Глава 89 Позитивни влијанија врз умот
Благодарноста го унапредува здравјето. Ништо нема поголема тенденција за унапредување на здравјето на телото и душата како духот на благодарност и пофалба. Позитивна должност е да се одбие меланхолијата, незадоволните мисли и чувства како што е должност да се молиме.
Сопственици на менталните и физичките способности. Колку е природно да се сметаме како целосни сопственици на себеси! Но Вдахновената Реч објавува: „Вие не сте свои… откупени сте многу скапо“ (1. Коринтјаните 6:19, 20). Во својот однос со нашите ближни ние сме сопственици на доверените ментални и физички способности. Во својот однос со Бога ние сме позајмувачи, поверители на Неговата благодат.
Целта е достигнување на состојба на единство. Божја волја е да постои единство и братска љубов помеѓу Неговите деца. Христовата молитва непосредно пред Неговото распнување била учениците да бидат едно како што Тој е едно со Таткото, за да може светот да поверува дека Бог го испратил. Оваа најтрогателна и прекрасна молитва се протега низ вековите, се до денес, затоа што Неговите зборови биле: „Не се молам само за нив, туку и за оние кои ќе поверуваат во Мене заради нивните зборови” (Јован 17:20).
Додека не смееме да жртвуваме ниту едно начело на вистината, наша постојана цел треба да биде достигнување на оваа состојба на единство. Тоа е доказ дека сме Христови ученици. Исус рекол: „По тоа сите ќе познаат дека сте Мои ученици ако имате љубов меѓу себе” (Јован 13:35). Апостол Петар ја повикува црквата: „Бидете сите со еден ум, меѓусебно да се сожалувате и да покажете братска љубов“ (1. Петрово 3:8).
Црпете го позитивното од опружувањето. Сите вие сте виделе прекрасен бел лилјан во бистрите води на некое езеро. Колку сме се грижеле, колку сме сакале и настојувале да дојдеме до тој цвет. Без разлика колку има ѓубре, отпадоци и нечистотија околу него, сепактоа не ја уништило вашата желба за лилјанот. Се чудиме како може лилјанот да биде толку убав и бел таму каде што има многу кал.
Значи, постои стебло кое се спушта ниско до златниот песок и ги собира само најчистите материи кои го хранат додека не се развие во чист и беспрекорен цвет каков што го гледате. Треба ли ова да ни биде поука за нешто? Секако да. Тоа покажува дека иако беззаконието е насекаде околу нас, не треба да му се приближуваме. Не зборувајге за беззаконието и злото кои се во светоттуку воздигнете ги умовите и разговарајте за
својот Спасител. Кога гледате беззаконие насекаде околу вас, тоа ве прави посреќен што Тој е ваш Спасител, а ние Негови деца.
Значи ќе гледаме ли на беззаконието кое е околу нас и ќе се занимаваме ли со мрачната страна? Вие тоа не можете да го излекувате; затоа зборувајте за нешто што е повозвишено, подобро и поблагородно. Зборувајте за она што ќе остави добар впечаток врз умот, и тоа ќе ја издигне секоја душа од ова беззаконие кон светлината.
Броење благослови. Кога сета погрешно насочена енергија би била посветена на една голема цел на обилното снабдување на Божјата благодат во овој живот какви сведоштва би можеле да закачиме во ходниците на меморијата, пребројувајќи ја милоста и Божјата благонаклонетост!… Тогаш навиката на натрупување на духовно богатство, сериозно и истрајно како што световните луѓе копнеат кон земното и минливото, би станало трајно начело.
Вие можете да бидете незадоволни од сегашните залихи, кога Господ има цело небо блаженства и ризница на добри и милни нешта за задоволување на потребите на душата. Денес ни е потребно повеќе благодат, потребно ни е обновување на Божјата љубов и знаците на Неговата добрина, а Тој нема да ги скрати овие добра и небесното богатство од искрениоттрагач.
Враќање соодветно на даровите. На секој слуга му е доверено нешто за што е одговорен, а различните доверби се соодветни на нашите различни способности. Во распределбата на Своите дарови, Богне постапувал пристрасно. Тој ги разделил талентите според познатите способности на Своите слуги и очекува соодветни плодови за возврат.
Да се разбере правилната употреба на менталните и физичките способности. Времето треба да се користи разумно, сериозно и под посветување на СветиотДух. Ние мораме да разбереме што е правилно, а што погрешно при постапката со имотот и со менталните и физички способности. Бог е вистинскиот сопственик на секоја моќ која му ја доверил на човечкиот посредник. Со сопствената мудрост Тој одредува услови според кои човекот може да го користи секој Божји дар. Тој ќе го благослови правилното користење на секоја моќ која ќе се употреби на слава на Неговото име.
Талентите на говорот, помнењето, имотот се треба да се собира за Божја слава, за унапредување на Неговото царство. Бог ни ја препуштил управата над Неговите добра во Свое отсуство. Секој повереник има своја посебна задача во унапредувањето на Божјето царство. Никој не е исклучок.
Бог ни дава таленти, човекот го култивира умот. Ние мораме да ги култивираме талентите кои ни ги дал Бог. Тие се Негови дарови и мораат да се користат во правилен меѓусебен однос правејќи една совршена целина. Бог дава таленти, умствени способности; човекот го изградува карактерот. Умот е Господова градина и човекот мора внимателно да го одгледува за да обликува карактер според божествениот пример.
Неспособност произведена од неактивност. Многумина кои се иземаат од христијанските напори го оправдуваат тоа со својата неспособност за работа. Но дали Господ ги направил толку неспособни? Не, никогаш. Оваа неспособност е произлезена од нивната сопствена неактивност и овековечена со намерен избор. Во сопствениот карактер тие веќе ја исполнуваат пресудата: „Земете го талентот од него,“
Постојаната злоупотреба на талентите ќе го одбие Светиот Дух од нив, кој е единствената светлина. Реченицата: „Фрлете го лошиот слуга во најкрајна темнина11 (Матеј 25:30) го става небесниот печат врз изборот кој сами го направиле за вечноста.
Соединување на различни елементи. Единството во разновидноста е Божји план. Меѓу Христовите следбеници мора да постои соединување на различни елементи, меѓусебно прилагодување, при што секој извршува своја посебна задача за Бога. Секој поединец има свое место во исполнување на големиот план кој носи печат на Христовото обличје… Еден е способен да изврши одредена работа, друг има различна задача за која е прилагоден, други пак имаат уште поразлична гранка; но секој мора да биде дополнување на другите… Божјиот Дух, ќе работи во и низ различни елементи, ќе произведе складна акција… Треба да постои само еден дух кој ќе владее Духот на Оној Кој е неограничен во мудроста, и во кој сите тие различни елементи се соединуваат во прекрасна, неспоредлива заедница.
Срцето се открива во карактерот. Она што имаме во нашите срца се открива низ карактерот и влијае на оние со кои се дружиме. Нашите зборови, нашите дела, се животен мирис на животот или смртен на смрт. На судот ќе бидеме доведени лице во лице со оние на кои сме можеле да им помогнеме упатувајќи ги на прави, сигурни патеки со одбрани зборови и совети, ако сме имале секојдневна врска со Бога и живо, непрекинато интересирање за спасение на нивните души.
Електрична моќ на другите умови (совет на еден летаргичен човек). Треба да ја негуваш енертјата на карактерот, затоа што примерот на енергичниотчовеке далекусежен и изнудува имитирање. Изгледа како да има електрична моќ врз друтте умови. Малку има сериозни луѓе на светот. Пречки и расправии ќе го дочекаат секој Божји работник. Но тоа е она што ќе ги поттикне луѓето на одлучност. Енергичниот, сериозен работник нема да дозволи да му се прегради патот. Тој ќе ги сруши сите бариери.
Потребнати е постојана, изедначена, истрајна енергија. Мораш да се дисциплинираш самиотсебеси. Направи целосна промена. Вложи напор и победи ги сите детски чувства. Ти премногу се имаш сожалувано себеси. Треба да имаш одлучност дека животот нема да ти помине работејќи тривијални работи. Одлучи нешто да постигнеш и направи го тоа. Ти имаш добри намери. Секогаш одиш да работиш нешто, но не започнуваш и не работиш. Многу повеќе се занимаваш со разговор отколку со конкретна акција. Би имал многу подобро здравје кога би имал повеќе енергија и би постигнал нешто и покрај препреките.
Божјата љубов не може да се дефинира. Христовата љубов е златен синџир кој ги поврзува ограничените човечки суштества кои веруваат во Исуса Христа со бесконечниот Бог. Љубовта која Господ ја има за Своите деца го надминува знаењето. Никаква наука не може да ја дефинира или објасни, Никаква човечка мудрост не може да ја разбере. Колку повеќе го чувствуваме влијанието на оваа љубов, толку ќе бидеме поскромни и попонизни.
Религијата го обликува целото битие. Вистинската религија има свое седиште во срцето; и бидејќи таа тука е трајно начело, таа делува нанадвор, обликувајќи го надворешното однесување, додека целото битие не се поистовети со Христовото обличје; дури и мислите се подредуваат на Христовиот ум. Ако ова трајно начело не е во срцата, умот ќе се обликува по измамничкиот образец на сатанскиотум, чинејќи ја неговата волја кон пропаст на душата. Атмосферата која ги опкружува таквите души е штетна за сите околу нив, било да се тоа верници или неверници.
Запознавањето со природата донесува здравје на телото, умот и душата. Работите во природата се Божји благослов, подготвени да даваат здравје на телото, умот и душата. Тие се дадени на здравите за да останат здрави, а на болните за да оздрават. Поврзани со водениоттретман, тие се поделотворни во обновување од сите лекови на светот.
Послушноста донесува спокој. Постои мир, траен мир, кој доаѓа во душата, затоа што почивката се наоѓа во совршената покорност на Исуса Христа. Послушноста кон Божјата волја донесува спокој. Ученикот кој ги следи кротките и понизни стапки на Откупителот наоѓа одмор кој светот не може да го даде или одземе. „Кој се држи до Тебе, ти ќе го чуваш во совршен мир, зашто во Тебе се надева“ (Исаија 26:3).
Кротоста тежнее кон мир. Понизноста и кротоста на умот, која секогаш го карактеризирала животот на Божјиот Син и која ја имаат Неговите искрени следбеници, донесува задоволство, мир и среќа кои ги издигнуваат над робувањето на извештачениотживот.
Простувањето значи спокој за душата. Каков е тој ветен „спокој”? Тоа е свест дека Бог е верен дека Тој никогаш нема да го разочара оној кој му приоѓа. Неговото простување е потполно и бесплатно и Неговото прифаќање значи одмор за душата, спокој во Неговата љубов.
Спокојот е резултат на самопредавањето. Спокојот се наоѓа кога ќе се отфрли секое самооправдување, секое расудување од себична гледна точка. Целосното самопредавање, прифаќањето на Неговите патишта е тајна за совршен спокој во Неговата љубов… Правете го токму она што Тој рекол да го правите и бидете уверени дека Бог ќе направи се што рекол дека ќе направи… Дали сте Му пристапиле, одрекувајќи се од сите свои идоли, од своето неверие и од секоја самоправедност? Дојдете такви какви што сте, слаби, беспомошни, и подготвени да умрете.
Витални интереси во чување на себеси. Запомнете дека искушението не е грев. Запомнете дека колку и да се тешки околностите во кои човекот може да се најде, ништо навистина не може да ја ослаби неговата душа се додека не попушти на искушението туку ја чува својата чесност. За вас од особено животно значење е да се чувате. Никој не може да ве повреди без ваша согласност. Сите сатански легии не можатда ви наштетат доколку не ја отворите душата на лукавствата и на стрелите на сатаната. Никогаш нема да ви се случи пропаст доколку самите не дозволите. Ако нема расипаност во вас самите, целата таа нечистотија која ве опкружува не може да ве исфлека или извалка.
Контролирајте ги чувствата. Ние се радуваме во надежта, не во чувствата. Во надежта за Божјата слава ние знаеме дека неволјата гради трпение, а искуството надеж. Што значи тоа? Ако не се чувствуваме онака како што сакаме, ќе подлегнеме ли на нетрпението, зборувајќи зборови кои покажуваат дека имаме сатански атрибути? Ние не можеме да си дозволиме изговарање на груби и нељубезни зборови, затоа што се наоѓаме изложени на погледот на небесните умови и водиме битка која ја набљудува целата небесна вселена; колку го жалостиме Божјето срце кога се одрекуваме од Него на било кој начин! Знаците на распнувањето на Христовите раце ни покажуваат дека не врежал на сопствените дланки.
Охрабрувањето го обновува телото и душата. Зборувајте им на оние кои страдаат за чувствителниот Спасител… Тој гледа со сожалување над оние кои своите случаи ги сметаат за безнадежни. Додека душата е исполнета со страв и ужас, умот не може да ја види нежната Христова чувствителност. Нашите санаториуми треба да бидат средство за донесување на мир и спокој на вознемирените умови.
Ако потиштените ги вдахнеме со спасоносна вера, полна со надеж, задоволството и радоста ќе го заземат место на обесхрабреноста и неспокојот. Тогаш може да се оствари чудесна промена во нивната физичка
состојба. Христос ќе го обнови телото и душата, а свеста за Неговото сочувство и љубов, ќе донесе одмор во Него. Тој е сјајната ѕвезда Деница, која блеска среде моралната темнина на овој грешен, расипан свет. Тој е светлината на светот, и сите кои ќе Му ги предадат срцата ќе најдат мир, спокој и радост.
Христијанинот не е пасивен туку активен. Здравиот христијанин кој расте нема да биде пасивен примач меѓу своите ближни. Тој мора да дава како и да прима. Нашите благодати се зголемуваат со употреба. Христијанското општество ќе не снабдува со чист воздух за дишење, и тука мораме да бидеме активни аспиратори. Христијанската работа содржи взаемно разбирање, храбрење, упатства кои им се даваат од нас на оние на кои им се потребни, ограничување на себеси, љубов, трпение и подносливост, и кога на тој начин се работи во делото на христијанството, во нас се создава вера, послушност, надеж и љубов кон Бога…
За духовна цврстина неопходно е да вежба душата. Делото мора да се изврши со манифестирање на духовна активност во користење на прилики за правење на добри дела… Колку човекот е поверен во исполнувањето на христијанските должности, толку повеќе се развива поголемо здравје.
Општествената сила мора да се унапредува. Низ општествените односи христијанството доаѓа во контакт со светот. Секој маж или жена кои го примиле божественото просветлување треба да ја растураат светлината на темната патека на оние кои не се запознати со подобриот пат. Општествената сила, посветена со Христовиот Дух, мора да се користи во доведување на души кај Спасителот. Христос не смее да се сокрие во срцето како богатство по кое се копнее, посветено и скапоцено, оставено на уживање единствено на сопственикот. Ние мора да го имаме Христа во себе како извор на вода која тече во вечен живот, освежувајќи ги сите кои со нас доаѓаат во допир.
Потенцијалот на христијанството. Во обичниот живот има многу луѓе кои трпеливо ги извршуваат секојдневните работи, несвесни дека поседуваат способности кои, кога би се активирале, би се издигнале до ниво на најпочитуваните луѓе на светот. Допирот на една вешта рака е неопходен да ги пробуди овие заспани способности. Такви луѓе Исус повикал да бидат Негови соработници и им дал предност да се дружат со Него. Светските великани никогаш немале таков учител. Кога учениците ја поминапе Спасителовата обука, повеќе не биле неупатени и непросветени. Тие станале слични на Него во умот и карактерот и луѓето знаеле дека биле со Исуса.
Потреба за цел. Додека живеете, имајте цел во животот. Собирајте ја сончевата светлина околу себе наместо облаци. Настојувајте да бидете свеж, прекрасен цвет во Божјата градина, мирисајќи на сите околу вас. Правете го ова и нема ниту момент порано да умрете; но сигурно ќе ги скратите своите денови со несреќни жалби и поплаки, правејќи ги своите страдања и неудобности тема за разговор.
Живот со цел донесува вистинска среќа. Оние кои имаат животна цел, кои настојуваат да бидат на корист и благослов на своите ближни и да го прослават својот Откупител, се единствени вистински среќници на Земјата, додека човекот кој е неспокоен, незадоволен, и барајќи го ова и пробувајќи го она со надеждека ќе ја пронајде среќата, секогаш разочарано жали. Нека правењето на добри дела биде ваша цел, за верно да ја одиграте својата улога во животот.
Да се напрегне секој нерв. Ние мораме да го напрегнеме секој духовен нерв и мускул… Бог… не сака да останете почетници. Тој сака да се искачите на највисоката скала на скалилото и потоа од неа да зачекорите во царството на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.