Глава 52 Депресија

Сподели го ова:

Многу болести се последица на менталната депресија. Задоволниот ум, веселиот дух, се здравје на телото и сила на душата. Ништо друго не е толку голема причина за болест како депресијата, потиштеноста и тагата.

Многу болести од кои луѓето страдаат се последица на менталната депресија.

Отстранувањето на депресијата го забрзува заздравувањето. – Затоа што Божјата љубов е толкава и така сигурна, болните треба да се охрабрат да имаат доверба во Него и да бидат весели. Загриженоста за себе тежнее да предизвика слабост и болест. Кога би се воздигнале над депресијата и потиштеноста, нивниот изглед за оздравување би бил подобар; бидејќи: „окото Господово е над оние… кои се надеваат на Неговата милост“ (Псалм 33:18).

Депресија предизвикана од железното достоинство. Некои се држат со ладна резервираност и железно достоинство кое ги одбива оние кои доаѓаат во сферата на нивното влијание. Овој дух е заразен; тој создава атмосфера која ги гуши добрите побуди и добрите одлуки; тоа ја гуши природната струја на човечкото сочувство, срдечност и љубов, и под таквото влијание луѓето стануваат напрегнати, а нивниот друштвен живот и благородните атрибути се уништуваат заради недостаток на вежби.

Не само што е погодено духовното здравје туку и физичкото здравје страда од оваа неприродна депресија. Потиштеноста и ладнокрвноста на оваа недруштвена атмосфера се одразува на лицето. Лицата на оние кои се добродушни и чувствителни зрачат со сјај на вистинска добрина, додека оние кои не негуваатљубезни мисли и несебични мотиви на своето лице го покажуваат чувството кое го негуваат во срцето.

Ментална депресија од слабо проветрени простории. Последиците предизвикани од живеење во затворени, лошо проветрени простории се следните: системот станува слаб и нездрав, циркулацијата се сузбива, крвта се движи бавно низ системот бидејќи не е прочистена и оживотворена со чист, освежувачки небесен воздух. Умот станува депресивен и потиштен, додека целиот систем малаксува, и станува подложен за добивање на грозница и други акутни болести.

Депресијата и тмурноста последици на недостаток на кислород.

На белите дробови треба да им се дозволи најголема можна слобода.

Нивниот капацитет се развива со слободно дејствување; таа се смалува ако се стегаат и притискаат. Оттука сите тие лоши последици од вообичаените активности, најмногу во седечките занимања, од подгрбавеност при работата. Во таа положба не е можно длабоко дишење. Плиткото вдишување набрзо станува навика, а белите дробови ја губат својата моќ да се шират…

На тој начин се прима недоволна количина на кислород. Крвта бавно тече. Штетните, отровни работи, кои со издишувањето би се исфрлиле од белите дробови, се задржуваат и крвта станува нечиста. Не само белите дробови, туку и желудникот, црниот дроб и мозокот се погодени. Кожата станува болежливо жолта, варењето е отежнато; срцето депресивно, мозокот замаглен, мислите збунети; тмурноста го притиска духот; целисгг организам станува депресивен и неактивен, и посебно подложен на болест.

Правилната респирација ги смирува нервите. За да имаме добра крв, мораме правилно да дишеме. Полни, длабоки вдишувања на чист воздух, кои ги полнат белите дробови со кислород, ја прочистуваат крвта. Тоа и дава светла боја и ја праќа, какоживотворна струја, во секој дел од телото. Правилното дишење гм смирува нервите, отвора апетит и го усовршува варењето; и поттикнува здрав, освежувачки сон.

Водената болест и болеста на срцето тежнеат да ја потчинат Елена Вајт. Болеста тешко ме притиска. Со години бев погодена со водена болест и болест на срцето, кои тежнееја да ми го подјадат духот и да ја уништат мојата вера и храброст.

Позајмената сила резултира во депресија. Низ неумереност која започнува во домот, виталните органи прво ослабнуваат и наскоро обичната храна не го задоволува апетитот. Се воспоставува нездрава состојба, и се јавува желба за стимулативна храна. Чајот и кафето предизвикуваат моментален ефект. Под влијанието на овие отрови нервниот систем се возбудува; и во некои случаи за извесно време интелектот изгледа поткрепен, а фантазијата побујна. Затоа што овие стимуланси произведувааттака пријатни последици, многумина заклучуваат дека навистина им се потребни, но секогаш постои реакција.

Нервниот систем позајмува сила за сегашната потреба од своите идни ресурси, и сета привремена свежина е следена со соодветна депресија. Ненадејното олеснување по чајот или кафето е доказ дека она што изгледа како сила само нервно возбудува, а сходно на тоа мора да биде штетно по организмот.

Строгата ладнокрвност во бракот предизвикува депресија. Кога ја оженивте својата сопруга таа ве сакаше. Беше многу чувствителна, сепак низ труд од ваша страна и духовна храброст од нејзина страна, нејзиното здравје не требаше да биде овакво какво што е. Но вашата тврда ладнокрвност ве направи како леден брег, замрзнувајќи ги каналите на љубовта и приврзаноста. Вашите укори и наоѓање на мани беа како град кој опустошува една чувствителна билка. Вашата љубов кон светот ги уништи добрите црти на вашиот карактер.

Вашата сопруга е поинаква и повеликодушна. Но кога дури и во мали работи ги искажуваше своите великодушни чувства, вие чувствувавте пречка во своите чувства и ја прекорувавте. Искажувавте строг и непријателски дух. Сте предизвикале чувства кај својата сопруга дека таа е само бреме, тежина, и дека нема право даја покажува својата великодушност на ваша сметка. Сето ова беше со таква обесхрабрувачка природа така што таа се чувствуваше безвредно и беспомошно без сила да се носи со тоа, па се наведна по силата на притисокот. Ако нејзиниот брачен живот и бил пријатен, би имала добро здравје. Но низ целиот ваш брачен живот демонот беше гостин во вашето семејство и ликуваше над вашата беда.

Депресијата понекогаш резултира од сексуално претерување. – Многу семејства се во најнесреќна состојба затоа што сопругот и таткото дозволува она животинското во неговата природа да доминира над интелектуалното и моралното. Последица е често чувство на тромост и депресија, меѓутоа ретко се претпоставува дека тоа е резултат на нивниот сопствен неисправен начин на постапување. Ние сме под свечена обврска да го чуваме духот чист, а телото здраво, за да можеме да бидеме од корист на човештвото и да извршуваме совршена служба на Бога.

Апостолот ги изговара овие зборови на предупредување: „Затоа да не царува гревот во вашето смртно тело, за да ги слушате страстите негови” (Римјаните 6:12). Тој не поттикнува зборувајќи ни дека „секој кој се бори од се се воздржува” (1. Коринтјаните 9:25). Тој ги повикува сите кои се нарекуваат христијани да ги понудат своите тела за „жива жртва, света и прифатлива за Бога“ (Римјаните 12:1). Тој вели: „Го совладувам своето тело и го донесувам во потчинетост, та јас кој им проповедав на другите, да не бидат самиот непожелен” (1. Коринтјаните 9:27).

Привремена депресија може да го следи успехот. Реакција каква што често ја следи големата вера и славен успех го притискала Илија. Тој се плашел дека реформата која започнала на Кармил нема да потрае, и го обзела депресија. Тој бил воздигнат до врвот Фазге, а сега се наоѓал во долина. Додека бил под вдахновение на Семоќниот, ги поднел и најголемите искушенија на верата, но во овој момент на обесхрабрување под закана на Језавела која му одѕвонувала во ушите и сатаната кој се уште навидум преовладувал низ заканата на оваа жена, тој ја изгубил поддршката од Бога. Бил воздигнат преку мерка, и реакцијата била страшна.

Контрола на депресивен ум. Мајката можело и требало да направи многу во поглед на контрола на своите нерви и ум кога се депресивни; дури и кога е болна, може, само ако се научи себеси, да биде пријатна и весела и да поднесува многу повеќе врева отколку што мислела дека е можно. Таа не треба да дозволи децата да ги почувствуваат нејзините слабости и да ги помрачи нивните млади и чувствителни умови со депресивен дух, предизвикувајќи да чувствуваат дека куќата е гробница а мајчината соба најмрачно место на овој свет. Умот и нервите стекнуваат држење и сила со практикување на волјата. Силата на волјата во многу случаи ќе се покаже како моќен смирувач на нервите.

Две крајности во однесувањето. Оние кои не чувствуваат дека верска должност им е да го дисциплинираат умот да се занимава со весели теми, обично се наоѓаат во една од двете крајности; тие ќе бидат водушевени од постојаниот круг на возбудливи забави, одавајќи се на површни разговори, смеење и шегување; или ќе бидатдепресивни, имајќи големи неволји и ментални судири, кои тие мислат дека малкумина т имаат доживеано или можат да ги разберат. Овие луѓе можат да исповедаат христијанство, но ги мамат сопствените души.

Охрабрувачка или обесхрабрувачка сила на печатените страници.

Мојот сопруг неуморно работеше да го донесе издавачкиот интерес до неговата сегашна состојба на просперитет. Забележав дека имаше повеќе сочувство и љубов од своите браќа, отколку што мислеше дека има. Тие упорно го пребаруваа весникот со цел да пронајдат нешто напишано од него. Кога во напишаното од него постоеше тон на веселост, кога охрабрувачки зборуваше, нивните срца беа осветлени, а некои дури и плачеа со нежни чувства на радост. Но ако беа изразени потиштеност и тага, изразите на лицата на неговите браќа и сестри, додека читаа, стануваа тажни, а духот кој ги карактеризираше неговите мисли се одразуваше на нив.

Обесхрабрениот човек е товар самиот на себе (совет до медицински студенти). Пред себе имав прикажан факт дека во вашиот кпас во здравствено мисионерското училиште има такви на кои првата задача треба да биде да се сфатат самите себе, да ја пресметаат цената, и да знаат кога да започнат со градењето и дали се во состојба да ја завршат. Немојте да го обесчестите Бога кршејќи го човекот во процесот на образование; бидејќи скршен, обесхрабрен човек е тежина на самиот себе.

Да се мисли дека во било која работа која човекот планира да ја врши, Бог ќе му даде поддршка, додека се претрпува себеси со студии, и се подложува на впечатоци кои го доведуваат во опасност здравјето и животот кршејќи ги природните закони, спротивно е на светлината која ја дал Бог. На природата ништо не може да и се наметне. Таа не ја простува штетата која се прави на таа прекрасна, деликатна машинерија.

Безгрижноста покриена под маската на дрската храброст. Детето кое често се прекорува за некоја посебна мана, почнува да ја смета таа мана како своја особина, нешто против што е напразно да се бори. На тој начин се создава обесхрабреност и безнадежност, често прекриени под изглед на незаинтересираност или дрска храброст.

Победата чини напори (совет на едно семејство). Вие можете да бидете среќно семејство ако сакате да го правите тоа што Бог ви го дал да го правите и ви го поставил како задача. Но Господ нема да го направи тоа што ви го остави вие да го направите. Братот С заслужува сожалување. Тој толку долго се чуствуваше несреќен, така што животот му станал тежина. Тоа не мора да биде така. Неговата фантазија е болна, и предолго ги задржуваше своите очи на таа мрачна слика дека ако се соочи со непогодите или разочарувањата, тој замислува дека се ќе отиде во пропаст, дека ќе се најде во сиромаштија, дека се е против него, дека му е најтешко од другите, и на тој начин животот му стана беден. Колку повеќе така размислува, толку повеќе својот живот и животот на оние околу себе го прави победен.

Тој нема причина да се чувствува така; сето тоа е дело на сатаната. Тој не смее да му дозволи на непријателот така да го контролира неговиотум. Тој треба да се отргне од тие мрачни и несреќни слики кон онаа на саканиот Спасител, на небесната слава, и богатото наследство подготвено за сите кои се понизни и послушни и кои имаат благодарни срца и постојана вера во Божјите ветувања. Тое ќе го чини напори, борба; но тоа мора да се направи. Вашата сегашна среќа и вашата иднина, вечна среќа зависи од насочувањето на умот на весели работи, одвраќајќи го погледот од мрачната слика, која е замислена, кон добрата кои Бог ги посеал на вашиот пат, и над тоа, кон невидливото и вечното.

Плодови на мрачните претчувства. Вашиот живот сега е беден, полн со лоши претчувства. Мрачни слики се отцртуваат пред вас; ве опкружува темнината на неверие. Зборувајќи на страна на неверието вие станувате се помрачни и помрачни; наоѓате задоволство занимавајќи се со непријатни теми. Ако други се обидуваат да зборат надежно, вие го кршевте во нив секое чувство на надеж зборувајќи посериозно и построго. Вашите искушенија и неволји секогаш одржувале пред вашатажена болна мисла дека ја сметате како тежина заради нејзината болест. Ако го сакате мракот и очајот, зборувајте за него, занимавајте се со нив, ранувајќи ја својата душа, оживувајќи во фантазијата се што може да ве наведе да негодувате против своето семејство и против Бога, и срцето нека ви е како поле низ кое поминал пожар, уништувајќи се што е зелено и оставајќи го суво, поцрнето и испечено.

Надминување на емоционалните нестабилности. Вие припаѓате на семејство која има недоволно урамнотежени умови, мрачни и депресивни, подложни на околината, и приемчиви за впечатоци. Доколку не негувате весела, среќна, благодарна структура на умот, сатаната на крајот

ќе ве потчини на својата волја. Вие можете да бидете помош, сила на црквата каде што живеете, ако сакате де се покорувате на Господовите упатства не работејќи по чувства, туку да сте контролирани по принципи. Никогаш не дозволувајте прекарот да ви избега од уста бидејки тоа е како опустошувачки град на оние околу вас. Весели, среќни, љубезни зборови нека паѓаат од вашите усни.

Нема потреба за робување на депресијата. Запаметете дека во вашиот живот верата не треба да биде само едно влијание помеѓу останатите. Таа треба да биде влијание кое доминира над останатите. Бидете строго умерени. Одбивајте го секое искушение. Не правете отстапки на итриот непријател. Не слушајте ги сугестиите кои тој ги става во усните на мажите и жените. Морате да ја добиете победата. Морате да стекнете благороден карактер; но тоа не можете да го постигнете додека сте депресивни и обесхрабрени од неуспехот. Скршете го обрачот со кој сатаната ве заврзал. Нема потреба да му бидете роб. „Вие сте мои пријатели“ рекол Христос „ ако го правите тоа што ви го заповедав“.

Лек предложен на проведникот кој страдал од депресија. Вие треба внимателно да работите и да имате периоди за одмор. Правејќи така ќе ја повратите својата физичка и ментална свежина и ќе ја направите својата работа многу поефикасна. Брате Ф, вие сте нервозен човек и многу работи ги правите нагонски. Менталната депресија многу дејствува на вашата работа. Повремено чувствувате недостатокна слобода и мислете дека тоа е затоа што другите се во темнина или се во грешка, или дека работата е во нешто друго, тешко можете да кажете што, и се насочувате (вербално, нападно излевање) некаде или на некого, што е подложно да направи голема штета. Кога само би се смириле во оваа несмирена, нервозна состојба, тивко и со сигурностчекајќи на Бога и прашувајќи се дали проблемот е во вас самите, би се поштедиле од ранување на сопствената душа и ранување на драгоценото Божјо дело.

Занимавање со непријатностите. Кога гледате беззаконие насекаде околу вас, тоа ве прави се порадосен што Тој е ваш Спасител, а ние Негови деца. Значи сакаме ли да гледаме на беззаконието околу нас и да пребиваме на мрачната страна? Не можете тоа да го излечите; тогаш зборувајте за нешто што е повозвишено, подобро, поблагородно…

Значи можеме да слеземе во подрум, да останеме и да погледнеме во мрачните агли и тогаш да зборуваме за темнината и да речеме: „О, овде е толку мрачно“ и да го продолжиме разговорот за тоа. Но дапи така ќе стане посветло? О, не! Што ќе направите? Излезете од него, излезете од мракот во горната соба каде што зрачи светлост од Божјото лице.

Вие знаете дека нашите тела се направени од храна која е асимилирана. Значи, исто е и со нашите умови. Ако умот не се занимава со непријатни работи во животот, нема да имаме никаква надеж, туку треба да

се занимаваме со пријатни сцени од небото. Павле зборува: „Нашата лесна сегашна неволја ни носи вечна и од се преголема слава” (2. Коринтјаните 4:17).

Христово сочувство (охрабрување на христијанка која страдапа од депресија). Моја драга стара сестро, многу сум тажна што сте болни и страдате. Но држете се за Оној којшто сте го сакале и на кој со години му служевте. Тој го даде Својот живот за светот, и Тој го сака секој кој верува во Него. Тој сочувствува со оние кои страдаат притиснати со болест. Тој ја чувствува секоја болка и духовна агонија која ја чувствуваат Неговите сакани, Само одмарајте во Неговите раце и знајге дека Тој е ваш Спасител, и ваш најдобар пријател, и никогаш нема да ве остави ниту напушти. На Него сте се потпирале многу години, и вашата душа може да почива во надеж.

Вие ќе пристапите со другите верници кои верувале во Него, да го фалите со триумфален глас. Се што се очекува да сторите е да почивате во Неговата љубов. Немојте да се фижите. Исус ве сака, и сега кога сте слаби и страдате, Тој ве држи во Своите раце, исто како што нежен татко го држи малото дете. Имајте доверба во Оној во кој верувавте. Зар не ве сакаше Тој и се грижеше за вас низ целиот ваш живот. Само одмарајте се во скапоцените ветувања кои ви се дадени.

Не отворајте пат на депресијата. Ноќе разговарав со тебе. Ти велев: Многу се радувам што си на така добра локација и можеш да бидеш близу до Санаториумот. Не отворај пат на депресијата, туку дочекај го со добредојде во своето срце, со утешителен впечаток на Светиот Дух, да ти подари утеха и мир…

Сестро моја, ако сакаш да здобиеш драгоцени победи, сврти се кон светлината која зрачи од Сонцето на праведноста. Искажувај надеж и вера и благодарност на Бога. Биди весела и полна со надеж во Христа. Научи се да му заблагодаруваш. Тој е моќен лек за болестите на душата и телото.

Атмосфера на депресија. Проповедниците преку кои Бог работи нека пристигнат на конференцијата со напрегнати нерви, со растечка депресија, и ви зборувам, ќе имаат атмосфера околу себе како дебела прекривка од магла која го покрива ведрото небо. Мораме да негуваме вера. Усните нека изговараат: „Душата моја го величи Господа, духот мој се радува во Бога мојот Спасител”.

Ние мораме да го откриваме чувството на присутност на Спасителот, цврста вера дека Исус е на кормилото, и дека Тој ќе го види овој благороден брод сигурен во пристаништето. Ние мораме да знаеме дека е невозможно да се спасиме ние самите или некоја душа. Ние немаме моќ да им дадеме спасение на оние што гинат. Исус, нашиот Откупител, е Спасителот. Ние сме само Негови орудија и секој момент зависиме од Него. Ние треба да ја возвеличиме Неговата сила пред Неговиот избран народ и пред светот заради големото спасение кое низ Неговата жртва за помирување и Својата крв ја излил врз нас.

Нема да бидам депресивна. Понекогаш сум многу збунета и не знам што да работам, но нема да бидам депресивна. Одлучив да внесам што е можно повеќе светлина во мојотживот.

Има многу работи кои ми го растажуваат срцето, но се обидувам да не зборувам обесхрабрено, затоа што некој кој ги слуша моите зборови можеби е тажен во срцето, и не смеам да правам ништо што би ја зголемило неговата тага.

Со вера да се пробие низ темнината. Ако би ги набљудувала тие мрачни облаци, неволјите и потешкотиите на кои налетувам во својата работа, не би имала време да работам ништо друго. Но јас знам дека постои светлина и слава над облаците. Со вера се пробивам низ темнината до славата. Повремено сум повикана да поминам низ финансиски потешкотии. Но не се грижам за пари. Бог се грижи за моите работи. Правам се што можам и кога Бог ќе види дека е најдобро да имам пари, Тој ми ги праќа.

Верата е потребна. Додека бев во посета на санаториумот Рајска Долина пред околу три години, зборував скоро секое утро во пет часот со работниците, а подоцна и со пациентите. Меѓу пациентите имаше еден човек кој секогаш изгледаше депресивен. Дознав дека верувал во теоријата на библиските доктрини но не можел да искаже вера која му била потребна да ги присвои за себе Божјите ветувања.

Утро за утро зборував со пациентите за верата и ги поттикнував да веруваат во Божјите зборови. Сепак се чинеше дека овој кутар човек не е способен да признае дека има вера. Разговарав со него насамо. Му ја изнесував вистината на секој можен начин, а потоа го запрашав дали верува дека Исус е негов личен Спасител и дека ќе му помогне. Нашиот Спасител им рекол на сите кои се уморни и натоварени: „Земете го Мојот јарем на себе.“ Не носете бреме кое сами сте си го направиле. „Земето го Мојот јарем на себе, и научете се од Мене, бидејќи јас сум кроток и смирен во срцето, и ќе најдете одмор за душите свои“ (Матеј 11:28, 29).

Конечно, дојде времето кога морав да одам. Реков: „Значи, пријателе мој, можеш ли да ми кажеш дали научи да имаш доверба во Спасителот кој преземал толкава болка за да одговори на потребите на ситуацијата на секоја душа? Можете ли и сакате ли да имате доверба во Него? Можете ли да ми кажете, пред да си заминам, дека примивте вера да верувате во Бога?

Тој го подигна погледот и рече: ,Да верувам. Јас имам вера“.

„Фала му на Господа“ му одговорив. Јас чувствував дека и покрај тоа тука беа присутни другите кои го слушаа моето излагање во гостинската соба, дека јас во овој случај бев богато наградена за сите свои напори.

Играчка во рацете на сатаната. Не одете кај другите со своите неволји и искушенија; само Бог може да ви помогне. Ако ги исполнувате условите на Божјите ветувања, тие ветувања ќе се исполнат и на вас. Ако умот ви е насочен кон Бога, вие нема да одите од состојба на восхитеност во долината на потиштеноста кога неволјите и искушенијата ќе дојдат на вас. Нема да зборувате за сомнеж и потиштеност на другите. Нема да кажете: „Не знам за ова или она. Не се чувствувам среќен. Не сум сигурен дека ја имаме вистината.” Нема ова да го правите, бидејќи ќе имате сидро на душата, сигурно и цврсто.

Кога зборуваме за обесхрабреност и потиштеност, сатаната слуша со ѓаволска радост; бидејќи му е угодно да знае дека ве врзал во своите окови. Сатаната не може да ги чисти нашите мисли, но може да ги види нашите дела, да ги слуша нашите зборови, и од своето долго познавање на човечкото семејство, може да ги обликува своите искушенија да завладее со слабите точки на нашиот карактер. И колку често го воведуваме во тајната како може да постигне победа над нас. О, кога би можеле да ги контролираме нашите зборови и дела! Колку би биле силни кога нашите зборови би биле од таков ред како не би се посрамотиле да се соочиме со извештајот за нив во денот на судот. Колку тие ќе изгледаат поинаку во денот Божји од тоа на што личеле кога сме ги изговарале.

Исус ги разбира чувствата на очај. Верата и надежта трепереа во Христовите смртни душевни маки затоа што Богја беше отргнал сигурноста на своето одобрување и прифаќање која порано ја давал на Својот сакан Син. Откупителот на светот поради тоа се потпирал на доказите кои до тогаш го јакнеа, дека Таткото ја прифатил Неговата работа и бил задоволен со Неговото дело. Во својата смртна агонија, додека го предавал Својот скапоцен живот, Тој само со вера се надевал на Оној на кој секогаш со радост му бил послушен. Тој не бил бодрен со јасни, блескави зраци на надежта ниту од десната ниту од левата страна. Се беше обвиено со тешка потиштеност. Низ страшната темнина која ја чувствувала сочувствителната природата, Откупителот ја испи мистериозната чаша до последната капка. Без блескава надеж и доверба во триумфот кој ќе биде негов во иднина, повикал со силен глас: „Татко, во Твои раце го предавам Мојот духот“. Тој бил запознат со карактерот на Својот Татко, со Неговата голема љубов, и во потчинетост се испуштил во Неговите раце. Низ поместувањата и грчевите на природата, возбудените набљудувачи ги слушнале смртните зборови на Човекот од Голгота.

Бог не се променил. Чувството на сигурност не треба да го презираме; ние треба за тоа да го фалиме Бога; но кога чувствата ви се депресивни, не мислете на тоа дека Бог се променил. Фалете го подеднакво, затоа што имате доверба во Неговиот Збор, а не во чувствата. Се заветувавте дека ќе одите со вера, а не да бидете контролирани од чувствата. Тие се менуваат според околностите.

Без склоности да зборуваме за сомнежите. Низ Христовите заслуги, низ Неговата праведност, која ни се дава преку вера, ние треба да постигнеме совршен христијански карактер. Нашата секојдневна работа е објавена низ апостолските зборови: „Гледајќи на Исуса, Зачетникот и Завршителот на нашата вера“. Додека го правиме ова нашите умови ќе станат побистри и нашата вера појака, а нашата надеж се потврдува; ние сме така обземени со погледот на Неговата чистота и милност и жртвата која ја поднесе да не помири со Бог, така што ние немаме диспозиција да зборуваме за сомнежи и обесхрабрување.

Вистински христијани и депресија. Вистинскиот христијанин не дозволува никакви земни нешта да се испречат помеѓу неговата душа и Бога. Божјите заповеди поседуваат авторитетно влијание над неговата приврзаност и постапки. Кога секој кој го бара Божјето царство и Неговата праведност би бил секогаш подготвен да ги врши Христовите дела, колку би била полесна патеката кон небото. Божјите благослови би протекувале во душата, а благодарноста Господова постојано би била во нашите усни. Тогаш би служеле на Бога од принципи. Вашите чувства можеби нема секогаш да бидат радосни; понекогаш облаците ќе го замрачат хоризонтот на вашето искуство; но христијанската надеж не почива на песочни темели на чувства. Оние кои постапуваат според принципите, ќе ја гледаат Божјата слава над темнината и ќе почиваат на сигурните зборови на ветување. Тие нема да се одвратат од прославувањето на Бога, колку и патот да изгледа мрачен. Неприликите и искушенијата само ќе им пружаат можност да ја покажат искреноста на својата вера и љубов.

Кога депресијата ќе се спушти на душата, тоа не е доказ дека Бог се променил. Тој „е ист вчера, денес и засекогаш.“ Вие сте сигурни за Божјата накпонетост кога сте чувствителни за зраците на Сонцето на праведноста; но ако се надвиснат облаци над вашата душа, не смеете да се чувствувате напуштени. Вашата вера мора да ја пробие потиштеноста. Вашето око мора да биде, и целото ваше тело ќе биде полно со светлост. Благата на Христовата благодат мора да се имаат на ум. Чувајте ги како богатство поуките кои Неговата љубов ги дава. Вашата вера нека биде како Јововата, да можете да речете: „И да ме погуби пак ќе се надевам на Него.“ Потпрете се на ветувањата на својот небесен Татко, и имајте ги на ум Неговите претходни постапки со вас и со Неговите слуги; зошто „се им оди на добро на оние кои го љубат Бога.“

Сподели го ова:

Слични објави