Глава 41 Исхраната и умот

Сподели го ова:

Мозокот мора да биде здрав. Мозокот е орган и инструмент на умот, и тој го контролира целото тело. За другмте делови на системот да бидат здрави, мозокот мора да биде здрав. А за мозокот да биде здрав, крвта мора да биде чиста. Доколку преку правилни навики за јадење и пиење крвта се одржува чиста, мозокот правилно ќе се храни.

Мозокот снабден со живот и сила. Човечкиот организам е прекрасна машинерија, но тој не смее да се злоупотребува… Трансформацијата на храната во добра крв е прекрасен процес, и секое човечко суштество треба да има знаење за овој предмет…

Секој телесен орган собира храна за да ги одржи своите различни делови во акција. Мозокот мора да се снабдува со својот дел и коските со својата порција. Големиот Градител е на дело секој момент, снабдувајќи го секој мускул и ткиво, од мозокот до врвот на прстите на рацете и нозете, со живот и сила.

Последица од омаповажувањето на природните закони. Бог му подарил на Својот народ голема светлина, па сепак не се наоѓаме надвор од дофатот на искушението… Еден инвалид навидум многу совесен, но сепак полн со предрасуди и самодоволен, слободно го признава својсгг презир кон законите на здравјето и животот, до кои не доведе Божјата милост да ги прифатиме како народ. Храната мора да му се подготвува на начин за да ја задоволи неговата болничава желба. Наместо да седи на трпезата каде што се поставува здрава храна, тој ги посетува рестораните, затоа што таму може да му угодува на апетитот без ограничувања. Речит застапник на умереноста, а не ги почитува нејзините темелни принципи. Тој сака олеснување, но одбива да го добие по цена на самоодрекување,

Тој човек служи пред олтарот на изопачениот апетит. Тој е идолопоклоник. Силите кои, кога би биле посветени и облагородени, би можеле да се искористат за слава на Бога, ослабнале и станале од мала корист. Раздразлив темперамент, збунет мозок и растроени нерви се меѓу последиците на неговото непочитување на природните закони. Тој е непродуктивен и на него човек не може да се потпре.

Близок однос помеѓу исхраната и умот. Во врска со Петровиот повик да додадеме кон „умереноста трпение,“ упатив (во едно обраќање) на благословите на здравствената реформа и предностите кои можат да се стекнат преку употреба на правилни комбинации на едноставни хранливи продукти. Нагласена е блиската врска по која јадењето и пиењето придонесуваат за состојбата на умот и темпераментот. Ние не можеме да си дозволиме себеси да развиеме лош темперамент преку неправилните навики на живеење.

Попусливоста најголема причина за менталната слабост. Попуштањето на апетитот е најголема причина за физичката и менталната ослабеност и се наоѓа во основата на слабоста која е насекаде очиведна.

Умот станува збркан заради неадекватната исхрана. Ние не треба да подготвуваме за сабота поголема количина или поразновиднахрана од другите денови. Наместо тоа, храната треба да биде поедноставна и треба помалку да се јаде, за умот да биде побистар и посвеж да ги сфати духовните работи. Претераното јадење го замаглува мозокот. Можат да се чујат и да не се ценат најдрагоцените зборови, затоа што умот станува збркан преку неправилната исхрана. Со претеранотојадење во сабота, многумина направиле повеќе отколку што мислат за обесчестување на Бога.

Преку апетитот сатаната го контролира умот. Преку апетитот сатаната го контролира умот и целото битие. Илјадници луѓе кои можеле да живеат завршиле во гроб, како и физички, ментални и морални бродоломи, затоа што ги жртвувале сите свои сили попуштајќи му на апетитот.

Органите за варење влијаат врз животната среќа. Органите за варење играат важна улога во нашата животна среќа. Бог ни дал интелигенција за да можеме да научиме што треба да користиме како храна. Зар нема, како разумни мажи и жени, да проучуваме дали она што го јадеме ќе ни одговара или ќе причини проблеми? Тие кои имаат киселина во желудникот многу често се со кисела диспозиција, Им се чини дека се им оди наопаку, и склони се да бидат зловолни и раздразливи. Ако сакаме меѓу нас да владее мир, би требало повеќе да размислуваме отколку што тоа го правиме за тоа како да имаме мирен желудник.

Свежината на умот зависи од телото (совет до писателите и проповедниците). Покорете се на законите на здравствената реформа и учете ги и другите да го направаттоа. Здравјето на умот во голема мера зависи од здравјето на телото, а здравјето на телото зависи од начинот на кој се однесуваме со живата машинерија. Јадете ја само онаа храна која ќе го сочува вашиот желудник во најздрава состојба.

Потребно е темелно да ја проучите филозофијата на вистинската грижа за себе во поглед на исхраната. Аранжирајте ја така вашата работа за да можете да имате редовни оброци. На ова прашање мора да му посветите посебно внимание. Запомнете дека живеењето по вистината каква што е во Исуса бара многу самодисциплина.

Нередовните часови и безгрижното невнимание кон здравственитезакони. Умот не се заморува ниту толку често се исцрпува за сметка на трудољубивата вработеност, или напорното учење колку на сметка на јадењето на храна која не одговара и во време што не одговара, и на безгрижното невнимание кон здравствените закони… Нередовните часови за јадење и спиење ја поткопуваат силата на мозокот. Апостол Павле објавува дека оној кој сака да биде успешен во достигнување на високо ниво на побожност мора да биде умерен во се. Јадењето, пиењето и облекувањето, се е во директна врска со нашиот духовен напредок.

Пренатрупувањето на желудникот го слабее умот. Прекумерното јадење, дури и на најздрава храна, мора да се избегнува. Природата не може да користи повеќе отколку што е потребно за изградба на разните телесни органи и вишокот го запушува системот. За многу ученици се претпоставува дека се исцрпени од прекумерното учење, додека вистинската причина е неумерната исхрана. Кога ќе се посвети правилно внимание на здравствените закони постои мала опасност од ментално преоптоварување, но во многу случаи на таканаречени ментални оптоварувања, пренатрупувањето на желудникот е она што го истоштува телото и го слабее умот.

Попустливоста ги отапува благородните чувства на умот. По- пуштањето на апетитот во прекумерното јадење претставува лакомост. Големата количина на разновидна храна која често се зема во еден оброк е доволна да направи пореметен желудник и пореметен темперамент. Затоа Бог бара од секое човечко суштество соработка со Него, да никој не излегува од своите соодветни граници преку прекомерно јадење или земање артикли што не одговараат за исхрана. Ова попуштање ги јакне животинските скпоности и ги затупува благородните чувства на умот. Целото битие се деградира, и човекот станува роб на апетитот, преку галење и угодување на своите ниски телесни страсти.

Прејадувањето произведува заборавеност и губење на меморијата (советдо еден гурман). Вие сте гурман кога сте покрај трпезата. Тоа е голема причина за вашата заборавеност и губење на меморијата. Зборувате за она кое знам дека веќе сте го кажале, а потоа го вртите разговорот и велите дека сте кажале нешто сосема друго. Знаев за ова, но поминав преку тоа како сигурна последица на прејадувањето. Од каква корист би било да се зборува за тоа? Тоа не би го излечило злото.

Прејадувањето ги затапува емоциите. Неумереноста во јадењето, дури и на храната со добар квалитет, ќе има унижувачко влијание на организмот и ќе ги затапи изострените и светите емоции. Строгата умереност во јадењето и пиењето е многу битна за зачувување на здравјето и крепко остварување на сите телесни функции.

Строгите навики на умереност, во комбинација со вежби како на мускулите така и на умот, ќе ја сочуваат менталната и физичката свежина и ќе им дадат моќ на издржливост на оние кои работат во службата на про-

поведањето, на уредниците и на сите чии навики и работа не вклучуваат физичка активност, Како народ, со сето свое исповедање на здравствената реформа, ние јадеме премногу. Попуштањето на апетитот е најголема причина за физичката и менталната ослабеност, и се наоѓа во основата на слабоста, која е секаде очевидна.

Ограничување на разновидноста на храната. Ние мора да се грижиме за органите за варење и да не ги оптоваруваме со многу разновидна храна. Оној кој алчно се прејадува внесувајќи многу видови на храна за еден оброк си прави на себе штета. Поважно е да јадеме она што ни одговара, отколку да го пробаме секое јадење што ќе се постави пред нас. На нашиотжелудник нема врата низ која можеме да погледнеме внатре и да видиме што се случува таму; затоа мора да го користиме својот ум и да ги согледаме причините и последиците. Ако се чуствувате напрегнати и ви се чини дека се ви оди лошо, можеби тоа е затоа што ги сносите последиците од јадењето на многу разновидна храна.

Божјиот план за нас. Бог сака низ строгата умереност да го одржиме умот бистар и изострен како би биле во состојба да правиме разлика помеѓу светото и обичното. Ние треба да се трудиме да ја сфатиме таа прекрасна наука за неспоредливото Божјо сочувство и добродетелност. Тие кои прекумерно јадат и кои јадат нездрава храна, навлекуваат на себе неволји, онеспособувајќи се за служба на Бога. Опасно е да се јаде месо, бидејќи животните страдаат од многу смртоносни болести. Оние кои се истрајни војадењето животинско месојажртвуваатдуховноста на изопачениот апетит. Нивнитетела стануваат полни со болести.

Интелектуалната активност слабее поради исхраната со многу месо. Интелектуалната, моралната и физичката сила се намалува поради зачестената употреба на месо. Јадењето месо го пореметува системот, го замаглува разумот и ја затапува моралната чувствителност.

Она што го јадеме ја слабее интелектуалната активност. Ние се состоиме од она што го јадеме, а јадењето многу месо ќе ја ослаби интелектуалната активност, Учениците многу повеќе би постигнале во своите студии ако никогаш не вкусиле месо. Кога животинскиот дел од човечкото суштество ќе зајакне со јадење на месо, интелекгуалната моќ пропорционално слабее.

Верскиотживот може поуспешно да се стекне и одржи ако се исфрли месото, бидејќи оваа исхрана потикнува на интензивни активности, похоттни склоности и ја слабее моралната и духовната природа. „Телото… (војува) против духот, а духот против телото“ (Галатјаните 5:17).

Многу е потребно да поттикнуваме и негуваме чисти, чедни мисли и да ја јакнеме моралната, а не пониските и телесните сили. Нека Бог ни помогне да се отргнеме од своите самопопустливи желби!

Јадењето месо и диспозицијата. Воглавно, Бог не го снабдувал Својот народ со месо во пустината затоа што знаел дека употребата на оваа храна ќе создаде болест и непокорност, Со цел да ја измени диспозицијата и да ги доведе до активно манифестираање возвишените сили на умот, Тој го отстранил од нив месото на мртвите животни.

Последици од јадење свинско месо. Со јадењето на свинско месо не се загрозува само физичкото здравје. Употребата на оваа тешка храна влијае на умот и ги затапува фините чувства.

Оној кој непромислено јаде се дисквалификува себеси за советник. Шеќерот не е добар за желудникот. Тој создава ферментација, а тоа го замаглува мозокот и произведува надразлива диспозиција. Се покажа дека два оброка се подобри за здравјето на организмот од три.

Колку жалосно што често, кога е потребно да се покаже најголемо самоодрекување, желудникот е пренатрупан со куп нездрава храна, која тука чека на разложување. Стомачните тегоби се одразуваат на мозокот. Оној кој непромислено јаде не разбира дека се онеспособува за давање мудар совет, дисквалификувајќи се така за правење планови за најдобар напредок на Божјото дело. Но тоа е така. Тој не може да го разликува духовното, и на советувањата, кога тој треба да каже да и амин, тој вели не. Тој дава предлози кои се далеку од целта. Храната што ја јадел ја затапила моќта на неговиот мозок.

Самопопустливоста го спречува човечкото орудие да сведочи за вистината. Благодарноста која мујадаваме на Богаза Неговите благослови многу зависи од храната која е сместена во желудникот. Попуштањето кон апетитот е причина за кавга, раздор, несклад и многу други зла. Се искажуваат зборови на нетрпеливост и се прават нељубезни дела; се следат нечесни навики и се покажува страст затоа што мозочните нерви станале болни од злоставувањето кое се натрупува на желудникот.

Кафето влијае врз менталните и моралните сили. Кафето претставува штетно угодување. Тоа моментално го возбудува умот, … но повратните ефекти се исцрпеност, истоштеност и парализа на менталните, моралните и физичките сили. Умот ослабува и доколку со одлучен напор таа навика не се надвладее, мозочната активност трајно ќе се намали.

Погрешното јадење води кон погрешно мислење. Здравјето на телото треба да се земе за важно за растот во благодатта и за стекнување на сталожен темперамент. Ако на желудникот не му се посвети вниманието што му одговара, обликувањето на морален, правилен карактер ќе биде спречено. Мозокот и нервите сочувствуваат со желудникот. Погрешното јадење и пиење резултира со погрешно мислење и дејствување.

Затапено високото вреднување на помирувањето. Кога постапуваме на начин кој ја слабее менталната и физичката виталност во јадењето, пиењето или некоја друга наша навика ние го обесчестуваме Бога, бидејќи му ја скратуваме службата на која Тој полага право. Кога се оддаваме на апетитот по цена на здравјето или попуштаме пред навиките кои ја слабеат нашата виталност и ментална свежина, ние не можеме високо да го цениме помирувањето и правилно да ги вреднуваме вечните работи. Кога умовите ни се замаглени или делумно парализирани со болест, ние лесно ќе бидеме надвладеани од сатанските искушенија.

Преголемо размислување за храната. Не е можно тежински да се препише количината на храна која треба да се изеде. Не се препорачува да се следи овој процес, бидејќи правејќи така умот станува егоцентричен. Јадењето и пиењето, стануваат преголем голем предмет на размислување. Оние кои не прават бог од желудникот, внимателно ќе го чуваат апетитот. Тие ќе јадат едноставни, хранливи продукги… Тие ќе јадат бавно и целосно ќе ја џвакаат својата храна. По јадењето ќе се подложат себеси на соодветна физичка активност на отворено. Таквите никогаш не треба да се оптоваруваат со мерење на прецизни количини.

Постојат многу кои носат голем товар на одговорност што се однесува на квантитетот и квалитетот на храната најдобро прилагодена за одржување на организмот. Некои, посебно оние кои патат од лошо варење, се премногу загрижени во поглед на своето мени во смисла дека не внеле доволно храна за исхрана на организмот. Тие направиле голема штета на домот во кој живеат, и се плашиме, се онеспособиле за овој живот.

Јадете според својот најдобар суд, потоа имајте мир. Некои постојано се грижат дека нивната храна, колку и да е едноставна и здрава, може да им нанесе зло. На таквите би им кажала: Не мислете дека храната ќе ви нанесе штета; не мислете воопшто за тоа. Јадете според својот најдобар суд; и кога сте го замолиле Господа да ја благослови храната за јакнење на вашето тело, верувајте дека Тој ја слуша вашата молитва и имајте мир.

Неумерените луѓе не можат да бидат трпеливи. Постојат многу причини зошто има толку многу нервозни жени на светот, кои се жалат на лошо варење, со цела композиција на повратни зла. Причината ја прати последицата. Невозможно е за неумерените лица да бидаттрпеливи. Тие мораат прво да ги реформираат лошите навики, да научат да живеат здраво, и тогаш нема да им биде тешко да бидат трпеливи.

Се чини дека многумина не го разбираат односот меѓу умот и телото. Ако организмот се наруши поради неправилна исхрана, тоа влијае на мозокот и нервите и безначајните работи почнуваат да ги вознемируваат оние кои се унесреќени на тој начин. Малите потешкотии им изгледаат неволји големи како планина. Лицата кои се вака настроени се неспособни правилно да ги воспитуваат своите деца. Нивниотживот ќе биде обележен со крајности, понекогаш да бидат многу попустливи, во друга прилика строги, критикувајќи ситници кои не се вредни да се споменат.

Лошото варење доведува до раздразливост. Желудникот со лошо варење секогаш води кон раздразливост. Киселиот желудник донесува кисел темперамент. Вие мора да го потчините своето тело, ако сакате да го направите храм за пребивање на Светиот Дух… Јадете умерено дури и од здравата храна. Вежбајте умерено, и ќе почувствувате дека вашиот живот има одредена цел.

Нездравата храна ја затапува совеста. Во здравствената реформа нашиот народ назадува. Сатаната знае дека не може да има толку голема моќ над умовите кога апетитот се држи под контрола како кога му се попушта, и тој постојано работи за да ги наведе луѓето на попуштање. Под влијание на нездравата храна совеста затапува, умот замрачува, а неговата приемчивост на впечатоци се намалува…

Дали нашиот народ ќе го увиди и почувствува гревот на изопачување на апетитот? Ќе сака ли да го отфрли секое штетно попуштање и да дозволи средствата кои така би се заштедиле да се посветат за ширење на вистината?

Дефиниција за умереност во јадењето. Правилата на умереноста мора да се спроведуваат понатаму од самата употреба на алкохолни пијалоци. Употребата на надразнувачка и тешко сварлива храна често е подеднакво штетна за здравјето и во многу случаи сее семиња на пијанство. Вистинската умереност не учи потполно да се ослободиме од се што е штетно, и совесно да го користиме она што е здраво. Мапку се оние кои правилно разбираат колку нивните навики во исхраната се поврзани со нивното здравје, нивниот карактер, нивната корисност во овој свет и нивната вечна судбина. Апетотот секогаш би требало да биде потчинет на моралните и интелектуалните сили. Телото треба да му служи на умот, а не умот на телото.

Избегнување на крајности. Оние кои ги разбираат законите на здравјето и кои се раководат по правилото ќе ги избегнат крајностите како кон попуштањето така и кон ограничувањето. Нивната исхрана се одбира, не само за задоволување на апетитот, туку за изградба на телото. Тие настојуваат да ја сочуват секоја моќ во најдобра состојба, за најдобра служба на Бога и човекот. Апетитот е под контрола на разумот и совеста, и тие се наградени со здраво тело и ум. Додека тие агресивно не ги наметнуваат своите погледи на другите, нивниот пример е сведоштво во корист на вистинските начела. Тие личности имаат широко влијание за добро.

Сподели го ова:

Слични објави