Глава 30 Себичност и егоцентричност

Сподели го ова:

Ние по природа сме себични. Ние сме по природа себични и вообразени. Но ако ги прифатиме поуките што Христос копнее да ни гм даде, ние ќе станеме соучесници во Неговата природа и ќе живееме со Неговиот живот. Прекрасниот Христов пример, неспоредливата нежност со која ги освојувал чувствата на луѓето, плачејќи со оние што плачат, радувајќи се со оние што се радуваат, треба да остави длабоко влијание врз карактерот на сите што искрено го следат. Патот за стапалата на изморените и малаксаните треба да се израмни со љубезни зборови.

Себичноста го ограничува разумот. Себичните интереси мораат секогаш да се потчинуваат; зошто ако им се остави простор да делуваат, тие стануваат владеачка сила која го ограничува разумот, го стврднува срцето и ја слабее моралната моќ. Потоа доаѓаат разочарувањата. Човек се одделува од Бога и се предава на безначајни работи. Тој не може да биде среќен, затоа што не се почитува самиот себе. Тој се понижил во сопствените очи. Тој е интелектуално промашување.

Себичноста причина за човечката вина. Себичноста е недостаток на христолика понизност, и нејзиното постоење е погубно за човечката среќа, причина за вина кај човекот, и ги наведува оние кои ја негуваатда претрпат бродолом во верата.

Конфузија на чувствата. Денес, како и во Христово време, сатаната владее со умот на мнозина. 0, кога тоа негово страшно дело би можело да се препознае и осуети! Себичноста ги изопачила принципите, себичноста довела до збрканост на чувствата и го замаглила судот. Изгледа чудно што и покрај сета оваа светлина која зрачи од Божјата благословена Реч, опстануваат такви погрешни идеи, такво оддалечување од духот и познавањето на вистината. Желбата да се приграби голема заработувачка, со решеност на другите да им се ускратат од Бога дадените права, има свој корен во умот на сатаната, а со послушноста на неговата волја и пат луѓето се ставаат под неговото знаме. На оние кои се фатиле во оваа замка можат да им се дадат само мали одговорности, доколку потполно не се обратат и обноват; затоа што биле привлечени од погрешни принципи кои не можеле да ги забележат и кои имале штетен резултат.

Зборувајте помалку за себе (совет на човек кој бил лаком и диктаторски настроен). Омекнете и растопете го своето срце под боженственото влијание на Божјиот Дух. Не зборувајте многу за себе, бидејќи тоа нема да зацврсти никого. Не правете од себе центар и не замислувајте дека постојано морате да се грижите за себе и да т наведувате другите да се грижат за вас. Ослободете го својот ум од своето јас и воведете го во поздрав канал. Зборувајте за Исус и отпуштете го своето јас; нека му биде потчинето на Христа, и нека ова биде јазик на вашето срце: „Јас веќе не живеам, туку Христосживее во мене” (Галатјаните 2:20). Исус постојано ќе биде присутен за да ви помогне во секое зло. Тој нема да ве остави да се борите сами против силата на темнината. О, не; Тој се потпираше на Оној Кој е моќен целосно да спаси.

Чувајте се од егоцентрични сочувства. Престанете да сочувствувате самиот со себе, и сетете се на Откупителот на светот. Гледајте ја бесконечната жртва која ја поднесе во корист на луѓето, и мислете на Неговото разочарување кога и покрај тоа што ја поднесе таа жртва за човекот, човекот одбира да се здружи со оние кои го мразат Христос и праведноста и станува еден од нив во попуштање на расипаните потреби, донесувајќи и на тој начин вечна пропаст на својата душа.

Себичниот живот го обесчестува Бога. Опасностите на последното време се над нас. Оние кои живеат за да си угодат на себе и да го задоволат своето јас го обесчестуваат Господ. Тој не може да работи преку нив, бидејќи погрешно би го претставиле пред оние кои не ја знаат вистината… Бог може да види дека негувате гордост. Тој гледа дека е неопходно да ги оттргне благословите кои, наместо за напредок сте т искористиле за задоволување на себичната гордост.

Самозадоволството укажува на духовна потреба. Некои не сакат да се откажат од себе си. Тие покажуваат вистинска нетрпеливост кога им се наметнуваат одредени одговорности. „Каква е потребата“, велат тие, „од поголемо знаење и искуство?“

Ова објаснува се. Тие чувствуваат дека се „богати, и се збогатиле, и ништо не им треба“, додека Небото ги прогласува за бедни, несреќни, слепи и голи. На овие Верниот Сведок им вели: „Те советувам да купиш од Мене злато, пречистено во оган, за да се збогатиш; и бели обпеки, за да се облечеш и да не се појави твојата голота; и очна маст, за да ги намачкаш своите очи, за да гледаш“ (Откровение 3:17,18). Вашето самозадоволство всушност покажува дека оскудевате со се. Вие сте духовно болни и потребен ви е Исус како лекар.

Опасност од ласкање на себе. Нам ни е тешко да се разбереме самите себе, да имаме правилно знаење за сопствениот карактер, Божјата Реч е јасна, но често се поткрадуваат заблуди кога таа се применува на себе. Постои подложност на самозалажување и мислење дека нејзините предупредувања не се однесуваат на мене. „Поизмамливо од се е срцето, и е очајно зло, кој може да проникне во него?“ (Еремија 17:9). Ласкањето самиот на себе може да се всели во христијанското чувство и ревност. Љубовта и довербата во себе можат да ни дадат сигурност дека сме во право, а всушност сме далеку од задоволувањето на барањата на Божјата Реч.

Погубно влијание на самовоздигањето на умот. Трагата на самовоздигањето на човечкиот ум, е толку длабока, толку е голема желбата за човечка моќ, што умовите и срцата на мнозина се обземени со идејата за владеење и заповедање. Ништо не може да го уништи ова уништувачко влијание врз човечкиот ум освен да се побара очна маст од Господа. Само силата на божествената благодат може да направи човекот да ја разбере својата вистинска положба и да го изврши за него делото кое е потребно да се изврши во неговото срце.

Избегнување на крајна доверба во себе (совет на еден водач). – Ако за себе формирате превисоко мислење, ќе си умислите дека вашите работи се од поголемо значење отколку што навистина се, и ќе ја потхранувате индивидуалната независност која се граничи со ароганција. Ако отидете во друга крајност и формирате премногу ниско мислење за себе, ќе се чувствувате инфериорен и ќе оставите впечаток на инфериорност што на големо би го ограничило впечатокот кој би го имале за добро. Морате да ги избегнувате и двете крајности. Чувствата не треба да ве контролираат, околностите не треба да делуваат на вас. Вие можете да формирате вистинска проценка за себе, која ќе обезбеди заштита од двете крајности. Можете да бидете достоинствени без напразна доверба во себе; можете да бидете удостоени и понизни без жртвување на самопочитта или индивидуалната независност, и вашиотживот може да има големо влијание на оние кои заземаат како пониска, така и повисока општествена положба.

Егоцентричноста поттикнува болест (лична порака). Ако сакаш да успееш, твоите напори мора да бидат сериозни, целосни и истрајни. Како Христов следбеник, ти мораш да научиш да го контролираш секој израз на нетрпеливост и страст. Твојот ум е премногу посветен на себе. Ти премногу зборуваш за себе, за своите телесни слабости. Твојот сопствен курс секојдневно донесува болест врз тебе преку твоите погрешни навики. Апостолот ги моли своите браќа да ги жртвуваат своите тела на Бога: „Затоа ве молам браќа, заради Божјата милост, да ги принесете вашите тела во жива, света и угодна жртва на Бога, тоа да биде ваша разумна служба. Немојте да се прилагодувате со овој свет; туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да дознаете која е добрата, угодна, и совршена Божја волја“ (Римјаните 12:1,2).

Егоцентричноста влијае на запазувањето (втора лична порака). – Ти можеш, брате мој да ни помогнеш на многу начини. Но ополномоштена сум од Бога да ти кажам да не бидеш егоцентричен. Обрати внимание како ја слушаш, како ја разбираш и какоја почитуваш Божјата Реч. Богќе те благослови во воспоставувањето на единство со браќата. Оние кои Тој ги пратил да ја објават третата ангелска вест, работеле во заедница со небесните умови. Господ не го става бремето врз тебе ти да ја објавиш пораката која ќе внесе неслога во редовите на верниците. Повторувам, Тој никого не води со Својот Свет Дух на таков начин што ќе измислува теории кои ќе донесат забуна во верата во свечените пораки кои Тој му ги дал на Својот народ да ги однесе насекаде по светот.

Секое дете треба да ги учи благодетите на несебичноста. Една од доблестите кои треба посебно да се негуваат и развиваат во секое дете е несебичноста, која на животот му дава толку природна милност за која не сме свесни. Од сите одлики на карактерот ова е една од најубавите, и за секое вистинско животно дело тоа е една од најважните квалификации.

Несебичноста основа за вистинска големина. На Исусовите ученици не им било доволно само да бидат поучени за природата на Неговото царство. Им била потребна промена на срцето што би ги довела во хармонија со Неговите начела. Повикувајќи кај Себе дете, Исус го довел меѓу нив, го зел нежно во прегратки и рекол: ,Дко не се обратите и станете како малечки деца, сигурно нема да влезете во царството небесно.11 Едноставноста, заборавањето на себе и детската љубов исполнета со доверба се особини што ги цени Небото. Тоа се особините на вистинската големина.

Самоказнувањето принцип на молитва во лажните религии. Незнабошците гледаат на своите молитви како заслугата за чистење на гревот да е во нив. Оттука, колку што е подолга молитвата, поголема е и заслугата. Кога би можеле да станат свети со сопствени напори, би имале причина за да се радуваат за нешто, некоја основа за фалење. Ваквата замисла за молитвата е производ на начелото на самоказнување кое се наоѓа во основата на секој систем на лажните религии. Фарисеите ја усвоиле оваа паганска идеа за молитвата, и тоа никако не е искоренето и во наше време, дури и помеѓу оние коишто се изјаснуваат како христијани. Повторувањето на засталени, вообичаени фрази додека всушност срцето не чувствува потреба за Бога се од ист карактер како и „многуте зборови” на безбожникот.

Во Христовиот живот немало место за самовоздигнување. Во Неговиотживот не требало да има место за самовоздигнување. Вниманието коешто светот го покажува на положбата, богатството и талентот, било туѓо за Божјиот Син. Тој не се користел со ниедно средство со кое луѓето се служат за да стекнат приврзаници и почитување. Неговото целосно самоодрекување било прикажано со следниве зборови: „Нема да вика, ниту ќе го подига гласот, нема да дозволи да го чујат по улиците. Скршените трски нема да ги докрши, и ленот што тлее нема да го угасне.“

Божјиот лек за себичност и самовоздигање. Кај човекот постои склоност себеси повеќе да се цени отколку својот брат, да работи за себе, да бара највисоко место; ова често раѓа лоши предрасуди и горчина на духот. Обредот што и претходи на Господовата вечера треба да ги отстрани овие недоразбирања, да го ослободи човекот од неговата себичност, да го симне од дрвените нозе на неговото самоизвишување до понизност на срцето што ќе го поведе да му служи на својот брат.

На оваа свеченост е присутен светиот Набљудувач и истата ја прави миг за испитување на душата, за осведочување за гревот и за блажена сигурност дека гревовите се простени. Тука се наоѓа Христос во полнина на Својата благодат да го измени токот на мислите што текле по себични канали. Светиот Дух ја оживува чувствителноста на оние што го следат примерот на својот Господ.

Кога си спомнуваме за понизноста на Спасителот, се нижат мисли се јавува цела низа спомени, спомени на Божјата голема добрина и љубов и на нежноста на земните пријатели. Во мислите се ројат заборавените благослови, злоупотребената милост, омаловажената љубезност. Се откриваат корените на горчината што ја задушиле драгоцената билка на љубовта. Си спомнуваме за маните на карактерот, за занемарените должности, за неблагодарноста кон Бога, за студенилото кон нашите браќа. Гревот се гледа во светлината во која го набљудува Бог. Нашите мисли не се мисли на самодопаѓање, туку мисли на остра самоосуда и на понизност. Умот е засилен да урне секоја пречка што предизвикала разидувања. Растерани се лошите мисли и лошите зборови. Гревовите се признаваат, простени се. Христовата благодат што покорува влегува во душата, а Христовата љубов ги поврзува срцата со благословено единство.

Сподели го ова:

Слични објави