Глава 33 Опасности со кои се соочуваат младите

Сподели го ова:

Навиките ја одредуваат судбината. Во детството и во младоста, карактерот е најпогоден да прима впечатоци. Тогаш треба да се стекне моќ на владеење со самиот себе. Крај огништето и крај семејната трпеза се врши влијание чијшто резултат е траен како вечноста. Повеќе од која било природна дарба, навиките стекнати во детството одлучуваат дали некој човек ќе биде победник или победен во животната борба. Младоста е време на сеидба. Таа ја одредува природата на жетвата за овој и за животот што ќе дојде.

Самодисциплина наспроти самопопуштање. Светот потонал во задоволување на своите желби. Заблудите и лагите вријат. Се умножуваат стапиците на сатаната за уништување на душите. Сите што сакаат совршена светост, во Божји страв мора да ја научат поуката на умереност и самосовладување. Повисоките сили на умот мора да ги потчинат желбите и страстите. Основа за стекнување на умни сили и духовна проникпивост е таа самодисциплина што ќе ни овозможи да ги разбереме и во живот да ги спроведеме светите вистини на Божјата реч. Поради тоа, умереноста наоѓа свое место во делото на подготовката за второто Христово доаѓање.

„Бдејте! Стојте цврсто во верата, бидете мажествени, бидете силни!“. Младите луѓе треба да имаат широки замисли, разумни планови, за да можат најдобро да ги искористат своите можности, да стекнат вдахновение и храброст какви што имале апостолите. Јован рекол: „Ви напишав млади, зашто сте силни и зашто Божјото слово пребива во вас и зашто го победивте лукавиот” (1. Јованово 2:14). Возвишен стандард им е претставен на младите, и Бог ги повикува да пристапат кон вистинска служба за Него. Младите со искрени срца кои уживаат во подучувањето во Христовите училишта можат да завршат големо дело за Господа ако само обрнат внимание на заповедта на Војводата која одекнува се до границите на нашето време: „Бидете мажествени, бидете силни!“(1. Коринтјаните 16:13).

Опасност од занемарување на обуката и посебната подготовка. – Младите луѓе кои сакаат да стапат во служба како проповедници или колпортери, најнапред треба да добијат пригоден степен на ментална обука и посебна подготовка за својот повик. Оние коишто се необразовани, неувежбани и непрофинети не се соодветни да стапат на полето во кое моќното влијание на талентите и образованието војуваат против вистината на Божјата реч; ниту пак можат успешно да ги дочекаат непознатите об-

лици на заблуди, религиозно и филозофски комбинирани, кои се изложуваат и кои бараат познавање како на научната, така и на вистината на Светото Писмо.

Брилијантноста не е гаранција за успех. Не е точно дека брилијантните млади луѓе секогаш постигнуваат најголеми успеси. Колку пати талентираните и образованите луѓе биле поставувани на доверливи места и се покажале неуспешни. Нивниот сјај изгледал како злато, но кога бил испробан, се покажало дека тоа е само бижутерија и метал. Тие го упропастиле својоттруд со неверството.

Тие не биле внимателни и истрајни и не оделе до крај во својата работа. Тие не биле спремни да почнат од дното на скалата, и со трпелива и тешка работа да се искачуваат од една скала на друга се додека не стигнат до самиот врв. Тие оделе по искрите кои самите ги распалиле. Не зависеле од мудроста којашто само Бог може да им ја даде. Нивниот неуспех не бил во тоа што тие немале можност, туку затоа што не биле доволно разумни. Тие не чувствувале дека нивните образовни предности биле вредни, и затоа немало таков напредок како што можеле да напредуваат во познавањето на религијата и науката. Нивниот ум и карактер не биле урамнотежени со возвишените принципи на правдата.

Незнаењето не е доблест. Научивте дека од најголема важност е да се стекне научно образование. Нема доблест во незнаењето, а знаењето нема неминовно да го успори христијанскиот развој, но ако го барате од принцип, имајќи пред себе вистинска цел и чувствувајќи обврска спрема Бога да ги искористите своите способности правејќи им добро на другите и промовирајќи ја Неговата слава, знаењето ќе ви помогне да ја постигнете таа цел; тоа ќе ви помоте да можете да ги покажете силите кои Бог ви гм дал и да гм употребите во Неговата служба.

Избирање на страната на неверието. Божјата реч ќе му суди на секого од нас во последниот голем ден. Младите луѓе разговараат за науката и се прават помудри од она што е напишано; тие настојуваат да ги објаснат Божјите дела и патишта за да ги задоволат своите ограничени разбирања, но сето тоа е само бедно промашување.

Вистинската наука е во совршена складност со вдахновението. Лажната наука е нешто независно од Бога. Тоа е вообразено незнаење. Оваа измамлива сила заробила многу умови, и тие попрво ја избрале темнината отколку светлината. Тие ја зазеле страната на неверството, како сомневањето да е доблест и знак за голем ум, додека пак вистинско обележје на умот е преслабост и ограниченост да се разбере Бог во Неговите создадени дела. Тие не би можеле да ја разберат таинственоста на Неговото провидение ниту тогаш кога би проучувале со сета своја сила до крајот на животот. И затоа што Божјите дела не можат да им се објаснат на ограничените умови, сатаната ги внесува своите лажни учења, им ги наметнува и ги заплеткува во мрежите на неверството. Кога овие сомнежливи луѓе би стапиле во поблизок однос со Бога, Тој би им ги појаснил своите намери според нивното разбирање.

Разорната моќ на сомнежот. За сомнежот или скептицизмот нема оправдување. Бог дал доволно материјал да ја утврди верата на сите луѓе ако сакаат да се одлучат според тежината на доказите. Но ако чекаат да се отстрани секоја видлива примедба пред нивната вера, таа никогаш нема да остане да пребива, да се вкорени и да се втемели во вистината. Бог никогаш нема да ги отстрани сите видливи потешкотии од наша патека. Оние кои сакаат да се сомневаат ќе најдат прилика за тоа; оние кои сакаатда веруваатќе најдатдоволно докази врз основа на кои ќе ја формираат својата вера.

Ставот на некои луѓе е необјаснив, дури и за самите нив. Тие пловат без сидро, талкајќи во маглата и неизвесноста. Сатаната набргу го презема кормилото и го води нивниот несигурен брод каде што ќе посака. Тие и се предаваат на неговата волја. Да не го слушале сатаната, овие умови не би биле измамени од неговите лагм; да се сгавеле на Божјата страна не би биле збунети и несигурни.

Пропуст во стекнувањето знаење за практична употреба. Но, момчиња, ако секојдневно стекнувате многу знаење, а сепак пропуштате практично да го примените, сте ја промашиле својата цел. Ако во стекнувањето образование станете толку опседнати со своите студии што ја занемарувате молитвата и верските привилегии и станувате рамнодушни спрема благосостојбата на своите души, ако престанете да учите во Христовото училиште, вие го продавате својоттруд за чинија чорба. Целта заради која го стекнувате образованието ниту за момент не треба да се губи од вид. Тоа би требало така да ги развие и насочи вашите способности за да можат да бидат од што поголема корист и благослов на другите до крајните граници на вашите способности.

Ако стекнувајќи знаење ја зголемувате љубовта кон себе и тежнеете да се изземете од носење на одговорности, подобри сте и без таквото образование. Ако ги сакате и идолизирате книгите, и им дозволувате да се испречат меѓу вас и вашите должности, така што чувствувате неволност да ги оставите своите студии и од своето читање направите најважна работа која некој друг мора да ја врши, би требало да ја воздржите својата желба за проучување и развивање љубов за правење на оние нешта за кои сега немате никаков интерес. Оној кој е верен во најмалку, ќе биде исто така верен и во она што е многу.

Злата што ги носи физичката неактивност и претераната ментална активност. Целото тело е создадено да дејствува; и, ако физичките сили со активно вежбање не се одржуваат во здрава состојба, ни умствените сили нема да можат долго време да се користат со полн капацитет. Физичката неактивност, која е навидум речиси неизбежна во училницата, проследена со друт нездрави околности ја претвора училницата во непријатно место за децата, особено за оние со послаба конституција… Не е ни чудо што во училниците толку често се поставуваат темели на болестите што траат цел живот. Мозокот, најнежниот од сите органи на телото, органот од кој целото тело ја црпи нервната сила, трпи најголеми штети. Принуден на преуранета или претерана активност, и тоа под нездрави околности, тој слабее, а лошите последици често трајно се чувствуваат.

Избегнување на бремето и напорната работа (искуство на две млади момчиња). Овие момчиња имаат должности во домот кои тие ги занемаруваат. Тие не научиле да ги преземаат своите должности и да ги носат домашните одговорности кои всушност се нивна обврска. Тие имаат верна, вредна мајка, која понела многу товар што нејзините деца не смееле да дозволат да го носи. Така тие пропуштиле да покажат почит кон својата мајка. Тие не ги споделувапе товарите на својоттатко како што тоа должноста налагала, и занемариле да му укажат должна почит. Тие повеќе ја следат склоноста отколку должноста.

Тие следеле себичен курс во своите животи, избегнувајќи ги товарите и напорната работа, и така пропуштиле да стекнат вредно искуство од коешто не би смееле да се лишуваат ако сакаат да успеат во животот. Тие не ја чувствувале важноста да бидат верни во малку, ниту пак чувствувале обврска кон родителите да бидат точни, целосни и верни во скромните, мали животни должности кои лежат на нивниот пат. Тие ги запоставуваат општите гранки на знаење, кои се неопходни за практичен живот.

Рекреација наспроти забава. Постои разлика помеѓу рекреација и забава. Рекреацијата, кога е навистина она што значи нејзиното име (повторно создавање или обновување), јакне и изградува. Одделувајќи не од нашите вообичаени грижи и занимања, таа овозможува освежување за умот и телото и така не оспособува со нова сила да и се вратиме на сериозните животни обврски. Забавата, од друга страна, се бара заради уживање и во неа често се претерува; таа ја троши силата наменета за полезна работа и така станува пречка за вистински успех во животот.

Бесмислена радост. Нашата рекреација не треба да биде бесмислената радост, земајќи облик на глупост. Мораме да ја спроведеме на таков начин што ќе донесе корист и ќе ги воздигне оние со кои се дружиме, да не оспособи и нас и нив поуспешно да се соочиме со должностите кои ни се наметнуваат како на христијани.

Модерен танц. Со Давидовото играње, кое било израз на радост и стравопочит пред Бога, многу љубители на задоволствата денес го правдаат современиот, модерен танц, но тој доказ нема основа. Денешното иг-

рање е поврзано со лудости и ноќни пијанчења. На таквото задоволство му се жртвуваат и здравјето и моралната чистота. За оние што посетуваат сали за балови Бог не е предмет на размислување и стравопочит; молитвите и пеењето во тие кругови би се сметале за неумесни. Задоволствата што можат да ја намалат нашата љубов кон она што е свето и возвишено и радоста штоја чувствуваме служејќи му на Бога -такви задоволства христијаните не треба да сакаат. Музиката и играта при радосното фалење на Бога при пренесувањето на ковчегот немаат никаква сличност со денешните разуздани игри. Во таа пригода со музиката и играта е покажуван стремежда се слави Бог и да се велича Неговото свето име. А модерните игри не се ништо друго освен лукавство на сатаната пресметано на тоа луѓето да го заборават Бога и да се обесчести Неговото име.

Барање задоволства во забави и во угодување на себеси. Не- пријателот на многу начини настојува да ни ги одврати умовите од проучување на Словото. Тој мнозина наведува да ја бараат својата сатисфакција во забавите и задоволствата кои изгледаат привлечни за телесниотум. Но искрените Божји деца не ја бараат својата среќа во овој свет; тие тежнеат кон трајна радост на домот во вечниот град каде што се наоѓа Христос, и каде што откупените ќе ја примат наградата за послушност на Божјите барања. Тие не ги сакаат минливите и евтини задоволства во овој живот, туку го бараат трајното блаженство на небото.

Глупави мисли и бесмислени разговори. Зошто не ги држите своите умови насочени на неистраженото Христово богатство за да можете и на другмте да им т покажете скапоцените вистини?… Ова е невозможно да го правиме се додека се пропуштаме на лекомислен, немирен дух, постојано барајќи нешто што ќе не забавува и ќе предизвикува глупава смеа… Ние треба да го чуваме нашиот ум од вакви нешта, кога имаме неистражени богатства за себе. Ќе ни биде потребна цела вечност да го сфатиме богатството на Божјата слава и славата на Исуса Христа.

Но умовите кои се окупирани со лекомислено читање, возбудливи приказни, или потрага за забава не пребиваат во Христа и не можат да и се радуваат на полнотата на Неговата љубов. Умот кој наоѓа задоволство во глупави мисли и бесмислени разговори е лишен од радоста во Христа како што Гелвујската долина била лишена од роса и дожд.

Вртлог на возбуди. Денешните градови многу брзо стануваат како Содом и Гомор. Празниците се многубројни; вртлогот на возбуди и задоволства одвлекува илјадници од мирните животни должности. Возбудливи спортови посети на театри, коњски трки, коцкање, конзумирање на алкохол и уживање ја поттикнуваат секоја страст на акција.

Младите се збришани од популарната струја. Оние коишто се учат да ја сакаат забавата заради свое сопствено задоволство ја отвораат вратата на поплава од искушенија. Тие им се предаваат на општествените текови и на бесмислената радост. Тие одат од еден вид раскалашеност во друг се додека не ја изгубат и желбата и способноста за корисен живот. Нивните верски аспирации оладуваат; нивниот духовен животтемнее. Сите поблагородни способности на душата, се што го поврзува човекот со духовниот свет, станува унижено.

Забави на задоволства. Мнозина дозволуваат младите да посетуваат забави на задоволства, мислејќи дека забавата е важна за здравјето и среќата; но какви само опасности демнеат на тој пат! Колку повеќе се задоволува желбата за задоволство, се повеќе се развива и станува појака. Таквотоживотно искуство во голема мера е составено од самозадоволување низ забава. Бог ни заповедал да се чуваме. „Кој мисли дека стои, нека внимава да не падне” (1. Коринтјаните 10:12).

Оласност од лекомисленост. Само еден пример им е даден на младите, но какви се нивните животи во споредба со Христовиот? Чувствувам возбуда затоа што сум сведок на сеприсутна лекомисленост на младите мажи и жени кои исповедаат вера во вистината. Изгледа дека Бог не е во нивните мисли. Нивните умови се исполнети со глупости. Нивните разговори се само празен, залуден говор. Тие немаат изострен слух за музика, и сатаната знае како да го возбуди и привлече, да го освои и да го шармира умот така што Христос станува непожелен. Потребен е духовен копнеж на душата за божествено знаење, за раст во благодатта.

Попустливоста го лишува умот од неговата сила. Истиот Сведок кој го забележал Валтазаревото сквернавење присутен е и со нас каде и да појдеме. Млади момчиња, девојки, можеби и не сфаќате дека Бог ве набљудува; можеби се чувствувате слободни кога го искажувате нагонот на своето телесно срце, чувствувате дека можете да се предавате на лекомислености и глупости, меѓутоа за сето тоа ќе морате да одговарате пред Оној, Кој вели: „Ги знам твоите дела.“

Секакви задоволства го закржлавуваат умот. Како што брзото јадење на овоземната храна му штети на физичкото здравје, така и гладното голтање на се што има изглед на задоволство е штетно за умот, го наведува да ја одбие духовната храна која му се нуди. Умот се воспитува да копнее за задоволство исто како што и пијаницата копнее за алкохол. Се чини дека е невозможно да се одбие искушението. Трезвеното размислување е непријатно затоа што потребата не е задоволена. Нема ништо угодно во замислата за читање и проучување на зборовите на вечниот живот.

Опасни забави. Секоја забава која не онеспособува за тајна молитва, за посветување пред молитвениот олтар, или за учествување на молитвените состаноци не е сигурна, туку опасна.

Удоволувањето на апетитот му штети на здравото тело и душа. – Размислуваш ли, млад човеку, дека во изборот на своите начелни акции и во подредувањето на својот ум на влијанија, го формираш својот карактер за вечноста? Не можеш ништо да сокриеш од Бога. Ти можеш да ги практикуваш лошите навики во тајност, но тоа не е скриено од Бога и од ангелите. Тие т гледааттие работи и ти мораш повторно да се сретнеш со нив. Бог не е задоволен од тебе; мораш да бидеш многу понапреден во духовното знаење отколку што си сега.

Со сите привилегии и прилики кои ти ги дал Бог, ти немаш соодветни дела. Ти си обврзан кон другите, а должноста која непотполно се сфаќа ќе биде непотполно објавена. Ќе има грешки и заблуди кои не само што ќе ти наштетат на тебе самиот, туку и ќе помогнат во зацврстувањето на лоши навики кај другите. Ти имаш навики на апетит на коишто им попушташ не само на штета на твоето тело туку и на душата. Твоите навики биле неумерени, спрема навиките и обичаите во светот, а твоето здравје оштетено оддавајќи им се на желбите. Мозокот се замрачил, а ти веќе никогаш нема да имаш чисти мисли додека твоите навики и пракса не ги ускладиш со Божјите закони во природата.

Избегнувајте искушенија. Избегнувајте втурнување во искушение. Кога ќе ве опколат искушенија, и не можете да ги контролирате околностите на кои сте изложени, тогаш можете да се повикате на Божјото ветување и со доверба и свесна сила да извикате: „Се можам преку Христос кој ми дава сила“ (Филипјаните 4:13). За сите вас постои сила во Бог. Но никогаш нема да ја почуствувате потребата за таа сила која единствено може да ве сочува доколку не ја чувствувате сопствената слабост и грешност.

Исус, вашиотдрагСпасител, сега ве повикува одлучно да го заземете своето место на платформата на вечната вистина. Ако страдате со Него, Тој ќе ве круниса со слава во Своето вечно царство. Ако сте во состојба да жртвувате се заради Него, тогаш Тој ќе ви биде Спасител. Но ако изберете сопствен пат, ќе одите во темнина додека не биде доцна да се осигура вечната награда.

Негувајте вистинска амбиција. Сакајте го правилното бидејќи тоа е правилно, и анализирајте ги своите чувства, своите впечатоци во светлината на Божјата Реч. Погрешно насочената амбиција ќе ве одведе во жалост исто толку сигурно како и да и се предавате. Се обидувам да најдам соодветни зборови и изрази кои одговараат на овој предмет, и додека моето перо се тетерави за момент, ми дојдоа на ум соодветни зборови. Би сакала да ме сфатите.

Негувајте амбиција која ќе му донесе слава на Бога затоа што неа ја посветува Светиот Дух. Нека светото масло, кое доаѓа од две маслинови гранки, се запали со свет сјај на олтарот на вашите души. Делото на овие маслинови гранки го претставува најбогатиот дар на Светиот Дух.

Сподели го ова:

Similar Posts