Глава 10 Разбирање
Задача која бара проникливост и прецизно распознавање. Најделикатна и најопасна задача која некогаш била доверена на смртниците е работата со умовите. Оние кои се ангажирани во оваа работа мораат да бидат проникливи и да имаат добро распознавање.
Вистинската независност на умот е елемент потполно различен од избрзаноста. Таквиот квалитет на независност кој води кон внимателност, молитва, пресметано мислење, не треба лесно да се покори, доколку доказите не се доволно силни дека е извесно дека грешиме. Оваа самостојност ќе го држи умот мирен и непроменлив меѓу многу заблуди кои преовладуваат, и ќе ги води оние на одговорни положби кон внимателно и сестрано разгледување на доказите и нема да се предомислува заради влијанието на другите или опкружувањата, кои формират заклучоци без разумното, темелното познавање на вкупните прилики.
Прецизни задачи. Затоа што Небото го чини многу човекот, по цена на драгиот Божји Син, колку внимателно треба проповедниците, учителите и родителите да се соочуваат со душите на оние кои доаѓаат под нивно влијание. Работата со умовите е деликатна задача и треба да и се пријде со страв и треперење.
Едукаторите на младите мораат да имаат совршена самоконтрола. Страшна грешка е да се разори влијанието на еден човек врз една човечка душа преку нетрпение или за да се запази достоинството и превласта, затоа што тоа може да биде начин за губење на таа душа за Христа. Умовите на младите можаттака да се изопачат преку непромислено раководење така што направената штета никогаш не може да се поправи. Христовата вера мора да има владеачко влијание во воспитувањето и обучувањето на младите.
Спасителовиот пример на самоодрекување, секаква љубезност и љубов која долго трпи, претставува укор за нетрпеливите проповедници и учители. Тој гм прашува овие нагли инструктори: ,Дали е ова начин на постапување со оние за кои јас го дадов Својот живот? Зар немате поголемо вреднување за бесконечната цена која ја платив за нивното откупување?“
Потребно е трпение и мудрост. Проповедниците мораат да бидат внимателни и да не очекуваат премногу од оние кои се уште го опипуваат својот пат во темнината на заблудата. Тие треба добро да ја извршуваат својата работа, потпирајќи се на Христа дека ќе им го подари на умовите мистериозното, оживувачко влијание на Светиот Дух, знаејќи дека без тоа нивниоттруд би бил неуспешен. Тие треба да бидаттрпеливи и мудри
во работата со умовите, имајќи ја на ум разновидноста на околностите кои развиле многу различни црти во карактерот на луѓето. Тие исто така треба да се чуваат нивното јас да не стекне превласт, а Христос да биде изоставен.
Христовата љубов го пробива својот пат. Единствено Оној кој ги чита срцата знае како да го донесе човекот до покајание. Единствено Неговата мудрост може да ни донесе успех во придобивањето на загубените. Ако си крут и мислиш: „Јас сум посвет од тебе,“ без оглед на точноста на твоите докази и вистинитоста на твоите зборови, тие никогаш нема да ги допрат срцата на луѓето. Христовата љубов, манифестирана во зборови и на дело е таа што ќе најде пристап до душата и тогаш кога со аргументи и повторување на принципите не може да се постигне ништо.
Со сочувствителност и љубов. Не е секој способен да ги исправи заблудените. Тие немат мудрост правилно да постапуваат, истовремено љубејќи ја милоста. Тие не се накпонети да ја увидат неопходноста за мешањето на љубовта и нежното чувство со верните укори. Многумина се непотребно строги и не чувствуваат неопходност да го применат апостолскиот налог: „И така разликувајќи ги, едни милувајте, а други пак со страв спасувајте, истргнувајќи ги од оган“ (Јуда 22, 23).
Страствениот човек не треба да работи со умови. Недостатокот на цврста вера и разликувањето на светите работи треба да се сметаат за доволна причина за ускратувањето на било кого од поврзаноста со Божјото дело. Исто така, попуштањето на брзиоттемперамент, остриот, заповеднички дух, откриваат дека нивниот имател не треба да се поставува на места каде ќе биде повикан да решава тешки прашања кои се однесуваат на Божјето наследство.
Страствениот човек не треба да има удел во работата со човечките умови. Не може да се има доверба во него да ги обликува работите кои се однесуваат на оние кои Христос ги откупил по бесконечна цена. Ако преземе одговорност да раководи со луѓето, тој ќе ги повреди и рани нивните души, затоа што нема истенчен пристап, нежно чувство, кои го дава Божјата благодат. Неговото сопствено срце треба да омекне, да се потчини на Светиот Дух; каменото срце не може да биде месно срце.
Квалитети потребни за разбирање на умовите (совет на еден литературен евангелист). Во оваа работа постојат повеќе потешкотии отколку во некои други области, но научените поуки, стекнатиоттакг и дисциплина, ќе ве оспособат за друго поле на корисност, каде можете да им служите на душите. Оние кои лошо ќе ги научат своите поуки, кои се невнимателни и сурови во пристапот со луѓето, ќе покажат ист недостаток на такт и вештина во работата со умовите кога би започнале со проповедничка служба.
Соочување со импулсивноста, нетрпеливоста, гордоста и самовреднувањето. Работата со човечките умови е најделикатна работа која некогаш и била доверена на смртниците и на учителите им е потребна постојана помош од Божјиот Дух за да можат правилно да ја извршуваат својата работа. Помеѓу младите кои посетуваат училишта ќе се открие голема разновидност кај карактерот и воспитувањето. Учителот ќе се сретне со импулсивност, нетрпеливост, себичност и претерано самовреднување. Некои од младите живееле во услови на самоволно ограничување и суровост, при што кај нив се развил дух на своеглавост и отворена непослушност. Со другите се постапувало како со миленици, на кои премногу попустливите родители им дозволувале да ги следат сопствените афинитети. Маните биле оправдани се додека карактерот не се деформирал.
Потребно е трпение, тактичност и мудрост. За да можат успешно да работат со овие различни умови учителите треба да искажат голема тактичност и префинетост во однесувањето, како и цврстина во управата. Често ќе се искаже непријателство, па дури и презир кон соодветните прописи. Некои ќе ја искажат својата досетливост во избегнувањето на казни, додека пак другите ќе покажуваат непромислена рамнодушност кон последиците на престапот. Сето тоа повикува на трпеливост, воздржување и мудрост од страна на оние на кои им се доверува воспитувањето на овие млади луѓе.
Курс кој може да остави непоправливи белези и рани. Учителите можатда имаатдостапно образование и знаење во научните области за да подучуваат, но дали е утврдено дека имаат тактичност и мудрост во работата со човечките умови? Ако учителите ја немаат Христовата љубов која пребива во нивните срца, тие не се погодни за носење на сериозни одговорности кои се положуваат врз оние кои гн воспитуваат младите. Немајќи го самите возвишеното образование, тие не знаат како да постапуваат со човечките умови. Нивните сопствени непотчинети срца се борат против контролата; и потчинувањето на променливите умови и карактерот на децата на таква дисциплина значи врз умот да се остават белези и рани кои никогаш нема да се отстранат.
Потребно е најфино распознавање. Господ на многу начини и повеќе пати ми претставил со колкаво внимание треба да се постапува со младите дека е потребно најфино распознавање во работата со умовите. Секој еден кој работи на воспитувањето и обуката на младите треба да живее многу блиску до Големиот Учител, да го прими Неговиот дух и начинот на работа. Мора да се дадат поуки кои ќе влијаат на нивните карактери и животното дело.
Битноста на личниот елемент. Личниот елемент е од голема важност при секое вистинско подучување. Како Учител, Христос ги подучувал луѓето поединечно. Токму со личен контакт и дружење Тој ги обучил дванаесеттмината. Токму во четири очи, често пред само еден слушател, ги давал Своите најскапоцени совети. На почитуваниот рабин при ноќниот разговор на Маслинската гора, на презрената жена на Сихарскиот кпаденец Тој им ги отворил Своите најбогати ризници затоа што кај тие слушатели открил приемчиво срце, отворен ум и чувствителен дух. Дури ни мноштвото кое толку често се туркало по Неговите стапки, за Христа не било нејасна маса човечки суштества. Тој му говорел директно на секој ум и се обраќал на секое срце. Ги набљудувал лицата на своите слушатели, ги забележувал блескавоста на лицето, брзите и охрабрувачки погледи кои Му говореле дека вистината допрела до душата; и како одговор на тоа, во Неговото срце ќе засвирела жица на благонакпонета радост.
Претераната работа оневозможува да работиме за другите. И самите учители треба да обрнат соодветно внимание на законите на здравјето, за да ги сочуваат своите сили во најдобра состојба и да можат со пример и поука да извршуваат добро влијание врз своите ученици. Учителот, чиишто физички сили поради болест или прекумерна работа веќе започнале да опаѓаат, треба да обрне особено внимание на законите на животот. Тој треба да најде време за одмор и закрепнување и не треба да зема врз себе никакви други обврски освен оние што веќе ги има во училиштето, зашто тоа и умствено и физички толку ќе го оптовари, така што неговиот нервен систем ќе стане неурамнотежен; и во таква состојба нема да биде способен да постапува мудро и правилно ниту кон себе ниту кон своите ученици.
Разбирање на различни потреби. Покажано ми е дека лекарите во нашиот институт мора да бидат мажи и жени со вера и духовност. Тие мора да имаат доверба во Бога. Има многумина кои доаѓаат во институтот кои со сопственото грешно попуштање навлекле на себе разни болести.
Оваа група не заслужува сожалување кое тие постојано го бараат. На лекарите им е тешко да посветат време и сила на оваа група, која е физички, ментално и морално понижена.
Но постои и група на луѓе, кои заради незнаењето, живееле кршејќи ги природните закони. Тие неуморно работеле и неуморно се хранеле затоа што било обичај така да прават. Некои претрпеле многу работи од различни лекари, но не им било подобро, туку неспорно полошо. Долго време биле оделени од работата, од општеството и од своите семејства; и дошле во Здравствениот Институт со некоја слаба надеж дека ќе најдат олеснување.
На оваа група и е потребно сочувство, Со нив треба да се постапува со најголема нежност, и да се посвети внимание за да им се разјаснат законите на нивното битие, за со тоа што ќе престанат да ги престапуваат и со тоа што ќе владеат со себе, да ги избегнат страдањата и болеста казната за кршење на природните закони, Вистината не треба да се изнесува во секое време. Малкумина се оние кои се движат во световно друштво и кои ги набљудуваат нештата од световна точка на гледиште, кои се подготвени да се соочат со фактите во однос на самите нив кои им се изложуваат. Вистината сепак не треба да се изнесува во секое време. Постои прикладно време и можност да се зборува кога зборовите нема да бидат навредливи, Лекарите не треба да се преоптоваруваат и нивниот нервен систем да се истоштува, затоа што ваквата состојба на телото не е погодна за смирени умови, стабилни нерви и бодар и среќен дух.
Христос разбира. Оној Кој ја зел човечката природа на себе, знае како да сочувствува со луѓето кои страдаат. Христос не само што ја познава секоја душа и нејзините потреби и искушенија, туку и сите околности кои можат да го ранат и забунат духот. Неговата рака е испружена до секое Божје дете кое страда, со неизмерно сочувство и нежност, Тој им укажува најголема сомилост и сочувство на оние што најмногу страдаат. Тој е трогнат од нашите немоќи и копнее да положиме пред Неговите нозе се што не збунува и обременува и да го оставиме таму, Разбирањето донесува близок однос со Христос. Добрите дела се плодови кои Христос ги бара од нас љубезни зборови, милосрдни дела, нежностза сиромашните, оние кои се во оскудација и тажните. Кога срцата сочувствуваат со срцата натоварени со обесхрабреност и жалост, кога раката дели на оние во оскудација, кога необпечените ќе се облечат, кога ќе му посакате добредојде на странецот во својот дом, ангелите доаѓаат многу блиску, и како одговор на тоа се слуша музика на Небото.
Секое дело на праведност, милост и милосрдие прави мелодија на Небото. Таткото од Својот престол ги гледа сите оние кои прават добри дела на милост и истите ги вбројува како свое најголемо богатство. „И тие ќе бидат мои, зборува Господ над војските, во оној ден кога ќе ги соберам скапоценостите11 (Малахија 3:17). Секое дело на милост кон оние во оскудација, оние кои страдаат, се гледа како да е направено на Исус. Кога помагате на сиромашните, сочувствувате со оние кои се во неволја и угнетените и им помагате на сирачињата, вие се доведувате себеси во поблизок однос со Исус,
Христос повикува на нежност и сочувствување. Вистинското сочувствување помеѓу човекот и неговите ближни е знак на распознавање на оние кои го сакаат и се плашат од Бога и оние кои не мислат на Неговиот закон. Колку е голема љубовта која Христос ја изразил со доаѓањето на овој светжртвувајќи го Својотживот за светот кој умира! Неговата вера водела кон вршење на вистинска здравствено мисионерска работа. Тој бил исцелувачка сила. „Милост сакам, а не жртви,“ рекол Тој. Ова е тест кој Големиот Зачетникна вистината го користел за распознавање на вистинската вера од лажната. Бог сака Неговите здравствени мисионери да постапуваат со нежност и сочувствување коишто Христос би ги покажал да живее на нашиот свет.
Збир на животна среќа. Облагородениот ум претставува вистинско богатство; но без омекнувачко влијание на сочувството и посветената љубов не е од најголема вредност. Потребни ни се зборови и дела на нежни обѕири кон другите. Ние можеме да покажеме илјада мали вниманија во пријателски зборови и пријатни погледи, што за возврат ќе се одрази врз сите нас. Непромислените христијани со своето запоставување кон другите покажуваат дека немаат заедница со Христос. Невозможно е да се биде во заедница со Христос, а сепак да се биде нељубезен кон друтте и да заборавиме на нивните права. Многумина копнеат за пријателско сочувство.
Бог на секој од нас му дал свој сопствен идентитет, кој не може да се стопи во идентитетот на некој друг; но нашите поединечни карактеристики ќе бидат помалку истакнати ако навистина сме Христови и Неговата волја е наша. Нашиотживот мора да се посвети на добрината и среќата на друтте, како што бил животот на нашиот Спасител. Ние треба да бидеме несебични, секогаш да внимаваме на приликите дури и ако тие се мапи -да искажеме благодарност за благословите кои сме ги примиле од другите, очекувајќи можности за да ги развеселиме друтте, да т осветлиме и олесниме нивните жалости и бремиња преку дела исполнети со нежна добрина и мали изрази на љубов. Овие внимателни учтивости, почнувајќи од нашите семејства и пошироко, надвор од семејниот круг, ни помагаат да ја добиеме суштината на животната среќа; додека занемарувањето на тие мали нешта ни ја покажува суштината на животната горчина и тага.
Отсек Три
Развој на умот