Глава 67 ДИСПОЗИЦИЈА

Сподели го ова:

Различни диспозиции. Во своето меѓусебно дружење мораме да запомниме дека сите немаат исти таленти и исти диспозиции. Работниците се разликуваат во своите планови и замисли. Различните дарови, здружени, неопходни се за успех на делото. Да запомниме дека некои можат да потполнат одредени положби поуспешно од другите. Работникот кому му е дадена тактичност и способност која го оспособува за извршување на некои посебни гранки на делото не треба да ги укорува другите што не се во состојба да го извршат она што тој би можел лесно да го направи. Зарем нема работи кои неговите колеги не можатда ги извршат поуспешно отколку тој?

Различна диспозиција, различно гледиште. Секое здружение во животот повикува на исполување на самоконтрола, трпеливост и сочувство. Ние толку многу се разликуваме во диспозицијата, во навиките, образованието што нашиот начин на набљудување на работите е сосема различен. Ние различно судиме. Нашето разбирање на вистината, нашите идеи врзани за однесувањето во животот, не се исти во секој поглед. Не постојат две личности чие искуство е исто во секоја поединост. Искушенијата на едната не се исти и на другата личност. Должностите кои на едната и се лесни, на другата и се тешки и замрсени.

Разновидност на диспозиција во семејството. Честопати постои впечатлива различност на диспозицијата и карактерот во исто семејство, зошто Божја замисла е личности со различни темпераменти да се дружат. Кога е ова случај, секој член на семејството треба да има свет обѕир кон чувствата и треба да ги почитува правата на другите. На овој пат ќе се култивираат взаемниот обзир и сносливост, предрасудите ќе омекнат и грубите црти на карактерот ќе се измазнат. Хармонијата може да се осигура, а мешањето на различните темпераменти може да биде од корист за секого.

Родителите ја пренесуваат диспозицијата. И татковците исто како и мајките се вклучени во оваа одговорност, Двајцата родители ги пренесуваат своите сопствените каракгеристики, ментални и физички, својата диспозиција и желби, на своите деца.

Наследена диспозиција Бог сака меѓусебно да си помагаме со покажување на сочувство и несебична љубов. Постојат оние кои имаат наследени специфични темпераменти и диспозиции. Може да биде тешко да се дружите со нив, но дали ние сме беспрекорни? Тие не смеат да се обесхрабрат. Нивните заблуди не смеат да се направат општа сопстве-

ност. Христос ги сожалува и им помага на оние кои грешат во расудувањето. Тој ја поднел смртта за секој човек и поради тоа Тој има нежен и длабок интерес за секој човек.

Промена кон пријатна диспозиција. „Стражарете и молете се“ е налог кој честопати се повторува во Светото Писмо. Во животите на оние кои се покоруваат на овој налог ќе постои една прикриена струја на среќа која ќе ги благослови сите со кои ќе дојдат во контакт. Оние кои се со смислена и зла диспозиција ќе станат пријатни и благи; оние кои се горди, кротки и понизни.

Редовноста и редотја унапредуваат диспозицијата. Кога младите би формирале навики на редовност и ред, би напредувале во здравјето, во духот, во помнењето и во диспозоцијата.

Диспозицијата може да се преобликува. Господ во Својата милост на луѓето им ги открива нивните скриени мани. Тој би сакал критички да ги преиспитаат компликуваните емоции и побуди на своето срце и да го откријаттоа што нечини, даја преобликуваатсвојата диспозиција и да ги префинат манирите. Бог би сакал Неговите слуги да се запознаат со своите срца. За да може да ги доведе до вистинско спознавање на својата состојба, Тој допушта да ги зафати огнот на неволјите како би се исчистиле.

Мрзливата диспозиција ја расипува делотворноста на учителот.

Над се останато, оној кој обучува млади треба да биде свесен за одавањето кон мрзоволната или потиштената диспозиција; зошто ова ќе го лиши од симпатиите на учениците, но без симпатиите не може да се надева да им биде од корист. Ние не смееме да ја затемнуваме сопствената патека или патеката на другите со сенката на своите искушенија. Имаме Спасител на кој треба да му пријдеме, во чие сожаливо уво можеме да ја излиеме секоја жалба. Нему можеме да му ги оставиме сите свои грижи и бремиња и тогаш нашата работа нема да изгледа тешка или нашите искушенија сериозни.

Обединување на ведрината и непорочноста. Исусовата религија омекнува било што да е тешко или грубо во карактерот и израмнува се што е нерамно или остро во манирите. Таа зборовите ги прави благи а владеењето освојувачко. Да научиме од Христа како да го обединиме високото чувство на чистота и непорочност со ведрата диспозиција. Љубезниот, учтив христијанин е најмоќен аргумент кој може да се произведе во полза на христијанството.

Несоодветната исхрана ја расипува диспозицијата. Мнозина ја расипуваат својата диспозиција со несоодветна исхрана. Ние би требало да внимаваме да ги научиме поуките за здравствената реформа онака

како што совршено ги подготвуваме своите студии, зошто навиките кои ги усвојуваме во овој правец ни помагаат во формирање на карактерот за идниотживот, Можно е да го расипеме своето духовно искуство преку злоупотреба нажелудникот.

Месото произведува раздразлива диспозиција. Бог не го отстранил месото од Евреите во пустината за едноставно да го покаже Својот авторитет, туку за нивно добро, за да ја сочуваат физичката и моралната сила. Тој знаел дека со употреба на месото јакнат животинските страсти и слабее разумот. Тој знаел дека удоволувањето на желбата на Евреите за месо би ја ослабнало нивната морална моќ и би произвело таков надразлив карактер штотаа огромна армија би станала непокорна, би го изгубила високото чувство на морална обврска и би одбиле да се управувааат според мудрите Јеховини закони.

Шеќерот и диспозицијата. Шеќерот не е добар за желудникот. Тој предизвикува ферментација, а тоа го помрачува мозокот и внесува раздразливост во диспозицијата.

Омекнување на изопачената диспозиција. Напредувањето во христијанското искуство се одликува со пораст на понизноста, како последица на зголемено знаење. Секој кој се соединува со Христа ќе отстапи од секое беззаконие.

Ви велам, во Божјиот страв, покажано ми е дека мнозина помеѓу вас ќе го пропуштат вечниотживот затоа што својата надеж во небото ја градите на лажна основа. Бог ве препушта самите на себе, ,да се понижите и испитате, да спознаете што… имате во срцето.” Вие сте го запоставиле Светото Писмо. Ги презирате и отфрлате сведоштвата затоа што ги укоруваат вашите омилени гревови и го пореметуваат вашето самозадоволство.

Кога Христос се негува во срцата, Неговото обличје ќе се открие во животот. Понизноста ќе владее таму каде што гордоста била доминантна. Покорноста, кротоста, трпливоста, ќе ги омекнат грубите црти на природно изопачената, жестока диспозиција. Љубовта кон Исуса ќе се покаже со љубов кон Неговиот народ. Таа не е непостојана и плашлива, туку мирна, длабока и силна.

Животот на христијанинот ќе биде лишен од секое преправање, слободен од секаква извештаченост, лукавство и лага. Тој е сериозен, вистинит, величенствен. Христос зборува во секој збор. Тој се запазува во секое дело. Животот зрачи со светлоста на Спасителовото присуство. Во разговорот со Бога и радосно набљудување на небесните работи душата се подготвува за небото и работи во собирање на другите души во Христовото стадо. Нашиот Спасител може и е волен да направи за нас повеќе отколку што бараме или дури мислиме.

Бог може да ја обликува диспозицијата. Било каква да е вашата положба, Бог е во состојба така да ја обликува диспозицијата што таа може да биде пријатна и христолика. Со жива вера можеме да се одвоиме од се што не е во склад со Божјиот ум, и на тој начин да го донесеме небото во својотживот овде доле. Ќе сакате ли ова да го направите? Ако сакате, ќе имате ведрина во секој чекор.

Благослов за болните. Пријатната диспозиција, прекрасниот карактер, Господ ќе ги употреби за да донесе благослов на болните. Вистините на Божјата Реч поседуваат посветувачка, преобразувачка сила. Ако се примат во срцето и применат во животот, тие ќе се покажат како животен мирис за живот. Нека оние кои се вработени во нашите установи нека бидаттакви што светлината на вистината ќе светли во нивните секојдневни зборови и постапки. Христос единствено такви ќе ги прифати како Свои соработници.

Хармонија од различни диспозиции. Хармонијата и единството кое постои меѓу луѓето со различни диспозиции е најсилно сведоштво кое може да се покаже дека Бог го испратил Својот Син во светот за да ги спаси грешниците. Наша привилетја е да го носиме ова сведоштво. Но за тоа да го направиме, мораме да се ставиме под Христова команда. Нашиот карактер мора да се обликува во склад со Неговиот карактер, нашата волја мора да биде предадена на Неговата волја. Тогаш ќе работиме заедно без било какви мисли на неслога.

Диспозиција исполнета со благодарност и мир. Од се што се бара, одгледува и култивира, нема ништо така вредно во Божјите очи како чисто срце, диспозиција исполнета со благодарност и мир.

Диспозицијата не се менува со воскресението. Ако сакате да бидете свети на небото најпрвин мора да бидете свети на земјата. Цртите на карактерот кои ги одгледувате во животот нема да се променат со смртта или воскресението. Од гробот ќе станете со иста диспозиција која сте ја покажале во својотдом и во општеството.

 

Сподели го ова:

Слични објави