор“ (Матеј 11:28), претставуваат божествен рецепт за исцелување од физичките, менталните и духовните заболувања. И покрај тоа што луѓето, поради сопствените грешки, си навлекле страдања, Тој гледа кон нив со сомилост. Тие можат да најдат помош во Него. Тој ќе направи големи дела за оние кои веруваат во Него.

Евангелието наспроти науката и литературата. Науката и литературата не можат да внесат светлина во замрачените човечки умови како што може славното евангелие на Божјиот Син. Единствено Божјиот Син може да го заврши големото дело на расветлување на душата. Не е чудно што Павле извикал: „Не се срамам од Христовото евангелие: затоа што претставува Божја сила за спасение на секој кој верува” (Римјаните 1:16) Христовото евангелие станува лично обележување на оние кои веруваат и ги прави живи посланици, познати и читливи за сите луѓе. На овој начин квасецот на побожноста преминува во мноштвото. Небесните умови се способни да ги разликуваат вистинските елементи на карактерната големина и само добрината се цени како продуктивна кај Бога.

Само евангелието може да ги исцели злата кои се прокпетство за општеството. Единствен лек за гревовите и за жалостите на луѓето е Христос, Единствено евангелието на Неговата благодат може да го исцели злото што го мачи општеството. Неправдата на богатите кон сиромашните и омразата на сиромашните кон богатите имаат свој корен во себичноста, а себичноста може да се отстрани само со покорност на Христа. Само Тој може себичното срце полно со грев да го замени со ново срце полно со љубов. Христовите слуги нека го проповедаат евангелието, инспирирани со Духот кој дошол од небото, и нека го извршуваат делото што го извршувал Христос за благосостојба на луѓето. И тогаш ќе се покажат резултати благослов и издигнување на човештвото какви што никогаш не можеле да се постигнат со човечка сила.

Совршенство може да се постигне само преку хармоничен развој. Развојот на умот е должност која ја имаме кон себеси, кон општеството и кон Бога. Но ние никогаш не треба да измислуваме начини за развивање на интелектот по цена на моралот и духовноста, Крајно совршенство на менталните и моралните способности може да се постигнат само со хармоничен развој на тие способности.

Божествениот квасец го менува умот. Во параболата жената го ставила квасецот во брашното. Тоа било неопходно за да ја задоволи потребата… Така и божествениот квасец ја врши својата работа… Умот се менува, способностите се ставаат во движење. На човекот не му се даваат нови способности, туку оние кои тој ги има се посветуваат. Совеста која дотогаш била мртва, е разбудена. Но човекот не може сам да ја изврши промената. Таа може да се изврши само со Светиот Дух…

Кога нашите умови ги контролира Божјиот Дух, ќе ја сфатиме поуката на која не учи оваа парабола за квасецот. Оние кои ги отвораат срцата за да ја примат вистината ќе сфатат дека Божјиот Збор е најголемото средство во преобразувањето на карактерот.

Евангелската вистина дава постојана цел. Секој од нас треба да има длабок увид во учењето на Божјиот Збор. Нашите умови треба да бидат подготвени да ја издржат секоја проба и да го одбијат секое искушение, било да доаѓа однадвор или одвнатре. Ние мораме да знаеме зошто веруваме како што веруваме, зошто сме на Господовата страна. Вистината мора да стражари во нашите срца, подготвена да даде знакза узбуна и да не повика на акција против секој непријател. Силите на темнината ќе го отворат својот прикриен оган на нас, и секој кој е рамнодушен и безгрижен, кој се поврзал за своето земно богатство и кој не се грижел да ги разбере Божјите постапувања со Неговиот народ, ќе биде готова жртва. Ниедна сила освен спознавањето на вистината каква што е во Исуса никогаш не може да не прави постојани; но со неа човек може да гони илјада, и двајца да натераат во бегство десет илјади.

Предавајќи се себеси на Христос добиваме мир. Целата наша иднина почива на нашето лично дело во отворањето на нашето срце за примање на Кнезот на мирот. Нашите умови можат да најдат мир и одмор во и преку предавање на себеси на Христос, во Кого постои сила која дава резултати. Обезбедувајќи го тој мир, таа утеха, таа надеж, која Тој ја нуди на вашата душа, срцето ќе се развесели во Бога, нашиот Спасител, за големата и прекрасна надеж која ни е доделена како на личности кои го признаваат Големиот Дар. Тогаш ќе бидете толку благодарни така што ќе го фалите Бога за таа голема љубов и благодат која ја излеал врз вас.

Гледајте на својот Помошник, ИсусХристос. Посакајте мудобредојце и повикајте го Неговото милостиво присуство, Вашиотум од ден на ден ќе се обновува и наша должност е да прифатиме мир и одмор, издигнувајќи се над грижите, фалејќи го Бога за тие благослови. Не подигнувајте бариери од непосакувани работи за да го задржите Исус подалеку од својата душа. Променете го својот глас; не јадикувајте; изразете пофалби за големата Христова љубов која ни ја покажал и кој се уште ви ја покажува.

Пребивањето во Христос ни дава поттик. Ако дозволиме нашите мисли се повеќе да се занимаваат со Христос и небесниот свет, ќе најдеме силен поттик и поддршка во водењето на Господовите борби. Гордоста и љубовта кон светот ќе ја изгуби својата сила додека ја посматраме славата на подобрата земја која наскоро ќе биде наш дом. Покрај Христовата привлечност, сите земни атракции ќе изгледаат малку вредни.

Знаењето ги засилува умот и душата. Нам ни е потребно знаење кое ќе ги зајакне умот и душата, кое од нас ќе направи подобри мажи и жени. Воспитанието на срцето е далеку поважно од обичното проучување на книгите. Добро е, дури и многу важно, да имаме спознанија за светот во којживееме; Но ако ја испуштиме од предвид вечноста, ќе направиме грешка која никогаш нема да можеме да ја поправиме.

Умствено и духовно војување. Нашиот напредок во моралната чистота зависи од исправното мислење и исправното делување. „Не го осквернува човекот она што влегува во устата; туку она што излегува од устата го осквернува човекот.11 „Затоа што од срцата излегуваат лоши мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведочења, хулење на Бога. Ова е тоа што го осквернува човекот” (Матеј 15:11,19, 20)

Лошите мисли ја уништуваат душата. Божјата преобразувачка сила го менува срцето, ги префинува и прочистува мислите. Се додека не се направат одредени напори мислите да се насочат кон Христос, благодатта не може да се открие во животот. Умот мора да се вклучи во духовното војување. Секоја мисла мора да се потчини и да се доведе во послушност на Христа. Секоја навика мора да се доведе под Божја контрола.

Преокупација на умот, заштита од злото. Како заштита против злото, окупирањето на умот со она што е добро е многу поскапоцено од неброените законски и дисциплински забрани.

Расипаната фантазија произведува темнина. Ако окото на умот внимава на возвишеноста на тајната на побожноста, на предноста на духовното богатство над световното, целото тело ќе биде полно со светлина. Ако фантазијата е изопачена од привлечноста на светскиот сјај и раскош, додека добивката изгледа по Божја волја, целото тело ќе биде полно со темнина. Кога умствените способности ќе се сконцентрираат на земното богатство, тие се понижуваат и омаловажуваат.

Умот насочен кон Создателот, не кон самовоздигање. Кога на тоа начело (работење за Божја слава) би му се посветило поголемо внимание, какво што заслужува според својата важност, тогаш во сите начела на образованието би настанала коренита промена. Наместо да поттикнуваат горделивост, себична амбиција и натпреварувачки дух, учителите би се труделе да разбудатљубов кон доброто, кон вистината и внатрешната убавина би се труделе да создадат копнеж за совршенството… Наместо да биде насочен кон земните стандарди или да биде придвижен од копнежот за самовоздигнување, која сама по себе закржпавува и омаловажува, умот ќе биде насочен кон Создателот, за да го познава Него и да биде како Него.

Живата вода наспроти провалени кладенци. Исус ги познавап потребите на душата. Сјајот, богатството и честа не можат да го задоволат срцето. „Кој е жеден, нека дојде кај Мене.“ Богатите и сиромасите, возвишените и понижените, подеднакво се добредојдени. Тој ветува дека ќе го растовари обременетиот ум, дека ќе ги утеши жалосните и ќе им подари надеж на духовно обесхрабрените.

Мнозина од оние што го слушнале Исуса билежалосни поради неисполнетите надежи, мнозина негувале тајно жалост, мнозина копнееле да ги задоволат своите неуморни желби за работите на овој свет и за пофалбата од страна на луѓето; но кога го добиле сето тоа, утврдиле дека се труделе само за да стигнат до провален кладенец на кој не можат да ја згаснат својата жед. Среде блескотните, радосни сцени, стоеле незадоволни ижалосни.

Тогаш ненадејниот извик„Кој ежеден,” ги тргнал од нивното жалосно размислување и слушајќи ги зборовите што уследиле, во нивните души се запалила нова надеж. Светиот Дух пред нив ги изнесувал овие знаменија се додека во нив неја виделе понудата на непроценливиот дар на спасението.

Неопходно е единство помеѓу божественото и човечкото. Духот обезбедува сила која ја крепи душата за да се бори со сите опасности помеѓу многубројните непријатели, омразата во светот и сфаќањето на сопствените несовршености и грешки. Апсолутно е потребно единство помеѓу божествените и човечките напори, блиската врска на самиот почеток, на крајот и засекогаш со Бога, изворот на сета сила.

Сподели го ова:

Слични објави