Глава 28 Самопочитување
Развивање на самопочитта. Ако сакаме да им правиме добро на душите, нашиот успех со тие души ќе биде во сразмер со нивната доверба и со тоа колку им веруваме и ги цениме. Почитта која се покажува кон човечката душа којашто се бори е сигурно средство за обнова на самопочитта преку Исуса Христа а која што човекот ја изгубил. Нашите напредни идеи за тоа што може тој да стане претставуваат помош кои ни самите не можеме да ја цениме во целост.
Почит кон достоинството на човекот како човек. Секаде каде што принципите не се загрозени, разбирањето кон другите ќе не наведе да ги почитуваме прифатените обичаи; но вистинската пристојност не не принудува да ги жртвуваме принципите пред конвенционалноста. Таа не признава општествени разлики. Таа не учи да се почитуваме себеси, да го почитуваме достоинството на човекот како човек, да го почитуваме секој член на големото човечко братство.
Негување самопочит. Некои луѓе со кои доаѓате во контакг можат да бидат груби и неучтиви, но немојте вие самите поради тоа да бидете помалку човечни. Оној кој сака да ја зачува сопствената самопочит мора да биде внимателен непотребно да не ја повреди самопочитта на другите. На ова правило треба свето да се придружуваме кон најограничените, најнетактичните. Вие не знаете каков план има Бог со тие луѓе кои очигледно не ветуваат. Тој во минатото прифаќал личности кои ништо повеќе не ветувале или не биле повеќе привлечни за да извршат големо дело за Него. Неговиот Дух, кога ќе му се приближи на срцето, ја буди секоја способност на силна акција. Господ во тие груби, неизделкани камења видел драгоцен материјал, кој ќе ја издржи пробата на олујата, топлината и притисокот. Бог не гледа како што гледа човек. Тој не суди по изгледот, туку го испитува срцето и суди правилно.
Совеста ја буди самопочитта. На луѓето од принцип не им се потребни ограничувања со клучеви и катанци, нив не треба да ги надгледуваме или набљудуваме. Тие ќе постапуваат искрено и чесно во секоја прилика сами, без никаков надзор исто како и во јавноста. Тие нема да ја извалкаат својата душа за никаква добивка или себично збогатување. Тие ги презираат нечесните постапки. Иако тоа никој друг не може да го знае, знааттие самите, и тоа би им го уништило самопочитувањето. Оние кои не се верни и совесни во малку, не би се реформирале да нема прописи, ограничувања и казни.
Самопочитта мора да се чува постојано. Моралната чистота, самопочитта, силната моќ на отпорот, мораат постојано и цврсто да се чуваат. Никогаш не треба да се оддалечуваш од претпазливоста. Еден чин на фамилијарност, една индискреција, може да ја изложи душата на отворање на вратата на искушението и слабеење на моќта на одбивање.
Почитувањето кон другите се мери со почитувањето кон себе. –
Преку попуштањето на гревот, самопочитта се разорува; а кога неа ја нема, се намалува почитта кон другите; мислиме дека и другите се неправедни како и ние самите.
Со лошите навики ученикот ја уништува самопочитта. Со помош на своите лоши навики тој ќе ја загуби самопочитта, ќе ја загуби власта над себе. Не ќе биде во состојба правилно да расудува за прашањата што најмногу го интересираат. Ќе стане невнимателен и неразумен во пристапот кон својот ум и тело. Со лоши навики тој од себе ќе создаде урнатини. Нема да постигне среќа зашто, пропуштајќи да негува непорочни, здрави начела, самиотсебе се ставил под властна навики што му го уништуваат мирот. Годините што ги поминал напорно трудејќи се да стекне образование ќе бидат загубени, зашто се уништил самиот себе. Ги злоупотребил своите ментални и физички способности и храмот на неговото тело се наоѓа во урнатини. Уништен е и за овој живот и за животот што ќе дојде. Здобивајќи се со земно знаење, си помислил дека се здобил со богатство, но, отфрлајќи ја Библијата, тој го жртвувал богатството повредно од се.
Нетрпеливите зборови го расипуваат самопочитувањето. Оние коишто му попуштаат на таквиот јазик (со зборови на нетрпеливост), ќе почувствуваат срам, губење на самопочит, губење на самодоверба и горко ќе се кајат и жалат затоа што си дозволиле да ја изгубат самоконтролата и што зборувале на таков начин. Колку би било подобро никогаш да не биле изговорени зборови од таков карактер. Колку е подобро да се има маслото на благодатта во срцето, да се биде во состојба да се помине покрај сите провокации, и се да се поднесува со христијанска смиреност и трпеливост.
Родителите никогаш нема да стекнат самопочит со бесмислени зборови. Нека ниту еден раздразлив збор, грубост или страст не поминува преку вашите усни. Христовата благодат чека на вашето барање. Неговиот дух ќе ја превземе контролата на вашето срце и совест, ќе господари со вашите зборови и дела. Немојте никогаш да ја загубите самопочитта со непромислени, бесмислени зборови. Трудете се зборовите да ви бидат чисти, разговорот свет. Покажете им на своите деца пример за тоа какви сакате тие да бидат… Зборовите нека бидат тивки и пријатни, а изразот на лицето радосен.
Самопочитувањето уништено со мастурбација. Последиците од таквите понижувачки навики не се исти на сите умови. Има некои деца чии морални можности се многу развиени, кои дружејќи се со деца кои мастурбираат, биваат вовлечени во овој порок. Најчеста последица е да тоа ги прави меланхолични, нервозни и љубоморни; но сепактие не мораат да го изгубат респектот кон верската служба или да покажат посебно неверство во однос на духовните работи. Тие одвреме навреме многу ќе патат од чувството на вина и ќе чувствуваат пониженост во сопствените очи и ќе го изгубат самопочитувањето.
Не уништувајте го самопочитувањето. Кога заблудениот ќе ја воочи својата грешка, внимавајте да не го уништите неговото самопочитување. Немојте да го обесхрабрувате укажувајќи му недоверба и незаинтересираност, Не велете: „Немам доверба во него додека не видам дали ќе се одржи,“ Честопати оние кои се во искушение се сопнувааттокму заради тоа што се нема доверба во нив.
Самоиздршката ја зголемува самопочитта. Треба да им се даде работа на оние кои настојуваат да се реформираат. Ниту еден кој е способен да работи не треба да биде поучуван да очекува дека храната, облеката и станот ќе му бидат дадени бесплатно. За нивна, но и за полза на другите, треба да бидат пронајцени начини на кои еднакво би вратиле за она што го примаат. Охрабрете ги во напорите да се издржуваат самите себе. Тоа ќе придонесе за нивната самопочит и благородна независност. Освен тоа, вработеноста на телото и умот претставуваатуспешна ограда против искушението.
Сопственоста им помага на сиромашните да стекнат самопочит.
Чувството на поседување на сопствени домови би им дало силна волја на сиромашните за напредок. Тие набргу би стекнале вештина во планирање и осмислување за себе; нивните деца би ги научиле навиките на внимателност и економија, а разумот многу би зајакнал. Тие би се чувствувале како луѓе, а не робови, и би биле во состојба во голема мера да го повратат своето изгубено самопочитување и морална независност.
Лична култура и достоинство. За Христовите пратеници важно е да ја увидат неопходноста за лична култура за да го украсат своето занимање и стекнат пригодно достоинство. Без ментална обука тие сигурно ќе доживуваат неуспех во се со што ќе се зафатат.
Чувајте се од самосожалување. Треба да се чуваме од самосожалување. Никогаш не поткпекнувајте под чувството дека вашите напори не се вреднуваат, дека вашата работа е премногу тешка. Нека споменот на она што Христос го претрпел за нас ја замолкне секоја мисла на негодување. Кон нас се однесуваат подобро отколку што се однесу-
вале кон нашиот Господ. ,Д ти за себе сакаш нешто големо?; не барај“ (Еремија 45:5).
Христос ја обновува самопочитта. Не е тешко да се запомни дека Господ сака да ги положите своите пробпеми и потешкотии крај Неговите нозе, и тука да ги оставите. Одете кај Него и речете: „Господе, моите бремиња се претешки за носење. Ќе сакаш ли Ти да ги понесеш за мене? А тој ќе ти одговори: „Јас ќе ги земам. Те сакам со љубовта вечна и затоа еднакво ти укажувам милост! Ќе ги земам твоите гревови и ќе ти дадам мир. Не потиснувај го повеќе своето самопочитување; бидејќи те откупив по цена на Својата крв. Ти си Мој. Твоите слабости Јас ќе ги зајакнам. Твоето каење за гревот Јас ќе го оттргнам.”
Совет за човекот кој ја загубил самопочитта. Исус те сака, и ми даде порака за тебе. Неговото големо срце на бесконечна нежност копнее за тебе. Тој ти праќа порака дека можеш да се извлечеш од замката на непријателот. Можеш повторно да го стекнеш своето почитување. Можеш да бидеш таму каде што ќе се цениш себе си, не како губитник, туку како победник, во и низ возвишеното впијание на Божјиот Дух. Земи ја Христовата рака и не испуштај ја.
Култивирање на самопочитта. Не му е пријатно на Бог да се потценувате себеси. Вие треба да го култивирате самопочитувањето живејќи така што ќе имате одобрување од сопствената совест и пред луѓето и пред ангелите… Ваша предност е да појдете кај Исуса да се очистите, и да стоите пред законот без срам и каење. „И така, нема осудување за оние, кои се во Христа Исуса, и одат не по телото, а по Духот“ (Римјаните 8:1). Се додека не мислиме за себе повеќе отколку што е потребно да мислиме, Божјата Реч не го осудува пристојното самопочитување. Како Божји синови и ќерки, ние треба да имаме разумно достоинство на карактерот, во кое гордоста и самоуважувањето немаатдел.
ЗАВИСНОСТ И НЕЗАВИСНОСТ
А. ЗАВИСНОСТ ОД БОГА, НЕ ОД ЧОВЕК
Зависноста од Бога е апсолутна. Бог би сакал секоја душа за која што умрел Христос да биде дел од лозата, поврзана со коренот, хранејќи се од него. Нашата зависност од Бога е апсолутна, и тоа треба да не направи многу понизни; и поради таа своја зависност, нашето знаење за Него треба многу да се зголеми. Бог би сакал да ја оттргне секоја црта на себичност и да дојдеме кај Него, не како своја сопственост, туку како Господова откупена сопственост.
Зависност од Бога, не од човек. Бог копнее да ги доведе луѓето во директна врска со Себе. Во сите Свои постапки со човечките битија, Тој го признава принципот на лична одговорност. Тој се стреми да ги разбуди чувствата за нашата лична зависност и да ни ја втисне потребата од лично водство. Тој копнее да го доведе човештвото во тесна заедница со божественото за луѓето да можат да бидат преобразени во божествено обличје. Сатаната настојува да ја попречи таа цел. Тој настојува да ја охрабри нашата зависност од луѓе. Кога мислите и духот се оттртати од Бога, искушувачот може да ги доведе под своја контрола. Така тој стекнува власт над душите на луѓето.
Бидете потполно зависни од Бога. Кога постапувате поинаку, тоа значи дека е време да се застане. Застанете таму каде што сте и изменете го редот на работите… Во искреноста и гладот на душата, повикајте го Бога. Борете се со небесните посредници додека не победите. Предајте го целото свое битие во Божјите раце душата, телото и духот и решете се да бидете Негово сакано, посветено орудие, кое се движи по Неговата волја, се владее по Неговиот ум, исполнето е со Неговиот дух;… така појасно ќе го согледате небесното.
Направете го Бога свој советник. Наместо своите потешкотии да ги пренесувате на некој брат или проповедник, изнесете ги пред Бога во молитва. Не ставајте го проповедникот таму каде што треба да биде Бог туку направете го предмет на своите молитви. Сите ние грешиме по ова прашање. Христовиот пратеник е ист како и останатите луѓе. Вистина е дека, тој носи посветла одговорност во однос на обичниот човек, но не е непогрешлив. Тој е подложен на слабости, и потребна му е благодат и божествено просветлување. Потребно му е небесно миросување за да ја изврши својата задача точно и успешно, давајќи целосен доказ за своето пратеништво. Има такви кои не го познаваат патот на животот и спасението, и тие во својот побожен проповедник ќе го пронајдат оној кој ќе ги научи што да прават за да се спасат.
Оние коишто знаат како да се молат, кои знаат што значи повикот на Христовото евангелие, кои знаат за непроменливоста на Неговите ветувања, покажуваат непочитување кон Бога кога т изложуваат своите тешкотии пред смртници. Секогаш е правилно заедно да се советуваме. Правилно е заедно да се дискутира. Правилно е јасно да се изложат потешкотиите кои се јавуваат во некој потфат пред браќата или пред проповедникот. Но не обесчестувајте го Бога како се да зависи од човечката мудрост. Барајте од своите соработници да се молат со вас, и Господ ќе ги исполни Своите зборови: „Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив“ (Матеј 18:20).
Б. ЗАВИСНОСТ И НЕЗАВИСНОСТ ВО РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
Умот на еден човек. Погрешно е да се убедуваат луѓето да веруваат дека работниците за Христа не треба да прават ништо за да го спасат она што е исправно изнесено пред некој одговорен човек. Луѓето не треба да ги учиме да гледаат на човекот како на Бог. Кога е неопходно заедничко советување и единствена акција помеѓу работниците, умот на еден човек и судот на еден човек не смее да биде владеачка сила.
Растење во ефикасноста. Бог е владетел на Својот народ и Тој ќе ги научи оние кои му ги предаваат своите умови како да го користат својот мозок. Додека ги вработуваат своите извршни способности, тие ќе напредуваат во ефикасност. Господовото наследство го сочинуваат големи и мали садови, но секој човек има своја сопствена задача. Не смее да се зависи од умот на само еден човек, или умовите на двајца или тројца луѓе, како сигурноста за се да почива врз нив. Секој нека гледа, нека верува во Него, и нека негува целосна доверба во Неговата моќ. Здружете се со Христа а не со луѓето, бидејќи тие немаат сила да ве зачуваат од падот.
Совет на еден раководител. Твојата зависност мора да биде од Бога. Не смееш да дозволиш другите луѓе да ги празнат своите умови во твојот. Не дозволувај со своите наговарања да те одведат на лажни патеки. Предај му ја во целост својата доверба на Оној кој објавува: „Никогаш нема да те напуштам, ниту ќе те оставам” (Евреите 13:5).
Зависноста од Бога гради доверба. Кога луѓето ќе престанат да зависат од луѓе, кога го признаваат Бога за својата ефикасност, тогаш ќе се покаже повеќе меѓусебната доверба. Севкупно земено, нашата вера во Бог е премногу слаба и нашата меѓусебна доверба е премногу оскудна.
Зависноста од себе води во искушение. Со сериозни молитви и зависност од Бога, Соломон ја стекнал мудроста која предизвикувала чудење и восхит на светот. Но кога го напуштил Изворот на својата сила и почнал да се потпира на себе, паднал како жртва на искушението. Тогаш чудесната моќ која му била дадена на овој најмудар цар направила од него само поуспешен посредник на непријателот на душите.
Зависноста од други може да значи незрелост. Луѓето кои би требало да бидат верни во секоја ситуација како магнетната игла на полот станале неуспешни поради своите напори да се заштитат од прекори и да ја избегнат одговорноста поради стравот од грешки. Луѓето со џиновска интелегенција се мали деца во дисциплината затоа што се плашат да ги преземат и да ги носат бремињата кои би требало да ги носат. Ним не им е до тоа дали ќе станат ефикасни. Тие предолго му верувале на еден човек да планира за нив и го потхранувале мислењето дека се многу способни да се вградат себеси во интересите на Божјето дело. Менталните недостатоци не дочекуваат на секое место.
Луѓето кои се задоволуваат со тоа што на другите ќе им го препуштат планирањето и донесувањето мислење за нив, не се потполно развиени. Кога би се оставиле да планираат за себе, би се согледало дека се разумни, луѓе кои сметаат на се. Но кога ќе дојцат во врска со Божјето дело, тоа за нив е сосема друга работа; тие скоро во целост ја губаттаа способност. Се задоволуваат да останат некомпетентни или непродуктивни како да другите мораат да планираат и да мислат за нив. Некои луѓе се изгледа крајно неспособни да си ја поплочат патеката. Мораат ли секогаш да се потпираат на тоа другите да планираат и проучуваат за нив, да им бидат ум и суд? Бог се срами од таквите војници. Тој не е почестен со никаков нивен удел во Неговото дело додека се само обични машини.
Потребни се независни луѓе. Потребни се сериозни луѓе, а не луѓе растегливи како лепак. Тие кои сакаат работата да им се приготви на раце, кои сакаат одреден износ и одредена плата, и кои сакаат да постигнат одреден залет без проблемите кои произлегуваат од приспособувањето или обуката, не се луѓе кои Бог ги повикува на работа во Неговото дело. Човекот кој не може да ги приспособи своите способности скоро на секое место доколку тоа го бараат потребите, не е човек за ова време.
Луѓето кои што Бог ќе ги вкпучи во Своето дело не се слаби, без моќ или морални сили на карактерот. Само со непрекината и сериозна работа луѓето можат да се дисциплинираат да носат дел во Божјото дело. Тие луѓе нема да се обесхрабрат дури ни тогаш кога околностите и опкружувањата се најнеповолни. Тие нема да ја напуштат својата намера како целосен неуспех се додека не се осведочат надвор од секој сомнеж дека не можат да направат многу за слава на Бога и за доброто на душите.
Непосветената независност потекнува од себичноста. Лошото самопочитување и непосветената независност, кои најмногу им штетат на нашата корисност и кои ќе ја предизвикаат нашата пропаст ако не се надвладеат, потекнуваат од себичноста. „Советувајте се заедно“, е пораката која ангелот повеќепати им ја повторува. Преку влијанието на судот на еден човек, сатаната може да се обиде да ги контролира работите онака како што тоа на него му одговара. Тој може да успее во заведувањето на умовите на две личности; но кога неколкумина меѓусебно се советуваат, тогаш постои поголема сигурност. Секој план треба внимателно да се преиспита, секое движење треба внимателно да се проучи. Така ќе има помала опасност од непромислености, погрешни движења, кои би внеле забуна и пораз. Во единството е силата. Во поделбата е слабоста и поразот.
В. НЕЗАВИСНОСТ НА ДУХОТ
Ризици од личната независност. Запомнете еднаш засекогаш што е она што ни припаѓа во нашиотхристијански повиккако на посебен Божји народ; и пазете во покажувањето на лична независност вашата работа да не ве сврти против Божјите намери, а вие преку сатанските замисли, да не станете камен на сопнување на патот на оние кои се слаби и неодлучни. Постои опасност да им се даде можност на нашите непријатели да хулат на Бога и да ги презираат оние кои веруваат во вистината.
Независност на духот. Во црквата секогаш имало поединци кои се стремеле кон лична независност. Се чини дека тие не сфаќаат оти независниот дух лесно може да ги наведе луѓето премногу да се потпираат врз себе и врз сопствениот суд, наместо да ги почитуваат советите и високо да го ценат судот на своите браќа, особено оние кои Бог ги поставил да го водат Неговиот народ. Бог на Својата црква и дал посебен авторитет и сила кои никој нема право да ги потценува ниту да ги презира, зашто оној што постапува така, го презира Божјиот глас.
Усогласено дејствување. Мора да се внимава на една работа, а тоа е личната независност. Како војници во Христовата армија, мораме да имаме усогласена акција во разни области на делото… Секој војник треба да дејствува повикувајќи се на другите. Следбениците на ИсусХристос нема да работат независно еден од друг. Нашата сила мора да биде во Бога, и таа мора да се култивира да се покажува во благородна, сконцентрирана акција. Таа не смее да се растура во бесмислени движења.
Самодоволноста не изложува на сатанските лукавства. Ние живееме среде опасностите на последните денови, и доколку имаме самодоволен и независен дух, ќе бидеме изложени на сатанските итрини и на тој начин совладани.
Г. МОРАЛНА НЕЗАВИСНОСТ
Закон на взаемна зависност. Во големиот сплет на човештвото сите ние меѓусебно сме поврзани и се што можеме да сториме за да т усреќиме и да т издигнеме друтте, ни се враќа нам во вид на благослов. Законот за заемна зависност ги опфаќа сите општествени класи. Сиромавиот не зависи од богатиот повеќе отколку богатиот што зависи од сиромавиот. Додека сиромасите копнеат за благословите што им т доделил Бог на нивните имотни браќа, богатите чувствуваат дека не можат без верната служба, без силата на умот, коските и мишките, што е капитал на сиромасите.
Должност на покорување на индивидуалните верски убедувања.
Има многу начини со кои се служи сатаната со помош на човечкото влијание да ги врзе своите робови. Тој задржува илјадници такви врзувајќи ги со фини врски на љубов кон непријателите на Христовиот крст. Каква и да е оваа врска, било да е родителска, синовска, брачна или пријателска, последиците се исти. Противниците на вистината ја користат својата сила за да владеат над совеста, а душите држени под нивна власт немаат доволно храброст или самостојност да го слушаат своето лично чувство на должност.
Гушење на индивидуалниот суд. Иако умот и совеста се осведочени, сепак, овие заслепени души не се осмелуваат да мислат поинаку од нивните духовни водачи, и своето лично мислење, своето вечно добро им го жртвуваат на неверувањето, на горделивоста и на предрасудите на другите.
Независно стоење на страната на правдата. Потребна е храброст и независностза издигнување над религиозните стандарди на христијанскиот свет. Тие не го следат Спасителовиот пример на самоодрекувања; не се жртвуваат; постојано настојуваат да го одбегнат крстот за кој Христос објавил дека ќе биде обележје на оние кои се Негови ученици.
Морална независност во спротивставување на светот. Моралната независност е сосема на место кога се спротиставува светот. Кога сме во целосна хармонија со Божјата волја ќе се најдеме на погодно тло и ќе ја увидиме неопходноста за одлучно одвојување од светските обичаи и навики. Ние не смееме да го подигаме својот стандард само малку над светскиот стандард, туку мораме да повлечеме линија на јасно разграничување.
Моралната независност е доблест. Наша единствена сигурност е да стоиме како Божји посебен народ. Ние не мораме ни за една педа да се покориме на обичаите и помодарството на ова изопачено време туку
напротив треба да стоиме во морална независност, не правејќи компромис со нивните расипани и идолопоклонички навики.
Д. НЕЗАВИСНОСТ НА УМОТ
Вистинската независност не е тврдоглавост. Вистинската независност не е тврдоглавост. Таа ги води младите во обликување на своето мислење според Божјето слово, без разлика што зборуваат или работат другите. Ако се во друштво со неверници или атеисти, таа ги води да ги признаат и бранат своите верувања и светата вистина на евангелието од приговори и неумесни примедби и од духовитоста на своето безбожно друштво. Кога се со оние кои мислатдека е доблест да се изнесуваат заблудите на христијаните по име и да ја исмеваат религијата, моралноста и доблеста, вистинската независност на умот ќе ги наведе учтиво, но одлучно да им покажат дека потсмевањето е само бедна замена за јасен аргумент. Таа ќе им овозможи да гледаат над забелешките на критичарите на оној кој ги инспирира, непријателот на Бога и човекот, и да го одбијат во ликот на неговиот посредник.
Потреба за индивидуална независност. Има луѓе кои си ласкаат на себе дека би можеле да направат нешто големо и добро кога само би се нашле во поинакви околности, додека од друга страна тие истите не ги користат можностите кои веќе ги имаат за да работат во услови каде што ги поставило Провидението. Човекот може да гм креира околностите, но околностите никогаш не го прават човекот. Човекот треба да т сфати околностите како инструменти со кои работи. Тој треба да господари со околностите, но никогаш да не дозволи околностите да господарат со него. Индивидуалната независност и индивидуалната моќ се особини кои се сега потребни. Индивидуалниот каракгер не треба да сежртвува, туку да се модулира, подобри, и воздигне.
Колку далеку да се оди во независност. Бог би сакал Неговиот народ да биде дисциплиниран и подреден на складна акција за да биде едномислен, со ист ум и ист суд. За да се достигне таквата состојба, уште многу нешта треба да се сторат… Господ не би сакал да и се предадеме на својата индивидуалност. Но кој човеке меродавен судија по прашањето колку далеку треба да се оди со индивидуалната независност?…
Петар ги воздигнуваше своите браќа: „Така и вие помладите покорувајте им се постарите. А сите еден кон друг препашајте се со смиреност, зашто Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат“. Апостол Павле исто така ги воздигал своите браќа во Филиба на единство и покорност. „И така, ако има некаква утеха во Христа, ако има некакво охрабрување од љубов, ако има некаква заедница на Духот, ако има некакво внатрешно сочувство и сомилост, исп олнете ја мојата радост, и мислете исто имајќи ја истата љубов, еднодушни со мисли насочени коедно. Не правете ништо од натпреварување или од суетно честољубие, туку во понизност сметајте се еден друг за поголем од себеси!”
Божјата сила наша зависност. Браќа, ве проколнувам гледајте единствено на Божјата слава. Неговата сила нека биде ваша зависност, Неговата благодат ваша сила. Со проучување на Светите Списи и со сериозни молитви настојувајте да стекнете јасна концепција за своите должности, и тогаш верно исполнете ги. Важно е да ја развивате верата во малите работи, а правејќи така ќе стекнете навики на целовитост во поголеми одговорности. Малите случувања од секојдневниотживотчестопати ни поминуваат незабележително, но тоа е она што го оформува карактерот. Секоја случка во животот е голема за добро или зло. Умот мора да се вежба низ секојдневните проби за да може да стекне сила за да опстои во секоја тешка положба. Во деновите на искушенија и опасност ќе ви биде потребно да се зацврстите за да можете одлучно да застанете на страната на правдата, независно од секое спротивно влијание.