Глава 57 Омраза и одмазда

Сподели го ова:

Мислата го прекрива делото. ■ Духот на омраза и одмазда води потекпо од сатаната, и го навело да го предаде на смрт Божјиот Син. Секој кој негува злоба и нељубезност го негува тој ист дух, а неговиот род ќе биде на смрт. Во одмаздољубивите мисли лежи прикриено зло дело, како билка во семето. „Секој кој го мрази братот свој е убиец; а знаете дека ниеден убиец нема вечен живот во себе“ (1. Јованово 3:15).

Духот на омразата понижува. Ми беше покажано дека сатаната каков некогаш бил среќен, возвишен ангел. Потоа ми беше покажано каков е сега. Тој се уште носи возвишен облик. Неговите црти се се уште благородни, бидејќи тој е паднат ангел. Но изразот на неговото лице е полн со немир, загриженост, несреќа, злоба, омраза, пакост, измама и секакво зло… Видов дека многу долго се насочувал себе си кон злото така што секоја добра особина станала унижена и секоја зла особина развиена.

Историја на светот, судир помеѓу омразата и љубовта. Непријателството на сатаната против Христа се манифестирало против Неговите следбеници. Истата омраза кон начелата на Божјите закони, истата политика на измама по која заблудата се прикажува како вистина, со која човечките закони се заменети за Божјиот закон и луѓето наведени да го обожаваат созданието наместо Создателот, можат да се следат низ целата мината историја. Напорите на сатаната погрешно да го претстави Божјиот карактер, да ги наведе луѓето да негуваат погрешно сфаќање за Создателот и на тој начин да гледаат на Него со страв и омраза наместо со љубов; неговиот обид да го отстрани божествениотзакон, наведувајќи ги луѓето да мислат како тие се слободни од неговите барања, и негово прогонство на оние кои се осмелуваат да се противат на неговите измами, постојано се спроведувани во сите векови. Можат да се следат во историјата на патријарсите, пророците и апостолите, мачениците и реформаторите.

Престапот го доведува човекот во хармонија со сатаната. Кога човекот го прекршил божествениот закон, неговата природа станала зла, и бил во хармонија, а не во несогласување со сатаната.

Омразата ќе постои се додека постои гревот. Омразата кон чистите начела на вистината и прекорувањето и прогонството на нејзините застапници, ќе постои се додека постои грев и грешници. Христовите следбеници и слугите на сатаната не можат да се усогласат.

Прекорот поттикнува омраза. Истиот дух кој ја поттикнал побуната на небото се уште инспирира побуна на земјата… Прекорувањето на гревот се уште потикнува дух на омразата и одбојност, Кога Божјите пораки на предупредување допираат до совеста, сатаната т наведува луѓето да се оправдуваат себеси и да бараат наклонетост од други на својот пат во грев. Наместо поправка на своите заблуди, тие предизвикуваат огорченост против укорувачот, како тој да е единствената причина за тешкотиите. Од времето на праведниот Авел до денешното време, таков е духот кој се покажува кон оние кои се осмелуваат да го осудат гревот.

Зависта предизвикува омраза. Иако Саул секогаш бил подготвен на можност да го уништи Давид, се плашел од него, бидејќи било очевидно дека Господ бил со него. Давидовиот неизвалкан карактер го поттикнал царевиот гнев; тој чувствувал дека и самиот живот и Давидовото присуство фрла прекор на Него, бидејќи споредбата на неговиот карактер со Давидовиот одела на негова штета. Зависта е таа која го направила Саул беден и го довела понизниот субјект на неговиот престол (царство) во опасност.

Каква неискажана штета оваа зла црта на карактерот предизвикала на нашиот свет! Исто непријателство кое постоело во Сауловото срце го распламило Каиновото срце против неговиот брат Авел, затоа што Авеловите дела биле праведни, и Бог ги ценел, а неговите дела биле зли и Господ не можел да ги благослови. Зависта е плод на гордоста, и ако се внесе во срцето, ќе доведе до омраза и на крај до одмазда и убиство. Сатаната го покажал сопствениот карактер во поттикнувањето на Сауловиот бес против оној кој никогаш не му нанел зло.

Грешни емоции. Божјиотзакон ги бележи љубомората, зависта, омразата, злобата, одмаздољубивоста, страста и амбицијата кои се брануваат во душата, но кои не нашле изрази во надворешна акција, заради немање можност, а не волја. Овие грешни емоции ќе се внесат во пресметката на денот кога „Бог ќе го изнесе секое дело на суд и секоја тајна, било добра или зла.

Убиството прво постои во срцето. Исус поединечно ги зема заповедите и ја објаснува длабочината и ширината на нивните барања. Наместо да отфрли и една цртичка (јота) на нивната сила, тој покажува колку далекусежни се нивните начела и ја открива фаталната заблуда на Евреите во нивното надворешно покажување на послушност. Тој изјавува дека со зла мисла или со страствен поглед се крши Божјиот закон. Личноста која зема дел во најмала неправедност го крши во законот и ја деградира својата морална природа. Убиството прво постои во умот. Тој кој и дава место на омразата во срцето, ги става нозете на патеката на убиец и неговите приноси не му се мили на Бога.

Кршење на шестата заповед. Сите неправедни дела кои одат кон скратување на животот духот на омраза и одмазда, или попуштање на некоја страст која наведува на неправедни дела кон другите или не поттикнува да им посакаме зло (бидејќи, „кој го мрази својот брат е убиец“)… се во поголема или помала мера, кршење на шестата заповед.

Сатаната со сопствена енергија ја вдахнува омразата. Кога на сатаната ќе му се дозволи да ја обликува волјата, тој ја користи за да ги исполни своите цели. Тој поттикнува теории на неверие и го распалува човечкото срце да војува против Божјата Реч. Со постојани, истрајни напори, тој настојува да ги вдахне луѓето со сопствена енергија на омраза и спротиставување на Бога и да ги стави во опозиција кон установите и барањата на небото и дејствувањето на Светиот Дух. Тој ги става под свое знаме сите оружја на злото и ги доведува на бојното поле под своја команда да се спротистави злото против доброто.

Светот го мразел Христа затоа што беше поинаков. Разликата помегу Христовиот карактер и карактерот на другите луѓе во Неговото време била секаде очевидна и поради тие разлики светот го мразел. Го мразеле поради Неговата добрина и стрикгна чесност. И Христос објавувал дека и оние кои ги покажуваат истите особини ќе бидат исто така мразени. Како што се ближиме кон крајот на времето, оваа омраза кон Христовите следбеници се повеќе ќе се покажува.

Христос ја земал човечката природа и ја поднесе омразата на светот за да им покаже на мажите и жените дека можат да живеат без грев, дека нивните зборови, нивните дела, нивниот дух можат да се посветат на Бога. Ние би можеле да бидеме совршени христијани кога би ја манифестирале оваа сила во својотживот. Кога на нас постојано ќе почива небесната светлина, ќе го претставуваме Христос. Праведноста која се открила во Неговиотживот била таа што го правела поинаков од светот и ја предизвикувала неговата омраза.

Омразата потекнува од желбата за одмазда. Сатаната го оспорува секое барање кое го изнесува Божјиот Син и користејќи ги луѓето како свои орудија го исполнувал животот на Спасителот со страдање и жал. Измамливите заклучоци и лаги со кои настојувал да го попречи Исусовото дело, омразата изразена преку децата на непокорноста, неговите сурови обвинувања против Оној чиј живот бил живот на беспримерна добрина, сето тоа потекнувало од длабоко вкоренатата одмазда. Прикриениот пламен на завист и злоба, омраза и одмазда, се распалила на Голгота против Божјиот Син, додека целото небо во нема вчудоневиденост ја набљудувало оваа сцена.

Омраза кон родителите (зборови упатени на една млада жена). – Посебна работа која треба да ја извршиш е со понизностда го признаеш својот курс на непочитување на твоите родители. Нема причина за неприродна манифестација кон нив. Тоа е чисто сатански дух, и ти си му попуштила затоа што твојата мајка не го одобрувала тој курс. Твоите чувства преминуваат не само во позитивно несогласување, одлучно непочитување, туку и во омраза, злоба, завист, љубомора, кои се манифестираат во твоите дела нанесувајќи им на родителите страдање и немаштија. Ти не сакаш да ги усреќиш или да направиш да се чувствуваат удобно. Твоите чуства се променливи. Понекогаш срцето ќе ти омекне, потоа цврсто се затвора кога ќе забележиш некоја грешка во нив, и ангелите не можат да втиснат ниедно чуство на љубов.

Еден лош демон те контролира, и ти си полна со омраза. Бог ги забележал твоите зборови на непочитување, твоите дела на нељубезност кон родителите, за кои Тој ти заповедал да ги почитуваш и ако пропуштиш да го согледаш овој голем грев и да се покаеш, ќе стануваш се помрачна додека не бидеш препуштена на своите зли патишта.

Сатаната ужива во контролирањето на детските умови. Колку е жално да се гледаат децата на богобојазливите родители распуштени и непокорни, неблагодарни, самоволни, целосно решени да го следат сопствениот пат, немарни кон неприликите или тагата која ја донесуваат на своите родители. Сатаната ужива во владеењето со срцата на децата, и ако му се дозволи ќе им всади во нивната душа омраза.

Духот на омразата реагира. Никој не може да го мрази својот брат, или дури и непријателот, а да не дојде под осуда.

Одмаздата не донесува сатисфакција. Запомнете дека одмаздољубивиот говор никогаш кај човекот не создава чувство дека добил победа. Христос нека зборува низ вас. Немојте да го загубите благословот кој доаѓа од неразмислување за злото.

Таа ја замаглува моќта на забележување. Гордоста, самобендисаноста, себичноста, омразата, зависта и љубомората ги помрачиле можностите за забележување и вистината која би ве направила мудри за спасение, ја изгубила својата моќ да го привлече и контролира умот.

Маслото на љубовта ја отргнува горчината. Не дозволувајте на лутината да созрее во злоба. Не дозволувајте и на таа рана да загнои и провали во отровни зборови кои ги трујат умовите на оние што слушаат. Не дозволувајте им на горчливите мисли и понатамуда го исполнуваат вашиот ум… Одете кај својот брат и во понизност и едноставност разговарајте за спорното прашање…

Целото небо се интересира за дијалогот помеѓу оној кој е повреден и оној кој е во заблуда… Маслото на љубовта ја отргнува горчината која ја предизвикала неправдата. Божјиот Дух ги поврзува срцата и на небото постои музика заради постигнатото единство.

Срце кое возвраќа љубов за омраза. Ни земната положба, ни раѓањето, ни националноста, ни верското предимство, не е тоа што докажува дека сме членови на Божјото семејство; тоа е љубовта, љубовта која го опфаќа целото човештво. Дури и грешниците чии срца не се целосно затворени, на Божјиот Дух ќе одговараат на љубезност; додека можатда возвратат омраза за омраза, тие исто така ќе дадатљубов за љубов. Но само Божјиот Дух е Тој кој дава љубов за омраза. Да се биде љубезен кон неблагодарните и злите, да се прави добро не надевајќи се на ништо за возврат, е обележје за еден човек дека е член на небесното царско семејство, сигурен знак по кои децата на Највозвишениот ја откриваат својата возвишена положба.

Сподели го ова:

Слични објави