Глава 88 Негативни влијанија врз умот

Сподели го ова:

Отстранете ги сите приговори. Ние треба да ги отстраниме од своите мисли сите обвинувања и приговори. Да не се задржуваме да ја гледаме секоја мана која може да се види… За правилно да се потпреме на Бога, мораме да гледаме на големите драгоцености на чистотата, славата, силата, љубезноста, приврзаноста, љубовта, кои Бог ни ги дарува. На тој начин нашите умови се фиксираат на овие работи од вечен интерес, така што немаме желба да наоѓаме недостатоци кај другите.

Ние сме склони да го паметиме само негативното. Мораме да се научиме да создаваме најдобро можни поставки за сомнителното однесување на другите… Ако секогаш се сомневаме во злото, ние сме во опасност за создавање на она во што си дозволуваме себеси да се сомневаме… Ние не можеме да поминеме, а понекогаш да не ни бидат повредени чувствата и да ни се искуша природата, но како христијани мораме да бидеме толку трпеливи, понизни и скромни колку што сакаме да бидат другите.

О, колку илјади добри и љубезни дела кои ги примаме… исчезнуваат од умот како роса пред сонце, додека замислената или вистинска неправда остава впечаток кој подоцна не е возможно да се избрише! Најдобар пример кој може да се даде на другите е самите да бидеме исправни и тогаш да се препуштиме себеси и својата репутација на Бога, не покажувајки преголема грижа да го исправиме секој погрешен впечаток и да го претставиме својот случај во поволна светлина.

Обличјето што го проучуваме ги менува нашите животи. Се што предизвикува да ја видиме слабоста на човештвото е во Господовата намера да ни помогне да гледаме на Него и во никој случај да немаме доверба во човек или да ја ставаме својата поддршка на тело… Ние се менуваме во обличје на она со што се занимаваме. Затоа многу е важно да се отворат срцата за работи кои се вистински, љубезни и добри!

Имајте ја на ум човечката слабост. Во однесувањето со своите ближни мораме да земеме во обѕир дека имаат страсти слични на нашите, дека чувствуваат исти слабости и поднесуваат исти искушенија. Тие, како и ние, имаатборба соживототако сакаат да ја сочуваат својата чесност… Вистинската христијанска учтивост ја соединува и усовршува правдата и учтивоста, а милоста и љубовта ја пополнуваат празнината, давајќи најфини примеси и најблагодатен шарм на карактерот.

Не подигајте бариери. Господ сака Неговиот народ да следи поинакви методи од осудување на грешното, дури и ако таа пресуда е праведна. Тој сака да правиме нешто повеќе од упатување обвинувања на нашите непријатели кои само ќе ги одделат од вистината. Делото кое Христос дошол да го изврши на овој свет не е подигање на бариери и постојано наметнување на факти на луѓето дека грешат. Оној кој очекува да ги просветли измамените луѓе мора да им пријде поблиску и да работи за нив со љубов. Тој мора да стане центар на свето влијание.

Да се надмине чувствителноста. Многумина имаатжива, непосветена чувствителност која постојано ги држи на внимателност за некој збор, поглед или постапка кои можатда ги протолкуваат како недостатокна почит и ценење. Сето ова мора да се победи. Секој треба да истапува во Божји страв, давајќи се од себе и не вознемирувајќи се со пофалби или навредувајќи се на укор, ревно служејќи Му на Бога и учејќи се најповолно да се протолкува она што кај другите му изгледа непримерно.

Не ловете повреди. Да им се суди на своите браќа, да се дозволи да се негуваат чувства против нив, иако мислиме дека не постапиле како што треба кон нас, нема да донесе благослов на нашите срца и воопшто нема да го реши случајот. Не се осудувам да им дозволам на чувствата да пловат по каналот за ловење на сите мои повреди, изнесувајќи ги постојано, и да престојуваат во атмосфера на недоверба, непријателство и раздор.

Посебно дело на сатаната во предизвикување на раздор. Занемарувањето на негување на нежнисгг обѕир и меѓусебната трпеливост предизвикало раздор, недоверба, приговарање и општо одвојување. Бог… не повикува да го отстраниме овој голем грев и да настојуваме да ја исполниме Христовата молитва Неговите ученици да бидат едно, како што Тој е едно со Таткото… Посебно дело на сатаната е да предизвика раздор… за да го лиши светот од најмоќното сведоштво кое христијаните можат да го дадат дека Бог го испратил Својот Син да ги доведе во хармонија незаузданите, горделивите, завидливите, љубоморните и фанатични умови.

Негативните емоционапни сили го пореметуваат целото битие. – Зависта и љубомората се болести кои ги пореметуваат сите човечки способности. Тие потекнуваат од сатаната во рајот… Оние кои го слушаат неговиот глас (на сатаната) ги навредуваат другите, погрешно ги претставуваат и ги искривуваат фактите за се истакнат себеси, Но ништо нечисто нема да отиде на небото, и доколку оние кои го негуваат тој дух не се променат, никогаш нема да стигнаттаму, затоа што би ги критикувале и ангелите. Би ја посакувале круната на другите. Тие не би знаеле за штода зборуваат ако не би ги изнесувале недостатоците и грешките на другите.

Несветата природа ги доведува во опасност умот и животот на евангелистот. Твоето манифестирање на несветата природа, дури и на собирите на Божјиот народ, ги доведува во опасност твојот ум и живот. Запрашајте се: Ми се исплаќа ли да продолжам да одам по овој пат, во раздор и кавги?

Кога ќе се изгуби Божјата сила. Мажите и жените се откупени многу скапо, и тоа по каква цена! Дури по цена наживотот на Божјиот син. Колку е страшно за нив кога се ставаат во положба каде што нивните физички, ментални и морални вредности се расипуваат, каде што ја губат својата сила и чистота. Таквите мажи и жени не можат да Му понудат на Бога прифатлива жртва.

Преку изопачен апетит и страсти човекот ја изгубил Божјата сила и станал оружје на неправедноста. Целото битие боледува телото, душата и духот. Но, обезбеден е лекза посветување на човештвото. Несветиот ум и тело можат да се очистат. Остварена е чудесна подготовка да примиме простување и спасение,

Оној кој се држи до едноставност во сите свои навики, ограничувајќи го апетитот и контролирајќи ги страстите, може да ги сочува своите ментални моќи силни, активни и крепки, брзи да воочатсе што бара размислување или акција, остри да направат разлика помеѓу светото и несветото и подготвени да се вкпучат во секој потфат на Божја слава и за добро на човештвото.

На оние кои паѓаат им недостига здрав ментапен став Оние кои паѓаат во сатанските стапици, се уште не дошле до здрав ментален став. Тие се измамени, самоуверени, самозадоволни. О, со колкава жалост Господ ги гледа и ги слуша нивните зборови полни со горделивост и суета. Тие се надуени од гордост. Непријателот гледа со изненадување колку лесно упаднале во стапица.

Претераната доверба стапица за непријателот. Колку е залудна човечката помош кога сатанската сила се манифестира над човечкото суштество кое станало премногу самовозвишено и кое не знае дека соучествува во сатанската наука. Во својата самодоверба тој оди право во непријателската стапица и бива фатен. Тој не ги слушал дадените предупредувања и е фатен како плен на сатаната. Ако одел понизно со Бога, тој би дошол до местото кое Бог го обезбедил за него. Така, во времето на опасносттој би бил безбеден, затоа што Богза него би подигнал знаме наспроти непријателот.

Срцето е природно изопачено. Ние мора да запомниме дека нашите срца се природно изопачени, и дека сами по себе не можеме да следиме исправен правец. Само со Божјата благодат, здружена со најсериозен напор од наша страна, можеме да извојуваме победа.

Лошите навики го спречуваат развојот. Секоја навика или пракса која ја слабее нервната и мозочната моќ или физичката сила онемозможува манифестирање на следната благодат која доаѓа по умереноста трпеливоста.

Мрзливи, недисциплинирани умови. Бог не сака да бидеме задоволни со мрзливи, недисциплинирани умови, глупави мисли и губење на помнење.

Проаѓање низ животот спротивно од светот. Повеќето од овие недисциплинирани одат низживотот спротивно од светот, правејќи пропуст онаму каде што би требало да успеат. Тие негуваат мислење дека светот е непријателски расположен кон нив затоа што не им ласка и не го одобрува умот, и тие се одмаздуваат заземајќи непријателски став кон светоти омаловажувајќи го. Понекогаш околностите ги обврзуваатда покажуваат понизност која не ја чувствуваат; но тоа не прилагодува на природната благодет, и нивниот вистински карактер сигурно ќе се покаже порано или подоцна.

Преиспитајте ја секоја навика и обичај. Мажите и жените треба да се учат внимателно да ја преиспитат секоја навика и обичај и еднаш да го отфрлат сето она што создава нездрава состојба на телото и така фрла мрачна сенка на умот.

Што да се прави со сомнежот. Дури и христијаните со големо искуство често пати биле напаѓани со најстрашни сомнежи и колебања… Вие не смеете да мислите дека поради овие искушенија вашиот случај е безнадежен… Надевајте се во Бога, верувајте во Него и почивајте во Неговите ветувања.

Кога сатаната доаѓа со своите сомнежи и неверија, затворете ја вратата на своето срце. Затворете ги очите да не се занимавате со неговата пеколна сенка. Подигнете ги таму каде што можете да го гледате она што е вечно и ќе имате сила во секој момент. Искушувањето на вашата вера е подрагоцено и од злато… Тоа ве прави витез кој треба да ја води Господовата битка…

Не дозволувајте никаков сомнежда влезе во вашиотум. Неугодувајте му на ѓаволот зборувајќи за страшните бремиња што ги носите. Секој пат кога го правите тоа, сатаната се смее што неговата душа може да ве контролира и што сте го изгубиле од вид Исуса Христа Својот Откупител.

Повторувањето ја слабее моќта на отпорот Ниту еден човек не може дури ниту еднаш да ги посвети своите од Бога дадени моќи за службата на световноста или горделивоста, а да не се најде на непријателско тло… Секое повторување на гревот ја слабее неговота моќ на отпор, ги заслепува неговите очи, и го задушува осведочувањето.

Охрабрување на потиштените. Во работата за жртвите на лоши навики, наместо да им укажуваме на очајот и пропаста кои надоаѓаат, да им го свртиме погледот кон Исуса. Да ги насочиме кон небесната слава. Тоа ќе направи повеќе за спасение на телото и душата од сите ужаси на гробот кои се предочуваат на беспомошните и безнадежни луѓе.

Безвредни работи кои го трошат времето. Ние мораме да се одделиме од илјада предмети кои предизвикуваат внимание. Постојат работи кои одземаат време и побудуваат љубопитност, но не донесуваат ништо. Често се придава најголем интерес и се подарува сесрдно внимание и енергија сразмерно на безначајните работи.

Прифаќањето на нови теории не донесува во себе нов живот на душата. Дури и запознавањето со фактите и теориите кои се сами по себе важни е од мала вредност доколку практично не се спроведат. Ние треба да чувствуваме одговорност да и го даваме на својата душа она што ќе го храни и стимулира духовниотживот.

Живот со намера. Ние треба да живееме за идниот свет. Колку е бедно да се живее случаен, бесцелен живот. Потребна ни е цел во животот да имаме за што да живееме. Бог нека ни помогне на сите да бидеме самопожртвувани, со помалку грижи за себе, да заборавиме на себе и на своите себични интереси и да правиме само добро, не за слава која очекуваме дека овде ќе ја примиме затоа што тоа е цел на нашиотживот кој одговара на целта на нашето постоење. Нека нашите секојдневни молитви се издигнуваат кон Бога за да не ослободат од себичноста.

Сподели го ова:

Similar Posts